Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗОШТО ВООПШТО БУЏЕТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Зошто воопшто буџет?

[Image: 75987_10152254806545317_465686532_n.jpg]
Пишува Душан Петровски

Во моменталнава расправа за буџетот на РМ се поставуваат погрешни прашања: Колкав треба да е буџетот? и Како да се наменат народните пари? Исправното прашање е: Зошто воопшто буџет? На македонскиот граѓанин Државата му е втора природа. Тој е научен да живее како нејзин потчинет и да го ужива само она што Државата му го дава. Оваа погубна навика, која прераснала во менталитет е причината поради која тој живее во релативна беда (споредено со стандардот на живот постигнат во напреднатите држави). Македонскиот граѓанин, и покрај номиналната неприкосновеност на правото на лична сопственост и гаранција на пазарно општество во Уставот на неговата држава, не е запознаен со суштиската природа на овие концепти, како и нивната функција во однос на економскиот просперитет. Популарниот !!!!!! во кој Пратеникот Илија Димовски се фали со големината на Владиното учество во македонската економија, при што реди една по една различна програма која оданочува едни за да даде на други е доказ пар екселанс за овој проблем.

Зошто владата троши

Дека владите мораат да имаат буџети и да трошат, денес е прифатено како непрокосновен економски закон. Иако британскиот Лорд Кејнс има голема заслуга за оваа наклонетост, тој е одговорен само за популарната рационализација на погубна идеологија која циклично се потвртдува како кобна за општото граѓанство—но не и за специјалните интереси блиски до власта. Корените на модерната социјална држава се наоѓаат во Германија на Бизмарк, затоа и во поголем Кејзиската теорија со совпаѓа со социјлистичката идеологија. И покрај практичната неисправност на Кејнзиската Теорија, како и нејзината методолошка неиздржаност, не е тешко да се согледа зошто владите се држат за неа како слеп за стап.

Имено, оваа теорија вели дека владите мораат да трошат пари за да го стимулираат оној дел на економијата што приватните лица немаат интерес да го активираат. Идејата дека причината поради која приватните лица (и бизниси) немаат интерес во стимулирањето на тој дел од економијата е зашто за такво нешто нема интерес од пазарот, односно дека нема кој да ги купи производите или услугите кои би ги произведувал овој неактивен дел од економијата воопшто не им паѓа на ум на Кејнзијанците. Целта на оваа теорија е „целосно вработување.“ Клучно во Кенјзијанскиот модел е што сопственоста на средствата за производство е во приватни раце, но владата ја усмерува нивната намена низ разни регулативи, постојано зголемување на количеството на пари (инфлација/девалвација) и „морално убедување.“

Критичатите на постапките на Владата на Груевски се повикуваат на Кејзијанската теорија, велејќи дека таа дава некави параметри за одговорно владино трошење. Но, круксот на комплетната неисправност на Кејзискиот модел е во тоа што вели дека за да се стимулира економијата, мора да се стимулира потрошувачката: доколку доза на стимулус не ја излечи кризата, тогаш тоа е знак дека дозата била премала, а не дека принципот на владин стимулус е погрешен. Лекот е повеќе трошење.

Југославија беше тип на Кејнзијански систем со своите фабрики каде што работеше 10% од вработените—но имаше целосна вработеност—и каде што се произведуваа продукти и услуги за коишто немаше пазар (на пр. државната „Газоза“ беше помалку посакувана од приватната лимонада, и покрај тоа што лимонадата беше поскапа). Секако, не смееме да ги заборавиме легендарните Титови мостови, домови на културата и споменици.

Годините помеѓу македонската независност и Владата на Груевски можеме да ги опишеме како период на неидеолошки општ грабеж. Во овој период односот на оние во власта беше дека Македонија е слободно-пазарно општество, и дека секој може да се снајде соодветно со своите способности. Но овие политичари неслучајно забораваа да приметат дека вкупниот апаратус на Држвата беше применуван во местење на пазарот (на пр. тенденциозна приватизација, извозно/увозна регулатива за која се потребни посебни познанства, конкретно целување на одредени лица од страна на СДБ заради нивна непречена соработка со претпријатија од страни држави).

Доаѓањето на власт на гарнитурата на Никола Груевски повторно ја враќа Македонија на Кејнзијански патеки. Според Кејнзовата „Општа Теорија“ битно е владата да ја стимулира економијата преку постојана девалвација на валутата, вбригзувајќи нови пари во пазарот (при што реалните заработувачки ќе опаѓаат, но глупавите работници нема да се свесни за ова. Оваа стратегија многу успешно се применува во РМ низ минативе години со зголемувањето на пензиите и платите на Администрацијата). Според Кејнз не ебитно дали Државата ќе гради пирамиди или железници, важно е да се створи потрошувачка која според Кејнз е двигателот на економијата. Тука можеме делумно да се согласиме со Кејнз: не е важно на што Државата ги троши народните пари, важно е дека секоја нејзина потрошувачка го изобличува пазарот.

Оттука, критичарите на Владата на Груевски (свесно или несвесно) повикувајќи се на Кејнз не нудат решение за екомската непријатност во РМ, оти Владата се придржува кон принципите на Кејнзискиот метод: таа троши; троши сѐ повеќе од година на година; и троши на омилениот проект на Кејнз—пирамиди!

Однесувањето на оваа Влада може исправно да се критикува само од аспект на Австриската Школа.

Зошто владата не смее да даночи

За да може да троши, владата мора првин на даночи. Идејата дека владиното мешање во пазарот, прво низ оданочувањето на граѓаните како присилен метод на здобивање со пари, и второ со емтирање на тие пари во намени кои владата ги одредува е клучна за расправата за она што носи, а што не носи економски просперитет.

Од една страна даночењето е морално неисправно. Ова и самата Држава го признава при што го обеззаконува рекетарството. Имено, рекетарот, како и Државата, оди од човек на човек и му нуди заштита, првин од себе си (како и државата—ако не платиш данок одиш в затвор), а потоа и од други разбојници слични на себе си (други рекетари, како и други Држави). Истовремено, оданочувањето е некомпатибилно со поимот за неприкосновеност на личната сопственост: данокот присилно му одзема на граѓанинот дел од она што тој го заработил благодарение на својот труд или лукавост. Од друга страна, оданочувањето е економски погубно: граѓанинот заработува за да ја подобри својата лична состојба (Теоријата на Човековото Дејствие како двигател на економијата—Лудвиг вон Мизес). Одземајќи дел од неговата заработка е контра-стимул кон повторно работење ако човекот знае дека дел од неговиот труд ќе биде конфискуван.

За да има економски просперитет граѓаните мораат да сочувуваат дел од својата заработувачка за да може да акумулираат капитал кој би го вложиле подоцна. Тоа е семето на капиталистичкиот систем. Реално, во економски систем каде што постои и најмала слобода, заработувачките се пониски од една десетина од бруто приходот на фирмата. Ова е резултат на фактот што на пазарот сѐ е во конкуренција со сѐ друго: лебот на фурнаџијата „А“ е во конкуренција не само лебот на фурнаџијата ,,Б,“ туку и со облеката на кројачот ,,Џ,“ концертот на пејачот „Ш,“ итн. Така што, она што останува како заштеда е сосема мал процент, околу десетина или помалку од заработувачката. Отприлика слична е сликата и за поедините граѓани. Оттука, секое даночење, и најмалото од 1-2% од нето приходот е голем удар за можностите на граѓаните да акумулираат капитал кој би го вложувале неколку месеци или неколку години подоцна во градење на стамбени објекти, инвестирање во пазарот на хартии со вредност (на кој начин секој работник станува капиталист), отворање на образовна установа, отворање на театар или градење на патишта, отворање на фирма која ќе ја продолжи понатамошната поделба на трудот, итн.

Даночејќи го граѓанинот Државата му ја одзема способноста да стане економски слободен, и конечно еден ден секој граѓанин да стане капиталист. На тој начин Државата го држи граѓанинот зависен од неа.

Зошто владата се задолжува

Можностите на било која влада да даночи се ограничени. Од една страна граѓаните постојано наоѓаат начин легално или нелегално да избегнат плаќање на даноци. Интересен факт за САД е дека без разлика за тоа која била номиналната стапка на данокот за приход (за прв пат воведен и востановен како начин да се финансира нејзиното учество во Првата Светска Војна), ефективната стапка секогаш се движи во рамките помеѓу 15-20%, иако во целиот период од воведувањето на данокот за приход номиналната стапка е секогаш над оваа рамка. Обидот оваа ефективна стапка да се зголеми може само да предизвика социјален немир.

