Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Утрински Весник за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#41

37
06.12.2006, 17:00
Апел за поддршка на ОМО „Илинден“- ПИРИН

Александар Митрески, Обединета македонска дијаспора


Апелирам до јавноста со намера да им помогнеме на илјадниците Македонците во Бугарија, во нивните напори да ја регистрираат ОМО „Илинден“ - ПИРИН како официјална партија во Бугарија. Минатиот месец бугарскиот суд повторно ја одби регистрацијата на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, иако претходно судот во Стразбур пресуди дека оваа организација е легитимна партија, која не претставува никаков проблем за Бугарија.

Џефри ван Орден, кој е задолжен за членството на Бугарија во Европската унија, има поставено амандман во Европскиот парламент, со кој се бара регистрирање на ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Време е Брисел сериозно да се заангажира за македонското прашање.

Обединетата македонска дијаспора (www. umdiaspora.org), задно со уште неколку македонски организации, отвори веб-страница (http://www.macedoniancommunity.com) преку која може мошне лесно, со еден клик, да испратите и-мејл до сите парламентарци во ЕУ.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C7E22E566...8B1E886F30
Без Ботев няма България
19-01-2013, 05:52 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#42

36
06.12.2006, 18:25
ПОДДШКА
Парламентот подготвува декларација за поддршка на Македонците во Бугарија
Реакцијата на македонските парламентарци доаѓа откако медиумите жестоко го искритикуваа односот на бугарската власт
ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА

Парламентот по иницијатива на пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, се подготвува да донесе декларација за правата на македонското малцинство во Бугарија. Иако опозицијата не ја пропушти можноста да ја искритикува Владата дека задоцнето реагира, според првичните најави, овој документ најверојатно ќе добие широка политичка поддршка во Собранието. Неколкумина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Влатко Ѓорчев, Петар Поп Арсов, Гоце Марковски, Веле Георгиевски испратиле писма до Парламентарното собрание на ОБСЕ, Советот на Европа и до други европски институции, во кои изразиле поддршка за регистрирање на ОМО „Илинден“ ПИРИН во Бугарија. Реакцијата на македонските парламентарци доаѓа откако медиумите жестоко го искритикуваа односот на бугарската власт, односно на полицијата, која буквално одејќи од куќа во куќа ги заплашува членовите на ОМО „Илинден“- ПИРИН.

Поповска во изјавата за медиумите напомна дека декларацијата има смисла само ако Собранието ја донесе со големо мнозинство. „На тој начин ќе покажеме дека како држава се залагаме за почитување на високите принципи на човековите права на малцинските заедници насекаде на Балканот“, смета Поповска.

Во почетокот на вчерашната седница, пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, од собраниската говорница протестираше поради недемократскиот чин на официјална Бугарија. Тој ги повика „Европската унија и Европската комисија да ги активираат механизмите и да ја натераат Бугарија, како нивна идна членка, да ги почитува демократските и европските принципи“.

Социјалдемократот Есад Рахиќ постапката на бугарските власти ја оквалификува како голем срам за една држава. „Мислам дека духот на Тодор Живков повторно јава во Бугарија. Ги повикувам сите интелектуалци, демократи да го кренат гласот против фашистичкиот однос на полицијата спрема македонското малцинство во Бугарија“, вели Рахиќ. Шефот на пратеничката група на ЛДП, Андреј Жерновски, смета дека потегот на Поповска е всушност одговор на несоодветната реакција на Владата во однос на третирањето на овој проблем. „Иницијативата на парламентарците од владината коалиција се должи на тоа што Владата се покажа неспособна соодветно да реагира на ова прашање“, вели Жерновски.

Пратеникот Џевад Адеми од ДУИ вели дека лично ќе ја поддржи декларацијата на Поповска. „Не го разбира ставот на бугарските власти и не гледам причина зошто Македонците во Бугарија да не ги уживаат сите права и зошто да не се организираат политички“, вели Адеми.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=48B8BC431...D94056CF01
Без Ботев няма България
19-01-2013, 05:53 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#43

38
07.12.2006, 18:32
Во Софија се одобрува тортурата врз Македонците
Во софиското обвинителство тврдат дека со проверките нема нарушувања на правата на граѓаните
Од нашиот известувач
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

СОФИЈА - Испрашувањето на 6.000 члена на ОМО „Илинден“ - ПИРИН од страна на бугарската полиција продолжуваат, а реакциите околу тоа не стивнуваат. Бугарската јавност, главно, е на страната на власта и ретко кој јавно ја осудува тортурата што се врши врз Македонците.

Наспроти реакциите на Македонците кои велат дека Бугарија со својата проверка сака да ја уништи нивната партија, Илијана Славовска, обвинител од софиското градско обвинителство, изјави дека нема никаков притисок врз ОМО „Илинден“ - ПИРИН. „Сметам дека има сериозни нарушувања и поради тоа пледирав партијата ОМО ’Илинден‘ - ПИРИН да не биде регистрирана. Се утврди дека поголем број од пристапниците на конститутивното собрание не ги пополнувале лично членовите, има малолетни лица, има и граѓани кои отсуствувале од државата кога им биле пополнувани пристапниците. Сметам дека во случајов има нарушување на правата на граѓаните“, вели таа, нагласувајќи дека се проверуваат само спорните пристапници, а не сите членови на партијата.

Професорот по филозофија, Иван Калчев, претседател на Бугарско-македонското друштво, во изјавата за „Утрински весник“ вели дека е очигледно оти со полициската проверка има нарушувања на сите светски стандарди на човековите права. Со тоа продолжува официјалната политика на Софија која секогаш била против почитувањата на правата на малцинствата, посебно на македонското. „Јас сум вчудовиден и се прашувам како со ваквата ситуација и при ваквото однесување кон македонското малцинство Бугарија може да биде примена во Европската унија“, вели професор Калчев и подвлекува дека раководителите на Европската унија не ги почитуваат европските стандарди за правата на малцинствата, а тоа Софија ја храбри да се однесува така спрема Македонците. „На луѓето на ОМО ’Илинден‘ - ПИРИН единствено им останува да му се обратат на Господ зашто нема институции да го разберат, поддржат и да го заштитат“, вели иронично бугарскиот професор.

