Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 15 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Методија Андонов - Ченто
Author Message
mungos
Unregistered

 
#1

Методија Андонов - Ченто (познат и како Методи) (18 август 1902 – 24 јули 1957) бил македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто се именува и како прв Претседател на Македонија.


Ченто беше голем човек и голем визионер. Го почитуваа сите во затворот, за секого имаше убав збор и добар совет. За Македонија тој беше втор човек по Тито, но во затворот беше достоинствен, работеше како сите други, јадеше што јадеа другите и стамено одбиваше милостиња, дури и од еден Лазар Колишевски, кој беше претседател на Народна Република Македонија.

Вака, накусо, звучи сведоштвото на Мехмет Али Реџеп Осман, роден во 1936 г. во скопско Карадак Маало, кој неколку затворски месеци му бил малтерџиски чирак на Методија Андонов Ченто во затворот во Идризово. По 56 години од нивната последна средба, Мехмет Али реши јавно да му се заблагодари на човекот кој во затворот му бил како татко, кој го заштитувал и го подучувал каков човек да биде во животот. По земјотресот во 1963 г., откако од куќата не останало ништо, заедно со сопругата и децата решиле да почнат нов живот во Истанбул, Турција, но со секое доаѓање кај роднините во Скопје кај него се раѓал истиот немир - спомените за Ченто, за кои стотици пати им раскажувал на синовите и ќерките и на роднините во Скопје.

“Тоа ми остана во сеќавање до денес. Поминаа речиси 60 години и тоа ми е уште во мислите. Таа благодарност ми остана во срцето, ете, толку години, и затоа сакам јавно да им се заблагодарам на неговите роднини, за сè што направи за мене додека бевме заедно. Човек заслужува да му правиш атер и што те пречекал со чај, со кафе, а не пак за пријателство кога си бил на мака”, ни рече Мехмет Али додека пиевме чај во домот на неговите роднини под скопската Саат кула.

ЧИЧКО ЧЕНТО

Сакајќи да ви го пренесеме неговото сведоштво колку што е можно поавтентично, го пуштивме диктафонот да снима и колку што е можно се воздржувавме од потпрашања. Почнуваме од почетокот.
“Јас сум Мехмет Али Реџеп Осман, роден и порастен во Скопје, во улица 172, број 31, Карадак Маало. Во 1953 г. се случи една кавга, настана голем неред, голема тепачка, се истепавме, направивме беља, нè осудија. Јас добив две години затвор. Единаесет месеци лежев во Централни завод, тогаш беше затвор, под градот, мислам дека беше истражен затвор. Таму одлежав 11 месеци. Од таму ме однесоа во Идризово. Тука се запознавме со чичко Ченто. Јас имав 17 години, тој имаше повеќе од 50. Лежевме во Првото одделение, тој во 13-тата одаја, јас во 17-тата. Во тоа време, во секоја одаја беа по 17-18 души - како сите, така и тој, без разлика што бил порано, пред да го осудат”, ни раскажа.
Првата средба се случила на градилиштето во кругот на затворот, каде што бил распореден да пренесува малтер додека се градела новата зграда, веднаш до Слободното одделение.

“Кога дојдов во Идризово, веднаш нè распоредија секого на некаква работа - тогаш немаше седење по затворите. Сите работеа - кој на занает, кој на некоја друга работа - секој нешто мораше да работи. Мене ме дадоа на едно градилиште, една зграда што се градеше кај слободњаците, се викаше Јасковац. Таму работеше чичко Ченто, работеше како градежен работник, а мене ме распоредија да му помагам, заедно да носиме тарга - дрвено корито за носење малтер. Однапред, за рачките, го носеше тој, одзади, за другите рачки, го носев јас. Тогаш немаше машини за мешање бетон - сè се работеше рачно. Се мешаше на рака. Едни мешаа, а јас и чичко Ченто го носевме малтерот со коритото таму каде што работеа ѕидарите. Ќе испразниме, пак ќе се вратиме, пак ќе наполниме, пак ќе се натовариме - и сè така. Оттогаш, чичко Ченто ме имаше како син. Ме сакаше, ме бранеше и ми помагаше. Заедно поминавме три-четири месеци”, се сеќава.
Да бидеш дури и во затвор со човек како Ченто, за Мехмет Али било голема привилегија и чест. И денес со голема живост раскажува за добрите совети и поддршката што ги добил од Ченто.
“За мене тој беше 'чичко Ченто', а тој најчесто ме викаше 'синко'. Ми беше близок како татко, како брат на татко ми и ме сакаше како да сум негов син.
Беше добар со секого и за многу работи знаеше да нè посоветува, да ни даде памет, нам, помладите. Често знаев да избрзам, да направам нешто непромислено, но тој секогаш беше тука да ме посоветува кога ќе направев некаква грешка, и мене и другите: 'Не требаше да направиш така', 'Со сила ништо не бидува', 'Бидете паметни, учете'... Го сакав, а и тој мене ме сакаше. Често знаеше да ми рече: 'Ти си професор! Ти овде заврши голема школа. Ова е за тебе висока школа. Затворот има 550 луѓе - ти научи со секого да се однесуваш како што треба. Ова ти е школа, и дај Боже да ти е последен пат да бидеш тука'. Вечно ќе му бидам благодарен”, ни раскажа Мехмет Али.

ОСТАВИ ГО ДЕТЕТО! МЕНЕ УДРИ МЕ!