Од друга страна, погоре напишаното во врска со улогата на штедењето значи дека колку повеќе расне стапката на оданочување, толку повеќе се намалува способноста на граѓанството да заработува и да произведува профити кои би се даночеле. Оттука, владата се соочува со две опции: да живее во рамките на реалното даночење или да се задолжува преку продавање на обврзници и земање на заеми.

Бидејќи секоја влада има тендеција да троши—дали од стриктно идеолошки причини, или од лично-профитаблини причини—оттука и тенденцијата да се задолжува. Искушението е премногу силно, оти за разлика од случај на приватен граѓанин кој задолжувајќи се, се става себе си во улога на гарантор дека ќе го врати заемот преку ставање на хипотека (личен имот, лично реноме); кога истиот граѓанин се задолжува во име на Државата, тогаш тој лично ништо не губи со неуспешниот исход на инвестицијата на заемот.

Од друга страна тој добива многу: добива популарност која во услови на парламентарна демократија му носи нов мандат и повторна прилика да ја полни својата суета како и своите џебови, и џебовите на специјаните интереси (елити) кои секогаш гравитираат блиску до власта.

Но, внесувањето на нови пари во економијата (инфлацијата), каде што задолжувањето игра клучна улога претставува невидлива, односно индиректна форма на оданочување. Доколку векна леб вчера чинела 10 ден. а денес чини 11 ден. а притоа немало некоја промена во севкупните односи помеѓу стоките кои ја произведуваат векната, тогаш граѓанинот губи една десетина од неговиот приход без да добие ништо повеќе. Но, истовремено Државата троши повеќе—а од оваа потрошувачка профитираат оние кои што први ги добиваат новите пари. Не случајно тоа се специјалните интереси блиски до власта, како и гласачките блокови кои се најжестоки гласачи.

Зошто владата не смее да троши

При пишувањето на неговиот тракт по економија („Човековото Дејствие,“ 1949), Лудвиг вон Мизес забележал дека „во денешната стапка на технолошки развој, сѐ може да се направи од било што.“ Од економска гледна точка, за владата не постои клучниот економски тест на профит и загуба. Оттука, владата нема способност да прави економска пресметка.

[Image: vmrobudzet.jpg]

Точно, доколку даден проект се покаже како неефикасен (непрофитабилен) владата страда со загуба како и приватниот граѓанин. Но, за разлика од приватниот граѓанин владата го поседува монополот на печатење на пари, како и монополот на насилно собирање на незаработени пари. Таа секогаш ја покрива загубата во еден сектор со нови „профити“ остварени преку оданочување или задолжување. И бидејќи сѐ може да се направи од било што, на владата ѝ е невозможно да знае кој е најефикасниот метод кој не само што ќе направи профит, туку и ќе остави дополнителна заштеда за понатамошно вложување.

Тука би прокоментирале и за случаите каде што општествените претпријатија се фактички профитабилни. Ова се случува исклучиво во случаи каде што државното претпријатие е монопол, а побарувачката за неговиот производ или услуга нееластична. Но, ова не е одраз на способноста на управителите на овие државни претпријатија, туку одраз на монополот на насилство на Државата. Не ретко во овие случаи е да се развие црн пазар каде што посакуваната стока се тргува за цена која е поблиска до реалната пазарна цена за неа (пазарна цена плус цената на ризикот).

Општата критика кон буџетот за 2013. год. е дека парите ќе се трошат на споменици и слични „непродуктивни“ проекти, кога на РМ и требаат патишта, хидроцентрали и слични капитални инвестиции. Типичен пример беше даден скоро, кога, Драган Тевдовски, доцент на Економски факултет – Скопје пишувајќи за Капитал напиша:

„За волја на вистината јавните долгови се зголемија во многу земји во последниов период. Кејнзијанската теорија го поддржува ова, но сепак помеѓу економистите постои консензус дека со парите од нив треба да се финансираат продуктивни јавни инвестиции. Логиката е едноставна и може да се сведе на размислување на еден обичен бизнисмен: кредит се зема за да се отвори нов производен капацитет, да се купи нов деловен објект, да се воведе нова опрема и слично, односно да се инвестира во нешто што ќе создаде дополнителна вредност. Нема бизнисмен што зема кредит да купи уметнички слики за во канцеларијата. А, власта во последниве години го прави токму тоа. Се градат скулптури, споменици, музеи, административни згради и фасади. Ова не се работи кои ќе и донесат иднина на македонската економија. Иднината ја прават вложувањата во хидроцентрали, термоцентрали, гасоводи, регионални автопатишта, здравство, образование и наука.“

Поентата на важноста на екомонската пресметка е изгубена кај овој академски економист—и тој не е осамен во својата забуна. Поенатата е дека владата и приватниот бизнисмен не можат да се сметаат за споредливи битија. Поентата е дека цел на владата ѝ е да вработи што повеќе граѓани, додека цел на бизнисменот е да го оствари својот проект со најголема ефикасност—бидејќи потрошувачите сакаат да добијат најмногу и најдобри производи и услуги за најмалку пари. Државата живее во сегашноста, стопанственикот мора да размислува за иднината. Државата може да опустоши, но доколку приватниот стопанственик го опустоши својот посед, тој од една страна ќе ја спушти цената на својата понуда, а во исто време ќе остане без идна понуда.

Да земеме хипотетички пример: Доколку државата се реши да изгради железница од Куманово до Скопје чија што разделеност е околу 30 км. во цик-цак форма, чијашто должина ќе изнесува 60 км., и притоа го потроши сиот буџет во текот на изградбата, таа во истиот миг може да створи нови пари. Ова е реалност во секој државен проект кога се градат патишта, болници, стамбени проекти и сл. Државата има мотив за да работи неефикасно, оти на тој начин вработува поголем број на луѓе: на тој начин се надева дека ја стимулира економијата.

Доколку истото го стори приватниот бизнисмен, тој нема друго решение освен да ја распродаде железницата уште пред да ја заврши. Но, во градењето на државната железница корисни материјали и труд се одлеваат во проект кој може да се изгради многу поефтино. Истовремено, доколку Државата не гарантира монопол на само една фирма да поседува железница за коридорот Куманово-Скопје, тогаш и во случај приватната фирма која ја гради цик-цак пругата да има доволно пари да ја изгради и пушти во употрба, таа лесно може да биде совладана од конкурентна фирма која ќе изгради директна пруга чијашто услуга би била повеќе посакувана од корсниците. Во случајот на приватниот сектор, пазарот го ограничува недомаќинското трошење. Таков тест не постои за Државата, влучувајќи ги и изборите кои се добиваат на демагогија, а не на реалност.

Неприкосновената природа на приватната сопственост

Закржлавеното чувство на приватна сопственост кај Македонецот се манифестира во игнорирањето на премногу важен факт: Државното трошење е некомпатибилно со принципот на еднаквост на граѓаните загарантиран во Устав на Република Македонија, бидејќи парите се трошат нееднакво. Принципот на еднаквост пред Државата значи дека таа нема да третира едни како мајка, а други како маќеа.

Но, токму тоа се случува кога Државата троши, било на споменици, училишта, здравство или на хидроцентрали. Некој добива ќар од државната потрошувачка, додека некој друг губи. На пример, давањето на субвенции на земјоделците ги охрабрува да гајат помали количества на производи, или воопшто поразлични производи одошто би требале за да можат да профитираат. Резултатот на ова е дека цената на земјоделските произоди е повисока поради нивната релативна оскудност на пазарот. Купувачот е оштетен преку повисоките цени. Недостатоците ќе мора да се увезат од надвор, а недоволниот род значи дека државата нема што да размени како компензација. Државата ќе мора да се задолжи. Овој принцип важи за сето она што Државата го финансира.

Не секој граѓанин ги користи услугите на образовните установи, судови или здравствени установи. Следејќи го принципот на еднаквост на граѓаните, секој директен корисник е оној што мора директно да ги плаќа услугите кои ги добива.