Според познатиот новинар Георги Куритаров, поради проверката на пристапниците на ОМО „Илинден“ - ПИРИН се јавила напнатост. Во разговорот за „Утрински весник“ тој вели дека бугарските власти, според законот, можат да проверуваат ако се посомневале дека има неправилности при собирањето на пристапниците. За него тоа не е многу битен проблем, побитно е Бугарија и Македонија да имаат своја заедничка стратегија и концепт за партнерство кои, според него, ќе се вклопуваат во европските вредности. Тој не се сеќава дека досега при регистрацијата на која било друга бугарска партија биле проверувани пристапниците на нејзините членови. Познатиот бугарски политиколог, инаку советник на претседател Георги Прванов, кој секогаш им излегувал во пресрет на македонските новинари и давал изјави за македонските медиуми, сега избегна да го прокоментира она што се случува околу ОМО „Илинден“ - ПИРИН.

Освен електронскиот весник „Фокус“ кој на широко и вчера пишуваше за ОМО „Илинден“ - ПИРИН, во другите медиуми владее молк. Партијата на Македонците беше на нивните страници два дена пред тоа кога нагласено беа критикувани македонските медиуми и сето тоа беше оквалификувано како масло на СДСМ и на другите опозициски партии. Македонските новинари се прогласуваат за југоносталгичари и српски агенти, а најголеми напади има врз „Утрински весник“ и неговиот новинар. Познатите антимакедонци и дежурни критичари на ОМО „Илинден“ - ПИРИН и се' што е македонско, Божидар Димитров, инаку советник по историја на претседателот Георги Прванов, и лидерот на софиска ВМРО, Красимир Каракачанов, во своите напади ги вмешуваат дури и некогашните безбедносни сили на УДБА и КОС. Најтиражниот весник „Труд“го нарекува новинарот на „Утрински“ скопски агент и бивш соработник на македонското разузнавање.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=8525C5CE6...5915AFF930
Без Ботев няма България
19-01-2013, 05:54 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#44

39
07.12.2006, 18:28
Македонија не може да стои настрана околу притисокот врз малцинството во Бугарија
Бугарија кон одлуките на Стразбур се однесува како во турско: плати арач на султанот и терај по свое, вели Фрчкоски
ДИМИТАР ЧУЛЕВ


Акцијата на бугарската држава преку комбинирано полициско-пописни методи да ја „провери“ бројноста на членовите и симпатизерите на ОМО „Илинден“ – ПИРИН, во најмала рака, е скандалозна и пред очигледната тортура насочена кон македонското малцинство во Бугарија изненадувачки е молкот на македонската држава, сметаат нашите интелектуалци. Целта на засилената хајка е да ја елиминира бројноста на партијата околу која гравитира македонското малцинство во Бугарија, иако цензусот од 5.000 потписи потребен за регистрирање политичка партија е постигнат и иако Софија има пресуда од Судот во Стразбур која е изречена токму поради забраната за регистрација. Членови од партијата сведочат за заплашување, проверки на личните податоци, изнудување признанија дека добиле пари за да бидат зачленети во ОМО, односно дека некој ги фалсификувал нивните лични податоци...

„Погрешно е прашањето дали воопшто е возможно она што го прави Бугарија. Тоа се случува...“, вели поранешниот шеф на дипломатијата Љубомир Фрчкоски. Според него, со начинот на кој постапуваат бугарските власти практично се активира проблемот на реализирање на одлуките од Судот во Стразбур. „Се прашувам дали Бугарија ги третира ваквите одлуки како во времето на постоењето на таканаречените милет-системи, како, на пример, во времето на Отоманското царство. Тогаш било практика на султанот да му се плати данок за одредена културна автономија и по плаќањето на арачот продолжувате да правите што сакате. Со таквиот начин на третирање на одлуките на Судот сметам дека Бугарија ќе има сериозни проблеми“, нагласува Фрчковски.

Околу молкот на македонската дипломатија Фрчкоски вели дека треба да реагира секако, но не знае како. „Не треба, не може и не смее да се мешаме во внатрешните работи на таа земја, не треба да патронираме, зашто тоа би било грешка. Меѓутоа, тоа не не' попречува да преземеме еден правно заснован лобинг за да се постават прашања за евидентното кршење на човековите права. Секој може да ја праша Бугарија за постапките. Зошто од германската Партија на зелените би биле позаинтересирани отколку ние, меѓутоа дипломатијата или, подобро кажано, централата овде, е во конфузија и тоа е една од најслабите точки на новата власт. Сметам дека треба да се лобира, да се испраќаат писма и перманентно да се известува Европа за она што го прави Бугарија врз припадниците на ОМО ’Илинден‘ - ПИРИН и припадниците на македонското малцинство“, вели Фрчкоски.

Мето Јовановски, почесен претседател на Хелсиншкиот комитет, вели дека имаат директни информации од Бугарскиот хелсиншки комитет и од претседателот Красимир Канев, кој ги уверил дека нема неправилности во начинот на кој биле собирани потписите на членството.

Јовановски вели дека државата има формално право да легитимира, да проверува некои податоци во случајот со членството на партијата ОМО „Илинден“ - ПИРИН. „Меѓутоа, доколку со една операција во која е вклучена и полицијата се опфатени шест илјади луѓе и ако се земат предвид нивните членови на семејства, имате бројка од 20.000 луѓе врз кои евидентно се прави притисок. Луѓето се преплашени за безбедноста и за работата. Трпат психички последици и тоа е рамно на репресија.

Очигледно, Бугарија се обидува да ја заобиколи одлуката на Судот во Стразбур. Судските одлуки не се ни коментираат, а официјална Софија се обидува да ја негира“, вели Јовановски. Според него, во целата оваа ситуација зачудуваат европските држави и јавноста, кои не реагираат на таквата постапка на една држава, која од 1 јануари треба да стане нивна членка.

Истовремено, необично е тоа што молчи и македонското Министерство за надворешни работи. Иако, вели Јовановски, тоа е предизвикано од јавноста да реагира. „Симпатизерите на партијата и македонското малцинство сега се збунети, ставени во стапица и им треба поддршка“. Наместо тоа, според Јовановски, сведоци сме на непријатни, па дури и скандалозни ситуации кога висок македонски функционер положува цвеќе на некои гробови на врховисти во Софија, а не го ни споменува Мисирков, чиј гроб е напуштен.

За академик Блаже Ристовски, македонскиот Устав, дури и по промените што беа направени, дава можности Македонија да се грижи за своето малцинство во соседните земји, па дури и за Македонците во дијаспората. „Тоа не се коси со Уставот, бидејќи сосема е нормално една држава да се интересира за својот народ, особено во случај како овој, кога има случај на кршење на човековите права. Реакцијата не би била мешање“, вели Ристовски. „Но, знаете дека некои соседи имаат сосема одреден однос спрема Македонија и тоа што им се случува на Македонците во Бугарија сега е резултат на тој континуиран однос“.

