Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЕ ФОРМИРА СДСМ ГРУЈОВИСТИЧКА ПОД НАДЗОР НА СИЛЈАНА И ЦОБЕТА !!???
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1



Quote:„Минута до 12, време е Бранко да си оди“

„Минута до 12“ е насловот на третата последователна активност на младите социјалдемократски сили во пресрет на локалните избори, со која како што велат сакаат симболично да покажат дека е дојдено време кога народ треба да одлучи да направи промена на политичката сцена во Македонија. Велат, треба да се случи нова алтернатива на СДСМ со социјалдемократска идеологија која ќе понуди визија и програма.

[Image: plostad3500.jpg]

-Гледаме дека во СДСМ нема доволен капацитет да се случат одредени реформи, односно апсолутната власт на лидерот ја гуши демократијата и поради тоа сакаме да нагласиме дека народот треба да одбере друга алтернативна опција, изјави поранешниот Генерален секретар на СДММ Михаил Младеновски.

Младеновски ги повика сите интелекуалци, професори и експерти да се приклучат кон една заедничка опција.

-Во СДСМ тешко дека ќе се случат промени. Во таа партија нема демократија, нема дебати и тоа треба да се измени, а ќе може со нова алтернатива, вели Младеновски, кој на локалните избори во март, заедно со неговите поддржувачи, ќе настапи со независна советничка листа.





Зар на Грујо не му е јасно дека Силјан и Богоевски неможат да му понудат ништо ново освен онаа што го правеа кога ги формираа: ВМРО ДП, ВМРО ТАТКОВИНСКА, ВМРО ВИСТИНСКА, ...
25-01-2013, 05:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Воскреснува новата социјал-демократска партија што Шекеринска ја најави како платеничка


[Image: Screenshot_119.jpg]

Со парола „Минута до 12“ исклучениот поранешен генерален секретар на младите на СДСМ, Михаил Младеновски, заедно со група што се нарекува „млади социјал-демократски сили“ излезе со иницијатива за како што вели „алтернатива на СДСМ со социјал-демократска идеологија“ што ќе понудела визија и програма за народот, оти биле потребни промени на политичката сцена во Македонија.

-Гледаме дека во СДСМ нема доволен капацитет да се случат одредени реформи, односно апсолутната власт на лидерот ја гуши демократијата и поради тоа сакаме да нагласиме дека народот треба да одбере друга алтернативна опција – изјавил Младеновски.

Младеновски ги повикува интелекуалците „да се приклучат кон една заедничка опција“.

Младеновски има повеќе настапи досега против поранешните сопартијци, а од СДСМ обвинија дека е близок со власта, за што покажаа и фотографии во чие друштво седи.

Неговата иницијатива е очекувана за СДСМ. Пратеничката Радмила Шекеринска, како што веќе објавивме, за ТВ Тера, прашана на која опозиција мисли Груевски кога вели дека ќе имало опозиција на локланите избори вели:

- Некоја СДСМ вистинска, направена и финансирана од ВМРО-ДПМНЕ. Го гледаме тоа сценарио. И без бојкотот на опоозицијата јасно беше дека имате двајца, тројца марионети, кои по потеба се појавуаат, платени потплатени, нарачани од ВМРО-ДПМНЕ – изјави во интервјуто Шекеринска.
- Единствената вистинска партиска алтернатива е СДСМ. Се друго е глумење демократија и фасада. Сега Груевски бара излезно сценарио како да не ги вкрсти копјата со вистинската опозиција, а да не сноси одговорност – оцени пратеничката од СДСМ, Радмила Шекеринска.



Заборавила Шекеринска дека оваа, превењето клонови на партија е "направија" употребена во борбата против ДЕМОКРАТИЈАТА, веднаш по првите повекепартиски избори а одобрена од Глигоров, Петковски, Црвенковски ....
(This post was last modified: 25-01-2013, 05:47 PM by ЈорданПетровски.)
25-01-2013, 05:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Бучко ке ја формира СДСМ АМНЕСТИРАЧКА.



Quote:Бучковски формира партија!?


По­ра­неш­ни­от пре­ми­ер и ли­дер на СДСМ Вла­до Буч­ков­ски фор­ми­ра пар­ти­ја, неофицијално дознава неделникот „Република“, објавено е на порталот.