Во погоре споменатиот видео клип Илија Димовски објаснува колку бесплатни услуги Државата обезбедува за граѓаните на РМ. Ништо не е бесплатно; за сѐ треба некој да плати. Проблемот во системот кој го нуди не само Власта, туку и Опозицијата е во тоа што оние кои ги добиваат бесплатните добра не се исти со луѓето кои плаќаат за нив. Прашањето е зошто Владата мора да ги спроведе овие услуги? Логично, доколку постои потреба од овие услуги, тогаш граѓаните треба да се волни да ги купат. Одговорот е во тоа дека нема пазарна слобода. Државната регулатива, потребата од политичка поврзаност и постојаната инфлација не дозволуваат да се развие приватен, слободен и реален пазар за овие производи и услуги.

Етатистичката митологија вели дека некои проекти се премногу големи за приватниот сектор да ги спроведе. Но, факт е дека приватниот сектор наоѓа ефикасни решенија, поради тоа што е ограничен од скржавоста на секој потрошувач. Државата гради џиновски хидроценирали, приватниот сектор нуди мини централи кои употребуваат ѓубре за енергија. Државата гради мега-болница до која нема пристап, приватниот сектор гради илјадници ординации близу до клиентите. Факт е дека првите патишта и железници (во Велика Британија и САД) биле приватни. Тука сеуште има по некој автопат во приватна сопственост. Овие проекти стануваат „премногу скапи“ за приватниот сектор—прво заради тоа што Државата ги национализира, и второ заради куповната моќ на Државата: таа секогаш може да го наддаде приватниот сектор во борба за набавка на материјали. Истовремено, знаеме дека здравството во РМ единствено функционира кога митото е возможно—што е одраз на пазарната економија. Градејќи мега-проекти Државата можеби го задоволува квантитативниот капацитет на побарувачката, но приватниот сектор проблемот го решава квалитативно.

Оттука, и логичното прашање: Зошто воопшто буџет—освен ако не сакаме да крадеме од едни за да дадеме на други?

При составувањето на овој текст авторот се користел со заклучоци извлечени од Карл Менгер („Потеклото на парите“), Лудвиг вон Мизес („Човековото дејствие,“ „Економска пресметка во социјалистичкото општество,“ „Критика на интервенционизмот“); Хенри Хезлит („Економија во една лекција,“ „Дали доларите ќе го спасат светот,“ „Инфлациската криза и како да се реши,“ „Неуспехот на новата економија“), Џон Мејнард Кејнз („Општа теорија за вработувањето, каматата и парите“), Ф.А. Харпер („Зошто раснат заработувачките“) и Мареј Родбард („Човекот, економијата и државата,“„Власта и пазарот,“ „Што Државата им стори на нашите пари“) бесплатно достапни во електронска форма на mises.org/Literature

24-12-2012, 04:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Борба за храна!

[Image: 17kolumnist.jpg]
Виктор Трифуновски
Економски аналитичар, бизнисмен и блогер

Македонија е веројатно единствената земја каде луѓето (барем официјално) протестираат во врска со буџетот. Просто е неверојатно дека пред само едно деноноќје ја имавме највжештената политичко-безбедносна атмосфера по 2001. Зошто? Поради буџетот, поради парите со кои располагаат политичарите. Во овој текст немам намера да бидам арбитар и да пресудувам кој бил повеќе или помалку во право, ниту пак кој прекршил повеќе закони.

Неколку моменти во целата драма ме подсетија на Ралф Реико, брилијантниот американски историчар ревизионист, кој суштината на конфликтите ја бара во материјалистичкиот мотив на учесниците во конфликтот, наспроти официјалните политики кои го создаваат таквиот конфликт. Неговиот егзистенцијалистички пристап во истражувањето на историските настани, особено на воените конфликти, фрли ново светло врз американската граѓанска војна, врз Првата и Втората светска војна... и особено врз многубројните локални конфликти на европска почва во последниве неколку векови. Посебно е интересно неговото разобличување на познатите историски личности кои долго време сме ги вреднувале позитивно, како на пример Абрахам Линколн или Ф.Д. Рузвелт.

„Ветувањето на просперитетна иднина по војната и победата над непријателот, е најсилниот фактор кој ги мобилизира масите“ вели Реико. Според него, идеолошкиот фанатизам всушност почива врз ветувањето на подобра егзистенција. Пензискиот ситем на Ото фон Бизмарк „вишокот на вредноста“ кај комунистите, или ветениот рај за верските фанатици... се е тоа конкретен личен интерес кој поединците веруваат дека ќе го задоволат со елеминација на одреден противник во одредена војна. Германците во доцниот 19-ти век, од индустриски шампиони се претворија во лојални војници, спремни да се жртвуваат за земјата која им обезбеди сигурна егзисенција во случај на физичка неспособност. Таквиот нивни фанатизам создаде две светски војни и однесе стотици милиони жртви.

Масло на ваквиот оган во ХХ век додаде и комунистичката интернационала со насилните државни преврати во многу земји. Нивните крвави походи кои ги нарекуваа „Револуција“ најчесто подразбираше ликивидација на околу 10% од населението (согласно препораките на Ленин) кои според нив ја представувале класата на „експлоататори“. Всушност, согласно теориите на Карл Маркс, комунистите верувале дека оваа група на луѓе наводно одзема дел од богатството на работниците, комплетно занемарувајки ги пазарните околности, и тоа поготово различниот пазарен успех на секој поединец.

Најсилната војска која денес постои се т.н „Маринци“ како дел од Армијата на САД. Тоа се најобучените, воедно и најдобро платените војници на сите времиња. Се разбира и на нив им е најважна личната заработка, а не слободата за Ирак или Авганистан како што официјално гласат паролите под кои војуваат. Значи мотивот за влез во конфликт се формира најнапред на индивидуално ниво, односно учесникот во конфликтот најнапред го гледа својот личен интерес, па дури потоа идеалите кои ги дели со своите соборци.
Дали ова важи и за вчерашните инциденти во Скопје..?
Дали вчерашните протагонисти од двете страни, се оперирани од личен интерес, па единствено ги интересираат демократијата и уставниот поредок на оваа земја..?
Мојот одговор е ... НЕ!

Обичниот СДСМ-овец доби ветување од нивниот подпретседател Зоран Заев, дека ќе добиваат работни места поради своите политички заслуги. Ветувањето беше дадено јавно, пред камера, и со дополнување дека ќе бидат вработувани и нивните поблиски, па и подалечни роднини. Затоа им е важен буџетот, и затоа сакаат Македонија да остане земја со ниска задолженост, за еден ден и нивната влада да зема кредити со кои ќе се исплаќаат нивните партиски војници вработени во администрацијата.

Од другата страна ВМРО-вците се луѓето кои веќе егзистираат на таков начин. Тие моментално ги држат позициите кои нивните опоненти ги посакуваат, и нормално, не сакаат истите да ги испуштат. Тоа е нивната егзистенција со која тие ги издржуваат своите семејства, плаќаат кредити, тоа целокупната нивна надеж во животот која ја граделе лепејки плакати, дежурајки покрај гласачки кутии, или урлајки гласно на сите предизборни митинзи.

Овие две групи всушност се борат за храна, бидејки со заработените плати друго и неможат да купат. Во Македонија само буџетот остана сигурен плен кој го делат најхрабрите партиски лавови и останатите политички ѕверки и ѕверчиња. Во оваа држава плаќањето данок и придонеси е поважно од деловното проширување на приватните фирми, од нивната меѓусебна задолженост и од останатие проблеми кои реално ги имаат на меѓународните пазари. Затоа државната работа е амбиција на секој млад човек овде, а не творечкиот претприемнички дух, ниту пак менаџерските можности на големите корпорации.

Анти-капиталистичкиот менталитет кој ја преживеа транзицијата, всушност вчера експлодираше кај оние погладните идеолошки фанатици. Овие групи всушност се грабаат за буџетот кој е последниот егзистенцијален улов во нашава џунгла. Се работи за најобичен предаторски инстинкт кој не признава било каков принцип на цивилизирано општење во рамки на закон, устав, парламентарен деловник...