Големината на Ченто, како што ни рече затворскиот пријател, затворениците можеле да ја видат во разни ситуации од затворското секојдневие.
“Се случи еден ден, додека работевме. Малтерџиите ја наполнија таргата, а чичко Ченто беше малку оддалечен од мене. Беше постар, па воспитанието и почитта не ми дозволуваа јас него да го повикам да ја крене. Почнав самиот да го влечам коритото, да го доведам до кај него, па оттаму заедно да продолжиме да го носиме. Додека го правев тоа, ме здогледа еден од стражарите што нè чуваа наоколу, застанати со шмајзери - Дане, Русе и Бошко. Едниот од нив свирна со свирчето и свика по мене, да појдам кај него. Беше лут зашто виде дека го влечам коритото, дека не сум го викнал Чентота да крене.
Чичко Ченто беше осетлив човек. Кога ме виде дека тргнав, ме грабна за раката, ме повлече зад себе и ми рече да запрам. Знаеше дека чуварот ме повикува за да ме удри. Се спротивстави и му рече: 'Остави го него. Ако треба некого да удриш, прво мене ќе ме удриш. Немаш право да го удриш зашто не ме викнал мене да кренам'.

Тоа ми остана во сеќавање до денес. Поминаа речиси 55 години и тоа ми е уште во мислите. Човекот стана да ме одбрани, без разлика што сум јас Турчин, муслиман, а тој беше православен”, се сеќава.

ОДБИ ПОМИЛУВАЊЕ ОД КОЛИШЕВСКИ

Листајќи ги спомените од тие времиња, Мехмет Али не може да се сети дека некогаш го чул Ченто да зборува за тоа како бил осуден или да ја коментира пресудата со луѓето во затворот. Барем не со нив, помладите. Единственото што го знаел за случајот на Ченто било дека лежел затвор за политика и оти го осудиле на 10-11 години, зашто се залагал Македонија да биде самостојна.

“Се сеќавам еден ден дојде Лазар Колишевски, во Идризово, во 1953 г., заедно со Глигор Зафировски, управник на затворот. Дојде кај Ченто и му зборуваше нешто за помилување. Овие зборови ќе ги паметам додека сум жив. На зборовите за помилување, Ченто свика: 'Кога не бев за осудување, ме осудивте на 10 години. Што барате сега? Милост не сакам! Сте ме осудиле 10 години - 10 години ќе одлежам! Не ми треба помилување! Ќе одлежам до ден колку што ме осудивте!' Така му рече на еден Лазар Колишевски, претседател на Народна Република Македонија, стамено и гласно, како маж! Тоа секој не може да го каже. Тоа беше голема храброст. Во тоа време немаше правда. За ништо ќе ти го удреа пендрекот. Колишевски молчеше. Ја спушти главата и молчеше. Кога си заминаа, очите ми се наполнаа со солзи, но, од друга страна, ми дојде некаква храброст. Само му реков: 'А бре, чичко Ченто, да се сите како тебе, оваа земја поинаква ќе биде'. Видов дека и нему му се насолзеа очите. Ме прегрна, ме погали и ништо не рече. Заедно поминавме три-четири месеци. Последен пат се видовме по случката со коритото”, сведочи Мехмет Али Осман.

По случката со коритото, него го одвеле на принудна работа на Водно, во 1953-1954 г.
“Водно во тоа време беше голо. Врбите, дрвјата што ги гледате сега, што ви прават сенка, ги садевме ние. Кршевме камења, носевме вреќи земја на грб и го пошумувавме Водно”, ни раскажа.

ЧЕНТО БЕШЕ ГОЛЕМ ЧОВЕК

Желбата јавно да му се заблагодари на семејството на Ченто не се намалила иако поминале педесетина години. Ченто, како што вели, бил голем човек, голем лидер и за него секогаш ќе зборува со жар.
“Живеам во Турција и секогаш кога доаѓам во Македонија им раскажувам на роднините каков човек беше Ченто. Ми беше голема желба да најдам некој негов роднина, да му кажам еден тешуќур, една благодарност што ме бранеше како свој син и да им кажам едно признание зашто уште пред 50 години знаел што ќе биде, дека Македонија ќе стане самостојна. Види колку паметен човек бил тој! Уште пред колку години ја видел денешницата. Уште пред колку години мислел дека Македонија треба да биде и ќе биде самостојна. Видел што ќе биде уште пред педесет години.

Тој беше човек што не сакаше милост. Што јадеа сите во затворот, тоа јадеше итој. Да беше поинаков, имаше можности. Но, тој беше човек со достоинство. Да е друг, можеби ќе прифати. Ченто не сакаше милостиња.

Беше вреден, но и беше и голем мајстор, ја знаеше работата. Уште ми иде пред очи - со теслата на појасот. Во Македонија тој беше прв по Тито, ама не се штедеше кога работеше. Ем ја знаеше работата, ем работеше!

За мене, за луѓето околу мене и за луѓето од малцинствата, Ченто беше човек за десетка. Беше осетлив човек. Не сакаше да биде груб со никого. Него го сакаше секој. Секој го почитуваше. Ченто беше голем човек. Тоа им го зборувам и на роднините овде, и на луѓето во Турција. Сум лежел затвор со голем човек. Ченто беше голем како Ататурк”, ни рече затворскиот пријател на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.