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Петров, вели дека не станува збор за никаков молк на македонската дипломатија. „Настаните се следат и, секако, ќе побараме дополнителни информации за настаните за кои јавуваат и бугарските и македонските медиуми, по што ќе следува и реакција“, ни изјави Петров. Според него, за поздравување е иницијативата Собранието да усвои декларација за поддршка на Македонците во Бугарија.

Во средата пратеничката на партијата ДОМ, Лилјана Поповска, предложи парламентот да подготви и да донесе декларација за правата на македонското малцинство во Бугарија. Поповска, чија идеја наиде на поддршка од повеќемина пратеници кои со свои изјави ги критикуваа кршењето на човековите права во Бугарија и побараа ЕУ да ги стави во погон своите механизми да ја притиснат оваа земја демократски да се однесува, повика декларацијата да биде донесена со мнозинство во парламентот, зашто само како таква би имала смисла.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=30F04A770...F0DBF944D2
Без Ботев няма България
19-01-2013, 05:58 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#45

40
07.12.2006, 17:21
(Повод: „Потомците на Ѓорче Петров чекаат неговите мошти да бидат пренесени во Македонија“ од Виктор Цветаноски, во „Утрински весник“ од 27 ноември 2006)
Познато е кога е роден Ѓорче Петров

Богомир Петровски, Струга

Односот кон починатите, без оглед на причините, треба да биде на едно цивилизациско ниво, такво какво што и го заслужува. Имено, чест и почит кон мртвите херои кои ги дале своите животи како патриоти за добивање слобода и своја држава, а проклетство и презир кон оние кои ги ликвидирале.

Во првиот случај без размислување треба да се каже дека државата е таа која треба да стори се' за да ги смести своите херои таму каде што им е местото. Новата македонска Влада треба да го исполни барањето на потомците на Ѓорче Петров неговите мошти да бидат пренесени во Македонија. Имено, почитуваниот премиер Никола Груевски, на чело на една државна делегација да појде во Софија и да ја исполни желбата на потомците на Ѓорче Петров, не само на нив туку и на граѓаните на Република Македонија, и тоа онака како што тоа го стори Лазар Колишевски во својство на претседател на македонската влада и ги пренесе во Македонија моштите на великанот Гоце Делчев, на општо задоволство на сите граѓани.

Што се однесува до годината на раѓањето на Ѓорче Петров, неговите потомци во писмово кое е повод за мое јавување велат дека „историчарите не знаеја кога точно е роден прадедо им“. Јас, иако не сум историчар, како вљубеник во историјата ги давам следните податоци, со цел да помогнам околу определувањето на точниот датум на раѓањето. Тој е роден на 2 април 1865 година, (значи ни 1866 ни 1864), напишана во сведителството бр. 620 од 29 јуни 1885 година за завршен шести клас, издадено од Обласната реална гимназија. Покрај датумот кога е роден Петров е наведено и местото на раѓање - с. Варош, Македонија и дека полагал 12 испити (наведени се точно кои) по предмети. Може да се види дека имал одлични оценки. Од 12 предмети има пет оценки со „десет“, пет со „девет“ и две со „осум“, според што, по моја пресметка, излезе дека општата оцена му е 9,3. Навистина одлична оценка, која би ја посакал секој студент.

Доколку некој во врска со датумот на раѓањето на Ѓорче Петров е заинтересиран посебно од потомците на својот прадедо за односното свидетелство, нека се обрати писмено на улица „Далјани“ бр. 9, Струга 6330 или усно преку телефон 046/789-279.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=2332E6104...4C62B5A8BB
Без Ботев няма България
19-01-2013, 06:00 PM
Reply
nescafe Offline
Member
***

Posts: 91
Joined: Dec 2012
Reputation: 9
#46

Благодаря за труда. Много интересни публикации.

Е, значи Македония е правила каквото е могла, колкото са й стигали силите, за да попречи на България на финалните метри преди ЕС.
Не че одобрявам днешната политика на България, но угризенията ми някак намаляват.
19-01-2013, 06:15 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#47

41
07.12.2006, 17:28
Бугарија ги отвора досиејата од времето на Студената војна
Бугарија, најпослушниот сателит на СССР, најбавно тргна во решавање на ова прашање


СОФИЈА - Бугарскиот парламент во средата донесе Закон за отворање на архивите од Студената војна и разоткривање на агентите во тајните служби од комунистичкото време во оваа балканска држава, само неколку недели пред нејзиното влегување во ЕУ што треба да се случи на 1 јануари следната година. Меѓутоа, аналитичарите и опозициските партии посочија дека промените во последен момент го намалуваат просторот за расветлување на една од најозогласените шпионски мрежи во Студената војна и да се обелодени до кој степен офицерите обучени од КГБ и нивните информатори се' уште имаат влијание.

Сега веќе непостојната служба Државна безбедност беше вплеткана во заговори од неуспешниот атентат врз папата Јован Павле Втори до смртта на дисидентот Георги Марков, прободен со „отровен“ чадор на лондонскиот мост „Ватерло“. Голем број Бугари сметаат дека мрежата не е расформирана и дека агентите се користеле со мито и уцени, а милијарди евра исчезнаа од оваа црноморска држава во последните денови од комунизмот за да го задржат влијанието зад сцената.

Во 240-члениот парламент сите, освен двајца, од 113-те присутни пратеници гласаа за законот со кој се формира комисија избрана од парламентот што ќе го надгледува отворањето на досиејата. „Со овој закон се става крај на 17-годишните расправии и спречува повторување на недемократските дејства направени за време на комунизмот“, изјави Борислав Ралчев, член на комисијата. Бугарите сега ќе имаат право да ги видат досиејата отворени за нив од страна на комунистичките агенти и информатори. Комисијата, исто така, ќе спроведе истрага за избраните политичари, дипломати, судии, полицајци и други водечки јавни личности и ќе ги обелодени имињата на откриените агенти на Интернет.

