Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 9 Vote(s) - 4.44 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Кузман Јосифовски - Питу
Author Message
mungos
Unregistered

 
#1

[Image: 5011.jpg]

Кузман Јосифовски - Питу (Прилеп, 23 јуни 1915 - Скопје, 25 февруари 1944), е македонски комунист, еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938-1941) и на НОБ во Македонија (1941-1944). Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат Гоце Делчев на НОБ (Вториот Гоце Делчев).

Студира на Универзитетот во Белград каде е еден од предводниците на напредната студентска младина. Станува член на КПЈ во 1938 година, а од 1939 година е испратен на партиска работа во Прилеп. Поради несогласување со политиката на Методија Шаторов - Шарло е исклучен од Партијата, но набрзо повторно е примен во редовите на Партијата.

Член на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.

По Преспанското советување на 2 август 1943 година доаѓа во Скопје да раководи со борбата на македонскиот народ, во заднината на фашистичкиот окупатор. Упорен борец за создавање на самостојна македонска држава, во својата илегална работа патувал често пати во западните делови на Македонија, тогаш окупирани од Италија. Живеел во населбата Трнодол, а според официјалната верзија смртно е погоден кај фабриката „Алумина“ од бугарски војник. Таму има поставена спомен-плоча.

Кузман Јосифовски – Питу бил убиен под мошне неразјаснети околности. Денеска, како што откриваат историчарите, постоела телеграма на црногорскиот раководител Светозар Вукмановиќ – Темпо до Тито во кое тој барал Питу по секоја цена да се тргне од АСНОМ, а тоа негово барање било засилено особено по Преспанското советување одржано на 2 август 1943 година, каде Кузман Јосифоски се залагал за формирање на македонски партизански одреди во останатите делови на етничка Македонија и нивна заедничка броба со Македонците од Вардарска Македонија,за целосно ослободување и обединување на Македонија.
24-02-2010, 11:09 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#2

Сестрите на Кузман Јосифоски-Питу, Стефанка и Павлина длабоко во душата ги чуваат спомените на својот брат, една од најмаркантите фигури на националноослободителната војна. Иако од неговото убиство поминаа 58 години, отворената рана сў уште крвави, а сеќавањата за заедничкиот живот во детството и младоста сў уште се живи, како тоа да било вчера.

Јосифовци се познато прилепско револуционерно семејство. Мајката Лефтерија родила три ќерки и двајца синови, сите активно вклучени во револуционерното движење. Од нив на олтарот на татковината животите ги положија големиот Питу, кого многумина го нарекуваат мозокот на револуцијата, и најстарата ќерка Мара. Синот Аспарух ја преживеа војната и почина подоцна. Тој учествуваше во познатиот напад на Участакот на бугарската полиција во Прилеп на 11 Октомври 1941 година. Средната ќерка Стефанка, која за време на војната живееше во Кралево, е носител на Партизанска споменица, а најмалата Павлина, сў уште мало девојче, заедно со постарите одеше на познатите излети во околината на Прилеп за да ги учи лекциите за револуцијата.

-Кузман средно заврши во Битола, а студираше во Белград. Јас не бев воопшто организирана за разлика од браќа ми и од сестра ми Мара, раскажува Павлина. За разлика од сите нас, тој беше подруг. Дома не се прибираше. Пред војната двајцата со сестра ми Мара беа прогонувани од тогашните југословенски власти. Кузман секогаш беше на некакви состаноци. По доаѓањето на Бугарите, беа прогонувани и од нив. Дома имаше постојано претреси од бугарската полиција, речиси секоја втора-трета вечер. Ако не посетеше некој непознат, полицијата доаѓаше и веднаш го бараше брат ми Кузман, ако дојдеше некоја жена ќе ја бараа сестра ми Мара.

-Малку се сеќавам на брат ми, бидејќи живеев во Кралево во Србија. Таму ме однесоа на возраст од три години, бидејќи тетка ми и тетин ми немаа деца, а јас таму бев сў до завршувањето на студиите, додава сестрата Стефанија. Понекогаш навраќаше од Белград кај нас во Кралево. Често разговаравме за нашата иднина, а тој ми ветуваше дека штом ќе дипломира ќе ми дава пари и јас да студирам во Белград.

За убиството на Питу мајката Лефтерија и сестрите дознале речиси по една година од трагедијата.

-Дека е убиен слушнав на првиот митинг по ослободувањето на Прилеп. Дента го калапевме тутунот, а јас и другарка ми што ни помагаше заминавме на митингот. Пред да биде одржан говорот на загинатите им беше оддадена почит. Прв беше спомнат брат ми. Како гром да ме погоди, се струполив на земја и се онесвестив, раскажува Павлина. Ме подигнале од земја и додека ме враќаа дома ме советуваа:"Воздржи се Павлина, мајка ти не знае." А кога стасавме, таа насмеана ме праша: "Како беше мајче?" "Имаше многу народ", и велам и целата се тресам. Додека разговараме пристигна брат ми Аспарух и ме праша: "Кај си била?" "На митинг", му велам. Не знам како му се испушти, па ме праша: "А разбра ли за Кузман?" Му одговорив потврдно. Одеднаш го слушнавме пискот на мајка ми. Така таа дозна дека загинал нејзиниот син Кузман.

Аспарух за убиството знаел отпорано, ама не кажувал. И на другарите им порачал, да молчат за да не дознае мајка ми. А таа, кутрата, дента пред митингот отишла да се распраша кај Крсте Црвенковски, кој бил многу близок со Кузман. Пред да тргне и рекла на баба ми: "Ќе одам да го прашам Чало". А Црвенковски кога ја видел и рекол. "Тетко Лефтерие, Кузман е во Скопје, ќе си дојди". Откако се вратила подробно и кажувала на баба ми што и рекол Крсте. За сестра ми разбравме по неколку дена откако загина. Тогаш Бугарите и соопштија на мајка ми: "Твојата кучка ја отепавме".

-Јас за убиството на брат ми дознав многу подоцна, вели Стефанка. Се одржуваше конференција на АФЖ на која беше и мајка ми. По средбата прво што ја прашав беше како се браќата и сестрите? Почна да плаче. Ми рече: " брат ти Кузман и сестра ти Мара загинаа". Тоа беа многу болни моменти за мене, во еден ден да разбереш за смртта на двајца твои најблиски е голема трагедија.

Семејството Јосифовски и денес не знае кој го предал Кузман. Верзијата што се пререраскажува не се сигурни дека е точна. Се зборува дека бил убиен поради Бугарката Анка Блгарјанова. Имал состанок со неа, а таа наводно била предадена од нејзиниот брат кој соработувал со бугарската полиција. Ја следел и кога забележал во која куќа влегла и со кого се состанала, ја пријавил. Подоцна и тој бил убиен од бугарските фашисти

-Кој го предал Кузман точно не знаеме, објаснува Павлина. По ослободувањето кај нас во Прилеп дојде Блгарјанова за да ни каже дека многу и е жал за Кузман. Откако си замина, мајка ми ни рече: "Да знаев оти таа била причина за смртта на Кузман со прсти душата ќе и ја извадев". Во врска со убиството на нашиот брат многу нешта се сомнителни. Како можело Блгарјанова која била следена да биде уапсена и потоа пуштена, а Кузман да биде ликвидиран.

