Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Утрински Весник за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#21

16
09.11.2006, 18:31
ЕДИТОРИЈАЛ
Грчки поуки за Софија
ДИМИТАР ЧУЛЕВ


Само педесетина маргиналци, очигледно заталкани во времето, се обидоа во вторникот вечерта да ја спречат промоцијата на македонскиот „Абецедар“ - првиот буквар наменет за македонското малцинство во Грција. И тоа дефинитивно е добриот сигнал дека Грција, како репрезент на ЕУ на Балканот, но пред се' и за нејзино добро, почнува да се менува кон подобро.

Викачите кои се третираат себеси како групација со ултранационалистичка платформа набрзина беа „дисциплинирани“ од полицијата која, како што е редот, се погрижи уредно закажаната промоција во Клубот на атинските новинари да помине во најдобар можен ред, а присутните од „Виножито“ од Грчкиот комитет на ЕБЛУЛ и нивните гости – странски и домашни новинари, писатели и интелектуалци-новинари - безбедно да ја напуштат зградата за која имаше претходни закани дека ќе биде запалена...

Не остана ништо од „сјајот“ на некогашните масовни собири од почетокот на деведесеттите, кога милионската маса токму на плоштадите на атинската престолнина демонстрираше уличен национализам во заштита на елинизмот од непостојните Македонци на северот и во нивната земја. Објавувањето и промовирањето на букварот на македонското јазично малцинство претставува квалификативно нов момент.

Во Грција се' уште постои политички консензус околу стратегиски најбитните прашања за грчката држава и шефицата на грчката дипломатија, Дора Бакојани, деновиве потсети дека официјална Атина ни за „јота“ не го менува ставот спрема „непостојното“ македонско малцинство и спрема малцинствата, воопшто. Но, сепак, тоа е дејствување по инерција на министерката, која само по неколку дена беше демантирана од стварноста. „Виножито“, официјално регистрирана партија околу која гравитира македонското малцинство во Грција, со пари од исплатената отштета за запалениот Дом на македонската култура во Лерин, одржа промоција на речник на еден малцински јазик. Тоа се случува (како што пред две години во срцето на грчкиот национализам - Солун се одржа конгресот на „Виножито“) и покрај тврдокорната позиција на Атина која од „петни жили“ се обидува да го заобиколи потпишувањето и почитувањето на европските конвенции кои бараат Грција да ја надмине фазата на самобендисаност во однос на чистотата и монолитноста на нацијата и да ја прифати различноста во рамките на државата и национот како реалност. Промените се случуваат, го сакале тоа атинските власти или не, и оттаму сосема наместо е циничната забелешка на активистите на „Виножито“ дека Грција се' уште мора да се демократизира во сферата на човековите права и дека на тој пат треба да и' се помогне.

Објавувањето на „Абецедарот“ може да послужи како надополнување на очигледно пропуштената лекција „за македонцките работи“ од бугарските власти. Фактот дека во 1925 година во Грција и од страна на Грција, а под притисок на Друштвото на народите, бил отпечатен буквар наменет за македонското малцинство треба да ги замисли приврзаниците на бугарската теза за Македонија, Македонците и македонскиот јазик како коминтерновска творба, измислено нешто кое го нарушува бугарскиот мит за една нација од Дунав до Бело Море и од Охрид до Црно Море. Има еден детаљ дека печатењето на „Абецедарот“ на латиница бил изнуден потег на Грција, која со цел да се одбрани од бугарската и од грчката пропаганда, морала да потврди дека на нејзина територија постои малцинство кое не е грчко, но кое, исто така, не е ни бугарско ни српско и кое говори на поинаков јазик за кој е потребно и поинакво (латинско) писмо.

Не е за очекување дека атинскиот настан ќе биде посериозно истретиран од Софија, која на прагот на влегувањето во ЕУ демонстрира елементарно непознавање на правилата на игра во дружината кон која се приклучува. Негирањето на македонското малцинство и одбивањето да се регистрира партијата ОМО „Илинден“ - ПИРИН е тема која веројатно многу бргу ќе мора да се најде на дневен ред во европските институции кои сигурно нема да завршат со мониторингот врз Бугарија во моментот кога оваа земја на 1 јануари ќе стане полноправен член на ЕУ. Особено не по изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи дека Софија ја изврши обврската наложена од Судот за човекови права во Стразбур во моментот кога плати казна за одземањето на регистрацијата на ОМО. Непримерно од земја-приправник во ЕУ која мора да докаже дека го заслужи членството. На пример, дека расчисти со издишаниот национализам.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=20BD8C74A...AE2B72F04E
Без Ботев няма България
14-01-2013, 06:44 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#22

17
14.11.2006, 18:09
Софија бесна по барањето во ЕУ за признавање на македонско малцинство
Европарламентарци бараат Бугарија да гарантира за регистрацијата на ОМО „Илинден“- ПИРИН
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ


Бугарија е силно вознемирена поради тоа што Европската унија може да и' наложи да признае македонско малцинство и да ја регистрира партијата на Македонците ОМО „Илинден“-ПИРИН. Пред седницата на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, која синоќа расправаше по предлогот што треба да се внесе во конечниот извештај за нејзиниот прием во Европската унија, има лавина реакции на бугарските набљудувачи во парламентот и политичките партии кои се целосно обединети околу тоа прашање.

Предлогот е поднесен од европратениците Милан Хорачек, Јост Лагендајк, Ангелика Бер и Ели де Груен и во него бугарските власти се повикуваат „да гарантираат дека повеќе нема да бидат создавани пречки за регистрација на политичката партија на етничките Македонци и да стават крај на сите видови дискриминација и малтретирања насочени кон македонското малцинство“. Ели де Груен за бугарската агенцијата „Фокус“ изјавува дека причините за внесување на предлогот за дополнување на извештајот за македонското малцинство не се политички, туку едноставно се поврзани со заштитата на човековите права.

Агенцијата „Фокус“ пренесува изјави од бугарските евронабљудувачи, а сите нивни оцени се сведуваат на тоа дека македонско малцинство во Бугарија никогаш не постоело ниту пак сега постои. Тие се надеваат дека предлогот ќе биде повлечен и нема да биде прифатен. Димитар Абаџиев истакнува дека предлогот е провокација, нагласувајќи притоа дека бугарските набљудувачи остро се спротивставиле на него. „Европскиот парламент се впушта во еден недопустлив притисок врз судските институции во Бугарија и да се зборува за каква и да е дискриминација на некакво македонско малцинство кое никогаш не постоело во нашата држава“, вели овој бугарски евронабљудувач.

Истото мислење го дели и поранешниот градоначалник на Софија, Стефан Софијански, кој вели дека на тие што го дале предлогот за признавање на македонско малцинство во Бугарија не се гледало сериозно. „Македонија декларира јасна политика дека ќе бара членство во ЕУ, така што последно нешто што треба да го бараме сега е конфликт“, вели Софијански, кој смета дека Зелените отишле предалеку. „Прво, со некомпетентноста, второ, со нападите врз Бугарија“, вели Софијански.

Според Антонија Прванова, исто така, евронабљудувач и пратеник од партијата на Симеон Сакскобурготски, Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, наводно, биле подведена за македонско малцинство. Таа смета дека предлогот за македонско малцинство ќе останел во архивите како „еден егзотичен предлог“. Мартин Димитров повикува на смиреност, нагласувајќи дека предлогот ќе биде отфрлен. „Нема смисла да се создава излишна паника и напрегнатост“, истакнува тој.

Јавно се огласија и некои политички партии. Демократите за силна Бугарија на поранешниот премиер Иван Костов излегоа со став дека се против тоа да биде признато македонско малцинство во Бугарија.

За разлика од официјална Софија, која секогаш го негирала македонскиот национален идентитет, Македонците од Бугарија очекуваат дека конечно ќе победи правдата. „Се надевам дека ќе биде прифатен предлогот, затоа што е наше право како ќе се определиме национално и тоа не може да ни го диктира бугарската држава. Нејзина обврска е да ги почитува нашите човекови права“, вели Стојко Стојков, еден од копретседателите на ОМО „Илинден“-ПИРИН. Истовремено, тој нагласува дека веќе поднеле жалба до Комитетот на министрите на Советот на Европа поради тоа што софискиот суд го одби барањето за регистрација на нивната партија.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C1E2D153F...299FCE8F32
Без Ботев няма България
14-01-2013, 06:46 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#23

18
14.11.2006, 16:35
Мислење
Во Ново Село и во Цапари нема бугарски воени гробишта
ВАНЧЕ СТОЈЧЕВ
Во Првата светска војна од Бугарија и од Србија биле регрутирани 200.000 Македонци

Македонската јавност деновите ја брануваа многубројни и разновидни информации во врска со бугарските воени гробишта од балканските и од Првата светска војна кои се реставрираа во струмичко Ново Село и треба да се реставрираат во Цапари, Битолско. Со оглед на тоа дека дел од информациите не се точни или, пак, не се прецизни и со оглед дека македонската јавност треба да биде запознаена со објективната вистина, ќе ги наведеме следниве неколку податоци.

