Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДРАГАН ПАВЛОВИЌ ЛАТАС НЕ БИЛ ЧОВЕК НА МИЛОШЕВИЌ!!ЛАГА НАД ЛАГИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Лажови

Демократски, како што е ред во Европа... СДСМ и Црвенковски одржаа протестен митинг пред приватен медиум, Сител Телевизија. Митингашки порачаа дека медиумот лажел. А и јас, како одговорен уредник на Сител, сум лажел исто така. Патем, митингашки, поставија билборд со мој лик и дело на кој пишуваше: слуга на Милошевиќ од 1996 до 2006. Слуга на Груевски од 2006-?

Јас, патем, тие денови, бев на одмор. Во Австрија. Како историски раритет, бидејќи вакви нешта ретко се случуваат, по митингот новинарите го собрале билбордот. Го поставив во мојата канцеларија, за да ми ја гали суетата, и да ме потсеќа кој фактор сум. СДСМ тврди дека сум толку моќен што вреди да ми посветат митинг. Затоа што сум сила наспроти нив. Фала им.
И ова е копија. Бранко и СДСМ секогаш биле плагијатори.

Пред четири години билборд со мој лик, и дело, на бугарска граница, веднаш до влезот од македонска страна, постави бугарскиот националист Каракачанов. На него пишуваше: добродошле браќа Македонци. Добредојдени сте сите, освен предавникот Латас. Плус и моја слика. Билбордот, веднаш до граничен премин, стоеше со години.

Откако, и формално, Бранко се ујдиса со Љубчо, меѓу нив разлика нема. Каракачанов, како дополнителна опрема на нивната коалиција, е логичен след.

Љубчо е партнер на Бранко, па му ја продал бугарската идеја за билборд против Латас. Коалиционен партнер на СДСМ е и Драгиша Милетиќ. Следбеник на војводата Шешељ.(Колку ли војводи се најдоа во СДСМ Icon_razz)

И митингот на партија пред приватен медиум, врв на партиско-политички притисок е копија. Бранко ја преземал од Милошевиќ и - Шешељ.
Имено, од целава Европа, само Шешељ со Радикалите протестираше пред приватен медиум. Пред Б92 во Белград. Со идентично образложение.

Затоа, кога слушнав дека Бранко, ујдисан со бугарашите на Љубчо, и четниците на Драгиша Милетиќ дошол да ми плукне пред прозорот на мојата канцеларија, убаво ми дојде на душава. Да беше жив мојот покоен вујко, Ванчо Наумовски од Мраморец, партизан со споменица, и да го видеше, ова ќе ми беше и помило. Арно ама, и вака не испадна лошо.

Бранко ги измешал работите. Негов противник се партиите. Груевски, а не јас. Или пак од мене зависи дали тој ќе се врати на власт?

Политичарите се тука да решаваат проблеми, а новинарите да ги спречат создавањата на проблемите. Колку да го потсетам Бранко.

Додека соучесниците на Велија, од новинарските му редови, како и соросоидите Милчин, Фрче и Ѓунер Исмаил, ме плукаа со години дека сум бил соработник на Милошевиќ, не ми сметаше тоа. Ги разбирам. Секој од нив сонува да биде на врвот. Да биде Латас. Тоа е реакција на нивната инфериорност.

Но, кога сега тоа го направи Бранко, и тоа со билборд, се налутив.
За разлика од нив, Бранко добро знае дека моите пријателски контакти со српските политичари се од другата страна. Знае дека, се до бомбардирањето на Србија и Црна Гора, единствени пријателски релации северно сум имал со тогаш опозиционерот Зоран Ѓинѓиќ. И неколку негови пријатели и соработници.

Кога во Србија се случи 5 октомври, во 2000-та година, и кога Ѓинѓиќ и Коштуница ја превземаа власта од Милошевиќ, месец дена потоа Војислав Коштуница стана претседател на Југославија.
Таа есен опозиционерот Црвенковски отпатува за Белград. Формално, намина до хотел Метропол, каде се одржуваше прослава на здружението Македонци во Србија. Домаќин, помеѓу останатите, му беше Зафир Хаџиманов.

Се договоривме да му обезбедам средба со претседателот Коштуница. За таа цел, во ресторан во Белград, вечерта се сретнав со член на кабинетот на претседателот, да поразговараме прелиминарно за барањето на Црвенковски, па ако има согласност за средбата да го повикам, и заедно да се утврдат темите за разговор со претседателот Војислав Коштуница.
Средбата беше договорена. Неколку пати ѕвонев кај Црвенковски дека го чекаме. Некаде околу полноќ, се падна во вода. Се запиле, па не можел да дојде, и да се сретне со луѓето на Коштуница под такви околности...

