Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Утрински Весник за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#1
1dea 
Във връзка с зачестилите напоследък дебати и анализи на тема добросъседски односи реших в тази тема да представя на читателите и от Македония и от България статистика на това как Утрински Вестник e отразявал България в периода октомври 2006 нататък. Как България е била представена на страниците на този медиум.

1. Защо Утрински

Утрински , защото напоследък в разговорите ми по други форуми и в социалните мрежи мои приятели и познати от Македония ме убеждават , че Сител и Вечер не изразяват мнението на македонската явност.Сител и Вечер , начело с Латас и Ивона били маргиналци - нещо като нашите Божо и Каракачанов.Затова се спрях на Утрински. Освен отворените българомразци да анализираме и нещо така да се каже по-обективно.

Ще публикувам по няколко статии на ден в хронологичен ред , защото ако ги изсипя наведнъж ефектът според мен ще бъде по-малък
















2. Защо от октомври 2006 г.

Защото онлайн архива започва от тогава.

3. Каква ми е целта

Дано в Македония покрай вечнити критики към източния съсед , да погледнат проблемите в собствения си двор , защото в днешно време медиите са много мощно оръжие и човек трябва да се отнася много отговорно какви настроения и атмосфера насажда чрез писанията си.
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 13-01-2013, 11:38 AM by Топорчо.)
13-01-2013, 11:32 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#2

Последни думи преди да започна. Анализите и изводите нека всеки сам да си ги направи . Като щрих ще посоча , че 80% от публикациите са редакторски или едиториал по македонски , на първа страница или в рубриката за анализи и коментари . Не са новини сбутани в някой ъгъл , напротив желанието е било всеки отворил весника да ги прочете


1
25.10.2006, 14:38
Едиторијал
Бугарскиот ксенофоб
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ


Бугарија во првиот круг на претседателските избори го доби својот Жан Мари Лепен, кој своевремено ја разбрани не само француската туку и целокупната демократска европска јавност. Во битката за претседател на државата противкандидат на актуелниот претседател Георги Прванов ќе му биде ултранационалистот и ксенофобот Волен Сидоров, човекот кој мрази се' што не е бугарско. За него гласаа над 500.000 бугарски граѓани, а со тоа и се легитимираа што мислат, всушност, за тоа како треба во иднина да биде уредена нивната држава.

Сите знаат дека Волен Сидоров е ултранационалист од типот на Лепен, на Австриецот Хајдер или на Русинот Жириновски, но никој засега во Бугарија посериозно не го сфаќа или барем не сака да го сфати. На сите им е познато неговата политичка стратегијата заснована на агресивен национализам, гарниран со ксенофобичност и социјална демагогија. Тој на политичката сцена се појави само два месецa пред парламентарните избори за триумфално да влезе во парламентот дури со 21 пратеник. Тогаш неговата кампања беше антиевропска и антинатовска.

Тој отворено стана против малцинствата во Бугарија и нивните права, тврдејќи дека со влегувањето на неговата држава во ЕУ ќе се обезличи бугарската национална идентичност. Многумина се згрозуваа од невидени напади на Турците и Ромите. Бараше да се забрани партијата на Турците, а во хистеричните говори повикуваше: „Циганите за сапун“. Во нагласената антимакедонска кампања што постојано се води во Бугарија, тој секогаш е рамо до рамо со софиската ВМРО на Красимир Каракачанов, тврдејќи дека не постојат Македонци, македонска нација. За време на одржувањето на основачкото собрание на ОМО „Илинден“ - ПИРИН се солидаризира со сите што извикуваа „Македонците надвор од Бугарија“ и се закануваа дека со нив ќе се пресметаат ако нешто не преземат институцииte.

Влегувањето на расистот Сидоров во вториот круг на претседателските избори во Бугарија не се доживува толку трагично како што тоа го доживува светот. Големиот процент гласови од 21,5 отсто што тој го доби во првиот круг се објаснува со незадоволството на граѓаните од постојната економска и социјална состојба во државата. Се тврди дека граѓаните, гласајќи за лидерот на Атака, протестираат поради лошата политика на власта и состојбите во државата, а не дека поддржале ксенофобична и расистичка политика.

Во постизборните анализи што ги прават политиколозите повеќе се занимаваат со дебаклот на десницата, отколку со тоа дека ултранационалист влезе во вториот круг за претседател на државата, дека со тоа е извалкан образот на Бугарија, која претендира да биде демократска држава и за два месеца ќе влезе во Европската унија, без разлика што Сидоров нема никакви шанси да го победи Прванов.

И лидерите на партиите на десницата се занимаваат само со сопствени изборни рани и се однесуваат како ништо да не се случило надвор од нивните кругови. И кога станува збор за тоа за кој кандидат да гласаат, тие на сопствените избирачи не им препорачуваат ништо и засега оставија сами да решат за кого да се определат. Нема никаква осуда на ултранационализмот и ксенофобијата на Сидоров. Ако се знаат бугарските политички прилики, посебно големата нетрпеливост на БСП и некогаш моќната СДС, тешко може да се очекува дека некој од десните гласачи ќе го поддрже нивниот лут противник Прванов, кого го сметаат за „црвен“, бивш комунист. Се чини сета вистина за тоа што ќе се случи по неколку дена ја кажа десноориентираниот политикологот Огнан Минчев, кој јавно прашува: „Ако треба да заминеш на одмор, на кој сосед ќе му го оставиш кучето - на Прванов или на Сидоров?“, сакајќи да каже дека за иднината на Бугарија еднакво се лоши двајцата. Единствено само бившиот претседател Жељу Желев ги согледа вистинските опасности што се закануваат врз имиџот на Бугарија, па повика гласачите на десницата да ги надминат нетрпеливостите со БСП и да не дозволат Сидоров да победи, зашто со тоа се доведува во прашање влегувањето на Бугарија во ЕУ. Истовремено, од Стразбур порачуваат дека сакаат Бугарија да избере демократски претседател, па макар тоа да е нивен политички опонент.

Очигледно е дека влегувањето на ксенофобот Сидоров во последната трка за претседател Бугарија не ја доживува на ист начин, како што е, на пример, Франција, која на 21 април 2002 година стана на нозе ксенофобот Жан Мари Лепен во вториот круг да не биде избран за претседател на државата. И покрај дотогашното ривалство, и левицата и десницата презедоа се' тој да не победи.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CCAEB8232...BB227FBC90

Без Ботев няма България
(This post was last modified: 13-01-2013, 11:59 AM by Топорчо.)
13-01-2013, 11:58 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#3

2
26.10.2006, 18:55
Јаневска го брани Љупчо Георгиевски за бугарскиот пасош!


Наводно Љупчо Георгиевски бил да гласа на претседателските избори во Бугарија минатата недела
Пратеничката и в.д. лидерка на ВМРО-Народна, Весна Јаневска, вчера во парламентот се стави во улога на адвокат на експремиерот и неформален претседател на ВМРО-НП Љупчо Георгиевски. Во почетокот на седницата, Јаневска ги искритикува социјалдемократите дека користеле секаква можност за да се навратат на нивната омилена тема - бугарски пасош и бугарско државјанство. Ова не е првпат Јаневска да манифестира ваква реакција. Неодамна таа ги искара новинарите зашто ја прашувале за бугарскиот пасош на Георгиевски, па дури им се закани дека немала да им дозволи со вакви непристојни прашања да и' го расипуваат Централниот комитет!

Инаку, Георгиевски и Даут Реџепи - Лека се единствените пратеници кои и три месеци по конституирањето на парламентот не се појавиле во парламентот.

На вчерашното продолжение на собраниската расправа околу текстот за законот за полиција, Јаневска, која буквално имаше целодневен монолог, побара од спикерот Љубиша Георгиевски да не дозволува злоупотреба на собраниската говорница за дискредитација на пратениците кои имаат и патни исправи на други земји.

Таа им забележа на пратениците од СДСМ дека на неколку пати ги навредиле Македонците кои имаат патни исправи и други лични документи од странски држави. „Секој граѓанин има право да земе патна исправа на друга држава. Дали иселениците и граѓаните кои се отидени од Македонија борејќи се за сопствена егзистенција, а имаат странско државјанство ќе ги наречеме предавници. Во парламентот има пратеници со двојно државјанство, и во што е разликата дали некој има бугарско или германски државјанство“, праша Јаневска.

