Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Стефан Наумов - Стив
Author Message
Kasandar Offline
Member
***

Posts: 118
Joined: Jun 2010
Reputation: 0
#1

Стефан Наумов - Стив (Битола, 27 октомври 1920 - 12 септември 1942) е македонски комунист, учесник во НОБ, народен херој на Македонија.

Потекнува од печалбарско семејство. По завршувањето на гимназијата во Битола, во 1938 година се запишува на Техничкиот факултет во Белград, каде што веднаш му пристапи на напредното работничко движење, поради што беше затворан. Во 1939 година станува член на КПЈ, а по враќањето во Битола, во септември 1940 година е избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Во април 1942 година учествува во формирањето на Битолскиот НО партизански одред „Пелистер“. Во јуни 1942 г. станува член на Оперативниот штаб на Главниот штаб на партизанските одреди во Македонија. Есента истата година заминува на партиска задача во Преспа каде загинува (се самоуби) во борбата против бугарската војска и полиција кај селото Болно, ресенско, на 12 септември 1942 година, заедно со Мите Богоевски.

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%8...0%BE%D0%B2

Dali se znae nesto poveke za nego?
15-06-2012, 09:06 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#2

Стеван се вика.
Let me hear you make decisions without your television.
15-06-2012, 09:32 PM
Reply
Orce Petkov Offline
Member
***

Posts: 84
Joined: Dec 2011
Reputation: 0
#3

Сега изгледах в тубата няколко клипа с протести на общинските съветници в Скопие. Наслушах колко мъдър, свят, велик, "икона наша" и т.нат. е бил Стив Наумов. Сега гледам, то било младеж на 22 години. Наистина, момчето е платило възможно най-скъпо за своя комунистически идеал и това не го омаловажавам.

Настрана от това, как едно момче за момче на 22 да се говори с такива алегорични категории? Май 2-рата Божия заповед я нямат за нищо.
15-06-2012, 09:56 PM
Reply
Kasandar Offline
Member
***

Posts: 118
Joined: Jun 2010
Reputation: 0
#4

Da nadopolnam izvor.
„Народни хероји Југославије“, "Младост", Београд, 1975 година.
15-06-2012, 10:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(18-06-2010, 12:37 PM)Kasnakovski Wrote: Афионе, кажи што херојско извршил Стив Наумов.

Ете од сајтот на борците - Битола.
Сите настани сврзани со херойот ги собрав на едно. Не гледам нешто хероjско да извршил.




Учебна 1937/38 година

Предавање за шпанската граѓанска војна

Напредните ученици од битолската гимназија, во учебната 1937/38 година, покрај другите одржале и еден поширок состанок на кого присуствувале членови од повеќе гимназии (класни групи).Состанокот се одржал зад германските гробишта, а на него учествувале: Коле Чашуле, Стеван Наумов, Владо Малевски, Киро Хаџи Василев, Виктор Пардо, Алексо Мусалевски, Сарина Песо, Цане Светија, Мито Хаџи Василев, Атанас Атанасовски, Доне Илиевски, Костантин Поповски, Зоре Поповски идруги. На состанокот, Борка Талевски зборувал за Шпанската граѓанска војна, а истовремено ги запознал присутните со учеството на југословенските борци против фашизмот во Шпанија.


Септември 1940 година

Обновување на МК на КПЈ

По затворањето на МК и осудувањето на повеќето негови членови, дејноста на членовите на КПЈ за извесно време спласнала. ПК на КПЈ за Македонија веднаш презел мерки за фомирањето на нов МК. За таа цел во Битола пристигнал Перо Ивановски-Тиквар кој бил ополномоштен да го формира новиот МК. Состанокот бил одржан во станот на Крум Хололчев. Во новиот МК влегле следните членови на КПЈ и тоа:
• Бојчевски Ставре-работник
• Деловски Кузман-работник
• Наумов Стеван-Стив-студент
• Тодоровски Никола-правник и
• Хололчев Крум-инженер.
За секретар на МК бил избран Стеван Наумов-Стив.

