Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 2.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Атентат врз Глигоров за распаѓање на Македонија?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#61

Quote:НДМ: Истрагата за атентатот врз Глигоров е прекината пред 11 години

Автор: Редакција ФОРУМ 16:22 | 03 октомври 2010

Народно движење за Македонија денеска презентираше документ на МВР од кој се гледа, како што велат од партијата, дека полициската истрага за атентатот врз поранешниот претседател Глигоров е прекината пред 11 години

„Ова е интерен документ-телеграма од врвот на МВР до сите организациони единици на тајната служба и криминалистичката полиција. Во овој документ јасно стои, цитирам: „Ве известуваме дека Штабот на Оперативната акција „Автомобил“ во седиштето на МВР веќе не постои како посебна организациона целина„ – завршен цитат. Повторувам, Штабот на Оперативната акција „Автомобил“ се укинува“ изјави претседателот на НДМ, Јанко Бачев.
Тој појаснува дека оперативната акција се заведува со цел извршување на конкретни задачи во земјата и странство, кои бараат организирано и синхронизирано ангажирање на поголем број агенти на тајната полиција, со поширока примена оперативно-технички средства и методи. Оперативната акција била заведена со псевдоним „Автомобил“.
„Атентаторите сега можат само случајно да се откријат, бидејќи според овој документ се е оставено на случајноста – за евентуално случајно добиени сознанија да се известуваат соодветните организациони единици, бидејќи нема систематско и организирано работење во рамките на ОА „Автомобил“ која се укинува“ вели Бачев.
Тој наведе дека Македонија до денес го нема побарано од Србија стенограмот од средбата Глигоров – Милошевиќ ден пред атентатот, кој според него, може да биде појдовна основа за некоја идна евентуална истрага за атентатот.

Фрчолина, Фрчолина измеќарот на Бранко......на власт 1999 година ВМРО ДПМНЕ, министер на полицијата Доста Димовска
03-10-2010, 07:44 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#62

(03-10-2010, 07:44 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:

А Фрчолина, мома фина, и Дебелата Дама, Оперска пејачка, да ти биле први другари, по Марксистичка линија, разбира се. Баба му и баба и' на едно сонце г'штите да сушиле - ај чудо да ми видиш Јордане!
03-10-2010, 08:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#63

(03-10-2010, 08:03 PM)Solenik Wrote:
(03-10-2010, 07:44 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Фрчолина, Фрчолина измеќарот на Бранко......на власт 1999 година ВМРО ДПМНЕ, министер на полицијата Доста Димовска

А Фрчолина, мома фина, и Дебелата Дама, Оперска пејачка, да ти биле први другари, по Марксистичка линија, разбира се. Баба му и баба и' на едно сонце г'штите да сушиле - ај чудо да ми видиш Јордане!

Другарството није шала. Така зборуваше чика Аца.....можеби од мемоарите ИДРИЗОВСКИ на луѓето од "ОПЕРА" ке разбереме многу работи..

Малку да се потсетиме:

Quote:Во мојата политичка кариера секогаш се трудев да не се занимавам со маргинални политички појави. За жал, во последно време во континуитет забележувам едно такво типче што како млад мајмун скока околу мене, па еве, си допуштив да опфатам некои пикантни моменти. Со феноменот г. Љубомир Д. Фрчкоски, покрај секојдневното дружење во време на охридскиот договор, кога изигруваше нешто како "олеснувач на олеснувачите", се имам сретнато уште трипати. Првиот пат, негде во првата година на мојот премиерски мандат, кога ми се јави Ламбе Арнаудов, замолувајќи ме да го примам Фрчкоски зашто брат му настојчиво веќе петпати доаѓал кај него. И пак дошол растреперен затоа што добиле сигурна информација дека министерот Димовска следниот ден ќе го апси брат му Љубомир. Истиот ден ненадејно ми се јави и советничката на претседателот Глигоров, Елеонора Kаранфиловска, која исто така ме замоли да го примам горенаведениот господин, патем објаснувајќи ми дека ќе биде голема штета за државата еден бивш министер да оди во затвор. И така, тоа попладне г. Фрчкоски дојде во мојот кабинет. Го слушав околу половина час и философски го набљудував човекот, анализирајќи ја неговата истакната желба за соработка. Од неговото однесување дознав до каде може да падне човечкото достоинство. Имајќи претходно изградени критериуми, во животот да не трошам време на полжави, истото попладне и го препратив на министерката Димовска. Не знаев за што требаше да биде затворен Фрчкоски. Дали за шверцот со нафта, дали за бизнисот со фришоповите, дали за цигарите, дали за проневерените пари од МВР или пак за аферата со пашапортите. Но знам дека другиот ден Фрчкоски не беше уапсен, а очигледно таа ноќ се роди едно ново пријателство.
03-10-2010, 11:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#64