БЛАГОДАРНОСТ ДО АНДОНОВИ

Со голема тага ја примил веста за смртта на Ченто, која му ја пренесле пријатели што му дошле на гости во Турција.
“Се разбира, се нажалив. Многу го сакав и многу сум му многу благодарен за човештината. Како што го сакам Ататурк, така го сакам и него. Секогаш ќе го сакам и ќе му бидам благодарен, без разлика кој е на власт, дали неговите или тие што го осудија. Чув дека Ченто имал ќерка, се обидов да ја најдам, ама не бидна к'смет, па решив на овој начин да се заблагодарам. Сакам да им кажам, нејзе и на неговото семејство: 'Блазе вас што имавте таков татко. Тој за нас беше како светец. Примете го моето сочувство. Благодарам за сè!'. Еве, кешке на овој начин, преку весникот ќе дознаат”, ни рече.
Откако ја отслужил својата казна затвор, во 1954 г. Мехмет се оженил, отслужил војска и решил да му се посвети на семејниот живот во Скопје. Но, плановите му ги расипал земјотресот во 1963 г. Се отселил во Турција, работел, печалел - но повторно сака да се врати во Македонија.

“Земјотресот ни ја урна куќата, останавме во шатори во Гази Баба, немаше чаре, заминавме во Турција. Денес имам 73 години и сакам повторно да се вратам во родната земја. Јас сум задоволен од Турција, таму имам сè - и куќа, и дуќани - сè ми дал Господ, ама родното место ми е мило. Го затвориле билбиљот во кафез - го барал трнот. Кога го пуштиле во трнот - пак почнал да пее. Ете, им оставив на децата аманет, ако умрам - во Македонија да ме закопаат. Ова ми е мене родно место. Повеќе роднини имам овде, овде имам пријатели, чувствувам топлина кога сум овде. Мислам дека треба да ми дадат државјанство. Децата ми се тука родени. Ме прашуваат зошто не сум ги донел тука. Зошто сум ги однел во Турција? Зар не сме имале овде од што да живееме. Сакаат да знаат каде се родени. Родното место влече”, ни рече Мехмет Али, испраќајќи нè со благослови
24-02-2010, 02:49 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#2

Биографија

Роден е на 18 август 1902 година во Прилеп во близина на денешниот фудбалски стадион како прво здраво дете по неколкуте починати деца на неговите родители Андон, кој бил по потекло од прилепското село Леништа, и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село Плетвар. Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња. Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во 1926 година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Тоа предизвикува бурни реакции во конзервативната прилепска средина и по враќањето на младите во Прилеп, на 5 мај тие се казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење. Со Василка, Ченто има четири деца, кои и денес се живи. Најстариот син, Илија Андонов - Ченто, во 1990-те има напишано биографија за својот татко.
Политичка активност пред Втората светска војна

Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествува на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.

Ченто бил од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1940), за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во 1940 година се залага за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во Баина Башта, при што е осуден на смрт. Дури и е одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на 15 април 1941 година.

Пред Втората светска војна повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот 1935 - 1940 е претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во Скопје, каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку се остави Македонија на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја. Неколкуте вакви негови изјави, биле рапортирани во Белград и биле оценети како сепаратистички и автономистички. Тој бил многу почитувана личност во прилепската чаршија.
Антифашизам

Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добива покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. Неговата продавница за алкохол во Прилеп станува свртилиште на комунистите од градот, поради што бугарските власти во 1942 година го интернираат прво во селото Мелница, близу бугарско-турската граница, а потоа во логорот „Чучулигово“, Петричко (Пиринска Македонија).

По неговото ослободување од интернација, Главниот штаб на НОВ и ПОМ на 21 август 1943 година му испраќа писмо во кое го повикува да се приклучи на НОБ. Во септември на два пати се среќава со својот сограѓанин Кузман Јосифоски - Питу, кој успева да го убеди да се приклучи на НОБ.
Основање на нова македонска држава
Ченто држи говор на главниот плоштад во ослободено Скопје, 1944 год.

На слободната територија во Дебарца, Охридско, Ченто преминува во октомври 1943 година. Именуван е за член на Главниот штаб, а по основањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ станува негов претседател. Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на 24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.

По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).

За време на извршување на својата фукнција, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и сакан од народот и се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите. Според неговите лични сведоштва, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и од самиот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито[се бара извор], кој успеал да го убеди да се кандидира за пратеник на изборите во 1946 година и покрај опструкциите кои му се правеле на Ченто од страна на КПМ (Лазар Колишевски).
Судирот со новата комунистичка власт

Првите несогласици на Ченто со комунистите, особено со Светозар Вукмановиќ – Темпо, почнуваат многу брзо по неговото преминување на слободна територија. Меѓу другото, Ченто упатува забелешки на содржината на Манифестот на Главниот штаб.

По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а пред суд е изведен на 19 ноември. Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември првиот македонски претседател Ченто е осуден на 11 години затвор. Затворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.

Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од Тито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија.
По смртта


Долги години по смртта, Методија Андонов - Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов - Ченто, беше обновен судскиот процес за Методија Андонов - Ченто и на 22 октомври по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година.