Капиталистичките принципи на Слободен Пазар, каде секој му служи на секого, и каде профитот е исто така главен императив, за нашите луѓе останаа непознат механизам. Принципите кои од поранешните колонии создале најпосакувани места за живеење, никогаш кај нас не добија вистинска шанса. Нашите луѓе, цивилзиациски останаа робови на примитивниот пролетерски дух, според кој се може да се добие со сила. Тоа е коренот и на вчерашните немири, како и на вечниот меѓучовечки антагонизам помеѓу политичките субјекти.
25-12-2012, 04:56 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#3

(24-12-2012, 04:38 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Браво Душане! Текстот ти е одличен. Кога ги читам, повремено, текстовите по економија и бизнис од нашите уважени професори и експерти по економија, дел од работите не ги разбирам, зошто не ми се вклопуваат во моето инстинктивно поимање на економските нешта или беа против здравата логика, или ,пак, ги објаснуваа само дел од проблемите. Често си кажував за себе-Е, Христо, тапа си за економија. После овој текст на Душан за елементите на економијата, одеднаш Христо стана Ајнштајн по економија. Се ми беше јасно, лесно и питко за прифаќање. Колку не лажеле и колку не лажат! Ех, Христо, Христо, да сум помлад како птица би избегал од уваа удбашко-полициска зандана и темница, и не би се завртил позади себе.

26-12-2012, 12:06 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#4

(25-12-2012, 04:56 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Борба за храна!

[Image: 17kolumnist.jpg]
Виктор Трифуновски
Економски аналитичар, бизнисмен и блогер

Македонија е веројатно единствената земја каде луѓето (барем официјално) протестираат во врска со буџетот. Просто е неверојатно дека пред само едно деноноќје ја имавме највжештената политичко-безбедносна атмосфера по 2001. Зошто? Поради буџетот, поради парите со кои располагаат политичарите. Во овој текст немам намера да бидам арбитар и да пресудувам кој бил повеќе или помалку во право, ниту пак кој прекршил повеќе закони.

Неколку моменти во целата драма ме подсетија на Ралф Реико, брилијантниот американски историчар ревизионист, кој суштината на конфликтите ја бара во материјалистичкиот мотив на учесниците во конфликтот, наспроти официјалните политики кои го создаваат таквиот конфликт. Неговиот егзистенцијалистички пристап во истражувањето на историските настани, особено на воените конфликти, фрли ново светло врз американската граѓанска војна, врз Првата и Втората светска војна... и особено врз многубројните локални конфликти на европска почва во последниве неколку векови. Посебно е интересно неговото разобличување на познатите историски личности кои долго време сме ги вреднувале позитивно, како на пример Абрахам Линколн или Ф.Д. Рузвелт.

„Ветувањето на просперитетна иднина по војната и победата над непријателот, е најсилниот фактор кој ги мобилизира масите“ вели Реико. Според него, идеолошкиот фанатизам всушност почива врз ветувањето на подобра егзистенција. Пензискиот ситем на Ото фон Бизмарк „вишокот на вредноста“ кај комунистите, или ветениот рај за верските фанатици... се е тоа конкретен личен интерес кој поединците веруваат дека ќе го задоволат со елеминација на одреден противник во одредена војна. Германците во доцниот 19-ти век, од индустриски шампиони се претворија во лојални војници, спремни да се жртвуваат за земјата која им обезбеди сигурна егзисенција во случај на физичка неспособност. Таквиот нивни фанатизам создаде две светски војни и однесе стотици милиони жртви.

Масло на ваквиот оган во ХХ век додаде и комунистичката интернационала со насилните државни преврати во многу земји. Нивните крвави походи кои ги нарекуваа „Револуција“ најчесто подразбираше ликивидација на околу 10% од населението (согласно препораките на Ленин) кои според нив ја представувале класата на „експлоататори“. Всушност, согласно теориите на Карл Маркс, комунистите верувале дека оваа група на луѓе наводно одзема дел од богатството на работниците, комплетно занемарувајки ги пазарните околности, и тоа поготово различниот пазарен успех на секој поединец.

Најсилната војска која денес постои се т.н „Маринци“ како дел од Армијата на САД. Тоа се најобучените, воедно и најдобро платените војници на сите времиња. Се разбира и на нив им е најважна личната заработка, а не слободата за Ирак или Авганистан како што официјално гласат паролите под кои војуваат. Значи мотивот за влез во конфликт се формира најнапред на индивидуално ниво, односно учесникот во конфликтот најнапред го гледа својот личен интерес, па дури потоа идеалите кои ги дели со своите соборци.
Дали ова важи и за вчерашните инциденти во Скопје..?
Дали вчерашните протагонисти од двете страни, се оперирани од личен интерес, па единствено ги интересираат демократијата и уставниот поредок на оваа земја..?
Мојот одговор е ... НЕ!

Обичниот СДСМ-овец доби ветување од нивниот подпретседател Зоран Заев, дека ќе добиваат работни места поради своите политички заслуги. Ветувањето беше дадено јавно, пред камера, и со дополнување дека ќе бидат вработувани и нивните поблиски, па и подалечни роднини. Затоа им е важен буџетот, и затоа сакаат Македонија да остане земја со ниска задолженост, за еден ден и нивната влада да зема кредити со кои ќе се исплаќаат нивните партиски војници вработени во администрацијата.

Од другата страна ВМРО-вците се луѓето кои веќе егзистираат на таков начин. Тие моментално ги држат позициите кои нивните опоненти ги посакуваат, и нормално, не сакаат истите да ги испуштат. Тоа е нивната егзистенција со која тие ги издржуваат своите семејства, плаќаат кредити, тоа целокупната нивна надеж во животот која ја граделе лепејки плакати, дежурајки покрај гласачки кутии, или урлајки гласно на сите предизборни митинзи.

Овие две групи всушност се борат за храна, бидејки со заработените плати друго и неможат да купат. Во Македонија само буџетот остана сигурен плен кој го делат најхрабрите партиски лавови и останатите политички ѕверки и ѕверчиња. Во оваа држава плаќањето данок и придонеси е поважно од деловното проширување на приватните фирми, од нивната меѓусебна задолженост и од останатие проблеми кои реално ги имаат на меѓународните пазари. Затоа државната работа е амбиција на секој млад човек овде, а не творечкиот претприемнички дух, ниту пак менаџерските можности на големите корпорации.

Анти-капиталистичкиот менталитет кој ја преживеа транзицијата, всушност вчера експлодираше кај оние погладните идеолошки фанатици. Овие групи всушност се грабаат за буџетот кој е последниот егзистенцијален улов во нашава џунгла. Се работи за најобичен предаторски инстинкт кој не признава било каков принцип на цивилизирано општење во рамки на закон, устав, парламентарен деловник...

Капиталистичките принципи на Слободен Пазар, каде секој му служи на секого, и каде профитот е исто така главен императив, за нашите луѓе останаа непознат механизам. Принципите кои од поранешните колонии создале најпосакувани места за живеење, никогаш кај нас не добија вистинска шанса. Нашите луѓе, цивилзиациски останаа робови на примитивниот пролетерски дух, според кој се може да се добие со сила. Тоа е коренот и на вчерашните немири, како и на вечниот меѓучовечки антагонизам помеѓу политичките субјекти.

Од пред некое време ги следам текстовите на Виктор Трифуновски, преку феисбук и , тука, од КОТЛЕ. Со овој текст не се сложувам, поради простиот факт што авторот не става во предполитичко време, кога општествената заедница немала никави ( или недоволни) механизми на регулација на општеството. Никој не спори со основниот човечки мотив за личен општествен ангажман ( следење на свој личен интерес), но протестите беа ГЛАВНО мотивирани поради кршење на Уставот и процедурите. Ако, тоа кршење остане пракса и остане несанкционирано, е тогаш едно општество се претвара во џунгла каде посилниот има се, а послабиот ништо. Инаку, за ставот за ниво на свеста на нашиот човек, Виктор е во право

26-12-2012, 12:27 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#5

(26-12-2012, 12:27 PM)hristo Wrote: Од пред некое време ги следам текстовите на Виктор Трифуновски, преку феисбук и , тука, од КОТЛЕ. Со овој текст не се сложувам, поради простиот факт што авторот не става во предполитичко време, кога општествената заедница немала никави ( или недоволни) механизми на регулација на општеството. Никој не спори со основниот човечки мотив за личен општествен ангажман ( следење на свој личен интерес), но протестите беа ГЛАВНО мотивирани поради кршење на Уставот и процедурите. Ако, тоа кршење остане пракса и остане несанкционирано, е тогаш едно општество се претвара во џунгла каде посилниот има се, а послабиот ништо. Инаку, за ставот за ниво на свеста на нашиот човек, Виктор е во право

Прво, благодарам за комплиментите. Сепак, за разбирливиот начин на толкување на економијата треба да ги пофалиш моите „учители“ од Австриската Школа (Мизес, Хајек, Родбард).

