Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 11 Vote(s) - 3.09 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Коста Солев-Рацин!
Author Message
demmian
Unregistered

 
#1

Дајте кажете неколку збора Македонци мои за нашиот велик поет и револуционер-велешанецот Коста Солев,попознат меѓу нас како Кочо Рацин.

Намерно ја отворам темава во историја,можеше да оди и во подфорум литература,арно ама,Рацин е исто така и револуционер,па затоа во овој подфорум ја отворам темава...

Дајте кажете збор-два и за него,сепак заслужува да се обрне внимание на оваа сигнификантна фигура во литературната и револуционерна сфера на предвоена Македонија.
24-02-2010, 03:59 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,134
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#2

Si bese eden poet i revolucioner Kosta Solev i si imase ljubov koja se vikase Raca. Pisatelot ni ja opisuvase teskata maka na tutunoberacite i na Lena, devojka ubava koja umre i ostavi kosula nedotkaena.
Istotaka gi vospea i kopacite pa i argatite, steta sto go ostavi Beli Mugri nezavrsen i umre mlad zastrelan po "greska".
24-02-2010, 04:10 PM
Reply
demmian
Unregistered

 
#3

Редно е тој што го ,,потпалил огнот,, и да го ,,доразгори,, затоа еве еден линк кон темава:


http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B...0%B8%D0%BD
24-02-2010, 04:16 PM
Reply
demmian
Unregistered

 
#4

Стихозбирката ,,Бели Мугри,, има непроценлива вредност за секој Македонец,затоа овде ги приложувам стихотворбите во самата стихозбирка:

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%B...1%80%D0%B8


Moe мислење е дека Рацин многу коректно и сликовито ја доловува политичката судбина и тежина на тогашниот Македонец...нешто како што прави Петре М.Андреевски во својот ,,ПИРЕЈ,,
24-02-2010, 04:44 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#5

Кочо Рацин

Коста Солев Рацин (1908 - 1943) е една од најистакнатите интелектуалци што ги дала Македонија во периодот помеѓу двете светски војни, но и воопшто. Најпознат е по својата збирка песни „Бели мугри“, поради која се смета за основоположник на современата македонската литература, но Рацин беше многу повеќе од само наш најдобар поет помеѓу двете светски војни - неговата активност како истакнат работнички и комунистички деец обично се потиснува во втор план, но сликата на Рацин без овој елемент не соодветствува на реалноста.

Покрај тоа што се занимаваше со поезија, Рацин има напишано и прозни и теоретски трудови. Неговите написи за богомилите, за Хегел и за феминизмот претставуваат ремек дела за тогашната македонска комунистичка и напредна сцена. Тој целосно беше над карактеристичниот „комунистички стил на теоретизирање“ препознатлив преку тирадите со безбројни етикетирања и апотеози на лидерите, нешто што во Македонија и многу подоцна беше вистинска реткост. Во иста насока е и следниов став на Блаже Конески: „Во Рацин имаме најиздигнат македонски народен интелектуалец од неговото време, најкултурен наш човек. Тоа што го рекол и како го кажал Рацин за богомилите не можеше да го постигне тогаш ниеден друг македонски интелектуалец. Чест му чини на Рацин дека тој од обичен работник - грнчар со упорно самообразование се издигна така високо.“
Живот

Коста Солев е роден во Велес на 22 декември 1908 година во семејството на Марија и Апостол Солеви. Притиснат од сиромаштијата и потребата од работна рака во грнчарската работилница на татко му, во 1918 година е принуден да го напушти редовното школување и да стане грнчар. Сепак, неговата желба за учење е голема и тој продолжува да се самообразува.

Во 1924 Рацин станува член на СКОЈ и набрзо се истакнува како еден од најнадежни млади кадри на Комунистичката партија на Југославија во Македонија. Во 1926 станува член на Месниот комитет на СКОЈ за Велес, а во ноември 1928, како единствен делегат од Македонија, учествува во работата на Четвртиот конгрес на партијата во Дрезден. Причината зашто токму Рацин е испратен за делегат е неговото работничко потекло, на што во тоа време инсистираше Советскиот Сојуз гледајќи во тоа гаранција за класната чистота на комунистичките партии. Колку се инсистираше на овој елемент во тоа време зборува и фактот дека на овој конгрес во ЦК на партијата од 14 членови 12 беа работници, при што и Рацин беше избран во ЦК.

Рациновото влегување во врвот на КПЈ се совпаѓа со периодот на растечка сталинизација во комунистичкото движење. И Рацин, како дел од раководниот ешалон на југословенските комунисти не можеше да остане настрана од тој тренд. Во 1930 во сараевското списание „Снага“ е објавена неговата песна „Кон челичната машина“, посветена на „предводникот на интернационалниот пролетаријат“ и „таткото на народите“ според комунистите - на Сталин. Во време на Титовата Југославија и денес оваа песна не се толкува така, но целата песна, која почнува со стихот „Тебе другар те славиме, добар другар Челик“, едноставно е несфатлива ако под „другар Челик“ не се подразбере човекот чиј прекар беше Челик - што ќе каже, Сталин лично. Сепак, она што Рацин го прави голем е што пандани на „Кон челичната машина“ повеќе не произлегоа од неговото перо.

По воведувањето на диктатура во Југославија во 1929, партиската организација во Македонија беше целосно разбиена. Дури во 1932 почнува процесот на обновување и поврзување на организациите на КПЈ и СКОЈ во Македонија, а во летото 1933 доаѓа и до формирање на Областен комитет на КПЈ за Македонија. Во неговиот состав влегуваат: Никола Оровчанец, Живоин Ѓурчиќ и - Кочо Рацин. Од ноември истата година ОК почнува да го издава месечниот весник „Искра“, чиј уредник е Рацин, но кој излегува само во два броја. На почетокот на јануари 1934 настанува провала и 15 водечки македонски комунисти, меѓу кои и Рацин, се уапсени. Затворен е во Сремска Митровица, каде останува до декември 1935 година.

Во 1940 доаѓа до нарушување на односите помеѓу Рацин и раководството на КПЈ во Македонија. Поради посетата на Рацин на тогашниот бан на Вардарската бановина, Жика Рафајловиќ, и поради една критичка изјава на Рацин на сметка на работата на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, на Покраинската конференција на КПЈ за Македонија одржана во септември 1940 (на која Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на ПК КПЈ за Македонија), Рацин едногласно е исклучен од Партијата и на членовите на Партијата им е наредено да го бојкотираат. По директива на партиското раководство е запрено и растурањето на Рациновата збирка поезија „Бели мугри“. Бојкотот на Рацин трае некаде до почетокот на 1942 кога односите помеѓу него и раководството на Партијата во Македонија се подобруваат.

