Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАВАЙ ГАЗ МАКЕДОНИЈО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:МАКЕДОНИЈАГАЗ



[Image: 4201.jpg]
Пишува:Зоран Петровиќ-Љац

Уште во отпочнувањето на преговорите со Алексеј Милер –Генерален директор на Гаспром,човек на Медведев, името на компанијата МакедонијаГаз е отфрлено како подругливо. Сите компании кој ги основа Газпром во Европа го носaт името на државата и придавката Газ. Во Македонскиот случај заради значењето на зборот ГАЗ, Македонската делегација го информирала Алексеј Милер дека е тоа комично име и компанијата во Скопје која се оснива треба да носи име Македонија-Гас. Ова го разбравме од оделот за пресс на Гаспром неколку минути пред отпочнувањето на средбата.

Во делегацијата која го посети ГазПром имаше двајца албанци но имињата никој не ги запамти иако делеја визит карти повеќе од потребно. Едниот изгледаше како припадник албанските сепаратистички чети ,а другиот доста млад и многу зелен. Постави неколку прашања па од природата на прашањата разбравме дека е тој во оваа делегација многу случајно.
Владините фотографи се убиваја да го сликаат Премиерот, а тоа поминуваше забележано од окото на неговиот прв советник, кој се грижеше да неговиот шеф изгледа многу сериозно.
Заради неговата висина запамтивме дека овој советник се вика Мартин.
Најдобар впечаток оставаше Министерот за Финансии Ставревски кои заради наши непознати причини беше пресрдечен со Алексеј Милер и остави добар впечаток.
Се на се обична средба и благодариме на Амбасадата на Македонија што не информира за оваа средба.

Моите впечатоци беа исти како некаква државна средба на Република Српска во Москва, Србија или Бугарија. Секогаш пола делегација е случајни сељаци други се некакви умислени и само еден или двајца знаат за што се работи.
Од Македонската делегација забележавме дека Министерот за Финансии е тој што знае за што се разговара, а другите веројатно го чекаја афтобусот или да бидат послужени со кафе.
Премиерот и неговиот советник изгледаја жалосно.

Се ќе беше во рамките на формалните новинарски денови доколку висок претставник на ГасПром не ги посети просториите на РИА Новости.
Темата беше Украина и договорите со Гаспром, а го запрашав до каде е агендата со Македонија.
Одговорот би сакал да го цитирам: ”Па ќе правиме нешто, знаете таја сребда беше организирана со нас од канцеларијата на бившиот германски председател Шредер.
Се работи за компанија која ќе биде основана помеѓу ГасПром и Македонските власти во однос 51:49 и ќе биде главен диспечер на гасот кои влегува од Бугарија.
Македонските власти се обврзаја да му дадат на Гаспром екслкузивитет во наредните 10 години но и обрска да низ Република Македонија не поминува нити еден друг гасовод освен нашиот.
Тоа е добар договор, а за директор од 1 јуни 2013 година ќе биде Министерот за Финансии, а советникот на Премиерот Груевски, негов заменик. Останува да господинот Шредер назначи уште еден директор и отпочнуваме со работа после тендерот за изработка не фисибилити студијата”

Фрапантна информација. Решив да ги завртам телефоните кај мојте колеги во Скопје.

И еве што дознав од колегите од најголемата медиумска куќа во Скопје:
Советникот на Премиерот,Мартин бил во одлични односи со Бодо Комбах ,а овој со Шредер.
На молба на ГасПром во Германија е направена оваа средба во Москва.
Изворот ми потенцира дека посредник во оваа зделка е и Срѓан Керим кој е во блиски односи со Македонската влада и веројато е третиот извршен директор на ГасПром во Македонија.
Значи дека пола од бизнисот на ГасПром во Македонија е за државата, а пола даје Шарцу.
Влезот во Србија и Бугарија на ГасПром беше идентичен. Огрмно тешки менаџерски договори со милони долари за директорите и посредниците.

Останува на Македонските медиуми постојано да ги бараат документите од овој договор на увид.Се разбира дека никогаш нема да го добијаат.Нити него нити анексите.Исто како во Србија и Молдавија.Посебно анексите до денес несе достапни.
(This post was last modified: 24-07-2012, 09:06 PM by ЈорданПетровски.)
24-07-2012, 09:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2


Quote:Новата политичко персонална олигархија напаѓа




Ех, да беше жив Ерих Марија Ремарк… Кутриот, ќе ја сменеше сопствената животна филозофија. Западот веќе не е „интересен“. Сега се нешто ново се случува во, за него, далечниот исток. Западот, оној за кој тој пишуваше, е прочитана книга, со востановен ред на возење, а истокот е тој кој сега раѓаат револуции – технолошки, бирократски, културолошки, информациски…


[Image: kekenovski.jpg]
Јове Кекеновски



Токму деновиве истокот, овој нашиот, доместичен, македонски, е на добар пат да повампири една хемингвејски заборавена категорија – олигархијата. Меѓутоа сега една нова олигархија, досега невидена на овие наши простори, која јас ја именував како Политичко Персонална Олигархија.