Според мене буџетската криза е бајаги интересен феномен, кој произлегува од некои контрадикторности во самиот Устав на РМ. Како што наведувам во мојата колумна за да троши, првин владата мора да даночи, додека „даночењето е некомпатибилно со поимот за неприкосновеност на личната сопственост: данокот присилно му одзема на граѓанинот дел од она што тој го заработил благодарение на својот труд или лукавост.“ А од друга страна „државното трошење е некомпатибилно со принципот на еднаквост на граѓаните загарантиран во Устав на Република Македонија, бидејќи парите се трошат нееднакво. Принципот на еднаквост пред Државата значи дека таа нема да третира едни како мајка, а други како маќеа.“ Значи самото носење на буџет претставува Уставна криза.

Постојат начини како да се преброди оваа Уставна криза: Уставот треба да се промени со тоа што ќе се отстранат овие два постулати на либералното капиталистичко општество кои и онака не се почитуваат. Така барем ќе им е јасно на сите за каква држава станува збор.

Факт е дека носењето на буџети каде што се зема од едни за да се даде на други е легитимизирано владеење на принципот на џунглата „каде посилниот има се, а послабиот ништо.“
26-12-2012, 05:19 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#6

Quote:Лоша комбинација – инфлација и негативен раст на БДП!
Ден Дончев
Економски аналитичар

објавено на: 25-12-2012

Високата стапка на инфлација од 5,3 проценти за третиот квартал од ова година е големо изненадување поради неколку факти.

Прво, македонската економија е во рецесија со пад на реалното бруто домашно производство (БДП) од 1,3 отсто во првото тримесечие и 0,9 отсто во второто тримесечие од 2012 година. Во вакви услови на економска стагнација, притисокот врз цените би требало да биде минимален. Дури би можело да се очекува дефлација, односно опаѓање на цените и негативна стапка на инфлација. Сепак, иако стапката на раст на БДП е во минус, инфлацијата е на многу високо ниво. Комбинација на висока инлфација со негативен раст на БДП е најлошата состојба во која може да се најде една економија.

Второ, денарот е фиксен спрема еврото и цените на речиси сите увезени производи и услуги всушност се вреднуваат во евра. Кога се знае дека стапката на инфлација во Европска Унија која е 2,5 отсто за третиот квартал од 2012 година, увезената инфлација не е причина за нашата висока стапка на домашна инфлација. Всушност, ние во Македонија имаме дупло поголема стапка на инфлација отколку во Еврозоната спрема чија валута (еврото) македонскиот денар е фиксиран.

Трето, увезените цени на другите производи кои не се вреднувани во евра и најчесто се вреднуваат во долари, не се зголемени во споредба со претходната година. Овде станува збор за увозните цени на нафта, нафтени деривати и електрична енергија, чии цени на светските берзи се речиси идентични, па во моменти дури и пониски во споредба со претходната година. Тоа значи дека високата стапка на инфлација во Македонија не се должи на увезена инфлација која би била резултат на зголемени цени на производи кои се плаќаат во долари.

Поради овие три работи, увезената инфлација може категорично да се исфрли како виновник за високата стапка на домашната стапка на инфалција, што па значи дека причините за високата стапка на инфлација треба да се бараат исклучиво во домашната економија. Меѓутоа, ако високата инфлација се должи на фактори во домашната економја, многу е погрешено како причини да се наведуваат зголемувањето на цената на струјата, парното, храната и било кој друг производ или услуга. Секако, зголемувањето на цените на сите овие производи се механизмот преку кои се мери стапката на инфлација, ама нивните зголемени цени се симптоми на веќе присутни инфлаторни сили во економијата, а не причините. Напротив, причините се бараат и се наоѓаат преку анализа на макро и микро економските состојби во домашната економија.

При ваква анализа, најлесно може да се отфрлат микроекономските состојби како причини за високата стапка на инфлација. Вакви причини можат да бидат, на пример нагло зголемување на платите во одредени индустрии или во економијата како целина или пак нагло зголемување на побарувачката за одредени производи што резултира во зголемена цена на крајниот производ. Како и да е, ваквите микроекономски фактори неминовно водат кон зголемување на цената на крајниот производ што ја плаќа крајниот потрошувач. Меѓутоа, просечната плата во оваа година е речиси непроменета. Истотака непостојат нагли зголемувања во побарувачката за било кои производи кои можат да влијаат врз стапката на инфлација во споредба со претходната година. Всушност, светското искуство покажува дека микроекономските состојби претежно се појавуват како причина за зголемена инфлација само во услови кога економија има контунуирана стапка на многу висок економски раст, што за жал воопшто не е ситуацијата во Македонија.

Сето ова значи, дека единствена област каде што може да се најдат причините за високата стапка на инфлација е во самата макро економија, односно во нејзините две главни алатки: фискалната и монетарната политика.

Од изборната 2006 година, па наваму, вкупните буџетски расходи беа зголемувани секоја година. Во 2006 изнесуваа околу 1,85 милијарди евра, а за периодот од 2007 до 2102, буџетските расходи кумулативно беа зголемени за преку 3,5 милијарди евра, споредено со основната 2006-та година. Со други зборови, доколу буџетските расходи за периодот од 2007 до 2012 останеа на исто ниво како во 2006, тогаш вкупните расходи за овој шест годишен период ќе изнесуваа 11,1 милијарди евра. Меѓутоа, со кумулативното зголемување на расходите секоја година, вкупните расоди за овој шест годишен период фактички изнесуваат околу 14,6 милијарди евра. Тоа претставува зголемување од дури 32 проценти.

Во истиот период во македонското стопанство се случи и нагло зголемување во вкупната парична маса на денари во оптек. Односно, на крајот на август 2006 година кога Никола Груевски стана Премиер, вкупната денарска парична маса во македонското стопанство (таканаречениот М2) изнесуваше над 66 милијарди денари. На крајот на септември 2012 година вкупната денарска парична маса во македонското стопанство изнесува над 121 милијарди денари.

Ова значи дека паричната маса денес е зголемена за преку 84 проценти. Кажано наједноставно, во македонската економија денес се вртат 900 милиони евра (во денари) повеќе отколку во 2006. Сепак, за сите овие години вкупниот раст на реалното бруто домашно производство изнесува само околу 15 отсто, иако имаше зголемување на паричната маса од 84 проценти и зголемување на вкупните буџетски расходи за 32 проценти. Дел од овие зголемувања се должи на номиналниот раст на БДП, но тоа пак се рефлектира во веќе зголемените цени на секое поле во споредба со 2006-та година.

Така доаѓаме до сржта на проблемот. Тоа значи дека имаме повеќе денари во оптек во македонското стопанство, кои не се покриени со еквивалентен и реален раст на бруто домашното производство, односно нема зголемување на реални производи и услуги во домашното производство. Така сé повеќе денари се во потрага на добра и услуги кои неможат да се обезбедат од домашната економија. Единствен начин да се покрие оваа празнина е увозот за да се пополни недостатокот на добра и услуги. Резултатот беше буквална експлозија на трговскиот дефицит на Република Македонија кој се зголемува од 1 милијарда евра за 2006 на 1,2 милијарди евра во 2007, потоа 1,7 милијарди евра за 2008, 1,6 милијарди евра во 2009, 1,5 милијарди евра во 2010, 1,6 милијарди евра во 2011, и 850 милиони евра во првата половина од 2012 година. Немајќи доволно прилив на директни странски инвестиции и трансфери од дијаспората за покривање на трговскиот дефицит, се случи единсвтеното нешто што можеше да се случи, а тоа е дуплирање на вкупниот надворешен девизен долг од 2,5 милијарди евра на крајот на 2006 на 5 милијарди евра денес.