Стефанка и Павлина најмногу ги боли фактот што некои сега одново се обидуваат да го убијат нивниот Кузман. Тие велат дека довчерашната власт не го признава тоа што е постигнато во крвавата четиригодишната борба на НОВ. Тешко ги преживуваат немилите настани што се случија последниве две години поврзани со нивниот најистакнат член од фамилијата. Најпрво беше изменет текстот на Спомен-плочата на куќата каде што бил убиен, а потоа дојде до сквернавење на неговата биста во Прилеп.

-Ние не знаевме оти е изменет написот на плочата, дека од неа ги избришале зборовите "загинал од бугарскиот окупатор". Избришани се од никој друг, туку од бугарската амбасада. Ние како семејство не можевме ништо да направиме, но Сојузот на борците и државата требаа веднаш да реагираат. По измените на текстот не сме биле таму да положиме цвеќе. Болно е ова што се случува. Се заборави на четиригодишна борба. Се живо се негираше. Не оти брат ми загинал, загинаа многу души. Овие што досега беа на власт на сў згазија. Од нашето семејство двајца отидоа, ни тој беше вдомен, ни сестра ми мажена. Младоста им отиде, како што им отиде младоста на илјадници момчиња и девојки, реагира револтирано сестрата Павлина.
24-02-2010, 11:15 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#3

[Image: img045_03.jpg]
[Image: img045_07.jpg]
[Image: img046_03.jpg]
[Image: img047_03.jpg]
Кузман Јосифоски - Питу и Благоја Попоски во Белград , 1938 год.

Кузман Јосифоски - Питу е роден на 15 јули 1915 година во Прилеп.
Потеклото му е од селото Велмевци, Кичевско .
Во времето на Илинденското востание на македонскиот народ, многу градови и села биле запалени. Исто така и селото Велмевци било запалено и опустошено. Тогаш како дете таткото на Кузман, Цветан, е дојден во Прилеп


Основното училиште Кузман го завршува во Прилеп. Во 1926 година тој е ученик во I клас гимназија од кога датира и неговиот оргомен интерес за историјата. Особено се воодушевувал од борбата на македонскиот народ за национално ослободување и од борбените подвизи на хероите од илинденскиот период - Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Питу Гули и др. Повисоките класови од гимназијата Кузман ги завршува во битолската имназија која била една од најстрогите гимназии во целата земја. Во гимназијата тој бил примерен ученик, интелегентен и учтив.
Освен учењето читал и напредна лтература, за тоа време и политички се издигнувал. Во тек бил со револучионерното движење во Прилеп, читајќи комунистички брошури, летоци и сл.
Покрај тоа Кузман се истакнувал и со своето учество во повеќе слободни активности


По завршувањето на гимназијата Кузман се запишал на правниот факултет во Белград, каде активно се вклучил во студентско културно-просветно друштво „Вардар“ каде што се собирале и се организирале македонските студенти. Како студент пројавил голема политичка активност. Во Белград Кузман членувал во Акциониот Одбор на Белградскиот универзитет, а во 1938 год. бил примен во редовите на КПЈ.
При посетата во Софија 1939 год. тој го посетил гробот на Ѓорче Петров, а се сретнал со Никола Јонков Вапцаров, Димитар Митрев, Ѓорѓи Абаџиев, Коле Неделкоски.

Во 1938-1940 год. Кузман се наоѓа во Охрид и во рамките на неговата политичка дејност таму тој учествува во издавањето на 150-годишнината од Големата Француска револуција и 36-годишнината од илинденското востание . Ваквата негова ангажираност најдобро се илустрира со неговата мисла од тоа време : „Многу е среќна нашата генерација зашто нејзе и се падна да ја изведува револуцијата


Кузман ги прекинува студиите и станува професионален партиски работник. Станува член на Покраинскиот комитет на КПЈ за македонија.
Станува илегалец, но и еден од организаторите на антифашистичката и ослободителна борба на македонскиот народ. Бил постојано во движење. Ги обиколувал населените места во Тетовско, Гостиварско, Дебарско, Кичевско, Струшко, Преспа каде ја интензивирал активноста за организирање на првите партизански одреди во овој дел од Македонија. Патува пишува , учествува на состаноци. На Преспанскиот состанок на ЦК КПМ поднесува реферат посветен на 40-годишнината од Илинденското востание. На истиот состанок било решено Кузман да замине за Скопје со задача да ја координира целокупната активност на народноослободителното двиење и да изврши подготовки за конституирање на највискоката власт во македонија. На 25 февруари 1944 година е откриен од бугарската фашистичка полиција и убиен.
24-02-2010, 11:18 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#4

„Во Македонскиот национален фронт треба да стапат сите чесни Македонци,без разлика на досегашната определба,народност,вера и пол„ -Кузман јосифовски - Питу
24-02-2010, 11:22 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#5

[Image: dsci0760i.jpg]:yea:
04-03-2010, 12:58 AM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#6

Дали и овој е бугарин????????
15-04-2010, 03:43 PM
Reply
Пат Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,630
Joined: Apr 2010
Reputation: 39
#7

(24-02-2010, 11:22 AM)mungos Wrote: „Во Македонскиот национален фронт треба да стапат сите чесни Македонци,без разлика на досегашната определба,народност,вера и пол„ -Кузман јосифовски - Питу
15-04-2010, 05:34 PM
Reply
vancevtodor Offline
Member
***

Posts: 194
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#8

(10-02-2010, 01:50 PM)vancevtodor Wrote: Ликвидирањето на Кузман, вториот Делчев

Официјално, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година погоден од куршум на бугарски војник. Претходно била опколена куќата во сегашната скопска населба Трнодол, каде што се наоѓал тој. Кузман успеал да се извлече, да побегне, но стигнал само некој километар подолу до денешна „Алумина“, каде што бил застрелан

[Image: pitu.jpg]

Ако за убиството на Кочо Рацин и во времето на комунизмот можеше, овде-онде, да се чуе понекој збор, мистеријата околу смртта на Кузман Јосифовски-Питу е надвор од видокругот на Македонците дури и во времето на независна Македонија. Во свеста на народот тој е само еден од партизаните, кој бил убиен од бугарскиот окупатор и тука приближно завршува приказната. Своевремено, децата од основното училиште во близина на некогашната фабрика „Алумина“ беа носени на местото каде што тој загинал и каде што е поставен споменик (сиромаштијата во независна Македонија ја однесе бистата на топење, а остана само основата од споменикот со натписот) за да им биде одржан говор што никогаш не го слушаа, уште помалку го помнеа, но сега и тој обичај изумре.

Официјално, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година погоден од куршум на бугарски војник. Претходно била опколена куќата во сегашната скопска населба Трнодол каде што се наоѓал тој. Кузман успеал да се извлече, да побегне, но стигнал само некој километар подолу до денешна „Алумина“, каде што бил застрелан.

За разлика од денес, кога да се има куќа во Трнодол е привилегија, во 1944 година тоа било изолирано место, надвор од градот до кое се стигнувало минувајќи низ безброј ораници. Во близината, токму на неколку метри од местото каде што е убиен Кузман, минувала железничката пруга за Тетово, и така беше сé доцните седумдесетти години од минатиот век. Во тој дел поголеми биле шансите да налетате на некое диво животно, отколку на бугарска војска. Оттука, во официјалната приказна за неговото убиство очајно недостига податокот за тоа кој им соопштил на бугарските власти каде се наоѓа Кузман и како војниците успеале да се приближат одејќи по пустелијата низ која мора да се мине за да се стигне до Трнодол, без да бидат откриени.


ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА


Како и да било, внимателна анализа на податоците за смртта на Кузман, кој бил нарекуван и втор Гоце Делчев, покажува дека тој најверојатно бил предаден. Прашањето е од кого. Тоа што едноставно не може да се тргне од пред очите е барањето на Светозар Вукмановиќ-Темпо, Кузман Јосифовски-Питу да биде отстранет.

Причини за тоа имало многу, но главната била поврзана со неговиот став дека Македонија „не може да биде слободна, ако не биде обединета“ и отворено настојувал да се формираат македонски партизански единици во Егејска и Пиринска Македонија, и тие да се поврзат со единиците од Вардарска Македонија. Тоа значело нивна заедничка борба за ослободување на обединета Македонија. А токму во своето писмо до ЦК на КПМ од август 1943 година, Темпо вели: „Ние не удривме доволно енергично по тие автономистички тенденции, кои во голема мера ја зафатиле нашата партиска организација во Македонија и кои се изразуваат во инсистирање нашата партиска организација во Македонија да ја одделат од составот на КПЈ и да ја изолираат борбата на македонскиот народ од борбата која што ја водат другите народи на Југославија...“

Со оваа реченица, без поголем проблем можело да му биде „спакувано“ досие на кој било македонски комунист и партизан што би ги спомнал Егејска и Пиринска Македонија. А Кузман не само што ги спомнувал туку и барал обединување на борбата на Македонците од сите три дела на Македонија. „Каузата на македонскиот народ од пред 50 години е во опасност. Сврзувањето со Југославија, конкретно значи и откажување од соединувањето на Македонија“, тврдел Кузман.

Ако тоа било така, ако и Темпо во своето барање бил јасен, тогаш не останувало ништо друго освен Кузман да го убијат Бугарите. Кој ги одвел нив до Гоце Делчев од Втората светска војна, е прашање околу кое и не мора да има толку многу дилеми, сеедно што има и такви што сметаат дека дури и куршумот не бил бугарски.

При сето тоа, останува фактот дека повеќе од 45 години Македонците беа манипулирани со еден настан чиј медал очигледно има и друга страна. Интересно е само што и денес, шест и пол децении подоцна, во Македонија човек многу ризикува ако ја спомне Егејска Македонија. Додуша, животот веројатно ќе си го зачува, но столбот на срамот не му гине.


Автор: Дарко Јаневски
(This post was last modified: 20-04-2010, 12:22 AM by vancevtodor.)
20-04-2010, 12:20 AM
Reply
vancevtodor Offline
Member
***

Posts: 194
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#9

(10-02-2010, 02:10 PM)vancevtodor Wrote: Uste edne tekst povrzan so ubistvotona Kuzman Josifovski Pitu:

Quote:димитар гелев
Убиството на Димитар Филипов Рафаилов


На 23 и 24 февруари 1994 година, во Прилеп бил одржан некаков научен собир посветен на животот и на делото на Кузман Јосифовски-Питу. На собирот говореле педесетина учесници. Кажале се и сешто за животот и за делото на комунистичкиот лидер Кузман Јосифовски.

Во врска со неговото убиство, нивниот заклучок бил дека кај убиениот Кузман е пронајдена лажна лична карта на име Димитар Филипов-Рафаилов и дека за разлика од вистинскиот Кузман убиениот бил "со среден раст, полуќелав и изразито слаб човек". Секој нормален човек, кога ќе види мртов човек што воопшто не личи на Кузман Јосифовски-Питу и кога кај него ќе најде лична карта на друго име, логично ќе заклучи дека личната карта му припаѓа на починатиот. Но тоа не било случај со учесниците на овој еминентен собир, кои и покрај се заклучиле дека убиениот бил Кузман Јосифовски-Питу, иако тој не личел на него и имал лична карта на друго име и презиме. За расправата во врска податокот како било можно едно мртво тело во исто време да е на различни гробишта во Скопје (во Бутел и во Кисела Вода) човек останува без зборови. Смешно, но дури и во 1994 година, толкав број еминентни учесници не ја кажале вистината за она што навистина се случило. А тоа што било кажано е реален одраз на состојбата со македонската историографија.

Димитар Филипов-Рафаилов е родум од Дебар и во Втората светска војна со Иван Михајлов бил еден од водачите на ВМРО. Неговата познаничка била Анка Белгарјанова, сопруга на Бојан Белгарјанов, шеф на бугарските комунисти. Тие биле поврзани со Ѓорѓи Димитров (родум од селото Света Петка во Пиринска Македонија).

На нивно инсистирање, во почетокот на 1944 година Иван Михајлов се согласил да стапи во контакт со одредени кругови во Македонија, пред се, поврзани со Димитар Чкатров од Битола, за да се договорат за понатамошните активности во врска со Македонија. Михајлов изворно требал да стапи во контакт со Чкатров, а не со Кузман. Михајлов сакал да им укаже на "одредени кругови" во Македонија дека со своето однесување го загрозуваат нејзиното обединување, која и во тоа време, како и денес била поделена на четири дела и дека нивните активности му се многу добро познати. Тоа особено почнало да станува јасно по вестите за интензивните контакти на одредени кругови во Македонија со комесарот на српскиот косовски одред Милија Ковачевиќ-Максим.

Бидејќи господинот Чкатров му бил вујко на Кузман, најнапред биле искористени т.н. "партизански канали", односно најнапред стапиле во контакт со господинот Кузман Јосифовски-Питу. Средбата ја договорила познаничката на Димитар Филипов-Рафаилов, Анка Белгарјанова. Таа средба се одржала во т.н. "вила на Водно", односно во една куќа во месноста Козле во Скопје и токму таа средба била "провалена".

Куќата била опколена и полицијата пукала во "присутните". Кузман бил ранет и заробен, а Димитар Рафаилов, иако ранет, успеал да побегне преку прозорецот, но бил убиен во близина на денешниот објект "Мала станица", каде што полицијата претходно поставила заседа. Тогаш таму имало пруга. Кузман и Димитар Рафаилов биле префрлени во болница. Кузман се уште бил жив, но полицијата им наложила на лекарите да не вршат никаква хируршка интервенција и да го остават да умре. Подоцна двете тела биле изложени пред болницата "за препознавање". Дежурниот лекар се викал Панче Караѓозов.

Подоцна се уапсени поголем број лица. Бил убиен братот на Анка Белгарјанова (Крум Георгиев), а таа била уапсена. Таа се обидела да се самоубие, најнапред со сечење на вените, а подоцна скокнала од прозорец во затворот, но останала жива. Сите стории за тоа дека нив ги издал братот на Анка се целосно измислени. Акцијата за убиството на Кузман и на Димитар Рафаилов била изведена со целосна координација на српската и бугарската полиција (Евреите во меѓувреме нешто ги снемало, исто како што се проретчија денешниве муслимани од Босна).

По овие настани, македонските кругови се уплашиле и ја прекинале комуникацијата со Михајлов. Продолжиле така како што си почнале... "со големи идеи". Сите приказни за Чкатров, Ѓузелов итн., кои биле "фашисти и ванчомихајловисти" се целосно измислени. Ова бил единствениот контакт на Михајлов со нив. Тие воопшто не биле поврзани и самите долго одбивале секаков вид комуникација. Тоа важи и за случајот "Ченто". Ченто немал никаква врска со Михајлов. Тој се појавил кога веќе било "доцна". Особено по "божикниот масакр" на скопското Кале. Луѓето што реално биле поврзани со Михајлов биле некои сосема други луѓе...

