Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НЕМА ТРЕТ ПАТ,ИМА САМО ДВА ПАТА: ДИКТАРСКИ ИЛИ ДЕМОКРАТСКИ СИСТЕМ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Еве ја целата колумна:



Quote:Крајот на Втората светска војна: победа на поразените


Пишува: Бранко Тричковски


Додека гледав како победниците во антифашистичката битка за национално ослободување „летаат“ од културнополитичката и мемориска матрица на нацијата и, малку потоа, како нивното политичко крило во форма на живи партали исчезнува од официјалниот правнополитички и културен поредок на државата, ми дојде да заклучам дека, всушност, гледам демонстрации кои на простосмртното граѓанство и селанство, како и на васколикиот свет, имаат намера да му соопштат дека со победа на поразените, тука, деновиве, завршува Втората светска војна: феноменален пресврт кој на случувањатаж им дава историчност која е над историчноста на сите порази на законот, уставот или на демократијата и над сите наши моќи да проникнеме во суштината на непоимливата безвезност на нашите усрани животи.
Тој ред на нештата означува дека кратката историска приказна за државата и за нацијата какви што ги познаваме, е завршена или дека е пред завршување и дека останува завршниот чин на пиесата во која историскиот субјект се принесува себе си пред строгите критериуми на смртта (види Кнут Вонегат и Срѓа Поповиќ).
Допираат ли тие елементарни вистини до средствата за расудување на народот и на неговата измислена елита. Се сомневам.
Театролозите веднаш ќе забележат дека драмата тука не е во крајот на демократијата, како што тоа и се присторува на опозицијата, туку во крајот на приказната, точно така како што претчувствуваат луѓето додека си го сркаат утринското кафе.во Долината на лудаците во центарот на Скопјанг. Режимот на вемерето не е, како што мислат некои интелектуалци и квазиинтелектуалци, нова претстава, туку е аганичен епилог од единствената претстава. Се плашам дека нова нема да има..
Клучниот момент го наоѓаме кај мојот другар Емил, кој под името Сиоран (парафразирано) ни соопштува дека капиталниот проблем лежи во тоа што македонските комунисти, неокомунисти и социјалдемократи, како единствени реални националисти и државотворци, успеаја да ја сјебат како коњаници државата што ја беа биле освоиле како пешаци. Тоа е.
Надвојводата Шарло тука е шеф на багерската екипа „катарпилари“ која е испрограмирана да го расчисти шутот и да ја оспособи парцелата за нешто ново. Македонија не пропаѓа поради Груевски толку колку што Груевски расте поради пропаста на Македонија додека вемерето е бригада на чипирани идиоти која е тука со такви програми, ослободена, нормално, од какви и да е емоции и социјални интеракции надвор од андроидите што ги носат во школките на десните ушиња или ува, не сум сигурен како се вика на литературната варијанта на исчезнувачкиот јазик, дотичниот орган. Апарати што им овозможуваат да учествуваат во комплетната политичконационална преобразба (без наводници) и асанација на теренот.
Така што централната точка на критиката мора да биде насочена и кон самопоразениот, кон неговите сили, конфигурации и слабости, кон неговите персонификации итн., кон неговата комоција, кон типовите и политиките кои ги инсталирале овие самоубиствени нагони, а не само кон багеристите кои како победници тргнаа да го уриваат стариот свет со енергијата на загубената неокомунистичка страст. Тезата дека сега не е време за преиспитувања од таков тип, дека сега треба да се обединиме под водството на Црвенковски, а потоа, по соборувањето на Груевски, да ја отвориме таа демократска дебата, е комплетно погрешна, едно затоа што без таква дебата соборувањето на Надвојводата Шарло не е можно, а второ затоа што дури и да е можно тоа соборување нема да заврши со инсталирање на систем за кој вреди да се жртвуваме: Груевски е луд, но е неспоредливо подобар премиер за својата опција отколку што е Црвенковски за својата. Кога би парафразирал некои реплики од Француската револуција би кажал дека ние како Македонија ги имаме донесено сите погрешни одлуки и дека останува да ја донесеме и последната погрешна одлука: Црвенковски да не вади од гомната во кои не измачка сите.
Јас сум се занимавал со нив, со тие пчели убијци, со тие орка китови, целата кариера може да се каже сум им ја посветил, арно ама, еве, сега, се ми се чини дека е дојдено времето да се каже другиот аспект на нашата трагедија: несолидноста на градбата и несоодветното одржување на тој објект, можеби и самата идеја за македонската национална реализација и конструкција. во државна форма од демократски тип и лидерите, бе брат, лидерите кои се така драматично под критериумите на историскиот миг. Ова што го прават комитите со државата, нацијата и целото општество, не е можно да се прави ако критичната маса не е претходно анестезирана за операцијата која има за цел пациентот да умре откако ќе ја прими сета медицинскополитичка грижа.
Јас не можам да забележам какви и да е знаци на свест за овие димензии на случувањата кај оние што ги организираат и предводат протестите. Самото барање на предвремени парламентарни избори како начин за решавање на кризата многу убедливо говори во таа насока. Завршена е приказната за изборите на кои сдсм може да победи, прво затоа што во ваков формат не може да победи и второ, затоа што ќе биде спречен со сите средства ако случајно се покаже дека, можеби, може. Идејата на режимот не е да гради демократија туку да се инсталира со помош на демократијата претворајќи ја во форма испумпана од секаква содржина. Ниту пак е тука да ја рехабилитира и да ја реинсталира. Тој што треба да лежи двеста доживотни затвора никогаш нема да дозволи за таа опција да се решава на избори.

