Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗОШТО ВООПШТО БУЏЕТ
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#21

(29-12-2012, 04:14 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote:
(28-12-2012, 08:29 AM)Топорчо Wrote: С две ръце се подписвам под това. И аз споменах същото по нагоре. Кредитите отпуснати за инвестиции за недвижимо имущество са пагубни ( моите точни думи бяха коли и апартаменти but close enough ) по простата причина , че недвижимият имот не произвежда добавена стойност. Той е мъртва инвестиция . Но това не значи че дефлацията или нулевата инфлация са по- добри от умерената инфлация ( с повторната уговорка , че все още няма ясна дефиниция за умерена инфлация )

Не е проблемот во „мртва инвестиција“ туку во „малинвестиција“ (погрешна инвестиција). Колите, недвижнините, па дури и уметничките слики се исправна инвестиција кога за нив постои реална побарувачка. Проблемот оди вака:

Државата води инфлаторска политика (печати нови пари). Тие пари се пуштаат во пазарот преку кретиди (централната банка им дава заеми од новите пари на незјините членови-банки, кои натаму даваат кредити на нивните клиенти). Обично тука има политика на „морално убедување“ при што одредени инвестиции се фаворизираат од страна на банките (под притисок на централната банка, која пак ја спроведува политиката на владата), односно кредити за „А“ се делат лесно, кредити за „Б“ се скоро невозможни да се добијат. Низ 1920-тите политиката била за консумерски добра (но повеќето од овие кредити завршуавле на Берзата), низ 1990-тите кредитите биле во главно насмерени кон Берзата, во раните 2000-ти кон технолошиот сектор, во доцните 2000-ти кон секторот на недвижнини. Во исто време имаше и доста лесна кредитна политика кон автомобилската индустрија—затоа кога пукна кризата автомобилската индустрија се најде на колена. Ваквото зајмење на новоотпечатени и неподдржани пари резултира во „меури.“

Во последниов „меур“ на недвижнини луѓето купуваа куќи за кои немаше доволно побарувачка од пазарот. Хипотеки се добиваа лесно, па повеќето луѓе купија куќи кои што можеа да си ги дозволат ислкучиво при ниски камати и инфлација до недоглед, но тоа не е сѐ. Мнозина купија повеќе од една куќа или стан, оти им делуваше дека пазарот на недвижнини секогаш ќе биде здрав, и дека инвестирањето во стан или куќа самото по себе ќе им донесе профит—иако немаше толкав прилив на нови луѓе коишто ќе живеат во сите тие куќи. Тука е важно да забележиме дека цените не се одредуваат од трошоците кои одат во даден производ, туку обратно: очекуваната цена за даден производ (или услуга) ги одредува трошоците: Бидејќи продавачите очекуваат дека пазарот ќе продолжи да се наддава поради лесниот кредит (инфлација), тие ги накачуваат цените на факторите (трошоците) наддавајќи ги нивните конкуренти.Тука се ствара привиден просперитет. Пред секоја рецесија централната банка на САД успорува со печатењето на нови пари околу 6 месеци пред крахот. Доколку инфлацијата не одржува чекор со брзината на наддавањата, грешките во инвестициите брзо се откриваат и настапува период на паника, при што овие кои се купиле нездрава инвестиција почнуваат сѐ побрзо да се откачуваат од нездравата инвестиција. Од овој маѓепсан круг излезот се наоѓа: 1) преку рецесија и ликвидација на нездравите инвестиции, или 2) преку хиперифлација.



Ете зошто инфлацијата е лоша појава и зошто мртва инвестиција не претставува проблем..


Ако за теб инфлацията пък била тя и умерена е лошо за икономиката , какво е добро и защо. Дефлацията или нулевата инфлация ?
Аз си оставам на тезата , че умерената инфлация е двигател на потреблението и инвестициите.
Без Ботев няма България
02-01-2013, 09:08 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#22

Раздолжени кон странство, задолжени дома


Со исплатата на еврообврзницата од 183 милиони евра, на кратко нивото на државниот долг се намали на 28,5 проценти од БДП, ама се намалуваат и девизните резерви.

Министерството за финансии вчера ја исплати еврообврзницата од 183 милиони евра, земена во 2009 година. Со ова земјава ја испочитува улогата на добар плаќач на обврските кон странските кредитори, ама затоа на домашниот пазар позајми нови средства, бидејќи уште денес стасуваат за исплата речиси 90 милиони евра, по основ на стари позајмувања од домашните банки.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вчера порача дека со исплатата на еврообврзницата на краток рок ќе се намали нивото на државниот долг, но во исто време се намалува и нивото на девизните резерви. И двете ставки брзо ќе се променат бидејќи државата за брзо време повторно ќе се задолжи на меѓународниот финансиски пазар.