Поминаа скоро шест години од формирањето на првата влада на премиерот Груевски. По веќе видениот терк, со неа од пред неколку години започна да се промовира и новата македонска олигарахија. Бидете подготвени, New kids are in town…!!?? Зошто токму сега?! Кој и каде е изворот што носи наплив од нови олигарси? Одговорот на прашањето е доста комплексен и бара време и простор за анализа, но со оглед на дозволениот број редови за пишување ќе се обидам да бидам краток, конкретен и јасен.

Но, како и секогаш… Најнапред, за неупатените, да објаснам дека зборот олигархија потекнува од грчкиот збор oligos – мало и arkhê – владеење, што во превод би значело владеење на малкумина. Во принцип се работи за тип на скриена власт која е во рацете на помал дел од популацијата, а која располага со енормна моќ по однос на своето богатство и политичко влијание. Олигархијата настојува своето политичко влијание да го оствари на повеќе начини, но најчесто преку контролирање на економијата без притоа да се нафатат за извршување некоја јавна функција. Некои политиколози тоа го крстат како: „моќно и умно владеење“ или „владеење од позадина“.

Најголем дел од политиколозите се согласуваат дека секоја држава без разлика со каков политички систем функционира, е водена токму од олигарсите. Јавно или полутајно. На многумина од нас, обичните граѓани, одамна мошне ни е јасно како и со која формула нашиве олигарси го стекнаа своето богатсво во времето на СДСМ, а во времето на ВМРО-ДПМНЕ само го зголемија. Овие луѓе мошне умешно сеуште опстојуваат на економската и политичката сцена. Старите олигарси успеаа навреме и секогаш да се прилагодуваат на новите потреби и налозите на политичарите кои ќе дојдеа на власт, бидејќи претстоеше опасност брзо да заминат во историјата и да се вратат на старите позиции, што би било самоубиствено за нив. Замислете колку овие личности беа „важни“ за Македонија и Накедонците, така што не само партиите и нивните лидери, туку МПЦ и г.г. Стефан не останаа имуни на нив. За да не остане покус и нашиот врховен поглавар на неколкумина од нив им подели „Столна медаља од прв ред“ за нивните „големи заслуги“ за народот и црквата. Браво за нивната умешност!? Старите олигарси што законски го ограбија имотот што им припаѓаше на сите граѓани, добија бланко амнестија. Тие воопшто не ни помислија да ги вратат парите во државата, а додуше и никој не им ги побара. Малку од избори до избори ги рекетираа политичките партии, но тоа и не беше некој голем проблем (по неколку милиони евра на една или друга партија) зошто најголемиот дел од парите им останаа нечепнати во странските банки. Нема точни бројки, но процените се дека на нивните сметки лежат помеѓу 8-10 милијарди евра.

Покрај овие веќе стари олигарси, некако неприметно во последниве петанесетина години се создаваше и втора генерација на олигарси која својот процут го доживеа во последниве десет години. Повторно играјќи и со едните и со другите политичари. Еве неколку случајно избрани профили, на пример…

Нема кој во државава не слушнал за еден скопско-општински градоначалник, сопственикот на ланец маркети, кој од бизнисмен стана политичар. Тука е и малку познатиот во јавноста, сопственик на градежна фирма специјализирана за комунална инфраструктура без која ниту една поголема општина не почнува ниту една работа, а своевремено директен учесник во пропаѓањето на една позната скопска фабрика. Следуваат првите луѓе на неколку македонски банки (кои пак уште станаа витези, темплари, масони, ротаријанци, лајонси… а до неодамна не знаеја каде е Скопје). Во списокот на втората генерација олигарси влегуваат и неколку нови дечки кои преку ноќ станаа сопственици на фабрика за производи од бетон, градежен институт, пчеларска задруга, хотели во изградба и др. За еден од нив дури се зборува дека и е финансиски поддржувач на црквата на Вранишковски. Тука секако дека е и неизбежниот дечко за сите времиња кој своевремено на изборите поклонуваше црвени рози, а сега сопственик на една третина од Македонија, понатаму сопственици на телевизии, штедилници, универзитети или универзитети пред пропаѓање, акционери во фирмите со кои раководеле нивните родители, поранешни директори на државни претпријатија, а сега приватни бизнисмени… и уште неколкумина познати и непознати фаци.