Ако нешто драматично и ненадејно не се случи ќе следат две убиствени фази: прво, режимот ќе ги исцрпи сите финансиски, идејни и политички ресурси, по што ќе остане да се потпира исклучиво на репресивниот апарат на државата. Сега гледаме само некои навестувања како сето тоа може да изгледа (црниот понеделник е таа некаква генерална проба), но тоа се балетски претстави во однос на државниот терор што ќе следува..
Од инсталацијата на режимот на чипираните идиоти три работи непрекинато ја следат логиката на својот развој: режимот се консолидира, секој божји ден на Црвенковски му останува се помало парче од Македонија за спасување и, трето, не без врска со претходните две работи, перманентно се намалуваат капацитетите на Црвенковски и на неговата несреќна организација да спасат било што.
Со овие глумци, со оваа сценографија, со овие инспициенти, со овие портири и портпароли, со овие реплики, со овие келнери во бифето на македонскиот драмски театар, епилогот е програмиран да биде потажен од смртта
Слабоста на комунизмот не беше недемократичноста туку тоа што не успеа нацијата, општеството и политичката репрезентација да ги подготви за одржлива егзистенција во услови на демократија или на тоа што така се претставува, додека националниот проект на десницата е подмолно лажен и по таа основа деструктивен, тој е по дефиниција антидемократски и антимакедонски. Неговата идеологија, програма и политики, ќе го решат прашањето за името така што ќе го обесмислат преку тоталната деструкција на идентитетот со тоа што тоа капитално поткопување на идејата за Македонија рапидно ги зголемува шансите на албанскиот фактор, што е, пак, причината поради која тие го обожаваат антиалбанството на вемерето. Заедно со меѓународната заедница. Така што е многу евидентно дека македонизмот со државата и нацијата во основата, е една, безмалку, невозможна опција.
Се плашам дека истекува песокта во нашиот историски часовник. Треба да бидеме среќни ако на Табановце се појави некој протектор кој ќе го сврти часовникот и ќе означи некој нов почеток за времето и за нас, а, можеби, може да се случи и некоја ненадејна културна револуција во нашите глави, за што, не гледам знаци.. Во меѓувреме, единствената полушанса е да се формира некаков Национален совет на спасот (знам дека звучи премногу застрашувачки и десничарски) во кој сегашната политичка опозиција ќе биде само еден дел и тоа повеќе на страната на материјалните капацитети на револуцијата, а помалку на нејзината идејна страна. Можно е тоа да се покаже како добро решение за статусот на Црвенковски, како надпроблем кој полека се претвора во дефиниција на семакедонскиот пораз. Особено врз основа на блокадата на формулацијата и артикулацијата на новата идеја околу која единствено може да се крене во уривањето на лудиот режим на Нико Лае.
Пред некое време на Фејсбук постирав еден статус кој помина глуво. Тој говореше за можните форми на епилогот:
„Кога исчезнала македонската цивилизација, Скопјанг личел на Чичен Ица по падот на Маите: никаде жива душа, само мала група на чело со човекот кој што рекол дека се вика Бранко Црвенковски, марширала низ пустите улици протестирајќи против нешто што беа биле заборавиле што е и како се вика (востание, ли беше, револуција, отпор, избори, преговори...) бидејќи беше поминало многу време.



Богами и треба Тричковски и нему сличните да бидат среќни, бидејки, Бранко нема шанса да се врати а Грујо повеке неможе да ги спасува. Грујовото време истекува затоа брза да го доведе ПРОТЕКТОРОТ. Секој кој Македонија ја гледа како Самостојна и Демократска држава нема да им дава алиби на Албанците за поделба на Македонија. Груевски тоа, почнувајки од законот за лустрација, преку Девет те Југовиќа, Ѕебрњак, вчерашниот договор за заедничка седница на влада го прави во континуитет.
29-01-2013, 03:25 PM
Reply