Quote:
Требаше да дадам неотповиклива оставка

Гледано од оваа временска дистанца, ми се чини дека требаше да дадам оставка за атентатот врз тогашниот претседател Киро Глигоров, вели професорот по меѓународно право на Правниот факултет во Скопје, д-р Љубомир Д. Фрчкоски, кој, во времето кога се случи овој немил настан пред 15 години, беше на функцијата прв човек на македонската полиција.

„Министерот, објективно, е одговорен кога ќе се случи еден ваков настан. Во нормални околности без размислување би се повлекол од функцијата. Но, тогаш беше извршен притисок врз мене и политичките калкулации беа такви дека е подобро да не се прифати мојата понудена оставка и да останам на функцијата“, вели Фрчкоски.

На прашањето дали во сите овие години е доволно направено за да се откријат извршителите на атентатот, но уште поважно да се пронајдат инспираторите и организаторите, професорот е прилично резервиран во одговорот.

„Место да се води истрага, секоја година, па и оваа, се водат некакви дебати околу атентатот, што е сигурен знак дека не се прави ништо. Се испушти еден решавачки момент, а тоа е падот на српскиот режим, кога требаше да се проверат сите траги што водеа кон структурите на КОС“, потенцира ексминистерот. Вели дека му е жал што пред две години Обвинителството не обрнало доволно внимание на новиот сведок што тој го посочил, поранешен припадник на ДБК, преку чие сведочење е поминато многу бегло.

На нашето прашање дали не е малку цинично да се префрла вината врз други, кога токму тој, како задолжен за полицискиот ресор во тоа време, излезе на прес-конференција со сериозни обвинувања за постоење на т.н. бугарска врска.

„Можеби е погрешено. Но, тогаш се проверуваа сите траги што одеа во повеќе правци. Се проверуваше т.н. братиславска врска, а нашите сознанија во тоа време не беа насочени кон источниот сосед, туку кон една мултинационална компанија, што зборува дека контекстот беше поширок и мултилатерален и еден крак водеше и кон српските разузнавачки служби“, додава Фрчкоски. (Г.Д.)

Ваков коментар и објаснување може да даде само Фрчолина, се саде морал и цврст карактер. PosPosPosPosPos
04-10-2010, 11:56 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#65

[Image: 30kagyw.jpg]

[Image: iqwhtz.jpg]
09-10-2010, 02:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#66

[Image: 2dsgvpk.jpg]
09-10-2010, 02:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#67

Quote:НДМ: Истрагата за атентатот врз Глигоров е прекината пред 11 години

Автор: Редакција ФОРУМ 16:22 | 03 октомври 2010

Народно движење за Македонија денеска презентираше документ на МВР од кој се гледа, како што велат од партијата, дека полициската истрага за атентатот врз поранешниот претседател Глигоров е прекината пред 11 години

[Image: 1om6hj.jpg]

„Ова е интерен документ-телеграма од врвот на МВР до сите организациони единици на тајната служба и криминалистичката полиција. Во овој документ јасно стои, цитирам: „Ве известуваме дека Штабот на Оперативната акција „Автомобил“ во седиштето на МВР веќе не постои како посебна организациона целина„ – завршен цитат. Повторувам, Штабот на Оперативната акција „Автомобил“ се укинува“ изјави претседателот на НДМ, Јанко Бачев.
Тој појаснува дека оперативната акција се заведува со цел извршување на конкретни задачи во земјата и странство, кои бараат организирано и синхронизирано ангажирање на поголем број агенти на тајната полиција, со поширока примена оперативно-технички средства и методи. Оперативната акција била заведена со псевдоним „Автомобил“.
„Атентаторите сега можат само случајно да се откријат, бидејќи според овој документ се е оставено на случајноста – за евентуално случајно добиени сознанија да се известуваат соодветните организациони единици, бидејќи нема систематско и организирано работење во рамките на ОА „Автомобил“ која се укинува“ вели Бачев.
Тој наведе дека Македонија до денес го нема побарано од Србија стенограмот од средбата Глигоров – Милошевиќ ден пред атентатот, кој според него, може да биде појдовна основа за некоја идна евентуална истрага за атентатот.
21-10-2010, 02:38 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,469
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#68