Третата генерација на олигарси е онаа која ја почетокот ја крстев како политичко персонална (па ако сакате и перверзна) олигархија. Како да беа малку овие олигарси, па новиве партиски дечки (Македонци, Албанци и останати високо позиционирани политичари од другите етнички заедници во РМ) решија да создадат свои нови олигарси, кои ќе им служат лично и персонално само на нив. Принципот е јасен: ние Вам пари кои ќе ги управувате, ќе водите бизниси, ќе се чаламите и ќе уживате, а Вие нам лојалност, сервилност и разбира се, преку вас оплодување на парите. Решено, сторено. Како новопечени и тазе газди овие дечки нескриено од очите јавноста, денес уживаат во улогата која им ја подариле нивните налогодавци и шефови, притоа заборавајќи како некои исти такви олигарси во минатото завршија во Бугарија и Србија. Да ги потсетам само на првите луѓе на една голема бугарска корпорација, кои исто така управуваа со туѓи пари, како и каде завршија. Едни се обесија, други си пукаа во глава, на трети им беше извршен атентат. Нешто слично ги очекува и овие нови курајберчиња. Порано или подоцна.

Иако сакав во овој текст и барем описно да насликам некои од нив, поради нивната мала вредност и еднократна употреба решив да не го правам тоа и воопшто да не ги споменуваам ниту по име, ни по презиме. Ќе се препознаат самите тие. Овие политички слуги привремено управуваат со партиските и државни пари преку привилегирани бизниси со државата. Стана сосема видливо дека еден поголем дел од политичко персоналните олигарси во последниве години постојано инвестираат во политиката, а многу помалку во бизнисот. Тие во целост го изгубиле интересот (впрочем и никогаш и го немале) за производство и затоа станаа полупаразити. Тие водат сметка само за тоа каде и на која сметка да легнат парите, рентата или дивидендата. По цел ден размислуваат како уште нешто може да се украде, да се присвои, да се проневери, да се расподели со нивните газди и работодавачи политичари.

Улогата на политичките партии и членството кои доследно и слепо ја пратат и поддржуваат новата олигархија е второстепена, односно никаква. Новите олигарси директно одговарат на лидерите и на нивните најблиски соработници, освен на некои градоначалници кои се во директна спрега со олигарсите. Ова се најчесто луѓе кои имаат директна врска и верба од првите партиски луѓе. Во овој контекст ќе ги споменам и тековните именувања на високи државни позиции и функции кои имаат времен карактер и важни се само во онаа мерка и до оној момент до кој ја подобруваат позицијата (политичка и материјална) и улогата на лидерите и нивните најблиски соработници. Во спротивно ве екскомуницираат и ве враќаат на локално ниво, во најдобра варијанта. Онаму од каде што сте дошле!!.

Во минатото, во почетокот на воспоставувањето на плурализмот во периодот на т.н див капитализам додека олигарсите го ограбуваа народното богатство, народот беше среќен што „го сочувавме мирот“. Денес, исто така кога не ограбуваат новите олигарси, пак и со помош и налог на политичарите, повторно Македонецот е „среќен” зошто нема да сме го променеле нашето име и дека Александар е наш. Но, креаторите на новата олигархија треба едно нешто да запаметат. Оваа политчко персонална олигархија спремна е во секој момент еден дел од нејзиниот финансискиот колач да и го остапи на опозицијата заради лична амнестија. Но, исто така и јавноста мора да знае дека и еден дел од опозицијата за возврат (повторно заради лична корист) е спремна доколку дојде на власт да го продолжи веќе започнатиот концепт кој по се изгледа одлично функционира.

Со оглед на менталитетот на македонскиот народ и слабото јавно мислење сигурен сум дека критичката опсервација на оваа општествена и политичка пракса (читај аномалија) многу малку квантитативно и квалитативно ќе влијае на позитивна промена. И покрај фактот дека CV-то на ови политичари и олигарси е свовиден dossier за нивното криминалno и анационално минато, повеќе сум од сигурен дека и во иднина едни те исти ќе се вртат и ќе не ограбуваат и во наредните години, а ние пак само ќе си џавкаме во празно.

До кога?
26-07-2012, 12:32 AM
Reply