Според информациите, про­мо­ци­ја­та на пар­ти­ја­та ќе се слу­чи по Кон­гре­сот на СДСМ во мај, ко­га ќе се знае да­ли Бран­ко Цр­вен­ков­ски ќе оста­не на че­ло на пар­ти­ја­та или, ко­неч­но, ќе се пов­ле­че по 20-го­диш­но ди­рект­но и ин­ди­рект­но ра­ко­во­де­ње.

-По­ја­ва­та на но­ви­от суб­јект ќе би­де огро­мен удар за нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја, во ко­ја Буч­ков­ски сѐ уште има свои под­др­жу­ва­чи, и се прет­по­ста­ву­ва де­ка го­лем дел од членс­тво­то на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те ќе по­ми­не во не­го­ви­те ре­до­ви, пишува „Република“.
26-01-2013, 12:04 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#4

(26-01-2013, 12:04 AM)ЈорданПетровски Wrote: Бучко ке ја формира СДСМ АМНЕСТИРАЧКА.

SDSM Tenkovska e operativnoto ime...

Icon_twistedSmeshkoSmeshkoIcon_biggrin
26-01-2013, 02:40 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(26-01-2013, 02:40 AM)Larsson Wrote:
(26-01-2013, 12:04 AM)ЈорданПетровски Wrote: Бучко ке ја формира СДСМ АМНЕСТИРАЧКА.

SDSM Tenkovska e operativnoto ime...

Icon_twistedSmeshkoSmeshkoIcon_biggrin



Кажано со јазикот на Силјана и Цобета, Оперативна Акција "СДСМ ТЕНКОВСКА" SmajlitoSmajlitoSmajlito
26-01-2013, 03:45 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Има простор за нова партија, но сега уште не е време

Тоа е проект што се заговара неколку месеци, но доби на интензитет по 24 декември и по најавите за бојкот од СДСМ. Јас сум инволвиран во процесот, но не сум идејниот творец и не претендирам да го предводам

[Image: DAR_1275.jpg]

Политичката криза најмногу му одговара на Црвенковски, кој ја спасува својата кариера, делумно и на Груевски, за да ја избегне одговорноста на владејачката гарнитура за нејзиното настанување, а најмалку на Македонија и на нејзините граѓани, вели професорот Владо Бучковски, поранешен премиер и лидер на СДСМ. Не ги крие симпатиите кон партијата од која беше исфрлен во декември и затоа најавува дека неговиот иден политички ангажман ќе зависи пред сѐ од тоа како ќе се развива таа.

- СДСМ демонстрира решителност со која ја затскрива нервозата, која расте особено во општините каде што опозицијата е фаворит. Мислам дека притисната од времето, опозицијата веќе неделава ќе ги отвори картите. Иако неизвесноста може да трае до 16 февруари, кога истекува рокот за поднесување кандидатури, ситуацијата ќе биде појасна веќе на почетокот од февруари.

Но СДСМ во изминатиов период мошне умешно ги решаваше проблемите со градоначалниците што индиректно покажуваа амбиции за учество на локалните избори, на пример со Александар Петрески и со Зоран Заев.

- Очигледно е дека изјавите на нашите градоначалници не се во корелација со нивните активности на теренот. Се обидуваат да ја задржат поддршката од најтврдокорните сдсмовци, кои слепо го слушаат Бранко Црвенковски. Инаку, тие се свесни дека во оваа игра на нерви најмногу можат да загубат оние што беа претставени како фаворити, а кои сепак го следат партискиот став. Секој од нив како личност има неколкупати поголем резервоар на гласови отколку СДСМ како партија и тие имаат обврски кон сите што им дале доверба.

СДСМ ГО УРИВА ИМИЏОТ НА ДРЖАВОТВОРНОСТ

Се забележува ли извесна разочараност кај СДСМ, бидејќи ниту поголемиот дел од граѓаните ниту пак меѓународните претставници не ја купија целосно нивната приказна за борба на демократска сила против диктаторски режим?

- Опозицијата како да е спречена од еуфоријата што ја создаде да ги види реакциите на неопределените граѓани и на меѓународната заедница. Тоа е резултат и од лажната слика што ја создаваат оние што се обидуваат да се промовираат како лидери на овој отпор. Од многу интелектуалци, меѓу кои и од мене, беше осуден обидот да се направи притисок сите што се на некој начин креатори на јавното мислење да се определат, или да застанат против власта, или да бидат етикетирани како поддржувачи на Никола Груевски. СДСМ со тоа го потроши кредитот, односно симпатиите што неочекувано ги собра по 24 декември, по скандалозното исфрлање на пратениците и на новинарите. Тој ден на опозицијата ѝ донесе многу повеќе поени отколку целото работно лето. Но сето тоа набрзина се потроши, бидејќи просечниот македонски неопределен граѓанин има свој став и не поддржува авантури од типот „одиме докрај“ или „преку улица ќе дојдеме до власта“. Тоа носи крвопролевање и е спротивно на интересите на државата.