Во пролетта 1943 година Рацин заминува во партизани, во одредот „Кораб“. Станува уредник на партизанскиот весник „Илинденски пат“ и подготвува две збирки на македонски народни песни. Но, не го дочекува ослободувањето. Набрзо, вечерта на 13 јуни 1943, додека се враќал кон партизанската печатница на планината Лопушник, Кичевско, Рацин бил смртоносно застрелан од стражарот што го чуваше пристапот кон печатницата. Во оптек се две верзии околу неговата смрт. Според првата, се работи за несреќен случај: поради вродената наглувост Рацин не го чул повикот на стражарот да застане и да се идентификува, по што овој го истрелал смртоносниот куршум. Според втората верзија тој е намерно убиен.

Рацин беше човек полн со оптимизам, дури и во тие опскурни 30-ти години на 20-от век, кога и во Југославија и во светот како целина левицата преживуваше тешки денови. Неговите партиски другари добро го паметат неговото „ќе победиме“, со кое ги поздравуваше и храбреше во многу прилики. Дури и неговите последни зборови кога беше застрелан на Лопушник беа: „Кажете и' на мајка ми нека не жали оти сепак ние ќе победиме.“
Творештво

Во 1926 станува дописник на весникот „Организовани радник“, орган на Независните работнички синдикати на Југославија, кој е под влијание на КПЈ. Своите први песни ги пишува во 1928 година. Од таа година датира неговата младешка љубов кон Рахилка Фирфова која го инспирира да ги напише своите љубовни стихови со крв и мастило на 31 дописна картичка и стихозбирката „Антологија на болката” останата во ракопис. Есента истата годинаво загрепското списание „Критика“ ги објавува и своите први книжевни прилози, песната „Синови на градот” и расказот „Резултат”. Следните свои песни ги објавува во 1930 година во сараевското списание „Снага” каде што ги објави „Од фабриката”, „Во предвечерието”, „Да се биде човек“ и веќе спомнатата „На челичната машина“. Во периодот околу 1931 година го започнува својот роман „Опиум“ („Афион”) од кого се сочувани само фрагменти, а во 1932 година во загрепската „Литература” го објавува есејот „Хегел”. Истата година заедно со Јован Ѓорѓевиќ и Александар Аксиќ ја издава стихозбирката „1932“, во која е објавена една од Рациновите најсилни песни „Огномет”.

Песната „До еден работник”, прва на македонски јазик, ја објавува во загрепското списание „Књижевник” во 1936 година, по излегувањето од затвор, а во 1939 година во Самобор близу Загреб ја печати стихозбирката „Бели мугри”. Стихозбирката е испечатена во 4.000 примероци и се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија.
24-02-2010, 11:52 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#6

Богомилите
— Кратка расправиа от историата македонска —


Ке се зачуди ли некој кога ке чуе како кај нас у X век живеале и држале пламени проповеди таквиа лугје, кои со своите идеи биле како претечи на општествените просветители от XVII в.? Заре во класичната земја на царските манастири и лаври, земјата на чииот јазик Славјаните за прв пат чуле за христианство и толку време на тој јазик ја слушале кротката христианска проповед за помирение со сичко — заре таја земја, уште у никое време на европејскиот Среден век, да даде претечи на ониа бунтовници од XVII век, што зборуале за некое „природно право“ на човека, за равноправие на сичките лугје, и сакале, „бездржавно“ уредение на светов?

Арно ама, ако далечното минало ги скри во темно тиа наши славни лугје, ако огинот и ножот, па пакозот и бесот на православните калугери и славјанските феодали ргна да го сотре споменот за ним — останала пак, во историата на човечката борба, светлата истина за богомилите. Чунки пак се навогја по некоа трага нимна! Останале клеветите и лагите на црковните отци, кои со това го бранеле мракот и власта на своите господари. Останале анатемите, повелите и законите, и индексите на забранените богомилски книги. Останала па и по некоа от тиа книги, зафрлена негде по манастирите, па и по некоа хроника от старите летописци. И останале, уште се живи некои спомени во самата Македонија. За што ни споменуе планината и реката Бабуна, за кого ни говори со векови селото Богомила? И откаде ни се оние наши чудесни стари сказни, што скажуат за борбата на доброто и злото, и за онаја врасната вера, оној силен надеж, што не крепеше и крепи — до победата крајна? Живи се, живи, нашите чудесни богомилски легенди и басни, нашиот вечен културен имот, татковнина от нашите богомили!

Чунки богомилите биле први наши вистински народни учители и книжовници. Тиа се соживеле со народната душа, убаво ги разбрале нимните потреби, и со своата „нова“ наука силно го исплашиле стариот свет, „уреден така от бога“. Такво учење, да е светов вака уреден от бога, се сметала тогај една света религиозна догма. На това се крепи стариот феодален свет, на това живееле јадачите. Но богомилите убаво разбрале што значи таја догма, како и сите друзи верски догми, и во критиката на таквиа догми, а со народниот отпор против феодалите, во мистична форма, направиле чудесно смели заклучениа за своето време. Чунки у нивно време религијата беше и наука и философија и најголемо знаење. И така, кога ја виделе другата страна на тиа религиозни догми, нимната наука добила „смртно опасен вид" за феодалниот строј: богомилското учење сакало рамноправие за сичките лугје, било против заробуењето на човека од човек, против господарите, бољарите, поповите и сите земни јадачи, и сакале, уште во историјски недозреани условиа, да уредат едно братско и равноправно општество, на основата на старославјанскиот аграрен демократизам. Ете, со таквиа свои идеи богомилите станале вистински претечи на ониа европејски мислители, што после, тргнати по трагата на богомилските мисли, се ослободиа от верската догматика и ги удриа темелите на европејскиот Ренесанс. А што значение имаше това за народите, се знае.

И ете зошто богомилството е нешто најинтересно и најсветло во нашата народна историа. Да се гордеат нашите Македонци со тиа свои славни лугје! Оти противно от науката па државното христианство, внесено во народот одозгора, от самите државни главатари и пренесено от Византиа, идејно да го закрепи славјанскиот феодализам — противно от се това, богомилството никна во самиот народ, ги повлече широките народни маси и во верско опозициона форма го организира народниот отпор против феодалите. И така, от чисто верска секта, богомилството стана широко народно-реформаторско течение, со отворени тенденции да го промени социалниот живот. А по тиа свои особености това многу си личи на денешниот социализам, иако тој денеска стои на научна, а богомилството си стоеше на религиозна основа.
24-02-2010, 11:53 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#7

II

Најлесно кe се разбере богомилството ако се разгледа неговата религиозна јатка. Богомилството си беше религиозно течение, но мездрето му беше социално. Чунки това ги мина рамките на една верска секта и се рашири како народно, штом ги зафана економско-културните нужди на народот. За да се појави, богомилството имаше големи економско-политички причини: се поголемо заграбуење на земјата на селаните от страна на феодалната и црковната аристокрација, се по големи намети от државата, а от друга страна, моралното и политичко падање на тиа што владееле, особено моралното падање во очите на народот на црковната аристокрација. При се това, богомилството не никна после една економска културна критика на феодализмот, ами се јави преку критиките на верските догми. Таја критика застана на основата на манихејско-павликијанскиот дуализам, учението на две верски секти, пренесено од Мала Азија. Но кога се зајакна на неја, богомилството премина от религиозна на светска критика, та стана нешто ново и по садржание и но форма: стана чисто славјанска верско-дуалистичка и социална опозиција, спроти државното христианство и неговите ненародни разбиранија спроти феодализмот. Но целата работа ке се објасни најарно, ако се каже што значеше тогај верата.

