Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 10 Vote(s) - 3.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈАНКО БАЧЕВ И НЕГОВИТЕ СТАВОВИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#61

Quote:Јанко Бачев, разузнувач и политичар - Македонија врие од српски и грчки шпиони Скопје,

6. февруари (ИНПРЕС)

Јанко Бачев, поранешен активен разузнавач и сега лидер на Народното движење за Македонија, во ексклузивното интервју за неделникот Фокус, открива нови поединости за обавештајно - безбедносната обработка на Република Македонија, преку српски и грчки шпиунски инсталации.

Бачев, кој и самиот беше дел од изборната коалиција на ВМРО ДПМНЕ, на последните парламентарни избори, ги обвинува владеачката партија и премиерот Н икола Груевски дека со романтичарски изјави ја замајуваат јавноста, а всушност не сакаат да ја спроведат лустрацијата.

Бачев Тврди дека половината од партиите што се сега во коалиција со ВМРО ДПМНЕ се креација на тајните служби.

- И покрај романтичарските изјави од ВМРО ДПМНЕ дека се многу ожалостени за неуспешната лустрација ( на народот сепак, одвреме - навреме му треба малку романтика), сепак, во заднина најзадоволни се во владеачката партија од неуспехот на лустрацијата, бидејќи кај нив има сериозна бројка на кодоши што сега се распоредени во високата политика, а дури седум партии во нивната коалиција се дело на тајната полиција, тврди Бачев.

Бившиот разузнавач и полиицсики функционер, отворено се заканува дека ќе ја измести лустрацијата од соодветната Комисија во јавноста и медиумите.

- Јас и мојата партија, во догледно време, ќе бараме начин во Македонија, сепак да има некои резултати од лустрацијата, вели Бачев.

Со слична изјава излезе и лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, поранешен министер и висок партиски функционер на ВМНО ДПМНЕ, кој исто така имал увид во тајните досиеа.

Бачев тврди дека СПЦ инсталирана црква во Македонија - ПОА и дека Јован Вранишковски е шпион на српската и на грчката тајна служба. Тој е врбуван од Грците во Солун и од нив добива пари за својата подривачка активност против МПЦ и Република Македонија, тврди Бачев.

Бачев наведува сума во илјадници евра што му биле давани на Јован, потоа сметки во три грчки банки и слично. На рака на расколникот Јован, му одат инсталации во власта и полицијата во Македонија. На тој начин Јован, во време кога се водела истражна постапка против него, добива пасош од полицијата во Битола, како и пиштол, без да се направи соодветна безбедносна проценка. Тој додава дека Јован Вранишкоски бил следен и оперативно обработуван од македонската тајна полиција, за што нуди докази.

Јанко Бачев обелоденува дека и лидери на ,, најмалку две национални партии во Македонија,, се соработници на српската тајна служба, а се во коалиција со Груевски.

- Отпадникот Вранишкоски, е на долгодишна врска со српската и грчката разузнувачка служба. Инструкции за дејствување најчесто добива од Регионалниот центар на српската разузнавачка служба во Ниш и од Подцентарот во Врање, тврди Бачев идодава дека Јован развива своја мрежа во Македонија.

Бачев, тврди дека и грчките инсталации на тајните служби се градени со небудност и припомош на високи претставници на власта и полицијата, дека нивниот резидентен шеф стасал до пријателство со највисоки претставници на власта и политички лидери. Не говори директно, но сепак доволно јасно алудира на Манолис, кој дотурка и до прв човек на ОКТА во Македонија, во времето кога премиер беше Љупчо Гергиевски, а министер на надлежен ресор за продажбата сегашниот премиер Никола Груевски. (Крај)
25-05-2010, 01:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#62

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БАЧЕВ ГОСТИН ВО „ПАТОТ КОН“ НА АЛСАТ-М ТВ

Претседателот на НДМ, Јанко Бачев, на 27.05.2010 година, беше гостин во емисијата „Патот кон„ која се емитува на националната телевизија АЛСАТ-М. Тема на дебатата беше перспективата на Македонија во контекст на „албанското прашање„!

Емисијата во целост можете да ја погледнете тука:
(This post was last modified: 09-06-2010, 03:15 AM by ЈорданПетровски.)
09-06-2010, 03:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#63

Quote:ВОЕНИ СТАРЕШИНИ ВО АРМ ПОВИКУВАНИ НА ИНФОРМАТИВНИ РАЗГОВОРИ ОД РАЗУЗНУВАЧКИ СТРУКТУРИ ВО ГШ НА АРМ

Недела, 18 . 07 . 2010
НАРОДНО ДВИЖЕЊЕ ЗА МАКЕДОНИЈА на денешната прес конференција се осврна на недозволивото повикување на армиски старешини на информативни разговори од страна на Секцијата за безбедност и разузнавање при Г – 2 Управата на Генералштабот на АРМ. Притоа, на прес конференцијата беше кажано:

Почитувани,

Повод за денешната прес конференција се скандалозните сознанија за обавување на информативни разговори со старешини во АРМ од страна на Секцијата за безбедност и разузнавање при Генералштабот на АРМ.