П.С.

Како дошло до тоа оние што биле против Хитлер да бидат убиени, а Гаврило Дожиќ да биде "прв патријарх" во новата Југославија, треба да ни појаснат тие што денеска тврдат дека "Косово не е ниту дел од проблемот ниту дел од решението" за Македонија. И дека треба да продолжат "преговорите за името"...
IZVOR
(Авторот е професор)
20-04-2010, 12:21 AM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#10

За великанот нема место на плоштадот во Скопје

„Чудно е нашето македонско проклетство: не ги гледаме или, поточно, не сакаме да ги видиме нашите вистински херои од поблиското минатото, а се мачиме да ги бараме во далечните времиња. На некои не им пречат големиот број векови што не' делат од времето на Александар Велики за да не им е никогаш доста да слушаат и зборуваат за него, а 50-60 години им се премногу време за да чујат денес по нешто од вистината за Кузман и за други наши херои, кои ги вградија животите во нашата денешна слобода. Не е ни чудо кога несовесни политичари се убедуваат да ги ’учат‘ младите дека не се деца од словенски род, туку од античен, александровски род“.

Овие зборови на нашиот познат, сега покоен актер, Илија Милчин изречени пред петнаесетина година, актуелни и денес, ја одразуваат сета вистина за она што ни се случува при вреднувањето на нашето минато и на луѓето кои ги дале животите за денешна Македонија. Милчин не беше само исклучително добар актер, тој беше учесник и сведок на македонската борба. Лично го познавал Кузман Јосифовски – Питу и знаел што мисли и што прави за својот народ.

Нема никакви сомневања дека народниот херој Питу е еден од најзаслужните, ако не и најзаслужен за создавањето на македонската држава. И покрај тоа, во паничната потрага по некакви далечни антички корени и еуфорично поставување споменици од сегашната власт, тој е турнат на периферијата на историјата. За него засега нема место ниту на плоштадот во Скопје, ниту во родниот Прилеп каде што почесно место му е дадено на Александар Македонски.

[Со нападот на Участокот во Прилеп на 11 октомври 1941 година почна борбата на македонскиот народ за сопствена држава. Кузман Јосифовски - Питу беше главен организатор]

И историчарите кои го истражуваат периодот на НОБ и антифашистичката борба на македонскиот народ и се' уште малкуте живи соборци на Кузман се единствени во оцената дека на великанот на македонската ослободителна борба не му се дава она значење што тој го заслужува.

Д-р Новица Велјановски, кој важи за еден од најдобрите познавачи на нашето најблиско минато, вели дека Кузман без сомнение е човек број еден од македонското антифашистичко ослободително движење и токму нему прво требаше да му се изгради споменик во центарот на Скопје. „Факт е дека некои личности од Втората светска војна, учесници во ослободителното движење, не го добија вистинското место, поради тоа што загинаа во еден важен момент. И Страшо Пинџур и Мирче Ацев и Кузман не го дочекаа ослободувањето, а по создавањето на македонската држава беа истиснати, а нивното место го зазедоа други личности, кои не го заслужуваа тоа“, нагласува тој.

Македонскиот историчар додава дека денес навистина пред некое училиште или друго место има спомен-бисти на Кузман, но тие не го одразуваат она што тој го дал за Македонија. Македонскиот народ може да му се оддолжи и ако му изгради голем споменик. „Кога мене би ме прашале, токму сега би требало на Кузман да му се постави еден таков голем споменик на плоштадот во Скопје“, смета д-р Велјановски и посебно нагласува дека ќе дојде време кога на народниот херој ќе мора да му се одреди вистинското место во македонското минато, она што, всушност, го заслужува. „Како што ќе се оддалечуваме од тие настани, така некои личности од тоа време ќе добиваат во своето значење.“, смета тој.

„Ако македонската историографија го определува Гоце Делчев како идеолог на македонската револуционерна организација во предилинденскиот период, тогаш Кузман Јосифовски - Питу несомнено е идеологот и двигателот на македонската националноослободителна борба“, оценува д-р Ѓорѓи Чакарјаневски. И тој смета дека заслугите на Питу за македонската држава се многу поголеми отколку што сега официјално се кажува, зашто тој бил главен иницијатор и до неговата ликвидација организатор на Првото заседание на АСНОМ и автор на првите државотворни документи.

„Кога се зборува за периодот од Втората светска војна, за напорите што ги правеше Македонецот за конечно да формира сопствена држава и неговиот придонес во сеопштата борба против фашизмот, Кузман Јосифовски - Питу беше една од најзначајните личности која остави траен белег во нашето поблиско историско минато. Тој беше една од централните фигури од поновата македонска историја, силен македонски патриот, личност која како столб се вгради себе си, првенствено во втемелувањето и градењето на македонската држава“, подвлекува Чакарјаневски.

„Кузман Јосифовски - Питу беше најспособниот човек во војната, вистински државник, ја обмислуваше иднината на Македонија. Исклучително интелигентен и предан на македонството и на идејата за светска револуција“, истакнува првиот македонски претседател Киро Глигоров, кој имал чести контакти со Кузман. Кога еднаш Кузман дошол во Скопје за да ја координира работата на партијата и движењето на отпорот, Глигоров бил замолен од Градскиот комитет на партијата да побара некое место илегално да престојува. „Ми објаснуваа дека неговиот престој мора да се држи во голема конспирација зашто кај него ќе доаѓаат курири од сите краишта и луѓе кои ќе сакаат да одат во партизани. Посебно ми нагласија дека тој е многу важен човек, не знаејќи дека јас со него се знаев уште од Белград кога заедно студиравме на Правниот факултет. Тогаш го сместив кај мајката на мојата сопруга“, нагласува експретседателот Глигоров.

Првоборецот Перо Иваноски - Тиквар, кој беше организационен секретар на македонските комунисти во времето кога на нивно чело беше Методија Шаторов – Шарло, има извонредни спомени за Кузман. „Бевме комшии со дуќаните, така што многу добро го познавав него и неговото семејство. Уште како гимназијалец доаѓаше во меаната на татко ми. Сите комшии го почитуваа. Беше интелектуалец, но и човек од народот. Често го гледав како разговара со обичните луѓе. Од него зрачеше блискост и човекољубие. Кај него имаше големо другарство. Работејќи со него во Месниот комитет на Прилеп, никогаш не почувствував дека се крева на големо, дека се прави важен за нешто, како што можеше да се забележи кај некои други. Секогаш со нас разговараше на рамна нога. Сите револуционери од тоа време заедно не напишаа толку многу писма, за тоа како да се води борбата и како да се создаде македонската држава, колку што напиша Кузман. Многу од тие писма денес се наоѓаат во негова куќа во Прилеп, која е спомен- музеј. Имаше голем политички осет. Никогаш не се пофали јас направив ова, јас направив она“, раскажува денес најстариот македонски комунист.

Томе Буклевски - Маќули се запознал со Питу во средината на 1941 година кога доаѓал да ги организира кичевските комунисти. „Кога првпат дојде во Кичево, бевме група од 6-7 души. На сите ни ги знаеше имињата, иако првпат се видовме. Се обидуваше да ни објасни што ни претстои. Војната беше во тек, а требаше да се вршат подготовки. Во тоа време со нас контактираа и други комунистички раководители, но никој не беше како Кузман. Меѓу него и нив постоеше многу голема разлика. Се разликуваше од нив по начинот на кој разговараше со нас, по пристапот и огромното знаење што го поседуваше. Беше тих, смирен, но моќен во убедувањето. Не ни даваше директиви“.

