Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 2 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Што превзема нашата дијаспора за ваквите напади?
Author Message
mungos
Unregistered

 
#1

Мајкл Рен не му се извинува на Иванов





„Нема да се извинам и стојам на мислењето дека претседателот Иванов ја краде грчката историја“, изјавил за австралискиот весник „Аустралијан“, премиерот на Јужна Австралија, Мајкл Рен.

Австралиските медиуми ја пренесуваат и изјавата на македонскиот амбасадор Перо Стојановски, дека поддршката на Австралија за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации ќе зависи од извинувањето.

И додека во Министерството за надворешни работи се уште се резервирани во однос на поддршката на Австралија, австралискиот „Нешнл тајмс“, ја става Македонија на списокот на 19 земји кои најверојатно ќе гласаат за Австралија.

Во овој австралиски медиум се објавуваат коментари според кои не ни е потребен глас од непостоечка земја и постои само една Македонија и таа е во Грција, како и коментари за противкандидатот Луксембург - дека да се избере мала земја како Луксембург е исто како остров да решава за светската безбедност.

На списокот на „Нешнл тајмс“ за веќе дадена поддршка се три земји членки на ЕУ - Полска, Унгарија и Холандија, што ако е точно се коси со заедничката европска надворешна политика.

„Не можам да коментирам, ако сакате повеќе да дознаете прашајте го мојот министер, не е на мене да одлучам кого ќе поддржиме, ако е така решено, така е решено“, изјави холандскиот амбасадор Симоне Филипини.

Во холандското Министерството за надворешни работи одговорија дека не сакаат да откријат кого ќе поддржат бидејќи се работи за тајно гласање.

Освен Луксембург за место непостојана членка на Советот за безбедност на ОН се кандидира и Финска. Овие две европски држави ќе добијат поддршка при гласањето од Македонија.
22-02-2010, 08:00 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#2

Писмо на меѓународна група од 200 академици до Барак Обама против Псевдомакедонизмот на БЈРМ

18 Maj 2009

Уважен Барак Обама,
Претседател, Соединети Американски Држави
Бела Куќа
1600 Авенија Пенсилванија NW
Вашингтон, ОК 20500

Ние, долупотпишаните професори на грчко-римската древност, учтиво побаруваме да интервенирате да се исчисти дел од историјскиот смет оставен во југоисточна Европа од претходната администрација на САД.

Земјата за која станува збор, со Скопје како современ главен град, беше наречена Пајонија во древноста. Пл. Барнос и Орбелос (кои ги оформуваат денес северните меѓи на Грција) обезбедуваат природна бариера која ги одделувала и ги одделува Македонија од нејзиниот северен сосед. Единствена вистинска врска е преку реката Аксиос, Вардар и дури оваа долина не оформува линија на комуникација бидејќи е поделена со клисури.
Иако е точно дека Пајонците биле потчинети од Филип Втори, таткото на Александар, во 358 г. п.н.е., тие не беа Македонци и не живееа во Македонија. Исто така, на пример, Египтјаните, кои беа потчинети од Александар, беа владеени од Македонците, вклучително и од фамозната Клеопатра, но тие никогаш не беа самите Македонци, и Египет никогаш не бил нарекуван Македонија.

http://vardaraxios.wordpress.com/2009/05...edonizmot/
22-02-2010, 08:02 PM
Reply
vancevtodor Offline
Member
***

Posts: 194
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#3

Mnogu dobro i na mesto parshnaje Mungose.

Jas ke ti go kazam onaa shto go gledam, sushtinski nishto. Ke napravat nekoe intervju vo Makedoski Vesnici deka pratile tolku i tolku pisma . Deka vlegle vo kancelariite na kongresmenite, sekoj moze da vleze ama do sekretarkata i predale memorandum PosPos i toa ke go prestavat kako podvig ramen na odenje pesh od Makedonija do Avstralija.

Organizaciite na Makedoncite vo diasporata se ogledalo na onaa shto se sluchuva vo Makedonija. Site organizacii, vo toa sum ubeden, se pod kontrola na Sluzbata.
22-02-2010, 11:11 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#4

Македонската патриотска организација од САД преку својот весник „Маседониан трибјун“ ги повикала Македонците во таа земја да се изјаснуваат како Македонци-Бугари, Македонци-Власи, Македонци-Роми, но не и како Македонци, на почнатиот попис на населението. Ова, како што дознаваме, била главна причина зошто МПО била исклучена од коалицијата на повеќе македонски иселенички организации во САД создадена за да се агитира за што поголемо изјаснување на нашите сонародници како Македонци во текот на пописот. Организацијата Обединета македонска дијаспора од Вашингтон неодамна соопшти дека МПО е исклучена од таа коалиција бидејќи ги повикувала Македонците „да се идентификуваат како нешто друго, а не како Македонци“.