Quote:Тоа се случи кратко по атентатот на претседателот Киро Глигоров, распадот на коалицијата за Македонија (разидувањето Стојан Андов – Бранко Црвенковски)
Тоа што му е извршен атентат говори само по себе дека тој за нив всушност бил пион.
Каква била неговата улога, и зошто уште молчи, тоа треба да се расчисти.
дали ќе има некој да му ги постави тие прашања, и дали ќе има тој усул да одговори директно, мислам дека тој не би имал храброст.
Значи да се потсетиме:
1.Тој бил доведен да не води;
2.Тој не му дал мандат на Љубчо по сугестија од Белград;
3.Врз него се има изведено атентат ден по неговата средба со Милошевиќ;
4.Toj се повлекол од од обеќаното од Атина(под чиј притисок/сугестија тој обеќал?)
An inch today is tomorrow’s mile.
09-12-2010, 07:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#69

Quote:Шеснаесет години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров
03.10.2011 - 09:10 |

Политичката доминација на Киро Глигоров е прекината тој 3 октомври, 1995-тата.

Шеснаесет години подоцна, ова е можеби единствената јасна слика од тоа утро околу 10 часот. Се друго останува мистерија.

Првиот сериозен тест за Македонската безбедност, доаѓа во еден исклучително сложен перидот на македонското меѓународно позиционирање.

Неполн месец по потпишувањето на времената спогодба со Грција и само ден по средбата на Глигоров со Милошевиќ.

Кој сакаше да дестабилизира Македонија. Истрагата до денеска не откри. Се уште се води против непознат сторите. Инволвираноста на македонските безбедносни служби, веројатно е рамката во која се сокриваа трагите.

Три месеци, Глигоров беше надвор од политичките движења, но остана Претседател до 1999-тата. Денеска има 94 години.

Ретко се појавува во јавноста, а неколку години и воопшто не дава изјави за медиумите.

Марјан Николовски

Слушнете ја изјавата на Фрчковски
03-10-2011, 06:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#70

Слушнете ја изјавата на Фрчковски

Quote:Фрчковски: Тоа мора да не однесе, треба да не однесе до СРПСКИТЕ разузнавачки служби. СРПСКИОТ КРИМИНАЛ кој функционираше заедно и функционираше на тој начин во целиот регион

Фрчковски: Го сметаа него како свој ученик и дека тој е должен нешто на режимот во Белград а Глигоров потполно ја сврте целата приказна во линија на македонските национални интереси и посебно со влегување на Американците и прекин со Србите, тој гест мислам дека не му го простиа никогаш.

Фрчковски: Тоа не се изведува таа операција само од надвор. А единствени кои имаа таква позиција се КОС и СРБИТЕ.

Зошто ли ги снема од говорот на Фрчко : Бугарите, оние со бради ....
03-10-2011, 07:51 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#71

Ќе дадам неколку коментара за атентатот на Киро,а потоа ве молам погледнете ја епизодата на Еднооки каде говори околу настаните на денот на атентатот.

Прво, ќе се сложам со Монтехристо дека со атентатот врз Киро,едноставно па и на Мијалков Србскиот КОС и УДБА сакаат да ни упатат порака дека сеуште тие се главни, а тие дека се обични пиуни.
Второ,треба да се испита Фрчолина зошто на самиот ден на атентатот на Киро Глигоров му е дозволено да се вози на предното седиште кога сите светски безбедносни служби,преседателите ги возат во Блиндирано возило и на задно седиште во автомобилот.На самиот ден на атентатот Киро Глигоров му било дозволено да се вози предното седиште.
Трето,ако маршутата била често менувана како успеал некој да ја дознае маршутата на тој на каде возилото ќе минува?