Денес во Македонија постојат негови споменици во центарот на неговиот роден град Прилеп и во скопската населба Методија Андонов - Ченто именувана по него во 1991 година.
24-02-2010, 02:50 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#3

[Image: Cento-govor.jpg]
[Image: %7B289A399C-EE15-42C7-861E-81281A8CBAFB%7D_cento-2.jpg]
[Image: Makedonski_partizani.JPG]
24-02-2010, 02:52 AM
Reply
vancevtodor Offline
Member
***

Posts: 194
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#4

Mnogu ubavo shto otvori tema za Chento. Ovie raboti sakav da i gi postiram na Malina:

Quote:Polarizacijata na silite vo narodnoosloboditelnoto dvizenje vo Vardarskiot del od Makedonija otvoreno se manifestira esenta 1943godina. Togash se nametnuva prashanjeto za krajna cel na nacionalosloboditelnata vojna: SOZDAVANJE NA SEPARATNA ILI EDINSTVENA MAKEDONSKA nacionalna drzava. A vo vrska so toa i prashanjeto na edinstvo na nacionalosloboditelnata borba vo trite dela na Makedonija.
Po tie klucni prashanja na site nivoa silite se polarizirale na dve politicki strui: KOMUNISTICKA, revolucionerna –PROJUGOSLOVENSKA, rakovodena od TEMPO i NACIONALNO DEMOKRATSKATA, predvodena od CENTO.

PROJUGOSLOVENSKATA (vo koja vleguvale: Mihajlo Apostolski, komandant na Glavniot shtab na NOV i POM, Cvetko Uzunov-politicki komesar, Strahil Gigov, Nikola Mincev, Elisie Popovski i dr.) dejstvuvala za dosledno sproveduvanje na politikata na KP na JUGOSLAVIJA-SEPARATNO prodolzuvanje na nacionalno-osloboditelnata vojna vo Vardarskiot del na Makedonija i soglasno so AVNOJ-skite reshenija sozdavanje makedonska drzava-FEDERALNA edinica vo JUGOSLOVENSKATA FEDERACIJA.

NACIONALNODEMOKRATSKATA struja se zalagala za vospostavuvanje edinstvo na nacionalnoosloboditelnata borba na celata teritorija na Makedonija, vo site nejzini delovi pod edinstvena komanda, na Glavniot shtab na makedonskata vojska do definitivno osloboduvanje i obedinuvanje na MAKEDONIJA vo EDINSTVENA MAKEDONSKA NACIONALNA DRZAVA.

Po prashanje na crkvata –PROJUGOSLOVENSKATA prifacala jurizdikcija na SRPSKATA patrijsarshija nad MAKEDONSKATA crkva.

PROMAKEDONSKATA se zalagala za proglasuvanje na avtokefalnost na MAKEDONSKATA prvoslavna crkva ,kako cin na obnovuvanje na protivkanonski ukinatata AFTOKEFALNA MAKEDONSKA OHRIDSKA ARHIEPISKOPIJA.

Na prvata sednica odrzana od 2-5 septemvri 1944g MAKEDONISTITE uspevaat da izdejstvuvaat da se donesat slednite reshenija:

1. Da se bara priznavanje na nacionalnite prava na Makedoncite vo Bulgarija i obedinuvanje na Pirinskiot del od Makedonija so makedonskata drzava.

2. Da se zabrani vracanjeto vo Makedonija na izbeganite srpski kolonisti.

3. Da se bara voena oshteta od site drzavi za shtetite shto makedonskiot narod gitrpeshe za vreme na okupacijata 41-44g.

4. Da se pristapi kon podgotvuvanje na dokumentacija so podatoci za nanesenite shteti od balkanskite drzavi za seto vreme za nivnoto kolonijalno vladeenje vo Makedonija 1912-1941g.

Tie po tie reshenija rabotat mnogu brgu ,za toa svedoci telegramata od G Dimitrov od 28.10.44g do Tito,vo telegramata G.Dimitrov bara da se prekinat prevzemenite cekori od strana na rakovodstvoto na Federalna Makedonija za prakticno realiziranje na obedinuvanjeto. Toj vel i”NAJUBAVO VE MOLAM DA IM OBJASNITE NA MAKEDONSKITE DRUGARI DEKA SEGA NE TREBA DA GO POSTAVUVAAT PRAKTICNOTO PRISOEDINUVANJE NA BULGARSKA MAKEDONIJA. PRISOEDINUVANJETO TREBA DA PROIZLEZE VRZ OSNOVA NA PREDHODEN RAZGOVOR MEDJU JUGOSLAVIJA I BULGARIJA, koga ke bidat odredeni novite granici pomedju niv.”
24-02-2010, 04:09 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#5

[Image: 6334_1200931859136_1103747184_30610200_3290429_n.jpg]
[Image: 6334_1200931899137_1103747184_30610201_1758575_n.jpg]
[Image: 6334_1200931939138_1103747184_30610202_2261031_n.jpg]
[Image: 6334_1200931979139_1103747184_30610203_7359874_n.jpg]
[Image: 6334_1200932019140_1103747184_30610204_3967941_n.jpg]
[Image: 6334_1200932059141_1103747184_30610205_7786349_n.jpg]
[Image: 6334_1200932099142_1103747184_30610206_2728912_n.jpg]
[Image: 6334_1200932139143_1103747184_30610207_763916_n.jpg]
[Image: 6334_1200932179144_1103747184_30610208_81212_n.jpg]
[Image: 6334_1200932219145_1103747184_30610209_2546178_n.jpg]
[Image: 6334_1200932259146_1103747184_30610210_4148130_n.jpg]
[Image: 6334_1200932299147_1103747184_30610211_5611652_n.jpg]
07-03-2010, 11:28 PM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#6

Методи Андонов по прякор Ченто (на македонски книжовен език: Методиjа Андонов-Ченто) е македонски политик и държавник, антифашистки борец, първи председател на Президиума на АСНОМ.
Биография

Методи Андонов-Ченто е роден през 1902 година в Прилеп. Занимава се с търговия. На изборите през 1938 година Ченто е избран за народен представител в югославската Скупщина от листата на хърватския опозиционен лидер Владко Мачек. Поради манипулация на изборните резултати от страна на държавните власти той не е допуснат в Скупщината.