Септември 1940 година

Нов местен комитет на КПЈ

После паѓањето на поголемиот дел од членовите на МК во рацете на полицијата и нивното осудување на долгогодична робија, как и интернирање на активни комунисти, во септември 1940 година партиската организација се совзела од ударот на боржуаската власт и формирала нов МК во чиј состав влегле:Стеван Наумов- Стив секратар и членови: Ставре Бојчевски- чевларски работник, Кузман Деловски- дограмаџија, Никола Тодоровски-Канински-правник, Крум Хололчев-инженер и Доде Христовски-монополски работник.

Јануари 1941 година

Формирање на партиска келија во монополот по заслуга на Стив Наумов

Стеван Наумов – Стив, во почетокот на новата 1941 година, стапил на работа, како писар, во битолското тутунско препријатие, популарно викано Монопол. Нeговата работа не се состоела само да привредува за себе туку и за нешто многу повеќе – инено, да оформи партиска келија во оваа работничка средина. Спроведувајќи ја целта, Стив полека, но брзо и сигурно напредувал. Кога одговорните на Монополот виделе дека Стив се занимава со револуционерни работи меѓу работниците, решиле да го оневозможат во тоа, Немајќи конкретни докази за да го отпуштат од работа, тие решиле да го деградираат и понижат, т.е. го префрлиле да работи како општ работник, сметајќи дека Стив сам ќе се откаже од работа. Но, Стив не само што не го напуштил Монополот, туку дошол до поголем контакт со работниците. Преку своето скромно држење и однос, како и преку песните што ги пеел (обично руски револуционерни), тој ја стекнал општата симпатија на монополците, со што партиската келија била оформена, а наскоро работниците- членови на КПЈ отпочнале и со саботажи во Монополот.


Април 1941 година

Проширување на МК-КПЈ-Битола

Поради новонастанатата ситуација (окупацијата, војната, прекинати врски со ЦК КПЈ и слично) веднаш по окупацијата, МК на КПЈ-Битола бил проширен. Тој броел 8 членови и тоа: секретар- Стеван Наумов- Стив и членови Бојчевски Ставре, Новачевски Петре, Тодоровски Никола, Хаџи Поповски Лазо, Хололчев Крум, Христовски Доде и Чаловска Лилјана.
Покрај другото, новиот МК решил да се прибира се што е можно од разбиената југословенска војска-оружје, храна, облека и истото да се сокрива.


Април 1941 година

Илегалната печатница во Битола

Веднаш по окупацијата, Стеван Наумов-Стив како секретар на МК на КПЈ- Битола посветил големо внимание на партиската техника. Тој беше изработил цел систем за начинот на раководење со илегалната печатарска работа, врски, пренесување на материјали и сл. Техниката била добро сместена во станот на Томе Тодоровски - Каменко. Со техниката раководел Васил Тодоровски - Мајоро. Со основни материјали за печатење, главно снабдувал Цане Стојанов- Газдата. Летоците и радио- билтените ги пишувал Стив, како и другите членови на КПЈ и СКОЈ. Стив заедно со Пецо Божиновски и Томе Тодоровски- Каменко на повеќе пати помагале за навременото излегување на печатените материјали и кои по еден строго определен начин биле растурани во градот.