Според министерот Ставрески, со исплаќањето на долгот земјава ќе испрати добар сигнал кон инвеститорите дека Македонија има висок степен на макроекономска стабилност и целосно ги исполнува обврските, што ќе биде важно за во иднина кога ќе се пристапи кон нови задолжувања на пазарот на капитал. „Со исплатата на оваа еврообврзница де факто на краток рок и нивото на државниот долг ќе се намали на 28,5 проценти од БДП. Се разбира со средствата што ги обезбедивме од Светска банка и со гаранцијата ќе ги надоместиме овие средства, односно ќе го вратиме нивото на девизни резерви тогаш кога ќе пристигнат во Македонија“, истакна вчера Ставрески. Тој додаде дека земјава треба да исплати уште една еврообврзница во 2015 година, што е земена во 2005 година, а и таа се очекува да биде исплатена на идентичен начин како вчерашната. Тоа е првата еврообврзница што ја издала земјава во висина од 150 милиони евра, а каматата, која се' уште се плаќа изнесува 4,62 отсто.

Инаку, вчера државата го врати долгот создаден во 2009 година по основ на издадена евробврзница, кога поради финансиската криза позајми средства со екстремно висока камата од 9,87 отсто. Вкупно за трите години по основ на камата од буџетот се исплатени 51,8 милиони евра, а вчера достасаа за исплата уште 183 милиони евра, пари во кои е вклучена и каматата за последните шест месеци од периодот за отплата. Поранешниот министер за финансии Трајко Славески, кој го реализираше ова задолжување, тогаш изјави дека на меѓународниот финансиски пазар интересот за македонската еврообврзница бил голем.

Таа беше откупена од инвеститори од Велика Британија, кои учествуваа со 59,9 отсто, од Швајцарија 11,3 отсто, Бразил 8,6 отсто, а останатите беа од Австрија, Данска, Германија, па дури од Грција…

Инаку, додека министерот вчера објави дека земјава вратила пари кон старинските кредитори, потврди и дека влегла во нови заеми на домашниот пазар. На вчерашните аукции Министерството за финансии, според објавените проспекти за тримесечни и шестмесечни записи, планираше да позајми 127 милиони евра од домашните банки и пензиски фондови. Но, до затворање на весникот, ниту на веб-страницата на Народна банка на Македонија ниту на Министерството за финансии не беа објавени податоците за тоа колку пари државата успеала да позајми. Иако податоци немаше, Ставрески во текот на вчерашниот ден истакна дека аукцијата поминала стандардно и освен исплата на обврски по претходни аукции, ново и различно е што биле запишани средствата во износ од 38 милиони евра од двата пензиски фонда што се исплатија преку еврообврзницата.
Соња Маџовска

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...F6461FDE60
09-01-2013, 04:33 AM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#23

(02-01-2013, 09:08 PM)Топорчо Wrote: Ако за теб инфлацията пък била тя и умерена е лошо за икономиката , какво е добро и защо. Дефлацията или нулевата инфлация ?
Аз си оставам на тезата , че умерената инфлация е двигател на потреблението и инвестициите.

Колумнава ќе биде ставена и на Почетна страна, со се сите линкови.
Тука е линк до објавената верзија на КонтраПлан (http://kontraplan.org/?p=1346).
Quote: ПОТЕКЛОТО НА ПАРИТЕ И ИНФЛАЦИСКИОТ ПРОБЛЕМ

Пишува Душан Петровски

„Австриската“ Школа инфлацијата (емитирањето на нови пари во економијата) ја смета како негативна појава за издржан и здрав економскиот просперитет. Во оваа смисла, „Австријците“ се разлкикуваат од безмалку секоја друга школа, дури и другите про-пазарни школи. Доколку си „Австриец“ и сакаш да започнеш расправа, ова е прашањето по кое сигурно ќе налеташ на отпор дури и од најголемиот „не-Австриски“ поддржувач на слободниот пазар. „Благата инфлација,“ вели монетаристичкиот мит „ги стабилизира цените, а истовремено ја стимулира побарувачката, при што прозводот е економски просперитет.“ На што „Австрискиот“ одговор е дека инфлацијата само носи поверемен, привден просперитет, којшто неизбежно води до криза опишан во Австриската Теорија на Трговски Циклуси. Понатаму, „Австриската“ мисла прашува: Доколку „благата“ инфлација носи проперитет, тогаш зошто хиперинфлацијата не носи хиперпросперитет?