Претходно, во декември минатата година, членките на оваа коалиција, постигнале конкретен договор да ги повикаат сите Македонци во САД во пописните документи да се изјаснуваат како Македонци. Таквата одредница нашите сонародници требале да ја запишуваат во пописната графа „други“. Целта на оваа било значително да се зголеми бројот на нашите сонародници во САД бидејќи според пописот од 2000 година ги имало само 43.783, а процените се дека реалната бројка е многу поголема. Во државната Агенција за иселеништво оценија дека се за осуда сите повици што имаат за цел на пописите Македонците да се изјаснуваат како припадници на други етнички групи.

Ваквата опструкција од МПО значително ќе го отежне утврдувањето на точниот број Македонците во САД, а со тоа и во целата дијаспора со оглед на различните бројки со кои се оперира во однос на бројот на Македонците во светот. Според податоците на државната Агенција за иселеништво, има 416.030 наши сограѓани што живеат во светот. Истовремено, ова ќе значи повторување на старите делби меѓу нашите сонародници во дијаспората наспроти обидите за постигнување единство меѓу многуте организации на луѓето што потекнуваат од различни краишта на Македонија. Но, овој пат поделбите ќе ги опфатат и најмладите од четврта и петта генерација иселеници.

Мето Колоски, претседател на ОМД, кој деновиве престојува во Австралија, вчера изјави дека тие биле шокирани од постапката на МПО изразена преку нивното гласило.

- Многу се изненадивме и се разочаравме откако видовме каков повик упатиле до нашите сонародници. Очигледно е дека кај МПО се' уште постои криза во однос на постоењето на македонскиот идентитет. Тоа што е објавено во весникот не е случајно и тоа е став и на МПО. Ние не можевме да преминеме преку тоа. Несфатливо ни е како може да ги повикуваат нашите Македонци таму да се изјаснуваат како се' друго, а не и како Македонци - нагласи Колоски.

МПО е една од поголемите иселенички организации која дејствува во САД и во Канада, формирана уште во 1922 година. Меѓутоа, во текот на нејзиното дејствување, во различни фази, таа ги застапувала и ставовите дека Македонците имаат бугарско потекло. Таквите ставови на лидерите на МПО изминативе години предизвикале и негативни реакции во земјава. Наспроти тоа, последниве неколку години МПО воспостави соработка и со државните органи на Република Македонија како резултат на стратегијата за доближување и соработка со таа организација во која членуваат познати луѓе од македонската дијаспора.

Андреа Алушеф, која е актуелен претседател на МПО, вчера не сакаше пошироко да ги коментира тврдењата на ОМД.

- МПО е многу ангажирана да помогне за американскиот попис. Нашето членство е мошне различно. Тоа е составено од Македонци од сите делови на Македонија и ние веруваме дека Македонците од сите етнички групи треба да бидат именувани во пописот, вклучувајќи ги и сите Македонци што се четири и пет генерации далеку од нашата татковина. Од своето основање во 1922 година до 1990 година ние се залагавме за слободна и независна Македонија - потенцира Алушеф.

Коловски, меѓутоа, истакнува дека ставовите на Алушеф се осамени во МПО.

- Јас ги знам ставовите на Алушеф, но таа се соочува со огромен притисок на пробугарското крило во МПО. Таа се обидуваше да го издејствува ставот дека нашите сонародници се само Македонци, но беше надгласана на собирот на МПО. Оваа организација неодамна реагира и против Република Македонија во случајот со Спаска Митрова - укажува Коловски.

Васко Наумов, директор на Агенцијата за иселеништво, вели дека единствен начин да се дојде до точната бројка на етничките Македонци во светот е тие да се изјаснуваат како такви на пописите во тие држави.

- Како држава, ние ги знаеме податоците за македонски државјани во светот. Но, проблем е да се дознае точниот број на луѓето што имаат македонско етничко потекло, но немаат наше државјанство. Единствен начин е преку пописите на населението во државите при што бројноста на некоја етничка група е важна за да се добијат одредени права во таа земја. Јас ги осудувам повиците нашите сонародници да не се изјаснуваат како Македонци - рече тој.
26-02-2010, 10:17 PM
Reply
Pirinec-Vrhovist Offline
Воjвода
****

Posts: 399
Joined: Dec 2009
Reputation: 15
#5

Монгус,дали знаеш историята на МПО?От кой е создадена от кой е ръководена? Дали знаеш нешто? Или сега сакате да я откраднете како крадете история от нас...сакате на готово да вземете нещо кое е туго? Pos
Којшто има очи ќе види.
Којшто има уши ќе чуе.
Којшто ја љуби вистината ќе разбере.
26-02-2010, 10:36 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#6

Најверојатно во МПО има повеќе струи, на нивнот сајт уште стои повикот што го составила коалицијата на македонските иселенички организации...