Колку има логика дека кризата може да се реши само со предвремени избори и со ништо друго?

- Тоа му одговара само на Бранко Црвенковски. Само тој има мотив да игра на сѐ или ништо. Исто како во 2011 година, СДСМ ризикува евентуална победа на редовни парламентарни избори, со тоа што иницира предвремени. Убеден сум дека опозицијата на локалните избори може да освои барем десет големи општини и уште толку помали. Повторно ВМРО-ДПМНЕ би добило повеќе градоначалници, но соодносот би бил некаде 40 спрема 20, а не како сега, 60 спрема седум. Потоа ќе треба да следува сериозна анализа, што би завршила со демократизација на партијата и со промена на раководството.

Но што би решиле предвремените избори?

- Тоа што не го очекував е дека опозицијата би се испречила пред затворањето на едно прашање, што е основен услов за нашите евроатлантски интеграции. Очигледно е дека далеку од очите на јавноста се подготвува компромисно решение за името, со кое би се заштитиле нашите национални интереси и идентитетот. Во април ќе имаме уште еден извештај од ЕУ и во јуни на самитот би можеле да добиеме и датум за преговори. Во вакви услови е многу важно да не направиме грешки во чекори. За СДСМ би било рационално да не го руши својот имиџ на државотворност, со провокации како изјавата на Црвенковски по лидерската средба. Логично би било сега да одат на локалните избори и да се договорат за парламентарни избори по јуни, можеби во септември или во октомври, но најдоцна заедно со претседателските избори идната година. Секој рационален опозиционер би го прифатил тоа, но ако се тера инает ништо нема да се постигне.

ГРУЕВСКИ ГО СПАСИ ЦРВЕНКОВСКИ ОД ДАВЕЊЕ

Секогаш е подобро да се прават отстапки порано, зашто колку подолго некој ги држи своите позиции, толку повеќе нивното напуштање може да се смета за еден вид предавство. Се доближи ли СДСМ до црвената линија по која и откажувањето од бојкотот би му било неисплатливо?

- Веројатно дел од стратегијата е да се искористат блокадите и протестите како дел од кампањата, за наместо локалните теми, да се наметнат прашањата за демократијата, функционирањето на државата и слично. Како што реков, таа црвена линија е почетокот на февруари. Оваа недела остава уште простор за игра на нерви, а потоа, особено со директното инволвирање на еврокомесарот Штефан Филе, мора да се влезе во разврска.

Колку може проблемот да се реши со анкетна комисија во Собранието?

- Кај нас сѐ уште владее мислењето дека ако не сакаш да завршиш некоја работа, треба да формираш комисија. Но ако тргнеме од тоа дека СДСМ повикува да се расчистат работите, мора преку парламентот да се утврди одговорноста, без прејудицирање. Но мислам дека Црвенковски само бараше причина за бојкот на Собранието. Ја испушти можноста да го стори тоа на многу поадекватна седница, кога се расправаше за изборниот законик. Со тоа ќе добиеше многу поповолна позиција кај меѓународната заедница, зашто е несвојствено ваков инцидент да се случи поради буџетот. Но исто како што го напуштивме парламентот во три клучни месеци пред изборите во 2011 година, и сега се повторува истата грешка. Затоа што колку и да има присутни на маршевите и на граѓанскиот парламент, тоа се стотици пати помалку од гледачите на собранискиот канал. Опозицијата многу повеќе ќе профитираше од кардиналната грешка што власта ја направи на 24 декември ако останеше во Собранието и ако ја биеше битката институционално.

Собранието излезе со анкета според која околу три четвртини од испитаниците го поддржувале отстранувањето пратеници од Собранието ако ја попречуваат седницата. Тоа е практично и ставот на власта. И да се прифати тоа во принцип, дали соодветно се постапи?

