Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Исламизмот бара доминација а не соживот
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,654
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1


Quote:Блер: Исламизмот бара доминација врз другите, а не соживот


[Image: bler-630x463.jpg]

Тони Блер зборува најдиректно досега. За „Дејли Телеграф“ вели дека се потценети бројноста и силата на исламските екстремисти. Блер додава дека Западот е заспан кога станува збор за исламскиот ектремизам. Откако се повлекол од политиката станал христијански верник и во јавноста често зборува за вредностите на христијанството. Иако е левичар, отворено го критикува агресивниот секуларизам. Времето најчесто го поминува со сопругата и нивните 4 деца.

Тој е доказ дека има живот по политичка смрт. Повторно се враќа во Лондон, одлично изгледа, облечен е традиционално, во интелигентна комбинација на син костим и кафеави чевли, како вистински џентлмен. „Ставив и кравата за Дејли Телеграф“, вели тој. Ќе учествува на церемонијата за отворање на Олимпијадата овој петок.

Но денес има поинаква цел. Верските дебати во Вестминстер, предводени од неговиот поранешен секретар Чарлс Кларк. Вечерва тие ќе се затворат со заеднички говор на г. Блер, надбискупот од Кентербери и мене. Темата е религијата и општеството. Најпопуларниот човек којшто стана католик со помош на својата вера се бори против овие прашања. Тој зборува за иднината. Фундаменталните доктрини на политиката како фашизмот и комунизмот, вели тој, исчезнаа во 20. век. Во 21. век, кога глобализацијата уште повеќе ги доближи луѓето, проблематичните територии и безбедносната закана се поврзани со религијата и културата. Тој сака да обезбеди „платформа“ каде што луѓето од различна вера ќе може заедно да откријат што ги поврзува. Тони Блер напишал: „Отсекогаш сум бил позаинтересиран за религијата отколку за политиката“, една значителна мисла напишана од премиер, па затоа го прашав зошто. Тој вели дека религијата започнува со „фундаменталната вистина за животот“. Смета дека е „сосема запознаен со правилата на политиката“, а во религијата „има уште многу да се истражува“.

Да, но многумина коишто не се религиозни би го кажале истото. А тој е религиозен. Зошто? Тој е дискретен. Не сака да зборува за Господ или, пак, за црквата (ако го побарате зборот „црква“ во неговата автобиографија, ќе најдете само Шарлот Черч (черч-црква), страна 333). За Исус зборува како за човек којшто бил „подготвен да се спротивстави на конвенционалната мудрост кога сметал дека е погрешна“. Повеќето спиритуални мисли си ги задржува за себе. Него го интересира фактот што „како верник е поврзан со останатите верници“. Себеси се гледа како нивен интерпретатор.

Г. Блер цитира дел од еден состанок на форумот за економија во Давос од пред неколку години. На него присуствувале репрезентативци од четири различни вери, а секој од нив тврдел дека „неговата вера е ексклузивната вистина“. Тој ги запрашал зошто сметаат дека нивната религија ќе им обезбеди спасение. „Интересно ми беше да гледам како реагираат како политичари. Забележав дека ги користат сите техники на заобиколување“.

Тој признава дека не може да даде целосен одговор на своето прашање. Како личност којашто се преобратила во католицизам, ја прифаќа доктрината на католичката црква, но вели дека не ја идеализира. Не чувствува гадење спрема англиската црква, којашто ја напушти, туку сосема спротивното. Стана католик поради неговата сопруга католик, Шери, и нивното семејство. „Не размислував многу. Едноставно така се чувствував попријатно“.

Неговиот пристап кон политиката е поврзан со општествените промени. „Додека растев во северна Англија, таму постоеше само една религија“, вели тој. Неговиот најдобар пријател во училиштето Колчестер во Дурам, бил евреин, но вели дека никогаш не размислувал за тоа. Сите околу него биле христијани. Неговиот син Лео неодамна го прославил 12. роденден, а присутните деца биле од три или четири различни вери.

Под влијание на свештеникот Питер Томпсон, младиот Тони почнал да сфаќа дека верата и разумот може да се спојат. Од тоа заклучил дека различните вери, особено „Аврамските“ религии, јудаизмот, христијанството и исламот, може да се изградат според тоа што го имаат како заедничко. Сега чита литература за други вери, па заклучува дека ја збогатува и својата. Конкретно, сега го чита Куранот.

„Куранот го гледам како аутсајдер. Тој е напишан во пророчка традиција којашто се бидува да ги врати луѓето до основните принципи на спиритуалноста. Ако се земе предвид неговото време, тој бил неверојатно прогресивен израз на принципи. Христијаните имаат неверојатно искуство додека го читаат. На пример, повеќе се пишува за Марија отколку во Евангелието. Трагедијата е што тоа е толку „нашминкано“ и погрешно интерпретирано“.