Кога Буклевски подоцна размислувал во што била разликата меѓу Кузман и другите активисти, која била неговата магична моќ со која ги привлекувал, сфатил дека тој, всушност, знаел да ги едуцира. Не им говорел големи пароли, туку умешно ги убедувал дека треба да се крене револуција и како за тоа да се подготви народот. „Беше голем визионер. За да можеш да ангажираш луѓе за она што сакаш да го постигнеш, да ги натераш да размислуваат како тебе, треба да си голем човек. Не само да имаш големи познавања, туку и да бидеш надарен. Кузман беше исклучително надарен политичар, имаше харизма. Немаше човек што беше вклучен во движењето а да не беше подготвен за Кузман да појде во оган“, заклучува Томе Буклевски - Маќули.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
20-07-2010, 04:06 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#11

Огромен е придонесот на Питу во подготовките на АСНОМ и во создавањето на македонската држава, вели д-р Ѓорѓи Чакарјаневски

Кој е Кузман Јосифовски – Питу, револуционерот кој многумина со право го сметаат за прв човек на македонската националноослободителна и антифашистичка борба. Со што ги задолжил македонскиот народ и македонската држава? Зошто народниот херој, кој направил многу за Македонија, денес е заборавен?

Роден е во Прилеп во 1915 година. Се школувал во родниот град и во Битола, а на студии заминал во 1935 година во Белград. Времето минато во тогаш главниот град на Кралска Југославија, како студент на Правниот факултет, го сметаат за клучен период во дефинирањето на неговата револуционерна дејност. Бил во најтесното раководство на белградското студентско движење и еден од организаторите на многу демонстрации.

Во Прилеп се вратил во 1939 година. Станал секретар на МК на КП на Прилеп и член на Покраинскиот комитет на КПМ. Во првите години од војната дејствувал во западниот дел на Македонија и го организирал ослободителното движење. Патувал легално и пред властите се претставувал како трговец, учител, службеник, музикант, а комунистите го знаеле под разни имиња. Едни го викале Питу, други Стариот, трети Таткото... Загина на 25 февруари 1944 година во Скопје, откако беше предаден.

За неговиот живот и дело постојат некои се' уште неразјаснети прашања. Некои историчари тврдат дека бил во судир со Методија Шаторов – Шарло, други дека Светозар Вукмановиќ - Темпо во него немал целосна доверба поради нагласените промакедонски ставови. Најзагадочно од се' е неговото убиство. Дали за неговата ликвидацијата треба да и' се верува целосно на верзијата на тогашните бугарски полициски власти или, пак, зад предавството стоел уште некој друг?

Д-р Новица Велјановски, чија специјалност е НОБ, вели дека Кузман Јосифовски - Питу е најсветлата, најчистата и најдостоинствената личност од македонското антифашистичко ослободително движење. Според него, народниот херој имал огромна улога во организирањето на отпорот и во создавањето на македонската држава.

„Тој беше свесен дека на ниту еден народ слободата не може да му се подари, ако тој сам не ја извојува, па таквите негови ставови во голема мера влијаеја да се концептира Прогласот што ПК на КПЈ за Македонија го испрати до македонскиот народ. Препознатливи се неговите зборови ’патот на националната слобода и рамноправност на македонскиот народ е само патот на заедничката борба со народите на Југославија, со бугарскиот народ, со другите балкански народи за истерување на окупаторот...’, затоа што на Кузман покренувањето на антифашистичкото движење во тоа време се' уште му беше основна преокупација, без која не гледаше перспектива ниту за еден народ. И не само на Балканот. За малиот македонски народ тоа беше уште поважно, зашто без таа антифашистичка борба и неговото учество во неа, тој не можеше да се надева дека ќе може и национално да се осамостои во сопствена држава“, истакнува Велјановски.

Македонскиот историчар, кој со нескриен респект говори за народниот херој, објаснува дека Кузман се покажал како редок познавач на тогашните македонски и југословенски услови, а тоа му овозможило при градењето на неговите погледи за создавање на македонската држава и за иднината на Македонија да изнесе зрели и издржани ставови. „Тој покажа дека умее да процени дека македонскиот народ треба подеднакво да се дистанцира од оние што во минатото го попречувале неговото национално осамостојување. Тоа е недвосмислено искажано во неговите определби тој еднакво да се бори и против големобугарските и против големосрпските претензии“, посочува тој.

Д-р Велјановски нагласува дека и издавањето на Манифестот на Главниот штаб на НОБ и ПОМ во 1943 година во голема мера бил инициран од самиот Питу. Тој се потврдил како зрел државник и за време на подготовките на Првото заседание на АСНОМ. Вистинска револуционерна и државничка висина во своите погледи, во однос на прашањето на создавањето на македонската држава, Питу искажал во едно писмо до Месниот комитет на КП Прилеп кон крајот на октомври 1943 година. „Во него тој ја слика структурата на државните органи , вклучувајќи го тука идното конституирање на македонското собрание како највисок законодавен орган на државата, со негов извршен орган, што значи дека предвидуваше постоење на влада. За антифашистичкото собрание, Кузман сметаше дека треба да го прогласи создавањето на македонска држава и да биде политичко претставнички орган, кој ќе избере свој извршен орган“, нагласува тој.

Според него, по воведувањето на повеќепартискиот систем некои струи неоправдано се нафрлиле против учесниците во НОВ, затоа што антифашистичката и ослободителната борба ја водела Комунистичката партија на Југославија и на Македонија. А бидејќи комунизмот не успеал се минимизира и улогата на луѓето, кои ја создадоа македонската држава.

„За мене како историчар не е така. На тие настани треба да им се определи вистинското место, но секогаш некои работи не успеваме да ги докажеме и да ги објасниме. И ние историчарите сме виновни за тоа“, признава Велјановски.

„Кузман Јосифовски – Питу беше една од ретките и исклучителни личности во историјата на напредното работничко и комунистичко движење појавено во годините пред Втората светска војна и особено во воениот период. Како припадник на македонското националноослободително движење, со силно изразен интернационален карактер и дух, тој беше дел и од меѓународното комунистичко движење“, оценува д-р Ѓорѓи Чакарјаневски.

Тој вели дека Питу како личност себеси се дефинирал од најмладите години. Желбата да го искаже сопственото и дотогаш со сила задушувано македонско национално чувство и желбата за формирање сопствена македонска држава, го натерала да ја прифати комунистичката идеологија и да се приклучи во редовите на Комунистичката партија на Југославија, затоа што во нејзината идеологија видел можност слободно да го искаже сопственото мислење и да го потенцира националниот македонски идентитет. „Тој направи јасна процена дека единствено Комунистичката партија на Југославија (во илегала), растоварена од негативни национализми, го признава македонскиот национален идентитет наспроти тогашните владејачки кругови и партии, кои до крајност и со длабока закоравеност го негираа постоењето на македонскиот народ како посебен ентитет, нешто што и до денес, во 21 век, го прават некои соседни земји“, додава д-р Чакарјаневски.

Македонскиот историчар нагласува дека Кузман како многу сериозен и длабоко сталожен политичар, секогаш ги анализирал состојбите и успевал да ги согледа во вистинската светлина тогашните политички услови и да оди чекор понапред пред другите.