Меѓутоа, инфлацијата од 5,3 отсто во третиот квартал во 2012 година, во услови кога македонската економија е со пад на БДП, е мошне интересна индикација. Тоа значи дека теретот од последиците на зголемувањето на буџетските расходи и паричната маса, од трговскиот дефицит се префрла на зголемување на цените на домашните производи и услоги. Доколку трговскиот дефицит веќе не може да ги абсорбира денарите кои се во оптек (а тоа се случува ако меѓународните кредитори веќе не се спремни да ја финансират македонската економија со кредити како што беа во последните шест години, што пак резултираше во дуплирање на надворешниот долг), тогаш единствената последица е зголемување на цените на домашните производи и услуги.

Токму ова објаснува зошто имаме висока стапка на инфалција од 5,3 отсто во услови на негативен раст на БДП од 1 отсто и во услови кога стапката на инфлација во Европската Унија е под 2,5 проценти. За жал, ова може и да биде почетокот на релативно висока инфлација во наредниот период. Се разбира, Народна Банка може да влиае преку нагло зголемување на каматната стапка и повлекување на значителна сума на денари од оптек. Но, тоа пак со сигурност ќе значи уште поголем пад на БДП и продлабочување на економската криза во Македонија.
извор: faktor.mk

Оригиналната дефиниција за инфлација е: зголемување на количеството на пари на пазарот. Оттука, Дончев нема што да се мачи да го бара изворот на инфлацијата, кога и самиот наведува дека

„на крајот на август 2006 година кога Никола Груевски стана Премиер, вкупната денарска парична маса во македонското стопанство (таканаречениот М2) изнесуваше над 66 милијарди денари. На крајот на септември 2012 година вкупната денарска парична маса во македонското стопанство изнесува над 121 милијарди денари.“

Неминовен резултат е дека:

„имаме повеќе денари во оптек во македонското стопанство, кои не се покриени со еквивалентен и реален раст на бруто домашното производство, односно нема зголемување на реални производи и услуги во домашното производство. Така сé повеќе денари се во потрага на добра и услуги кои неможат да се обезбедат од домашната економија. Единствен начин да се покрие оваа празнина е увозот за да се пополни недостатокот на добра и услуги.“

Дончев е во право кога вели дека „Народна Банка може да влиае преку нагло зголемување на каматната стапка и повлекување на значителна сума на денари од оптек.“ Меѓутоа Дончев покажува кобна незапознаесност со решението кога вели:
„Но, тоа пак со сигурност ќе значи уште поголем пад на БДП и продлабочување на економската криза во Македонија.“

Она што Дончев не го разбира е дека БДП-то е фиктивно високо каде што е благодарение на новите пари кои се отпечатени од доаѓањето на Груевски на власт. Рецесијата (осносно привремена криза) е решението за македонската економија. Кога владата ќе престане да пумпа пари преку зголемени пензии и плати за Администрацијата, кога владата ќе престане да повластува едни фирми (загубарите, странските инвеститори кои не плаќаат даноци и сл.), кога владата ќе престане да субвенционира земјоделци, да плаќа доктори кои работат или не работат, кога владата ќе престане да ги финансира образованието, културата и спортот, и кога владата ќе престане да плаќа социјална помош, тогаш ќе се види вистинската слика. Тогаш ќе знаеме кои фирми, услуги и добра му се потребни на пазарот. Но за да ова може да има некаков ефект, владата и нејзината идеолошка полиција мора да престанат да се мешаат во економијата.
26-12-2012, 05:53 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#7

Според мен сама по себе си инфлацията не е опасна , а дори напротив много полезна за стимулиране на търсенето.Тема за размисъл.Хиперинфлацията не е ли възможно решение за днешните македонски проблеми за изпускане на парата и започване начисто ?
Без Ботев няма България
26-12-2012, 07:36 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#8

(26-12-2012, 07:36 PM)Топорчо Wrote: Според мен сама по себе си инфлацията не е опасна , а дори напротив много полезна за стимулиране на търсенето.Тема за размисъл.Хиперинфлацията не е ли възможно решение за днешните македонски проблеми за изпускане на парата и започване начисто ?

Според Австриската Теорија на Трговскиот Циклус инфлацијата е коренот на депресијата која следи. Инфлацијата (инјектирањето на нови пари во пазарот) им дава погрешни сигнали на учесниците на пазарот за тоа како да ги насочуваат своите инвестиции. Истовремено, инфлацијата одржува во живот фирми кои се загубари кои работат неефикасно, а истовремено не им дозовлуваат на останатите играчи да делуваат ефикасно поради тоа што ги наддаваат во натпреварот за сировини и труд.
26-12-2012, 08:28 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#9

Погледни една интересна статия от днес . Накратко - Японие ще бори кризата с умереан инфлация.

Japanese ruling Liberal Democratic Party sets Inflation target to 2%
Most Read

Publish Date26/12/2012 01:12:13 AM

Japanese ruling Liberal Democratic Party sets Inflation target to 2%

Shinzo Abe, Japan’s new prime minister agreed with his coalition ally Natsuo Yamaguchi of the new Komeito Party on a policy that aims to project the necessary monetary stimulus which could help the nation’s inflation target to be within 2%.

At the same time, the new Komeito noted that forcing the Bank of Japan to keep inflation target at 2% will undermining BOJ’s independence, while Abe is expected to add pressure on BOJ to reach the 2% inflation target and to boost spending on public works.

It’s worth to mention that Shinzo Abe is focusing on the third largest world’s economy to boost the nation’s economy after the recent slowed performance, where Abe called for unlimited easing to end up the recession period and back to growth rates.

This is amidst expectations of adopting further significant stimulus during the upcoming period in a race against time to raise growth rates and achieve the desired inflation target. The policy focuses on supporting domestic spending to influence higher inflation rates in addition to finding a solution to the strong Yen.

From another side, deflation threats are still evident in the Japan after the economy stagnated in the second quarter and contracted in the third quarter, and at risk of entering into deep recession and deflation, which would be the third in four years.

Finally, the world’s third largest economy will be under the spot during the upcoming period amid the raised speculations that Japan will back to growth rate moderately, adding that current political environment may help the economic to rebound with a new measures.

http://www.icn.com/en/topstory/2012/12/2...index.html
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 26-12-2012, 08:45 PM by Топорчо.)
26-12-2012, 08:44 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#10

Според мен в днешно време има консенсус , че умерената инфлация ( какво ще рече точно умерена инфлация е съвсем отделна тема ) e много полезна за икономиката. Първо насочва паричните потоци към капитални инвестиции , защото ако парите седят неизползвани те ще се обезценяват с инфлационния рейтинг. Второ умерената инфлация позволява на пазара да се настройва постепенно , а не шоково към промените в цените. Тука говорим за умерената инфлация- по мое мнение до 3 -3.5%
Без Ботев няма България
26-12-2012, 09:02 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#11

(26-12-2012, 09:02 PM)Топорчо Wrote: Според мен в днешно време има консенсус , че умерената инфлация ( какво ще рече точно умерена инфлация е съвсем отделна тема ) e много полезна за икономиката. Първо насочва паричните потоци към капитални инвестиции , защото ако парите седят неизползвани те ще се обезценяват с инфлационния рейтинг. Второ умерената инфлация позволява на пазара да се настройва постепенно , а не шоково към промените в цените. Тука говорим за умерената инфлация- по мое мнение до 3 -3.5%

Што е „умерена“ и „исправна“ стапка на инфлација незнаат ниту самите пропоненти на инфлација. Се согласувам дека концензус постои помеѓу економистите дека инфалцијата е полезна за економијата, но концезус постоел и помеѓу своевремените научинци дека Земјата не е топка. Така што концезусот самиот по себе нема научна валидност.

Но, низ 1920-тите САД води политика на инфлација, чишто резултат е рецесијата во 1929. Решенијата за оваа криза администрацијата ги бара повтроно во инфлациони мерки коишто носат 15-годишна депресија. Инфлацијата на Никсон (исто така позната како „стагфлација“) во 1970-тите е особено позната со нејзините редици за бензин. Реган ја решава стагфлацијата со дефлација. Но, од средината на 1980-тите САД повторно води политика на инфлација со цел да се охрабрат различни пазари зависно од времето (берзата, па интернетот, па недвижнините). Резултат е рецесијата од 2008 која што сѐ уште не може да се разреши поради постојаните инфациони политики (ТАРП, Кватитативно олеснување 1, 2, и сега Бесконечност). Едноставно Сејовит Закон (пазарот секогаш расчистува) не може да стапи на сила.

