Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МИРКА ПАРТИЗАНКА-"ОБРАЗ СЕ ЧУВА ЦЕЛ ЖИВОТ А СЕ ГУБИ САМО ЕДНАШ"
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1
1eek 


Quote:„Бесата“ се врати во големата политика

Денот кога беа искоментирани од прва рака пакет-мерките на Владата, по мои критериуми за далекосежност, го врати во функција во реалниот општествен живот критериумот даден збор, беса, образот. Тој долго беше во срцевината на етичкиот кодекс на еснафот, во средиштето на домашното воспитување и структурата на семејството во Македонија. Народот во својот духовен устав (поговорки) дури има многу јасна темелна порака, која гласи: „Образот се чува цел живот, а се губи само еднаш“

[Image: mirka-nova%5B37%5D.jpg]

По објавата на најновите пакет-мерки за ублажување на последиците од европската должничка криза и ајде да речам хроничната македонска стопанска анемија, моето внимание се фиксира на три поединости, кои се дел од главната вест, ама во исто време не се вест. Или, тоа се елементи на вест во најава.

Тоа што Груевски во името на Владата со прецизни рокови се обврза да им ги врати парите од ДДВ на компаниите и да им ги исплати парите за извршените услуги за кои биле најмени од страна на државата, за мене не е сензационална вест, туку обврска. Не е вест ни одлуката на Владата да ги зголеми пензиите за 5 отсто, односно седум отсто, имајќи го предвид порастот на цените. За мене вест, и тоа сензационална, беа коментарите на среќните стопанственици, кои сите до еден ги претворија во факт демек, здраво за готово, зборовите на еден македонски политичар. Еден од нив дури вели: „Груевски рече, а ние немаме причина да не му веруваме“.

Забележувате ли? Кога, господо, последен пат сте слушнале една група луѓе, особено онаква што 24/7 живее во трчи-лажи амбиент, чиј добар дел од животот се состои од давање лажни ветувања, во мувања во името на профитот, кои профитираат на „смол принт“ и фусноти во договорите со клиентите, кои се увериле дека политичарот по дефиниција е расипан и корумпиран, да употреби поим што симболизира честитост и интегритет. Особено во Македонија, со сите нејзини искуства, ретко ќе најдете човек што нема циничен став во поглед на довербата и честитоста на политичарите. А ете, за само шест години на Никола Груевски му успеа она што не му успеа никому пред него во Македонија. Да биде сметан за човек од збор, а притоа да биде моќен политичар, ем жив, па згора и на власт. Згора, она што веста ја прави особено пикантна е дека ваквата оцена за него ја даваат луѓе што му се политички непријатели. Добро, ајде да бидам фина, луѓе што се главна логистика на партијата што му е политички непријател или и самите имаат политички амбиции и за кои сигурно знаете дека ќе отвораат „дом перињон“ на денот кога тој ќе загуби избори.

Како и да е, денот кога беа искоментирани од прва рака пакет-мерките на Владата, по мои критериуми за далекосежност, го врати во функција во реалниот општествен живот критериумот даден збор, беса, образот. Тој долго беше во срцевината на етичкиот кодекс на еснафот, во средиштето на домашното воспитување и структурата на семејството во Македонија. Народот во својот духовен устав (поговорки) дури има многу јасна темелна порака, која гласи: „Образот се чува цел живот, а се губи само еднаш“. Има и аманет до својот пород, кој гласи „обели ми го образот“. Дадениот збор, одржаното ветување е уверение за интегритет и честитост. Тоа е одличие што не се мери со меркантилни единици и не се компензира со ништо материјално. Иако носи и материјална корист.

Кога живеев во Лондон, впечаток ми остави тоа што моите сметки за кирија што одеа преку Баркли банката и сопственикот на станот се регулираа со најобичен потпис, а без каков било печат. Кога тие документи ги испраќав како отчет во мојата фирма, почнуваа проблемите. Македонската фирма, во согласност со македонската пракса на работа, не ги признаваше тие пусулчиња зашто биле без печат. Се мував низ бирократските коридори во Лондон, барав она што нашата бирократија го бараше од мене, демек некој некаде да удри соодветен печат, а секаде ме гледаа бело. Се чувствував како да сум се истоварила во некое друго време во некој друг свет зашто таму ми одговараа дека за нив потписот е печат, а дадениот збор, гаранција. Мојот балкански мозок полн со сомнежи и искуствен цинизам ме тераше да прашам што ако оној што потпишал или ветил, излаже? Одговорот беше резолутен: во истата минута гласот за неговата нечесност ќе се прошири низ целата бизнис-заедница, во политиката и тој ќе биде трајно екскомунициран. Се разбира, во нашиот балкански микросвет вакво нешто одамна не се случува. Ами токму обратното. Да ја земеме како посебен пример Грција, која дури и во балкански услови е неприкосновен лидер во лажоманство. Во тоа општество е развиена култура со вредносен систем, кој се заснова на лажење и мување. Дека се работи за матрица со длабоки корени говори и националната митологија, која безвременски го слави измамникот Одисеј и измамата и корупцијата како средство за остварување на целта што ја практикувал и врховниот бог Зевс со целиот божествен управен борд на директори сместени на Олимп. Бидејќи, пак, овој вредносен модел е темел на европската цивилизација, не е чудно што и ден-денес главен предизвик е победа на измамништвото, контролирање на корупциските пориви и воведување на етичноста во политиката и бизнисот. Оди тешко. Особено во кризни времиња. Јас и порано пишував за тоа дека еден од главните проблеми во справувањето со тековната криза е изгубената доверба во политичарите и експертите, па и во медиумите. Сите безброј пати се фатени во лага. Сега гневен народ се рашетува во милионски бројки низ улиците на Европа, а нема фаца со углед што ќе им вдахне верба, надеж. Па погледнете го оној тазе француски претседател Оланд, ко загреота е.
Не поминаа ни шест месеци од изборите, а популарен е како претходникот Саркози на денот на изборите.