Оваа Секција месеци наназад, настојувајќи да го открие изворот од АРМ, кој наводно ги дал документите на НДМ кои беа презентирани на прес конференцијата на НДМ од 01.03.2010, а на која беше прикажано дека Стратегијата за одбрана на РМ, внимавајте добро, ќе ја спроведуваат и официри, кои по три пати добивале оценка - не задоволува!

[Image: press_18-7-2010_a.jpg]
Ова е тој список од кој се гледа дека не два пати, туку и три пати едноподруго, клучните официри кои треба да се грижат за безбедноста на РМ се оценувани со оценката – не задоволува!

Според Законот за служба во АРМ, работниот однос на воен старешина му престанува доколку при оценувањето на физичката подготвеност двапати едноподруго биде оценет со - не задоволува.

Меѓутоа, наместо спроведување на законот спрема официрите кои два пати едноподруго се оценети со - не задоволува, Секцијата за безбедност и разузнавање при ГШ на АРМ месеци наназад врши малтретирање, односно, незаконски информативни разговори со армиски старешини за да го открие кртот во своите редови.

Секако, скандалозен е фактот што овие информативни разговори Секцијата ги спроведува без знаење на Секторот за безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана (МО), иако оваа Секција е составен дел на Секторот за безбедност и разузнавање при МО.

Работите стануваат појасни ако се знае дека Секцијата за безбедност и разузнавање е во состав на ГШ на АРМ, со кој раководи генералот Мирослав Стојановски како кадар на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, а Секторот за безбедност и разузнавање при МО е под ингеренција на министерот за одбрана, Зоран Коњановски.

НДМ остро го осудува овој опасен паралелизам внатре во армиската разузнувачка служба, бидејќи споменатата Секција за безбедност и разузнавање при ГШ на АРМ, иако е составен дел на Секторот за безбедност и разузнавање при МО, сепак на своја рака спроведува информативни разговори со армиски старешини.

Бидејќи Секторот за безбедност и разузнавање при МО е една од битните служби во системот на безбедноста на државата, тогаш се наметнуваат следните прашања за министерот за одбрана:

Дали е запознат дека во АРМ наместо да се спроведува законот спрема официрите кои два пати едноподруго се оценувани со оценка – не задоволува, истите се унапредувани со највисоки чинови, па, иако добиле негативна оценка за својот капацитет, тие треба да ја спроведуваат Стратегијата за одбрана на РМ?

Кој дозволил да се повикуваат армиски старешини на информативни разговори од страна на Секцијата за безбедност и разунавање при ГШ, дури и без знаење на Секторот за безбедност и разузнавање при МО кој е под негова министерска ингеренција?

Дали некој свесно на претседателот и врховен командант, Иванов, како и во случајот со Стратегијата за одбрана на РМ, повторно во петокот во Охрид му подметна документ со намерно вграден “дефект”, затоа што, не е ниту спроведлив, од едноставна причина што човечкиот ресурс, сите тие таму наведени значајни по ранг високи офицери кои треба да го операционализираат овој документ, во случај на загрозеност на Република Македонија, според критериумите на АРМ фактички подолго време се неспособни за извршувањето на своите функции?

Кој работи на тоа дополнително да ја компромитира изградената респектабилна позиција на Македонија кај нашите пријатели во НАТО?

Оваа малтертирање на воени старешини со нивно повикување на информативни разговори, укажува дека граѓаните наивно верувале оти македонските безбедносни служби постојат заради заштита на државата. Па, кој ќе ги следи, прислушува и малтретира, тогаш граѓаните?

Организаторитe на овие армиски дворски шпионски игри ја преминаа црвената линија со грубото кршење на законите и затоа веднаш да престанат информативните разговори со армиските старешини.

НДМ како патриотска партија која се бори за одбрана на македонските национални интереси, поаѓајки од сопствената одговорност сака навремено да го предупреди врховниот командат и претседател да не дозволи ваквите сомнителени документи да преставуваат мина во неговите раце, со закаснето дејство, која би ја активирале во моментот кој самите би го одредиле оние, кои не ја прифаќаат Македонија како дефинитивен факт на независна и суверена држава!

19-07-2010, 01:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#64

27-07-2010, 05:40 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#65

(27-07-2010, 05:40 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:

Бачев е добар во многу нешта, посебно во тоа што е еден од ретките во МК кој го детектира основниот проблем во МК- контролата на македонското општество од страна на службите. Но, во политичкиот дел има нешта со кој не се сложувам. Прво, тврдиот став околу уредеување на МК со албанската етничка заедница. Тој е заговорник на доминација на мнозинскиот народ, што лично сметам, дека не гарантира долговечност на МК. Јас сум за новиот историски договор што го промовира во својата колумба В.К. Второ, е шлепувањето на Бачев со изфорсираната “ антиквизација“, на која светот ни се смее, и ни ја отежува промоцијата на МК во светот. Дел од таа историја да, но екслузивитет не.
28-07-2010, 02:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#66

Quote:ШПИОНСКИТЕ АКТИВНОСТИ НА ВРАНИШКОВСКИ, ЗАКАНА ЗА СИСТЕМОТ НА ДРЖАВНАТА БЕЗБЕДНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Петок, 23 . 07 . 2010

НАРОДНО ДВИЖЕЊЕ ЗА МАКЕДОНИЈА на денешната прес конференција се осврна на најновите шпионски игри со Вранишковски кои откриваат слабости во системот на државната безбедност во Република Македонија. Притоа на прес конференцијата беше кажано:

Почитувани,
Повод за денешната прес конференција се завчерашните најнови случувања во врска со Јован Вранишковски, а кои директно укажуваат на одредени слабости во системот на државната безбедност како најзначајно подрачје и основата на која почива политичко-безбедносната состојба во Република Македонија.