Архивите од времето на комунизмот се проблем низ Источна Европа и Бугарија, најпослушниот сателит од Студената војна на Москва, која беше една од земјите која најбавно тргна во решавање на ова прашање. По една деценија откако владите делумно ги отворија, а потоа ги блокираа пристапите до овие досиеја, Софија оваа есен го забрза процесот за кој дипломатите наведоа дека бил под притисок на државите-членки на ЕУ. Законот се соочи со спротивставувања од разузнавачката служба и членови на владејачката Социјалистичка партија, кои владееја како комунисти пред 1989 година. Минатиот месец откако архиварот на овие досиеја беше пронајден мртов во наводно самоубиство, најголемиот шпион во државата изјави дека отворањето на сите досиеја ќе биде „смртоносен чекор“, бидејќи голем број агенти се' уште се активни.

На состанокот што се одржа оваа недела лидерите на трипартитната коалиција направија измени во Нацрт-законот за да не ги откријат именуваните на повисоки функции откако Софија ја расформира Државната сигурност во 1991 година. Аналитичарите наведоа дека иако законот ќе предизвика скандали меѓу елитата, промените значат дека стотици агенти би можеле да останат и понатаму во тајност и мала е веројатноста дека ќе помогнат во окончување на другите големи проблеми како што се огромната корупција и организираниот криминал. (Ројтерс)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=858BF5DA0...EA8E8AFA9A
Без Ботев няма България
20-01-2013, 09:16 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#48

42

08.12.2006, 18:02
Македонците во Бугарија уплашени од притисоците
Ова што сега се случува со Македонците се споредува со времето кога беа менувани имињата на Турците
Од нашиот известувач
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ


СОФИЈА, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - Македонците во Бугарија се исплашени и загрижени по заканите и притисоците што ги вршат врз нив бугарската полиција за да се откажат од нивната партија ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Тие велат дека ова време ги потсетува кога комунистичкиот режим во своите последни години им ги менуваше мусмлиманските имиња на Турците со православни.

Омразата кон нив од ден на ден се' повеќе расте. На фудбалскиот натпревар ЦСКА од Софија и Бетеф од Враца навивачите носеле транспаренти „Омовци предавници, надвор од Бугарија“.

Сите членови на ОМО „Илинден“ - ПИРИН и натаму се следат од полицијата и се повикуваат на сослушување. Пензионерите ги заплашуваат дека ќе им ги укинат пензиите, а на вработени им се закануваат дека ќе останат без работа. На еден член дури му се заканиле дека ќе му го укинат кредитот што го зел за да гради куќа.

Иван Биков од петричкото село Самоилово, кој подолго време живее во Софија, вели дека сите ги викаат во полицијата и бараат да се откажат. На една медицинска сестра, инаку Бугарка, и' се заканиле да избира помеѓу работата и партијата. Се откажала од членството во ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Истото и' се случило и на една заболекарка.

Под заканите многумина го напуштаат членството. „Јас сум поканет да одам во полиција утре, ќе отидам со адвокат. Ништо не сум и' згрешил на државата“, вели Биков и нагласува дека се повикуваат и стари и млади. Деновиве во полицијата била повикана и една 90-годишна жена од семејството Рондеви. „Полошо е од кога било порано. Сега го надминуваат и Тодор Живков по сите основи“, додава Биков и плаче како мало дете. Тој објаснува кога во 1968 година се женел и се запишал како Македонец никој не му рекол зошто се пишува така, иако кумот му бил полковник во бугарското разузнавање. Тој има големи забелешки и на односот на македонската држава спрема нив. Вели дека ја изгубил довербата во неа кога од поранешниот премиер Љупчо Георгиевски била потпишана спогодбата со која Македонија се откажала од грижата за нив.

Здравка Митева, која во Софија е доселена од Сандански, инаку пензиониран уредник на списание, нагласува дека ова што сега им се прави на Македонците потсетувало на годините кога комунистичкиот режим им ги менувал муслиманските имиња на Турците. „Не можам да го прифатам тоа зашто човек треба да биде слободен, совеста да му биде слободна. Насилство не треба да има. Како ќе се определам национално е моја длабока интима. За политичарите нема место во моето самосознание“, вели таа и нагласува дека му припаѓа на народот во Бугарија, но по корен, генетички нејзината папочна врвка е врзана под Пелистер. Таа го спомнува примерот на нејзината баба која, иако во Бугарија живеела 80 години, а само 17 во Бапчор, Егејска Македонија, умирајќи велела „Вулнас, дома“, мислејќи на родното место. „Јас, која сум трето поколение кога ќе помислам на Бапчор, го велам истото“, вели таа.

Костадин Георгиев е член на друга партија. Вели дека сочувствува со членовите на ОМО „Илинден“ - ПИРИН и додава дека тоа што се прави од полицијата е против законите. „Јас подолго време се занимавам со политика и знам како се регистрираат партии. Досега против ниту една партија не се правело ова што се применува сега со ОМО ’Илинден‘ - ПИРИН. Тоа е специјално смислена акција по секоја цена да не се регистрира партијата“, подвлекува тој, нагласувајќи дека е голем апсурд полицијата, која е деполитизирана, да се меша во партиски работи.

Целото семејство на Кирил Цонков од Гоце Делчев е зачленето во ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Сите биле повикани во полиција, тој жена му и двете ќерки. Таму биле распрашувани дали знаат каква организација е ОМО „Илинден“ - ПИРИН, дали некој им платил да станат нејзини членови и колку им платил. Во малото потпиринско гратче Гоце Делчев, ОМО „Илинден“ - ПИРИН има 400 члена. Разговаравме во клубот на партијата со неколкумина постари луѓе, кои велат дека од кога знаат за себе се чувствуваат како Македонци.

Иван Гаргавелов, кој ја чува документацијата на пристапниците, истакнува дека кај нивните членови е присутен голем страв. Заканите и притисоците присилиле двајца членови, брачна двојка, да се откажат од партијата поради тоа што им се заканувале дека нивната ќерка ќе остане без работа. Дошле во организацијата и си ги повлекле пристапниците.