Ченто има антисръбски убеждения и е един от организаторите на Илинденските демонстрации в Прилеп (1939), за които е осъден и лежи в затвора в Кикинда. През 1940 година на събрание в Прилепската гимназия открито се обявява срещу забраната на директора учениците да разговарят вкъщи и на публични места на българския си диалект. Веднага след това е арестуван и през януари 1941 година е интерниран в Баина Баща. По-късно е обвинен в държавна измяна и е осъден на смърт от Прекия военен съд, но след намесата на видни граждани на Баина Баща Методи Андонов е спасен в последния момент от екзекуция. След освобождението на Вардарска Македония и присъединяването ѝ към България Ченто е арестуван от полицията поради комунистическата си идеология. Пуснат е след няколко дни. Към края на 1942 година Методи Андонов е интерниран в трудовия лагер в Чучулигово.

През есента на 1943 година Ченто минава в италианската окупационна част на Вардарска Македония, в района на Дебърца, където става член на Главният щаб на партизаните и подписва манифест, в който се обещава братство и единство с българския народ!. Като най-авторитетната личност през декември 1943 Методи Андонов-Ченто е избран да оглави Инициативния комитет за свикване на АСНОМ. На 2 август 1944 година в Пчинския манастир се състоява Първото заседание на АСНОМ, на което Ченто е председател. По негова инициатива на събранието са поканени и дейци на Българските акционни комитети. Отзовават се Йордан Чкатров - деец на ВМРО и близък съратник на Иван Михайлов, който отказва да се присъедини към партизаните и Трайче Чундев - член на ВМРО от времето на Тодор Александров, който впоследствие заема отговорни постове в НР Македония, но е осъден на смърт през 1949 заради отстояването на българщината. Вечерта преди събранието Ченто свиква съвещание на група единомишленици с цел подготовка на документацията. На него се обсъжда премахването на пасажа и в обща борба с югославските народи. След скандал между Ченто и Светозар Вукманович-Темпо относно включването на сърбомани в Президиума на АСНОМ, Методи Андонов прави забележка на Темпо да не се меси в работата на Комитета, тъй като не е негов член. Изгонването на Вукманович от заседанието има негативни последици за Ченто, който и след това остава на мнение за недопускането на просръбски настроени комунисти на високи постове в Комитета. Макар да следва директивите на АВНОЮ от Яйце за образуването на Федерална югославска единица Македония Ченто и неговото обкръжение имат за цел да използват предимствата на бъдещето федерално устройство на Югославия и да отдалечат Вардарска Македония от повторна сръбска доминация. След изтеглянето на българските войски и администрация от Повардарието в ръководството на МКП се завръща Лазар Колишевски, който е основен политически противник на Ченто и главно оръдие на ЮКП в ръководството на Федерална Македония. Така формалният министър-председател и държавен глава Методи Андонов-Ченто губи значителна част от властта.

След жестоки критики от страна на Главния комитет на Народния фронт на Македония Ченто подава оставка и през март 1946 се връща в Прилеп. На 14 юли същата година е заловен в близост на Градския парк в Прилеп, а три седмици по-късно е обявено, че: е заловен при опит за преминаването на югославско-гръцката граница. През ноември 1946 е осъден от съдебен състав заради декларирането му като етнически българин и откритата от полицията стара българска лична карта. В съдебния състав влизат Лазар Мойсов и Коле Чашуле. Ченто е осъден на 11 години затвор в режим на принудителен труд. Прекарва в лагера на Голи оток повече от 9 години, от които 59 месеца в пълна изолация. В резултат на тежките условия в затвора и липсата на медицински грижи умира на 24 юли 1957 година. През 1990 година, малко преди независимостта на Република Македония, след молба от сина му Илия Андонов-Ченто е възобновен процеса срещу баща му, на който Методи Андонов-Ченто е реабилитиран.
07-03-2010, 11:37 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#7

Дали Ченто е бугарин?????????????????????
07-03-2010, 11:40 PM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#8

(07-03-2010, 11:40 PM)mungos Wrote: Дали Ченто е бугарин?????????????????????

Незнам како се е чуствал ...само знам дека ДЕКА ВО НЕГО Е ИМАЛО БУГАРСКА ЛИЧНА КАРТА КОГА ГО УСАЛИ!И Е СЪДЕН КАКО БЪЛГАРИН -ФАКТ
07-03-2010, 11:51 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#9

Каков пасош најдоа кај Павел Шатев во солунските случувања???

Ако не знаеш француски и сега Шатев е французин.


Треба во детски форум да се зачлениш а не да дебатираш за историја.

Патем ги го прикажвам целиот процес на неговото судење прочитај и ќе видиш за што го гонат.Нешто ќе да беше за бегање преку Грција во Америка.
07-03-2010, 11:54 PM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#10

(07-03-2010, 11:54 PM)mungos Wrote: Каков пасош најдоа кај Павел Шатев во солунските случувања???