На почеток да потсетам дека НДМ на своите прес конференции од 01.02.2010 и 15.02.2010 презентираше во јавноста податоци за шпионските активности на Јован Вранишковски во корист на српската и грчката разузнавачка служба, кој, на теренот настојува најповеќе преку легални, односно психолошко-пропагандни дејствија да ја врши својата субверзивна улога. За појаснивање, шпионските активности можат да бидат тајни, прикриени и легални.

Овие две странски разузнавачки структури имаат интерес да преземаат одредени активности спрема Република Македонија.

Меѓутоа, брзопотезното напуштање на државата од страна на Вранишковски во средата, по предвременото дознавање на одлуката на Апелациониот суд во Скопје, иако оваа судска осуда сеуште јавно не е обелоденета, е крајно алармантно, бидејќи, покажува дека КОС сеуште има силен разузнавачки продор во македонските институции.

Во оваа насока, денес ќе презентираме само еден јавен факт кој јасно покажува дека Јован Вранишковски има силна шпионска заштита во Република Македонија од агенти - соработници на КОС распоредени во македонските институции:

Имено, Вранишковски пред време е добро информиран дека Апелациониот суд во Скопје деновиве ќе ја објави судската одлука за негова осуда, иако сеуште официјално не е соопштена одлуката на Апелација, што значи дека Вранишковски е добро информиран од своите разузнавачки ментори. А, може да биде добро информиран само доколку неговите странки разузнавачки ментори имаат силен продор во македонските институции.

Како што се очекуваше, по добивањето на оваа битна информација, Вранишковски непречено од никого во средата брзопотезно ја напушти Република Македонија!

Бидејќи, ваквата состојба сериозно ја нарушува безбедноста на Република Македонија, тогаш се наметнуваат следните прашања за премиерот Груевски како најодговорен за состојбите во државата:

Како е можно Вранишковски уште пред да биде објавена судската одлука за негова осуда, да го знае исходот и содржината на неповоланта судска одлука за него, и притоа брзопотезно да ја напушти државата?

Кој дозволил Вранишковски да поднесе барање и притоа во битолската полиција да добие патна исправа под број 1904171 со која слободно ја напушти државата, иако против него се води кривична постапка, а во таков случај Законот за патни исправи на државјаните на Република Македонија забранува издавање на патна исправа?

Но, кога веќе незаконски му е издадена патна исправа, а во услови на постоење на кривична постапка против Вранишковски години наназад и негови кривични и прекршочни осуди, дали премиерот Груевски знае дека некој има дадено наредба да не му се одземе патната исправа на Вранишковски иако споменатиот закон за патни исправи јасно пропишува дека доколку по издавањето на патната исправа дојде до кривична постапка или осуда, во таков случај патната исправа се одзема.

Дотолку повеќе што, во случајов не се работи за било кој, туку за лице со документирани сознанија за еден расколникот, отпадник и српско-грчки шпион кој работи на разнебитување на македонската нација и црква.

Кој дозволил Вранишковски со одобрение од битолската полиција да поседува пиштол марка „берета 9 мм„ иако се работи за лице предмет на кривично-правен прогон кое во никој случај согласно законските прописи не може да поседува оружје?

Како е можно Вранишковски не само да поседува оружје, туку и слободно да ја минува и границата со оружје при напуштање на државата?

Дознавањето на судска одлука однапред и брзопотезно минување на државанта граница без никаков проблем заради одбегнување на осудата, поседување на пасош и пиштол спротивно на законските прописи, секој упатен во разунавачката практика ке ви потврди дека во случајов се работи за силен продор на КОС во македонските институции кои му обезбедуваат силна заштита на Вранишковски!

Затоа, НДМ ги повикува надлежните државни органи да постапат согласно своите уставни надлежности и да ги откријат силните шпионски гнезда на КОС во домашни институции и притоа во корен да ги пресечат нивните антимакедонски активности штетни не само за МПЦ и за народот, туку и за државата.

НДМ во рамките на своите можности, со повикот од прес конференцијата од 15 февруари дека ќе му ја симне мантијата и црковните обележја, доколку Вранишковски продолжи со своите јавни богослужи со кои ги навредува и повредува националните и верските чувства на сите Македонци низ целиот свет, како и конкретната порака што му беше пренесена на лична средба со него, успеавме да го неутрализираме Вранишовски во оваа насока.

Меѓутоа, сега е потребна силна контраразузнавачка заштита од државните органи.