"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
04-10-2011, 04:04 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#72

Neresenosta i enigmata okolu atentatot na prviot presedatel na RM gospodin Kiro Gligorov, se gorki ognovi pokrieni so pepel i spremni sekogas da se razgorat koga ke zatreba na togasni kreatori(i segasni)
Mnogute maler denovi vo crnata istorija na Makedonija a so toa i na Makedoncite se nekako simbolicki isprepletuvat i nosat nekoi poraki.
Kolku cudno Severno kosovo,popis vo Srbija , a eve i u Makedonija , so licni karti u Srbija i tie kaj nas kako i vo vreme na atentat da si vlezat a da ne se evidentira ,koj e sledniot za otstrel kaj nas ili tamu na Sever.
Slucuvanja vo Bugarija i togas i sega , vo Grcija , vo BiH.
Zemete gi informaciite od tie denovi i godini na tie prostori i slucuvanja od po 6 juni navaka na isti tie prostori ke da ima slicnosti.
Za kraj dali so se ova konecno SAD go napustat ovoj prostor i go namerno prepustat na "emotivniot brat" , ili tigarot koj polzi se revansira za Libija i Afrika.
04-10-2011, 07:23 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#73

(04-10-2011, 07:23 PM)razurnuvac Wrote: Neresenosta i enigmata okolu atentatot na prviot presedatel na RM gospodin Kiro Gligorov, se gorki ognovi pokrieni so pepel i spremni sekogas da se razgorat koga ke zatreba na togasni kreatori(i segasni)
Mnogute maler denovi vo crnata istorija na Makedonija a so toa i na Makedoncite se nekako simbolicki isprepletuvat i nosat nekoi poraki.
Kolku cudno Severno kosovo,popis vo Srbija , a eve i u Makedonija , so licni karti u Srbija i tie kaj nas kako i vo vreme na atentat da si vlezat a da ne se evidentira ,koj e sledniot za otstrel kaj nas ili tamu na Sever.
Slucuvanja vo Bugarija i togas i sega , vo Grcija , vo BiH.
Zemete gi informaciite od tie denovi i godini na tie prostori i slucuvanja od po 6 juni navaka na isti tie prostori ke da ima slicnosti.
Za kraj dali so se ova konecno SAD go napustat ovoj prostor i go namerno prepustat na "emotivniot brat" , ili tigarot koj polzi se revansira za Libija i Afrika.

Разурнувач,мислам дека си во право, бидејќи кога Парламентот во Бугарија беше опсаден од страна на народот единствената причина зошто Бугарските комунисти се одлучија на избори бидејќи баш тој сиот посед и паре на БКП преминаа во рацете на новите Комунисти.
Што се однесува до Америка и Балканот,мислам дека Американците ќе останат уште на Балканот.Големиот проблем што настана со војните на Балканот кај Американските администрации и Европјаните е немањето чиста позиција и еден став околу тоа како да се пристапи да се реши проблемот.Имено стариот Џорџ Буш јасно стави до знаење за време на претседателската кампања за негов резибор дека Америка нема да се меша и целиот проблем го стави во рацете на Европјаните.
Немањето заеднички став кај сојузниците може да се забележи и сега околу Либија.Америка оди накај самоизолирање додека Ричард Холбрук и Бил Клинтон во тоа време водеа битка да Америка се замеша на Балканот и светот.А најголем проблем за тоа е дебакалот во Виетнам и одбивањето да се согледа причината за неуспехот.
Но мислам сега откако маглата и прашината ќе се расчистат и страстите ќе спаднат дека Америка ќе се вмеша на Балканот. Имено военото ангажирање на Америка на Балканот,е едно големо повратување на Американците од дебаклот во Виетнам,како и едно освестување на Американците од пијанството на успех.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 05-10-2011, 03:57 PM by basilius_2.)
05-10-2011, 03:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#74

Quote:Xипотеза за атентатот врз Глигоров врз база на интересен кафе муебет со битна фаца во белград

by Borjan Jovanovski on Sunday, 15 January 2012 at 14:43

Н. Кој и зошто сакаше да го убие Глигоров!

