Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВЛАТКО ЃОРЧЕВ ГО ДОПРЕ ДНОТО !!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Цитати за читање, анализа и помнење

[Image: BBB9182390744749B70E6FCF46ACA890.jpg]
Влатко ЃОРЧЕВ 30.11.2012

Треба внимателно да слушаме и да анализираме што другите зборуваат. Да ги читаме нивните пораки и да ги запаметиме.

Сали Бериша, премиер на Албанија на 24.11.2012 во Скопје одржа говор и го нагласи следново: „Со голема чест се поклонувам пред вас, со голема чест, граѓаните на овој град, кој некогаш зрачеше светлина до нацијата во сите етнички територии. Шкупи со векови не беше само епицентарот на Дарданија, но, исто така, епицентарот на нацијата и нејзините движења до денешен ден, а им изразуваме голема благодарност на нашите татковци и предци“.

Значи, пораката е упатена до цело Скопје односно Шкупи, не само 1 или 2 општини како Чаир или Сарај, туку до целиот град Скопје заедно со Центар, Аеродром, Kарпош, Kисела Вода, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Ѓорче Петров и другите општини.

Сали Бериша натаму продолжува: „Векот што го оставивме зад себе беше голгота за нас Албанците. Прогласувањето на независноста во Валона беше од витално значење. Но, 2/3 од албанските територии беа поделени, отидоа во големата неправда на минатиот век“. Бериша додава: „Албанците никогаш не се согласни со неправдите наметнати врз нас, Албанците никогаш не се согласија со одредување на слободата од другите и угнетување од другите. Ослободителната војска на Kосово (УЧK - ОВK) и Ослободителната национална армија (УЧK – ОНА) ја почнаа последната ослободителна војна во Европа, која го ослободи албанскиот народ, а ги направи побезбедни Балканот и Европа. Вечна им слава на борците и на лидерите“.

Понатаму, Сали Бериша вели: „Еве, од Скопје сакам да ги повикам сите Албанци секоја минута, секој час, секој ден, секоја седмица, секој месец, секоја година да работат на каузата на заедништвото, обединувањето. Ги повикувам нашите соседи да разберат дека со обединувањето на Албанците регионот ќе стане послободен, пофер и Албанците се подготвени на долгорочна пријателска соработка со векови. Албанскиот национализам е како европскиот национализам, за мир кај нас, за слободна и мирна Европа. Од Скопје одиме за Kосово, слободно Kосово, одиме без граници“.

На крајот, Сали Бериша вели: „Албанците очекуваат од нас во нашите европски проекти, како и во повеќе други, да се реализира истовремено и проектот на албанското национално обединување и под слоганот на обединување на едни со други да се обедини Европа, а во таа насока да се фокусираат сите наши енергии“.

Пред два дена во Валона Сали Бериша зборуваше за сите албански земји, од градот Превеза (Грција) до Прешево (Србија), како и од Скопје (Македонија) до Подгорица (Црна Гора).

Хашим Тачи, премиер на Kосово вака го почна говорот во Скопје на 24.11.2012 година: „Дозволете ми прво да се потсетиме на соборците што ги дадоа своите животи за слободата на Kосово и слободата на Албанците во Македонија“, нарекувајќи го Скопје, односно Шкупи главен град на косовскиот вилает, велејќи: „Албанците како и секоја нација во регионот денес имаат две држави, Албанија и Kосово, но во иднина ние треба да живееме во единствен простор како една нација. Ве уверувам дека сте безбедни и дека Kосово ви гарантира безбедност и дека тоа ќе биде чувар на вашите права кога тоа е потребно, зашто сте помогнале многу на Kосово“.

Хашим Тачи го заврши говорот со порака дека Kосово ќе биде чувар на правата на Албанците во Македонија, изразувајќи го единството на Албанците од Албанија, Kосово, Македонија, дијаспората, обединети во поддршката на УЧK.