Народно движење за Македонија ги прави долгоочекуваните потези, сега на ред е државата.
05-08-2010, 12:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#67

[Image: 2151ye.jpg]

[Image: b50045.jpg]
16-08-2010, 07:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#68

http://www.kanal5.com.mk/Default.aspx?mId=120

Реакција на Јанко Бачев на гостувањето на Срѓан Керим во емисија на Роберт Поповски:

Quote:Бачев: Керим е удбаш, кој нема храброст да ме тужи

Керим само зборува, но нема храброст да ме тужи на суд, бидејќи таму ќе се утврди вистината дека е поранешен шпион, вели Јанко Бачев за заканите на Срѓан Керим дека ќе го тужи за изнесени невистини.
09:45 | 13.10.2010 | Автор: Маја Михајловска

Ја поздравувам одлуката на господинот Срѓан Керим да покрене тужба против мене и го охрабрувам конечно да го стори тоа, за да излезе вистината на видело кој е лажго и морално неподобна личност.
Ова е одговорот на Јанко Бачев, поранешен разузнавач и лидер на партијата Народно движење за Македонија, на завчерашната закана на директорот на ВАЦ Срѓан Керим во политичката емисија „Икс-нула“, дека ќе го тужи Бачев затоа што го обвинил дека е поранешен шпион на тајните полициски служби, под псевдонимот „Консултант“.
- Тој во изминатите три години постојано се заканува со некакви тужби, но нема смелост да го направи тоа. Уште веднаш откако излегов со тврдењата дека е поранешен удбаш, рече дека преку свои адвокати ќе покрене тужба против мене. Во негов текст во „Фокус“ во април годинава, тој дури излажа дека сум осуден и дека е донесена правосилна пресуда, но јас веднаш потоа го демантирав, за што до ден денешен немам добиено ниту покана од судот, а камоли да е донесена одлука дека сум осуден - вели Бачев.
Обвинувањата дека Керим е поранешен удбаш, Бачев ги изложи на прес-конференција во 2007 година, укажувајќи дека кандидирањето на Керим за претседател на Генералното собрание на ОН е непромислен потег, бидејќи станува збор за човек кој нема никаков морален, ниту политички кредибилитет. Освен за наводното шпионскоо минато, Бачев на Керим тогаш му забележа и за неговиот политички бекграунд, кој бил крајно контроверзен, бидејќи во 1990 година, кога тогашната прва македонска влада ги повика да се вратат сите наши дипломати од Белград, да и помогнат на младата македонска држава, Керим не се одѕвал. Наместо тоа, Керим преку кругови во „Генекс“, во поранешна СФРЈ фирма на УДБА за преземање разузнавачки задачи во странство, заминал во Париз кај Борис Вукобрат, близок до Милошевиќ, каде што требало да учествува во планот на тајната полиција да ја обноват Југославија, тврди Бачев.
Претседателот на НДМ го обвини Керим и за докторската титула на Економскиот факултет во Белград, дека наводно ја стекнал со плагијат. Имено, Економскиот факултет своевремено, додека Керим работел како асистент на факултетот, утврдил дека тој го препишал докторатот од стручниот труд на професорот Љубиша Адамовиќ. Само како резултат на ургенциите на поранешниот претседател Киро Глигоров, докторатот не му го поништеле, но затоа го избркале од работното место асистент, со зборовите дека веќе очи не сакаат да му видат, тврди Бачев.
Керим во емисијата “Икс-нула” ги отфрли обвинувањата дека бил соработник на тајните служби.

Quote:Керим извади пресуда, Бачев ќе вади докази

Директорот на ВАЦ за Македонија, Срѓан Керим, докажува дека претседателот на НДМ бил осуден за клевета. Јанко Бачев вели дека пресудата може да биде резултат само на дружбата на Керим со Сашо Мијалков.

09:30 | 14.10.2010 | Автор: Маја Михајловска

„Во врска со синџирот на лаги и невистини за мене, што ги пласира патолошкиот лажго Јанко Бачев, приложувам документ од кој се гледа дека не само што има тужба, туку Бачев има и пресуда за клевета“.
Ваков демант вчера во нашата редакција стаса од директорот на ВАЦ за Македонија, Срѓан Керим, како реакција на текстот објавен во вчерашниот број на весникот. Во текстот, поранешниот разузнавач и лидер на партијата Народно движење на Македонија, Јанко Бачев, вели дека Керим само зборува, но нема храброст да го тужи на суд, бидејќи таму ќе се утврди вистината дека е поранешен шпион под псевдонимот „Консултант“. Пред тоа, во емисијата „Икс нула“ на Канал 5, Керим се закани дека подготвува нова тужба за Бачев.
„Наместо да лаже дека немало тужба против него, подобро ќе биде да објасни зошто на ниту едно од рочиштата од приватната тужба за клевета за кое има и пресуда, не се појавил?! Веројатно затоа што нема образ да и погледне во лице на вистината. И не само тоа, наместо непрестано да ги фалсификува фактите, подобро ќе беше Бачев да си го исполни задолжението од пресудата, според кое се задолжува на негова сметка да го објави диспозитивот на пресудата во ТВ-дневникот на телевизија А1 и во дневните весници 'Време' и 'Шпиц'“, се вели во демантот потпишан од Керим.
Во копијата од пресудата што ни беше испратена заедно со демантот, се гледа дека пресудата била донесена на 25 март лани, значи две години по прес-конференцијата на Бачев од мај 2007 година, на која тој, меѓу другите обвинувања на адреса на Керим, посочи дека тој бил шпион на УДБА. Во пресудата, освен спомената казна, Бачев е казнет и со 800 евра. Керим нагласува дека во тек е и втора тужба за клевета против Бачев, во врска со последните обвинувања изнесени во неделникот „Форум“.
Бачев вчера повторно изјави дека никогаш ниту добил покана за случајов, а уште помалку е запознаен дека во меѓувреме била донесена пресуда во негово отсуство. Тој вели дека и понатаму стои на ставот дека се што кажал за Срѓан Керим на пресот во 2007 година е точно и дека ќе побара обнова на судската постапка, за да ја докаже вистината.
- Очигледно е дека дружбата на Керим со првиот човек на тајната полиција Сашо Мијалков, со која тој постојано сака да се фали, ги дава резултатите. Ако навистина е донесена наводната пресуда, тоа покажува дека таа е напишана на некоја друга локација, но никако не во судот.
Ако пресудата е донесена без присуство на тужениот,
значи без мое присуство, Законот за кривична постапка дава можност по мое барање судот да ја повтори постапката. Со задоволство ќе му ја дадам можноста на господинот Срѓан Керим да ги соочиме аргументите на суд и тогаш ќе се види кој е патолошки лажго - реагира Бачев.
Според него, симптоматично е како тоа не ја добил поканата за суд, кога во периодот по пресот од 2007 година е достапен, постојано е во државата, со непроменета адреса на живеење и за цело време е присутен во јавноста со колумни и со прес-конференции.