П.Н Белградската врска на атентатот остана неразјаснета

Една од хипотезите за атентатот на Глигоров се крие во до денеска тајните разговори кои Глигоров ги водеше прво со генералите на ЈНА во 1991 пред нивното мирно заминување од територијата на Македонија а потоа и тет а тет разговорот кој Глигоров го имаше со Милошевиќ во Белград само еден ден пред атентатот. Претпоставката која остана нерасчистена е дали Глигоров на генералите им ветил конструктивност кон режимот на Милошевиќ за да издејствува нивно мирно повлекување од касарните во Македонија. Тајниот договор се претпоставува дека важел се до почетокот на 1995 кога македонската дипломатија со Вашингтон ја договара Времената спогодба со Грција чија главна цел е да и се отворат вратите на Македонија кон ЕУ и НАТО. Во септември 1995 се официјализира најавата дека Македонија ќе го потпише Партнерството за мир со НАТО и Спогодбата за соработка и трговија со ЕУ со што се отворија вратите на евроинтеграциските процеси. Македонија тргна кон Брисел и Вашингтон неповратно. Ова битно геополитичко померување на југот на Балканот го вознемирило вождот во Белград кој според претпоставките се почувствувал предаден од Глигоров. Хипотезата наведува на тоа дека Милошевиќ сака да слушне потврда за одлуката на македонското раководство за евроатланската ориентација лично од устата на Глигоров. Го кани во Белград. Средбата трае кратко и по неа нема никакви информации за јавноста за тоа што се зборувало. Повторно во контекст на хипотезите, Глигоров му го потврдува тоа на Милошевиќ по што тој се решава да го активира веќе разработениот план за атентатот. По падот на Милошевиќ лица од блиското опкружување на Глигоров се обидуваат да добијат информации за да се потврди оваа претпоставка од луѓето на Ѓинѓиќ. За жал во тајните служби на Белград како што е познато Коштуница, тогашен претседател на СРЈ овозможи да се продолжат мандатите на многумина од српските разузнавачи блиски и лојални на Милошевиќ.
Во Македонија пак за жал никогаш не се тргна по оваа трага. Предмет на шпекулација до ден денеска се обидите на некои центри на моќ во Скопје да го одвлечат вниманието кон таканаречената “Братиславска врска“ или онаа кон Софија поврзана со контроверзната фирма Мултигруп. Двете опции подоцна паднаа во вода. Белградската врска остана не проверена!

Quote:Stavre Temelkovski

Toae TEZA Borjane ne e voopsto hipoteza,jasno im e na pilcite poodamna,a detalite kako sto,koj se voopsto nebitni .... ne zaboravi deka ytuka ne e samo Srbija i Milosevic,tuka neosporno e i Rusija,nekoj mesec pred toa Kiro od Elcin dobi med...See more
2 hours ago · Like

Quote:Jordan Petrovski

Причина за атентатот е желбата на Глигоров да го прекине шверцот на цигари. Не го китете Глигоров со онаа што никогаш го немал, МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛИЗАМ и желба за САМОСТОЈНА И ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.
2 hours ago · Like
15-01-2012, 11:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#75

Quote:Vlado Bangievski

Остана многу мистерии во врска со атентатот врз Глигоров и многу намерни пропусти во текот на истрагата! Лично мислам дека причините се политички, а атентатот добро испланиран и организиран. Како и да е, тезата на Борјан сметам дека воопшто не е занемарлива, а тоа дали Глигоров бил или не македонски националист и колку имал желба за самостојна и демократска македонска држава го сметам за помалку битно за темава и за друго прашање. Глигоров беше тоа што требаше да се биде во клучните моменти за Македонија!
about an hour ago · Like · 3

Quote:Borjan Jovanovski

kako nacija samite na sebe si dolzime odgovor sto stoi zad toj atentat..ne tvrdam nisto nitu sum istrazil...samo sakam da ukazam na edna traga na koja kolku sto znam nikogas ne se rabotelo.sem kako sto rekov vo testoto obidot na covek od najbliskoto okruzuvanje na gligorov koj za zal ne mozam da go imenuvam
50 minutes ago · Like · 1

Quote:Ikonomov Slobodan

Jordane "samostojnata demokratska drzava" e plod na nejziniot tatko pocituvaniot g-din Kiro Gligorov".za da probas da go negiras negovoto delo treba da se povalis so nesto sto si napravil za Makedonija.
43 minutes ago · Like · 1

Quote:Jordan Petrovski

Борјан, оваа е изјава на Владимир Глигоров :

-Moj deda nije težio nagodbi sa onima koji će ga kasnije ubiti. Moj otac jeste, ali je imao sreću.

Атентатот ако беше политички мотивиран, Глигоров ке проговореше. Милошевиќ неколку години не беше меѓу живите.
Што мислиш Борјан, дали шверцот на цигари "умре" со Милошевиќ.