Средба, нормално, немаше.
Јас никогаш не сум му договарал контакти со Милошевиќ. Не сум ги ни имал на располагање. Тој се сретна со Милошевиќ неколку пати. Имаше трговија со него над една милијарда долари. Тоа, нели, не е слуга на Милошевиќ. Тоа е соучесник со Милошевиќ, кој сега покажува со прст на други кои таа трговска и политичка привилегија, да му бидат на Слоба луѓе од доверба, ја немале.

Бранко лаже.
На митингот пред Сител го пушти неговиот пратеник Сафет Бишевац, прописно да ме изнаплука дека сум ја лажел јавноста за работата на СДСМ и Црвенковски. Знам, тешко ќе се сетите кој е Сафет Бишевац, новинар и уредник на Велија од А1 но, токму и затоа е избран. Дојден е од Зелената транверзала, ангажиран од Велија по верска линија, а употребуван за се што е противно на трговските интереси на Велија Рамковски. Толку.

Сафет Бишевац е против врските на политичари и новинари. Лаже.
Тој е пратеник од листа на партија, на СДСМ. Со тоа се е кажано.
Дали некој изнесувал невистини утврдува јавност, и надлежен Суд.

Јавноста утврдила дека Сител е најгледан, и најмоќен медиум во државава. И тоа со години. Јас сум главен уредник на Сител. Сум имал четири тужби за клевета од СДСМ како партија, и уште десетина од нивни функционери: од Бучковски и Шекеринска, до Ана Данева, Горан Минчев, Фрчковски, Милчин, Маниќ... и кога биле на власт, и кога се во опозиција.

Никогаш не е изречена пресуда дека сум излажал. Напротив.
За тоа време, суд утврдил дека лажеле и клеветеле функционери на СДСМ: од Јани Макрадули, па до Весна Бендевска, и оние помеѓу нив.

Значи, кој лажел?
Пресуда за тоа дека клеветеле и лажеле имаат и нивните новинари.
Бранко Геровски, на пример, помеѓу многуте.

Истиот кој деновиве, на неговиот сајт, пишува дека бил близок со Велија Рамковски кој, според него, бил пријател со Никола Груевски. Се до моментот кога, во присуство на Геро, Велија Рамковски инсистирал неговата уредничка, а сега пратеничка, Ленче за биде министер за земјоделие, и да ги дели субвенциите од 100 милиони евра годишно. Идејата за субвенции била на Рамковски, па оттаму и правото тој да располага со парите!

Откако, според пишувањето на Геровски, Груевски го одбил тоа барање паднал во немилост кај Велија!

Ова, црно на бело, го пишува Бранко Геровски. Колумнист на СДСМ.
Поголем комплимент, од овој, Груевски не добил никогаш.

Прво, имаме инсајдерска потврда дека Велија Рамковски ја рекетирал владата, со цел надвор од процедура, преку свој министер (патем, новинар), да располага со 100 милиони евра годишно. И, второ, имаме инсајдерска потврда дека Груевски не се согласил некој да се заебава со државни пари.

Се друго - од оние протести и паради на Велија и А1, било лажно: рекетот на Велија од 100 милиони евра бил мотив. Геровски го потврди тоа. Написмено.
Има ли понатаму дилеми кој е платеник на политичарите.

Геровски е колега на Сафет Бишевац. Говорникот од митингот на СДСМ против слободата еден медиум да има своја уредувачка политика.

Медиум кој не рекетира премиер негови уредници да бидат министри.
Во Вест - април 2011, пред изборите по кои уредниците на Велија, Сафет Бишевац и Ленче Николовска станаа пратеници на СДСМ, Бишевац изјави дека новинарството не било доволно за промени. А Ленче, уредничката независна, кажа дека остава Велија да одлучи дали таа ќе биде министерка...

Сиктер бандо лажовска. И лоповска!

Пишува: Драган П. ЛАТАС
23-01-2013, 01:38 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:СРПСКИ СЛУЖБИ И БУГАРСКИ СЕРВИСИ

[Image: 2072814992006627214854.jpg]