Инаку, во Бугарија парламентот под притисок на Европската унија донесе закон за отворање на досиејата од времето на Студената војна, со што ќе се дознае кој соработувал со државните служби за безбедност. Лидерот на софиската ВМРО, Красимир Каракачанов, загрижен за тоа дека ќе се дознае како тој и неговите соработници ги шпионирале Македонците во Бугарија, за весникот „Труд“ вели: „Законот за досиејата е повод Скопје да ни се сити, зашто тие не си ги открија агентите што работеле против Бугарија и ја финансирале ОМО ’Илинден‘. Ќе им биде задоволство што на виделина излегуваат луѓе кои работеле против нив и антибугарската пропаганда“, вели Каракачанов. За него пред неколку месеци ексминистерот за внатрешни работи, Богомил Бонев, изјави дека треба да се заштити зашто правел многу работи во полза на бугарската кауза, спротивставувајќи им се на Македонците.

http://utrinski.com.mk
/default.asp?ItemID=BF6812BB67374F43B8A0B3A9567E36EF
Без Ботев няма България
20-01-2013, 09:17 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#49

43
08.12.2006, 18:05
Стразбур будно го следи однесувањето на Софија
Советот на Европа од бугарските власти чека план за спроведување на пресудите на Судот за човекови права
Од нашиот дописник
ТОНИ ГЛАМЧЕВСКИ


Стразбур - Конечната одлука за случајот на ОМО „Илинден“ - ПИРИН против Бугарија, Комитетот на министрите на Советот на Европа нема да ја донесе набрзо. Тоа го дозволува процедурата за следење на начинот на извршување на пресудите на Европскиот суд за правата на човекот. Случајот на ОМО „Илинден“ - ПИРИН не е единствен од ваков вид во Советот на Европа, такви има многу, од кои најпознат е случајот „Кипар против Турција“, чие следење трае со години. Ова се таканаречените политички случаи.

На последниот редовен состанок на Групата за човекови права при Комитетот на министрите, одржан на 5 и 6 декември годинава, беше разгледано извршувањето на пресудите за околу шеесетина случаи во повеќе земји-членки на Советот на Европа. Случаите ОМО „Илинден“ - ПИРИН, ОМО „Илинден“, ОМО „Илинден“ и Иванов беа само дел од разгледуваните случаи.


При донесувањето на пресудите, Европскиот суд за правата на човекот со загриженост констатира дека мотивите со кои беа образложени забраните за собирите на припадниците на ОМО „Илинден“, веќе биле прогласени за спротивни со Конвенцијата за правата на човекот. Судот од Стразбур и' забележа на Бугарија дека властите не ги презеле сите соодветни мерки за да се спречат актите на насилство насочени кон учесниците на собирите на ОМО „Илинден“.

Во сите овие случаи судот од Стразбур заклучи дека рестриктивните мерки кои ги презедоа бугарските власти не беа „потребни во едно демократско општество“, во случај кога жалителите (ОМО „Илинден“) не се залагаат за употреба на сила или други средства кои се спротивни со демократските принципи. Покрај ова, судот од Стразбур констатира дека припадниците на ОМО „Илинден“ не презеле ниту една конкретна акција со која би ја загрозиле националната безбедност.

Што се однесува до остриот стил на ОМО „Илинден“ и жестоките критики кои ги испраќа на сметка на властите во Бугарија, Европскиот суд за правата на човекот потсети дека слободата на изразување важи не само за „информациите“ и „идеите“ прифатени со одобрување или оценети како безопасни или нерамнодушни, туку важи, исто така, и за она што на кој било начин препречува, шокира или ја загрижува државата или дел од населението.

Комитетот на министрите на Советот на Европа очекува дополнителни информации во врска со случајот на повторното одбивање на регистрацијата на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, како и за развојот на самата процедура, за состаноците на организацијата, исто како и за можностите за нејзина регистрација како здружение на граѓани.

Комитетот на министрите очекува бугарските власти да достават план за спроведување на пресудите, бидејќи и самиот Суд за човекови права констатира во последните пресуди, дека покрај пресудата се продолжило со истата практика на забрана на собирите и на регистрацијата.

Во процедурата во Комитетот на министрите нема ништо спектакуларно, таа започна пред околу шест месеци и како што се одвиваат нештата, случајот ОМО „Илинден“-Пирин ќе биде уште долго време на неговиот дневен ред. Постојаната мисија на Македонија при Советот на Европа, во согласност со инструкциите од Министерството за надворешни работи внимателно го следат развојот на случајот, барајќи да се почитуваат меѓународните инструменти како Европската конвенција за правата на човекот, односно одлуките на Европскиот суд за правата на човекот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7EE98F72B...F4E1E88C3F
Без Ботев няма България
20-01-2013, 09:18 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#50

44
08.12.2006, 16:44
Кои се промоторите на неоврховизмот?

Коле Мангов, Скопје

На крајот на 1991 согледав појави упатени кон бугaризираност на ВМРО-ДПМНЕ. Реагирав и ми се случи исклучување од кругот на партијата. Подлабоки согледувања стекнав 1995, кога сфатив дека сум бил „под присмотра“ на „бугарското крило“ на партијата. Човек кој работел во македонска амбасада во Софија ми кажа дека сум бил „под присмотра“ на бугарска тајна служба.

Ова го сфатив на аеродромот во Софија, кога патував за Њујорк. Мојата ВМРО-биографија во оној режим и мои лични карактериситки ме упатија кон извесните согледувања. Можам да разберам дека луѓето не можат да го сфатат ова што го велам, но сега кога партијата е упатена кон државен празник - ако се усвои - 23 октомври, моите укажувања можат некого да заинтересираат. Ако се случи да го објавите мојот прилог „Под присмотра....“ тоа ќе биде знак за согледување на извесната состојба. На приредената вечер - 23 октомври, како ден на основањето на Внатрешната организација, ја уочив вистината дека носечките идеологизатори на постнеоврховизмот во рамки на партијата се господата Никола Кљусев и Зоран Тодоровски.

Промотори на „сервилноста“, за која зборува авторот Виктор Цветаноски во насловот „Повампирување на живковизмот во Бугарија“ се спомнатите двајца, кои, како водители на одбележувањето на 23 октомври во небесни височини го воздигнаа Тодор Александров, кој, во книгата документи врзани за неговото име, се вознесува во своето уверување дека е припадник на татарското бугарско племе?!

Првиот човек на партијата Никола Груевски, вдаден во спасување на Македонија од економскиот потон, не наоѓа начин за да се слободи од постнеоврховистичката зараза која од страна на Бугарија е проектирана пред основањето на ВМРО-ДПМНЕ, а јас во тој знак ги толкувам настаните

од минатото. Во тие настани е и посетата на извесниот Љубчо Георгиевски на МПО во Америка во ноември 1991 година, чиј организатор е извесниот Стојче Наумов, со кого јас повеќе години, пред 1990 година бев во односи кои беа „под присмотра“ од УДБ-а, но за кого немав поим дека верува дека е „македонски Бугарин“.