Во старо време верата беше врховна наука, таја ги собираше во себе сите философски, природни и општествени — правни, морални и други науки. Тогај немаше вистинска наука. Сето знаење беше во некои темни и чудообразни веруваниа за некои натприродни сили, што го создале и го владеат светов. Мездрето на христианската вера беше во верувањето дека светов го создал еден бог отец, што е цар на земјата и небото. Тој владее секаде – и во нашите мисли, и во нашиот живот, и по природата и во човечкото општество. Сичко таму што стануе, стануе по божиата воља. Таја е една и вечна, и спроти неја нема друга. А тија што учеја такво учение, се викаја монотеисти.

Но спроти ним имаше едно друго учение, што учеше дека сам господ го создал светов и не владее секога он. Ако е господ толку силен, добер, зошто тогај има на веков неправдини? Значи, не е само тој, не е со сила само неговата. Има и една друга сила до неговата. Таја сила е силата на ђаволот. Ако е господ добар, ако тој значи истина и добрина — не може тој да ги создал сите лоши работи на светов, како што се феодалите, лошите човечки инстикти и се што е лошо и от кај што иде лошотиата. Таквиа свет учеа дека се това направил ђаволот, та со това тија веруеја дека светов е создаден од бога и ђавола или пошироко означено, во светов владеат и се борат вечно едно со друго — доброто и злото. Такво беше веруењето на манихејско-павликијанската секта и това учење се викаше дуализам.

Зошто славјанските феодали се покрстиа, демек ја оставиа перата на народот? Затоа, оти таја вера беше от онова време, кога славијаните живеале во задружен демократски колективен живот, каде што немало цареви и господари. Тогај знаеле само за некои богови што владееле во природата — давале дожд ели град, слнце или зимо итн., но не знаеле и не сакале да знајат за таквиа богови што им се мешале во социалниот живот. Старејшините на задругите си ги бирале сами, војна и мир сврзуеле на собори. Се това правеле от здрава памет, а не по вољата на некој бог.

Но кога се заселиле во балканските земји, по причина на војни и по оглед на Византија, почна да никнуе и расте славјански феодализам и да се стегнуат народните права и веруванија. Стана нужда от една јака феодална држава, а таја, за да биде приемена пред разумот човечки, требеше да се објасни со една нова наука, нова вера, нова наука за идеите — нова идеологија. Оти само таја духовно ги организира човеците — нимната воља и нимните чуства.

Христианството беше најнапред вера на сиромасите. После, кога стана државна вера, кога се вдигна до еден општ поглед на светов, стана религија на феодализмот. Зошто феодалите го направиа христианството државна вера? Со прво затова, оти тогај со вера можеше да се мисли — верата беше најсилното сретство и за да се заглупи народот. После, бидејки да христианството беше народна вера, лесно можеше народот да се завее, како таја вера говори истина. Но највише се прие христианската вера от страна на феодалите, оти токмо одговараше на феодалниот строј: еден бог — еден господар, еден цар ка небето, друг на земјата. Иако верата говореше дека стануе сичко по вољата на оној цар што бил на небето, земниот царство и за да се заглупи народот. После, бидејки да испађа како да е наредено от тој што е на небе. Феодалите силно ја уредиа христианската црква која учеше дека само таја е исполнител на вољата на бога на земјата, та се што учеше таја – требаше да се смета како да е божија дума. Кога таја црква се уреди, си направи догми, демек таквиа веруања, кои не можеа да се критикуат и у кои требеше да се само веруе. Најглавната от ним беше таја – да е само еден бог отец создател на сичко и да само неговата воља владее на светов. На таја основа сега веке црквата учеше како и феодалите и власта и земјите што ги владеат им се дадени от бога, та и робјето и слугите и сиромасите да се од бога — чунки така и така тој им шепнал на своите пророци кога тиа пагјале у занос... Зошто живеел човек на земјата? За да биде искушан от бога, да би по смртта своа могол да влезе во рајот, каде бил вистинскиот човечки живот. Човек требало да ја слуша црквата што му заповедуе и по неја да се влада. Чунки ништо не бивало без бога, а тој им се јавуел на човеците преку светците. Така било това, така имало да се веруе, и кој мислел инаку – тој го дупел гјаволот...

Разбира се, сичко това имало огромно значение за феодалите, и затова они силно ја закрепиле и ја подигнуеле црквата. А таја, от своја страна, најсилно си ја чувала чистината на своите догми, оти само така можела да се дочува нејзината лажна наука.

И ете зошто и критиката против феодализамот можела да почне само како критика на верата. Критиката на верата била и критика на феодализамот. Таја критика почнала со дуалистичкото учење на онија секти што ги рекофме понапред, та после кај богомилите станала и општо социјална критика.

Најголемиот враг на Средовечното христианство бил дуализамот. Бидејки да според монотеистите бог е апсолутно добер и всесилен, било близу до памет дека во светов не е сичко уредено на добро. Ако е господ толку силен, викале дуалистите, зошто тогај дозволуе лошотии? И заре можело тој бог да ги милуе и сиромасите и силниците, па билим тој и да ги дал тија силници со негова воља да владеат над сиромаси? Најпосле, и самата природа околу човека било огледало на борбата на две стихии – та така, онаја човечка мисла, недоволна од догмите на црквата, навогјала одговор на разни вопроси во дуалистичкото разбирање на светов.

И богомилите кога станале дуалисти, почнале да мислат така.

Ако идеолозите на државната вера учеле како светов е создаден от еден бог, богомилите им застанале спроти со учењето за двете вечни сили – доброто и злото. Развивајки ја понатакај идеологијата на манихеите, тиа викале, дека не е верно да бог ја создал земјава за седум дена и ја наредил како што ја гледаме. За богомилите бог бил апсолутно добар, тој бил олицетворение на истината, а таја се навогја во искрената и чистата човечка мисла. Само кога таква мисла мисли, се јавуе бог на човека, но штом мислата човечка е зоплетена со земни и материјални работи – престануела да биде божја. Затова богомилите учеле дека човекот со телото го создаде сатанаил, а бог му ја даде само душата. Бог нема ништо со овова што е на земјава, демек не е вистина оти тој ги дал и поповите и феодалите и сета лошотиа што идела от ним. И така богомилите дошле до заклучение дека сета вера на државното христианство е лажна, дека по црквите владеат гјаволите, и дека земјата на феодалите им ја дал гјаволот, а не господ. И сега кај нас има една таква народна сказна, во која се кажуе како гјаволот му ја дава на Адама земјата под кирија.