-Дали имал разузнавачка соработка со военото разузнавање на Сојузна Република Југославија во 1999, 2000 и 2001 година. Дали таа ја остварувал непосредно, преку Белград, а и посредно преку Амбасадата во Скопје, и тогашниот југословенски амбасадор Зоран Јанаќковиќ. Дали ургирал кај Основниот суд Скопје, по палењето на американската амбасада во 1999 година. Дали ургенцијата била да се заташкаат сомневањата и пријавите за девет лица, кои учествувале во палењето на Амбасадата, од кои седум се активисти на СДСМ, а двајца на неговиот колационен партнер партијата на Иван Стојиљковиќ, и тоа сите од Скопје. Дали потоа случајот е навистина - заташкан.
-Дали е негова лична одлука, или сугестија на југословенските служби, Бучковски кон крајот на мај 1999 година, на состанок со Црвенковски на кој присуствував и јас, да инсистира за свикување голем анти-НАТО митинг, со образложение дека расположението на јавноста оди на таа страна, а плус би било големо враќање на СДСМ по загубените избори. Дали, потоа, таков митинг е одржан?!
-Дали, Господине Бучковски, имате каков било податок, документ, изјава, фотографија, снимка... за моја поврзаност со кој било српски функционер, особено со функционери на полициски или воени служби... српски, или било кои други! Ако има, а Вие како власт имате се што ќе посакате, молам истите да се објават. Ако не, по Вашата фалба дека како премиер сте тужеле дури 13 пати, ќе бидам првиот новинар кој премиер ќе тужи за клевета.

Еве една фотографија. Е сега можеби Милошевиќ не бил некој фактор во Србија па фотографијата со него не е битна за Латаса.

[Image: Lataskajmiloshevik_1_zpsb8d958ff.jpg]

(This post was last modified: 26-01-2013, 12:55 AM by ЈорданПетровски.)
26-01-2013, 12:52 AM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#3

(26-01-2013, 12:52 AM)ЈорданПетровски Wrote:

Toj Latas e ili Zoran Djindjic.Ne e jasna slikata.
27-01-2013, 07:47 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#4

(27-01-2013, 07:47 PM)fetak Wrote:

Латас е Фетак. Помлад и со повеќе коса. А и што би барал покојниот Зоран Џинџиќ во друштво со Ѕинго и Милошевиќ?

01-02-2013, 11:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Копилиња

Штом Бранко во прв ред ги истура неговите новинари и невладиниот му сектор, јасно е дека настапило предизборно време.

Така би од секогаш. На изборите во далечната 1994 година за него истрчаа Гордана Стошиќ, со тимот на Велија од А1. Во тоа време одработија Бранко, мазно и без отпор, да ни ја запечати судбината со приватизацијата, шверцовите на нафти и цигари, со ТАТ.... да го смени името на државава.

Ние кои бевме против не крстеа како антизападни, неписмени, примитивци и реакционерни сили. Ден-денеска ги чувам текстовите од нивните весници.

На нивна душа одат 200.000 невработени, парите украдени од ТАТ, сменетото знаме, загубеното име на државата... тие се соучесници. Како што е соучесник и Љубчо Георгиевски, заедно со Петар Гошев кои, свесно и плански, тогаш ги напуштија изборите, и му оставија на Бранко тотална власт.

Во 2001 истата тајфа: Бранко Геровски, Ацо Кабранов, Борјан Јовановски, Сашо Орданоски, Биљана Секуловска, Горан Михајловски... го убедуваа народот дека нема смисол да ја брани сопствената држава од внатрешната и косовска агресија врз уставот и безбедноста. Нормално, тука и тогаш, како и сега, беа моќта и сорос парите на Владимир Милчин. Добитна комбинација.
Ние кои бевме против не крстеа како антизападни, неписмени, примитивци и реакционерни сили. Ден-денеска ги чувам текстовите од нивните весници.

Во 2002 Бранко победи на изборите. Сорос финансираше невладина кампања за изборен успех на СДСМ (!) под мотото - Доста им е!

Можеби е настрано невладина организација така да финансира партиски активности, но многу настрани работи се случија во Македонија.

По изборите што СДСМ ги доби на оној 15 септември дури 30 новинари, нивни новинари, станаа портпароли на разни владини институции. Класична проституција. Тоа е комплетна партизација на новинарството...

Но, и тоа помина мазно.
Затоа што СДСМ воспостави стандард дека е нормално новинари да работат за нивната партија а, потоа, да бидат наградени со функции. Секако, само ако работат за нивната партија. Само тогаш е нормално.

Како што, и денес, новинари на Велија се нивни пратеници.
Како што и денес, нивните новинари, настапуваат на нивните партиски митинзи. Пред, и потоа, глумат слободно новинарство.

Дека е нормално преку свој функционер, Владимир Милчин, да се узурпира цел невладин сектор, и да се стави во своја, партиска функција. Со децении.
Дека е нормално, со децении, да се има свое здружение на новинари (ЗНМ) кое секогаш, ама баш секогаш и без исклучок, од тогаш до ден-денес да одработи за таа партија кога ќе им затреба поддршка.

