Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КонтраПлан
Author Message
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#1

Quote:[Image: 2AXqB.png]

КонтраПлан е првиот либертаријански вебсајт во Р.Македонија и првиот чекор кон не-партиски, граѓански активизам за промоција на либералните вредности.
Целта на КонтраПлан е да претставува платформа за зачеток и развој на либертаријанизмот и слободарските идеи „на наше тло“. Едноставно кажано, Слободата е премногу важна за да ја оставиме други да ни ја „штитат“ и „унапредуваат“!

Трите „столбови“ врз кои треба да се гради слободна, модерна и цивилизирана Македонија, според нас, се:

1. Индивидуалните човекови права. Секој поединец е засебен космос и единствениот реален ентитет. Тој не постои за Државата, ниту пак за оние други фикции од типот на „народ“, „нација“, и сл., кои се само збир од поединци и нивните односи (Ема Голдман, 1940). Секој човек е сопственик на самиот себе и на сé што ќе произведе мешајќи го својот труд со претходно не поседувани природни елементи, или пак на сé што ќе стекне преку размена со други луѓе. Како ќе ја користи својата слобода и приватна сопственост, односно како ќе го живее сопствениот живот, е прашање кое секој сам треба да си го одлучи. Единственото ограничување на слободата на граѓаните е животот и приватната сопственост на другите сограѓани!

2. Пазарна економија. Слободниот пазар е ништо повеќе, ниту пак ништо помалку него исходот од сите мирољубиви и доброволни односи помеѓу граѓаните. Секое „непокането“ вмешување во мирољубивите односи, вклучувајќи ги тука скоро сите државни „интервенции“, се всушност варварски газења на физичкиот интегритет, слободната волја и праведно стекнатата сопственост на граѓаните! Ние не се залагаме за слободен пазар само бидејќи слободата на креативниот потенцијал е главен фактор за богато и здраво Општество; ние се залагаме за слободен пазар бидејќи е единствениот морален и цивилизиран начин на колективен и заеднички соживот.

3. Де-политизација на Општеството. Секој трансфер на моќ од политиката и Државата кон граѓаните, приватниот сектор и другите доброволни колективи, е чекор во права насока! Државата, т.е. политичарите и бирократијата, мора да ги почитуваат истите морални закони кои важат за другите граѓани – тие не смеат да ја користат својата моќ за присилно да го „обликуваат“ карактерот и културата на граѓаните, да ги манипулираат општествените односи или пак да управуваат со економијата, т.е. нашите животи! Ако воопшто постои некаков „јавен“ интерес, тоа е еднаквата слобода за сите граѓани. Улогата на Државата во де-политизирано, слободно општество е да ги заштити животот, праведно стекнатата сопственост и слободата на сите граѓани. Ништо повеќе, ништо помалку!




„Општествениот поредок е спонтан исход од човековите дејствија, а не од човеков дизајн“ - Фридрих Хаек
24-01-2013, 09:39 PM
Reply