8 Јуни 1941 година

Формирање на фудбалски клуб „Работник“

Веднаш по окипацијата на Битола неколку монополски работници- членови на КПЈ- дошле на идеја да формираат фудбалски клуб. Тој клуб, пред се, по нивното мислење, требал да ги опфати членовите на партијата, СКОЈ или симпатизерите на Советскиот Сојуз. Во тоа нешто Стеван Наумов- Стив, кој дотогаш работел во Монополот, зел видно учество. Тој дури ја искажал можноста играчите или членовите на управата на фудбалскиот клуб, како членови на КПЈ, полесно да се движат, пренесуваат материјали, т.е. да ги искористат легалните форми на партиската рабата, прикриена позади клубот. Откако се нашле доволно играчи во кафулето на Кочо Тромбев, на 8 Јуни 1941 година, иницијаторите, мегу кои и Стив, решиле да се формира фудбалски клуб, а го именувале „Работник„. Така и станало.Многумина покрај спортската работа, често вршеле и партиска работа. Откако бугарската полиција тоа го насетила, го забранила името „Работник“ и му го наметнала името „Свобода“, а во управата за потпретседател наметнале свое лице (шефот на полицијата кој нередовно доагал на состаноци).затоа многумина играчи почнале да го напуштаат клубот;некои биле апсени, така да клубот при крајот на своето постоење ја загубил својата првобитна намена.
Во клубот, како раководители се истакнале: (прв претседател) Горѓи Тодоровски, Доде и Ката, Најдовски Коста- Цоцо, Вангел Алтипармаков- Бумбарот и др.

Август- Септември 1941 година

Стеван Наумов - Стив во партиската келија во селото Стрежево

Во крајот на месец авгуси и пошетокот на септември 1941 година, Стеван Наумов- Стив дошол во селото Стрежево. Таму конферирал со членовите на партиската келија. Во исто време тој ја испитувал готовноста на членството на КПЈ за борба против фашистичките окупатори. Потоа Стив се упатил за село Лера.

Ноември 1941 година

Обид за ослободување на Лазар Колишевски од затвор

Кога како претставник на ПК на КПЈ за Македонија во Битола дошол Мирче Ацев, наскоро во битолскиот затвор го донесле и секретарот на ПК - Лазар Колишевски.Тогаш Мирчета го преокупирала мислата за организирање бегство на Лазо од затвор. Заедно Мирче и Стив се дале на работа за ослободување, односно за спроведување на замислата. Биле воспоставени врски со Лазо в затвор преку Гелејца, која му однесла храна, во која Мирче му испраќал писма. ( Исто така му праќал писмо во пастата за заби) За акцијата во требал да биде ослободен Лазар биле подготвувани десетина членови на КПЈ од Битола. Меѓу нив се наоѓал и еден механичар кој требало кога ќе беа нападнати спроводниците на Лазо кај „Рускиот крст“, зад Офицерскиот дом за кон Станицата, да му ги исече алките од синџирите на рацете и нозете. Во близината требало да чека автомобил, кој ќе го пригател Колишевски и ќе го однесе во селата каде Партиската организација развила силна мрежа. Но, за акцијата дознал ПК и изразил сомневање за успехот, дури дејствувал деморализирачки во смисла да не дојде до престрелка во кој би имало можност да биде Лазо убиен. Во последниот момент оваа акција била напуштена. По тој повод, Мирче Ацев во едно писмо до ПК остро протестирал зошто дал директива да се напушти планот за грабнување и ослободување на Колишевски.

1941 година

Штрајк на монополските работници

Во окупирана Битола, во 1941 година, бил организиран штрајк на монополските работници.Штрајкот бил дело на партијата и СКОЈ.
Монополските работници биле организирани од монополската партиска келија и Стеван наумов- Стив да стапат во штрајк, во знак на протест против грубостите на окупаторите. Всушност, истиот бил од чисто политичка природа. Штрајкот траел три дена, по кој окупаторските органи морале да ја ублажат својата грубост.

6 Мај 1942 година

Убиството на Ќурчиев

За сите уапсени членови на КПЈ во Битола, сите службеници на полицијата биле опасни, затоа што нивниот однос бил повеќе садистички отколку службенички. Меѓутоа, меѓу нив особено бил неснослив бившиот член на БРП, а во Битола обласниот политички началник Ќурчиев. Во една ненадејна средба пред денешната зграда за дефектни деца, секретарот на МК на КПЈ-Стив Намов немајќи друг избор, наместо лична карта извадил револвер и на место го усмртил Ќурчиев. Иако Партијата не била за примена на индивидуален терор, сепак го оправдала Стив зошто за него тоа бил единствен излез од безизлезната ситуација.