СДСМ не дозволи слободно новинарство во Македонија.
Тие, со државни пари и донации од Сорос, мерени во милиони евра, го создадоа А1 и кланот на Велија. Тие создадоа Совет за радиодифузија кој, деценија и кусур, го водеа браќа, сестри и шефови на кабинети на нивните функционери. Тие, за свои потреби, ги создадоа дописниците на странските агенции од овде, како и дописниците испратени во странство. Сите известуваа како под команда: иста реторика, иста содржина и иста намена. Партиска.

Кога се препознаа намери за нови, слободни весници, тие со пари од МВР и Сорос го создадоа Дневник. Му набилдаа редакција, тираж и добри контакти со амбасади, агенции и новинарски асоцијации низ Европа... само нивната реч беше вистина. Идентично, до запирка, како создавањето и развојот на А1.

Тие го контролираат новинарскиот и невладиниот свет.
Ние кои бевме против не крстеа како антизападни, неписмени, примитивци и реакционерни сили. Ден-денеска ги чувам текстовите од нивните весници.

Од тој вонбрачен однос на СДСМ со медиумите се изродија потомците, зависници на свој дел од 80 милиони евра, колку што Сорос со Милчин потроши за узурпација на медиумскиот и невладин сектор за потреби на СДСМ, и партиски подготвените евро фондови.
Еве ги и денес. Тука се. Истата матрица, истиот речник и намери.

Бранко Геровски, да го поживее господ, деновиве напиша дека пред две години му се јавувал на Коколанов, тогаш уредник на Дневник, да го истуркаат изборот на Ерол Ризаов за претседател на ЗНМ. Очајно!

Така СДСМ, и нивните копилиња, замислуваат избор на претседател на нивното здружение на новинари. Се договараат пар ликови, и толку е.

После пишуваат за транспарентност, демократија и слободен избор.
Како што Бранко води демократија во својата СДСМ.

Кој во грев е роден, во грев и ќе живее, мој Геровски и лепо друштво.
Тоа е оној Геровски, зад кој останаа куп упропастени редакции, новинари на улица и сеанси на пушење кај газдите за спас на сопствениот интерес.

Кај моите газди, во Вечер и Сител каде јас сум бил и сум главен уредник, нема пропаднати проекти. Новинарите имаат редовни плати, стипендии за студии на сметка на редакциите... новинарите кои јас сум ги водел, и водам, не се уценувани од газдите, ниту осудувани за клевети против колеги.

Моите новинари, ни јас, не настапуваме на партиски митинзи.
Не е Сител најгледан затоа што, според нив, е провладин. МТВ е исто така, велат тие, провладина па нема рејтинг на вестите. Како што немаат ни опозиционите Алфа или Телма... значи, не било до тоа.

Копилињата на Бранко, на чело со Геровски, месеци наназад го плукаат американскиот амбасадор, како и еврокомесарот Филе, затоа што не го поддржуваат Бранко. На амбасадорот му предвидуваат брз крај на кариерата. За Филе ценат дека бил дел од режимот на Груевски....
Молчат, и поддржуваат Бранко да им се заканува на новинарите.

Бараат палење на книгите, учебниците кои владата ги превела и објавила од 1.000 најголеми научни автори во своите области, во светот.

Бараат уривање и претопување на спомениците на Карев, Гоце Делчев, Александар Македонски, АСНОМ-ците, Кирил и Методи...

Па, кој е антизападен, неписмен, примитивен и реакционерна сила.
Врескаат дека имаме лоши странски оценки за слободата на новинарството. Оценките, клучно, се темелат на бројот судски тужби против новинари. А две третини од тужбите се поднесени од функционери на СДСМ, на Сорос, и од нивните новинари против свои колеги!

Нервозни се што ќе има избори. Што Бранко мора да бега за да не загуби. Нервозни се секогаш кога има слободен избор, а не нивни шеми.

Бранко да се договори со Љубчо... Геро со Коколанов... и терај.
Не ми паѓа тешко што лажат, туку што на сила ме тераат да им верувам.

Пишува: Драган П. ЛАТАС

Читајки ја новата повраќаница на Латас ми станува јасно дека палењето на амбасадата на САД било во знак на подршка на САД.
04-02-2013, 04:00 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#6

Cudno imase nekakov bal vo Skopje ,toa e svojstveno na VMRO-DPMNE uste od Ljubco , no sega balot go organizira Amdi.
Site vazni faktori bea ,samo Latas go nemase da modelira kako glaven najavuvac od mikrofon ,sigurno e bil na pusinela pauza.
07-02-2013, 07:43 PM
Reply