Ако не знаеш француски и сега Шатев е французин.


Треба во детски форум да се зачлениш а не да дебатираш за историја.

Патем ги го прикажвам целиот процес на неговото судење прочитај и ќе видиш за што го гонат.Нешто ќе да беше за бегање преку Грција во Америка.

Ченто е сакал да бега во Гърция а от там во Бугария.Границата со Бугария е била най-пазената после 1945г. ...


Арно го е кажал Венко Марковски ама нема кой да чуе :

От един народ създадохме ний два народа. От език един направихме езика два.
В името на истината бранехме заблуди. Стар ярем разбивахме. Ковехме нов хомот.
На България без жал делехме небосвода. Хвърляхме позор на майка с майчински слова...
(„Предания заветни“, песен втора)
08-03-2010, 12:06 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#11

Бугарче мало оди нешто научи историја не се срами со непознавање на општи работи.
08-03-2010, 06:13 PM
Reply
zvonkostankovski Offline
Member
***

Posts: 89
Joined: Feb 2010
Reputation: 0
#12

АВТОБИОГРАФСКИ ЗАПИС



АВТОБИОГРАФСКИ ЗАПИС

“.... На седницата на Националниот комитет, која се одржа на дваесет и четврти јуни, на која присуствуваа, покрај Тито, уште Ранковиќ, Ѓилас, Кардељ и други, беа поставени две точки: известие на Иницијативниот одбор и македонското прашање. За да се увери Тито во она што му го кажав, се договоривме, по првата точка да зборува Мане Чучков. Тој ги пренесе поздравите на македонскиот народ до АВНОЈ, до националниот комитет, а посебно до Тито за разбирањето за правата на нашиот народ, со уверение дека македонскиот народ, во заедничката борба, ќе ги оствари своите идеали и национални права, односно ќе се обедини. Кажа дека со одлуките на АВНОЈ, Тито ужива голем авторитет меѓу борците и кај народот, кои веруваат дека е вистински борец за слобода. Накусо зборуваше за нашите идеали и за развојот на народно-ослободителната борба, која треба да се круниса со одржувањето на Првото заседание на АСНОМ. На крајот рече дека за успешно одржување на заседанието, а со тоа и за поголемо разгорување на борбата со окупаторот, треба да се разјаснат некои прашања, кои се разгледувани од Иницијативниот Одбор и од Главнит Штаб. За да не ги пренесува, предложи да ги прочитаме записниците од нивните заседанија.

Пред да ги прочитаме записниците, Тито се заблагодари за поздравите и накусо изложи како тој и Националниот комитет, гледаат на борбата на македонскккиот народ. Кажа дека нивните гледања се содржани во одлуките на второто заседание на АВНОЈ, и дака нема сила што ќе го спречи нивното остварување, а во таа смисла, дека македонскиот народ треба да ја засили борбата против окупаторите, која во почетокот не била разгранета, како во другите делови на Југославија, но дека се гледа оти ќе се разгори после одржувањето на заседанието на АСНОМ, па побара да се одржи што е можно поскоро.

Потоа ги прочитав записниците и го повторив она што му го реков на Тити во врска со грчките комунисти, а Киро Петрушев даде некои појаснувања во врска со решенијата од заседанијата на Иницијативниот Одбор и на Главниотт Штаб. Поставив прашање како да се поврземе со Македонците во Грција и во Бугарија и предложив Националниот комитет да издаде еден меморандум за Македонија, од кој ќе се види дека и македонскиот народ се бори против заедничкиот фашистички непријател и за остварување на националното право на обединување.

Но, овие работи беа премолчени во дискусијата.

На крајот, Тито предложи да се донесат заклучоци во врска со македонското прашање, кои беа во смисла на нашиот предходен разговор: - дека истириските идеали на македонскиот народ за обединување се наше национално право и дека ќе остане наше барање; - дека, со оглед на положбата во соседните земји и договорите меѓу сојузниците, е прерано тоа да се поставува, затоа што би ја ослабело борбата против заедничките окупатори; - дека за остварување на тоа право најдобро е да се соработува со сите народноослободителни движења; - и дека треба што поскоро да се одржи заседанието на АСНОМ и да се формира Народно-ослободителен фронт. Исто така, се предложи, по заседанието на АСНОМ да појдам во Националниот комитет, за да ги застапувам интересите на нашиот народ.

Кога заврши состанокот, на кој, во споредба со другите, ние бевме облечени во истуткани алишта, кои по прегазувањето на Морава, дуру ни се смалија, Тито рече:

- Организирајте, на нашиве другари од Македонија, да им се сошијат одела по мерка. Нема смисла да одат во вакви истуткани одела.

Додека бевме таму, ни сошија униформи од еден убав сивкаст штоф, но не ги облековме ни таму, ниту кога се вративме, бидејќи ни беше незгодно пред другите, ние да изгледаме како грофови.