За да го разбереме проблемот со инфлацијата, мора првин да разбереме што се тоа парите. Секој учебник по економија парите ги дефинира како медиум на размена, кој ги содржи следините четири карактеристики: единица на сметководство (поделивост), чувар на вредноста, метод за одложено плаќање и мерка на вредност. За „Австриска“ дискусија на парите, корисен е и следниов линк.

Студирајќи го потеклото на парите основоположникот на „Австриската“ Школа, Карл Менгер, заклучил дека парите потекнуваат од пазарот, а не од државен декрет. Што значи ова? Ова значи дека барајќи начин на кој учесниците на пазарот (странките во трговска размена) ќе можат да ја задоволат потребата од таканаречената двојна случајност на посакувања* луѓето стасале до различни решенија кои во дадено време на даден географски простор ја играле улогата на пари. Пари биле кравји кожи, зачини, камења и различни метали. Тука е клучно да забележиме дека сите производи кои го достигнале статусот на медиум на размена истовремено имале вредност самите во себе поради нивната полза, и биле посакувани како пари—односно медиум со кој можат да тргуваат за било кој друг производ.

Економскиот прогрес носи зголемен волумен на размена, како и нови трговци од подалечни географски простори. Ваквата насока наметнува дека она што може да мине како медиум на размена мора да е сѐ повеќе универзално. Така што производите кои имаат локална вредност, како и производите кои не се трајни почнуваат да отпаѓаат во напреварот за статусот на пари. Низ времето, поради својата поделивост, трајност, стабилна вредност како и универзална посакуваност во однос на својата полза, благородните метали произлегле како универзален медиум на размена. Вредностите на добрата и услугите почнале да се изразуваат како маса на злато, сребро или бронза.

Низ формирањето на политичките единци владетелите се обидувале да наметнат свои валути на територијата врз која владееле, но секогаш валутите биле некаква маса на посакуван метал, обично злато, сребро или бронза. Уште во далечни времиња владетелите се обидувале да го ограбуваат народот низ емисси на обезвреднети монети (на пр. калеми на злато и бронза). Но, кога се обезвреднува валутата, тогаш ѝ се одзема една од четирите карактеристики кои ја дефинираат како медиум на размена: чуварот на вредност. Затоа, пазарот отсекогаш избегнувал обезвреднета валута.

Печатарската технологија дозволила книжни серитификати да почнат да играат улога на „заменици на пари“ кои биле прифаќани на доверба, зависно од изградената доверба на издавачот, дека сетификатите се покриени со злато кое е складирано во магацин. Банките прозлегле од магационери на злато. Банките започнале да спроведуваат нивна инфлација кога за прв пат во доцниот 17 век англиската Круна започнала да ја третира „Банката на Англија“ како посебен ентитет, а не како секој друг учесник на пазарот. Притоа на банките им било дозволено да издаваат заеми од депозити кои биле оставани, не за цел да се издаваат како заеми, туку за да се чуваат. Сѐ до 1933 год. светот фунционирал на некаков вид на Златен стандард. Денес светот функционира на систем на декретни валути.

Но, да се навратиме малку при зачетокот на парите. Она што е клучно тука е дека парите се појавуваат, не како нешто ново, туку како една страна од трговската равенка. Имено, каде што порано „Борче“ имал килограм жито да тргува за литар млеко со „Васе,“ за да може да се истргува со „Цветко“ за сто грама месо; сега „Борче“ наместо да гаи жито, тој рудари злато, кое го прифаќаат и „Цветко“ и „Васе“ како размена за нивните производи, бидејќи истиот метал можат да го употребат во и вон својата месна заедница за размена за други производи, но и како орнаментен производ самиот по себе. При рударењето злато „Борче“ решава дека пополезно за него е да биде времен или траен производител на злато одошто да биде земјоделец. Но, не можеме да го нагласиме ова доволно: златото е посакувано, не само поради неговата универзална трговливост, туку и поради неговиот декоративен квалитет. Од ислкучителна важност е да разбереме дека за да може да тргува „Борче,“ тој сепак мора да дојде на пазар со стока која е посакувана за тргување—односно да е стока која има корист самата во себе—бидејќи секој учесник на пазарот е истовремено и купувач и продавач. Бидејќи купувачот продава пари, парите мораат да имаат вредност во очите на продавачот на производи.

