Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Кристализирање на идеи
Author Message
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#1









Quote:Кристализирање на идеи


Деновиве имав прилика да гo прочитам блог-постот „Либералниот капитализам во текстовите на нашите блогери“ од засега импресивниот Виктор Трифуновски. Пред сѐ, големо задоволство ми причинува фактот што во Македонија се појавува еден силен и добро поткован застапник на либералниот капитализам и слободниот пазар. Сепак, како животен активист на ова поле, забележав некои грешки во гледањата на авторот, кои се однесуваат на последните триесетина години; како и некои грешки во она како тој ги гледа разликите помеѓу либертаријанците и конзервативците. Бидејќи ова се факти кои не се лесни да се согледаат од прекуокеанската далечина, ќе се обидам да го исправам г. Трифуновски, со цел да му помогнам да ги согледа работите како што се.

За самиот текст „Либералниот капитализам во текстовите на нашите блогери,“ би рекол дека во првите 7/8 е фактолошки сосема точен. Првата грешка Трифуновски ја прави во неговото толкување на режимите на Тачер и Реган, кои тој ги класифицира како „неолиберали.“ Ова е една преголема грешка, за која морам да признам дека и самиот јас бев „виновен“ до скоро. Правилната класификација на овие идоли на Новата Десница е императив за здравата насока на движењето на идеи. Реган и Тачер не се либерали од никаков вид. Напротив, овие два политички лидери се неоконзервативци. За подобро разбрирање на овие термини тука би го посочил есејот „Новите конзервативци,“ напишан од англискиот класичен либерал Херберт Спенсер во 1884. год., а преобјавен на вебсајтот на Мизез Институтот Канада на 6. Јули 2012.

Во „Новите конзервативци“ Спенсер ни дава прилика да разбереме како тоа луѓе како Фрчкоски, Милчин, Денко Малески, Чашулевци, Пол Кругман, Џорџ Сорос и ним сличните успеваат да се наметнат како „либерали.“ Давајќи вовед на неговиот аргумент, Спенсер ќе напише:

„Датирајќи од период постар од нивните имиња (конзервативци и либерали, м.з.) двете политички партии застапуваа два различни видови на општествено уредување, кои, општо кажано, се разликуваа како милитантен и индустриски—видови кои се карактеризираат при што едниот е режим на статус, безмалку универзален оф античките времиња; додека другиот е режимот на договор.“

Суштината на есејот на Спенсер е дека уште во доцниот 19. Век либералното движење било инфилтрирано од козервативците—т.е. оние кои имаат за цел да ги ограничат пазарните (а со тоа и личните слободи) со цел да ги задржат своите привилегирани позиции во општеството—статус, здобиен од воени заслуги.Конзервативците ги сочинува аристократијата, односно оние кои се стекнале со нивниот социо-економски статус по крвно наследство, како и новопечените богаташи кои се плашат од потенцијалната конкуренција која може да нив да ги направи помалку релевантни во општеството. Во Македонија воената Аристократија ја сочинуваат старите комунисти, кои буквално се стекнале со нивниот статус благодарение на нивните воени заслуги. Оваа Аристократија раководи со Македонија од АСНОМ, низ годините на Југословенска Македонија, сѐ до денес, кога си створи своја олигархија со која зрдужено ја држвата ја користат како приватно сопствеништво.

Потенцирам дека стравот од конкуренција кај оние кои се врвните богаташи е пред сѐ поради нивната желба да бидат ставени на повисоко ниво од остатокот од населението. Тие станале врни богаташи поради некаква благонаклонетост на Државата кон нив. Од друга страна, кај секој човек постои страв за обезбедување на егзистенција, што се користи од козервативците за нивна манипулација. Вистината е дека низ отворена и слободна конкуренција во општество каде што личната сопственост се почитува максимално, не е возможно за било кој да отсконе многу повисоко од другите. Ова е така затоа што секогаш постојат безброј желни за успех кои штом ќе забележат профитабилно превземание, веднаш скокаат на приликата за се здобијат со дел од тие добивки. Доколку добивките паднат под нивото на пазарната камата, претприемашите ќе почнат да се повлекуваат од таа индустрија и парите ќе ги инвестираат на друго место. Лидвиг вон Мизез заклучил дека затоа на слободниот пазар сите бизниси тежнеат кон еднаква стакпа на добивка. Конзервативците, пак тежнеат да го задржат статусот кво во дадениот миг кога тие се наоѓаат во позиција која според нив вреди да се зачува.

Конзервативците се патерналисти. Нивна цел е општеството детално да го организираат според нивна визија, каде што, не случајно тие се на врвот. Во конзервативната визија Државата е над човекот; таа го одгледува од колевка до гроб. Денес таквиот приод кон општеството го имаат и оние кои се нарекуваат „либерали“ и оние кои се нарекуваат конзервативци— единствено се разликуваат во нивните приоритети. Од друга страна, класичниот либерал е индивидуалист: тој има за цел да ги задоволи своите желби на начин на кој нема насилно да му одземе на друг. Тука е всушност вистинската разлика помеѓу конзервативците и либертаријанците. Современиот либертаријанец е наследник на традицијата на класичниот либерал. Затоа ниту Реган, ниту Тачер не можат да се класифицираат како либерали, бидејќи клучните постулати на либерализмот—личната слобода и личната сопственост—останаа занемарени во нивното време.