Сметајки така да е земјата дадена от гјавола, богомилите учеле како е и секое владение над неја гјаволско. Бидејки пак това да чини темелот на феодализамот, не можело да биде инаку, а да не се разбере како и феодалите, и бољарите и секоа власт и држава се от натемаго. Било после логично да се дојде до мислата, до која дошле и богомилите, да на светов не требе да има ни господари ни роби, ами тој требе да се уреди така, да сите бидат равноправни. За да се живее пак како што требе, демек како што е по Вистината – бог, не требе да има ни цркви, ни крстови, ни звонци, ни камбаани. Сичко това е гјаволско, учеле богомилите, оти вистината божја е проста и му се јавуе на секој човек во неговата чиста савест.

Било после природно дека против такво учење се дигнало се што живеело тогај от народна мака – и поповите и калугерите и феодалите со ним, оти богомилската вера го подкопуела темелот на нимната влас. Ние денеска убаво знаеме како и колкаво било гонението против богомилите. Има многу славјански, грчки и римски повели и закони, каде богомилството е осудено како „пагубна ерес“, и на сите богомили фрлена анатема. Најпознати се от тија „Беседата на пресвитер Козма против еретиците“ и „Синодик царја Борила“. Во „Синодикот“ не толку, ама во „Беседата" е најубаво изложено сето учење на богомилите. Отаде може да се види сето учење за социјалната реформа што сакале да ја направат богомилите, чунки многу други книги што ги пишале сами се изгорени, а и самите богомили немале никаков напишан програм за своето уредуење, ами сакале да се живее просто по старохристијански. Еве накратко што се гледа отаде, демек што со прво учеле во народот богомилите:

1. Богомилите учеле дека господ не го создал небето, земјата и сичко што се навогја на неја, па и феодалното уредуење на светов.

2. Своите верни ги учеле да го мразат крстот, да не го целивајат, да не му се клањајат, чунки па крст Евреите го распнале Исус, човекот што учел најголемите вистини, па како може христианец да милуе крст?

3. Говореле дека причеста не е по заповед божја, не е тело и дух божји, ами, викале, „просто брашно и вода“ и „сок от винова лоза“.

4. За редот што владеел во црквата, за нејзиното уредуење со главатари, владици и разни јадачи, за нимниот раскош, за манастирите, калугерите и поповите, викале да се гјаволски, ги мразеле и плукале.

5. Стариот завет, пророците и сичко што они учеле, како и 10 заповеди од Мојсеа, не ги признавале како гјаволски.

6. Учеле, дека Исус Христос не бил роден от никаква богородица, ами от проста жена, и бил прост човек, дурмаджија, а Евреите го распнале на крст оти ги критикуел и учел што е вистина. Не веруеле да воскреснал, не признавале да има задгробен живот, и учеле, дека душата е искра от истината што се стива со пламењот – вечниот бог.

7. Ги некјеле иконите, ги фрлале от црквите, и ги сметале за прости штици. Викале, тија што се на ним не се светци ами прости човеци а само теле можело да мисли да е човек светец.

8. Не признавале никакво крштавање, ни со вода ни со „дух“.

9. Не веруеле да Христос правел чудеса и викале да е това сичко измислено от поповите.

10. Учеле дека феодалите и господарите не се от бога, никоа власт над човека не е от бога, и ги мразеле и нагрдуеле сите силници и јадачи на светов, и на секој роб му викале да не работи на господарот свој.

11. Сакале да се уреди општествениот живот на старохристиански и старославјански начин. Не признавале никаква власт и от сичко на веков највечку ја ценеле слободата на савеста и на човека.

От сичко овова мислиме да е јасно у што било това матно но толку опасно учение на богомилите. Најнапред што ни пагја во очи от овова е, дека богомилите први се дигајат против верските догми како окови на човечкиот разум и сакајат слобода за мислата. Само разумот, како искричка божја, бил вистина, а не догмите што учеле лаги. Ете зошто работата изпагјала страшна; штом човек не живее како што учи црквата, сичко стануе фалшиво и лажно — и феодалите и црквата и се што они учат. Човек бил слободен да го отврли злото и да заживее по својата совест, по разумот и правдата, а таја викала да се сметнат феодалите и господарите и секоа власт над човека. Ете, тука почнала европејската Реформација!

Но богомилите не живееле во времето кога феодализмот бил зрел да падне. Тогај не биле создадени онија условиа, у кои човек можел да живее без цареви и господари. Грагјанското општество, што го смени феодалното, одвај беше појавено, и това во некои градови по северна Италија и јужна Франција. На Балканот живееше едно гнило Византијско царство и неколку нови славјански. Но славјаните, каде што се појави богомилството, уште немаја свое царство, и си живеаја по старославјанскиот, аграрно-демократски начин на животот. И ете зошто кога ги завладаја славјанските феодали и кога тија почнаја да им го газат тој демократизам, да ги поробујат, да им ја зимајат земјата и учат после како се това стануе со некоа виша сила – ете кога богомилството се јави како опозиција спроти ним.

И токмо сега идеме до онова, откај ке се види, зошто богомилството е едно чисто македонско јавление, никнало во онија особени условија, во кои живеале македонските славјански племиња. Овова е за нас многу важно, не само оти богомилството е наше културно наследие, ами оти е и една важна историческа пројава на нашиот народ, коа остави големи следи во неговиот живот. Еден краток историски преглед ке ни помогне да видиме това.
24-02-2010, 11:54 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#8

III

Според најстариот византиски летописец што ја бележел славјанската историја, К. Порфирогенит, во 676 год. пет славјански племиња: Драговити, Секулити, Рунджани, Струмани и Брсјаци, неможејки да го земат Солун, ги завзеле богатите области околу тој град. Драговитите и Секулитите биле на запад од Солун. Брсјаците на север от ним до Шар планина, а Струманите и Рунджаните на североисток на Солун по денешна Струма. Тија биле првите славјански племиња што дошле на Балканот и ја заселиле земјата на некогашна Македонија. Многу летописци ги викајат ним Македонски славјани, а земјата нимна – Славунија. Бидејќи да овие лугје си биле мирни и си живееле со земледелие, а биле организирани во племенски задруги и се управуеле со бирани демократски старешини – Византија ги трпела и билим направила со ним федеративен сојуз. Така тија си живееле цели неколку века – се додека – не биле завладеани от Блгарите.