При услови на инфлација, владата—која во модерни времиња го држи монополот на она што се одредува како валута и нејзиното емитирање на пазарот—ги обезвреднува парите при пуштање во оптек на нови количества на пари. Ова на учесниците на пазарот им дава погрешни сигнали дека на пазарот има повеќе стока одошто тоа е навистина случајот; односно, дека се задоволени низа на потреби, и може да се тргне во задоволување на нови потреби.

Во услови на „врзана“ валута, инфлацијата значи дека има нов прилив на комодитетот за кој е врзана валутата, да речеме златото. Но бидејќи златото е посакувано како производ самото по себе тоа значи дека има повеќе количество од посакуван производ на пазарот. Оние кои го поседуваат златото, доколку не најдат производ за кој ќе го истргуваат, едноставно ќе можат да го претопат во декоративен орнамент, или да го употребат како антикорозивен продукт. Како и да ѐ, „златна инфлација“ едноставно значи дека има повеќе злато на пазарот.

Инфлацијата на декретна валута (валута прозлезена од државен ферман) значи дека на пазарот има повеќе книжни пари, но не и производно покритие за нив, пришто на сила стапува Австриската Теорија на Трговски Циклуси (АТТЦ), која ја објаснивме во текстот „Рецесијата како решение.“ Во модерни времиња инфлацијата обично се шири низ банковни заеми, кои поради новиот прилив на пари се взаемуваат за спуштени камати. Притоа тоа им дава погрешен сигнал на учесниците на пазарот дека е постигнато ново ниво на економска задоволеност—бидејќи сега има „ослободени“ пари кои чекаат да бидат ставени во функција. Инвестиции кои порано не биле профитабилни, како резултат на спуштената каматна стапка, стануваат привидно профитабилни. Според АТТЦ новите пари стимулираат продолжување на производствениот процес како функција на продолжувањето на поделбата на трудот. Односно, кредитната инфлација стимулира вложување во фирми кои се занимаваат со тргување во капиталните индустрии, при што се сервисираат произведувачите на крајните производи. На овој начин се прават погрешни инвестиции поради тоа што на трговците не им е јасно дека стимулот предизвикан од инфлацијата е времен и зависен од инфлација, а не од пазарни побуди, што значи дека трговците насочуваат ресурси во погрешни насоки (на пр. се градат стамбени објекти за кои нема жители, се градат фабрики за чии производи нема пазар, и сл.) за кои нема вистинска побарувачка. Но, економијата не може да трпи погрешно насочување на ресурсите, бидејќи тие се оскудни. Економијата бара ефикасна употреба на ресурсрите во обидот да се задоволат желбите на купувачите.

Воедно, во услови на инфлаторна политика декретната валута ги губи карактеристиките на чувар на вредноста и единица за сметководство. Опаѓачката вредност на валутата истовремено ѝ ја одзема и карактеристиката на метод на одложено плаќање. Ова се важни функции кои ги врши медиумот на размена, бидејќи овозможува беспрекорна размена во сегашноста, но истовремено и дозовлува планирање за идни инвестиции. Закржлавувањето на овие карактеристики имаат далекусежни последици на пазарот.

Тогаш, зошто владее концензусот дека „благата“ инфлација е полезна за економски развој? Краткиот одговор е дека на оние кои пропагираат ваква политика не им е јасна природата на пазарот, и потеклото на парите како пазарен инструмент. Долгиот одговор, следи.

Прво, ниту самите пропоненти на благо-инфлаторната политика не знаат точно што претставува „блага“ инфлација, но доаѓаат до некаков концензус на 2-5%, што самото по себе е прилично голем прозорец.

Второ, треба да ни е јасно дека кога инфлационистите зборуваат за инфлација од „Х%“ тие зборуваат за инфлација на годишно ниво. Значи ако започнеме од вредност на 100, и речеме дека ќе превземеме политика на 5% годишна инфлација тогаш на крајот на првата година во оптек ќе има количество на пари во вредност од 105. Следната година го зголемуваме количеството на пари во вредност од 105 (не 100) за уште 5%, и добиваме вкупен прозивод на количество на пари во вредност од 110,25. Следната година вредноста од 110,25 ја зголемуваме за 5% и добиваме производ од количество на пари во вредност од 115,76. Така што веќе во третата година нивото годишната инфлација е веќе за 0,51% повисоко во однос на нивото на инфлација во првата година, а вкупното количество на пари е за 15,76% повисоко од првичното; а во десетата година веќе стасуваме до вредност на количество на пари од 162,88, додека годишната стапка изнесува 2,76% повеќе од стапката во првата година (ова е веќе близу до хиперинфлација). Односно, инфлацијата има геометриски, а не аритметски карактер. Како резултат на ваквата политика американскиот долар има изгубено околу 98% од својата вредност од 1933 год. до денес.