„Тој остави неизбришливи траги во процесот на македонското експонирање и не само на македонската историска сцена. Беше еден од креаторите и двигатели на македонската национална мисла и држава. Беше организатор на бројни илегални групи на КП на Македонија, на првите привремени органи на народната власт во илегала, на системот на организирање на првите вооружени воени структури, а имаше визија и за воспоставување, организација и раководење со повисоките илегални органи на првата македонска власт“, оценува Чакарјаневски, кој, исто така, смета дека Кузман е првиот човек на македонското национално ослободително и антифашистичко движење.

Според него, голем е придонесот на Питу во подготовките за свикување конститутивно собрание на кое беше прогласена македонската држава. „Негова беше идејата за формирање Иницијативен одбор, кој ќе ја преземе на себе одговорноста и ќе го трасира патот за организација и за одржување на Првото заседание на АСНОМ, односно конституирањето на македонската држава. Со еден збор, тој го даде правецот на македонското државно-правно конституирање за кое жестоко се бореше. Од август 1943 година Кузман својата активност ја продолжи во Скопје каде што извршуваше значајни задачи. Тој го организира и го раководеше АНОК, кој одигра значајна улога во насока на конституирањето на првиот македонски парламент. Тој постојано беше на терен како илегалец, групирајќи ги силите кон организирање на Првото заседание на АСНОМ. Но, нема да ја има таа среќа да учествува во неговата работа и да биде присутен на поставувањето на темелите на современата македонска држава, зашто за околу шест месеци пред тоа е предаден и ликвидиран од бугарската окупаторска власт“, заклучува д-р Чакарјаневски.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
20-07-2010, 04:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Една долго сокривана тајна: СУДИРОТ ОКОЛУ МАНИФЕСТОТ. Национал Демократското крило на чело со Ченто биле ПРОТИВ МАНИФЕСТОТ.

Наводно го рехабилитираа Ченто.!!!!!! Ако е рехабилитиран значи тој бил во право кога укажувал за лошата политика која ја воделе комунистичката револуционерно-пројугословенска струја која ја предводел Темпо. Пак србокомунистите сакаат да не преведат жедни преку река, а Афифиоче.

[Image: 8y52xv.jpg]

[Image: 21b0txf.jpg]
(This post was last modified: 21-07-2010, 12:14 AM by ЈорданПетровски.)
21-07-2010, 12:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

[Image: 2hnnin4.jpg]


[Image: 2cwoppi.jpg]
21-07-2010, 12:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

[Image: ipnkm9.jpg]


[Image: 35bzeyx.jpg]
21-07-2010, 12:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

[Image: adgnzc.jpg]
21-07-2010, 12:30 AM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#16

Во Белград, во дуќанот на Коста Циривири се собирале Питу, Мирче Ацев, Борка Талески, Тарцан, а често навраќал и Коста Рацин

Студентските денови во Белград за Кузман Јосифовски – Питу биле неговото револуционерно крштевање. Тој станува еден од главните организатори на протестите што ги организирале белградските студенти против власта на Кралска Југославија.

Илија Циривири, брат на народниот херој Вера Циривири - Трена, иако тогаш бил многу млад, добро се сеќава на тие настани. Неговиот татко Коста во предвоените години работел како шивач во Белград, а неговиот дуќан станал центар и главно собиралиште за македонските студенти. Тука навраќале македонските народни херои и тука ги стекнувале првите искуства како да ја водат антифашистичката ослободителна борба во Македонија. Покрај Кузман, во шивачкиот дуќан на Коста доаѓале и Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Борка Талески, Трајко Бошковски – Тарцан и други. Со татка си работела и Вера Циривири - Трена. Тука навраќал и големиот македонски поет Коста Рацин.

„Нашиот дуќан беше на ’Босанска улица‘ број 41, спроти Железничка станица. Беше голем, поделен на два дела. Во едниот дел беа поставени штици, а на нив послана слама. Кога ќе дојдеа некои студенти од Македонија тука спиеја. Во него се состануваше комитетот на Македонците, што го раководеше Кузман“, се сеќава Илија.

Семејството Циривири живеело во најмен стан, а нивни потстанари биле Кузман и Тарцан. „Често разговараа за политика, ама мене како дете многу не ме интересираше тоа. Мене ме интересираа само тепачките на Тарцан со полицијата за време на студентските демонстрации во Белград. Пред секои протести ќе ме испратеа крај Сава да им соберам камења. Ќе ја наполнев торбата што за таа прилика ми ја соши татко ми и ќе ја донесев во дуќанот. Ќе земеа по некој камен во џебовите и ќе заминеа. На протестите Македонците секогаш говореа на македонски јазик. Најголем оратор беше Борка Талески. Заедно со Коле Чашуле студираа медицина, но никогаш не дипломираа. Кога мајка ми ќе го прашаше Борка до каде е со медицината, ќе и' речеше ’тетко Васке од медицината ми остана само мантилот‘“, раскажува братот на народниот херој Вера Циривири – Трена.



Илија Циривири детаљно се сеќава на големите студентски демонстрации на белградска Славија, во декември 1939 година, кога Тарцан го спасил Кузман од полицијата. За време на митингот, кога Кузман се качил на говорницата, пристигнала полицијата, го уапсила и го сместила во комбе. Штом тоа го видел Тарцан ја грабнал пушката од еден полицаец, ги натерал џандарите да легнат на земја и заедно со Кузман се изгубиле меѓу толпата студенти.

По големите протести Македонците, околу триесетина, се собрале во дуќанот на Коста, многумина крвавеле по тепачките со полицијата. Демонстрациите ги организирал Кузман со помош на Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Тарцан и други Македонци. Тие имале голем одек меѓу студентското и работничкото движење. Циривири вели дека во едни други демонстрации на Топчидер загинал македонскиот студент Петрушев од Гевгелија. Полицијата го застрелала додека држел говор. „Кузман не смееше слободно да се движи по белградските улици. За да не биде сомнителен ќе ме земеше мене за рака и ме носеше на училиште. Кога ќе ми завршеа часовите ме чекаше и ме враќаше дома“, раскажува Циривири.

Томе Буклевски - Маќули со Питу се запознал во средината на 1941 година кога доаѓал во Кичево за да ги организира тамошните комунисти. „На еден состанок ни рече дека треба да почнеме да работиме и со Албанците. За нас тоа беше големо изненадување, зашто тогаш Албанците се наоѓаа во голема еуфорија. Италијанците им создадоа голема Албанија, тие станаа газди во државата, се вееше нивното знаме, во училиштата се учеше на албански јазик, беа службеници на новата власт. Кузман ни објаснуваше дека е голема потребата и Албанците да се вклучат во движењето и затоа треба да ги придобиваме и нив. Ни предложи да формираме посебна комисија. Така, ние успеавме да придобиеме некои повидни албански фамилии и тие цело време беа со нас“, вели првоборецот Маќули.

Тој раскажува дека Кузман во тоа време одржувал контакти со некои видни Албанци, меѓу другите и со адвокатот Есад Доку од Струга, познат интелектуалец. Со Кузман се познавале од Белград, каде што заедно студирале. „Врз него, исто така, имаше извршено големо влијание, како и на нас. Можеби од него не создаде комунист, но направи човек кој беше подготвен за Кузман да стори се'. Кога одеше во Струга кај него престојуваше, кај него вадеше документи за Албанија. Во Кичево прв братучед на Есад Доку беше Мустафа Доку, кој во тоа време работеше како секретар на општината. Ако Кузман почувствуваше некаква опасност од власта престојуваше кај него дома, зашто нашите куќи не беа сигурни. И ние преку него обезбедувавме разни документи. Кузман и врз него имаше извршено големо влијание. Мустафа Доку по војната доби споменица, а Есад Доку стана член на Главниот одбор на Социјалистичкиот сојуз. Се пресели во Турција и за секоја годишнина од загинувањето на Кузман испраќаше телеграма“, се сеќава на тие денови Маќули.