Балканските војни и Првата светска војна кои се воделе на територијата на Македонија речиси во континуитет од октомври 1912 до ноември 1918 година претставуваат најтрагични според жртвите, измамнички според односот на соседите и со трајни последици заради поделбите на Македонија помеѓу соседите со Букурешкиот мировен договор од 1913 година и со Версајската мировна конференција од 1919. Македонското население и во балканските и во Првата светска војна било мобилизирано и во бугарската, и во српската, и во грчката војска, се борело во првите борбени редови и ниту една од нив не и' ја признавала националната посебност. Секоја го застапувала ставот дека во Македонија населението е со бугарски, српски, грчки национален карактер.

Во текот на Првата балканска војна бугарската војска во согласност со српско-бугарската спогодба од 13 март 1912 година, во вардарскиот дел на Македонија не навлегувала. Во Втората балканска војна бугарската војска навлегла до реката Брегалница и тука во битката на Брегалница била поразена и принудена да се повлече. Тоа значи дека бугарски воени гробишта од балканските војни во селата Цапари и во Ново Село не постојат. Најзначајните борби во тоа време во Вардарскиот дел на Македонија ги водело македонското население самоорганизирано во селска милиција, во четите на ВМРО и мобилизирано во српската војска, заедно со српската армија.

Македонскиот фронт се стабилизирал во мај 1916. Во германските, француските и британските документи и литература овој борбен распоред се нарекувал Македонски фронт, а во српските, бугарските и грчките Солунски фронт. Затоа што нивна цел била борба за освојување на Солун и што поголемо парче од Македонија. Должината на фронтот изнесувала 600 км., од кои 450 се на територијата на Македонија, а преостанатите 150 на територијата на Албанија. Вкупната бројна состојба на живата сила на двете завојувани страни изнесувала околу 1.200.000 луѓе, односно по 600.000 лица и на едната и на другата страна.

Македонското население било мобилизирано во единиците на двете завојувани страни. Во српската и грчката војска, кои војувале во составот на Антантата, и во бугарската војска, која војувала на страната на централните сили. Македонците во бугарската армија во текот на Првата светска војна биле мобилизирани во следните единици: во 11. пешадиска Македонска дивизија имало 27.000 од вардарскиот, 3.000 од егејскиот и 3.000 од Пиринскиот дел на Македонија, вкупно 33.000 Македонци; во 7. пешадиска Рилска дивизија имало 11.000 од Пиринскиот дел на Македонија; во Планинската дивизија имало 6.000 од Вардарскиот дел, 1.000 од Егејскиот дел на Македонија, вкупно 7.000 Македонци; во Вардарскиот дел на Македонија била формирана народна милиција составена од 25.000 македонски граѓани; во Дополнителниот македонски полк, а потоа во Втората окупациска бригада имало 25.000 лица од Вардарскиот дел и 237 од Егејскиот дел на Македонија, вкупно 25.237 лица; во 13. Ополченски полк имало 3.000 Македонци; во пограничните баталјони биле мобилизирани 3.000 Македонци од Пиринскиот дел на Македонија; во Партизанскиот одред имало 600 Македонци; во Планинскиот самостоен баталјон биле мобилизирани 3.000 Македонци; во четата на Лефтеров имало 750 Македонци; во други дивизии биле мобилизирани 18.455 Македонци и во логистичките формации и во разни други единици во Вардарскиот дел на Македонија биле мобилизирани 25.000 лица. Вкупно од Вардарскиот дел на Македонија во бугарската армија во текот на Првата светска војна биле мобилизирани 122.000 лица, од Егејскиот дел 4.237 и од Пиринскиот дел на Македонија 17.000 лица. Од целата етничка територија на Македонија, во бугарската војска во Првата светска војна биле мобилизирани 133.887 лица (извор: Димитър Минчев, Участието на населението од Македония в българската армия през първата световна война,София, 1994, с. 180)

Во српската војска Македонците биле мобилизирани во три повици на возраст од 20 до 60 години. Најголем број биле мобилизирани во Битолската дивизиска област, вкупно 25.337 лица, од кои во Битолскиот пешадиски полк 9.207 лица, во Кичевскиот 8.044, во Прилепскиот 5.926 и во Дебарскиот 2.200 мобилизирани лица. Во Брегалничката дивизиска област биле мобилизирани 11.316 лица, од кои во Штипскиот полк 2.723, во Велешкиот 3.687, во Кочанскиот 2.500 и во Кавадаречкиот 2.406 мобилизирани лица. Во Вардарската дивизиска област биле мобилизирани вкупно 16.395 лица. Вкупно во трите дивизиски области во вардарскиот дел на Македонија во вториот и третиот повик биле мобилизирани 53.048 лица. Покрај овие, во првиот повик во април 1914 година биле мобилизирани 12.000 регрути. Вкупно во Првата светска војна во српската војска биле мобилизирани 65.048 лица од Вардарскиот дел на Македонија. (Извор: Архив Војноисторијског института, Београд, фонд Први светски рат, Пописник 7, кутија 62, док. 19. фасц. 6, лист-1).

Во грчката војска биле мобилизирани 20.000 Македонци и биле распоредени во сите единици. Вкупно во бугарската, во српската и во грчката војска во Првата светска војна биле мобилизирани 218.935 лица од целата етничка територија на Македонија. Со оглед на многубројните дезертирања можно е некои лица да биле повеќе пати евидентирани, заради тоа најверојатна би била бројката од околу 200.000 лица.

Војната на македонскиот фронт траела три години. Најзначајните битки се воделе на Кајмакчалан, кај Црна Река, на Дојранските позиции, Доброполската битка и по должината на целиот фронт. Се смета дека вкупно на двете страни имало околу 400.000 загинати. Битола била бомбардирана речиси секојдневно. По Верден, Битола била најразурнатиот град во Првата светска војна. Како последица на многубројните жртви во Македонија се подигнати разновидни воени гробишта: француски, британски, италијански, германски, бугарски, српски, грчки, романски и други. Иако македонското население војувало на двете страни, главно во првите борбени редови, нивните гробови не се знаат. Цивилното население ги поднесувало сите тешкотии што ги носи војната, но тоа како да е подзаборавено. Поради сето тоа, цивилизациски чин е да се реставрираат сите воени гробишта. Сепак, и вистината да се изнесе на виделина.

(Авторот е воен историчар)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=6F3F6269C...386720780B
Без Ботев няма България
14-01-2013, 06:47 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#24

19
15.11.2006, 18:23
Европската алијанса тврди дека Македонците во Бугарија се репресирани


Претседателот на Европската слободна алијанса, Нели Маес, бара да бидат преземени мерки од страна на Советот на Европа против Бугарија поради пречките што ги создаваат нејзините власти за регистрација на ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Во отвореното писмо до Комитетот на министрите на Советот на Европа се нагласува дека партијата на Македонците, всушност, го претставува македонското малцинство во Бугарија. Слично писмо пред тоа таа испратила и до европскиот комесар за прашањата за раширување на Европската унија. Во писмото до Оли Рен, Нели Маес протестира поради репресивната клима кон Македонците, која владее во Пиринска Македонија.

Инаку, Европската слободна алијанса по увидот што го изврши во септември за репресиите што се вршат врз Македонците во Бугарија подготвила извештај кој го испратила до Комитетот на министрите на Советот на Европа во кој е направен список на 23 точки. Алијансата бара од Комитетот да изврши истрага и за тоа да ги информира Европската комисија и бугарскиот претседател.

Обласниот управник на Благоевград, Владимир Димитров, изјавува дека никој не е репресиран во пиринскиот крај. „Сите граѓани во Благоевградската област имаат можност да работат и да членуваат во политички партии и да го искажуваат своето мислење. Категорично не се согласувам дека во Пиринската област постои репресивен режим против определена категорија граѓани“, изјави Димитров за агенцијата Фокус по обвинувањата на Нели Маес дека се репресирани Македонците во Бугарија. Подвлекувајќи дека сите собири што ги побарала ОМО „Илинден“ - ПИРИН биле остварени, тој вели: „Тоа што општеството не ги прифаќа е проблем на општеството, а не на Маес“.

По барањето на европарламентарците Бугарија да го признае македонското малцинство и да не создава пречки за регистрација на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, официјална Софија и натаму останува на истите ставови. Министерот за надворешни работи, Ивајло Калфин, ја повтори веќе познатата изјава дека Бугарија ги исполнила апсолутно сите свои обврски во однос на меѓународните договори за заштита на човековите права. „Ние ги признаваме индивидуалните права на секој бугарски државјанин, вклучувајќи го и правото на самоопределување и тие права се гарантирани и со Уставот на земјата. Така што нема никаква причини да се внесуваат слични измени со мотив да се заштитат човековите права“, изјави бугарскиот министер за БТА. (В.Ц.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=73C96B6B4...E43863AEDB
Без Ботев няма България
14-01-2013, 06:53 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#25

20
15.11.2006, 16:38
Одбележана 80-годишнината од смртта на бардот на нацијата Мисирков
Се' додека сами ја занемаруваме сопствената историја и култура, Македонија не може да има сигурна иднина, смета академик Блаже Ристовски
НЕВЕНА ПОПОВСКА