Сулејман Реџепи, поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), на 27.11.2012 година изјави: „Обединувањето на албанските земји е Алахова волја и затоа ние имаме обврска да ги вратиме така какви што биле порано. Обединување на силите на албанскиот народ на сите нивоа ќе стане реалност, а Албанија ќе има единствена граница , таа што ја создал Алах. ИВЗ со сите свои капацитети е подготвена да придонесе за националната кауза и да одговори на секој вид повик во насока на обединување на сите Албанци. Јас сум многу загрижен за положбата на Албанците бидејќи не може да се замисли луѓето да живеат во 5 (пет!) држави. Неприфатливо е вие да живеете овде, таткото да живее во матичната земја, а браќата да живеат надвор од границите.“

Мендух Тачи, лидер на ДПА во Тетово на манифестацијата „100 години без Албанија“ на 24.11.2012 година во својот говор истакна: „100 години без Албанија за Албанците беа многу тешки, ни недостигаше слобода и ни недостигаше Албанија. Имам повеќе доверба во новите генерации. Јас верувам дека новите генерации ќе го реализираат својот сон да се биде слободен“.

Даут Харадинај, брат на Рамуш Харадинај во Тетово изјави: „Kога доаѓав наваму, по пат слушнав песни - нема Албанија без Kосово, нема Албанија без Тетово. Очигледно дека имаме исти чувства, по повод од 100-годишнината од албанската држава. Благодарени на таа држава имаме слободно Kосово, но Албанците во Македонија ги немаат заслужените права“.

Исто така, во парламентот на Грција пратеникот Илијас Панајотарос ова го кажа во својот говор на 27.11.2012 година, зборувајќи за Македонија: „И да знаат дека оваа фалсификувана држава на цигано-скопјаните многу брзо ќе стане минато, ако тоа не се случи од внатрешните превирања, ќе се случи од сигурното зголемување на рејтингот на Златна зора која наскоро ќе биде во владата.“

Драги сограѓани, внимателно прочитајте ги кажаните изјави. Анализирајте ги. Запомнете ги. Ако ова го кажаа отворено и јавно, што зборуваат кога нема камери, што зборуваат меѓу себе?

На крајот, само би напишал дека Македонија постоела и ќе постои. Независно кои биле околностите и кои биле предизвиците, секогаш сме опстанале. Народот премногу долго ја чекаше оваа држава и ја сака Македонија. Македонија засекогаш.




Не сум можел да верувам човек дека може да падне толку ниско а воедно толку дрско таа своја човечка бедотија да ни ја продава како патриотизам и грижа за Македонија.
01-12-2012, 03:07 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#2

Зошто Влатко Ѓорчев не ја кажа и изјавата на г-от Али Ахмети, актуелен пратеник на Собранието на РМ, Претседател на партијата ДУИ која е дел од владеачката коалаиција, заедно со ВМРО-ДПМНЕ? Не сум сигурен, но мислам дека и Али Ахмети кажа нешто на собирот во салата “ Борис Трајковски“ во Скопје! Или сум грешка?
01-12-2012, 10:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Голема УЈДУРМА

[Image: 369866_1490569115_35992236_q.jpg]