По два дена одржавме состанок со Кардељ, на кој ни советуваше како да го организираме одржувањето на заседанието на АСНОМ: како да биде украсена простиријата, каде што ќе се одржи заседанието; што да се избере на заседанието - президиум и влада, при што може да изберме и лица, кои не се на слободната територија, па дури и да се в затвор (што мене ми личеше на одговор во врска со расправијата со Темпо, кога дискутиравме за делегацијата во АВНОЈ); да испратиме поздравни телеграми до Сталин, до Рузвелт, Черчил, Тито и до Рибар и исто така да ги избереме во почесно председателство на заседанието; каква декларација и прокламација да донесеме, со која ќе се обратиме до македонскиот народ; декларација со која ќе ги одобриме одлуките на АВНОЈ; одлука со која АСНОМ како и АВНОЈ, ќе се прогласи за врховно законодавно и извршно тело за Македонија; одлука за избор на комисија за испитување на воените злосторства; и друго”.

“... На триесетти јуни повторно се сретнав со Тито. Се интересираше дали сме задоволни од разговорите. Јас му кажав дака разговорите се едно, а друго е што навистина ќе се направи и дака за задоволство ќе зборуваме подоцна кога ќе се остварат ветувањата. Тој пак ми повтори дека при првата можност ќе проговори и ќе се заложи за обединувањето на Македонија и на македонскиот народ:

- Ќе видите оти нема да Ве изневерам. Ова не се празни ветувања. Еве Ви една моја фотографија за спомен, како залог за она што Ви го ветив. Ако Ве изневерам, ќе можете да покажувате кој Ве изневерил.

Ја зедов фотографијата, на која беше со маршалска униформа и на која имаше напишано: “За спомен на соборецот, другарот Методија Ченто. Тито. 30.lV. 1944."[img] http://photos-h.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-...1698_a.jpg[/img]
28-03-2010, 03:59 AM
Reply
zvonkostankovski Offline
Member
***

Posts: 89
Joined: Feb 2010
Reputation: 0
#13

(28-03-2010, 03:59 AM)zvonkostankovski Wrote: АВТОБИОГРАФСКИ ЗАПИС



АВТОБИОГРАФСКИ ЗАПИС

“.... На седницата на Националниот комитет, која се одржа на дваесет и четврти јуни, на која присуствуваа, покрај Тито, уште Ранковиќ, Ѓилас, Кардељ и други, беа поставени две точки: известие на Иницијативниот одбор и македонското прашање. За да се увери Тито во она што му го кажав, се договоривме, по првата точка да зборува Мане Чучков. Тој ги пренесе поздравите на македонскиот народ до АВНОЈ, до националниот комитет, а посебно до Тито за разбирањето за правата на нашиот народ, со уверение дека македонскиот народ, во заедничката борба, ќе ги оствари своите идеали и национални права, односно ќе се обедини. Кажа дека со одлуките на АВНОЈ, Тито ужива голем авторитет меѓу борците и кај народот, кои веруваат дека е вистински борец за слобода. Накусо зборуваше за нашите идеали и за развојот на народно-ослободителната борба, која треба да се круниса со одржувањето на Првото заседание на АСНОМ. На крајот рече дека за успешно одржување на заседанието, а со тоа и за поголемо разгорување на борбата со окупаторот, треба да се разјаснат некои прашања, кои се разгледувани од Иницијативниот Одбор и од Главнит Штаб. За да не ги пренесува, предложи да ги прочитаме записниците од нивните заседанија.

Пред да ги прочитаме записниците, Тито се заблагодари за поздравите и накусо изложи како тој и Националниот комитет, гледаат на борбата на македонскккиот народ. Кажа дека нивните гледања се содржани во одлуките на второто заседание на АВНОЈ, и дака нема сила што ќе го спречи нивното остварување, а во таа смисла, дека македонскиот народ треба да ја засили борбата против окупаторите, која во почетокот не била разгранета, како во другите делови на Југославија, но дека се гледа оти ќе се разгори после одржувањето на заседанието на АСНОМ, па побара да се одржи што е можно поскоро.

Потоа ги прочитав записниците и го повторив она што му го реков на Тити во врска со грчките комунисти, а Киро Петрушев даде некои појаснувања во врска со решенијата од заседанијата на Иницијативниот Одбор и на Главниотт Штаб. Поставив прашање како да се поврземе со Македонците во Грција и во Бугарија и предложив Националниот комитет да издаде еден меморандум за Македонија, од кој ќе се види дека и македонскиот народ се бори против заедничкиот фашистички непријател и за остварување на националното право на обединување.

Но, овие работи беа премолчени во дискусијата.

На крајот, Тито предложи да се донесат заклучоци во врска со македонското прашање, кои беа во смисла на нашиот предходен разговор: - дека истириските идеали на македонскиот народ за обединување се наше национално право и дека ќе остане наше барање; - дека, со оглед на положбата во соседните земји и договорите меѓу сојузниците, е прерано тоа да се поставува, затоа што би ја ослабело борбата против заедничките окупатори; - дека за остварување на тоа право најдобро е да се соработува со сите народноослободителни движења; - и дека треба што поскоро да се одржи заседанието на АСНОМ и да се формира Народно-ослободителен фронт. Исто така, се предложи, по заседанието на АСНОМ да појдам во Националниот комитет, за да ги застапувам интересите на нашиот народ.

Кога заврши состанокот, на кој, во споредба со другите, ние бевме облечени во истуткани алишта, кои по прегазувањето на Морава, дуру ни се смалија, Тито рече:

- Организирајте, на нашиве другари од Македонија, да им се сошијат одела по мерка. Нема смисла да одат во вакви истуткани одела.

Додека бевме таму, ни сошија униформи од еден убав сивкаст штоф, но не ги облековме ни таму, ниту кога се вративме, бидејќи ни беше незгодно пред другите, ние да изгледаме како грофови.