Е сега, да се вратиме дома, кај нас. Груевски сега и без нова анкета знае што е тајната на зацементираноста на неговиот висок рејтинг. Затоа, пак, ич не сум сигурна дали и неговиот главен противник, ама и другите партиски лидери, сфаќаат која е формулата за успешност на човеков. Да сфаќаа, немаше токму тие да бидат доживотни лидери на своите партии. Ќе го отстапеа веќе просторот за друг вид луѓе. Затоа ќе ја повторам. Човекот работи многу, го слуша внимателно ехото од она што го говори народот, реагира конкретно и пресметано, ама секогаш во вистинско време - пред да се случат кобни по него последици. Како што гледате, од неделата стана и стандард за секој политичар во Македонија. Ако продолжи вака, кај и да е и Европа ќе му го официјализира статусот на политичар од збор, односно ќе признае и јавно дека го нејќат зашто е лош добар пример. Самарас тоа веќе го кажа. Што да се лажеме, ќе реагираат на него како што реагираа македонските универзитетски професори и доктори на науки, кои жестоко протестираа на обидот да се воведе оценување на нивната работа. Груевски е нешто како политички метеоролог, кој педантно ги следи временските струења, знае да ги разликува облаците и надоаѓачките ветрови. Така прави прецизни временски прогнози и дејствува превентивно. Првиот пат кога ќе излаже, ќе падне. Неговиот збор е негов печат.

Сакам да кажам, како ќе парира сега главниот конкурент, кој би требало да поентира на евидентната владина коалициска криза, блокирани институции во кои не се знае кој е што и во атмосфера кога нови избори, макар со ист исход, се изнуден потег. Јас барем не сум видела ваква ситуација на трајна немоќ на една опозиција да се отрезни. Вмровецов со последните мерки им ги саботира сите подготовки за нова тура „востанија“. Џабе работното лето, кога на есенска сеидба тргнаа со блокада на закон за зголемени субвенции на оние кај кои преспиваа за викенд. Џабе сојуз со Љупчо и Мендух. Ги загубија и пензионерите, а еве сега и големите газди-спонзори. Добро, овие последниве се проверени метеопати, кои исто така одлично читаат временски прогнози, па кога ќе ги стегне реума знаат дека времето драстично ќе се менува, што им отвора простор да се адаптираат на новите услови. Ама фактот е факт: во македонската политика од оваа недела и официјално важи нов стандард. Од политичарот се очекува да има образ и зборот даден јавно да му тежи како да е официјален државен печат. Тоа е фундаментална реформа во свеста на цело општество.


Автор: Mирка Велиновска



Текст во кој лажгото и манипулатот се велича, може да излезе само од кујната на УДБа или од главата на полтрон. Дали има разумен човек кој ке поверува во оваа што го пишува "ОПЕРСКАВА" дива Мирка.
Груевски со закон е должен да го враќа ДДВ-ето, да ги плати обврските во договорените рокови. Каков е тој премиер кој не ги почитува законите на Државата.
28-09-2012, 10:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2


Quote:Коста Стоименовски

Еден познат полски афористичар напиша(л): „Не беше страшен Сталин, страшен беше сталинизмот“. Некои пратеници и некои смели новинари во повеќе наврати ја прашуваа власта колку пари државата му должи на стопанството и кога ќе им се оддолжи на стопанствениците за извршените работи и за ДДВ. Шарлатаните од власта тврдеа дека влста редовно ги подмирува долговите кон стопанствениците?! Меѓутоа, ниеден стопанственик немаше храброст да каже колку побарува од државата, ниту пак да побара државата да му ги плати долговите!Ако тоа го направеше кој било стопанственик веднаш ќе беше изложен на бројни контроли, шиканирања, малтретирања и компромитации. Единствен кој тоа го направи беше претседателот на СК на Северо-западна Македонија Мендерес Кучи и со неговите изјави власта беше целосно „разголена“, така што не можеше повеќе да манипулира.
28-09-2012, 10:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3



07-11-2012, 02:23 AM
Reply