Кога Маќули бил уапсен и одведен во затвор во Албанија се сретнал со некои борци од Гостивар, Маврово, од Тетово... Често тема на разговор бил Кузман за кого сите имале исклучително високо мислење. Кичевци го викале Стариот, Мавровци Таткото, тетовци Долгиот. Кузман убедил многумина познати македонски личности да се вклучат во движењето. На негова покана во партизани дошол и Ченто. Тој ги убедил и Киро Глигоров и Мане Чучков да се вклучат во движењето. На негова иницијатива Венко Марковски од Бугарија дошол во Македонија и се вклучил во отпорот.

„Кузман беше посветен на работата. Сите документи што се напишани од него ги имам прочитано и проанализирано. Внимателно ги разгледував летоците што ги пишуваше тој и што ги пишуваа другите. Има голема разлика меѓу оние на Кузман и на другите. Тие што не се напишани од него се полни со пароли на денот за да се мотивираат младите да заминат во партизани. Во тие на Кузман имаше многу повеќе од тоа. Тој ја подготвуваше македонската држава и имаше визија за неа. Беше преокупиран како ќе биде уредена и не' подготвуваше и нас да знаеме да работиме нешто за таа држава. Не бараше од нас само ентузијазам, туку и знаење и разум. Јас ги познавав добро речиси сите членови на Главниот штаб, бидејќи бев блиску до нив. Кузман отскокнуваше од сите. Тој се' уште не е заборавен од борците и од обичните луѓе во западна Македонија. Тоа што сегашната политика го заборава е друга работа“, вели Маќули, еден од малкуте живи македонски првоборци.

Според него, ако за македонскиот народ и нација големи личности на своето време се браќата Кирил и Методиј, Климент Охридски и Гоце Делчев, Кузман им е рамен на сите ним и е најголема личност на своето време. „Сите тие си имаат свое место во македонското минато, а Кузман, првиот човек на НОБ, не го има добиено вистинското значење. Она што се случува денеска кај нас го нема никаде. Ние се откажавме од еден период најважен од нашата историја. За време на подготовките на револуцијата и за време на самиот тек на НОБ, националното прашање беше чисто како солза, како никогаш дотогаш. Тоа го содржеше континуитетот на Илинден, беше формирана македонска војска, се создаде македонска држава. Сите песни во НОБ беа напишани во тој дух. Во сите нив се пееше за Илинден, за Гоце, Даме, Јане, Питу... Сега сами да си го негираме најкристално чистиот период на нашето минато, кога, всушност, ја зацврстивме нацијата и прв пат создадовме држава. Не е точно дека не' негираат само Грците, Бугарите, Србите... Самите ние се откажуваме од нешто што е свето. Јас сум сигурен во едно, по 40-50 години, кога ќе дојдат други луѓе кои ќе имаат поголема почит кон сопствената историја, НОБ и Кузман ќе го добијат вистинското значење, од причина што тие ќе им бидат потребни. Сегашната власт смета дека тие сега не им се потребни. НОБ не само што се минимизира, туку таа наша антифашистичка борба се брише. Тоа што не дојде ниту еден претставник од сегашната власт на годинашното одбележување на Февруарскиот поход и на годишнината од загинувањето на Кузман најдобро говори за целосното негирање на нашата борба. Сакаат да ни кажат дека ништо не сме направиле и дека од нив се' почнува“, заклучува револтирано Томе Буклевски - Маќули.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
21-07-2010, 05:49 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#17

Црни тие документи се објавени и во томовите за македонската историја а и во многу други места.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
21-07-2010, 05:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

(21-07-2010, 05:50 PM)афион Wrote: Црни тие документи се објавени и во томовите за македонската историја а и во многу други места.

Афифионче јас не спорам дека тие документи се објавени во томовите за македонската историја. Таа историја ја пишувале разни Блажевци по овој терк:
Quote: "„ Се трудев сето тоа да го предавам приемливо и за чувствителните великосрпски патриоти , какви сеуште постојат, но ми се чини фактите ги изнесував со такт, внимателно, иаку сум свесен дека многупати некои работи дури прикривав за да не предизвикаат рекција кај нашиот денешен човек што би била непожелна пред се за нас„.

Значи не учеле на немакедонска историја и продолжуваат тоа да го прават.
Спорно е онаа што се коси со логиката а тоа е РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА ЧЕНТО.
Ченто, Афифионче е осуден за "сепаратизам", ако го рехабилитирале вистински тоа значи дека тој тогаш бил во право.
Ама глеј сега повторно фељтони , приказни и величање на оние кои тогаш биле вистински виновници и работеле за големосрпските интереси.



(21-07-2010, 12:11 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Една долго сокривана тајна: СУДИРОТ ОКОЛУ МАНИФЕСТОТ. Национал Демократското крило на чело со Ченто биле ПРОТИВ МАНИФЕСТОТ.

Наводно го рехабилитираа Ченто.!!!!!! Ако е рехабилитиран значи тој бил во право кога укажувал за лошата политика која ја воделе комунистичката револуционерно-пројугословенска струја која ја предводел Темпо. Пак србокомунистите сакаат да не преведат жедни преку река, а Афифиоче.
21-07-2010, 06:23 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#19

Во есента, 1943 година бил формиран Антифашистичкиот народноослободителен комитет???Овие се членовите кој биле против некој делови од Манифестот.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
22-07-2010, 09:34 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#20

Мајката Лефтерија имала три ќерки и двајца синови и сите активно се вклучиле во НОБ. Покрај Питу, загинала и најстарата ќерка Мара

Виктор Цветаноски

Павлина, последната жива сестра на Кузман Јосифоски – Питу, длабоко во душата ги чува спомените на својот брат. Иако од неговото убиство поминаа повеќе од шест децении, отворената рана по неговото убиство се' уште крвави. Јосифовци се познато прилепско револуционерно семејство, чии корени потекнуваат од демирхисарското село Велмевци. Мајката Лефтерија родила три ќерки и двајца синови и сите активно се вклучиле во револуционерното движење.

Од нив, за време на НОБ, на олтарот на татковината животите ги положија големиот Питу и најстарата ќерка Мара. Синот Аспарух ја преживеа војната и почина подоцна. Тој учествуваше во познатиот напад на Участакот на бугарската полиција во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Средната ќерка Стефанка за време на војната била во Кралево и таму се вклучила во движењето и е носителка на Партизанска споменица. Павлина се' уште била мала за да земе пушка в рака, но затоа, пак, често се дружела со нив.

„Јас не бев воопшто организирана за разлика од браќа ми и од сестра ми Мара, раскажува Павлина, која денес живее во Скопје. За разлика од сите нас, Кузман беше подруг. Дома не се прибираше. Пред војната тој и сестра ми Мара беа прогонувани од тогашните југословенски власти. Кузман секогаш беше на некакви состаноци. По доаѓањето на Бугарите, беа прогонувани и од нив. Дома имаше постојано претреси од бугарската полиција, речиси секоја втора-трета вечер. Ако не' посетеше некој непознат, полицијата доаѓаше и веднаш го бараше брат ми Кузман, ако дојдеше некоја жена ќе ја бараа сестра ми Мара“, се присетува Павлина.