Прво, не дозволија конкуренција на приватни валути—што значи дека немаа обзир за личната слобода и сопственост. Не можеме да зборуваме за слободен пазар доколку нема слобода во начинот на кој ќе тргуваме. Наложувајќи му на пазарот да се користи исклучиво со владини валути кои што владите постојано ги девалвираат е наложување на „културна“ кражба.

Понатаму, „Лаферовата парабола“—изумот на Артур Лафер, главниот економист на Регановата администрација—е формула за максимизирање на даночните приходи на државата. Прибирањето на даноци му штети на пазарот, а ја зајакнува силата на aристократијата што ја сочинува Државата. Истовремено, даночењето е ништо повеќе од кражба, за која што aристократијата вели дека е потребна за да му помогне на граѓанинот. Но, било кој проект што го превзема Државата е секогаш инфериорен на приватниот, и клучно: во услови на лична потрошувачка самиот поединец одлучува како ќе ги потроши своите пари—што се свушност плод на неговиот труд; додека кога тие пари се „инвестираат“ од страна на државата, некој друг одлучува како ќе трoши туѓи пари.

Да ја земеме Антиквизацијата за пример. Повеќе од очигледно е дека не постои концезус од 100% помеѓу плаќачите на даноци во Македонија во однос на овој Државен проект. Дури и сите плаќачи на даноци освен еден да се согласуваат со Владата со секој поглед на проектот и за секој најситен детал, оној еден несогласен е оштетен бидејќи тој има желба неговите пари да се искористат за друга намена. Реган и Тачер имаа свои „антиквизации,“ било во поглед на потрошувачката на државни пари за вооружување, за спознорирање на сателит-режими низ светот, за државно образование, за имиграциони политики, за војната против дрогата, за војната против проституцијата, за спонзорирање на тајанта полиција, културната војна, регулација на економијата, итн.

Реган и Тачер претставуваат олицетворенија на новиот конзервативец, кој не е воопшто нов. Додека нивната реторика зборуваше за лични слободи и отворени пазари, во реалност нивните администрации не донеса ниту едно , ниту друго. Тие продолжија да го бараат „Третиот Пат:“ ниту капитализам, ниту социјализам. Нивната најточна класификација е дека тие се она што се скоро сите политичари на 20. и 21. Век: фашисти, бидејќи фашизмот е систем каде што номинално приватната сопсвеност фигурира, но одлуките за тоа како ќе се користи таа лична сопственост се во рацете на државни бирократи. Фашистичкиот режим истовремено се заснова на силен милитаристички нациoнализам—кој во поголемите држави се олицетворува во воено наоружување како средство за здобивање на вештачки работни места. Индивидуата, како и во комунизмот, се потчинува на она што г. Милчин би го опишал како „потребите на владите на државата.“ Ова звучи многу како Македонија на Груевски, но и на оние пред него трнувајќи од Тито, зарем не. Во Југославиjа постојано живеевме во состојба на воен готовс. Од осамостојувањето навака, повторно. Де чекаме инвазија од Бугарија, де Голема Албанија, де проблеми со Грција. Истовремено, Државата ги користи овие фантом-опасности за да ги неутрализира политичките конкуренти.

Додека на читателот разликите и деталните класификации можеби ќе му се причинат како цепење на вланка, тоа воопшто не е случајот. Правилната класификација на работите е многу важна. Спенсер тоа многу добро го воочил:

„Таа прогресивна перцепција на разликите и последователната подобрена исправност во нивното класифицирање, под еден од нејзините главни аспекти—раснењето на интелегенцијата—е еднакво согледлива кога минуваме од релативно простиот физички вид до релативно комплексниот интелектуален вид—видот низ чија помош работите кои претходно биле групирани според одредени надворешни сличности, или од дадени надворешни услови, стануваат поисправно групирани според нивните внатрешни структури и природи. Неразвиениот интелектуален видик е еднакво матен и грешлив во своите класификации како и неразвиениот физички вид.“

Тука само би ја забележал иронијата дека и покрај сета митологија на југословенскиот Антифашизам, самата Југославија беше фашистички режим, а не комунистички. Имено, чистиот комунизам едниствено е испробан од Црвените Кмери на Пол Пот, и од Ленин помеѓу 1918 и 1921, период во кој употребата на пари била забранета. Со воведувањето на Новата Економска Политика, и СССР станува фашистичка економија.

Втората грешка на Трифуновски е во коментарите. Имено на прашање:

„Чичко Горио Said:

Што е разликата во економскиот систем помеѓу либералниот капитализам и неоконзервативизмот? Хајек го критикува конзервативизмот: http://www.pescanik.net/content/view/3260/64/

Трифуновски одговара со долг пост, кој овдека само ќе го сумизирам:

„Виктор_Трифуновски Said:

Долга приказна…ќе се обидам во кратки црти.