Бачев: За се имам докази!

Во пресудата Бачев е обвинет и за клевета дека на истата прес-конференција го обвинил Керим дека ја фризира биографијата, бидејќи докторската дисертација ја препишал од стручен труд на професор на белградскиот Економски факултет, дека побегнал во Париз наместо да се врати во Македонија на повикот на тогашната прва влада да и помогне во првите денови по осамостојувањето и дека е поврзан со многубројни криминални афери.
Бачев нагласува дека има докази со кои на суд ќе ги потврди сите овие наводи.

Ке биде интересно.
Лустрацијата неможе веке ни Сашо ниту па Груица мали да ја сопрат.
(This post was last modified: 16-10-2010, 03:22 PM by ЈорданПетровски.)
16-10-2010, 03:21 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#69

Нешто ми вели дека нема да има обновување на процесот.
(This post was last modified: 16-10-2010, 04:42 PM by Душан Јордан Петровски II.)
16-10-2010, 04:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#70

Quote:ПОЛИТИКАТА НА САД КОН ТАКАНАРЕЧЕНИОТ СПОР ЗА ИМЕТО

Во мојата претходна колумна пишував дека е созреан моментот македонската влада да поднесе барање до Обединетите нации (ОН), за да го оствари своето меѓународно право да биде нарекувана Република Македонија. Притоа детално ги опишав неколкуте начини што и стојат на располагање на Македонија за враќање на нашето уставно име во ОН. Се разбира, одредувањето на најсоодветниот начин е прашање на политичка проценка за тоа која од понудените правни опции нуди повеќе можности постапката во ОН да биде завршена во прилог на Македонија. Во постоечките околности овие правни опции претставуваат најдобар начин за разрешување на овој таканаречен спор за името. Сега останува само можноста оваа или некоја наредна македонска влада најпосле да се охрабри и да изрази политичка волја за разрешување на т.н. спор за името преку понудените правни опции во рамките на ОН.

Во денешниот мултиполарен свет, САД, како еден од најзначајните центри на моќ, имаат доминантно влијание во светската политика. Затоа е важно да се разбере нивниот однос кон т.н. спор за името, во контекст на притисок од Грција за целосно обезличување на Македонија. За таа цел нашиот јужен сосед постојано го држи отворено прашањето за името, заострувајќи го со проблематизирањето и на културниот, јазичкиот, како и на историскиот идентитет. Со други зборови, името е само параван зад кој се крие обидот на Грција да ја реализира својата стратегија за национален геноцид врз Македонците, иако нејзиното објаснување е дека ја брани својата национална безбедност!

ДИПЛОМАТСКИТЕ ИЗЈАВИ НА РИКЕР

Веднаш со жалење ќе констатирам дека на домашен терен влијателната стручна и експертска јавност до денешно време не разви доволен капацитет на вистински начин да ја апсолвира реалната американска политика во т.н. спор за името. Дури, овие влијателни експертски кругови, кои дваесетина години го креираат јавното мислење во државата, успеаја да наметнат погрешно уверување кај македонските граѓани дека Американците водат некаква противречна политика, во стилот - Ем не признаваат под уставното име, ем бараат да го промениме името. Како резултат на ова, кај голем дел од Македонците се јавува недоверба спрема американската политика во т.н. спор за името. За таквата недоверба придонесува и однесувањето на американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер, кој повремено излегува со изјави дека е потребно некакво компромисно решение, што, пак, кај граѓаните асоцира на американско залагање за промена на нашето уставно име.
Сосем разбирливо, граѓаните не можат во доволна мера да ги прочитаат дипломатските стилови и тактики, односно, начините на кои американскиот амбасадор пристапува и ја води американската политика спрема ова прашање. Во краен случај, не значи дека Рикер, како и секој друг амбасадор, целосно е запознаен со стратегијата на својата земја по одредено прашање што се гради во централата. Така и Рикер добиените насоки од Вашингтон во врска со т.н. спор за името ги пренесува на дипломатски јазик, кој понекогаш ги револтира Македонците, но, треба да се разбере дека човекот е дипломат и работите мора да ги кажува од таа позиција. Дотолку повеќе што Грција, како втора страна во т.н. спор за името, е членка на НАТО, каде САД имаат водечка улога.