- Оваа анкета на Собранието беше сосема непотребна, и со неа власта прави обид да најде покритие за скандалот што го направи. Во ситуација кога од власта се чека да понуди решение, тоа ги дразни и најумерените членови на СДСМ, кои сметаат дека треба да се развива меѓусебната доверба. Законот за Собрание и деловникот се правени за да пресретнат нарушувања на работата што би ги предизвикал поединец или помала група, но не на целата опозиција. Власта е одговорна за инцидентот, и особено е несфатливо што со тој потег Груевски му фрли гума за спасување на Црвенковски, кој веќе се давеше во своите ветувања дека на локалните избори може да освои еден глас повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. Со ова тој повторно доби шанса да биде во преден план.

Дали власта би ѝ го стеснила маневарскиот простор на опозицијата ако направи чекор напред и си ги признае своите грешки во случајов?

- Мислам дека тоа ќе биде дел од компромисот што би го направиле. Но многу е важно не само да се посочат виновниците, односно некој да отиде курбан, туку да се истера целата процедура за да не се повторат вакви ситуации во иднина.

РЕФОРМА НА СДСМ ИЛИ НОВА ПАРТИЈА

Гласините за вашата евентуална партија не ги коментиравте деновиве. Дали сѐ уште се надевате на враќање во СДСМ по конгресот во мај?

- Не ги коментирав зашто сега е приоритет да се дојде до разврска на оваа длабока политичка криза. Очекувам СДСМ да сфати дека со Црвенковски не може да го победи Груевски. Но ако тој успее да направи маневар и да остане на чело на партијата, тогаш легитимно ќе се отвори прашањето за создавање нов политички субјект. Тоа е проект што се заговара неколку месеци, но доби на интензитет по 24 декември и по најавите за бојкот од СДСМ. Јас сум инволвиран во процесот, но не сум идејниот творец и не претендирам да го предводам.

Но постои впечаток дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се силни како брендови и дека која било партија да произлезе од нив, лојалноста на членството кон брендот опстанува. Каде е тука просторот за нови партии?

- Ако има избори, резултатите ќе покажат дека бројот на неопределените е мамка за многумина да формираат свој политички субјект. Идејата произлегува од едни интелектуални кругови и од дел од македонската интелигенција која се најде на удар не само од власта, туку и од СДСМ, со барањето да се определи. Во регионов можевме да видиме дека и многу посилни партии од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ биле маргинализирани по налетот на нови политички движења, на пример во Словенија, Бугарија, Грција... Затоа јас не би го потценил и македонското општество во оваа смисла. Но како ќе се развива политичката сцена по локалните избори зависи од тоа дали СДСМ ќе успее да се демократизира.


Доволно негативна енергија за сериозни инциденти

Дали партиската лојалност може да предизвика големи улични инциденти, албанско сценарио или нешто уште посериозно? Дали антагонизмот ја достигна таа точка?

- Да, ја достигна, и затоа е многу опасно во оваа ситуација, кога нѐ погодуваат и економска и социјална криза, некој да заговара улична демократија.

Може ли СДСМ да се обиде физички да го спречи одржувањето на локалните избори или е свесен за безбедносниот ризик од таквиот потег?

- Не знам што подразбираат под активен бојкот и под граѓанска непослушност, која ја дефинираа како сѐ што може да се замисли. Во таа хипотетичка ситуација се плашам дека со овој адреналин, со оваа негативна енергија и со оваа омраза може да дојде до серија судири што дополнително би го урнисале угледот на Република Македонија. И затоа сум убеден дека ќе преовладува разумот кај оние што треба да најдат решение.


Автор: Гоце Трпковски Фотографија: Дарко Андоновски

28-01-2013, 03:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:СДС утре ќе достави независни листи за локалните избори во март

Независното младинско политичко движење Социјал-Демократски Сили утре до Државната изборна комисија ќе ги поднесе независните листи со кандидати за советници на неколку општини



[Image: sdstyjnhu67ytjnhjpgrtfgvbwr44ethbe4t.jpg]

Се работи за општините Центар, Аеродром, Карпош и Град Скопје.

Исто така, Социјал-Демократски Сили ги известуваат сите полнолетни граѓани кои ја поддржуваат нивната опција дека од утре по 08:30ч, во подрачните единици на ДИК, се до 09.02.2013 година, можат да се потпишат како би придонеле за нивно учество на изборите.