27-02-2010, 12:00 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#7

Daj objasni ziti se.
27-02-2010, 06:55 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#8

mungos, нема што многу да објаснувам... A050

Пишав само една претпоставка... Колку што разбрав имало некоја средба помеѓу македонските иселенички организации (меѓу кои и МПО), на која е составен/донесен повик за тоа како да постапат луѓето со македонско потекло во САД на пописот. Тој повик МПО го објавува на нивниот сајт за нивните членови да постапат по него, но во весникот дале инструкции поинакви од од оној заеднички повик... А, и овој од ОМД вели дека постоеле различни струи во МПО, нели го пофали претседателот...

Значи, изведов заклучок врз основа на тоа што има по медиумиве, не знам ништо повеќе за да дадам некое длабоко објаснување...

28-02-2010, 12:59 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#9

acko ne ti da objasnis tuku pirinecot.Izvini za toa sto si se potrudil.
28-02-2010, 03:44 PM
Reply
dzandar Offline
Junior Member
**

Posts: 49
Joined: Jan 2010
Reputation: 0
#10

Абе МПО ти е липшан коњ!
Биле некад некој и нешто. И тој истиски фактор! Ама с'га са помали од комарца. Кој стигне по Америку игра ташак с'с њима.
Dzandar zbira! Pishtoldzija
01-03-2010, 08:41 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#11

02-03-2010, 02:29 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#12

02-03-2010, 02:30 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#13

[Image: UMDANameisANamePoster.jpg]
02-03-2010, 02:32 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#14



02-03-2010, 02:33 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#15

Млада, енергична и амбициозна, организацијата Македонска обединета дијаспора (ОМД) од Соединетите Американски Држави (САД), во своето интернет издание „ОМД Глас“ од 14 декември 2009 година, соопшти дека заедно со неколку македонски организацци од дијаспората основале коалиција за попис на Македонците во Америка. Главната намера на оваа пописна коалиција, како што се наведува, е да ги заинтересираат македонските иселеници во Америка да земат што поголемо учество на наредниот попис на населението од 2010 година. Во соопштението, понатаму, се објаснува дека доколку поголем број од Македонците ги исполнат гласачките ливчина, толку повеќе бенефиции и привилегии би и следувале на македонската дијаспора. На прв поглед, оваа одлука се чини како една многу убава замисла, но не е сигурно дека македонската дијаспора ќе и' ја даде својата поддршка на оваа коалиција оти тука не е се' в ред.

Прво, и покрај добрата намера, за македонската дијаспора е неприфатливо стапувањето на ОМД во оваа коалиција, затоа што составот на коалицијата во никој случај не може да се оцени како легитимно и репрезентативно тело на македонската дијаспора. Проблемот е во тоа што во составот на оваа пописна „македонска” коалиција се вклучени и неколку организации кои се со сомнителен македонски идентитет и кои отворено го негираат македонскиот идентитет. Како пример, покрај ОМД, во оваа коалиција се вклучени и Македонската патриотска организација (МПО), Асоцијација на македонско-американско пријателство (МАФА), Македонско-американската културна организација од Нова Англија, Македонскиот културен совет од Њујорк и други кои се од локален карактер и со потполна анонимност за пошироката македонска дијаспора. Тоа што е веднаш забележливо и е необјасниво е што во овој состав нема ниту еден претставник од многубројните македонски колонии низ Америка како што се тоа Детроит, Чикаго, Индијана, Охајо, Бафало, Њу Џерси и многу други места. Затоа е многу сомнително зошто ОМД се согласи да коалицира во оваа пописна коалиција како самоизбрани претставници на македонската дијаспора без претходно директно да им се обратат до овии македонски колонии.