Блажо Стојаноски


Зборот УЈДУРМА има значение на ДОБРО ИСЦЕНИРАНА ЛАГА или ДВОЛИЧНОСТ , го читам Влатко Ѓорчев , ,,големиот патриот'' , како набројува личности од албанскиот политички врв на балканов ,кој што рекол на штета на Македонија и на крајот заклучува дека македонско име нема да загине . Човек да чита и да пцуе , просто да му се гади од очигледната дволичност и ако одамна ги знаеме дека се такви скоро сите од оваа влада на чело со нивниот мил Премиер ( велам нивниот бидејќи за мене нее Премиер него диктатор со сите негови атрибути ), но оваа е веќе претеризам на подсенување - омаловажување на македонците , посебно на оние кои од почетните деведесети години ја градеа идеата за МАКЕДОНИЈА . Па недораснато политичарче Ѓорчев , изигрувате патриоти носејќи ги четирите пресвети букви ВМРО како предзнак на ДПМНЕ , градите споменици на личности од македонската историја а всушност зад сето тоа имате некоја посебна стратегија , ке ги залажуваме македончињата дека еве ние сме патриотите кои се грижат за македонската кауза а од рдуга страна без срам и осет кон тие четири пресвети букви , одите на прослава на македонската разнебитеност , на нејзината кобна територијална поделеност , ја славевте битката кај ЗЕБРЕЊАК на србските окупаторски војски против ОСМАНЛИИТЕ . Чуно нели !? Ги аболициравте убијците албанци кои ја нападнаа сувереноста на Македонија а ги затворивте бранителите е ова нее чудно нели ? Им допуштате на некои албански врхушки да од името на АРМ им дадат почеен поздрав на загинатите терористи кај Слупчане , на нашите бранители им судите и ги испраќате во зандани со наместени афери а од друга страна македонската јавност ја залажувате дека конечно бранителите ке добијат посебен закон (за кој ке причекаме бајаги време ...) ,ја злажувате (барем така си мислите ) македонската и светската јавност дека меѓуетничките односи се на најдобар пат на релаксација а им допуштате на албанскиот национализам да цвети , да ни ги палат нашите обележја , да ни ги тепаат нашите деца на јавни места (во автобуси , училишта , на Кале ...)а среде Скопје дозволивте албанските политичари од Коасово , Албанија и Македонија јавно да обелоденат дека албанците се на правиот пат за создавање на Голема Албанија во чии граници би влегле и Приштина и Тетово . Лицемеритео да биде уште поголемо за сета оваа ваша смрдеа ја обвинувате ОПОЗИЦИЈАТА, поточно опозиционите партии па дури им организирате контра протести ( тутунарите , студентите , бранителите а сега очекуваме и од лекарите ) а за вашиот неуспех во преговорите со ЕУ и НАТО 100% е виновна опозицијата . Без срам и перде ги гаите лошите соседски односи со Бугарија без да имате на увид дека таа Бугарија е членка на ЕУ и НАТО и дека кога напаѓате некоја членка на тие сојузи , едниот воен е исто како во онаа народнана ,, го сакам твоето богатство а не тебе и твоите деца ''.
Недоносено политичарче Ѓорчев нее лошото што лажате , лошото е што мислите дека народот ви верува , гласовите кои ги добивате не се од тоа дека ви веруваат него од вашиот принцип на владеење - ДИКТАТ без обзир на било што друго , посебно без обзир на разнебитувањето на Македонија и нејзината национална гордост , создадовте два вида на македонци , антички и словенски , создадовте стотици илјади бугарски државјани , создадовте безумие по националната мисла -МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ, таа сега е веќе на сиот националистички ЏГАН , семе посеано од сите племиња кои ама баш ИЧ не и мислат добрина на Македонија .Зарем толку ниско паднавте што ,на очиглед на целата јавност, ни збор не проговарате за СЕКОЈДНЕВНОТО СИЛУВАЊЕ НА НАШАТА исконска МАКЕДОНСКА ГОРДОС или ПУСТИ ПАРИ ве ослепија , ве поставија и ВАС во вазални службеници на нечии интереси ,ако е така тогаш сте се излажале и со пари и без пари на секого му следува две метри по едно со едно метро длабочина -ГРОБ но навашиот гроб некои идни генерации не напишат графит ПРЕДАВНИЦИ НА МАКЕДОНСКАТА ЗЕМЈА , а на гробот на оние кои ги лажевте ке стои ИЗЛАЖАНИ ОД ПРЕДАВНИЦИТЕ . Трагите кои ги оставате се големи и бележити и срамни , затоа знајте дека НИКОЈ И НИШТО НЕЕ ВЕЧНО ( само БОГ )и знајте дека кога ке ја изгубите власта , народот ке ве пцуе по улица исто како што го пцуевме во она време Л. Колишевски за неговите злодела кон македонизамот . МАКЕДОНИЈА ЈА НАПРАВИВТЕ , ВИЕ, БОРДЕЛ ВО КОЈ СЕКОЈ МОЖЕ МАКЕДОНЕЦОТ ДА ГО СИЛУВА БЕЗ ОДГОВОРНОСТ . Навистина голем ГРЕВ
01-12-2012, 10:41 PM
Reply