пс. зошто никој не инсистираше кај Владимир Глигоров да ја објасни изјавата. Изјава која јасно укажува дека Киро Глигоров и дел од неговото семејство знаеле и знаат кој е атентаторот.
23 minutes ago · Like

Quote:Borjan Jovanovski

jordane iskreno nemam namera da vleguvam vo debatata za gligorov!
20 minutes ago · Like

Quote:Jordan Petrovski

Борјан, зборуваме за хипотезата на атентатот. Ако синот на Киро Глигоров дава таква изјава, изјава со која јасно укажува дека Киро Глигоров се обидел да се СПОГОДИ СО НАРАЧАТЕЛИТЕ НА АТЕНТАТОТ, значи разговарал и преговарл со нив, ГИ ЗНАЕЛ. Дали има место за хипотези. Затоа јас на твојата хипотеза одговорив со:

-"Атентатот ако беше политички мотивиран, Глигоров ке проговореше. Милошевиќ неколку години не беше меѓу живите."
12 minutes ago · Like

Quote:Borjan Jovanovski

ajde de .... ova e dobar pravec za muebet
10 minutes ago · Like

Quote:Jordan Petrovski

Зависи што е целта на муабетот. Да градиме мит или да ја откриеме вистината.
5 minutes ago · Like
15-01-2012, 11:31 PM
Reply
ogan Offline
Junior Member
**

Posts: 20
Joined: Jan 2012
Reputation: 0
#76

(04-10-2010, 11:56 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:
Требаше да дадам неотповиклива оставка

Гледано од оваа временска дистанца, ми се чини дека требаше да дадам оставка за атентатот врз тогашниот претседател Киро Глигоров, вели професорот по меѓународно право на Правниот факултет во Скопје, д-р Љубомир Д. Фрчкоски, кој, во времето кога се случи овој немил настан пред 15 години, беше на функцијата прв човек на македонската полиција.

„Министерот, објективно, е одговорен кога ќе се случи еден ваков настан. Во нормални околности без размислување би се повлекол од функцијата. Но, тогаш беше извршен притисок врз мене и политичките калкулации беа такви дека е подобро да не се прифати мојата понудена оставка и да останам на функцијата“, вели Фрчкоски.

На прашањето дали во сите овие години е доволно направено за да се откријат извршителите на атентатот, но уште поважно да се пронајдат инспираторите и организаторите, професорот е прилично резервиран во одговорот.

„Место да се води истрага, секоја година, па и оваа, се водат некакви дебати околу атентатот, што е сигурен знак дека не се прави ништо. Се испушти еден решавачки момент, а тоа е падот на српскиот режим, кога требаше да се проверат сите траги што водеа кон структурите на КОС“, потенцира ексминистерот. Вели дека му е жал што пред две години Обвинителството не обрнало доволно внимание на новиот сведок што тој го посочил, поранешен припадник на ДБК, преку чие сведочење е поминато многу бегло.

На нашето прашање дали не е малку цинично да се префрла вината врз други, кога токму тој, како задолжен за полицискиот ресор во тоа време, излезе на прес-конференција со сериозни обвинувања за постоење на т.н. бугарска врска.

„Можеби е погрешено. Но, тогаш се проверуваа сите траги што одеа во повеќе правци. Се проверуваше т.н. братиславска врска, а нашите сознанија во тоа време не беа насочени кон источниот сосед, туку кон една мултинационална компанија, што зборува дека контекстот беше поширок и мултилатерален и еден крак водеше и кон српските разузнавачки служби“, додава Фрчкоски. (Г.Д.)

Ваков коментар и објаснување може да даде само Фрчолина, се саде морал и цврст карактер. PosPosPosPosPos

Edna seriozna analiza ne gi otfrla i onie opcii koi od prva raka izgledaat nelogicni! Pa neli Kiro so psevdonim "gavran" go somnicevme za prosrpski orientiran-covek na Belgrad! Zasto togas da bide likvidiran od niv???
Tocno deka se raboti za obid za rekomponiranje na makedonskata politika, no motivot e problematicen! A motivot sekojpat e pojdovna indicija! Koj znae nasamo sto razgovaral so Milosevic! Da ne izleze od distanca kako so Gosev koj novinarite kaj Vranje na vrakanje od Belgrad go napravija borec za osamostojuvanje od Milosevic! A javna tajna e deka NE na Milosevic mu ima kazano Jakov Lazarevski!!!
Znaci okolu Kiro vnimatelno so pretpostavkite, toj odrabotuva i od onoj svet i ni se smeeIcon_razz
(This post was last modified: 18-01-2012, 12:14 AM by ogan.)
18-01-2012, 12:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#77