По два дена одржавме состанок со Кардељ, на кој ни советуваше како да го организираме одржувањето на заседанието на АСНОМ: како да биде украсена простиријата, каде што ќе се одржи заседанието; што да се избере на заседанието - президиум и влада, при што може да изберме и лица, кои не се на слободната територија, па дури и да се в затвор (што мене ми личеше на одговор во врска со расправијата со Темпо, кога дискутиравме за делегацијата во АВНОЈ); да испратиме поздравни телеграми до Сталин, до Рузвелт, Черчил, Тито и до Рибар и исто така да ги избереме во почесно председателство на заседанието; каква декларација и прокламација да донесеме, со која ќе се обратиме до македонскиот народ; декларација со која ќе ги одобриме одлуките на АВНОЈ; одлука со која АСНОМ како и АВНОЈ, ќе се прогласи за врховно законодавно и извршно тело за Македонија; одлука за избор на комисија за испитување на воените злосторства; и друго”.

“... На триесетти јуни повторно се сретнав со Тито. Се интересираше дали сме задоволни од разговорите. Јас му кажав дака разговорите се едно, а друго е што навистина ќе се направи и дака за задоволство ќе зборуваме подоцна кога ќе се остварат ветувањата. Тој пак ми повтори дека при првата можност ќе проговори и ќе се заложи за обединувањето на Македонија и на македонскиот народ:

- Ќе видите оти нема да Ве изневерам. Ова не се празни ветувања. Еве Ви една моја фотографија за спомен, како залог за она што Ви го ветив. Ако Ве изневерам, ќе можете да покажувате кој Ве изневерил.

Ја зедов фотографијата, на која беше со маршалска униформа и на која имаше напишано: “За спомен на соборецот, другарот Методија Ченто. Тито. 30.lV. 1944."[img] http://photos-h.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-...1698_a.jpg[/img]
[img] http://photos-d.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-...1157_n.jpg[/img]
28-03-2010, 04:14 AM
Reply
Зора Offline
Човѣкъ
****

Posts: 256
Joined: Mar 2010
Reputation: 13
#14

(28-03-2010, 03:59 AM)zvonkostankovski Wrote: - Ќе видите оти нема да Ве изневерам. Ова не се празни ветувања. Еве Ви една моја фотографија за спомен, како залог за она што Ви го ветив. Ако Ве изневерам, ќе можете да покажувате кој Ве изневерил.

Јосип Броз, манипулатор и лажго n.1 Icon_wink
Прличев до крајот на својата учителска кариера па и во Солунската гимназија предавал на македонски и ги терал учениците да изговараат според гласовниот систем на македонски јазик

Прличев во Солунската гимназија предавал на македонски јазик, свесно и настојчиво.
28-03-2010, 02:07 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#15

Заради тој судир со тито заврши таму.
28-03-2010, 03:48 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#16

Мојот син нема да расте во беэимена држава, каде татко му бил жив и эдрав и со прст не мрднал да си го одбрани основното човечко достоинство...Методија Андонов Ченто
28-03-2010, 06:31 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#17

(28-03-2010, 03:48 PM)афион Wrote: Заради тој судир со тито заврши таму.



Of-topic

Aфион, добредојде на форумов.
29-03-2010, 02:06 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#18

Благодарам.
29-03-2010, 04:54 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#19



Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
02-06-2010, 11:32 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#20

Ченто - „Господине директоре, не можете тоа од нас да го барате. Не можете ниту Вие, ниту било кој друг да ни забрани нам и на нашите деца, дома и овде на часовите да зборуваме на својот мајчин македонски јазик, затоа што ние сме Македонци, а нашите деца се македонски деца.
Ние Македонците имаме свој јазик и нашите деца имаат право да зборуваат насекаде на својот мајчин јазик. Ниту ние им забрануваме, ниту некој друг може да им забрани на српските деца, кои се дојдени во Прилеп, да зборуваат на нивниот мајчин српски јазик.
Не им браниме да бидат Срби, но нашите деца нека останат Македонци“


Споменикот на првиот претседател на АСНОМ, е поставен во близина на Ристиќевата палата, веднаш пред кафулетот „Тренд“. Обележјето на Ченто е изработено во карера мермер во Фиренца и чини 780 илјади евра. Висок е пет метри а тежи 25 тона. Споменикот според толкувањето на авторот, Димитар Филиповски, се наоѓа на местото на некогашниот хотел „Македонија“ каде Ченто живеел додека бил на чело на президиумот. Преставен во градска облека со шешир в рацете. Неговиот автор ја објансува симболиката.

- Големо е задоволството што го изработувам споменикот на Методија Андонв Ченто, но и голема обврскта кон великанот, тој споменик да биде квалитетен и запамтен. Тој е преставен во градска облека. Со шешир симнат и ставен на градите во позиција на која како претседател им се обраќа на граѓаните собрани во ослободно Скопје - вели Филиповски.

Во подножјето на споменикот се наоѓаат покрај таблата со натпис и три релјефа во бронза. Едниот го симболизира Прилеп, родниот град на Ченто, другата неговиот говор во ослободено Скопје, а третата неговите денови в затвор. Пред споменикот кој беше поставен утрово веднаш се насобраа поддржувачи на ликот и делото на Методија Андонов. Во главно сите со одобрување и воодушевување.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
08-06-2010, 07:34 AM
Reply