„Се' уште не е исполнето завештанието на Крсте Петков Мисирков. Во последната тестаментална статија „Самоопределувањето на Македонците“ објавена на 25 март 1925 година тој изречно изјавува: „...како Македонец, јас во Бугарија се чувствувам како на туѓина, каде што навистина се наоѓам меѓу родни браќа, но не сум си дома, во својата татковина. Таа е таму, каде што сум се родил и каде што треба да си ги оставам коските, каде што треба да отиде мојот син, ако не ми биде судено да отидам јас лично“ Местото на Мисирков (до Димитрија Чуповски) во подготвената алеја во Бутел сеуште е празно. Тоа тежи на совеста на Македонија.-рече во својата беседа по повод 80-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков, академик Блаже Ристовски. „За жал, продолжи Ристевски ни Мисирков и Чуповски-идеолозите на македонската денешна нација и култура и визионерите на современата македонска држава-сеуште немаат место во свеста на современиот Македонец. Затоа и не се чувствува неопходноста за барем еден скромен споменик на Мисирков, како и за корифејот Чупоски. А денеска во самиот центар на престолнината, во огледалото на нацијата и државата, дрско и насилнички се инсталира најголемиот монумент во земјата-не на Филипа и Александра, не на Кирила и Методија, ниту на царот Самуил или за последните суверени на Македонија, најраните и најголеми европски жртви на исламскиот завојувач наполно заборавените кралеви Волкашин и Марко, ниту на трагично ликвидираниот во Скопје невенчан крал Карпош, туку... монумент на албанскиот христијански кнез во Круја-за да може отсега натаму и нагледно ( и за нас и за светот) да се аргументира нашата историја и перспектива... И се додека сами ја занемаруваме сопствената историја и култура и се китиме со туѓи кумири и национални каузи-Македонија не може да има сигурна иднина. Одбележувањето на 80-годишнината од смртта на бардот на нацијата Мисирков треба да биде само уште еден научен потсетник за долгот на нацијата и задачата на државата зошто Мисирков-тоа сме сите ние, денешните негови директни следбеници и продолжители...“

Излагањето на академик Блаже Ристовски, насловено како „Истражувачот Мисирков и неговата публицистика“, беше презентирано вчера во Институтот за македонска литература „Крсте П. Мисирков“ по повод одбележувањето на 80-годишнината од смртта на овој истакнат македонски дееец.

Д-р Снежана Веновска-Антевска, мултимедиски го презентираше животот и делото на Крсте Петков Мисирков, издание специјално изработено по овој повод. Притоа Веновска подвлече дека „Мисирков е возбудлива творечка природа којашто спаѓа во самиот врв на нашата културна историја. Со неговото творештво поточно со неговата знаменита книга „За македонцките работи“ македонската национална егзистенција стана подостоинствена. Книгата е темелник на македонскиот јазик со визионерски хоризонти, а македонскиот јазик е најдобро сведоштво за постоењето на на македонскиот народ, дека тој е столб на државноста, дека е духовно богатство и наследство за идните поколенија со кое се распознаваме од другите словенски јазици и ја потврдуваме нашата самобитност. Современиот македонски јазик се темели на предложените Мисиркови предлози за негово нормирање или според Конески неговиот предлог „е смела синтеза што го изведе македонскиот литературен јазик на патот на модернизацијата“ Македонскиот народ му должи многу на Мисирков за сите негови страдања и прогони, но и возвишувања.“

Во уметничкиот дел од програмата учествуваа ученици од УО „Крсте Петков Мисирков“, а пред присутните беше презентирана и драматизација на „Поема за Крсте Мисирков“ од Ката Мисиркова-Руменова.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=69082F087...06BCABCF14
Без Ботев няма България
14-01-2013, 06:54 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#26

21
17.11.2006, 17:38
Соломон Паси бара да се регистрира ОМО „Илинден“


Претседателот на Комисијата за надворешни прашања во бугарскиот парламент, Соломон Паси, вели дека прашањето за регистрација на ОМО „Илинден“ треба да се реши позитивно.

„Според мене, тоа е експертско прашање, но мое мислење е дека не е многу важно... Самиот факт дека сите спорови за ОМО ’Илинден‘ се околу тоа дали таа партија треба да биде регистрирана или не, при што нема други проблеми, покажува дека нема друга алтернатива, освен на оваа партија да и' се дозволи да биде регистрирана“, изјави Паси за Дојче веле, Програма на македонски јазик.

Според него, ако група луѓе имаат доволно голема поддршка, без разлика дали се поврзани врз етничка база, можат да регистрираат партија.

„Во 1989 година беше основана партија што ги штити правата на турското малцинство во земјата. Таа партија не само што беше регистрирана туку и активно учествува во политичкиот живот на Бугарија веќе 17 години. Тоа јасно покажува дека ако една група луѓе, без разлика дали се поврзани врз етничка или друга основа, имаат доволно голема поддршка, можат да регистрираат партија која би учествувала во бугарскиот политички живот, според уставно одредените механизми“, тврди Паси. (МИА)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=823640B0B...4A31E98D3D
Без Ботев няма България
15-01-2013, 06:13 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#27

22
Во Брисел не помина амандманот за ОМО „Илинден“ - ПИРИН
Бугарските притисоци беа преголеми, пратениците со огромно мнозинство го отфрлија амандманот
Од нашиот дописник
ТОНИ ГЛАМЧЕВСКИ


СТРАЗБУР - Обидот на групата европратеници од Европската слободна алијанса (ЕФА) и европските зелени, со амандман во резолуцијата за приемот на Бугарија во ЕУ побараа од бугарските власти да се овозможи регистрација на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, со големо мнозинство беше отфрлен од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Пратениците побараа „јасно да го спречат секое ново попречување на регистрацијата на политичката партија на македонското малцинство во Бугарија и да им стават крај на сите форми на дискриминација и малтретирање на тоа малцинство“.

Европратениците, само четириесет дена пред приемот на Бугарија во Европската унија, се обидоа да ги ублажат критиките упатени кон оваа соседна земја која, заедно со Романија по приемот на 1 јануари 2007 во ЕУ, нема да ги ужива сите права како преостанатите земји-членки, најмногу поради неподготвеноста.

За жал, тоа ублажување е направено на сметка на македонското малцинство.

Наместо тоа, усвоен е еден многу поопшт амандман со кој се бара Европската комисија „внимателно да ги контролира, пред зачленувањето на Бугарија и потоа, нејзините обврски што се однесуваат за заштита на малцинствата и тоа прашање да биде составен дел од маханизмите за соработка и проверка по приемот во Унијата“.

Во ЕФА жалат поради ваквиот развој на ситуацијата. Во долгиот разговор што го водевме со нивниот кодиректор Гинтер Довен, се најавува дека тие ќе се обидат повторно да го стават во процедура амандманот, но во друга форма, идната недела кога ЕП ќе расправа и ќе гласа за резолуцијата на пленарна седница.

Од Брисел ни беше потврдено тоа што го констатиравме и во Стразбур минатата недела, кога беа објавени амандманите - бугарските притисоци врз европратениците биле големи. Но, и наспроти ваквата лоби-машина на бугарските власти, ЕФА не попушта и работи на сензибилизацијата на европарламентарците за ситуацијата на македонското малцинство во Бугарија.

За време на кратката бриселска сесија, кога ќе се расправа за проширувањето и за извештајот за Бугарија, ЕФА ги покани претставниците на ОМО „Илинден“ -ПИРИН да дојдат на сесијата. Тие треба да одржат средби со претседателите на политичките групи во ЕП, а е предвидена и конференција за новинарите. Целта, како што се вели од бирото на ЕФА во Брисел, е „да се покаже дека во Бугарија има македонско малцинство, дека тоа постои и дека неговата политичка партија ОМО ’Илинден‘ - ПИРИН треба да биде регистрирана, во согласност со одлуките на Европскиот суд за правата на човекот“.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, во одговорот на писмото на ЕСА, нагласува дека Бугарија треба да ги почитува одлуките на Европскиот суд за правата на човекот како идна земја-членка на Европската унија.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=110E1B80B...BDA910F559
Без Ботев няма България
15-01-2013, 06:14 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#28

23
23.11.2006, 17:45
Христо Матов е експонент на неоврховизмот

Коле Мангов, Скопје


На 23 октомври годинава, авторитетно воден од двајца водители, ВМРО-ДПМНЕ се упати кон постнеоврховизирање. Во таа функција министерот Милошоски, при посетата на Бугарија, положи венец на гробот на Христо Матов, идејно најнагласената фигура на внатрешниот врховизам - неоврховизмот.

Христо Матов во Скопје го издавал весникот „Санстефанска Бугарија”. Таа Бугарија била негов идеал. Во функција на тој идеал се ставил во услуга на бугарскиот генерал Иван Цончев, зад кого во рамките на дејноста на Врховниот комитет стоел кнезот Фердинанд и бугарската влада. Праќал врховистички чети во Македонија. Значи, слава за Христо Матов, поради посветеноста за Македонија во состав на „мајка Блгарија”.

Слава и за неговите содејци Иван Гарванов и Борис Сарафов, кон кои Тодор Паница во 1907 извршил смртна пресуда, изречена од Серскиот револуционерен округ. Матов му бил учител на Тодор Александров во Педагошкото училиште во Скопје. Го упатил меѓу неоврховистите. Во тој тек и во функција на бугарскиот двор Александров убивал и убивал. Меѓу убиените се и Ѓорче Петров, внукот од сестра на Гоце Делчев, Тодор Чопов -ѕверски убиен, Јане Сандански, санданисти и други, за кои беше туѓа неговата „татковина Бугарија”.