Quote:Андов: Преку атентатот врз Глигоров тајните служби сакаа да се пресметаат со Бугарите и Албанците

03/10/2017
Денеска е годишнина од атентот врз поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров. На денешен ден пред 22 години, во 09.50 часот пред хотел „Бристол“ на улица Македонија во Скопје експлодира бомба при што беа повредени две лица, а случаен минувач го изгуби животот. Глигоров заврши со повреди на главата.
И по повеќе од две децении не е решена мистеријата околу атентот на Глигоров, а истражната постапка е се уште отворена.
Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, во својата нова колумна за последниот број на „Фокус“, под насловот „Бугарите и Албанците беа главен непријател на македонската тајна служба во 1990-тите“, зборува за сценаријата кои тајните служби на македонското МВР ги лиферувале во јавноста поврзани со атентатот.
Андов вели дека непријателството што тајните служби сакале да го посеат кон Бугарија било видливо и од аферата „Сина птица“ со која се појавиле сомневања за опасност Македонија да биде нападната од терористички групи од „ванчовистите“, кои пак наводно добиле поддршка од 10.000 бугарски војници.
„Инаку, нашиот негативен став кон Бугарија во тоа време за кој немавме објективна причина, не се манифестираше само со аферата „Сина птица“. Три години подоцна, откако беше извршен атентат врз тогашниот претседател Киро Глигоров, дојде до рефлексна реакција на тајните служби, а и на службеното раководство на тогашното министерство за внатрешни работи, кое, без било какви вистински докази, од неразбирливи политички причини, излезе со соопштение дека во организацијата на атентатот врз Киро Глигоров „главна улога“ имала некоја тогашна бугарска фирма – „Мултигруп“. Вистинска истрага за атентатот немаше, ама однапред беше решено гневот на Македонците да се сврти против Бугарија и Бугарите“, вели Андов.
Киро Глигоров, додава тој, не ја одобрувал таа политичка линија на Министерството за внатрешни работи и на тајните служби во него. Неколку месеци подоцна од извори на тајните служби во јавноста се проширила теорија, вели Андов, за т.н.Братиславска врска, со која вината за атентатот се префрли на Албанците.
„И сето тоа, како и првото со Бугарите и Бугарија, не се засноваше ниту на ронка докази. Тоа беа несмасни, но мрачни конструкции на тајните служби. Но, целата работа што ја зготвија тајните служби личеше на наша пресметка со двајцата наши „архи-непријатели“ – Бугарите и Албанците. Кога се сеќавам на тие настани од нашето недалечно минато, наоѓам некои сличности со денешната политика на нашата влада. Признавам дека решеноста да се потпише Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија побуди надеж кај мене дека работите битно се поместуваат во позитивен правец и дека оние стари стереотипи, заблуди и заплашувања ги оставаме на минатото. Сличен впечаток ми оставаат и обидите на Заев да ги релаксира и внатрешните односи меѓу Македонците и Албанците“, пишува Андов во својата колумна.
Тој смета дека е потребно побрзо да се направат подготовки и од двете страни да се изврши ратификација на нашиот договор со Бугарија и што поскоро да се заврши постапката за донесување на законот за употреба на јазиците.
„На Македонците треба да им е јасно дека ако секој од нив има пријател Албанец ќе биде посигурен и со појасна перспектива и тој и неговото семејство и целото општество, а тоа важи и за Албанецот. А ако има непријател Албанец, тогаш ќе се изложува на многу поголеми опасности. Според тоа, Албанецот како пријател за Македонецот е дополнителна сила, Албанецот како непријател за Македонецот е дополнителна опасност, и за едниот и за другиот. Слична е состојбата и меѓу Македонците и Бугарите. Од тоа убедување треба да се раководиме и во политиката и во секојдневниот живот. Само ако таа политика на Заев биде поддржана со убедливо мнозинство од граѓаните на Република Македонија ќе престанат причините за внатрешна нестабилност на земјата, а ќе ги совладуваме и причините за нашата меѓународна изолација“, ја завршува Андов својата колумна.
 
Андов мајстор за пита гомнарка.  Тајната полиција работеше по диктат на Глигоров!!
(This post was last modified: 03-10-2017, 01:07 PM by ЈорданПетровски.)
03-10-2017, 01:06 PM
Reply