Таа, всушност, и' реплицираше на пратеничката Славица Грковска од СДСМ, која претходниот ден пред крајот на седницата во полемика со Јаневска рече дека ВМРО-Народна може да држи лекции за манипулација и препорача да не ја „манипулираат јавноста кога кажуваат дека Љупчо Георгиевски нема бугарски пасош“. (О.В.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=83BE01484...A65AD4E7A1


Без Ботев няма България
13-01-2013, 12:00 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#4

3
26.10.2006, 16:21
Се забораваат балистичките злосторства

Димитрија Брезовски, Гостивар


Се јавувам по повод написот „11 Октомври 1941 година Македонија ја одбра вистинската стратегија“ во „Утрински весник“ од 10-11 октомври од уважениот генерал во пензија, господинот Тодор Атанасовски. Со содржината на текстот во целост се согласувам, но не се согласувам со делот за парчосувањето на Македонија при окупацијата и распаѓањето на кралска Југославија во април 1941 година. Цитирам: „... Македонскиот народ храбро одби да ја прифати фашистичката окупација, новото парчосување и туѓинската фашистичка бугарска анексија“... Но, не знам од кои причини не ја спомнува и италијанската окупација на Западна Македонија и формирањето на вештачката творба „голема Албанија“, која со своите 12-15 илјади балисти во Западна Македонија го тероризираа македонскиот народ, кои, како соработници на странските окупатори, Италијанците и Германците, присилно го тераа да го учи албанскиот јазик и направија незапаметени злосторства врз толерантниот македонски народ. Само во гостиварскиот крај беа запалени селата: Маврово, Леуново, Никифорово, Беличица, Железна Река, Тумчевиште и притоа загинаа 350 борци-партизани и 150 цивили. Само во еден ден на 19 септември 1944 година, кога беше запалено селото Беличица од страна на балистите, загинаа 19 партизани и 17 цивили.Не ми е познато да паднат толку жртви само во еден ден во едно место во Македонија.

Сакам уважениот генерал да го демантирам во еден негов напис во „Утрински весник“ за кризата 2001 година дека, наводно, дотогаш немало судир помеѓу Македонците и Албанците. Исто така, сакам да напомнам дека неговата рецензија, односно извадокот од неа за книгата „Војната во Македонија во 2001“, од почитуваните Митре Арсовски, Стојан Кузев и Ристо Дамјановски, не ја третира како војна, туку како криза. Наспроти него, во рецензијата од д-р проф. Светомир Шкариќ настанот се третира со вистинското име зашто, цитирам, „се војуваше со оружје, се водеше вистинска војна на улиците во Тетово и војната се водеше помеѓу агресорот од Косово и безбедносните сили на РМ... и се водеше контролирана војна и претворањето на АРМ во оловна војска“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=205866ACB...F5B4BB59D4
Без Ботев няма България
13-01-2013, 12:02 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#5

4

26.10.2006, 17:11

Бугарија ја попречува регистрацијата на ОМО „Илинден“ - Пирин


Иако Судот во Стразбур нареди регистрација, државата ја присилува организацијата повторно да аплицира под построги правила
Брисел - Бугарија продолжува со намерно попречување на регистрацијата на партијата ОМО „Илинден“ - Пирин.

Ова се наведува во писмото од лидерите на Европската слободна алијанса (ЕФА), пратеничка група во Европскиот парламент, упатено неодамна до претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, до комесарот за проширување, Оли Рен, до Советот на министрите на Унијата и до највисоките власти во Бугарија.

„По една година откако Европскиот суд за човекови права од Стразбур донесе одлука со која на Бугарија и' се наложува да ја прифати регистрацијата на партијата ОМО ’Илинден‘ - Пирин, државата продолжува со уште поголем ентузијазам да ја опструира работата на организацијата, со цел никогаш да не добие легитимитет како учесник во рамките на бугарската демократија“, неведува во своето писмо г-ѓа Нели Мајс, претседател на ЕФА.

„Иако Судот во Стразбур нареди регистрација, државата ја присилува организацијата повторно да аплицира под построги правила“, се наведува во писмото.

„Судот во Софија наскоро треба да одговори на барањето поднесено од партијата ОМО „Илинден“ - Пирин, но прелиминарното сослушување извршено на 18 октомври годинава беше целосна фарса“, пишува Мајс.

Таа оценува дека бугарското Обвинителство на прелиминарното сослушување подготвило документ од 90 страници во кој се наведуваат причините зошто не треба да се дозволи регистрација на ОМО „Илинден“ - Пирин, но дека Обвинителството не успеа да покаже цврсти факти кои ќе овозможат одбивање на регистрацијата.

Претседателот на ЕФА уште додава дека „Обвинителството не ја негира бројката на собраните 6 илјади потписи од членови на партијата“ (за регистрација се неопходни 5 илјади), дека „Обвинителството нема забелешки за Уставот и Статутот на партијата“ и оти единствената забелешка е дека „на Основачкото собрание немало 500 члена, што е тотална невистина“.

ЕФА има и огромни забелешки до бугарскиот печат, наведувајќи во писмото дека необјективно и само од едната страна ја презентирал целата ситуација . (Макфакс)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=69F724FAF...C4DA01AA89
Без Ботев няма България
13-01-2013, 12:05 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#6

5
29.10.2006, 16:30
Михов: За Македонците во Бугарија може да праша само ЕУ


Бугарскиот амбасадор во Македонија, Михо Михов, вели дека само Европската унија може да ја праша Бугарија дали Македонците имаат право да се кандидираат на избори со свои партии во Бугарија сега кога земјата е на прагот на Унијата. „Вие ги прикажувате нештата како да се вистина. Најмалку Македонија и вие како медиум можете да и' поставувате вакви прашања на Бугарија, која е веќе член на Унијата. Тоа прашање на Бугарија може да и' го постави само ЕУ. И тоа е внатрешно прашање на Бугарија, а не на односите меѓу Македонија и Бугарија, а амбасадорот е тука за да ја утврдува надворешната политика на Бугарија и добрососедските односи“, изјави амбасадорот Михов за Радио Слободна Европа.

Тој демантира дека по последното чествување на гробот на Јане Сандански добил протестна нота од македонското МНР, во периодот кога со него раководеше министерката Митрева. Според амбасадорот, станува збор за „измама и лага можеби диктирана од македонските медиуми“.

Михов смета дека барањата за бугарско државјанство од страна на македонски граѓани „не се застрашувачки ниту за бугарската ниту за македонската влада и држава“. Од почетокот на годинава досега повеќе од 5.800 македонски граѓани поднеле документи за бугарско државјанство, а позитивен одговор добиле 1.900. „Тоа е едно правилно изразување на волјата на македонските граѓани кои се чувствуваат како Бугари и сакаат да добијат државјанство“, изјави Михов за Радио Слободна Европа.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CE34E6F0E...5C2A560BA8
Без Ботев няма България
13-01-2013, 12:06 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#7

6
30.10.2006, 16:41
Уште еден мандат за Прванов, Бугарија го отфрли ксенофобот
Актуелниот претседател освои 76, а националистот Волен Сидеров 24,3 отсто од гласовите
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ


Актуелниот претседател Георги Прванов ќе остане уште еден мандат на чело на Бугарија. Тој во вториот круг на претседателските избори освои близу 76 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат, националистот Волен Сидеров, 24,3 отсто.

По дознавањето на победата над својот противник, Прванов истакна дека очекува повеќе конкретности од владата и од парламентот, зашто луѓето не гледале перспектива и биле разочарани од институциите.

„Ќе започнам серија консултации со партиите во од парламентот и надвор од него, со невладини организации, синдикатот, со луѓето што имаат тешкотии како експерти за тоа што може да направи претседателската институција во наредниот втор мандат“, додаде тој, нагласувајќи дека на 22 јануари, кога и официјално ќе биде промовиран за претседател, сака неговото искажување да звучи максимално конкретно и убедливо за голем број бугарски граѓани. Прванов истовремено најави дека по завршувањето на вториот мандат ќе се откаже од политиката и ќе и' се посвети на неговата професија како историчар и на своето семејство.