КОАЛИЦИЈА Претпоставката на коалицијата оти Македонците во Америка би уживале поголеми бенефиции и привилегии ако се докаже дека нивниот број е поголем отколку што се мисли, е од спекулативен карактер и не е одраз на реалната социјална слика во Америка. Но и да има некоја забележлива корист, ОМД не смееше да стапи во коалиција со МПО и на тој начин да и дозволи таа да ја претставува македонската дијаспора. ОМД точно знае дека оваа докажана антимакедонска организација и понатаму трдоглаво продолжува да го негира македонскиот етнички идентитет и покрај тоа што Република Македонија стана независна држава. Од самото формирање на МПО, па се' до денес, македонската дијаспора во Америка и во Канада беше непрекинато и систематски уништувана од оваа организација. МПО како тогаш, така и сега ги нарекува Македонците како бугаро-македонци и го негира постоењето на етнички Македонци. За МПО придавката „македонски” е географска одреденица и не означува посебен етнички народ. Затоа воопшто не е сфатливо од кои причини ОМД се вклучи во асоцијација со МПО.

Можно е да се поверува дека ОМД била навлечена во оваа коалиција. Може да се претпостави, исто така, дека ОМД влезе во коалиција со МПО без критички да ги пресмета потенцијалните штетни последици за македонската дијаспора, за американско-канадската епархија и за МПЦ. Но, на ваквите шпекулации, ОМД може да одговори дека оваа коалиција нема етничка и национална позадина и сите напади врз ОМД се без основа и со тенденциозна позадина. Според нивниот оглас, единствената задача на оваа коалиција е да се убедат што поголем број Македонци да ги исполнат пописните ливчиња, а не да се потврдува македонскиот легитимитет на МПО. ОМД, исто така, може да се брани и со тоа што ако македонските власти редовно соработуваат со оваа организација. Тогаш, зошто тоа и се оневозможува на ОМД!? Но, како реалистички да звучат, овие оправдувања само го замачкуваат вистинскиот проблем - затоа што самата асоцијација со МПО, како и објавената, но не и потврдената поддршка од американско-канадската епархија, се лоши потези кои можат да предизвикат бурни реакции кај македонската дијаспора и да ја стават МПЦ во многу неповолна положба. Зашто, таа веќе еднаш оформена е непремостлива национална диференцијација помеѓу МПО и ОМД повторно да се става под знак на прашање!

ЕПАРХИЈА Второ, можеби и најголемата морална шлаканица за македонската дијаспора во Америка и во Канада е тоа што во соопштението се напоменува и тоа дека оваа коалиција ја има подршката и од Американско-канадската епархија. Во соопштението не се кажува дали неговото високо правосвештенство митрополит Методи самиот лично и го дал благословот за работа на оваа коалиција или, пак, некое друго овластено лице од кабинетот, сепак оваа најавена подршка ја турка оваа епархија, а со тоа директно ја вовлекува и Македонската православна црква, кон една матна политичка дејност. Како е воопшто можно ОМД да дозволи и да ја доведе МПЦ во една ваква многу делекатна и сериозна позиција? Во овој случај не треба да се има голем разум за да се дојде до заклучок дека ако пописната коалиција е прифатлива за МПЦ, тогаш и МПО како член на таа коалиција е прифатлива за МПЦ. Која било друга интерпретација за да се избегне оваа импликација не ќе може да се оправда. А ова е голем и тежок удар за МПЦ. Можеби некои од „македонските” организации во оваа матна коалиција токму тоа и го посакувале.

Американско-канадската епархија, која е неотуѓив дел од Македонска православна црква, е духовниот лидер на Македонците на овие простори. Од самото формирање оваа епархија успеа да реализира многу значајни македонски дела во Америка и во Канада. Таа ги собра расфрлените Македонци и создаде една силна, кохезивна и чиста македонска дијаспора. Македонците од оваа епархија со голем труд, божја љубов и со непоколеблива верба во својата национална свест подигнаа прекрасни македонски божји храмови. Епархијата секоја година ги собира Македонците од Америка и од Канада на еден голем традиционален црквен-народен собир каде се собираат десетици илјади Македонци и каде македонскиот јазик, културата и традицијата непобитно го докажуваат македонскиот идентитет. Преку овие монументални успеси Американско-канадската епархија ги задолжи идните македонски поколенија од дијаспората да продолжат одлучно да ги бранат и да ги промовираат интересите на Македонците и со тоа уште повеќе да придонесат за доброто на македонската кауза. Затоа, влегувањето во коалиција со МПО, за што е барана поддршка и од Американско-канадската епархиаја, ОМД остава простор за оправдани и неоправдани шпекулации.