Меѓутоа, зачудува простото, буквално поимање на изјавите на Рикер од страна на влијателните домашни експертски кругови, без притоа да покажат елементарен капацитет за нивно суштинско интерпретирање. А, токму на таквото поимање, домашните експертски актери градат обесхрабрувачки коментари во јавноста, дека, ете, Македонија води некаква политика за името спротивна на залагањата на Американците, кои божем бараат од нас да го промениме името. Оттука се извлекува заклучок дека тие (САД) наводно дигаат раце од Македонија, со што создаваат привид дека е доведено во прашање нашето сојузништво со САД.

За да стекнеме подобра прегледност на американската политика во однос на т.н. спор за името, ќе се навратам на вториот референдум во самостојна Македонија од 7 ноември 2004 година, на кој граѓаните требаше да се определат „за„ или „против„ новата територијална организација на локалната самоуправа. На три дена пред референдумот, на 4 ноември 2004 година, само една ноќ откако Џорџ Буш беше повторно избран за претседател, на Македонија и беше соопштена одлуката дека САД не признаваат под уставното име. Оттогаш до денес во јавноста опстојува врската меѓу признавањето на уставното име и референдумот. Поточно, дека американското признавање на уставното име на Македонија е темпирано направено три дена пред споменатиот референдум за новата територијална поделба во Македонија, со цел тој да не успее!

БУЛДОЖЕР ДИПЛОМАТИ

Мојата поента е дека тајмингот на признавањето на уставното име и референдумот не се во причинско-последична врска. Поточно е да се каже дека референдумот само им послужи на САД како извонреден повод за признавање на уставното име. А, токму американското признавање на нашето уставно име создаде непремостива брана Македонија да биде скршена од одредени влијателни земји - членки на ЕУ, да го промени своето уставно име. Со други зборови, американско признавање на нашето уставно име денеска е всушност главната сериозна пречка, Македонија да биде обезличена во т.н. преговарачки процесс. Значи, таквото не случајно признавање на уставното име има немерлива корист за Македонија, бидејќи предизвика сериозен проблем на Грција во нејзиниот уривачки атак врз Македонија. Велам дека не е случајно признавањето на уставното име, бидејќи е јасна американската ориентација кон Македонија уште од моментот на создавањето на македонската држава на заседанието на АСНОМ од 2 и 3 август 1944 година. Уште оттогаш политиката на Вашингтон е на линија на опстојување на македонската држава со сите свои национални атрибути, вклучувајќи го и името!

Затоа, домашните актери кои бараат САД најпосле да назначат т.н. булдожер дипломати за да ја вразумат Македонија да го промени своето име и понатаму ќе останат разочарани. За такво нешто најпрвин е потребно Американците да ја повлечат својата одлука за признавање на уставното име на Македонија. САД никогаш нема да си дозволат такво бламирање на светската сцена, со т.н. булдожер дипломатија да притискаат да го промени своето име некоја земја која нивната администрација претходно ја признала под истото име. Тоа нема да се случи, бидејќи ниту ова, ниту било која идна администрација во САД нема да го ризикува угледот на нивната држава со газење врз принципите на нивната конзистентна надворешна политика. Во американското општество постои свест дека нивната надворешна политика претставува вредност и традиција, која политичките елити што доаѓаат само ја продолжуваат од своите претходници!

Со еден збор, во Америка постои свест за улогата која таа ја има како промотор на истите тие вредности во светот, со цел да создаде меѓународна ситуација која најмногу им одговара на интересите на САД. Затоа, Македонија не треба да ја повтори стратешката грешка од 8 април 1993 година со настојчивото инсистирање за прием во ОН по секоја цена, односно, под некакво провизорно име - ПЈРМ, иако таквиот прием во тој момент не бил неопходен. Приемот на Македонија во ОН заслужува посебна анализа во некоја друга прилика. Патем, не е на одмет да се споменат и засега срамежливите најави дека НАТО ќе го менува принципот на гласање, во моментов засновано на конзензус.

Оттука, Македонија, и покрај нејзините аспирации за членство во евро-атланските структури, не треба да презема непромислени чекори кои можат да ја избришат од именикот на светските наци, туку треба стрпливо да чека подобра прилика. Дотолку повеќе што политиката на САД, онаа зад завесите што не ја гледаме, е на линија на зачувување на нашето уставно име. Прашањето со името не го проблематизираат ниту Кина и Русија, кои не признаа под уставното име. А дотогаш граѓаните не треба многу да се потресуваат од изјавите на Рикер, кој и во иднина ќе дава изјави спакувани во дипломатска обланда, дека партнерите од НАТО делат ист став.

РУЖИН, КЕРИМ И ТИТОВИОТ ФОНД

Меѓутоа, загрижувачко е однесувањето на одредени домашни експерти кои и понатаму силно ја туркаат агендата дека мора самите да се преименуваме. За волја на вистината, силно е нивното влијание со оглед на просторот што го добиваат во разноразни македонски медиуми. Најсвеж е примерот со гостувањето на влијателната А1 телевизија на експерти од типот на Мерсел Биљали и Нано Ружин, што е добар повод да се навратам на кажаното.