Блгарите биле едно азијатско племе, што навлегло преку Дунав и завладеало некои славјански племиња отаде Стара планина. Како војничко, блгарското племе веднага организирало таму војничка држава и таја постепено се ширела. Во 853 г. се качил на блгарскиот престол цар Борис. Тој ја проширил блгарската земја дури до Македонија. Но тогај во толку голема држава, не можело да се владее со едно малко војничко племе. Пополека, от това племе се формирала феудална аристократиа демек на таквиа што работат и што живеат од тугј грб; спаии или бољари, и чифчии или парици. И за да ја зајакне таква своја држава, Борис решил да ја уреди како примерот на тогашната држава – Византија. Тој пратил свои нарочни лугје да го изучат државното уредуење на Византија и нејзините закони и државни науки, та после да ја уреди и својата држава така. Но, како што рекофме напред, тогај христијанството беше најголемата наука и от него се определуеја сичките други. Ете зошто стана нужно и Блгарија да стане христијанска држава, да се покрсти царот и народот што го владее. И цар Борис това го направи во 865 г. Целта на това беше јасна: со новата вера, како со феудална идеологија, требеше да се закрепи и оправда по народот феудалниот строј.

Првите христиански учители, вистина, го преведоа Св. писмо и други книги, но со ним ги преведова и државните и правни закони па Византија. Тија токмо беја феодални, чунки учеја за правата на бољари што ја владејат земјата и роби, што ја работат таја земја.

И со това почна силна промена во животот на славјаните. Црквата стана најголема идеолошка и економска сила. По пример на Византија и таја почна да прави цркви и манастири, а феодалите да им давајат земји, што се зимаја од сиромашните селани. Па се засили и феодалната аристокрација. Секој во војна заслужен војвода почна да добива от царот цели заселишта сосе земја и човеци како свои роби. Владеањето на таја земја стана наследно, чунки синот на феодалот го наследуеше таткото. Така никна и така почна да се шири славјанскиот феодализам и да се кусат правата на народот. Славјанските задруги и нимните демократски бирани старејшини не се признаваја. Бољарот беше назначен от царот а поповите учеја дека и царот и бољарот се от бога. И така, народот стана незадоволен, чунки многу поарно и по слободно си живееше во своите старославјански задруги.

Но се това најсилно се осети во Македонија. Видовме дека таму највечку се одржа славјанската задруга, чунки и Византија беше на нејзина страна. Во Македонија никога не се разви феодална аристокрација от задружните старејшини, и таму беја најживи демократските традиции во народот. Това ете стана основна причина, за да се оттаму дигне опозиција против новата уредба. (Види Голубински, Пипин, Вејнгарт, Рачки и др.).

От оваја башка, за појавата на богомилите имаше и една друга причина. Това беше учението на манихеите, кои беа дошле от Мала Азија во југозападна Македонија. Знаеме дека нимното верско учење беше дуалистичко и што оно значеше. Кога ги покрстиа славјаните и кога новата вера стана општа наука, старата вера на славјаните беше слаба да се бори со неја. И затова се појавуат првите славјански и дуалистички групи мегју македонските славјани. Првата богомилска група, от која се развија сите по неја, беше от племето на Драговитите, и сите учени денеска Драговичката група ја сметајат како мајка на богомилството. Богомилството никна и се разви во Македонија а неговијот водач и организатор, поп Богомил, беше и сам Македонец. За негова чест и денеска едно село околу Велес се вика Богомила, а и сичките учени него го признавајат како прв славјански реформатор и прв борец во Средниот век за општи човечки правдини.

Богомилите биле со прво против државното христијанство. Тиа сметале дека това многу го заглупуе и криво го учи народот. Тија викале дека само нимната вера е истинска и христијанска. Мразејки ги поповите и калугерите, богомилите не се молеле по црквите ами по куħите и друзи отворени места. Нимната молитва се состоела само от молитвата „Оче наш“, а се друго било дискусија и расправија. Таму се напагјале фсодалите и црквата, и сето зло што идело на народот, викале да иде от тија. Народот го учеле да не оди по црквите, да не се крсти и моли на никакви светци, чунки господ на секого му дал разум што да прави, а не да се моли и да чека. На тија свои собранија они ја развивале својата наука, но нема место овдека да ја изложуеме, чунки е многу матна и требе бааги место да се разјасни, а от се што рековме до сега јасно направивме нејзини основни заклучениа. Овдека ке кажеме само некоа дума за нимните книги и сказните и басните, што нашиот народ уште ги скажуе, иако незнае да се богомилски.

Богомилите ми... и биле и први славјански народни книжовници. Ако за покрстувањето на славјаните се измисли нова азбука и почна една славјанска книжовност, таја си беше строго црковна и се занимаваше само со суви црковни догми и восхваление на светците и царевите. На народот му беше тугја, чунки народната душа ја занимаваја по-живи работи от догмите. Таја душа не можеше да се задоволи со библејското објаснуење за созданието на светов и сакаше по-јако објаснение. И затова во народната душа најдова голем прием ониа источни легенди и басни на манихеите, кај што беше проткано и дуалистичкото учение, ама и едно по блиску до памет објаснение за светските работи. Затоа богомилите почнаја тија легенди да ги преведуат, дотеруат на народно разбирање и самите прават нови, а сичко това народот зимаше со душа. Основата на тија сказни е борбата на доброто со злото, борбата на гјавола со бога, и крајната победа на доброто над злото. Дали некој ке се присети колку такви сказни чул от своите стари, и да ли ке може да разбере нешто от народната философија што е во ним? Ете, тија сказни, песни и басни и философијата што е во ним, беше духовна храна на нашиот народ низ толку векови, таја назида во народната душа една јака стена на истина и вера во крајната победа на правдината, а не сувото христианство и восхвалението на царевите! Денеска е научно докажано дека тија сказни и басни се јатка на целиот богат македонски народен фолклор – народна философија и душа. А кој му го остави на народот това? Не се христианските проповедници, ами богомилските! Нашите народни обичаи, преданиа, веруваниа, врачевини, сказни, басни и песни – сите се под влијание на богомилското учение, на богомилскиот дуализам, како што го разбрале и разработиле тиа наши први народни учители.

От книгите пак богомилски туку речи сите се изгорени. До денеска се најдени само по некои. Најглавната е „Тајната книга", најдена по препис во еден италјански манастир и на неја назначено да е донесена от Балканот и да е главната книга на богомилското учение. Има уште десетина други пронајдени по нашите манастири, најповеке по македонските. Неможеме овдека да се задржаваме на ним, но кој би се интересуел за оваја работа, нека ја прочете книгата на Ј. Иванов „Богомилски книги и легенди“. Таму е најарно објаснено значението на сите тија работи.

И така земено, и от денешно време, богомилството е едно големо културно наследие на нашиот народ, кое требе да се разбере, да се цени и чува. Ние со него требе да бидеме горди пред другите народи, како и они што се гордеат со таквиа културни имовиња!

