Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 16 Vote(s) - 3.63 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Правила на форумот
Author Message
perfectford Away
Administrator
*******

Posts: 69
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#1
doc 
1. Форум Котле не стои зад ставовите изнесени во коментарите во форумот и не одговара за нивната содржина.

2. Регистрацијата на форумот е бесплатна. Секој има право на регистрирање и избор на корисничко име. Со самото регистрирање, членот се обврзува дека никогаш нема да го даде своето корисничко име или својата лозинка на други членови или лица.

3. Членот се согласува дека никогаш нема да употребува две или повеќе кориснички имиња при пишувањето или разгледувањето на форумот. Оваа кe се казнува со перманентна забрана за пристап (бан) на форумот.

4. Форум Котле се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и анонимноста на своите членови и гарантира дека вашите податоци нема да ги дава на трети лица. При вашето регистрирање на Форум Котле , ќе ви бидат потребни валиден e-mail и лозинка. Останатите податоци се по ваш избор.

5. Форум Котле може да открие нечии податоци на надлежните органи доколку се сомнева дека членот јавно ја загрозува безбедноста на податоците и на самиот форум. Со секоја ваша посета на Форум Котле , вашата IP адреса се снима.

6. Членот се согласува дека нема да се служи со материјал кој е лажен, клеветнички, злоупотребувачки, вулгарен, со говор на омраза на културна, етничка, верска, национална, сексуална, или лична основа, вознемирувачки кон другите членови и материјал кој ја повредува приватноста на членовите.

7. Членот се согласува дека нема да нуди материјал кој е авторски заштитен или без дозвола на сопственикот на материјалот.

8. Рекламирање во сопствен интерес нема да се толерира. Секој линк кој води кон друга интернет страница и претставува тенденциозно рекламирање на истата ќе биде избришан. Ако сакате да се рекламирате на сајтот на Форум Котле, контактирајте ги администраторите на форумот.

9. Врски кон други интернет страници (линкови) во потписите на членовите, кои се прикажуваат под секое напишано мислење, се дозволени само во случај кога на страницата до која води линкот има веќе поставено линк до страницата на Форум Котле .

10. Членот се согласува дека нема да нуди линкови кои водат до страници на кои се нуди илегално симнување на софтвер, музика, филмови и други лиценцирани материјали, како и страници кои содржат вируси, тројанци и друг материјал кој може да наштети на " Форум Котле" и членовите.

11. Модераторите и администраторите на форумот го задржуваат целосно правото без претходна најава да ги избришат сите информации приложени на форумот од страна на членовите со кои се кршат правилата. Тоа вклучува секакви содржини објавени на форумот, информации за корисникот, аватари, потписи, па дури и целото корисничко име - доколку тие одлучат дека тоа е потребно. Иако модераторите и администраторите ќе се потрудат да ги одржат објективни содржините на форумот, невозможно е да се проследат сите поставени содржини од страна на членовите и да преземат одговорност за истите.

12. Во овој форум се коментираат само изнесените ставови, а никогаш авторите на ставовите, било нивни автори да се учесници во форумот или други лица. Членот не смее да ги уништува темите на форумот со други информации кои не се поврзани со темата, тенденциозен говор на иронија, лични дискусии и слично. За се' што не е поврзано со темите на форумот, постојат приватните пораки.

13. Официјални јазици на форумот се Македонски и англискиот јазик,но тоа незначи дека останатите се забранени. Препорачливо е да се употребува кирилица.

14. Забрането е претенциозно пишување на коментарите со големи букви (CAPS LOCK) или употреба на поголем фонт со цел да се привлече внимание или да се прикажат информации кои не се поврзани со темата.

15. Кршењето на правилата на форумот може да резултира и ќе резултира со бан, односно забранет пристап на страниците. За времетраењето на забраната одлучуваат администраторите на форумот, а членот ќе биде известен за причината и рокот на истекување.

16. Банираните членови, односно членовите со забранет пристап на форумот (привремено или трајно) не смеат да отворат ново членство. Доколку тоа се случи, тие ќе бидат трајно банирани или избришани.

17. Ако при кршењето на правилата се повредени законите на Република Македонија или некоја друга држава, доколку е потребно, администраторите може да соработуваат со сите домашни и странски правни институции, откривајќи ги сите потребни информации на прекршителот (IP адреса, e-mail...).

18. Сите мислења (и информации) објавени од членовите претставуваат лични ставови кои авторите ги објавуваат на сопствена одговорност. Од тука, членовите на раководствотото на Форум Котле не може да се сметаат за одговорни за содржината на пораките кои се објавени од членовите.

19. Сите прашања во врска со Котле, форумот, правилата, ваши предлози, критики и сугестии може да ги објавите во Форум Котле, во темата "Предлози", каде ќе добиете одговор во најскоро можно време. Не "трчајте" по администраторите и модераторите насекаде на форумот, за прашања обратете се во форумот наменет за тоа.

20. Форум Котле го задржува правото на промена на правилата, но се обврзува дека тие ќе бидат соопштени во најбрз можен рок.
29-12-2009, 10:59 PM
Website