Поразениот Волен Сидеров изјави дека бугарскиот национализам е веќе фактор во политиката и не може тој да биде заобиколен или омаловажуван. Според лидерот на националистичката Атака, неговата партија со освоените гласови станува прва или втора политичка сила во Бугарија. На овие избори зад Сидеров застанаа над 600 илјади бугарски граѓани, со што ги поддржаа неговите ултранационалистички и ксенофопски ставови кои на Софија и' создаваат лош имиџ во светот.

Премиерот Сергеј Станишев ја означи победата на Георги Прванов како референдум за европската ориентација на Бугарија. „Меѓу гласовите на Волен Сидеров има гласачи кои протестираат против актуелната власт и националисти. Голем број од избирачите гласаа за некаква алтернатива која е екстравагантна. Во вториот круг имаше и гласачи од десницата кои го поддржаа Сидоров“, истакна бугарскиот премиер.

Македонците во Бугарија, како и во првиот, така и во вториот круг не излегоа да гласаат, протестирајќи поради опструкциите што ги прават властите околу регистрацијата на партијата ОМО „Илинден“ – ПИРИН, за која се измислуваат разни формални пречки за да не се појави на политичката сцена, иако Стразбур од Софија бара партијата да ја регистрира веднаш.

Весникот „Труд“ информира дека лидерите на десницата, откако не нашле сили да ги повикаат своите симпатизери дали и за кого да гласаат на вториот изборен круг, останале незабележани. Малкумина имале храброст да излезат на изборните места, а тие што се појавиле се криеле од камерите и фотоапаратите. Иван Костов, лидер на Демократите за силна Бугарија, гласал во раните утрински часови, а Петар Стојанов, прв човек на Сојузот на демократските сили, „заминал на печурки“. „Стандарт“ пишува дека Прванов го симнал Волен Сидеров на земја и ги уништил неговите илузии дека е нов месија.

Во тоа дека Прванов ќе победи на овие претседателски избори никој не се сомневаше. Во изминативе години тој беше еден од најпопуларните политичари во Бугарија. Во негов прилог одеше и фактот што раскараната десница не најде сили да се обедини и да застане зад еден кандидат, така што му беше многу лесно да го победи ксенофобичниот Сидеров .

Прванов во однос на тамошните Македонци и спрема Македонија е на познатите бугарски позиции. Пред неколку месеци, кога бугарскиот министер за надворешни работи, инаку поранешен советник во неговиот кабинет, ја обвини Македонија дека врши агресија врз бугарската историја тој целосно го поддржа застанувајќи зад неговата изјава.

Без Ботев няма България
13-01-2013, 02:11 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#8

7
31.10.2006, 16:28
Бугарија ги губи жителите, каде се луѓето?

Според предвидувањата, населението на Бугарија од 2005 до 2050 година ќе опадне од 7,7 милиони на 5 милиони


ЛАКИ - Овој социјалистички рударски град на иднината беше толку нов на основањето во 1959 година што имаше ново модерно одделение за мајчинство и немаше гробишта. Денес бројот на населението изнесува 4.000, што е намалување од 10.000 во 1990 година. Само два од петте олово-цинкови рудници се' уште работат, без можност да се натпреваруваат на светскиот пазар. Осум од деветте училишта во општината се затворени, бидејќи има многу малку деца. Одделението за мајчинство одамна ги затвори своите врати.

„Речиси ги искористивме гробиштата што ги имаме“, вели Тодор Тодоров, градоначалник на ова место во Родопските Планини на јужна Бугарија. „Брзаме да пронајдеме терен за нови“.

Истрошен но шармантен, Лаки не е занемарен. Улиците се чисти и организирани, а многу јавни згради се свежо бојосани. Единствено локалните жители можат да видат што недостасува - луѓе кои некогаш ги полнеа улиците. „Градот буквално умира“, вели Марија Иванова (49) која работи во кафуле на главната улица под борови сенки. „Нема работа и сите млади луѓе заминаа“.

Лаки е еден од поекстремните случаи на депопулација во Бугарија, каде што вкупното опаѓање на бројот на населението се смета за едно од најсериозните во светот. Дваесетте поголеми града го губат населението од 1989 година, освен главниот град Софија. Според предвидувањата на Бирото за популациски карактеристики, невладина организација во Вашингтон, населението на Бугарија ќе опадне за 34 проценти од 2005 до 2050 година, од 7,7 милиони на 5 милиони. Бирото предвиде дека единствената земја што ќе загуби повеќе свои жители во тој временски период е Свазиленд, каде што 38 отсто од населението има ХИВ.

„Иако намалувањето на населението погодува многу други земји во Европа, проблемот во Бугарија е покомплициран поради нискиот стандард на живеење“, вели Емилија Војнова, претседателка на канцеларијата за демографска политика во Министерството за труд и социјална политика во Софија. Војнова подготвува национална стратегија за подобрување на животните стандарди за да можат Бугарите да имаат повеќе деца, помалку да емигрираат и подолго да живеат.

Тешкотиите со кои се соочува Бугарија можат да се споредуваат со Италија, која, исто така е загрижена за населението - на секој пензионер во Италија има само четворица работници. Во Бугарија има само 1,5 работници за секои двајца пензионери и стапката уште повеќе се влошува. „Не постои начин системот на социјална заштита да биде независен“, истакнува Војнова.

Јордан Калчев, шеф за популациска статистика во Бугарскиот национален статистички институт, вели дека популациското опаѓање започнало за време на комунистичката ера и се забрзало кога бил окончан стариот систем во 1989 година, а економијата пропаднала. „Младите луѓе се чувствуваат несигурни за нивната иднина и тоа се одразува на нивното репродуктивно однесување“, вели тој. Стапката на плодност - просечен број на деца по жена - сега е 1,3 во Бугарија, исто како и во Германија. Стапката со која треба да се одржи нивото на популација е 2,2. Калчев проценува дека 800.000 Бугари емигрирале од 1989 до 2004 година, или околу 10 отсто од населението. Фактот дека многумина кои заминале се млади возрасни луѓе го зголемува опаѓањето.

Демографската дилема на Бугарија е евидентна во 144 села чија бројка на население сега изнесува 0. Дополнителни 337 села имаат 10 или помалку жители. Селото Балкан Махала, што се наоѓа околу 12 км од Лаки, има официјално население од осум луѓе. На ридовите се расфрлани околу 30 куќи, со камени покриви и пространи дворови, повеќето напуштени.

Никола Стоиков бил четврто одделение кога се затворило неговото училиште во 1964 година. Тој се' уште живее во селото со неговите родители, при што секој има посебна куќа. „Семејството има земјиште, вели тој, но нема кој да се грижи за тоа“. „Државата не може да направи ништо да ни помогне“, додава Стоиков во паузата од хранењето свињи. „Останаа само стари луѓе“.

Неговиот татко Васил Стоиков (84) се потпираше на еден стрмен рид јадејќи го ручекот од јогурт, салата и свинско, кои сам ги произведува. Целата негова облека е рачно изработена: дебели кафеави рачно предени волнени панталони, плетени волнени чорапи и кафеав плетен елек. „Овде станува многу здодевно“, вели тој, гледајќи преку панорамата од сини планини и зелени ридови.

Далеку на запад, во Дупница, 70 км јужно од Софија, населението опадна од 57.000 кон крајот на 1980-те години, на 44.000. Во комунистичкиот период, околу 70 отсто од жителите работеа во големи производствени фабрики, од кои повеќето сега се затворени, како што Лаки зависи од своите рудници.

Дупница им нуди на мотоциклистите на минување пост-апокалиптична визија за сериозно индустриско пропаѓање. Огромни за’рѓани фабрики и складишта со покриви од скршени прозорци го сочинуваат погледот во најголем дел од меѓународниот автопат што минува низ градот. Во центарот на градот, полн со распаднати згради, бетонски згради и модерни привлечни кафулиња, двајца пензионери седеа на клупа во паркот.

„Разговараме како беше, тука не можеше да се помине бидејќи имаше толку многу луѓе во летните вечери“, вели Иванка Христова. „Сега не се забележува ниту еден човек“. Нејзиниот сопруг Георги (60) беше раководител на производство во фабрика за машини која некогаш вработувала 1.400 луѓе. Сега е затворена. „Жално е и разочарувачки што моите деца треба да одат во странство за да најдат работа“, вели тој. „Некој кој е образуван како професор треба да оди во Шпанија и да стане чистач или градител за да живее подобро“.