Нека биде доста.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=45C2363E7...45AA64EA80
Без Ботев няма България
20-01-2013, 09:19 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#51

45
10.12.2006, 18:24
РЕПОРТАЖА
Бугарската полиција не ги исплаши Македонците во Мосомиште
Од нашиот известувач
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

– „Ниту една полициска акција не може да ме исплаши. И дома дојдоа полицајци, зашто од нашето семејство сите членуваме во ОМО ’Илинден‘ – ПИРИН. Не се исплашив ниту јас, ниту маж ми, ниту нашите тројца синови. Ние сме навикнати на такви малтретирања. Сето тоа го примивме нормално. А и зошто да се плашиме? Ништо лошо не сме направиле. Во срцето си сме Македонци“, раскажува Елена Попова од Мосомиште, Гоцеделчевско.

Семејството Попови не се исплаши, но затоа, пак, има многу македонски семеjства кои ги фаќа паника кога пред вратата ќе забележат полицајци. Времето на Тодор Живков не е заборавено, тоа остави страшни лузни врз нив, а стравот од тортурите кај нив се' уште не е исчезнат. Кај луѓето е присутно уверувањето ако полицијата ти затропа на врата, значи си направил нешто многу лошо, си згрешил кон државата. А токму такво чувство последниве недели е присутно и кај некои од 6.000 семејства кои имаат свои луѓе во ОМО „Илинден“ - ПИРИН откако полицијата почна да ги посетува дома или, пак, да ги повикува во полициските станици.


Иван Сингартиски, еден од лидерите на партијата, вели дека постарите членови не се исплашиле од акцијата на полицијата, зашто биле навикнати на тортурите. „Повеќе стравувам да не дојде до некои инциденти, бидејќи полицијата влегува по куќите, кои бугарската власт може да ги употреби против нас“, вели тој, посочувајќи ги следниве примери. Еден активист на партијата од Копривлен ги истерал од дома полицајците кога видел дека почнале да ги испрашуваат мајка му и татко му. Кај друг од Љаски влегле тројца полицајци кога не бил дома и ја малтретирале жена му. Кога се вратил дома, разнервиран се јавил во полиција и побарал уште еднаш кај него да не доаѓаат ако немаат судски налог. „Властите се обидуваат да ги заплашат луѓето. Целата нивна политика и тактика спрема нас Македонците се засновува врз стравот. Ако си член на ОМО ’Илинден‘ - ПИРИН или ако се чувствуваш како Македонец, се закануваат дека децата нема да ти се школуваат, ако си на работа, дека ќе бидеш избркан, ако имаш бизнис, дека ќе ти пуштат даночни инспектори. Тоа што сега се случува не е случајно. Тие знаат каков ефект може да предизвика влегувањето на полицијата по домовите или, пак, повикувањето на луѓето во полициските станици. Меко кажано, иако влегува во ЕУ, Бугарија се' уште е полициска држава. Со тоа тие сакаат сите новопримени членови да ги исплашат, во што донекаде и успеваат“, вели Сингартиски и ни покажува барања од двајца членови да ја напуштат партијата. Барањата се напишани од полицаецот што ги испрашувал. „Разбирам зошто го направиле тоа. Знам дека многу ги исплашиле луѓето. На овдешниот народ кога ќе му кажеш дека го бара полиција, се избезумува, зашто многу пати бил малтретиран во минатото“, заклучува Сингартиски.

Лидерот на ОМО „Илинден“ - ПИРИН се лути на сервилниот однос на Македонија спрема Бугарија и негрижата за своите малцинства во соседните држави. Не можам да сфатам како македонската држава може да дозволи почесната гарда на бугарскиот претседател Георги Прванов без пасоши да влезе во Македонија, во струмичко Ново Село, а Бугарија да не ни дозволува нам Македонците да положиме цвеќе на гробот на Јане Сандански, вели Сингартиски.

Васко Маџиров е претседател на основната организација во Мосомиште. Во селото има своја продавница. „Не очекувавме такво нешто. Мислевме кога веќе Бугарија влегува во Европската унија, и за нас ќе има демократија. По решението на Стразбур, сметав дека Европа ќе преземе нешто во наша заштита, дека ќе не' признае. И така сите да влеземе во демократска Европа, да се обединиме и да работиме заедно. Имав голема надеж во Европскиот парламент. И Баросо и Оли Рен ни ветуваа. Зошто така се случи, не знам. Не' оставија овде во рацете на волкот, на бугарските власти, да прават што сакаат со нас, постојано да не' заплашуваат“, раскажува разочарано Маџиров. Тој објаснува дека полиција не само што одела по куќите туку ги посетувала и на работните места, барајќи да се откажат од партијата. И тој очекува да му испратат даночни инспектори за да го заплашат. „Несфатливо е да ја поведеш полицијата за да ги посетува луѓето по домовите. Треба да се алармира за такво нешта. Македонија треба да ни помогне, да ги искористи сите врски што ги има во Европската унија“, вели Васко Маџиров и безнадежно ги крева рамената. Тој не' кани во задниот дел на куќата за да не' увери под каков невиден притисок се наоѓаат. На еден јарбол го имал поставено знамето на партијата. Пред три дена некој се качил на јарболот, ја свиткал арматурата и го однел знамето.


Мосомиште, Гоцеделчевско, е село во кое никој не може да го уништи македонскиот дух. Тука не успева бугарската пропаганда да ги асимилира Македонците. Селото има околу 2.500 жители. Повеќето се семејства кои потекнуваат од Егејскиот дел на Македонија, некои се доселиле во 1912 година, а други биле донесени тука по познатата размена на населенија меѓу Бугарија и Грција во 1925 година. Во селото, ОМО „Илинден“ - ПИРИН има околу 350 члена. Партијата со помош на селаните изгради нова црква, а на ѕидот од предната страна постави шеснаесеткрака ѕвезда од Виргина, симбол на знамето на нивната партија. Неколку пати полицијата се обидела да ја симне, но откако им кажале дека е осветена заедно со црквата, никој повеќе и не помислува на тоа. Затоа, пак, ѕвездите од Виргина поставени на новите цркви во селата Љаски и Копривлен биле урнати пред да бидат осветени.