Трето: да се вратиме на основите на екомијата: добрата и услугите се вреднуваат според нивната релативна количина и бараност. За улогата која ја играат цените зборувавме накратко во „Рецесијата како решение.“ Истовремено секој производ и секоја услуга се ставаат во контекст на сѐ друго што е присутно на пазарот. Во пред-антички времиња сѐ било многу скапо, бидејќи не постоеле пазар, поделба на трудот, и сл., па затоа секој човек морал да работи цел ден само за да може да преживее. Денес ги уживаме благодетите на пазарниот систем кој што изобилува со производи и услуги. Оттука и релативните цени на добрата или услугите соодветно паѓаат. Но, додека реалната цена на овие производи паѓа, поради постојаната инфлаторна политика на светските влади, нивната номинална цена постојано расне. Носењето на посакувани добра на пазар веќе ја нема истата функција што ја имало кога пазарот не бил искривуван од страна на централните банки.

Конечно, „благата“ инфлација ја прикрива вистинската слика. Во услови на хиперинфлација лагата веднаш се согледува. Во услови на „блага“ инфлација на пазарот му е потребно подолго време да ги согледа нус појавите на новото количество на пари. Истовремено, самата природа на пазарот е да се подесува спрема условите; што значи дека пониското ниво на инфлација му дозволува на пазарот подобро да се подеси кон условите. Но, само прашање на време е до кога пазарот ќе може да го издржи ова искривување пред да западне во рецесиона криза.

Како што видовме, и во услови на релативно ниска инфлација количеството на пари расне релативно бргу. Но, производството ја маскира оваа реалност. Сепак, инфлацијата на цени (она што денес се зема како „инфлација“) е присутна и кога цените не опаѓаат како резултат на зголеменото прозиводство. Реално е денес влезот во пазарот да биде полесен одошто тоа било случај во античките времиња, бидејќи, реално е дека при секојневно зголемување на количеството на добра и услуги нивните цени во целина да опаѓаат, а не да стагнираат или пак да се зголемуваат. Но, инфлаторната политика, во комбинација со интервенционистички регулативи, ја менуваат таа реалност и постојано го отежнуваат пристапот до пазарот.

Инфлационистите велат дека приливот на пари ја стимулира побарувачката на пазарот. Но, тие испуштаат една голема вистина: побарувачката е секогаш присутна. Она што ја ограничува побарувачката е фактот што оние учесници на пазарот кои немаат пари не произвеле ништо полезно за пазарот, или пак не прозвеле доволно од нешто што е посакувано. Тоа е онаа дезинформација што инфлцијата ја пласира на пазарот. На побарувачката не ѝ е потребен стимул, туку ѝ е потребна соодветна вредност, која најчесто се задоволува со работа и снаодливост.

И конечно, инфлационистите велат дека обезвреднувачкото влијание на инфлацијата врз валутата е полезна поради тоа што ги казнува штедачите и ги приморува да ги трошат парите. Ова произлегува од некакво нереално убедување дека доколку вредноста на парите постојано расне (дефлација) во однос на пазарните добра, тогаш луѓето ќе немаат мотив парите да ги трошат во сегашноста, кога тие ќе вредат многу повеќе во иднината. Но, оваа гледање заборава цел куп на економски и логични вистини. Тука ќе наброиме неколку:

1. Временската претпочитливост: луѓето имаат општа тенденција да ја претпочитуваат сегашноста на сметка на иднината (од тука произлегуваат и каматите). Тоа значи дека, додека луѓето можеби ќе бидат економични со нивните пари, сепак, ќе имаат желба дел од нив да ги трошат во сегашноста, бидејќи тие живеат во сегашноста. Истовремено, човековиот живот е ограничен, и секој разумен човек е свесен дека еден ден ќе остари, при што дел од производите и услугите кои му се корисни во сегашноста, нема да му нудат полза во иднината. Конечно, секој човек умрира, и тогаш нема никаква полза од било кое економско добро. Така што ова воопшто не претстаува проблем, особено ако се потсетиме дека луѓето обично имаат проблем да заштедат пари, а никогаш да потрошат.
2. Како ќе живеат овие штедачи кои никогаш не трошат пари? Неразумно е да очекуваме дека ќе живеат премногу долго, или пак дека ќе имаат доволно влијание на пазарот. Напротив со сѐ поголемото штедење, нивното влијание на пазарот сѐ повеќе ќе се намалува, оти тие веќе ќе престанат да делуваат на пазарот.
3. Сејовиот закон: пазарите расчистуваат. Не постои оптимално количество на пари. Цените ќе се прилагодат на количеството на пари.

Тоа во кратки црти е „Австриската“ перспектива во однос на парите и инфлацијата. Поради фактот што парите не се вонпазарен феномен, туку се склопен дел на пазарот, тие можат да ја играат својата улога само доколку се остават на пазарот. Посегнувањето по инфлаторни политики е политичка функција на невидливо даночење. Инфлацијата прави привиден просперитет, кој трае кратко. Целта на инфлаторната политика е да се промени природата на пазарот, односно на економските закони, и да се заташкаат неуспесите на интервенционизмот. Зголемувањето на количеството на пари не носи просперитет; туку зголемувањето на добра и услуги на пазарот.

*Дека ќе се погоди дека двајца трговци ќе сакаат да разменат таман толку и баш тој производ што го има другиот трговец, за баш тој производ и таман таа количина што ја нуди првиот.
14-01-2013, 11:37 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#24

Много любопитна статия. Аз не съм подготвен за полемика на такова ниво затова ще вмъкна няколко малки забележки.
Първо ифлацията сама по себе си е само един фактор от икономиката. Имам предвид - самият факт , че инфлацията е отчетена и е да речем 2% , не е достатъчен сам по себе си да опише иконоческото положение на дадена икономика като цялост. Само в комбинация с други икономически величини може да се правят коректни изводи за дадена икономика като цяло.

Quote:„Австриската“ мисла прашува: Доколку „благата“ инфлација носи проперитет, тогаш зошто хиперинфлацијата не носи хиперпросперитет?

Въпросът звучи ефектно но не е коректен. ВСе едно да се пита , ако един витамин укрепва имунната система , то защо 1000 витамина не го укрепят завинаги. От 1000 витамина наведнъж се умира Icon_razz



Quote:Прво, ниту самите пропоненти на благо-инфлаторната политика не знаат точно што претставува „блага“ инфлација, но доаѓаат до некаков концензус на 2-5%, што самото по себе е прилично голем прозорец.

Според това , което съм чел консенсус за умерена инфлация варира в рамките между 2 и 3%

Quote:Тоа во кратки црти е „Австриската“ перспектива во однос на парите и инфлацијата. Поради фактот што парите не се вонпазарен феномен, туку се склопен дел на пазарот, тие можат да ја играат својата улога само доколку се остават на пазарот. Посегнувањето по инфлаторни политики е политичка функција на невидливо даночење. Инфлацијата прави привиден просперитет, кој трае кратко. Целта на инфлаторната политика е да се промени природата на пазарот, односно на економските закони, и да се заташкаат неуспесите на интервенционизмот. Зголемувањето на количеството на пари не носи просперитет; туку зголемувањето на добра и услуги на пазарот.

Нека разсъждаваме и върху това какви са алтернативите на инфлацията. Дефлацията е пагубна , защото поражда хаос на пазара.Парите се държат в изчакване услугите да поевтинеят.

Нулевата инфлация - възможна ли е изобщо ?

Без Ботев няма България
16-01-2013, 08:28 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#25

(16-01-2013, 08:28 PM)Топорчо Wrote: Много любопитна статия. Аз не съм подготвен за полемика на такова ниво затова ще вмъкна няколко малки забележки.
Първо ифлацията сама по себе си е само един фактор от икономиката. Имам предвид - самият факт , че инфлацията е отчетена и е да речем 2% , не е достатъчен сам по себе си да опише иконоческото положение на дадена икономика като цялост. Само в комбинация с други икономически величини може да се правят коректни изводи за дадена икономика като цяло.

Quote:„Австриската“ мисла прашува: Доколку „благата“ инфлација носи проперитет, тогаш зошто хиперинфлацијата не носи хиперпросперитет?