Ако за Биљали можеби има некакво оправдување дека воопшто не му е гајле како ќе се вика оваа држава, зачудува однесувањето на Ружин кој се декларира како Македонец. Имено, Ружин, како и неговиот пријател Срѓан Керим, со нивната божемна вљубеност во, како што ги нарекуваат, нашите пријатели во НАТО и ЕУ, веруваат дека и понатаму ќе ги остваруваат своите лични кариеристички амбиции. Патем, смешна е вљубеноста на двоецот Ружин - Керим во НАТО и ЕУ, ако се знае дека обемно ги користеа привилегиите на т.н. Титов фонд и системот на поранешниот југословенскиот водач Ј.Б.Тито, во кој беа најголемите плукачи на капиталистите и натовците. Како и да е, Ружин испушта од вид дека од дамнина е познато дека на суровата меѓународна сцена, пријателите и непријателите се менуваат, а трајни се само интересите, па, нашата должност, на политичарите и дипломатите, е нив да ги бранат!

Меѓутоа, како да ги брани овие интереси Ружин, кој како и Срѓан Керим, човек исто така со многу дипломатски титули, кои лажно се претставуваат како дипломати од кариера, а, згора на се, стануваат опасни за македонските национални интереси. Загрижувачко е однесувањето на Ружин, бидејќи, откако најпрвин се изјасни дека во Македонија, замислете, не треба да биде доминантен само македонскиот јазик, дополнително ни порачува дека членството во ЕУ е поважно од името. Неговото образложение е дека за 10 години никому нема да му биде битно дали Република Македонија се вика вака или онака, односно, по десет години никому нема да му пречело како се викаме. Ете, Ружин, дотука ја гледа Македонија, надевајќи се дека некој странски ментор ке му овозможи некоја нова дипломатска функција доколку одработува на штета на сопствениот народ.

Патем, не е ли крајно перверзно Ружин на дебати да говори за скандалозното поставување на македонски амбасадори без потребното искуство, кога самиот стана македонски амбасадор во НАТО со НУЛА денови дипломатско искуство. Поточно, стана амбасадор како резултат на невештиот обид на Љубчо Георгиевски, кој како премиер во 2000-та тргна по умот на тогашниот министер за надворешни работи Срѓан Керим, и реши да ја ослабнува СДСМ со тоа што великодушно им нудеше амбасадорски места на тогашните опозициски пратеници од СДСМ!

ЗАТКУЛИСНИ ИГРИ

Непристојната понуда ја прифати само Нано Ружин, кој го направи најголемиот пресврт во македонската политика во тоа време - замина во Брисел во време на ВМРО-ДПМНЕ, како пратеник од СДСМ. Како што велеа од СДСМ, поради предавството на сопствената партија, во јануари 2000-та Ружин беше исклучен од редовите на СДСМ. Ете, таквите заткулисни игри за Ружин денеска претставуваат вредност за некој да се претставува како врвен дипломат. Двојката Ружин-Керим уште еднаш се провлече низ македонската дипломатска историја. На крајот од својот мандат во Брисел, Ружин повторно се обиде да и наштети на Македонија, пречекорувајќи ги надлежностите давајќи штетни изјави за т.н. спор за името, спротивно на насоките од македонското МНР.

Кога сум кај Ружин, да ја споменам уште и прикаската со т.н. престижна награда што ја доби за Амбасадор на НАТО за 2007 година во Брисел. Човекот едноставно сеуште не може да разбере дека се работи за уште една измислица на светските центри, со цел да им конструираат на некои амбасадори лажна претстава за нивната способност, за да имаат поголема контрола врз нив. Со други зборови, доделувањето на овие награди на некакви дипломатските журки во суштина претставува обично мајтапење!

Да појаснам дека воопшто не е можно да се оцени нечија амбасадорска работа, бидејќи таа по дефиниција е конспиративна (разузнавачка). Амбасадорот собира податоци од интерес на својата земја и притоа во најстрога дискреција - преку шифрирани телеграми, радио станица, дипломатски курир или лично, ја носи дипломатската пошта во својата земја. Со еден збор, работата на амбасадорот е далеку од очите на јавноста. Тогаш, како бордот што ја доделува наградата оценил дека Нано Ружин е најдобриот амбасадор во НАТО, кога е невозможно да се оцени работата на било кој од 200-те амбасадори во НАТО во Брисел? Се разбира, ќе беше во ред доколку Ружин на дебатните емисии се фалеше дека добил награда како победник на некој дипломатски тениски турнир во Брисел, но, да се фали со награда за најспособен дипломат во Брисел, најмалку што може да очекува е потсмев.

Како што спомнав, невозможно е да се измери реалната работа на еден амбасадор во конкуренција со останатите амбасадори, бидејќи природата на дипломатската функција ги прави сите да се свртени едни спрема други, па често пати меѓусебно се шпионираат. Но, ако е за некаква утеха на Ружин, бројните домашни експерти - негови истомисленици, кои неуморно работат да го скршат македонскиот народ, се натпреваруваат само во кинење зелени!
20-12-2010, 03:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#71

Quote:KОЛУМНА
Пишува м-р Јанко БАЧЕВ

ПРЕРОДБЕНИЦИТЕ СЕ ИСПЛАШИЈА ОД „НИРНБЕРШКИОТ ПРОЦЕС„ ШТО ИМ ГО НАЈАВИ ЈАНИ МАКРАДУЛИ!