(Интернешенел хералд трибјун)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=378E4FE26...87056FC559
Без Ботев няма България
13-01-2013, 02:13 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#9

8
01.11.2006, 18:39
ОМО „Илинден“ - ПИРИН ќе се жали до Советот на Европа


ОМО „Илинден“ - ПИРИН ќе се жали пред Советот на министрите на Советот на Европа и до Врховниот суд на Бугарија по одбивањето да не биде регистрирана од софискиот суд. Според Стојко Стојков, еден од копретседателите на партијата на Македонците, софискиот суд немал никаква основа да не ја регистрира нивната партија. Тој истакнува дека Бугарија е должна да го исполни решението на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со која беше поништена одлуката на Уставниот суд кој ја забрани ОМО „Илинден“ - ПИРИН пред седум години. „Ние не треба да се регистрираме по втор пат, туку да ни се врати регистрацијата која ни беше одземена“, изјави Стојков.

Во образложението на софискиот суд се истакнува дека се одбива регистрацијата на партијата на Македонците поради нецелосни, неточни и несоодветни податоци за потребниот број основачи на партијата и нерегуларностите во составот на партиските тела. Стојко Стојков смета дека сите наводи на судот немаат никаква правна основа и дека единствено може да се прифати само аргументот тоа што дел од тие што се зачлениле во нивната партија ги потпишале пристапниците, но не ги пополниле самите. Според него, судот барал разни начини и формални причини за да не ја регистрира партијата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=6ACDBD316...43294DAC88
Без Ботев няма България
13-01-2013, 02:15 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#10

9
01.11.2006, 17:39
Едиторијал
Неевропски потези на Софија

ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

Во Бугарија се' се менува само односот кон Македонците останува ист. Тие за неа и натаму се граѓани од втор ред и предавници на сопствениот род. Софија за два месеца ќе влезе во Европската унија, но ако продолжи со постојната политика кон македонското и другите национални малцинства Бугарите никогаш нема да станат Европејци. Бугарија се' уште не сака да сфати дека постојат луѓе кои не сакаат да прифатат да бидат прогласувани тоа што не се, кои се бугарски граѓани, но не се чувствуваат Бугари, зашто си ги знаат своите македонски корени. Дури ниту предупредувањата на демократска Европа не можат да ја убедат Софија дека таа, конечно, треба да прифати дека на нејзина територија живеат и Македонците, ниту казните изречени од Европскиот суд на човековите права во Стразбур, не можат да повлијаат таа да ги почитува нивните основни човекови права.

Само наивните можеа да очекуваат дека софискиот суд ќе ја регистрира ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Тоа се знаеше уште тогаш кога партијата го одржа конститутивното собрание и кога против неа на нозе се крена половина Бугарија, предводени од националистичката ВМРО, која очигледно е репер како да се однесуваат бугарските власти кон Македонците. Тогаш дури се слушнаа и повиците „Македонците надвор од Бугарија“, „Ако бугарските институции не преземат нешто против ОМО „Илинден“ - ПИРИН, тогаш работите ќе ги преземеме ние“, извикуваа приврзаниците на Красимир Каракачанов.

Наместо партијата на Македонците да биде регистрирана веднаш, како што сметаа европските организации за заштита на човековите права, бидејќи таа веќе постоеше пред да биде забранета од Уставниот суд, власта побара да собере најмалку 5.000 пристапници од нејзини членови. Кога ОМО „Илинден“ - ПИРИН почна да се организира, одново стапија националистите на софиската ВМРО, нагласено поддржани од бугарските медиуми кои на разни начини ги валкаа луѓето што имаат храброст да кажат дека не се Бугари. Според однапред подготвеното сценарио, луѓе на Каракачанов систематски измислуваа разни афери, обвинувајќи ги сиромашните Македонци дека плаќале луѓе за да се зачленат во партијата, дека еден човек потпишувал и по педесетина лица, дека зачленувале малолетни лица и што уште не. А поднесените пријава од националистите обвинителството „ревносно“ ги спроведувало, започнувајќи истраги против Македонците.

За да разбере јавноста дека хајката и валканите игри против ОМО „Илинден“ - ПИРИН не се каприц на националистите, министерот за надворешни работи, Ивајло Калфин, излезе со познатата изјава дека Македонија врши агресија врз бугарската историја, нешто што во почетокот се толкуваше како несмасен гаф на првиот бугарски дипломат. Но, кога подоцна својот поранешен советник го поддржа и претседателот Георги Прванов, стана јасно дека тоа, всушност, е обмислена стратегија на официјална Софија за евентуално Македонија да не реагира околу партијата на Македонците.

Меѓутоа, изјавите од највисоко државно ниво и секојдневните притисоци не ги заплашија Македонците. Тие продолжија да зачленуваат нови приврзаници, така што зад партијата не застанаа само 5.000, колку што бараше законот, туку близу 6.000 лица. Тогаш институциите на бугарската држава започнаа акција за проверување на секоја пристапница. Поголеми групи од претставници на обвинителството, локалната и финансиската полиција влегуваа во домовите на членовите во ОМО „Илинден“- ПИРИН, претставувајќи ја партијата како најголемо бугарско плашило и барајќи од нив да се откажат од неа со закани дека ќе им се суди ако не го сторат тоа.

Дека ОМО „Илинден“ - ПИРИН нема да биде регистрирана се знаеше уште по расправата во софискиот суд. Во предвечерјето на донесувањето на одлуката неа ја најави и бугарскиот амбасадор во Македонија, Михо Михов, исто така, поранешен советник на Прванов, кој неодамна арогантно изјави дека никој од Македонија нема право да прашува за некакво македонско малцинство во нивната држава, оти тоа можела да го прави само Европската унија.

Утре македoнскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, ќе престојува во Софија. Македонците во Бугарија очекуваат тој да ги праша домаќините зошто се одбива регистрацијата на ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Истовремено, се надеваат дека тој ќе застане зад нивната борба за остварување на човековите права, како прв дипломат на матичната држава која треба да се грижи за нив кога сите ги негираат.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=33696568A...159BBABD45
Без Ботев няма България
13-01-2013, 02:19 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#11

10
03.11.2006, 18:03
За Софија нема ништо спорно во нерегистрацијата на ОМО „Илинден“ – ПИРИН


СОФИЈА - Бугарија вчера ја отфрли вината на своите судски органи околу отфрлањето на регистрацијата на партијата на Македонците во таа земја ОМО „Илинден“ - ПИРИН. „Одлуката на Европскиот суд за правата на човекот не претполага регистрација на партијата. Бугарија беше осудена на парична казна и таа си ја плати. Мислам дека Бугарија целосно го исполнува тоа што го бараше судот и нема ништо што не е исполнето“, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Ивајло Калфин по разговорите со својот македонски колега Антонио Милошоски во Софија.

Милошоски истакна дека тој не е судија во Европскиот суд за човекови права за да може да дава свои оценки за судскиот систем во Бугарија за нивните решенија во однос на регистрацијата на партии. „Сакам да ве уверувам дека од бугарска страна бев убеден дека бугарската влада воопшто нема да прави никакви пречки и е либерална во тој поглед секој да може да го изрази своето национално чувство, така како што сака“, нагласи Милошовски. Бугарскиот и македонскиот министер разговарале и за тоа прашање и, како што нагласи Калфин, тие имале многу заедничка позиција.

Околу тоа дека бугарскиот амбасадор во Скопје, Михо Михов, не им дозволувал на новинарите да прашаат за македонското малцинство во Бугарија со образложение дека тоа е право само на Европската унија дали ќе има Македонци во Бугарија, министерот Калфин одговори дека не може да се очекува тој да се дистанцира од својот амбасадор од Скопје. „Положбата со правото на самоопределување е кристално јасна и Бугарија ги почитува апсолутно сите меѓународни норми за почитување на човековите права. Секој граѓанин во Бугарија има право на самоопределување и нема никакви ограничувања во тој однос“, рече тој.