Слава и за Тодор Александров. Убивал за Бугарија, како што Коте од Руља убивал за Грција, а Јован Бабунски за - Србија.Тодор Александров е посветеник на „бугарското племе”. Во книгата документи, содржински со име „Се' за Бугарија”, а од приредувачот наречена „Се' за Македонија”, на страниците 57,121,195,207,261,279,289, 403,521,523...Александров кажува дека верува оти е припадник на „бугарското племе”. Да, на бугарското, татарско племе.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=3A17992DC...C02940B197
Без Ботев няма България
15-01-2013, 06:16 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#29

24
24.11.2006, 18:10
СОЛОМОН ПАСИ

Во Бугарија постои европско мнозинство и неколку европски малцинства
На патот кон НАТО, Македонија е битно да има поддршка, а гласот на соседите секогаш тежи повеќе, смета Соломон Паси
ДИМИТАР ЧУЛЕВ


„Многу би се радувал сега,откако ние ги реализиравме нашите приоритети – членството во НАТО и во ЕУ, да им помогнеме на нашите пријатели и соседи да го изберат истиот пат. Нашиот пат беше многу долг, многу сложен и допуштивме многу грешки, но се надевам дека ќе им помогнеме на нашите пријатели доколку им помогнеме да ги избегнат тие грешки“, вели во интервјуто за „Утрински весник“ Соломон Паси, претседател на Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент, поранешен министер за надворешни работи во владата на Сакскобурготски, човек за кој се вели дека најмногу придонел за бугарското членство во НАТО. Паси вчера беше во Скопје каде што на Балканскиот форум за безбедност учествуваше во дебатата на тема „Рига – македонскиот пат кон НАТО, очекувања и обврски“.

„Бугарија во моментот работи на тоа Македонија да добие позитивен сигнал од самитот во Рига. Сакаме земјите од Јадранската група, Македонија Хрватска и Албанија, да добијат охрабрувачки сигнали и се надевам дека вие ќе добиете многу подобро отколку тоа што го добиваа претходните кандидати“.

Ќе се согласите ли дека приемот на нови членки, сепак, е прашање на политичка одлука на Алијансата, таков сигурно бил случајот и со асоцирањето на Бугарија.

- Се разбира, треба 26 земји да се согласат за проширувањето и природно е дека кога политичарите ќе донесат такво решение тоа да се ефектуира. Секако, во пресрет на таквата одлука секоја земја, во овој случај Македонија, ќе треба самата да си ја заврши домашната работа. Сметам дека реформата во вашите вооружени сили се одвива добро, дури сте напреднале и со професионализацијата, што е добар аргумент, но друго нешто што е особено значајно е земјата-кандидатка да си обезбеди максимална поткрепа од веќе постојните членки. Во тој контекст сакам да истакнам дека гласот на соседите секогаш тежи повеќе.

Дали Бугарија ги исполни сите стандарди барани од ЕУ?

- Да. Европската унија досега не правела исклучоци и нема ни во иднина да прави. ЕУ не допушта членство за земји кои застрануваат од утврдените стандарди. Тоа е железно правило за кое не знам дека некогаш било нарушено.

Господине Паси, дали во Бугарија постојат малцинства, односно постои ли македонско малцинство?

- Во Бугарија имаме едно европско мнозинство и неколку европски малцинства. Тоа е нашата политика и ние гледаме кон иднината. Не сметаме дека треба да чепкаме по стари рани од историјата, туку, напротив, да гледаме кон иднината. А ако историјата и смета на иднината, тогаш историјата им ја оставаме на историчарите, а иднината на политичарите.

Но, еден поранешен бугарски политичар и претседател говореше за Македонија како за најромантичен дел од бугарската историја...

- Јас по образование сум математичар, а не историчар, се занимавам со математика, математичка логика и компјутерски науки и немам никакви претензии да коментирам делови од историјата.

Неодамна излеговте во јавност со изјава дека не треба да има пречки за регистрирање на една политичка партија.

- Ние сме демократска земја и досега немало случај политичка партија која ги исполнува сите формални услови да не биде регистрирана. Немало таков случај и нема ни да има.

Сакате да кажете дека ОМО „Илинден“ - ПИРИН не ги исполнува условите за тоа

- Тоа е констатација на бугарскиот суд, а кај нас како демократска држава каде што постои поделба на власта политичарите не ги коментираат и не ги оспоруваат решенијата на судовите.

Впечаток е дека во Бугарија како да постои политички консензус, некаков општествен договор... Можно ли е такво целосно унисоно размислување дека македонско малцинство не постои?

- Ќе повторам дека се концентриравме кон иднината на земјата и од тој контекст не можеме да извадиме едно одделено и одредено прашање. Се интегриравме во ЕУ, го пренесовме во ЕУ нашиот етнички модел кој се смета за образец на Балканот и сметаме дека со тоа придонесуваме за европското поведение.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=ADE31E078...FE56CACF0B
Без Ботев няма България
15-01-2013, 06:17 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#30

25
24.11.2006, 17:20
Заборавениот гроб на Мисирков


Елена Иванова, учителка во пензија од Скопје
Повод за моето писмо е писмената реакција на господинот Л.Д. Коцин од Сиднеј, Австралија, во вашиот ценет весник од 14 ноември 2006 година. Тој со право реагира за полагањето венец од страна на министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, на гробот на врховистот Христо Матов во Софија. Јас како просветен работник во пензија би му порачала на господин Коцин дека овие лидери што ја водат ВМРО-ДПМНЕ, која некои ја нарекуваат „најмакедонска партија“, ништо не знаат од нашата историја. Врховистите за нив се борци за слободна и обединета Македонија, иако тие се бореа на страната на бугарската кауза. Тие денес ги величат и Ванчо Михајлов, и Тодор Александров, и Александар Протогеров, при што не се знае колкав број македонски родољуби беа погубени токму од нив. Не можеше ли министерот да положи барем цвеќе на гробот на Крсте Мисирков, на кого оваа година му е 80-годишнина од смртта и кој ја напиша книгата „За македонцките работи“? Зарем СДСМ, ЛДП и другите партии не се македонски?

И сега премиерот Груевски ќе рече дека 70 војници и полицајци загинале од „терористичката ОНА“. А илјадниците Македонци од Пиринска Македонија кои беа убиени или заклани токму од тие врховисти треба да ги заборавиме!? Зарем тие не беа бранители и херои? Никола Груевски да не ја води Македонија назад, а не напред. И да не ја фалсификува историјата, поради што нема да му простат ни сегашните ни идните поколенија.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=EDCC4E633...AD76B9424D
Без Ботев няма България
15-01-2013, 06:20 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#31


26
26.11.2006, 18:07
Потомците на Ѓорче Петров чекаат неговите мошти да бидат пренесени во Македонија
Семејството вели дека освен нив никој не води сметка за гробот на револуционерот во Софија
ВИКТОР
ЦВЕТАНОСКИ


Потомците на Ѓорче Петров бараат неговите посмртни останки од Софија да се донесат во Скопје. Тие велат дека за неговиот гроб на Софиските гробишта, освен семејството, никој друг не води грижи, дека Македонија заборавила на големиот револуционер. „Бараме преку Министерството за надворешни работи да се формира посебен иницијативен одбор кој ќе поведе постапка да се донесат неговите мошти во Скопје. Ако не е можно тоа, тогаш македонската држава да најде начин да го одржува неговиот гроб и гробовите на сите македонски дејци кои животот го завршиле во Бугарија“, вели д-р Здравко Тројачанец, кој е правнук од брат на Ѓорче.

Според Тројачанец, досега никој не покажал соодветна почит спрема револуционерите кои го дале животот за македонската кауза, а се погребани таму. „Македонската држава се темели врз идеите и делото на овие луѓе. Со тоа што не ги почитуваме нив не се почитуваме самите себеси. Време е да престанеме со тврдењата дека историјата почнува од нас“, нагласува правнукот на Ѓорче.

Тројачанец особено е лут на првите луѓе на Прилеп, родниот град на револуционерот. Единствен белег дека тука се родил Ѓорче е плочата што е поставена на неговата родна куќа, од која не може да се прочита што пишува. Тој вели дека ниту една од прилепските раководни гарнитури, поранешни и сегашни, не отишла на местото каде што е убиен нивниот сограѓани или на неговиот гроб, ако ништо друго барем да положи цвеќе. „Во Прилеп беше одржана само една панихида која ја организира Светскиот македонски конгрес, а не прилепчани. Не отишле на гробот на Ѓорче ниту претставници на македонската амбасада во Софија. Единствено неодамна почит му оддаде само министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски“, вели револтирано Тројачанец.

За разлика од Прилеп, скопската општина што го носи името на револуционерот секоја година го чествува и му има изградено споменик. Исто така, едно училиште го носи неговото име. „Преферирам вечниот дом на прадедо ми да биде во Општина Ѓорче Петров. Разговарав со нејзини претставници и тие се согласуваат да се направи дом во кој ќе се собере се' што е поврзано со неговото револуционерно дело“, додава Тројачанец.