Mногу е малку веродостојно оти поглаварот на Американско-канадската епархија, митрополитот Методи, бил детално и суштински запознат со соствот и со политичката позадина на оваа коалиција. Затоа, ако таа подршка вистински е одобрена од неговото високоправосвештеништво, тогаш таа подрдшка единствено може да се протолкува како добронамерна и со неодреден национален модалитет. Сепак, неговото високоправосвештеништво г. Методи треба под итно да ја повлече епархиската поддршка на оваа коалиција и да ги предупреди епархиските општини низ Америка и Канада да не соработуваат со ОМД се' додека не дојде до промена на составот. Со тоа, Американско-канадската епархија и МПЦ ќе бидат поштедени од политички и од национални манипулации. На ОМД и останува да размили дали ќе продолжи со учество во оваа коалиција и со колку јасна слика ќе настави да ги претставува Македонците во Америка.

СОРАБОТКА Трето, повеќето таканаречени „македонски” организации во оваа коалиција немаат легитимно право да ја застапуваат македонскта дијаспора без предходно да бидат овластени за тоа. Ако ОМД беше толку силно заинтересирана за правата на Македонците во Америка и Канада тогаш тоа ќе беше многу поприфатливо ако директно им се обратеше до црквено -школските епарихии и да ја побараше нивната соработка. Но, во еден ваков состав, ОМД им ги турка пред врата на македонската дијаспората сомнителенте „македонски” организации.

Нема сомневање дека Обидинетата македонска дијаспора си го знае своето вистинско место во македонската дијаспора и затоа оваа докажана македонска организација требаше да знае и да внимава со кого стапува во коалиција. Ако ОМД е со намера да дојде до точни податоци за Македонците во Америка, тогаш тоа најдобро ќе го стореше ако директно им се обратеше на црковните епархии во Америка. Во овој случај, не само што ОМД пак ќе биде принудена да бара соработка од црковните општини, туку на овој начин ем директно им го принесува тројанскиот коњ пред црковните порти, ем неоправдано ги загрозува сопствените односи со македонската дијаспора.

ОМД стапи на сцена за да ја игра критичната улога во македонската дијаспора ширум светот. Таа е динамична и креативна организација која настапува со еден модерен систем на работа. За кратко време од нејзиното постоење ОМД досега постигна големи успеси во многу области каде што постарата генерација не успаеа да се пробие. Лобирањето во Вашингтон, промоцијата на македонската култура, организирањето на младите Македонци од дијаспората и низа други важни активноски се само еден мал дел од нивните секојдневни активности. Ако вака продолжи сигурно е дека ОМД ќе се устоличи како една од водечките македонски организации во дијаспората. Затоа, оваа организација заслужува да се поддржува, а македонската диаспора од неа очекува грндиозни дела.

Наспроти ОМД, МПО е застарена организација и без перспектива за иднината, затоа што македонската дијаспора и' ја симна бугарската маска. Долго очекуваната апокалипса на македонската нација не им се оствари и целата нива моќ сега им е насочена кон ребугаризацијата на Македонците како во татковината така и во дијаспората. Затоа не е случајно што МПО и'се додворува на ОМД, бидејќи тоа за нив е тројанскиот коњ. Според тоа, без разлика колкава голема да е добивката, тоа не го оправдува стапувањето на ОМД во коалиција со МПО. Со сигурност може да се тврди дека ОМД не ја предвиде негативната страна на ова коалицирање, а овој акт и нанесува голема навреда и штета на македонската дијаспора, американско-канадската епархија, а со тоа и на Македонската православна црква
02-03-2010, 02:37 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#16

[Image: 6334_1193272787664_1103747184_30584963_2422923_n.jpg]

Eve ti malku istorijaJeee
02-03-2010, 05:07 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#17

(26-02-2010, 10:36 PM)Pirinec-Vrhovist Wrote: Монгус,дали знаеш историята на МПО?От кой е создадена от кой е ръководена? Дали знаеш нешто? Или сега сакате да я откраднете како крадете история от нас...сакате на готово да вземете нещо кое е туго? Pos

Устав на сојузот на Македонските емигрантски организации од 1924 година[/B]


[Image: 20204490.jpg]

[Image: 67084787.jpg]

[Image: 66865177.jpg]

Документот содржи листови со податоци за платена членарина и Устав на сојузот на Македонските емигрантски организации.

[Image: 21062009292.jpg]

[Image: 12513737.jpg]

[Image: 93286811.jpg]

[Image: 73797580.jpg]

[Image: 55614297.jpg]

[Image: 96565778.jpg]

Во склоп на личната карта е нацртана и мапата на Македонија:

[Image: 85381114.jpg][/:party3::party3::party3::party3:
05-03-2010, 05:34 PM
Reply