7 Maj 1942 година

Потрага по Стив за Битола

Битола, во утрото на 7 Мај 1942 година, била блокирана и Битолчани не можеле да одат на работа. Сите градски улици биле запоседнати од бугарски војници, додека полицајците и агентите, распоредени во групи, оделе од куќа в куќа, да вршат претрес.Всушност, блокадата била организирана со цел фаќање на Стеван Наумов-Стив кој само пред неполн ден, т.е. вечерта на 6.V. 1942 година го ликвидирал обласниот полициски началник Ќурчиев. Полицијата сметала дека за тоа кусо време Стив не можел да го напушти градот и дека некаде е во Битола, кое нешто било и точно. Меѓутоа, градот не го предал народниот борец. Тој го скрил во своите пазуви и напразни биле претресите и малтретирањата што ги вршела полицијата.
Тоа била прва целосна блокада на Битола.

Крајот на мај 1942 година

Формирање на трет реонски комитет

Потребата од разгранета партиска дејност во битолските села наложила партиските раководители да се позанимаваат со формирањето на нов, трет по ред, Реонски комитет во битолско. Од тие причини Стив Наумов и Тодор Ангелевски-Даскало размениле мисли и решиле да формираат РК со центар во село Лавци. После нивниот разговор, кон крајот на месец мај, Тодор Англевски-Даскало и Трајан Белев свикале состанок во Лавци, каде и била донесена одлуката за формирањето на РК.
За секретар на новоформираниот РК поставен бил Крсте Митревски- Кицо, а негови членови биле Сотир Брбевски, Крсте Самарковски, Лазо Питулчевски и Лена Ташкова. Било решено дека РК накнадно ќе бил проширен со нови членови од селата што ќе му припаднат на реонот.

7 Јуни 1942 година

Стив во први реон

Вршејќи ревизија на партиските организации во Први реон, Стив, на 7.VI.1942 година одржасостанок со членовите на КПЈ во Ѓавато, во куќата на Јонче Мурџевски. Во главно било дискутирано да се подготви и спреми сето оружје што дотогаш било криено. Во исто време, Стив одржал состанок во село Лера и во село Стрежево на кои главен проблем во задачите на комунистите било прибирање и оспособување на прибраното оружје. Всушност, тоа биле состаноци сврзани со потребата да се исфрли новиот партизански одред.

21 Јули 1942 година

Голем судски процес на кого осудените на смрт ја пееле „Интернационалата“

Фашистичката власт во Битола после големата априлска провала и разбивањето на Одредот „Пелистер“ организирала голем процес кој траел од 16 до 21 јули. Во текот на процесот во судската сала имало само агенти и полицајци, а од цивилите само адвокатите што ги бранеле некои поимотни затвореници. Во текот на процесот никој од обвинетите не потклекнал . Дури и оние што во текот на нечовечките измачувања нешто и признале, на судот тоа го негирале мотивирајќи го признавањето како последица на големите физички измачувања.
Тогаш со пресудата од 21.VII. биле осудени на смрт со бесење Ѓорги Наумов, Димитровски Блаже- Рогузинаро и Кочо Десановски- Десано, а во отсуство Стеван Наумов- Стив, Тодор Ангелевски- Тошо Даскало, Кирил Крстевски- Платник, Лазо Хаџи Поповски, Исак Сарфати и Пецо Божиновски-Кочо.
На истиот процес биле осудени четири лица на доживотен затвор, 9 на 15 годишен строг темничен затвор и 2 лица на 10 години затвор.

Септември 1942 година

Загинувањето на Стив Наумов и Мите Богоевски

На 11 Септември 1942 година Стеван Наумов-Стив придржуван од младиот македонски поет и револуционер од село Болно-Мите Богоевски заминал со цел да стигне до Оперативниот штаб на НОВ и ПОМ.Тие бидејќи биле темно решиле да се се засолнат и преноќеваат во шумата над село Болно во близината на селската црква. Меѓутоа, нив ги забелеѓал еден предавник и го соопштил нивното присуство на бугарскиот военкомандир од 55 полк-втора пешадиска дружина. Бугарската војска нечујно ги опколила. Тие се засолнале времено во месност „Средно Лоиште“ од каде се бореа со војничките сили. Во борбата Мите бил смтоносно погоден. Стив по извесна борба се префрлил во месноста „Долец“. Тукане сакајќи да им се предаде жив на окупаторите,откако му се свршила муницијата, се самоубил.
________________________________________
12 Септември 1942 година