По влегувањето во Европската унија, Софија ќе воведе визи за македонските граѓани. Тие ќе се издаваат во бугарските конзулати во Македонија. „Визите ќе бидат бесплатни, бугарската влада ќе ги преземе сите трошоци околу издавањето. Тоа е наш пријателски гест кон нашите македонски пријатели“, истакна бугарскиот министер за надворешни работи Ивајло Калфин по потпишувањето на спогодбата за регулирање на визниот режим меѓу двете држави со македонскиот министер Антонио Милошоски вчера во Софија. „Не сум среќен поради тоа што ја потпишав оваа спогодба за добивање визи, но таа е една неопходност што се случи, пред се', поради зачленувањето на Бугарија во Европската унија“, истакна Милошоски, нагласувајќи дека спогодбата ќе има привремен карактер.

Инаку, двајцата министри на средбата разговарале, пред се', за економските прашања, за Коридорот 8, посебно за нафтоводот АМБО, за чија изградба, како што беше речено, Бугарија е заинтересирана. Бугарија и' нуди целосна поддршка и помош на Македонија за евроатлантска интерација. Министрите се договориле колку што може помалку простор да им даваат на историчарите, а колку што може повеќе простор на бизнисмените и на стопанствениците.

Македонскиот министер вчера беше примен и од претседателот на Бугарија, Георги Прванов, а се сретна и со претседателот на Народното собрание, Георги Пирински. Прексиноќа тој го посети Македонскиот културно-информативен центар во Софија и имаше средба со претставници на Македонците во Бугарија.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=2BAA93E83...F6F1E2B903
Без Ботев няма България
13-01-2013, 02:21 PM
Reply
Zoograf Offline
Senior Member
****

Posts: 643
Joined: Jul 2010
Reputation: 30
#12

(13-01-2013, 11:32 AM)Топорчо Wrote: 3. Каква ми е целта

Дано в Македония покрай вечнити критики към източния съсед , да погледнат проблемите в собствения си двор , защото в днешно време медиите са много мощно оръжие и човек трябва да се отнася много отговорно какви настроения и атмосфера насажда чрез писанията си.
Ми се допаѓа систематичноста која ја користиш, мислам дека е добра идеја. Сепак, сите ние имаме одредени пристрасности, сакале или не да признаеме. Така да во било каква анализа на податоци, многу е важно дали е bias free, односно низ какви филтери е пропуштена за да воопшто даде валиден тест.

Ми падна на памет една работа која ја користат некои хеџ фондови. Кога се очекува важна вест, на пример владин макроекономски рапорт или на пример профит извештаји на коорпорација, некои од нив скенираат Bloomberg/Reuters news feeed, за позитивни ,негативни или неутрални зборови за да се оцени дали е веста позитивна или негативна и следствено за фракција на секунда да се изврши одлуката каква трансакција да се направи.

Во тој контекст, ако ја искористиме таа идеја и препоставиме дека воколку например се спомнува Бугарија и позитивни зборови, во документи на македонски сајтови (поедноставено со .мк домен, каде се сите весници регистрирани)) шансите да се зборува поволно или неутрално се поголеми од приказната да е генерално негативна. Слично ако се бара македония и позитивен/негативен збор може да се виде генералната слика.

Еве го резултатот, генерално испаѓа дека има повеќе позитивни од негативни приказни и кај едните и другите, со тоа што во Македонија е тоа поизразено. Што отвора друго прашање: дали е овој тест валиден (барем да даде некаква приближна слика), и ако е, дали е проблемот што премногу се дава тежина на негативните прашања.
[Image: 256s9dt.jpg]
Бензинoт e ваш, a идејите наши.
О. Б.
13-01-2013, 04:57 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#13

(13-01-2013, 04:57 PM)Zoograf Wrote:
(13-01-2013, 11:32 AM)Топорчо Wrote: 3. Каква ми е целта

Дано в Македония покрай вечнити критики към източния съсед , да погледнат проблемите в собствения си двор , защото в днешно време медиите са много мощно оръжие и човек трябва да се отнася много отговорно какви настроения и атмосфера насажда чрез писанията си.
Ми се допаѓа систематичноста која ја користиш, мислам дека е добра идеја. Сепак, сите ние имаме одредени пристрасности, сакале или не да признаеме. Така да во било каква анализа на податоци, многу е важно дали е bias free, односно низ какви филтери е пропуштена за да воопшто даде валиден тест.

Ми падна на памет една работа која ја користат некои хеџ фондови. Кога се очекува важна вест, на пример владин макроекономски рапорт или на пример профит извештаји на коорпорација, некои од нив скенираат Bloomberg/Reuters news feeed, за позитивни ,негативни или неутрални зборови за да се оцени дали е веста позитивна или негативна и следствено за фракција на секунда да се изврши одлуката каква трансакција да се направи.

Во тој контекст, ако ја искористиме таа идеја и препоставиме дека воколку например се спомнува Бугарија и позитивни зборови, во документи на македонски сајтови (поедноставено со .мк домен, каде се сите весници регистрирани)) шансите да се зборува поволно или неутрално се поголеми од приказната да е генерално негативна. Слично ако се бара македония и позитивен/негативен збор може да се виде генералната слика.

Еве го резултатот, генерално испаѓа дека има повеќе позитивни од негативни приказни и кај едните и другите, со тоа што во Македонија е тоа поизразено. Што отвора друго прашање: дали е овој тест валиден (барем да даде некаква приближна слика), и ако е, дали е проблемот што премногу се дава тежина на негативните прашања.
[Image: 256s9dt.jpg]

Всеки анализ на темата е добре дошъл.Забележката ти че съм пристрастен bias е съвсем на място.Наясно съм , че колкото и да се старая няма как да избягам от това. Затова тук показвам всички статии за България без да ги квалифицирам като позитивни или негативни. Моята задача е да ги изровя от архивите пък от там нататък нека който му се чете сам да си прави изводите. След време когато ги постирам всичките може да направим една смесена комисия и да излезем с общо становище - позитивни , негативни , неутрални , други.

Без Ботев няма България
13-01-2013, 06:13 PM
Reply
nescafe Offline
Member
***

Posts: 91
Joined: Dec 2012
Reputation: 9
#14

Много благодаря на Топорчо за полагания труд. Човек вижда дългосрочни тенденции.

Зоограф, и аз имам малко съмнения в тези количествени методи.
В някои ситуации работят по-добре от останалите. Например мога да си представя, че вършат добра работа, когато трябва много бързо - за секунди - да се обобщи кризисна информация. Да кажем както и да събереш в едно изречение "банка" и "фалит", все е тревожно (например "Райфайзен банк няма да фалира тази година" - позитивно изречение, ама...)

Докато за по-сложни анализи не съм толкова сигурен. Помисли например колко пъти срещаме позитивната дума "добросъседски" редом с "България" напоследък в македонските медии и сам прецени колко от изреченията са били позитивни.
13-01-2013, 06:20 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#15

Добавям още 5 мнения за да дам старт на темата , а от утре по 5 на ден.

11
05.11.2006, 17:40
Струмица
Средба на македонскиот и на бугарскиот претседател
Правата на малцинствата според европски терк



Со високи бугарски воени почести и панахида што ја одржаа свештеници на МПЦ, завчера во струмичко Ново Село беа осветени воените гробишта на кои се закопани војници во состав на бугарската армија од балканските и од Првата светска војна. На свеченостите по тој повод присуствуваше и бугарскиот претседател Георги Прванов со сопругата. Посетата се совпадна со Архангелова задушница на која, според традицијата, се оддава почит спрема мртвите, како и благодарност до офицерите и војниците паднати од редовите на бугарската армија.

- Мислам дека ова е еден добар знак за новото европско читање на историјата и е знак за европски начин на однесување меѓу двете држави. Тоа што веднаш по мојот втор избор за претседател доаѓам во Македонија е, исто така, знак за важноста на односите меѓу Македонија и Бугарија. Во секаква смисла ќе го помагаме што е можно побрзото зачленување на Македонија во ЕУ, изјави бугарскиот претседател Георги Прванов.

По церемонијата во Ново Село, Прванов имаше неформална средба со македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Се сретнаа во Градскиот парк во Струмица, каде што пред споменикот на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски положија цвеќе.