И Бугарите кои ги присвојуваат македонските револуционери оставиле на нивните гробови да растат трње и на нив се сеќаваат само кога ќе им затребаат нивните имиња за дневни цели. На пример, на куќата во која живеел и пред која е убиен Ѓорче се менувале спомен-плочите така како што се менувале властите, според дневнополитичките потреби. На првата плоча пишуваше дека тука е убиен македонскиот револуционер Ѓорче Петров од раката на платеници на бугарскиот двор. Подоцна таа била симната и наместо неа била поставена спомен-плоча од Друштвото на Македонците од Бугарија. И таа не и' се допаднала на новата власт. Ја симнале и ја ставиле сегашната со основните податоци дека тука е убиен Ѓорче Петров - Тројачанец, но по чиј налог не постои.

Здравко Тројачанец вели дека и тој, но особено неговиот татко д-р Методија Тројачанец, додека бил жив, секогаш навраќал во Софија настојувајќи да дознае нешто повеќе за делото на својот стрико, повеќе од она што и' го соопштуваат историчарите на јавноста. Кога бил млад, Методија работел како личен секретар на Ѓорче и во моментот кога бил убиен, се наоѓал во Софија. Тој зачувал се' што е значајно од делото на револуционерот, меѓу другото, и автентичните ракописи на двете блескави беседи за Гоце Делчев и за Пере Тошев.

Тројачанец ни ги покажува листовите хартија на беседите испишани лично од раката на Ѓорче. Додека ги држиме пожолтените листови со ракописот на великанот, испишани ситно и со необична внимателност, чувствуваме дека в раце ја држиме историјата.

Методија, таткото на Здравко, во седумдесеттите години од минатиот век во Софија често се среќавал и со Христо Ампов, еден од сведоците на трагичните години на македонското револуционерно движење и близок човек на Ѓорче, кој автентично му ги пренесува сеќавањата за неговиот стрико. Годините пред да биде убиен Ѓорче, Ампов бил претседател на Друштвото на македонските студенти во Софија и, меѓу другото, по повод 16-годишнината од смртта на Гоце Делчев, организирал Ѓорче да говори за својот пријател и соборец. Тогаш првпат решиле годишнината да ја искористат за да соберат пари за помош на македонската борба и за сиромашните Македонци. Кога се прочуло дека брилијантниот говорник Ѓорче ќе зборува за Гоце, веднаш сите карти биле разграбани, а во првите редови седнале луѓето на власта, бивши министри и раководители на Бугарија. Кога влегол Ѓорче и кога ги забележал, на Ампов му дофрлил: „Е, овие што седат тука ја предадоа Македонија“.

Ампов раскажувал дека за време на погребот на Ѓорче се собрале повеќе десетици илјади граѓани. Говореле негови најблиски пријатели и соборци. На говорницата се качил и Тодор Александров и почнал да го фали Ѓорче. Кога слушнал што говори, Славчо Ковачев го симнал од говорницата зашто знаел дека Александров го нарачал убиството. Како што раскажувал Ампов, а тоа го потврдуваат и историчарите, Ѓорче бил убиен на 21 јуни 1921 од младиот Реџеп од Ресен, кој работел кај некој пријател на Тодор Александров. Всушност, Александров му платил на Реџеп за убиството, а тој и не знаел дека посега по животот на еден од најголемите македонски револуционери. Подоцна и Реџеп бил ликвидиран од наредбодавците и погребан во една визба на стара куќа. Кога на софиската улица „Гурко“ била урната таа куќа за да се гради нова, копајќи темели, работниците пронашле три скелети. Едниот од нив бил на убиецот на Ѓорче.

Правнукот Здравко Тројачанец прави многу за да не се заборави името на нивниот славен прадедо. Подготви документарен филм, а со помош на „Култура“ ги издаде и двете беседи на Ѓорче за Гоце и за Пере. „Историчарите не знаеја кога точно е роден прадедо ми, некои тврдеа дека се родил во 1866 година. Постар бил две години. Роден е на 27 февруари 1864 година. Така, во својот тефтер запишал мојот дедо Спиро Петров, неговиот постар брат. Македонската јавност не знае и тоа дека Ѓорче бил Мијак“, вели Тројачанец, кој за презиме го има земено стариот прекар на семејството кое од Лазорополе се преселило во Варош, Прилеп.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=27FADBCBA...956F7FAF73
Без Ботев няма България
16-01-2013, 06:20 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#32

27
27.11.2006, 17:54
ЕДИТОРИЈАЛ
Сервилна политика на Скопје спрема Софија
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ


Македонските политичари не мрднаа ни со мал прст да им помогнат на Македонците во Бугарија во битката што ја водат за остварување на своите основни човекови права. Така, големата шанса што се даде неодамна за нивно признавање од Софија пропадна. Амандманот на неколкутемина европарламентарци да се регистрира ОМО „Илинден“ - ПИРИН и да се признае македонското малцинство не беше изгласан. Навистина, останува уште едно гласање на пленарната седница на Европскиот парламент, меѓутоа никој не верува дека тоа ќе биде поволно за нив, зашто сета работа веќе е завршена пред тоа.

Само наивните можат да помислат дека човековите права се добиваат автоматски со тоа што се запишани на хартија, во некакви декларации и спогодби. За нив секој треба макотрпно да се бори, посебно во држава во која што предрасудите од минатото се' уште доминираат, која ги негира малцинствата, каков што е случајот со македонското малцинство во Бугарија. За тоа дека човековите права не ги даваат на послужавник ниту во демократска Европа, говори последниов случај со ОМО „Илинден“ - ПИРИН.

Гледано од аспект на човековите права се беше на нивна страна, но сепак претставниците на Зелените, кои максимално се заложија за Македонците, не ги убедија другите европратеници да гласаат за амандманот, зашто бугарските набљудувачи претходно ја завршија сета работа, лобирајќи меѓу нив и сервирајќи им ја нивната искривена вистина за ОМО „Илинден“ - ПИРИН како сепаратистичка организација. Некои дури се обиделе барањето за нејзина регистрација да го претстават како провокација и масло на македонските власти.

За жал, во Брисел немало кој да им парира на тие невистини. Европарламентарците не можеа да ја видат другата страна на медалот, да ја слушнат вистината за тортурите што ги вршеа врз Македонците и се' уште ги вршат бугарските власти, но сега на поперфиден начин. Едноставно, немало кој да им го каже тоа од македонска страна. Анонимни извори од Брисел велат дека се изненадени од инертноста на македонските претставници, за разлика од агресивниот настап на евронабљудувачите од Софија.

Пасивното однесување на македонските претставници во Брисел не е случајно. Тоа е одраз на вкупната инертна политика што ја води нашава држава спрема македонските малцинства во соседните држави. Тоа подеднакво важи за сите македонски раководни гарнитури, без разлика дали тоа се на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ.

Примери за тоа има многу. Ќе ги посочиме само неколкуте последни. Во почетокот на овој месец, за време на посетата на Софија, министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, на прашањето како го коментира одбивањето на софискиот суд да ја регистрира ОМО „Илинден“ ќе изјави дека тој не е судија на Европскиот суд во Стразбур за да ги коментира одлуките на бугарските судови. Ден подоцна кога на Задушница во струмичко Ново Село, со својата гарда влезе бугарскиот претседател Георги Прванов за да присуствува на панихидата на возобновените бугарски гробишта, за одбивањето на регистрацијата на партијата на Македонците, празен одговор даде и македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Притоа, тој изрази убедување дека и Македонија и Бугарија треба и мора да ги почитуваат меѓународните стандарди во заштитата на човековите права. Но, какво фајде од такви и слични изјави имаат Македонците во Бугарија ако не се каже вистината за нивните проблеми. А премиерот Никола Груевски деновиве не нашол за потребно ниту да поразговара за проблемот на ОМО „Илинден“ - ПИРИН со бугарскиот министер за надворешни, Ивајло Калфин, кој постојано ја повторува баналната изјава дека Софија ја завршила работата со тоа што ја платила казната што и' ја определил Стразбур.

Македонците во Бугарија се чувствуваат предадени од својата матична држава од која со право очекуваат, ако ништо друго, барем морална поддршка. Тие знаат дека тешко можат да се борат против организираните механизми на официјална Софија, која настојува пред светот да ги оцрни и нивните барања за човекови права да ги претстави како сепаратизам. Тие се свесни и на тоа дека дипломатијата на малата македонска држава не е толку моќна како дипломатијата на поголемите држави со долга традиција, но се разочарани од нејзината сервилност пред официјална Софија. Декларативните изјави за човековите права, кои секој може да ги толкува како што сака, без конкретен став за нивните проблеми, не ги сметаат за поддршка од македонската држава во сизифовската битка против Софија.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CCBD7D6F8...8CE4324AFB
Без Ботев няма България
16-01-2013, 06:21 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#33

28
28.11.2006, 17:41
Западни компании ја бираат Бугарија за ангажирање стручни лица

Бугарија стана атрактивна поради евтиниот, високо образуван и многујазичен кадар


СОФИЈА - Насекаде низ главниот град на Бугарија видливи се начините на транзиција кон економија со слободен пазар. На билбордите се рекламираат меѓународни училишта, брендови на ликери од Запад и црноморски агенции за неподвижен имот, додека, пак, сталинистичките владини згради се издигнуваат веднаш до трошните, но шармантни згради во париски стил од крајот на 19 век, кога Бугарија доби независност од Отоманската Империја. Оваа мала балканска држава во која живеат 7,7 милиони луѓе на прв поглед изгледа неспособна да се натпреварува со Индија и Кина за поголем дел од светските бизнис-услуги кои ги минуваат националните граници во потрага по намалување на трошоците. Но, благодарение на тековната посткомунистичка економска трансформација и неодамнешните движења во глобалниот бизнис, Бугарија се најде во жариштето на релативно недефинираните процеси на ангажирање надворешни лица наречен „ниар шоринг“ - релоцирање на бизнисот на локација која е поевтина и географски поблиска. Иако намалувањето на трошоците се' уште е причината за користење надворешни лица, ширењето и зрелоста на практиката доведе до подем на друг важен фактор: локацијата. Додека компаниите се специјализираат за давање повеќе услуги низ повеќе земји, Бугарија стана атрактивна не само поради евтиниот, високообразован и многујазичен кадар, туку и поради нејзината близина, културна и географска, со клиентите од Запад. „Обуката насекаде е иста, но културата е важна за комуникацијата“, вели Џон Хазлвуд, извршен директор на http://www.TravelStoreMaker.com, он-лајн туристичка агенција со центар за примање повици и операции за унапредување на софтверските операции во земјата. „Бугарија е многу поблиска до бизнис-менталитетот на Западот, отколку што тоа е случај со Индија или Кина“.