Въпросът звучи ефектно но не е коректен. ВСе едно да се пита , ако един витамин укрепва имунната система , то защо 1000 витамина не го укрепят завинаги. От 1000 витамина наведнъж се умира Icon_razz

Да, ама тука зборуваме за економија, а не за медицина. Благата инфлација како што објаснувам во колумната е само привидно полезна, поради тоа што нејзините штетни ефекти се засткриваат зад продуктивната моќ.


(16-01-2013, 08:28 PM)Топорчо Wrote:
Quote:Прво, ниту самите пропоненти на благо-инфлаторната политика не знаат точно што претставува „блага“ инфлација, но доаѓаат до некаков концензус на 2-5%, што самото по себе е прилично голем прозорец.

Според това , което съм чел консенсус за умерена инфлация варира в рамките между 2 и 3%

Ова нека е по твое, но не прави никаква разлика.

(16-01-2013, 08:28 PM)Топорчо Wrote:
Quote:Тоа во кратки црти е „Австриската“ перспектива во однос на парите и инфлацијата. Поради фактот што парите не се вонпазарен феномен, туку се склопен дел на пазарот, тие можат да ја играат својата улога само доколку се остават на пазарот. Посегнувањето по инфлаторни политики е политичка функција на невидливо даночење. Инфлацијата прави привиден просперитет, кој трае кратко. Целта на инфлаторната политика е да се промени природата на пазарот, односно на економските закони, и да се заташкаат неуспесите на интервенционизмот. Зголемувањето на количеството на пари не носи просперитет; туку зголемувањето на добра и услуги на пазарот.

Нека разсъждаваме и върху това какви са алтернативите на инфлацията. Дефлацията е пагубна , защото поражда хаос на пазара.Парите се държат в изчакване услугите да поевтинеят.


Ова веќе ти е одговорено во колумната:
Quote:И конечно, инфлационистите велат дека обезвреднувачкото влијание на инфлацијата врз валутата е полезна поради тоа што ги казнува штедачите и ги приморува да ги трошат парите. Ова произлегува од некакво нереално убедување дека доколку вредноста на парите постојано расне (дефлација) во однос на пазарните добра, тогаш луѓето ќе немаат мотив парите да ги трошат во сегашноста, кога тие ќе вредат многу повеќе во иднината. Но, оваа гледање заборава цел куп на економски и логични вистини. Тука ќе наброиме неколку:

1. Временската претпочитливост: луѓето имаат општа тенденција да ја претпочитуваат сегашноста на сметка на иднината (од тука произлегуваат и каматите). Тоа значи дека, додека луѓето можеби ќе бидат економични со нивните пари, сепак, ќе имаат желба дел од нив да ги трошат во сегашноста, бидејќи тие живеат во сегашноста. Истовремено, човековиот живот е ограничен, и секој разумен човек е свесен дека еден ден ќе остари, при што дел од производите и услугите кои му се корисни во сегашноста, нема да му нудат полза во иднината. Конечно, секој човек умрира, и тогаш нема никаква полза од било кое економско добро. Така што ова воопшто не претстаува проблем, особено ако се потсетиме дека луѓето обично имаат проблем да заштедат пари, а никогаш да потрошат.
2. Како ќе живеат овие штедачи кои никогаш не трошат пари? Неразумно е да очекуваме дека ќе живеат премногу долго, или пак дека ќе имаат доволно влијание на пазарот. Напротив со сѐ поголемото штедење, нивното влијание на пазарот сѐ повеќе ќе се намалува, оти тие веќе ќе престанат да делуваат на пазарот.
3. Сејовиот закон: пазарите расчистуваат. Не постои оптимално количество на пари. Цените ќе се прилагодат на количеството на пари.

(16-01-2013, 08:28 PM)Топорчо Wrote: Нулевата инфлация - възможна ли е изобщо ?

ДА! Ако инфлацијата претставува зголемување на количеството на пари, произлезено како резултат на владини емисии, тогаш за да се постигне 0% инфлација, едноставно треба да се престане со емитирање на нови пари.
16-01-2013, 09:59 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#26

Македонија има најниски плати од бившите југословенски републики

Работниците во Македонија примаат најниска плата во споредба со другите земји од Балканот. За оваа година експертите и работодавците не очекуваат зголемување на платите

ПРИМАЊАТА НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ЗЕМЈАВА И РЕГИОНОТ

Годинава македонските работници не би можеле да очекуваат зголемување на платите. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната нето-плата по вработен во Македонија изнесувала 20.857 денари или 340 евра за ноември. Во споредба со претходниот месец платата се намалила за 0,8 отсто, додека во однос на истиот месец лани платата по вработен се зголемила за 0,1 отсто, што речиси останала на истото ниво од минатата година.
Намалување на просечната месечна исплатена плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите: снабдување со електрична енергија, рударство, земјоделство, текстилна индустрија, компјутерско програмирање.