Со сите свои крајни изводи, богомилството внесе нови моменти во мислената област. Това покажа со своиот дуализам, дека не догмата, ами слободната човечка мисла може да дојде до вистината. На сите народни веруваниа, иако тија си беја фантастични, нереални, богомилството им даде еден разумен вид. И може би со това, иако и самото незнаеше, богомилството пушти нов поток на човечката мисла: ја привикна да мисли разумно, ја сврте от небесниот на земниот живот и ја тури спроти секоа догма. На своето време, за Средниот век, немаше ништо по револуционарно от овова! Вистина, каде нас, на Балканот, не станаја големи последствија: инаквите историски течениа – заробуење пот Турците и запирање на економското развитие, не дозволиа да се развие и онаја класа, каде богомилството стана силна идеологија. Но на Запад, по италијанските и јужнофранцуските градчиња, се разви новата класа и богомилството стана нејзина идеологија. Со колку човечка крв е испишана историата на тамошното богомилство! Но и победата дојде: новата класа победи, се сринаја средовечните догми, и мислата се вивна слободна, да постигне толкува човечки успехи – да го толку ослободи човека от злото, от тешките условиа, от незнаење и гнасно ропство! Но ако и таја класа бргу се покажа гјаволска, ако и буржоазијата стана потисничка класа, па и таја го зароби човека и неговата мисла – новата класа, наследникот на буржоазијата, пролетариатот – го дига и носи напред смело знамето на слободата и заветот на богомилите!

Далеку сме от това да кажеме како ние денеска требе да ги воскреснеме богомилските веруванија така како што ги учеја они. Това си беше производ на своето време и си остана со него. Но секое време гради свои мисли што се времени, но и таквиа, што се вечни што остануат на поколениата што идат по него. Кај богомилството е времена неговата религиозна форма, неговата слабост да мисли башка от фантастичното напрегнуење на мислата. Но вечна е неговата љубов за човечката слобода, вечна е љубовта за правдините, вечна е идејата за слободната и недогматичната мисла и за истината што се открива по тој пат! Вечна е мислата за вечната борба и идејата на се поголема победа на доброто над злото, па се разбрало това во мистична ели во денешна научна форма! Оти нема борба, нема победа во таја борба, ако нема и вера, фанатизам во таја вера, да ке дојде победа, да ке триумфира доброто над злото! И да е целта на истината да се доближуе до бога – како што учеја некогаш богомилите! — ели како што учи денеска науката, да е целта на истината да се доближуе до својата јатка: материјата – објективната реалност. Ако таква гениална мисла нашите богомили ја најдова во мистична форма, еве дека денеска науката ја открива како научна. Оти силата на патиштата што ни ги покажа богомилството е огромна, само по тија може да оди човечкиот напредок – човечкото победуење на доброто над злото, човечкото ослободуење от секакво ропство! Оти никој до сега не одговорил по длбоко за смислата на човечкиот живот. Ако сите цркви и сите вери учеа дека има небесен живот и со тоа служеа на онија што на човеците им го отимаја земниот, богомилите, у верска форма рекова една крајно спротиверска истина: нема задгробен живот, ами целта на човечкиот живот е да се бори со злото и доближуе до вечната истина. Има ли погениална мисла от оваја? И може ли денеска да ја наследи таја истина друг некој, освен пролетаријатот?

Оти токмо сега му е местото да си кажеме некоа дума и за значението на оваквиа мисли и за нас, Македонциве. Богомилството, дедо Богомил – това се наше големо културно имовиње, и нашата борба требе да оди по најздравите стапки и по вечните патишта на тија наши славни лугје! Не требе да правиме и ние от богомилството нова вера, оти помина времето на верите, сега е времето на науката и на пролетариатот што ке ги постигне смелите замисли на нашите богомили. Туку, сакаме да кажеме, кога некој Вулич ели Балугџич, ели некое нимно копиле, ке земе некоа надуена поза и ке не праша: Ами каму ви цареви и кралеви и тапија за земјата македонска? – да му речеме: еве ни го дедо Богомил! Вашите цареви и кралеви владееја над нашата земја со крв и гнасотии, и вашата тапија над земјата македонска е и така крвава и гнасна. Но колку е светла и силна царштината на деда Богомил, на македонските богомили! Колку е по силна и по висока мислата на деда Богомил, от славата и споменот на сичките ваши кралеви и царја, и на сичките гнетачи и јадачи народни, от памтивека па до сега! Ние, Македонциве, по патот на деда Богомил, по мислата на неговата вечна борба, по трагот на неговата силна вера – ке си ја дочекаме и нашата зора!
24-02-2010, 11:56 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#9

Националното прашање во Македонија

Но развивањето на капитализамот брго го достигна својот највисок врф. Веке при крајот на миналиот век капитализамот у првите западноевропејски капиталистички земји влезе у својот залез, у својата последна етапа – империализамот. Противоречивото а силно натрупано богатство на буржоазијата стана тесно за нејзиниот национален простор, ги прерипа националните граници, мина у комшиjските капиталистички недоразвиени земји и се распростре по далечните колонии и бази. Сега емисијата на акции и облигации, износот на капиталот по тија земји и бази на сурови материали стана главен извор на доходите на буржоазијата, а борбите за колонии, бази и сфери на влијание, и империалистички војни и походи, – главен белег за нејзиното владеење през тој период. Но империализамот не создаде светска економија, а „светски империјалистички систем“ за финансијско поробуење и колониално угнетуење на грамадниот дел от земното население от страна на неколку „напреднати“ земји. „Тија неколку земји, – Англија, Франција, Австрија, Германија, Русија, станаја стожери от кај кои се распостираше империалистичкото завладуење и поделуење на останалите земји и колонии. Буржоазија у секоја земја веќе не беше апсолутен господар у своите национални граници, ами само една алка у светскиот систем на империализамот, кој се повеке и повеке се поларизираше на два противни пола. Противоречивото развивање на капитализамот у главните империалистички земји водеше до нова расподелба на сферите и колониите, до нови империалистички завоеванија на сметка на противниот пол. Завоеванијата стануеја директни, – со колониалните походи, и индиректни, со завоевателните војни на една от „алките“ (државите) у империалистичкиот систем за сметка на „алката“ от противниот пол. Буржоазијата, станала сега империалистичка како у главните така и у потчинетите земји, не можеше да се развива како порано, не можеше да живее, а да не прави постојано империалистички завоеванија, анексии, и поради това да врши асимилирање, национално угнетуење на други народи, и да не пројавуе империалистички апетити спрема територии от други држави. За таја цел буржоазијата мобилизира цела армија от учени и шарлатани, кои создаваја „теорија“ за националната припадност и правото на нивната буржоазија да го анектира некој крај или некоја земја. Ако се работеше за некоја колонија, завоеванието се правдаше со „цивилизаторска“ мисија, а ако се сакаше некој дел от некоја „алка“ от противниот лагер, тогај се прекопуеја сите историjски старудии, се фалсифицираја, надуваја, се извртуеја, – се со цел да се докаже „историјското“, „крвното“, „родственото“ право на нивната буржоазија да го владее тој крај. Но и при се това, можеше ли буржоазијата сега да врши друштвено-прогресивно национално соединение, како некога? Очигледно, не. Условијата беа изменети и квалитативно други. Буржоазијата стана потисничка, паразитска, реакционарна класа, а нејзиниот економски систем пречка за понатакашно друштвено развивање. Како „алка“ у синџирот на „светскиот систем за финансијско поробуење и колониално угнетуење“, она можеше само национално да угнетуе, насилно да асимилира и по колониален начин да ги граби и експлоатира „ослободените“ (анектираните) земји и краишта. И сите теории за „крвната“ припадност на тија краеви кај извесна империалистичка земја, за „историјската“ мисија на таја земја и други измислици обективно служеја за реакционарни цели. Буржоазијата престана да играе друштвено-прогресивна рола, она не можеше да „ослободуе“ ами само да поробуе други народи, без разлика да ли ја носат нејзината или друга крв. А со това и процесот на националното прашање и национално-ослободителните борби доби нова форма, зеде друго направление. Тој влезе у својата фаза.