Тешко е да се дојде до индустриските податоци, со оглед на тоа дека поради конкуренцијата компаниите почнаа внимателно да ги заштитуваат своите бизнис-детали. Но, според Бугарската агенција за инвестиции, од 2001 година во Бугарија се отворени околу 33 центри за примање повици. Во моментов во тој сектор работат околу 3.600 лица, а бројката постојано се зголемува. Повеќе од 17.000 лица работат во софтверската индустрија во Бугарија, а 31.000 во информатичката технологија во целина, според информациите добиени од меѓународниот консултант за технологија ИДЦ, кој очекува овие бројки да продолжат да се зголемуваат.

Според индексот на „А.Т. Керни“ за глобални локации за 2005 година, Бугарија е рангирана на 15. место во светот, а на второ во Европа зад Чешката Република во однос на атрактивноста. Студијата покажува дека со зголемувањето на животниот стандард, на платите и трошоците во подобро ситуираните офшор земји во Централна Европа како што се Полска и Унгарија, компаниите почнаа повеќе да се вртат кон исток. „Првично компаниите почнаа со идентификација ’Боже има голем извор на таленти во Индија или Источна Европа, па ајде да го искористиме тоа‘“, вели Симон Бел, директор на Советот за глобална бизнис политика во „А.Т Керни“. Меѓутоа, со се' поголемата „софистицираност“ на компаниите, вели тој, „тие признаваат дека нема една локација - решение за сите. За одредени софтверски вештини Бангалор можеби е најдобар, додека, пак, за центар за примање повици на германски јазик, Прага можеби е најдоброто место“.

Секако дека Кина и Индија се' уште се наоѓаат на врвот на секоја листа за ангажирање надворешни лица, бидејќи големината на нивната расположлива работна сила им дозволува да доминираат над другите земји. Но, Бел вели дека иако трошоците се важни, сепак, компаниите се' повеќе своите одлуки ги базираат на расположливоста на квалификуваната работна сила. „Бугарија има можност“, вели Бел, „да ги привлече компаниите кои сега во регионот бараат техничка поддршка, центри за примање повици, процесуирање на податоци и софтверски дизајн“. Макроекономските податоци за Бугарија растат многу посолидно отколку во Европската унија, на која земјата планира да и' се приклучи во 2007 година. Секако, појдовната точка беше многу пониска. Бугарија во 2005 година имаше 5,5 отсто пораст во БДП, во споредба со 1,8 отсто во ЕУ, и просек на пораст од повеќе од 5 отсто годишно во последните пет години. Директните странски инвестиции во Бугарија во 2005 година изнесуваа 2,2 милијарди долари или 9,8 отсто од БДП, поголем процент отколку во Република Чешка, Унгарија, Романија или Словачка. Сепак, иако платите се зголемуваат за околу 10 отсто на годишно ниво, месечните примања се' уште се во просек по 225 долари, и бугарските плати и цените на неподвижниот имот ќе бидат најниски во неодамна проширената ЕУ.

Позицијата на Бугарија беше потпомогната од овогодинешниот потег на „Хјулит - Пакарт“ за креирање „глобален центар за испорака“ во Софија во кој ќе работат 1.000 лица, за обезбедување технички услуги и за поддршка за своите клиенти во Европа, Блискиот Исток и Африка. Саша Безуханова, генерален менаџер на „ХП Бугарија“, изјави дека земјата е избрана меѓу 14 други во Централна и Источна Европа по едногодишна студија. „Односот меѓу нивото на образованост на работната сила и цената е многу конкурентен“, изјави таа. „Бугарија ќе остане една од главните дестинации за европските проекти за релоцирање на бизнисот на локација која е поевтина и географски поблиска во следните 5-10 години“.

Повеќе проекти има во цевоводот. Во јули постариот потпретседател на „Мајкрософт“, Ерик Рудер, обелодени дека софтверскиот гигант во текот на следната година ќе отвори служба за корисниците и центар за техничка поддршка во Софија за своите клиенти во Југоисточна Европа. Потпретседателот на „Гугл“, Винтон Керф, на собирот на професионалци во информатичката технологија во Софија што се одржа во јули, изјави дека тим од истражувачка компанија за мотори ја посети Бугарија во потрага по локација. „Во Бугарија ние ги постигнавме и надминавме очекувањата“, изјави Џоел Морс, извршен директор на Ц3И, американски провајдер на техничка поддршка за организации за клинички истражувачки. Ц3И во октомври минатата година отвори центар за примање повици во Софија, примарно за своите европски клиенти од секторот фармација. Во него работата 45 агенти на англиски, германски, француски, шпански, италијански, јапонски, корејски и кинески јазик. Компанијата, исто така, вработува околу 350 лица во центрите за примање повици во Њу Џерси и 225 во Хајдерабад, Индија. Трошоците во Софија се за околу 25 отсто повисоки отколку во Хајдерабад, во зависност од јазикот, вели тој. Меѓутоа, Бугарија „има се', достапност на европските јазици што не можете да ги добиете во Азија“, изјави Морс.

До некој степен, Бугарија им се враќа на своите корени. Усовршувањето на земјата во поранешниот источен блок беше во производството и дизајнот на компјутерски хардвери и софтвери. Имаше околу 20.000 специјалисти во таа област, за време на кулминацијата на оваа индустрија во осумдесеттите години од минатиот век, според Георги Брашнаров потпретседател на Бугарската асоцијација на софтверски компании. Меѓутоа, индустријата колабираше заедно со социјалистичкиот поредок и голем број од програмерите заминаа на Запад. Потоа земјата во средината на деведесеттите години по падот на Берлинскиот ѕид и отворањето на Источна Европа се појави како меѓународна локација за развој на софтверскиот бизнис. Сега во земјата има доволно работа, вели Брашнаров, па приватниот сектор соработува со владата за финансирање академии за обука на поголем број компјутерски експерти. Индустријата дури врши и притисок врз бугарската влада да издава високотехнолошки дозволи за градежниците од соседните земји како што се Србија и Македонија.

Еволуцијата на ангажирањето надворешни лица за одредени активности на компанијата покажува дека прозорецот за можности во Бугарија нема вечно да биде отворен. Додека земјите се натпреваруваат за обезбедување повеќе работа, и со зголемувањето на животните стандарди и трошоците, некои бизниси ќе одат уште подалеку. „За пет-десет години Бугарија нема да сака да отвора основни центри за примање повици, основни прописи за надминување на неспособностите и програмирање на многу ниско ниво“, изјави Бел од „А.Т. Керни“. Но, „изведувањето повеќе основни работи е единствениот начин да се креира кредибилитет кој ќе ги однесе кон работи на повисоко ниво. Тоа е критичен чекор“. (Интернешенел хералд трибјун)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B15645BFD...5EEC722213

Без Ботев няма България
16-01-2013, 06:24 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#34

30
30.11.2006, 18:05
Амандманот за Македонците во Бугарија не помина во Европарламентот

Проблемот и понатаму ќе се поставува и тоа на едно повисоко ниво и со заеднички настап на ЕФА и парламентарната група на Зелените
ДИМИТАР ЧУЛЕВ


Амандманот за признавање на македонското малцинство во Бугарија не помина на вчерашното гласање во Европскиот парламент. Со амандманот поднесен на последниот мониторинг - извештај за Бугарија пред нејзиното членство во Европската унија, се бараше Софија од идната година формално да ја регистрира партијата на Македонците ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Амандманот што го поднесе парламентарната група на Зелените, заедно со фракцијата на ЕФА, беше одбиен со 350 гласа „против“.

„Неизгласувањето на амандманот од Европскиот парламент не значи дека Европската слободна алијанса (ЕФА) ќе се повлече од целта ОМО „Илинден“- ПИРИН да биде регистрирана како политичка партија во Бугарија. Проблемот и понатаму ќе се поставува и тоа на едно повисоко ниво и со заеднички настап на ЕФА и парламентарната група на Зелените“, изјави вчера за „Утрински весник“ Атанасиос Парисис, член на политичкиот секретаријат на „Виножито“, партија околу која гравитира македонското малцинство во Грција и која е член на Европската слободна алијанса.