Полицијата влегува во домовите и во другите села во Гоцеделчевско. Копривлен има стотина куќи, а дедовците на неговите жители потекнуваат, исто така, од Егејскиот дел на Македонија. Во Копривлен, ОМО „Илинден“ - ПИРИН има околу 60 члена, кои полицијата ги посетувала со патролни коли и со вклучени полициски светла во вечерните часови за да ги заплаши. Ноќе одела по куќите, а дење ги викала во полициската станица. Некои од полицајците се однесувале пристојно и се извинувале, други ги заплашувале, но никогаш не се легитимирале и не покажувале налози за посетата

http://utrinski.com.mk/?ItemID=98652FF86...D662C2A723
Без Ботев няма България
20-01-2013, 09:20 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#52

46
10.12.2006, 18:30
Бугарија се соочува со офанзива за признавање македонско малцинство


СОФИЈА - Факт е дека Бугарија се соочува со отворена офанзива за признавање македонско малцинство, изјави независниот пратеник во бугарското Собрание Павел Чернев за софиската агенција Фокус. „Кога бугарскиот парламент и нашите официјални лица не реагираа така како што треба, сосема логично иницијативата ја презеде администрацијата на т.н. држава Македонија“, вели Чернев, додавајќи дека Бугарија повторно молчи околу прашањето на македонската нација во услови кога сите ја критикуваат и напаѓаат.

Во врска со тврдењата на партијата на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“ – ПИРИН дека нејзини членови се повикувани на разговори во полициски станици, Чернев оценува дела тие „не се привилегирани за да не бидат испрашувани“, бидејќи и членови на други партии биле „сослушувани за фалсификување потписи за регистрација, а некои дури и осудени“. „Некој има интерес да постои македонска нација и двата краешници кои беа одвоени од лебот на стара Бугарија да не се вратат кон неа. Јасно е кој. Тоа е оној што предизвика мешаница на целиот Балкан. Оној што има интерес цела Европа да не биде мирно и добро место, туку да биде немирно буниште и во неа да има борби и судири“, вели Чернев во изјавата пренесена на веб-страницата на Фокус. (МИА)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=9EFDB9074...29F0734482

Без Ботев няма България
21-01-2013, 06:21 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#53

47
11.12.2006, 16:21
Недозволив терор врз Македонците во Бугарија

Павле Стојков, Канада


Читам деновиве дека бугарската полиција оди по населените места во Пирин и ги тероризира членовите на ОМО „Илинден“ - ПИРИН!? Им се заканува дека ќе им ги укине пензиите или дека ќе ги избрка од работа, посебно ако е државна. Некои од нив се исплашени дека можат да бидат истерани од становите. Одделни членови се терани да бидат денунцијанти и да говорат лошо за својата партија. Посебен притисок се врши врз оние граѓани кои се доселени во Пирин од Егејска Македонија.

Ние, Македонците во Канада, ќе ја запознаеме тамошната јавност за овие случувања и за потребата да се заштитат политичките права на едно малцинство во земја што треба да влезе во ЕУ.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7E697A846...3A788D5C01
Без Ботев няма България
21-01-2013, 06:22 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#54

48
11.12.2006, 16:50
ЕУ воведува нови правила за храна за Бугарија и за Романија


Компаниите кои извезуваат месо и млечни производи во ЕУ сега ќе треба да чекаат најмалку една година за тоа
БРИСЕЛ - Експертите за безбедност на храна на Европската унија ги заострија правилата за Бугарија и за Романија за да го ограничат нивниот извоз на млеко, месо и животни во другите земји-членки на ЕУ од 1 јануари, соопшти вчера Европската комисија. Според новите мерки, бугарските компании кои беа овластени да извезуваат месо и млечни производи во другите земји-членки на ЕУ по приемот во Унијата сега ќе треба да чекаат најмалку уште една година за да го направат тоа. Експертите, исто така, се согласија дека претпријатијата во Романија и во Бугарија кои користат производи од животинско потекло, увезени од земји кои не се членки на ЕУ, може да не ги извезуваат тие преработени производи на пазарите на ЕУ. „Ова е со цел да се обезбеди дека преработената стока од несоодветни животински производи нема да биде ненамерно пласирана на пазарот низ ЕУ“, истакна Комисијата во своето соопштение.

Вчерашната најава беше објавена еден ден пред состанокот на претставниците на ЕУ и на Русија, чија цел е да се подготви теренот за договор до крајот на месецот. „Овие мерки, секако, ќе стапеа во сила без оглед на политичката ситуација со Русија, сепак, се надеваме дека ова ќе им покаже на Русите колку сме сериозни во однос на безбедноста на храната“, изјави официјален претставник на Комисијата за Ројтерс. Несогласувањето околу стандардите за безбедност на храна во двете најнови членки на ЕУ и ќор-сокакот со Полска ќе бидат дискутирани на состанокот, јавија официјални лица. Покрај тоа, десетици супстандардни кланици и фабрики за преработка на храна во Бугарија и во Романија ќе добијат забрана за извоз во други земји-членки на ЕУ некое време по приемот, како што се применуваше за новите земји-членки од Централна Европа во 2004 година. (Ројтерс

http://utrinski.com.mk/?ItemID=96C7920FB...85F5CD9503
Без Ботев няма България
21-01-2013, 06:24 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#55

49
12.12.2006, 16:26
Задушени од српскиот и бугарскиот кич

Ирена Гапковска, Скопје


Целата наша културна трагедија која ја преживуваме моментално е духовното изумирање на нацијата. Поточно, го губиме системот на вредности и дозволуваме влијание на и на бугарскиот кич или отпад, кој е причина на нашата бавна духовна смрт. Но, не се даваме...

За жал, во времето на Титова Југославија на македонската сцена (говорам како уметник) имаше многу попозитивни движења и случувања отколку сега. Всушност, се' уште живееме од некои позитивни движења кои се во оптек. Трагедија е што и самата македонска продукција промовира еден вид кич музика, уметност, телевизиски емисии итн. кои се без никакво значење и имаат една единствена цел - оглупавување на нацијата! Затоа морам со жал да заклучам дека виновникот е меѓу нас самите и нашата летаргичност и инфериорност.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=A3C4BFB35...F2EE31EB18
Без Ботев няма България
21-01-2013, 06:24 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#56

50
12.12.2006, 16:33
„Утрински“ е единствениот на националната линија


Слободан Камчев, Минеаполис, САД

„Утрински весник“ е единствениот што деновиве ја има улогата на бранител на македонските национални интереси. Следејќи ги редовно дневните он-лајн изданија, со жалење констатирав дека само „Утрински весник“ е тој што го афирмира и поддржува македонското малцинство во Бугарија. Игнорирањето на другите дневни весници на ова фундаментално прашање само зборува за нивниот жолт или полужолт карактер.