Неизбежна тема во изјавите на двајцата претседатели пред македонските и бугарските новинари беше статусот на македонското малцинство во Бугарија и одбивањето на бугарските судови да ја регистрираат партијата на ОМО „Илинден“-ПИРИН.

- Не се коментираат судски решенија, бидејќи тоа е европска практика. Бугарија ја исполни одлуката на судот во Старзбур и оттука натаму решението не ја задолжува Бугарија да регистрира партија или да направи таква регистрација, но тоа е внатрешно прашање, изјави Прванов.

Црвенковски откако потсети на принципот на немешање во внатрешните работи во соседните земји, побара почитување на правата на млацинствата според европските норми и стандарди.

- Ние ниту сме имале, ниту имаме намера да се мешаме во внатрешните работи на која било соседна земја и ќе инсистираме тој принцип да биде почитуван од другите држави кон Република Македонија. Но, во случајот се работи за проблематика на почитување на човековите права и слободи во која спаѓа и политичкото здружување, што не можеме да го сметаме како прашање кое исклучиво припаѓа на внатрешните работи на која било европска држава, без разлика дали е членка или има намера да стане членка на ЕУ. Колку една земја е поблиску до ЕУ, толку и одговорноста по прашањето на почитувањето на меѓународните норми и стандарди во сферата на заштитата на човековите права и слободи треба многу поодговорно да се однесува кон тоа прашање. Јас сум убеден дека и Македонија и Бугарија треба и мора да ги почитуваат тие норми и стандарди, изјави Црвенковски.

Во Ново Село се обновени 71 гроб на загинати војници во состав на бугарската армија за време на балканските и Првата светска војна. (С.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=86651930B...1C4F0C8CFC
Без Ботев няма България
13-01-2013, 06:35 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#16

12
Климатизација на смртта
БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Дали нема никакви причини Бугарија да престане да ги заебава Македонците ако на Стразбур му ги плаќа казните за тие заебанции



Ако ми понудат лет во Рим и света вода ароматизирана кај Армани би можел да се вљубам во Христа посилно и побрзо отколку во некоја „невладина организација на Владата“ (Сашо Ордановски) што мавта наоколу со перспективите на министерските фотелји за мојот хемороиден задник. Карневалот на покрстувањето би можеле да го направиме тука ако овластениот претставник на Спасителот има муда да ми понуди мобилни телефони за комуникација по смртта откако стана јасно дека неговата идеја за климатизација на тесниот простор во внатрешноста на земјата може да влијае врз мирот на умрениот исто толку колку што Законот за полицијата ќе влијае врз умрениот мир во Македонија ако продолжи волшебната концентрација на режисерот и на неговиот продуцент. Да, би можел да го проширам стадото на христијаните со уште една овца ако ме одведат во „Света Петка“ на Калатрава или во „Свети Еразмо“ на Фостер оние што знаат дека моите проблеми со Бога се, пред се', од естетска природа и извираат од неподносливата грозотија на новата сакрална архитектура кај нас. Макар што секој верски дилер треба да знае дека во амбиент на велелепноста јас би можел да им се молам и на Алах, и на Маниту, и на Јехова, а би можел да и' се молам и на самата убавина како Бог. Ако ми пријде некое свештено лице во леопардова мантија од Мали, со розе пудра од копита на гну врз црните образи на стегнатото лице, јас би можел да потпишам пристапница за ортодоксниот ред на Западна Африка повеќе отколку за редот на Југоисточна Европа ако на тој пат „ме мамат“ во масни униформи на православните попови или во распуштените тоги на католичките фрањевци. Особено ако едните летаат на фонот на трансотичниот там-там додека овдешните „црнци“ градат национален идентитет од звучниот ѕид на гајдите што пискаат до небото за монополот на МПЦ. Ако пак во некое скриено, неприслушувано катче на нашата сакана татковина, некаде во околината на Псача, постои можност во сакрални скафандри на „Хјулит Пакард“ да се ужива во видеорамата на православното Спасение, а изворот на Вознесението да не е нов дел од вмровската заебанција позната меѓу народот како „Преродба во сто чекори“, јас сум подготвен за иницијација во верата и за спас на душата во секое време. Можете да не' викате Македонска православна црква на светиот скафандер.

Сонував ваков пазар на верата, љубовта и надежта, и, да, на стравот, без стрес на кој бев предупреден од оние што мислат дека дерегулацијата на чувствата ќе даде спротивни ефекти од ослободувањето на пазарот на овошните сокови, на медиумите и телекомуникациите, на резервните делови за трактори и комбајни, на литературата и културата, на сексуалната ориентација и на политичките идеи и организации врз комплексниот фундамент на националниот идентитет и врз ориентацијата на ценетото (мало)граѓанство. Не ми беше јасен тој страв пред да легнам, а не ми е јасен и сега кога повторно сум буден и го слушам дедо Стефан како бара закон кој ќе воспостави ред во областа на верските организации, а не хаос. Јас имам симпатии за неговата борба и затоа ми се чини умесно да предочам дека комунистите ќе го задржеа својот совршен ред да беше можно тоа што следуваше да се избегне со закон против хаосот ако со овој збор можеме да ги обележиме политичко- социјалните и (а)моралните процеси во македонската транзиција од 1990 година до денеска. А и Римјаните на Адријан ќе го направеа истото. Да не говориме за македонските млекари, кои ќе можеа и денеска да не' восхитуваат со киселото млеко во тавчиња што си ги носиме од дома уживајќи во ред од сто метри.

Нацијата која одбива да чита дури и бесплатни весници и верува дека Џафери ќе ја спаси од федерализација, нацијата која верува дека може да се прероди во сто чекори и тогаш кога по првите стапки радарот во Брисел и глувците на Водно кажуваат дека курсот е сосема погрешен, нацијата која и по петнаесет години се возбудува од шпионските приказни на другарот Тито, покажува какви последици се случуваат кога еден организам и по пубертетот ќе остане да виси на цицката на МПЦ додека оваа се тресе да го одбие да не би да остане без љубеното чедо божје. Тие работи не можат да се променат ако не се ослободиме од стравот од слободата, односно ако не се конституираме како општество кое може да ја поднесува слободата. Ако не израснеме во средина во која верата е приватна работа, а не национална и државна кауза. Во која верниците се организираат без какви и да е ограничувања надвор од општите прописи. Тие стандарди можат да се освојат или без специјален закон за верските организации или со најлиберализирана верзија на трагата на Европската конвенција за човековите права.

Јас не знам дали на православието ќе му се случи некој Мартин Лутер, но знам дека плурализацијата на христијанската опција (вистина, низ многу војни) е можеби најважниот аспект на историската супремација на западната цивилизација и дека во сендвичот меѓу агресивниот ислам и исплашениот Запад ортодоксијата ќе го загуби теренот пред современите предизвици на човештвото ако не се оспособи да егзистира во слобода. Но, наместо со нова свест за историската ситуација, ние се судираме со карикатуризација, со сапунизација и со крајна банализација на некогаш круцијалното прашање за автокефалноста на Македонската православна црква. Нема погреби во вселената од бордот на „Дискавери“, нема климатизирани гробови, нема шарени мантии, нема видеопроекции на рајот и на пеколот, нема филозофија на религијата, ниту пак религија на филозофијата. Има само шарени јајца, еден затворен егзарх и еден томос по кој нацијата трага како колективен Индијана Џонс, ѕидајќи си го споменикот на историската неполновредност. Не знам зошто ми се чини дека во последно време луѓето помалку се возбудуваат од новата рунда бесмислени преговори со СПЦ и од судбината на господинот Јован отколку од есенскиот цвет на сливите во долината на Неретва.