Борбата на потиснатите народи и народносни групи у границите на една империалистичка држава, борбите за национална независимост, национални права и демократски слободи неминовно добивајат направление против империалистичката буржоазија, која ги угнетуе и експлоатира на колониален начин, неминовно се чукнујат со целиот „светски систем на финансијско поробуење и колониално ограбуење“ и по тој начин нужно се сливајат со главните сили кои се борат за куткањето на тој систем, со борбите на новата друштвено-прогресивна класа, пролетариатот. Национално-ослободителната борба сега најдуе едино решение у куткањето на империализамот и победата на пролетерската револуција. От некогашни револуционерни резерви на буржоазијата, национално-ослободителните борби на потиснатите народи станујат директна револуционерна резерва на пролетариатот. Това е основна карактеристика на националното прашање през неговата втора фаза. „Историјата на капитализамот ни покажуе две тенденции на националното прашање, – вика Ленин. Првата е у разбудуењето на националниот живот, на националниот покрет, на борбите против националното угнетуење, на создавањето на национална држава. Втората се покажуе со развивањето на сички видови врски меѓу нациите, на разрушуењето на националните граници, создавање интернационално единство на капиталот, економично, политичко, научно итн. единство. Првата владее у првата фаза на неговото развивање; втората ја карактеризира зрелоста на капитализамот, кој оди накај трансформирање у социалистичко друштво“ (Ленин, Критички белешки).

Да не се води разлика мегју тија две фази во развивањето на капитализамот и националното прашање, да не се види нивното квалитативно различие и нивните обратни тенденции, – значи да се прави јавна грешка и обективно издајство спрема борбите на поробените народи, значи да се помага обективно и ефективно на империалистичката буржоазија и светска реакција. Токмо това не го гледајат и не сакајат да го видат онија „марксисти“ и „напредничави“ интелектуалци, кои националното прашање и денеска упорно го поставујат како през неговата прва фаза, не сакајат да знајат дека денеска, обективно, времето на национално-ослободителни борби на буржоазијата, станала империалистичка, („алка“ у светскиот империјалистички систем), е минато, и дека она не може веќе да прави „национално обединение“, „национално ослободуење“, ами само да врши грубо национално угнетуење и колониално ограбуење у завоеваните земји.

Вистинското и правилно решение на националното прашање може да се постигне само по патот на револуционарната борба на широките маси, онеправдани и ограбени от империализамот. Таја нивна борба неминовно се слива со борбата на пролетариатот от целиот свет, со кое се создава единствен светски револуционарен фронт на сите потиснати и експлоатирани маси против општиот враг – светскиот империалистички систем. Ете зошто националното прашање за вистинските марксисти-ленинисти е револуционарно и интернационално прашање, и као такво претставуе „дел от општото прашање на пролетерската револуција, дел от прашањето на диктатурата на пролетариатот“.

„Има ли во покретот за национална независимост на поробената земја револуционарни возможности, и, ако ги има, има ли начин да се исползујат за пролетерската револуција, да се преврнат колониалните и потиснатите маси от резерви на империалистичката буржоазија во сојузници на револуционарниот пролетариат? Ете, така се поставуе прашањето. А на това ленинизамот одговара потврдително; со други думи, тој признава да има таквија револуционарни возможности и непходима решителност да се исползујат за куткањето на општиот непријател, империализамот. Механизмот на развивањето на империализамот, светската империалистичка војна и руската револуција, ги потврдија решително заклученијата на ленинизамот за това“ (Сталин, Основи ленинизма).

Ете от каде „за пролетариатот стануе неопходимо нужно да ги помага и активно и решително ослободителните покрети на поробените народи“.

По само себе се разбира дека пролетариатот не може да помага какви и да било национални покрети. Тој ги помага онија, кои допринесујат за слабењето и куткањето на империализамот, а не на неговото уцврстуење. Оти не требе да се заборави дека и империалистичката буржоазија, от еден от противните лагери, нестојава и успева да си создаде свои резерви от националните покрети у комшијските земји. Националното прашање во Југославија, Чехословакија, Полска и др. ни дава најречити примери за това. А таков национален покрет, кој обективно служи како резерва на империалистичката буржоазија и светската реакција, пролетариатот не може да го помага. Истинските марксисти у тој случај требе да ги насрчујат и да ги помагајат онија национални борци кои се противни на това направление на националниот покрет, и да прави со ниф сојуз, како за борба против това направление, така исто и за отимањето на широките маси от под влијанието на империалистичката буржоазија и покажуење на нивниот вистински револуционарен, национално-ослободителски пат.

Ете от каде и како требе да се гледа и да се поставуе националното прашање во Македонија, а не от гледиштето на нејзините империалистички поробители.
24-02-2010, 11:56 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#10