Македонија се соочува со најниска плата во споредба со другите земји од Балканот, пред сѐ земјите од бивша Југославија. Просечната плата во Србија изнесува 420 евра, Црна Гора 487 евра, Словенија 1.035 евра, Хрватска 750 евра. Од околните држави, во Грција просечната плата е околу 1.000 евра, во Бугарија околу 400 евра, во Албанија 380 евра. Само косовските работници примаат помала плата од нас, или околу 300 евра.

Помала побарувачка

Професорот Мирољуб Шукаров од Универзитетот на ЈИЕ појаснува оти зголемувањето на платите најмногу зависи од профитот и од трошоците на компаниите и нивната креација е слободна во зависност од работењето на претпријатието.

- Намалувањето е резултат на проблемите со кои се соочуваат компаниите. Намалувањето на индексот на индустриското производство и намалувањето во извозниот сектор доведуваат до намалување на платите - вели Шукаров.

Во време кога се зголемуваат трошоците на домаќинствата, како за струја и за прехрана, на граѓаните им остануваат помалку средства за трошење и сето тоа се рефлектира на помала побарувачка.

Како што вели професорот, газдите се соочуваат и со неизвесна иднина, односно дуваат и на кисело млеко, и се обидуваат да го зачуваат работењето, па доаѓа до намалување на платите. Според него, намалувањето е нормална реакција кога компаниите се соочуваат со проблеми во услови на криза.

Од Конфедерацијата на работодавци сметаат дека компанијата може да ги зголеми платите по вработен доколку направи добар акциски план, користејќи ги и субвенциите на Владата.

- Доколку компанијата направи добар план за работење и средствата што ќе останат ги прераспредели во неколку сектори, а еден од нив да биде мотивација на вработените, тогаш ќе има зголемување на платите - Миле Бошков, претседател на Конфедерација на работодавци.

Без зголемување

Од текстилната индустрија наведуваат дека годинава не очекуваат зголемување на платите. Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилна индустрија, вели дека зголемување на платите во оваа индустрија би имало само со автоматизација на работата, што ќе доведе до подобрување на работата по вработен и зголемување на производството.

- Доколку Владата им помогне на компаниите од текстилната индустрија да ги подобрат машините, ќе се зголеми и производството. Конкуренцијата е голема, а работната сила од Далечниот Исток наплаќа помалку за сработеното - вели Димитров.

Тој појаснува дека курсот на еврото во однос на денарот е фиксен, па и платите остануваат исти, но трошоците на домаќинствата се зголемуваат.

И во секторот за информатички технологии не очекуваат зголемување на платите. Од ИТ-компанијата „Риверсофт“ велат дека поради намалениот обем на работа во целата ИТ-индустрија нормално е да нема пораст на платите.

- Не верувам и не очекувам дека годинава ќе има зголемување на платите во секторот за информатички технологии. Доколку имаме повеќе проблеми за решавање и повеќе работа, тогаш ќе се зголемува бројот на работните часови, а со тоа и платата - вели Жарко Миленковски од „Риверсофт“.


Просечни плати на Балканот

Најниска плата

Републичкиот завод за статистика соопшти дека просечната плата во Србија за декември 2012 година изнесувала 421 евро и во однос на истиот период лани е помала за пет отсто. Меѓутоа, платата реално е поголема за 11 отсто во споредба со претходниот месец.

Во Хрватска просечната месечна исплатена нето-плата по лице за ноември изнесувала околу 750 евра, или 3,5 отсто повеќе од платата за октомври.

Сепак, од Државниот завод посочуваат дека платите за ноември се обично повисоки од октомвриските поради додатоците за Божиќ и другите бонуси во овој период од годината.

Во Словенија, пак, нето-платата изнесувала 1.035 евра, што е за 4,9 отсто повеќе на месечно и 1,8 отсто помалку на годишно ниво. Платите во ноември се зголемиле благодарение на зголемените бонуси кон крајот на годината.


Автор: Маја Трајковска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22794
01-02-2013, 02:45 PM
Reply