Покрај овој судир со здравиот разум ќе треба да ја издржиме и ароганцијата на една провинцијална култура која мисли дека европските бенефиции што и' се случуваат како резултат на историските коинциденции се алатки за припитомување на слабите соседи, а не на себеси. Еден бугарски дописник од Будимпешта тврдеше во емисијата на Велизар Енчев на Би-Ти-Ви дека на Софија никогаш нема да и' се случат демонстрации какви што и' се случија на Унгарија по повод вистината за лагите на унгарскиот премиер Ѓурчани затоа што „Бугарија е заостаната аграрна земја со недостојна историја и луѓе!“ Никогаш не би се осмелил да тврдам вакво нешто, но кога го слушам министерот Калфин како вели дека нема никакви причини Бугарија да престане да ги заебава Македонците ако на Стразбур му ги плаќа казните за тие заебанции, ми доаѓа да помислам дека во сите резерви на Лондон и на Брисел, на Париз и на Рим во однос на влезот на Софија во Европската унија стои и отпорот на европската пристојност, на европската, би рекол, нормалност кон формите на таа форсирана супериорност која се јавува секогаш кога историјата ќе им испорача на малите нации некаква шанса да излезат од старите комплекси без да се сменат. Влегува и невозможноста да објаснат според кои европски доследности по приемот на Бугарија ќе има држави кои не се членки на Европската унија, а сакаат да бидат. Уште не е доцна да тргнеме по стапките на вмровската легенда и (повикувајќи се на „бугарското потекло“) да побараме два милиона нови пасоши за да видиме колкави количества платежноспособна Бугарија може да издржи Унијата, а колкави количества Македонија може да поднесе Бугарија вакцинирана од европските „вируси“ на правата и слободите. Петтата космичка аксиома на рамнотежата вели дека Бугарија секогаш се оддалечува од цивилизацијата кога ќе тргне да и' се приближува на Македонија преку Сан Стефано.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1F9DAE9AB...AA3820C443
Без Ботев няма България
13-01-2013, 06:36 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#17

13
07.11.2006, 18:14
Предметот за ОМО „Илинден“ - ПИРИН не е затворен во Стразбур
Советот на Европа ќе разгледува колку Бугарија ги завршила обврските од пресудата на Судот за човекови права
Од нашиот дописник
ТОНИ ГЛАМЧЕВСКИ


Стразбур - Во Советот на Европа во Стразбур се' уште официјално не е пристигната веста за повторното одбивање на регистрацијата на политичката партија на македонското малцинство во Бугарија ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Одлуката на бугарскиот суд да не ја регистрира партијата речиси се совпадна со расправата во работната група за човекови права при Комитетот на министрите, каде што бугарската влада поднесе извештај за нејзиниот план за спроведување на двете последни пресуди на Европскиот суд за правата на човекот, со кои се бара регистрација на партијата на македонското малцинство.

Од дипломатски извори дознаваме дека Софија објаснувала оти се ангажирала и дека тоа ќе биде направено и дека се работело на тоа. Не е познато дали бугарските претставници во Стразбур не биле во тек со намерите на нивниот суд, што би требало да зборува за независноста на бугарското судство. Од друга страна, колку и да го тврдат спротивното највисоките бугарски раководители, најновата одлука на бугарскиот суд е во спротивност со пресудите на Европскиот суд за правата на човекот, кој претходните пресуди на бугарските судови при минатите обиди за регистрација на ОМО „Илинден“ и ОМО „Илинден“ - ПИРИН ги оцени едногласно како кршење на член 11 од Европската конвенција за правата на човекот, со кој е гарантирана слободата на здружување и собирање.

Бугарскиот премиер Сергеј Станишев летоска токму во Стразбур, во изјава која за „Утрински весник“ ја даде во Советот на Европа, рече дека „не е владата таа која што ги регистрира политичките партии и здруженијата на граѓани“. Односно, дека тоа е во надлежност на бугарските судови. Станишев и неговата влада сигурно дека добро знаат дека ако не се тие кои регистрираат, тогаш тие се обврзани да го гарантираат спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права. Таа обврска бугарската влада ја има преземено со ратификацијата на Европската конвенција за правата на човекот.

Пред Комитетот на министрите каде што се следи спроведувањето на пресудите, планот за нивното реализирање го претставува претставник на владата, а не на судовите на земјата. Бугарската влада за претходните четири предмети, во кои беше констатирано дека го крши правото за слободно здружување и собирање на македонското малцинство, има поднесено извештај во кој тврди дека пресудите од Европскиот суд во Стразбур биле испочитувани и реализирани во целост. Под тоа Софија подразбира дека нивното преведување на бугарски јазик и исплатата на судските трошоци на тужителите е доволно за да биде испочитувана пресудата донесена во Стразбур, а дека нема потреба од регистрација на партијата. Но, кога ќе се погледне документот, за кој во октомври годинава се расправаше во телото за следење на пресудите при Комитетот на министрите на Советот на Европа, повеќе од јасно се гледа дека Советот на Европа, колку тоа и да не и' се допаѓа на Бугарија, очекува регистрација на ОМО „Илинден“ и ОМО „Илинден“ - ПИРИН како здружение или политичка партија. Следниот состанок на кој ќе се расправа за ова е закажан за 5 и 6 декември годинава. Дотогаш бугарската влада ќе треба да достави „план за акција со кој ќе бидат опфатени општите и индивидуалните мерки за да се спречат слични кршења на правата кои произлегуваат од Европската конвенција и регистрација на организацијата ‘Илинден’ како политичка партија и/или здружение“, стои во кратката информативна нота на Комитетот на министрите.

Овие барања упатени до Софија се достапни на Интернет-страницата на Комитетот на министрите на Советот на Европа, исто како и текстот од пресудите донесени во полза на ОМО „Илинден“ и ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Значи, предметите заведени под броевите 59489/00 и 59491/00 се' уште не се затворени во Стразбур.

Во интерес на заинтересираните страни, во случајот членовите на ОМО „Илинден„ и ОМО „Илинден“ - ПИРИН е да го информираат генералниот секретар на Советот на Европа и Комитетот на министрите со најновата ситуација. Од друга страна, ако мисијата на Македонија не покажеше интерес за последниот предмет, и тој ќе беше затворен како што беа затворени претходните.

Елеонора Петрова-Митевска, амбасадорката на Македонија при Советот на Европа, околу овој случај ни изјави: „Реагиравме за овој случај. Кога се разгледуваше случајот на ОМО ‘Илинден’, добивме уверување од бугарската страна дека работите одат во позитивна насока и дека тие се подготвуваат за разрешување на ова прашање. Кога случајот ќе дојде на разгледување во работната група за човекови права или во Комитетот на министрите, тогаш мисијата на Македонија во Стразбур ќе реагира повторно за да се имплементираат одлуките на Судот за човекови права“.

Бугарските раководители, кои иако се кријат зад европската максима дека „судските одлуки не се коментираат“ се под притисок на Советот на Европа. Тие ќе треба да го објаснат целосното неспроведување на пресудите на Судот за човекови права во соодветните предмети кои се однесуваат на македонското малцинство во оваа земја. Претходно од владата на Софија беше побарано да ги објави и достави до сите надлежни судови во Бугарија пресудите кои беа донесени во полза на ОМО „Илинден“ поради одбивањето на регистрацијата на ова здружение и партија. Со тоа тие ќе се запознаат со обврските кои ги имаат кон Европската конвенција за правата на човекот, односно правото на овие здруженија или партии да бидат регистрирани.

Гинтер Довен, кодиректорот на Европската слободна алијанса, во која е поканета да членува и нерегистрираната партија на македонското малцинство во Бугарија, е убеден дека притисоците врз Софија ќе дадат плод, како што беше и случајот со партијата на македонското малцинство во Грција „Виножито“. „Во 1994 година, ситуацијата беше слична во Грција со ’Виножито’, нивната регистрација беше одбивана со години. Но, по притисоците и бројните писма што ги испративме, Уставниот суд на Грција ја прифати кандидатурата на ’Виножито’ пет дена пред европските избори во 1994 година“, вели Довен за „Утрински весник“.

Според Довен, кој во септември заедно со шпанско-каталонскиот европратеник Жуан И Мари ја посети Бугарија за да се запознае со ситуацијата на македонското малцинство со ваквото однесување, Бугарија не им придава големо значење на европските институции. „Одлуките на Европскиот суд од Стразбур се' уште не се спроведени, па дури се прави уште потешка положбата на претставниците на Македонците во Бугарија. Тоа е неприфатливо. Се надеваме дека европските институции ќе им дадат до знаење на бугарските власти дека тоа е неприфатлив случај за Унијата“, заклучува Довен. (T.Г.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=F923DB314...46AAA9D08B
Без Ботев няма България
13-01-2013, 06:37 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#18

14
Празник во служба на големобугарската идеја

Група првоборци и преродбеници


Ние, група борци и преродбеници, чувствуваме потреба, но и обврска, јавно да протестираме против вашиот обид, залоупотребувајќи ги верските чувства на Македонците и вашата премиерска позиција, да го озаконите предлогот 23 ноември, датумот на формирањето на ТМОРО-ВМРО, да стане државен празник како Ден на македонската револуционерна борба.