[Павлина, сестра на Кузман Јосифоски – Питу]

За убиството на Питу мајката Лефтерија и сестрата Павлина дознале речиси една година по трагедијата. Дека е убиен, најмалата сестра слушнала на првиот митинг по ослободувањето на Прилеп.

„Дента го калапевме тутунот, а јас со една другарка заминав на митингот. Пред да биде одржан говорот, на загинатите им беше оддадена почит. Прв беше спомнат брат ми. Како гром да ме погоди, се струполив на земја и се онесвестив“, раскажува најмалата сестра на херојот. Ме подигнале од земја и додека ме враќаа дома, ме советуваа: ’Воздржи се Павлина, мајка ти не знае.’ А кога стасавме, таа насмеана ме праша: ’Како беше мајче?’ ’Имаше многу народ’, и' велам и целата се тресам. Додека разговараме, пристигна брат ми Аспарух и ме праша: ’Кај си била?‘’ ’На митинг‘, му велам. Не знам како му се испушти, па ме праша: ’А разбра ли за Кузмана?‘ Му одговорив потврдно. Одеднаш го слушнавме писокот на мајка ми. Така таа дозна дека загинал нејзиниот син Кузман“, се сеќава Павлина на тие трагични денови кога во име на револуцијата и антифашистичката борба се криела од мајките дури и смртта на нивните чеда.

Аспарух знаел за убиството отпорано, ама не кажувал. И на другарите им порачал да молчат за да не дознае мајката на Кузман. А таа, кутрата, дента пред митингот отишла да се распраша кај Крсте Црвенковски, кој бил многу близок со Кузман. „Пред да тргне, и' рекла на баба ми: ’Ќе одам да го прашам Чало за Кузмана‘. А Црвенковски и' рекол: ’Тетко Лефтерија, Кузман е во Скопје, ќе си дојди‘. Откако се вратила, подробно и' кажувала на баба ми што и' рекол Крсте. За сестра ми разбравме по неколку дена откако загина. Тогаш Бугарите дошле дома и и' соопштија на мајка ми: ’Твојата кучка ја отепавме‘“, вели сестрата на големиот Питу.

Мајката Лефтерија полесно го преболела загинувањето на ќерката Мара. Било лапавичево утро. Дошла една од комшивките и однадвор почнала да вика: „Лефтерија, Лефтерија... децата ни ги истепаа, а ти чорапи плетеш“. „’Кои деца?“’, прашала. § кажала за смртта на Мара: „’Нека ми се живи другите, таа курбан нека оди“‘, рекла и заплакала. „Неа ја даде за слобода, но никогаш не го преболе Кузмана. Нејзината постојана желба беше што побргу да си умре. Велеше: ’Младите ми отидоа, зошто јас да живеам‘. Но господ и' даде живот, доживеа 82 години“, раскажува Павлина.

Захарија, бабата по мајка на Кузман, немала машко дете и живеела со нив. Еден ден од Прилеп дошле за да го посетат неговиот гроб. Гледаат на него стои друго име. Ги убедувале дека тој е тука погребан и дека тоа име е запишано од фалсификуваната лична карта што ја имал со себе кога го убиле. „Баба ми не издржа, другиот ден се шлогира. Живееше еден месец. Пред да умре, остави аманет да ја закопаме со Кузмана. Аманетот и' го исполнивме, ја донесовме во Скопје и со него ја погребавме. Подоцна, кога се префрлаа коските на брат ми во Алејата на великаните во Бутел, во гробот на Кузман се погребани и нејзините. Стои само името на Кузман, нејзиното го нема. Од сите внуци таа најмногу го сакаше него“, додава сестрата на големиот македонски револуционер.

Павлина е сериозно загрижена за иднината на македонската држава.

„Не знам што ќе биде со нашава државичка за која животот го дадоа брат ми Кузман, сестра ми Мара и многу други борци. Не сум оптимист за нејзината иднина. Сме опстанале многу векови, не дрпале Бугари, не дрпале Срби, не дрпале Грци, сме биле потиснувани од сите страни, но, сепак, опстојувавме, преживеавме некако. А сега нештата не одат како што треба. Наши луѓе сме, а очите си ги вадиме. Не правам разлика кој од која партија е, дали е од СДСМ или, пак, од ВМРО-ДПМНЕ. Дојдоа многу лоши времиња, половина народ е на улица. Луѓе со факултети со години немаат работа. Додека едни осиромашуваат, други преку ноќ се богатат. Се чудам какви куќи се изградени, со чии пари, а некои немаат за леб“, говори револтирано осумдесетгодишната Павлина.

Вели дека најмногу од се' ја боли тоа што младите ја напуштаат Македонија и земајќи бугарски пасоши, газат врз сопственото национално достоинство. „Сами си ги бркаме децата. Ги доведовме во ситуација да се пишуваат Бугари за да можат да излезат надвор. Јас не ги обвинувам нив, зашто дома немаат перспектива, немаат услови за живот, мора да бараат некакво чаре. И внук ми Дени со снаата замина во Канада. Срцето ќе му препукнеше на маж ми Доне кога дозна. Не можеше да сфати дека внукот на Кузман се сели од Македонија за која загина. Мораа да си заминат, овде не гледаа никаква перспектива, иако тој имаше Правен, а снаата Фармацевтски факултет. Внукот беше вработен во Владата со договор на дело. Не беше осигурен, а плата само десетина илјади денари. Пари ли се тоа за млад човек што сака да формира семејство. Го нервираше што шеф му беше човек што пред да го стават за раководител, лепел плочки. Не можеа да се снајдат тука, но затоа, пак, Канада им ги отвори вратите. Снаата веднаш нашла работа во аптека, а Дени нешто подоцна, во банка. Си купија куќа. Добија и канадско државјанство. Не верувам дека ќе се вратат“, со горчина во гласот раскажува Павлина.

Семејството на сестрата на Питу, кое живее во Скопје, одвај врзува крај со крај. Двете ќерки работат во администрација и имаат ниски плати. Ако не е нејзината пензија, којзнае дали помалата ќерка ќе го истера месецот. Внуката заврши Природно-математички факултет и повеќе од шест години е без работа. „Низ градов не можеш да поминеш од автомобили, а ние немаме никаков превоз за да ме однесат на лекар. Едната ќерка го вози ’ренолчето‘ што го купи маж ми Доне пред четириесетина години. Растурено е, кога работи, кога не“.

Павлина не може да разбере зошто власта ги заборава тие што ја создадоа државата, зошто го минимизира придонесот на борците и на нејзиниот брат Кузман. „Се' живо се негира. Не оти брат ми загинал, загинаа многу души. Овие што сега се на власт, на се' згазија. Државата троши големи пари за разни луксузи, гради палати, споменик на Александар Велики и на не знам кој, а тие што ја создаваа и загинаа за Македонија ги заборави. Покојниот Илија Џувалековски, кој се познавал со Кузман, кога ќе ме сретнеше, ќе ми речеше: ’Со загинувањето на Питу загубивме многу голем човек. Прв е Гоце, а по него е Кузман’“, се сеќава Павлина на средбите со познатиот македонски актер.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
22-07-2010, 09:35 PM
Reply