2. Борбите на македонскиот народ за ослободуење

Историјата на македонските национално-ослободителни борби е тесно сврзана со историјата на капитализамот и националните борби у другите балкански земји. Тија борби носат јавен белег на две нешта: 1) на борбите на малобројното гражданство и грамадните селски и градски маси, потиснати под турскиот апсолутизам, за национално-демократски слободи, и 2) на борбите на зрелата и станала империалистичка буржоазија от главните европејски земји, заинтересувана от распадот на Османската империја и превзимањето на бази и сфери на влијание на Балканот. Будењето на националниот живот и епохата на национално-ослободителни борби во балканските земји почнуе едвај пред крајот на првата и през втората половина на 19. век. Одзивите на српската национална револуција от 1804. беа затушени от победата на европејската автократска реакција во 1815. „Светата Алианса на австро-рускиот автократизам го покровителствуваја својот балкански брат, турскиот апсолутизам, кој ги држеше поробените балкански народи. Само после распадот на Алиансата, после полната победа на буржоазијата во западна Европа и нејзините први нивни походи на капиталистички неразвиениот Балкан, почна развивањето на капитализамот и процесот на национално будење. Но тој процес се развиваше, покрај други, и под една нарочна околност: под прекото влијание на западно-европејската буржоазија, во чии земји капитализамот тогај одеше накај својата империалистичка фаза. Англијската и француската буржоазија први влегова со своите стоки во Османската империја и први го подтикнаја развивањето на капитализамот. За кратко време они станаја најсилни господари на тукашните пазаришта за стока и внос на капитал. Но со това ги загрозија позициите на австро-германската и руската буржоазија, кои нешто задоцнети но се пак врвеја накај империалистичката фаза и имаја интерес от турските пазаришта и патишта за по-далечните земји. Борбата околу тија пазаришта сега им ги измени ролите за покровителство на Османската империја: англијската и француската буржоазија сега беја за нејзиното „статус кво“, а австро-германската и руската за нејзиното распадање и меѓусебно поделуење. Царска Русија беше особено многу заинтересована со распадот на Турција и направи неколку воени опити за това (Руско-турската војна през 1828-1829, Кримската војна). При тија опити она срете противност не само от страна на турците, ами особено от французите и англичаните, кои со сичко ја поткрепуеја Турција. От това време царска Русија почна живо да се интересуе со судбината на балканските народи, на прво место славјанските, и да го помага најактивно нимното национално и културно разбудуење. Се создадова нарочни учени дружества и учени експедиции кои се бавеја со историјското, географското, јазиковното, етнолошкото, етнографското и др. положение и минало на тија народи и со това се даде силен замаф на нивниот национален процес, – разбира се, онака како одговараше на интересите на царска Русија, која мечтаеше за една „Заддунавска губернија“ на Балканскиот полуостров. За кратко време, царска Русија зеде монопол на духовниот живот на балканските славјани, кои ги токмеше како свои утрешни поданици.

По следите на царска Русија тргна и монархистичка Австрија. Културно-просветителната дејност на Австрија се развиваше во западниот дел на Балканскиот полуостров кој и беше доделен како сфера на влијание. Ако Русија ги подигаше православните, Австрија ги подигаше католиците против Турција, и преку католичката црква и преку Штросмајера проповедаше една обновена „Илирија“– австријска колонија на западниот дел на Балканот. Но Австрија исто така ја протежираше и српската буржоазија во Војводина, и највечку допринесе за националниот процес на Србите, – сичко со тенденција да откине што по-голем дел от балканските славјани от под руско влијание. Веќе тогај се назираше зората на руско-австријските противни интереси за империалистичката поделба на Балканот. А до отворено счукување на тија интереси дојде во 1877-1878, кога царска Русија влезе со своите војски во источниот дел на Балканот и дојде до самиот Цариград. Интервенцијата на западноевропејските капиталистички земји и тогај ја спаси Османската империја от пропаст на Балканот, а рускиот план за „Сан-Стефанска“ Блгарија беше спречен и руските воени успехи силно анулирани.

Создавањето на две балкански славјански држави, Србија и Блгарија, беше само создавање на две сфери на империалистичко влијание. Првата ја владееше австрискиот, а втората рускиот империализам. Неоспорно, по одношение за ликвидацијата на турскиот апсолутизам и феудалните установи, австро-руската експанзија изигра една позитивна рола, и помогна на буржоазијата на двете балкански земји да ја изведе својата национална револуција и да премине една нужна друштвена етапа. Но истовремено она ги прикачи како „алки за светскиот империалистички систем, и нивното понатакашно развивање беше у плна зависимост от политиката на големите империалистички држави. Стихијното развитие на капитализамот во младите држави ја ојакна за кратко време буржоазијата, и скоро ги достигна националните граници на својот растеж. Младата буржоазија на тија две држави требаше неминовно и за многу кратко време да ја добие формата на својата стара западноевропска сестра, да стане и сама империалистичка, и да пројави империалистички апетити ако сака да живее и да се развија. Но накај каде?

Природниот пат на експанзијата на блгарската и српската буржоазија одеше накај заостатците од Османската империја на Балканот, – накај Тракија, Македонија, Албанија, Херцеговина и Босна. Това беа земјите за кои она можеше да мечтае да ги превземе, за да го разшири своето национално пазариште. И натаму ја управи својата експанзивна дејност.

Но по това време развитието на капитализамот во Европа зеде решително и завршно направление накај својата последна фаза, империализамот. Не само Европа, ами целиот свет беше поделен на империалистички сфери на влијание, и противречивото и нерамномерното развитие на капитализамот водеше накај нова поделба, која можеше да стане со една општа империалистичка војна. Балканот беше исто така место на сферни влијаниа и раскрсница на многу интернационални патишта на капиталот. Промената на балканското „статус кво“ неможеше да стане без согласие и интересите на великите империалистички сили, кои баш тука беа сосем опречни. Ете како во својата империалистичка експанзија блгарската и српската буржоазија се најдоа принудени да се опрат на интересите и експанзијата на великите империалистички сили, и сосем да се потчинат. Со вносот на капитали, инвестирани во најважните области на националната економија, со државни заеми и други финансијски операции, и со монополот на пазариштата за нивни стоки, тија сили скоро ги потчинија двете балкански држави и ги ставија сосем под своа економска и политичка зависимост. От друга страна они најсилно ги поттикнуеја накај експанзија за сметка на нивниот балкански ривал. Ако на пр. српската буржоазија мечтаеше за Босна и Херцеговина, анектирани от Австрија, најдуеше најсилна поткрепа от англо-френскиот и рускиот империализам. Блгарските мечти за Тракија и Македонија беа поткрепуени от Австрија, Германија, и во прво време Русија, но најдуеа силно противење кај Англија и Франција, от кои првата ја имаше Грција под свое влијание, а обете заедно големи интереси от очувањето на европејска Турција. И така, со се поголемата нужда от империалистичка експанзија, со се поголемата зависимост от внесениот капитал и политиката на една от силите, двете балкански славјански држави, Србија и Блгарија, се поврзуеја се-потесно со едниот империалистички систем на великите држави и стануеја составен дел на нивните противности и интереси, додека најпосле, по отношение на нивната експанзија во Македонија, интересите не им се чукнаја и дојдова во противност. От тија причини Македонија стана „јаболко на раздор“ меѓу српската и блгарската буржоазија, на која обете фрлаја грабителско око и не можеја да се согласат преку неја. От тија причини дојде и мешањето на српските и блгарските империалисти во македонските национално-ослободителни борби, кое се одрази толку фатално на македонскиот народ и процесот на неговото национално пробудуење.

Рацинова архива
24-02-2010, 11:59 PM
Reply