„Бугарија не може да го избегне тоа како што не го избегна ни Грција која во 1994 година се противеше на регистрацијата на „Виножито“ и на отворањето на Домот на македонската култура во Лерин. И двете земји по ова прашање имаат пресуда од судот во Стразбур“, вели Парисис. Бугарија, која од 1 јануари треба да биде редовна членка на Европската унија, е чекор поназад дури и од Грција каде што владее рестриктивна политика во однос на малцинствата.

Парисис вчера одржа предавање на тема „Малцинските права и особен осврт на положбата на малцинствата во Република Грција“ во просториите на Европскиот универзитет во Скопје. Во своето обраќање Парисис рече дека прашањето на правата на малцинствата во Европа е регулирано со соодветни конвенции и претставува едно од елементарните човекови права.

Инаку, на завчерашната прес-конференција во Брисел организирана од ЕФА, заедно со претставниците на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, беше побарано од Бугарија безусловно да ја регистрира партијата на македонското малцинство. Европската слободна алијанса (ЕФА) најави дека како следен чекор ќе бара „Комитетот на министри на Советот на Европа да ја обврзе Бугарија да ги преземе неопходните иницијативи да ја регистрира партијата“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=68847EF81...612D6CB6BF
Без Ботев няма България
16-01-2013, 06:25 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#35

30
30.11.2006, 18:05
Амандманот за Македонците во Бугарија не помина во Европарламентот

Проблемот и понатаму ќе се поставува и тоа на едно повисоко ниво и со заеднички настап на ЕФА и парламентарната група на Зелените
ДИМИТАР ЧУЛЕВ

Амандманот за признавање на македонското малцинство во Бугарија не помина на вчерашното гласање во Европскиот парламент. Со амандманот поднесен на последниот мониторинг - извештај за Бугарија пред нејзиното членство во Европската унија, се бараше Софија од идната година формално да ја регистрира партијата на Македонците ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Амандманот што го поднесе парламентарната група на Зелените, заедно со фракцијата на ЕФА, беше одбиен со 350 гласа „против“.

„Неизгласувањето на амандманот од Европскиот парламент не значи дека Европската слободна алијанса (ЕФА) ќе се повлече од целта ОМО „Илинден“- ПИРИН да биде регистрирана како политичка партија во Бугарија. Проблемот и понатаму ќе се поставува и тоа на едно повисоко ниво и со заеднички настап на ЕФА и парламентарната група на Зелените“, изјави вчера за „Утрински весник“ Атанасиос Парисис, член на политичкиот секретаријат на „Виножито“, партија околу која гравитира македонското малцинство во Грција и која е член на Европската слободна алијанса.

„Бугарија не може да го избегне тоа како што не го избегна ни Грција која во 1994 година се противеше на регистрацијата на „Виножито“ и на отворањето на Домот на македонската култура во Лерин. И двете земји по ова прашање имаат пресуда од судот во Стразбур“, вели Парисис. Бугарија, која од 1 јануари треба да биде редовна членка на Европската унија, е чекор поназад дури и од Грција каде што владее рестриктивна политика во однос на малцинствата.

Парисис вчера одржа предавање на тема „Малцинските права и особен осврт на положбата на малцинствата во Република Грција“ во просториите на Европскиот универзитет во Скопје. Во своето обраќање Парисис рече дека прашањето на правата на малцинствата во Европа е регулирано со соодветни конвенции и претставува едно од елементарните човекови права.

Инаку, на завчерашната прес-конференција во Брисел организирана од ЕФА, заедно со претставниците на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, беше побарано од Бугарија безусловно да ја регистрира партијата на македонското малцинство. Европската слободна алијанса (ЕФА) најави дека како следен чекор ќе бара „Комитетот на министри на Советот на Европа да ја обврзе Бугарија да ги преземе неопходните иницијативи да ја регистрира партијата“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=68847EF81...612D6CB6BF
Без Ботев няма България
18-01-2013, 06:43 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#36

31
03.12.2006, 18:39
Бугарки завршија во полиција поради непристојно однесување на „Таксират“


Против девојките кои дошле да го следат концерот на Иги Поп се поднесени прекршочни пријави

Две Бугарки кои присуствувале на концертот на Иги Поп во Скопје завршиле во полициска станица откако дрско и непристојно се однесувале спрема полицијата. По седум часа поминати во полицијата, против нив се поднесени прекршочни пријави за дрско и непристојно однесување, за омаловажување овластени служени лица кои се грижеле за обезбедување на јавниот ред и мир на фестивалот „Таксират“, и за непристојно однесување на јавно место под дејство на алкохол и други психотропни супстанции. Девојките, пак, тврдат дека не знаат зошто се задржани во полиција и дека никој официјално не им дал објаснување за тоа. Според нив, тие биле ограбени на рок-концертот и кога ја пријавиле кражбата, биле задржани во полиција место крадците.

Бугарскиот конзулат веднаш бил известен за настанот од страна на полицијата. Со оглед на тоа дека станува збор за странски државјанки, најверојатно ќе им биде одредена парична казна и забрана за влез во земјава.

Бугарските медиуми објавија дека Бугарките биле задржани во македонската полиција без објаснување. Станува збор за две девојки на возраст од 27 и 29 години, кои дошле во Скопје за да присуствуваат на рок-концерт, но, место тоа, биле задржани во полиција. Според бугарската агенција Фокус, во телефонскиот разговор со една од девојките, Вероника Христова изјавила дека биле ограбени за време на концертот во Скопје, а кога ја алармирале полицијата, таа ги уапсила нив место крадците.

„Не' чуваа со автоматски пушки и никој не ни кажа зошто сме тука“, изјавила Вероника. Портпаролот на Министерство за внатрешни работи, Борче Пешевски, потврдува дека во Скопје биле уапсени В.Х. (27) и Е.П.П. (29), бугарски државјанки, кои го нарушиле јавниот ред и мир во три часот наутро, за време на фестивалот „Таксират“. Девојките ја почнале расправијата со полицајците на концертот, а кавгата продолжила и надвор од објектот и во полициската станица. (Д.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=92A21C142...63FB64D931
Без Ботев няма България
18-01-2013, 06:46 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#37

32
04.12.2006, 18:22
Невиден притисок на Софија врз Македонците да се откажат од ОМО „Илинден“ - ПИРИН

Полицијата оди од куќа во куќа, заплашувајќи го секој член на партијата
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ


Бугарската полиција оди од куќа во куќа на членовите на ОМО „Илинден“ - ПИРИН и врши невиден притисок врз нив за да се откажат од партијата. Со однапред подготвени прашалници од власта, полицајците бараат од членовите да одговорат на девет прашања околу нивното зачленување во партијата.

„Распитувајќи ги и заплашувајќи ги нашите членови, полицијата се обидува да ги исплаши за да ги принуди да се откажат од членството“, се вели во соопштението на ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Истовремено се истакнува дека тоа е намерен обид да се уништи партијата и да се спречи нејзиното регистрирање.

„Нашите членови и симпатизери многу се исплашени, зашто ова што им се прави денес не се случувало ниту во времето на диктаторскиот режим на Тодор Живков“, ни изјави Иван Сингартиски, еден од лидерите на ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Според информациите што ги добиле од теренот, во селото Мосомиште, Гоцеделчевско, полицајци со списокот в раце веќе три дена влегувале во куќите на нивните членови, а во селото Ласки ги повикувале во канцеларијата на општината и таму ги распрашувале. Покани да се јават во полицијата добиле сите нивни членови од Софија, Пловдив, Пештера, Петрич, Кресна, Благоевград и од други места каде што партијата на Македонците има свои основни организации.

За да ги заплашат и да ги натераат членовите на ОМО „Илинден“ - ПИРИН да се откажат од партијата, полицијата барала од нив, покрај другото, да кажат дали некој им дал пари или нешто друго за да се зачленат, дали им било објаснето каква е, всушност, партијата на која станале член, кој бил нивни посредник за прием, дали присуствувале на состаноците на основните организации, дали тие лично ја пополнувале пристапницата или, пак, некој друг во нивно име.

Иван Сингартиски подвлекува дека намерите на власта се очигледни, со тортура и притисок да ги натераат повеќе членови да се откажат од партијата, а со тоа да се симне бројот на тие што се определиле за нив под 5.000 члена, услов што е предвиден со бугарскиот закон за една партија да може да се регистрира. Знаејќи дека властите ќе вршат притсок, ОМО „Илинден“ - ПИРИН собра 5.600 пристапници. Како што е познато, тоа не беше доволно за Софискиот суд, кој измисли формални причини за да ја одбие регистрацијата на партијата иако, според експертите за човекови права, таа требаше автоматски да биде регистрирана откако Европскиот суд за правата на човекот во Стразбур ја поништи одлуката на бугарскиот Уставен суд кој ја забрани ОМО „Илинден“ - ПИРИН. По одбивањето на регистрацијата, партијата поднесе жалба до Врховниот суд, кој досега требаше да се произнесе. Сингартски вели дека тоа доцнење е поврзано токму со сегашната акција на полицијата со која се сака да се натераат голем број нивни членови да се откажат од партијата за да не може да се исполни предвидената законска бројка од 5.000 пристапници.