Од тука Тони Блер станува подиректен. По нападите на 11 септември, тој смета дека ја потценил моќта на тврдењата на исламистичките екстремисти. Тврдењето дека „западот се противи на исламот“ се` уште постои. Дури и е засилено. Со тоа се бара „надмоќ, не соживот“. Тој се плаши дека „западот не се посветува на ова прашање“, а тоа, сепак, е најголемиот предизвик. Сите добри работи што ги гледа во Африка преку Иницијативата за надмоќ се соочуваат со оваа закана над заканите. Во Судан, Мали, Нигерија и немирите во Танзанија и Кенија, секташкиот исламистички екстремизам е најголемиот проблем којшто е во подем. Г. Блер се сомнева во борбата на претседателот Обама, сметајќи дека се посветува на погрешните луѓе. По говорот на Обама во Каиро, 2009 година, „се менува целиот контекст“. Муслиманското Братство презема големи делови од арапскиот свет, „а луѓето со најсилни гласови се очајни за нашето водство“.

„Мора да се заангажираме, но и да си поставиме предизвик“, предупредува тој. Средниот исток „нема да постигне демократија доколку не сфати дека демократијата е начин на размислување, не само на гласање. Клучното прашање е како мнозинството се однесува спрема малцинството“.Тој вели дека Западот многу полека им помага на луѓето од Иран. Тоа е голема цивилизација. Луѓето би ја зацврстиле својата влада доколку можат. Важно е да знаат дека сме тука за да им помогнеме. Добро би дошол еден нов почеток“. Но се прашувам дали сте помислиле дека можеби грешите во врска со исламот? Што доколку тоа не е религија којашто се заложува за мир? Размислува за ова, но не го прифаќа. Прави споредба со христијанството. „Кога се одржува миса, на крајот велиме ’Ова е Господов збор’. Тоа е духот на библиското учење. Не го сфаќаме секој дел буквално. За тој процес ни требало долго време“. Исламот се бори со истата работа денес.

Да го разгледаме проблемот на домашен терен. Дали тоа важи за овдешните муслимани? Г. Блер жали што неговата стратегија не се користи. „Мора да го прифатиме радикализмот прифаќајќи го неговото учење, а отфрлувајќи ги неговите (насилни) методи“. Но верува и дека антирелигиската група на Ричард Досон ги влошуваат работите. Екстремните атеисти „бараат од религиозните фундаменталисти“ да ги претстават своите аргументи, па „мораме да одиме против агресивниот секуларизам“.

Јас се согласувам. Велам да го разгледаме хомосексуалниот брак, предлог којшто ги измачува следбениците на сите религии. Тука нема утеха за верниците. Г. Блер оди против верувањата на неговата црква. „Сфаќам дека луѓето си имаат различни ставови“, вели тој. Но тој е за хомосексуалниот брак. Всушност, не може да се најде јавен проблем којшто го гледа со религиозни очи и против секуларизмот. Тоа е пошироко прашање. Смета дека религијата е бенигна сила во либералниот и модерен свет, не е непријателски настроена.

Ја менувам темата. Тони Блер го напушти кабинетот, па целиот Западен свет којшто сакаше да го брани е проголтан од финансиска криза. Како добар католик, тој мора да ги преиспита последиците и да се исповеда. Дали воопшто се чувствува одговорен? Го отфрла личниот аспект по ова прашање и се држи до општите работи.

„Мора да ги вратиме основните вредности на нашето општество“, вели тој. „Не сме против богатство, но се заложуваме за социјална одговорност“. Не смееме да помислиме дека општеството би било подобро „доколку обесиме 20 банкари на аголот од улицата“. Тој на тоа пристапува од друг агол. “Не ги гледајте 30 години од либерализацијата, коишто започнаа со г-ѓа Тачер, па да велите дека тоа предизвика финансиска криза. Погрешно!“ Лекцијата е дека во глобално економија којашто зависи од многу фактори, „не сме ги разбрале вистинските импликации на финансиските инструменти, па затоа не сме ги надгледувале и регулирале како што треба. Не смееме да се навраќаме на времето кога државата води се`“.

Досега луѓето се собираат околу г. Блер поради неговиот следен состанок, исто како што правеа додека беше премиер. Разговорот беше жив, но во него го забележав проблемот на Велика Британија како изгубено кралство коешто нема најдено своја улога.

Тој има 59 години, се` уште е млад за својата положба. Веќе пет години е надвор од политиката, а сега, како што гледате, сака да се врати. „Откако заминав од кабинетот, многу научив. Особено за тоа што се случува во Европа и светот. Понекогаш тоа ме шокира. Колку би ми користело тоа знаење на времето!“

Вели дека би бил подобар премиер. „Би сакал да се вклучам во дебати“. Како? Со повторен мандат? „Мислам дека тоа не е можно“. Со перство? На неговото лице се гледа задоволство. Можеби нешто во Европа? „Би ја прифатил работата (претседател на Советот на Европа) доколку ми ја понудеа, но не беше така“.

Тој вели дека Европа „се отвора“. Јас велам оти мислам дека се затвора. Тони Блер се насмевнува. „Па, тоа што се случува сега не е постојано“. Постојат „големи прашања тука, во нив се инволвирани политичките реконструкции на Европа. Единствената валута ќе се распадне доколку не го сопреме тоа“. Откако го кажа ова, човекот којшто би ја прифатил таа работа си замина.

Автор: Чарлс Мур – бил уредник на Дејли Телеграф, Сандеј Телеграф и Спектејтор. Ја напишал биографијата на Маргарет Тачер, а моментално работи како претседател на невладината организација „Полиси ексчејнџ“.
27-07-2012, 10:19 AM
Reply