Браво за „Утрински“, проевропски ориентиран и единствен македонски медиум кој држи до новинарските етички стандарди.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=2A98E2278...276430556C
Без Ботев няма България
21-01-2013, 06:26 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#57


50
12.12.2006, 16:33
„Утрински“ е единствениот на националната линија

Слободан Камчев, Минеаполис, САД

„Утрински весник“ е единствениот што деновиве ја има улогата на бранител на македонските национални интереси. Следејќи ги редовно дневните он-лајн изданија, со жалење констатирав дека само „Утрински весник“ е тој што го афирмира и поддржува македонското малцинство во Бугарија. Игнорирањето на другите дневни весници на ова фундаментално прашање само зборува за нивниот жолт или полужолт карактер.

Браво за „Утрински“, проевропски ориентиран и единствен македонски медиум кој држи до новинарските етички стандарди.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=2A98E2278...276430556C
Без Ботев няма България
28-01-2013, 06:18 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#58

51

13.12.2006, 18:04
Бугарија не' враќа назад во времето
Здружение „Сонцето од Кутлеш”

На последната седница на Управниот одбор на Здружението „Сонцето од Кутлеш”, одржана на 7.12.2006 година, изразен е протест против власта во Софија поради распитите и тортурата врз членовите на ОМО „Илинден“- ПИРИН, што потсетуваат на времето во кое за еден татковски збор грчките власти сечеа јазик. Немаме намера да се мешаме во внатрешните работи на Република Бугарија, но земја која за десетина дена станува членка на ЕУ мора да ги почитува човековите права на своите граѓани без разлика на нивната верска и национална определба.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=BCB941677...6918DF7080
Без Ботев няма България
28-01-2013, 06:20 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#59

52
15.12.2006, 17:36
Запленето македонско оружје во бугарски камиони кај Скопје
Од АРМ тврдат дека оружјето е легално и било наменето за компензација со бугарската армија
ГОРАН АДАМОВСКИ


Три бугарски камиони полни со оружје на АРМ се запленети при полициска контрола на излезот од Скопје. Реакцијата на специјалците уследила, откако се посомневале дека можеби станува збор за шверц на оружје, бидејќи бугарските возачи немале соодветна документација за пренос на оружје. Од Генералштабот, пак, уверуваат дека станува збор за недоразбирање, бидејќи пратката била договорена компензација меѓу АРМ и бугарската армија, а дека фабриката „МЗТ - Скопје“ е посредник во целиот договор. Сепак, признаваат дека постои пропуст во тоа што камионите не биле придружувани ниту од полицијата ниту од Армијата. Владата најави истрага, во која учествуваат тимови на министерствата за одбрана и за внатрешни работи.

Полициската акција е реализирана завчера попладне на улицата „Антон Попов“ во населбата Ченто на излезот од Скопје кон Куманово. Во трите камиони со приколки со бугарски национални ознаки биле пронајдени 300 парчиња митралези, калибар 7,62 мм, 300 постаменти за нив и 33 минофрлачи од 120 мм. Тројцата бугарски државјани, кои ги управувале камионите, немале никакви документи за пренос на оружје. Нивните објаснувања дека пренесуваат пушки на репарирање во МЗТ - Скопје, не била доволна за полицајците, особено што камионите немале ниту полициско ниту армиско обезбедување.

Во меѓувреме, во Министерството за одбрана и во Генералштабот на АРМ демантираат дека во целиот случај има нешто сомнително. Оттаму велат дека ова е трета пратка на компензација на оружје и дека првите две деновиве биле реализирани без никаков проблем.

„Станува збор за договор потпишан на 26.4.2006 меѓу Министерството за одбрана и МЗТ, со кој треба да се направи компензација во вредност од 10 милиони денари. Од наша страна се ослободуваме од старо неупотребувано оружје, а, од другата страна, партнерот треба да испорача одредена опрема потребна на Армијата. Ова не е прво преземање, туку трето, процедурата беше стандардна, како и во претходните случаи, а единствена грешка, на која Министерството веќе работи, е што конвојот немал придружба. Истрагата ќе покаже кој грешел, за што ќе се бара одговорност“, изјави министерот Лазар Еленовски по денешната промоција на Командата за обука на АРМ во касарната „Алекса Демниевски-Бауман“ во Велес.

Началникот на ГШ на АРМ, Мирослав Стојановски, се огради од шпекулациите дека војската е вмешана.

„Ги демантирам написите во дел од медиумите каде што Армијата се посочува како извршител и учесник во шверц на оружје. Камионите не се фатени на автопат кон Куманово, туку во МЗТ-Скопје од каде што полиција ги вратила во Ѓорче Петров. Станува збор за зделка по барање на Генералштабот за ослободување од дел, кој е несуштински за АРМ. Владата по барање на Министерство за одбрана, во постапка одобрила договор, кој е потпишан и поголем дел реализиран, а ни останува уште една пратка со што се ослободуваме од оружјето кое не е значајно, а добиваме нова опрема, која и' е потребна на АРМ“.

Во ГШ велат дека тоа што возачите и камионите биле од Бугарија, не било воопшто важно, зашто некогаш и „наши ја реализирале пратката“.

Случајот будно го следи и Владата. Премиерот Никола Груевски најави дека наскоро ќе бидат познати резултатите од истрагата, во која учествуваат тимови на министерствата за одбрана и за внатрешни работи.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=53058F1F9...4D11AA07EF
Без Ботев няма България
28-01-2013, 06:26 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#60


53
15.12.2006, 16:35
Пиринци се задоволни од серијата написи

Читател од Благоевград

Ја поздравувам серијата написи на новинарот Виктор Цветановски за положбата на припадниците на македонското малцинство во Пирин. Среќни сме што се пишува за нас во нашата матична држава. Уште го помниме времето кога Љупчо Георгиевски се откажа официјално од нас и тоа во времето кога беше во посета на Софија. Така, секоја иницијатива за поддршка од државата Македонија долго време немаше одговор?!

Со Бугарите сакаме добро сожителство, соседи сме, ние ги респектираме и почитуваме, и тие нас не' почитуваат како граѓани. Колку пати да им кажуваме на соседите дека сме Македонци, па тие не се глуви?! Згора на тоа, нели сме христијани и што кажал Господ: „Сакајте се еден со друг“ или „Во едномислие да се исповедаме и молиме“ (од литургијата на св. Јован Златоуст).

http://utrinski.com.mk/?ItemID=5C37EF82D...91FF7798E7
Без Ботев няма България
28-01-2013, 06:27 PM
Reply