„Немоќни сме пред тортурата што ја прави врз нас бугарската држава, која се осили посебно сега, откако не помина амандманот во Европскиот парламент за наша регистрација и признавање на македонското малцинство.

Не ни останува ништо друго освен да се жалиме пред меѓународните инстититуции и во Стразбург, иако сме свесни дека ќе треба многу време додека победи правдата“, вели Иван Сингартиски, кој не го крие својот револт за тоа што се случува во бугарската држава, која за нецел месец треба да влезе во Европската унија, во која во преден план се човековите права.

ОМО „Илинден“ - ПИРИН ја повикува Европската унија и сите други институции да воспостават мониторинг врз бугарската држава, посебно за време на судскиот процес пред Врховниот суд, од кој бараат да се сообрази со законите на државата и да ја регистрира нивната партија.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=DC636811E...EA1B08AAF1
Без Ботев няма България
18-01-2013, 06:47 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#38

33
04.12.2006, 16:54
СЛУЧАЈ
Бугарките се жалат дека со џумки и шлаканици заминале од концертот на Иги Поп во Скопје


Вероника и Елена платија казна од 300 евра и добија забрана за влез во земјава
Двете девојки до Бугарија кои место на концертот на ѕвездата Иги Поп завршија во полициска станица во Скопје, добија забрана за влез во земјава во период од една година. По платената казна од 300 евра, предвидена со законот, Вероника Христова(27) и Елена Пеева (29) заминаа од Скопје и се вратија во својата земја. Тие реагираат, бидејќи биле задржани 10 часа во полициска станица без никакво објаснување, ниту пак им било дозволено да телефонираат. Преку медиумите во Бугарија најавуваат дека ќе се жалат за нарушување на нивните човекови права пред меѓународни институции. За бугарската амбасада во Скопје, пак, случајот е завршен.

„Не треба да се прави скандал од овој случај. Штом ги фатиле девојките и им изрекле казни за нарушување на јавниот ред и мир, со тоа случајот е завршен“, велат од амбасадата на Бугарија во Скопје.

Според полицијата, двете девојки дрско и непристојно се однесувале, ги омаловажувале полицајците кои се грижеле за обезбедување на јавниот ред и мир на фестивалот „Таксират“, но и недолично се однесувале под дејство на алкохол и психотропни супстанци. Двете девојки негирале дека биле под дејство на стимуланси, а на концертот на Иги Поп на Скопски саем испиле само по две-три пива, објавува Нетинфо во Бугарија. Девојките тврдат дека биле ограбени на рок- концертот, па пријавиле во полиција, дури и посочувајќи ги крадците. Но, место тоа, тие тврдат дека биле сместени во полициско возило и однесени во полициската станица во Гази Баба.

Во полициската станица биле тепани, со образложение: „Млади сте, ова нека ви биде за памет“, раскажува пријателот на девојките. Вероника завршила со џумка на главата, а Елена поминала само со шлаканици, раскажува близок пријател на двете девојки, кој дошол по нив во Скопје.

Бугарските медиуми, кои со интересирање го следат овој случај, пишуваат дека Вероника е графички дизајнер, а Елена работи во оддел за продажба во ИТ-фирма. Девојките, според медиумите, планираат да побараат судска одговорност од меѓународни институции, поради нарушени човекови права. (Д.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E49502209...63E60D542E
Без Ботев няма България
18-01-2013, 06:49 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#39

34
05.12.2006, 18:34
„ВИНОЖИТО“

ЕУ да ја сопре дискриминацијата на Македонците во Бугарија


Македонците во Грција и сите демократски европски граѓани уште еднаш останаа без коментари за дејствувањата на Бугарија која претендира да биде демократска држава. Оваа земја, која, за жал, наскоро ќе стане членка на ЕУ, продолжува со вознемирување на своето бројно македонско малцинство, користејќи методи кои директно личат на оние што ги користеле најлошите тоталитарни режими во Европа што некогаш постоеле, се вели во вчерашната реакција на партијата ЕФА „Виножито“. Тие реакции, чија единствена цел е да ги заплашат Македонците во Бугарија, не се само контрадикторни со европските практики за заштита на човековите и малцинските права.

Партијата „Виножито“ и Македонците во Грција, како жртви на слични насилни мерки на асимилирање во поновата историја, ја повикуваат Европската комисија и сите политички партии во Европскиот парламент кои гласаа против наведените амандмани да ги спречат овие срамни инциденти.

Во реакцијата се бара да се изврши притисок и врз Грција и врз Бугарија со цел да се почитуваат барем суштинските права на нивните големи македонски заедници. Фактот дека Македонците на Балканот секогаш ги остварувале нивните човекови права користејќи мирољубиви и демократски средства, за разлика од другите малцинства во нашиот турбулентен регион, , исто така, треба соодветно да се ценат, се вели во соопштението.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C1AB323CF...26DB78C8EF
Без Ботев няма България
18-01-2013, 06:53 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#40

35
05.12.2006, 16:16
ЕДИТОРИЈАЛ
Повампирување на живковизмот во Бугарија
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

На Македонците во Бугарија никогаш порано не се гледало со толку голема омраза како сега и никогаш досега не биле под така силен полициски и медиумски притисок. Дури ни пред десетина години, кога беа тепани затоа што се обидуваа да стасаат на Роженскиот манастир и да му оддадат почит на Јане Сандански, пробивајќи ги полициските кордони. Велат, ова што сега им се прави не било забележано дури ни во времето на тоталитарниот режим на Тодор Живков.

Што е тоа што ја разгневи Софија толку силно да се нафрли врз нив, иако тие се лојални граѓани и не преземаат ништо страшно што може да ја загрози бугарската држава, освен што бараат да се почитуваат нивните човекови права. Зошто толку е бесна бугарската власт, па си дозволи да и' нареди на полицијата да оди од куќа во куќа на членовите на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, да ги заплашува и да бара да се откажат од партијата, нешто што не било преземено досега против ниту една партија во периодот на плуралистичкиот живот.

По сето ова што се случи последниве денови на европската политичка демократска сцена, Софија е свесна дека победата што ја извојува пред Европскиот парламент е Пирова, кога таа со невидено лобирање успеа да се избори да не биде усвоен амандманот за регистрација на ОМО „Илинден“ -ПИРИН и признавање на правата на македонското малцинство. Веројатно неа најмногу ја заболе фактот што за правата на Македонците стана збор на највисоко ниво и цела Европа дозна за тортурите што ги вршела врз нив. Таа е, исто така, свесна за тоа, кога и да е, дека ќе мора да ги надмине своите предрасуди и со тек на време на луѓето што ги смета за предавници на нацијата и што ги третира како граѓани од втор ред да им дозволи да се декларираат она што се.

Софија не може да им прости на Македонците што тие преку Зелените и' ги соопштија на европската јавност своите маки во многу важен момент за Бугарија кога се усвојуваше конечниот извештај за нејзино членство во Европската унија. Таа на светот дотогаш му се претставуваше како демократска држава во која, според нејзиниот државен врв, сите ги уживаат законските права, но одеднаш на виделина излегоа валканиците за тортурата што ја врши врз еден дел свои граѓани. Така, лута на се' и сигурна во тоа дека конечно се отстранети сите пречки за влез во Европската унија, реши жестоко да им се одмазди на Македонците.

А тие никогаш досега не се чувствувале поуплашени, понемоќни и поосамени. Единствена поддршка имаат од Европската алијанса за правата на човекот, но таа се' уште не е толку моќна на европската политичка сцена да се избори за правата на сите малцинства. Македонците во Бугарија најмногу од се' ги боли фактот што немаат ниту морална поддршка од матичната држава, која со својата инертна и сервилна политика спрема Софија повеќе им одмага отколку што им помага. Македонската власт и сега кога гледа дека тие се изложени на невиден притисок не реагира како да не ја разбира драмата што ја доживуваат. Своевремено експремиерот Љупчо Георгиевски со неговиот колега Иван Костов потпиша меѓудржавна спогодба со која практично се откажа од нив и ја обврза македонската држава да не прашува за нив и за правата што ги имаат тие, декларирајќи дека тоа е внатрешно прашање на бугарската држава. А како Софија го решава проблемот на Македонците можат да потврдат сите, со полициски тортури, закани со затвори и барања ако тие сакаат да бидат Македонци, тогаш нека си заминат во Македонија.

Гилотината на Софија виси над главата на Македонците. Тоа треба да се сфати и разбере како сурова реалност. Во Бугарија денеска најтешко им е на Македонците. Своевремено познати бугарски интелектуалци, неоптоварени од предрасудите на минатото, јавно признаа дека кај нив е помалку страшно да кажеш дека си фашист отколку Македонец. Нема никакви дилеми - Софија ќе направи се' да го скрши македонскиот дух и ќе ги искористи сите средства да не ја регистрира ОМО „Илинден“ - ПИРИН, зашто е свесна оти со појавата на ова партија на политичката сцена, всушност, започнува поинтензивна борба за почитување на правата на македонското малцинство. За Македонците среќна околност е што во Европа се слушна нивниот глас, што светот дозна за нивната голгота, а Бугарија како членка на Европската унија не ќе може и понатаму да продолжи кон нив да се однесува како досега и ќе мора да ги применува истите аршини за правата на малцинствата што важат за демократска Европа.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=6BF122022...E62908BF31

Без Ботев няма България
18-01-2013, 06:59 PM
Reply