Стеван Василев Наумов-Стив

Роден е на 27 Октомври 1920 година во Битола. Основно образование и гимназија завршил во Битола. По матурирањето на битолската гимназија 1938 година студирал на техничкиот факултет во Белград.
Учествувал во демонстрациите против владата заради кои бил неколку пати уапсен. Тука Стив станал член на КПЈ. Во Битола работел во Монополот, каде ги организирал монополските работници.
По окупирањето бил избран за секретар на МК на КПЈ за Битола. Стив бил неуморен. Ретко кое од битолските села не било посетено од него.Во пролетта 1942 година станал член на Оперативниот штаб за Македонија. Како приврзаник на револуционерната линија на КПЈ, Стив работел за исфрлање на партзански одреди во билско. Во таа смисла го формирал одредот „Пелистер“ (22.IV.1942 година), а подоцна на 6.VII.1942 година и одредот„Даме Груев“.
Бугарскиот окупаторски воен суд го осудил во отсуство на смрт, а во исто време го уценил со 200 000 лева. При заминувањето за Преспа, заедно со поетот-борец Мите Богоевски, Стив бил опколен во гората кај село Болно, а во петчасовна борба со многубројна војска и полиција, Стив за да не падне во нивни раце, се самоубил.
За народен херој на Југославија е прогласен во 1945 година.

16-06-2012, 02:55 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6



(24-04-2010, 11:47 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ЛАЗО РАСКАЖУВА Другарот Лазо, во своите мемоари, неретко се осврнува на драматичните југословенски збиднувања во 1941 г., на самиот старт на Втората светска војна. Во книгата Аспекти на македонското прашање, издадена 1988 г., тој опишува како и кој го смислува планот за операцијата "свилен гајтан за Шарло акробатот" (акробат во преносна смисла, бидејќи Шаторов, по разгромот на Југославија во април 1941 г., по наредба на СССР, ја поврзува КПМ со бугарската партија, не можејќи веќе да одржува врски со окупираниот Белград). Колишевски (тогаш Колишевиќ) веќе долги години се наоѓа во Србија, каде што работи како металоглодач. Лазо раскажува: "Кратко време потоа, отидов во Крагуевац на работа во Окружниот комитет на КПЈ, а во почетокот на мај ми беше соопштено да тргнам на партиска работа во Ниш. Меѓутоа, неколку дена подоцна, бев повикан во Белград, каде што другарот Александар Ранковиќ ми ја соопшти одлуката за моето одење на работа во Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Тој исто така ми соопшти дека за член на ПК КПЈ за Македонија е испратена една другарка која работеше во Ниш и која беше член на Окружниот комитет. Таа беше Мара Нацева. Ми ја изложи ситуацијата во Македонија колку што му беше и нему позната во врска со ставовите на тогашниот секретар на ПК КПЈ, Шаторов Шарло. Ранковиќ инсистираше, доколку ситуацијата на ПК ќе биде поволна, да ја преземам функцијата на воената комисија".

Две работи се круцијални во ова искажување: прво - Колишевски е човек од највисока доверба на Александар Ранковиќ, шефот на сите тајни служби во Титова Југославија, творецот на ОЗНА (Одделение за заштита на народот) и долгогодишен челник на УДБ (Управа за државна безбедност); и второ - Ранковиќ, Србин по националност, инсистира Лазо да ја преземе воената комисија во КПМ бидејќи во тие воени комисии била најдобро инфилтрирана мистериозната српска националистичко-милитаристичка организација "Црна рука", од која после Војната ќе израсне злогласниот КОС (Контраобавештајна служба на ЈНА).
16-06-2012, 03:03 AM
Reply