Имено, во самата десница постои еден тивок судир на релација конзервативци-либертаријанци. И едните и другите ги поддржуваат принципите на капитализмот, односно се заговорници на економските слободи.“

Веќе посочив на разидувањето помеѓу конзервативците и либертаријанците. Во суштина, конзервативците воопшто не се заговорници на економски слободи, бидејќи за нив националната слава е поголема од индивидуата. Тоа значи дека тие се подготвени во име на ,,општественото добро“ да одземаат лични слободи, лична сопственост, како да забрануваат економски делувања. Либертаријанците имаат логично конзистентен поглед на светот. Според нив не постои разлика помеѓу „економиски“ и „општествен“ план, туку само дали на ненасилниот човек му се пружаат сите слободи да го прави она што тој го гледа како најзадоволувачко поведение за себе лично, без да му наштети на некој друг. Од тука произлегува профитабилниот мотив: во услови на ненасилно тргување обете странки ќаруваат од размената, а фактот дека постои профит значи дека купувачот се здобил со задовoлство.

Тука е клучниот елемент во она како јас, татко ми, и воопшто Комитетот за демократизација гледаме на она што ние го замислуваме како Лустрација, и причината поради која се обидуваме Фрчкоски и компанија да ги изедеме пред суд. Делувањата на Фрчкоски, користејќи Државен орган да прогонува и лишува од лична сопственост ненасилни поедници со изговор дека тие претставуваат некаква опасност за „општественото добро“ се сосема во склад со конзервативниот поглед на светот. Во таа смисла, Трифуновски покажува дека сѐ уште не навлегол во суштината на либерализмот, односно идеологијата на личната слобода кога вели:

„По општествените прашања, мене лично ми се поблиски конзервативците. Случувањата околу мојата земја ме направиле националист, а и некако неможам да ја сварам идејата за истополови бракови, легализација на дроги и сл…кои се дополнителни прашања по кои либертаријанците и конзервативците се разидуваат.“

За либералот не постои „општествено парашање.“ Секое прашање е лично. Така на пример, иако јас лично не сум хомосексуалец, не гледам причина зошто на некој што е да да му се ускратува можноста да си ги задоволи своите желби—сѐ додека тоа тој го прави на свој трошок и без да ми пречи нa мене. Истото се однесува и на корисниците на „дрога.“ Всушност контролирањето на субстанци од стана на Државата е само начин таа да го шири своето влијание; додека национализмот е идеологија која неизбежно води до војна. Налагајќи правила од „општествено добро,“ или во име на традиција итн., ја отвора вратата за понатамошни држвани интервенции и одземање на лични слободи и имоти.
[Image: safe_imagephp.jpg]

Засега толку. Се надевам дека текстов ќе побуди реакција која може да доведе до дискусиjа или пак полемика. На г. Трифуновски, како и на секој друг заинтересиран им препорачувам да ги посетуваат веб страниците на Мизез институтот САД и Канада; како и да ги прочитаат текстовите кои јас и мојот брат ги објавивме во 2011, а сега архивирани на темата „Модели на државно уредување.“


22-01-2013, 11:47 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#2

Quote:„По општествените прашања, мене лично ми се поблиски конзервативците. Случувањата околу мојата земја ме направиле националист, а и некако неможам да ја сварам идејата за истополови бракови, легализација на дроги и сл…кои се дополнителни прашања по кои либертаријанците и конзервативците се разидуваат.“

Quote:За либералот не постои „општествено парашање.“ Секое прашање е лично. Така на пример, иако јас лично не сум хомосексуалец, не гледам причина зошто на некој што е да да му се ускратува можноста да си ги задоволи своите желби—сѐ додека тоа тој го прави на свој трошок и без да ми пречи нa мене. Истото се однесува и на корисниците на „дрога.“ Всушност контролирањето на субстанци од стана на Државата е само начин таа да го шири своето влијание; додека национализмот е идеологија која неизбежно води до војна. Налагајќи правила од „општествено добро,“ или во име на традиција итн., ја отвора вратата за понатамошни држвани интервенции и одземање на лични слободи и имоти.




Glavnoto prasanje spored mene e kade pocnuva a kade zavrsuva drzavata?

Dali covekot ima "opstestveno politicka namena" ili se e svedeno za licni celi zadovolsta i proekcii na sopstveniot zivot?

Ovie dilemi se vecni i beskonecni i mnogu filozofski ,socioloski,ekonomski i politicki knigi se napisani na ovaa tema od antikata do denes...



Viktor tuka mozebi nesvesno gi otkriva trite glavni razmisluvanja koi najgolemiot del od ludjeto vo Makedonija gi imaat:

-националист Sto znaci i zosto vo denesno vreme covek da bide nacionalist,vo bilo koja zemja?

-истополови бракови, легализација на дроги и сл Kolku licno zivotot na bilo koj poedinec e zasegnat od ovie nesta?
Ako Viktor ili bilo koj naprimer otide i zivee barem nekolku meseci vo zemja vo koja ovaa e dozvoleno ce vidi i se uveri kolku se ovaa periferni i beznacajni nesta.
24-01-2013, 07:53 PM
Reply