Протестираме затоа што со тој предлог вие јавно се ставивте во служба на големобугарската шовинистичка политика во Македонија. Всушност, вие со вашиот предлог нас-Македонците се обидувате да не' вратите во времето на владеењето на бугарската егзархија, која со помош и на ТМОРО-ВМРО жестоко настојуваше Македонците етнички да ги разнебити и побугарчи. Притоа, вие и вашите истомисленици вашиот предлог го поткрепувате со сосема неточни, измислени и злонамерни „историски факти“. Вие велите дека „нема посериозна организација која во последните 100, 150 или 200 години се борела на така организиран начин за слободата на Македонија“, односно според Комисијата за утврдување празници - „ВМРО прераснала во национална, патриотска и народна организација која ја започнала борбата за самостојност на Република Македонија“.

Дека зборувате како антимакедонци и како гласноговорници на големобугарската шовинистичка политика може да се види сосема јасно од бројните, кај нас одамна објавени, лични искажувања на најистакнати раководители на ТМОРО-ВМРО. Колку за потсетување, ќе ви спомнеме само неколку.

На пример, Тодор Александров и генералот А. Протогеров, во нивниот „Мемоар“ упатен до претседателот на Париската мировна конференција, за истиот проблем напишаа: „Против неправдата извршена во Берлин (значи против Санстефанска Бугарија, н.з.), македонското население го изрази своето негодување... Која беше раководната идеја на востанатиот народ? Се разбира дека длабоките национални чувства го влечеа кон државно обединување со Бугарија, но горчливото искуство и големите ризици поврзани со реализирањето на таа народна мечта го убедија населението да се стреми кон една полесно достапна цел - да се принуди Турција да им даде автономни права на Македонија и на Одринско...“. Потоа, во Протоколот усвоен на Вториот окружен конгрес на ТМОРО, одржан во август 1905 година во Солун биле внесени и следниве заклучоци: „И бугарскиот елемент во Македонија е проголтан од Егзархијата, зависен е од неа во секој поглед: црквите, училиштата, општините и училишните одбори, се се' тоа егзархиски институции... Влијанието на Егзархијата над Бугарите во Македонија е целосно... Ние мислиме и работиме како егзархиски платени агенти. Тоа само ние не можеме да го видиме, но тоа им е несомнено јасно на странците“. Што се однесува до суштината на „целосната политичка автономија на Македонија“, т.е. на „политичкиот сепаратизам“, еве како го објасниле неговите протагонисти: „... Според тоа, мнозинското македонско население било и ќе биде бугарско. Меѓутоа, точно како такво сака да има своја слобода, политички да биде организирано во една автномна област, одделена од бугарското кнежевство. Таква е доктрината на политичкиот сепаратизам...“.

Ќе го спомнеме уште и кажувањето на Ѓорче Петров. Тој вели: „Откако примивме 4.043 пушки, се прекрати примањето на пушките, зашто се расипавме со владата... Стоилов, тогашен претседател на бугарската влада наоѓаше дека не треба во Одринско да креваме револуција, за да не пострада таму бугарскиот елемент“.

Посебно сакаме, господине Груевски, да ве потсетиме дека во исто време додека Македонците егзархисти, патријаршисти, идеолошки жестоко поделени и спротивставени, безмилосно се убивале меѓусебе, практикувајќи ја својата „револуционерна“ идеологија за „исправање на неправдите на Берлинскиот конгрес“, во Македонија многу активно дејствувале бројни Македонци неегзархисти и непатријаршисти, национално сосема свесни, Македонци кои им се спротивставувале на авантуристичките намери на Македонците егзархисти и патријаршисти да ја уриваат Отоманската Империја и на тој начин да се поигруваат со судбината на македонскиот народ. И тие Македонци биле за обединување на Македонија, но на еден многу разумен, далекуглед и реален начин прифатлив и за Турција, на начин кој овозможувал признавање на Македонците како посебен национален ентитет и отворање училишта на македонски јазик, т.е. реализација на македонската национална преродба. Најактивни во овој поглед биле Македонците здружени во Македонското литературно другарство во Петроград на чело со нашиот прв преродбеник и основоположник на македонскиот литературен јазик, Крсте Мисирков. Но, за жал, сите тие биле жестоко прогонувани и присилени да дејствуваат надвор од својата татковина.

Поради сето претходно наведено, господине Груевски, доколку сакате јавно да покажете дека вашите национални чувства и вашите политички цели не се исти како оние на вашиот бивш партиски шеф, ви предлагаме да го повлечете вашиот предлог и да предложите за нов државен празник да се прогласи денот на формирањето на Македонското литературно другарство во Петроград.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E163DD5C7...D436BA3F4B
Без Ботев няма България
13-01-2013, 06:38 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#19

15
На 23 oктомври - прослава на нашите заблуди!?

Иван Тошевски, Скопје


Предлогот на Владата да го прославуваме 23 oктомври како Ден на македонската револуционерна борба воопшто не е в ред. Очигледно, или предлагачите не ги знаеле историските факти или намерно се запоставувале. Да видиме за какви факти станува збор.

Најпрвин, точно е дека на споменатиот ден во Солун се состанаа една група образовани луѓе и трговци од разни краишта на Македонија. Се согласија да создадат револуционерна организација со цел да ја отстранат османлиската власт. Се избра Централен комитет, а потоа се усвои и Устав во кој беа утврдени целите на организацијата.

Меѓутоа, точно е и тоа дека тие ја именуваа организацијата Бугарско-македоно-одрински револуционерни комитети. Потоа уште два пати го сменија името. Еднаш се нарекуваше Тајна македоно-одринска револуционерна организација (ТМРО), така се викаше пред и по Илинденското востание, а по вториот пат Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација (ВМРО).

Сепак, еден суштински дел од имињата си остана цело време: "македоно-одринска". Тоа јасно укажуваше дека организацијата ќе се бори за ослободување две територии: Македонија и Одринско (Тракија) и токму ваквиот нејзин пристап ја обележуваше нејзината единствена определба. И во Уставот на организацијата стоеше дека нејзина задача е "да ги обедини во едно цело сите недоволни елементи во Македонија и Одринско за извојување преку револуција политичка автономија".

Познато е дека ваквата политика ја водеа и властите во Бугарија. И тие на разни начини правеа се' што можат Македонија и Одринско да станат автономни, потоа да и' се приклучат на Бугарија и така да се обнови Санстефанска Бугарија, која Русија ја создаде по војната со Турција, а беше растурена на Берлинскиот конгрес во 1878 година. И токму оваа бугарска политика доведе до мошне тесна соработка со ТМОРО, ако не и нејзино создавање. Тоа главно се водеше преку Врховниот комитет во Софија.

Без да се навлегува во подробности, важно е да не се запоставува фактот во врска со Илинденското востание во Македонија и Одринско. Имено, извесно време пред востанието претседател на ТМОРО стана Бугаринот Иван Гарванов, инаку близок соработник на Врховниот комитет. Тој нареди кога да почне востанието, без оглед на тоа што некои војводи му се спротивставија, пред се', поради недоволната подготвеност во Македонија и Одринско да се војува со турската војска.

Инаку, би требало да се знае суштинската определба на оваа револуционерна организација: таа не признаваше дека постои македонски народ, не го признаваше македонскиот јазик и беше против некои настојувања да се создаде самостојна македонска православна црква. Сето ова сосема јасно укажува дека прославата на 23 октомври би била прослава на една од нашите заблуди.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=8746C9F41...F0E2B5391C
Без Ботев няма България
13-01-2013, 06:40 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#20

Само да отдележа , че за съжаление , че някои публикации за България по една или друга причина вече не са достъпни онлайн , а без съмнение има и такива , които съм пропуснал. По мои груби изчисление ще успея да представя 70% от това , което Утрински е писал за България.
Без Ботев няма България
13-01-2013, 06:57 PM
Reply