Македонија води политика на инфлација, но никако да излезе од маѓепсаниот круг: штом ќе секне инфлацијата ќе настапи рецесија. Затоа сега се тепаат во Собрание околу буџетот, оти дури не се излгаса буџет, владата не може да земе нов заем.

Но проблемот со инфлација е токму во она што ги со сметаш за полезно:
„Първо насочва паричните потоци към капитални инвестиции , защото ако парите седят неизползвани те ще се обезценяват с инфлационния рейтинг. Второ умерената инфлация позволява на пазара да се настройва постепенно , а не шоково към промените в цените.“

Како што и самиот забележуваш инфлацијата обесрабрува штедење и ги притиска луѓето да ги инвсетираат парите кои ги имаат (и бидејќи тие се недоволни за инветиција да земаат на заем) и пари што немаат. Способноста за здрава инвестиција драстично се намалува. Истовремено зошто велиш дека промените на цените се негативна појава? Зошто штедењето го сметаш за негативна појава? Без штедење не може да се акумулира капитал за капитални инвестиции.

Капиталисичкиот систем, односно пазарниот систем е систем на цени. Цените се сигнали кои покажуваат што е посакувано (она на што цените раснат), а што не е посакувано (она на што цените опаѓаат). Секако, цените можат да раснат или опаѓаат и како резултат на релативната промена на количества на дадени добра и услуги на пазарот. Но, поентата е дека она чијашто цена расне станува подраго на купувачите. Така што промените на цени се добредојдени патокази за инвеститорите, бидејќи само така ќе знаат во какви капитални инвестиции треба да ги вложат парите за да очекуваат добивка.
26-12-2012, 10:04 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#12

(26-12-2012, 10:04 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote:

Констатацията за консенсуса я приемам напълно. Днес има за едно утре ще бъде за друго и само по себе си това нищо не доказва.
Относно умерената инфлация - това е много разтегливо понятие и много икономисти се опитват да го измерят с помощта на чисто икономически прийоми , като забравят за социалните особонести на дадена държава и чисто психологически фактори.

На пример - щтеденето или спестяването - аз не съм против него. Напротив чрез спестяваните банките набират капитал за финансиране на различни бизнес проекти чрез кредитите.Ок но каква инфлация ще накара човек да си изтегли парите си от банката. Специално за България 3-4 % та и на горе , която имаме последните години не е довела до отлив на спестявания - дори напротив. Непрекъснато се увеличават като вече са достигнали рекордни нива - 40 милиарда евро. В друга държава таква инфлация може би щеше да има обратен ефект.

Нашият велик икономически министър да речем въведе 10% данък върху всички депозити , уж с цел да раздвижи "мъртвите пари" ама него не бих го взел за критерий Icon_razz

И най-накрая аз не мисля , че взимане пари на заем е нещо лошо. Стига парите да се използват рационално и за развитие на бизнес , а не както сме свикнали на балканите - за нова кола или апартамент.

Без Ботев няма България
27-12-2012, 08:35 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#13

За земјите кои се претежно аргарни инфлацијата не е пожелна,но и земјите со развиена индустрија.Ова го тврдам бидејќи кога има инфлација таа ги обезвреднува вредностите на самите производи.Инфлацијата се решава со јавни проекти, или пак со намалување на даноците и зголемување на потрошувачката.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
27-12-2012, 10:20 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#14

(27-12-2012, 10:20 PM)basilius_2 Wrote: За земјите кои се претежно аргарни инфлацијата не е пожелна,но и земјите со развиена индустрија.Ова го тврдам бидејќи кога има инфлација таа ги обезвреднува вредностите на самите производи.Инфлацијата се решава со јавни проекти, или пак со намалување на даноците и зголемување на потрошувачката.

Се однесува на личната потрошувачка.

"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
27-12-2012, 10:32 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#15

Што се однесува на буџетот како буџет кому единствена цел е да ја финансира државната бирократија,војската,полицијата е одличен за централистички држави.Имено во античката немало буџети,туку сите потрошувачки требало да се оправдаат пред Сенатот. И ниту имало постојани даноци.
Најглавен проблем на Македонските буџети е што се финансираат однадвор и од домашни позајмувања.Еден познат данок е десетокот,каде Балканските народи плаќале 1/10 од своите примања кон државата и црквата.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
27-12-2012, 10:48 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#16

Quote:ABCT and the Community Reinvestment Act
By Peter G. Klein
Wednesday, December 26th, 2012

Austrian business cycle theory explains the general pattern of the boom-bust cycle — credit expansion, lowered interest rates, malinvestment, crash, liquidation — but the particulars differ in each historical case. (Austrians sometimes distinguish “typical” from “unique” features of each cycle.) To explain particular episodes, we appeal to specific technological, regulatory, political, legal, or other conditions. For example, in the 1990s, much of the malinvestment was channeled into the IT sector, where uncertainty driven by rapid technological change made entrepreneurs particularly susceptible to forecasting errors. In the 2000s, of course, malinvestment appeared largely in real estate, the result of government programs designed to relax underwriting standards and otherwise increase investment in particularly risky real-estate assets. In other words, ABCT tells us to look for malinvestment during the boom, but not where that malinvestment will show up.

Regarding the latter example, however, there has been a persistent dispute among mainstream economists about the role of government housing policy, particularly the Community Reinvestment Act which was used, in the 1990s, to make banks increase their lending to particular low-income neighborhoods. Paul Krugman asserts, for example, that the “Community Reinvestment Act of 1977 was irrelevant to the subprime boom.” Actually, no. A new NBER paper (gated) on the CRA is causing quite a stir. Authored by four economists from NYU, MIT, Northwestern, and Chicago, the paper is the first to use instrumental-variables regression to distinguish changes in bank lending caused by the CRA from changes that would likely have happened anyway. (The authors use the timing of loan decisions relative to the dates of CRA audits to identify the effect of the CRA on lending.) The results suggest that CRA enforcement did, contra Krugman, lead banks to make substantially riskier loans than otherwise. Raghu Rajan puts it in a very Austrian-sounding way:

The key then to understanding the recent crisis is to see why markets offered inordinate rewards for poor and risky decisions. Irrational exuberance played a part, but perhaps more important were the political forces distorting the markets. The tsunami of money directed by a US Congress, worried about growing income inequality, towards expanding low income housing, joined with the flood of foreign capital inflows to remove any discipline on home loans. And the willingness of the Fed to stay on hold until jobs came back, and indeed to infuse plentiful liquidity if ever the system got into trouble, eliminated any perceived cost to having an illiquid balance sheet.

I’d reverse the order of emphasis — credit expansion first, housing policy second — but Rajan is right that government intervention gets the blame all around.
http://bastiat.mises.org/2012/12/abct-an...tment-act/
27-12-2012, 11:26 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#17

(27-12-2012, 11:26 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote:

С две ръце се подписвам под това. И аз споменах същото по нагоре. Кредитите отпуснати за инвестиции за недвижимо имущество са пагубни ( моите точни думи бяха коли и апартаменти but close enough ) по простата причина , че недвижимият имот не произвежда добавена стойност. Той е мъртва инвестиция . Но това не значи че дефлацията или нулевата инфлация са по- добри от умерената инфлация ( с повторната уговорка , че все още няма ясна дефиниция за умерена инфлация )

Без Ботев няма България
28-12-2012, 08:29 AM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#18

(28-12-2012, 08:29 AM)Топорчо Wrote: С две ръце се подписвам под това. И аз споменах същото по нагоре. Кредитите отпуснати за инвестиции за недвижимо имущество са пагубни ( моите точни думи бяха коли и апартаменти but close enough ) по простата причина , че недвижимият имот не произвежда добавена стойност. Той е мъртва инвестиция . Но това не значи че дефлацията или нулевата инфлация са по- добри от умерената инфлация ( с повторната уговорка , че все още няма ясна дефиниция за умерена инфлация )

Не е проблемот во „мртва инвестиција“ туку во „малинвестиција“ (погрешна инвестиција). Колите, недвижнините, па дури и уметничките слики се исправна инвестиција кога за нив постои реална побарувачка. Проблемот оди вака:

Државата води инфлаторска политика (печати нови пари). Тие пари се пуштаат во пазарот преку кретиди (централната банка им дава заеми од новите пари на незјините членови-банки, кои натаму даваат кредити на нивните клиенти). Обично тука има политика на „морално убедување“ при што одредени инвестиции се фаворизираат од страна на банките (под притисок на централната банка, која пак ја спроведува политиката на владата), односно кредити за „А“ се делат лесно, кредити за „Б“ се скоро невозможни да се добијат. Низ 1920-тите политиката била за консумерски добра (но повеќето од овие кредити завршуавле на Берзата), низ 1990-тите кредитите биле во главно насмерени кон Берзата, во раните 2000-ти кон технолошиот сектор, во доцните 2000-ти кон секторот на недвижнини. Во исто време имаше и доста лесна кредитна политика кон автомобилската индустрија—затоа кога пукна кризата автомобилската индустрија се најде на колена. Ваквото зајмење на новоотпечатени и неподдржани пари резултира во „меури.“

Во последниов „меур“ на недвижнини луѓето купуваа куќи за кои немаше доволно побарувачка од пазарот. Хипотеки се добиваа лесно, па повеќето луѓе купија куќи кои што можеа да си ги дозволат ислкучиво при ниски камати и инфлација до недоглед, но тоа не е сѐ. Мнозина купија повеќе од една куќа или стан, оти им делуваше дека пазарот на недвижнини секогаш ќе биде здрав, и дека инвестирањето во стан или куќа самото по себе ќе им донесе профит—иако немаше толкав прилив на нови луѓе коишто ќе живеат во сите тие куќи. Тука е важно да забележиме дека цените не се одредуваат од трошоците кои одат во даден производ, туку обратно: очекуваната цена за даден производ (или услуга) ги одредува трошоците: Бидејќи продавачите очекуваат дека пазарот ќе продолжи да се наддава поради лесниот кредит (инфлација), тие ги накачуваат цените на факторите (трошоците) наддавајќи ги нивните конкуренти.Тука се ствара привиден просперитет. Пред секоја рецесија централната банка на САД успорува со печатењето на нови пари околу 6 месеци пред крахот. Доколку инфлацијата не одржува чекор со брзината на наддавањата, грешките во инвестициите брзо се откриваат и настапува период на паника, при што овие кои се купиле нездрава инвестиција почнуваат сѐ побрзо да се откачуваат од нездравата инвестиција. Од овој маѓепсан круг излезот се наоѓа: 1) преку рецесија и ликвидација на нездравите инвестиции, или 2) преку хиперифлација.

Ете зошто инфлацијата е лоша појава и зошто мртва инвестиција не претставува проблем..
29-12-2012, 04:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Nemoguće je bezbolno demontirati kapitalizam

[Image: GetImage.aspx?imgId=25568&fmtId=20]

KOMENTAR VUKA PERIŠIĆA

Je li recesija koju živimo tek prolazna epizoda ili odraz dublje, suštinske krize kapitalizma i liberalne demokracije? Mnogi tvrde da nije riječ o epizodi i da je demokratski kapitalizam doista dotrajao. Začudo ili ne, pristaše te teze suzdržavaju se od podrobne i uvjerljive argumentacije. Ipak, način na koji percipiraju krizu i kapitalizam ukazuje na nekoliko znakovitih nesporazuma
Prvi proizlazi iz teškoća u samom poimanju društvenih kriza. Isuviše često one se dijagnosticiraju na temelju utopijske paradigme i idilične vizije savršenog i pravednog društva. Zaboravlja se da su nesavršenstvo, nedovršenost, neizvjesnost i stalna borba s krizama (ove ili one vrste) temeljne značajke društvene, ali i pojedinačne egzistencije.

Krize demokratskog kapitalizma zapravo ukazuju da je riječ o poretku skrojenom po ljudskoj mjeri, dakle nečemu što je daleko od savršenstva i pravde ali je neusporedivo podnošljivije od alternativa koje su totalitarne upravo zato što teže savršenstvu, trajnoj sigurnosti i egzaktnim odgovorima na sva pitanja.

Samo totalitarizam nudi sreću. Demokracija nudi samo priliku. Priliku da svatko svoj život živi i organizira po vlastitoj volji, mjeri i sposobnostima, s uračunatom mogućnošću na neuspjeh i s obvezom da poštuje drugačije individualne izbore. Drugim riječima, demokracija od pojedinca zahtjeva preuzimanje odgovornosti, što podrazumijeva neizvjesnost, a neizvjesnost nije drugo nego stanje neprestane krize. Totalitarizam nudi izvjesnost i slobodu od svake, nadasve moralne odgovornosti. Totalitarizam je privlačan, gotovo erotičan jer od podanika traži odanost i ljubav. Demokracija je dosadna procedura koja traje u vječnoj krizi i ne opstaje na ljubavi nego na kritici i sumnji. Krize nisu ono najgore. Opasni su zanosi.

Drugi nesporazum odnosi se na mantru o takozvanom neoliberalizmu, fantomskom poretku koji je postao neka vrst negativnog totema. Nejasno je o kakvom 'liberalizmu' i o kakvoj krizi liberalizma je riječ kada se u većini zemalja država toliko osilila da je stvorila sulude proračunske deficite, čime je, uostalom, aktualna recesija i prouzročena. Činjenica da države troše više no što zarađuju – ako ubiranje poreza možemo nazvati 'zaradom' – svakako nije posljedica podivljale tržišne slobode nego svjesna politička odluka kojom su vladajuće elite hranile iluziju da je moguće živjeti preko mogućnosti. Nepojmljivi iznosi proračunskih deficita matematički su dokaz da aktualna kriza nije kriza liberalizma nego kriza države i njene iracionalnosti u gospodarenju javnim novcem.

No, najmučniji nesporazum je, dakako, etičke naravi. Užitak kojim raznorodni protivnici kapitalizma likuju nad njegovom 'propašću' i 'potrošenošću' je koliko neukusan toliko i neodgovoran.

Ako kapitalizam i jest u sudbonosnoj krizi to bi trebao biti razlog za paniku, nipošto za veselje. Bilo bi humano, racionalno i etično razmišljati o njegovom spašavanju umjesto trljati ruke, iz jednostavnog razloga što bi njegova propast mogla uništiti stotine milijuna egzistencija i – tako je to uvijek bivalo kada se zatečeni poredak nepromišljeno bacao preko palube – izazvati ratove, revolucije, patnju i smrt, a to je neusporedivo strašnije od nezaposlenih javnih službenika i neotplaćenih kredita. Nemoguće je bezbolno demontirati kapitalizam i zamijeniti ga nečim boljim i pravednijim.

Napredak je uvijek spor, gotovo neprimjetan, i svako nestrpljenje u uspostavi boljitka uvijek izaziva još veće zlo. Sve kada bi i postojala alternativa – a kritičari kapitalizma zapravo je ne nude – zastrašujuće naivna je pomisao da tranzicija iz kapitalizma u neki novi i nepoznati 'izam' ne bi bila apokaliptična. Čak i da je bolji poredak moguć, ništa nije vrijedno jedne jedine ljudske žrtve. Bilo bi površno protivnike kapitalizma okriviti (samo) za intelektualno nepoštenje kada izbjegavaju odgovor na pitanje: 'Dobro, s ovim ste nezadovoljni, kakve (humane) alternative predlažete?' Njihova šutnja doima se kao podmukla prijetnja.
01-01-2013, 12:51 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#20

Причината поради која приватните лимонади се точеа повеќе од "Газозата" е во самиот квалитет,фабриката која ја правеќе "Газоза" е навикната на монопол и секојдневно примање на пари од државата,Не постои причина зошто квалитетот на самиот производ да се подобри.
Додека приватниот лимондаџија бидејќи секој ден се бори да опстане на пазарот,ке гледа својот продукт да го подобри.
Што се однесува до културата на народот постојано се труе со Цеца а драмата во Прилеп со името "Александар" не и беше дозволено да се покаже на репертоарот,бидејќи го носи името на Тодор Александров,а самата содржина стануваше збор за Македонските проблеми.Ниедна драма што се произведе не се занимава со Македонскиот проблем и нејзините проблеми.Имам шанса да гледам приватни театарски групи,кои се финансираат самостојно,но опстануваат бидејќи го нудат на пазарот тоа што се бара.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
01-01-2013, 08:06 AM
Reply