-Да ја потсетиме јавноста дека одлуката за наше учество на изборите како опозициска опција, доаѓа поради фактот што не се согласуваме со одредени политики и кадровскиот потенцијал на актуелната опозиција предводена од Бранко Црвенковски. Ние, како млада и прогресивна сила на наредните избори ќе настапиме со конкретни идеи собрани од граѓаните, отворена и народна програма со решенија за актуелните проблеми на граѓаните. Нашата програма ќе биде базирана строго на социјалдемократските вредности, првенствено ќе ги земеме во предвид проблемите на обесправените граѓани, социјално загрозените, пензионерите, младите, спортистите., соопштуваат од независното политичко движење.

-Нашите заложби ќе бидат да понудиме концепт за решавање на проблемите на граѓаните, подобрување на општинските администрации и услугата за граѓаните. Изборот ќе го направат граѓаните, а ние ќе бидеме тука чесно и искрено да им служиме. Генерално, нашата програма ќе биде опфатена со социо-економски проекти, проекти за здрав живот, унапредување на спортот кај младите, како и заложби за здрава и чиста животна средина. СДСМ не бојкотира, Бранко бојкотира.. СДСМ ќе учествува на изборите, членството така одлучи!, се вели во соопштението на независното младинско политичко движење Социјал-Демократски Сили.



Што мисли Бранко, Силјан е за фрлање.
29-01-2013, 03:35 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#8

На Бранко партијата е СДСМ-Партија на Офицерските Деца...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
07-02-2013, 10:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

(19-02-2013, 03:36 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Нова партија ќе го засени мајскиот конгрес на СДСМ

Владо Бучковски, поранешен премиер и лидер на СДСМ во интервју за Дојче веле најавува дека во Македонија во мај треба да биде формирана нова партија, која ја бара поддршката на меѓународната заедница.

ДВ:Вашето име се' почесто се спомнува во контекст на нова партија, што наскоро ќе се појави на политичката сцена. Ќе бидете ли дел од новиот политички субјект?

Бучковски: Во овој момент моето учество во новата партија е ставено во „лер" се' до конгресот на СДСМ во мај. Моето име досега често се злоупотребуваше во контексти на разни партии и на политички заднини. Но, во овој момент не сакам мојот ангажман да го ставам во функција на нова партија, бидејќи се' уште сум оптимист дека работите во СДСМ ќе се сменат на подобро и дека партијата ќе се демократизира.

ДВ: Што подразбирате под демократизација на СДСМ?

Бучковски: Не подразбирам само заминување на Бранко Црвенковски од лидерската функција. Тоа не е доволно и нема да го реши проблемот. Таму треба да се смени досегашната матрица на размислување и однесување и да се цени квалитетот, а не поданичкиот однос кон лидерот. Кризата раѓа лидери, но и уништува лидери. Правилото „еднаш лидер - секогаш лидер" не поминува. Се покажа тоа преку примери во регионов и во соседството. А, ако СДСМ ги врати навистина и пратеничките мандати ќе предизвика и серија глупости, по што партијата ќе биде маргинализирана. Судбината на ПАСОК ќе стане и судбина на СДСМ.

ДВ: Дали само вашето неучество во партијата е неизвесно до мај или и новата партија?

Бучковски: Таа ќе биде промовирана во мај. Се работи за крајно сериозен проект, за партија со граѓанска опција за европска Македонија. Јас сега не сакам да го контаминирам процесот како нејзин гласноговорник. Тоа ќе биде коалиција од видни интелектуалци и претставници на бизнис заедницата. Сега бараме поддршка од меѓународната заедница, бидејќи во овие околности за било што е потребна поддршка од нејзините претставници. Тоа е и доволен доказ дека новата партија не е диригирана од власта и дека нема да биде сурогат на СДСМ.

ДВ: Дали освен поддршка, и идејата за партијата е иницирана од меѓународната заедница?

Бучковски: Делумно да, пред се', како притисок за неодговорното однесување на опозицијата.


Поголема лага од оваа дека паријата ја прави со благослов на меѓународната заедница здравје.

Кон детронизацијата на Црвенковски се придружи и Груевски.

20-02-2013, 03:13 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#10

“...Се работи за крајно сериозен проект, за партија со граѓанска опција за европска Македонија... Тоа ќе биде коалиција од видни интелектуалци и претставници на бизнис заедницата.“
Охохо, ГЕМ-овци каде сега ќе се увалат. Ако Сорос е дел од меѓународната, да де, и од Сорос се рачуна поддршка.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
22-02-2013, 04:50 PM
Reply