Уште пред неколку месеци најавив дека не очекуваат предвремени парламентарни избори во март 2011 година. Ваквото тврдење го темелев на еден тогашен заклучок на највисокото раководство на ВМРО - ДПМНЕ за распишување предвремени избори во март идната година. Меѓутоа, после минатонеделната долга седница на Извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ, јасно е дека идната пролет нема да има предвремени избори, бидејќи на седницата е отфрлена иницијативата на СДСМ за предвремени избори. Затоа, вистинската дилема сега е, што е тоа што ги расипа сметките на владеачката партија да се откажат од нивната првична идеја за изборно соочување во март 2011 година? Дотолку повеќе што од ВМРО - ДПМНЕ брифираат дека рејтингот на нивната партија е висок, а опозицијата е се уште слаба, што значи дека непристојната понуда за предвремени избори што СДСМ ја упати до владеачката партија, ВМРО - ДПМНЕ не би требало да ја одбие!

Меѓутоа, работите не стојат така. Кодошките досиеја на челниците на ДУИ со кои серизоно е разнишана популарноста на оваа партија кај албанските гласачи, како и т.н. марш на СДСМ од 5 декември, кој на големо изненадување беше масовно посетен, по се изгледа влијаеа ВМРО - ДПМНЕ привремено да се откаже од распишување на избори идната пролет. За секој случај, од ДУИ веднаш по маршот на опозиционерите категорички изјавија дека се против вонредни избори, прејудицирајќи ја и финалната одлука на ВМРО - ДПМНЕ во однос на евентуалните избори!

ПОКЕРАШКА ЛОГИКА

Инаку, кај раководството на ВМРО - ДПМНЕ се појавила особена вознемиреност од една навидум противречност во извештајот на нивниот аналитички центар во врска со маршот на опозицијата. Имено, по добиените информации од теренот, вмровските аналитичари констатирале дека на маршот од 5 декември имало помалку автобуси од внатрешноста, а барем три до четири пати поголема присутност од митингот на СДСМ пред владата од 27 јуни 2010 година, на кој педантните вмровски аналитичари забележале повеќе автобуси, а драстично помало присуство. Значи, вознемирувачко било сознанието дека речиси половината од присутните на маршот биле од Скопје, кои во најголем дел излегоа спонтано да го искажат своето незадоволство!

Вознемиреноста уште повеќе била подгреана и со тоа што денот на опозицискиот марш беше особено студен, а посетеноста многу голема, иако на такви партиски собири дури не излегуваат вработени во сто и дваесетилјадната јавна и државна администрација од страв да не биде видени и снимени. Значи, овие моменти ја доближија до реалноста ВМРО-ДПМНЕ. Дотолку повеќе што на секој му е јасно дека зад оние што маршираа во корист на СДСМ, во заднина стои многу голема бројка која го прави неизвесен исходот на евентуални избори во март 2011 година, за кога постоеше првично расположение кај ВМРО - ДПМНЕ да ги распишат!

Е сега, во такви околности, вмровското раководство оцени дека нема причина за распишување на избори. Иако, доколку сега бидат распишани предвремени избори, како што велат, нивната партија би имала двојна предност пред СДСМ. Дури, во моментот на силна нервоза од новонастаната, за волја на вистината и неочекувана атмосфера во која СДСМ преку ноќ ги сврте работите во своја корист, во ВМРО-ДПМНЕ целосно го утнаа и соопштението до јавноста со кое ја отфрлија иницијативата за предвремени избори. Имено, за нив било неприфатливо, само поради едно блефирање и покерашкиот пристап во политиката на Бранко Црвенковски, целосно да ја дефокусираат нивната енергија насочена кон спроведувањето на ветената Преродба во сто чекори, стоеше во партиското соопштение на ВМРО - ДПМНЕ!?

Меѓутоа, нервозата си го прави своето, па во ВМРО - ДПМНЕ оперирајќи со покерашки изрази направиле почетнички превид. Имено, во покерската игра најпосакувана ситуација е во клучниот момент од играта да процените и знаете за блефирањето, со што добивате можност да ги сотрете соиграчите-блефери и да го однесете пленот. А, во ВМРО - ДПМНЕ знаеле дека Црвенковски блефира, но, замислете, не сакале да го сотрат својот политички ривал (СДСМ) на избори што е основна поента во едно плуралистичко општество. Впрочем, затоа и постојат партиите, за да победуваат на избори и дополнително по победата што подолго да остануваат на власт. Во оваа насока, политичката теорија и светската изборна практика не познава случај некоја партија да не сака да оди на избори од голема жал да не го победи катастрофално својот политички противник!?

САМО ИМЕТО ЌЕ ИМ БИДЕ АДУТ!

Патем, пред вонредните парламентарни избори во јуни 2008 година, опозицискиот СДСМ настојчиво се залагаше да нема избори, замајувајќи ја тогаш јавноста дека изборите во тој момент ќе ја загрозат нашата евроатланска интеграција. Иако, вистинската причина беше стравот на СДСМ дека ВМРО - ДПМНЕ ќе однесе убедлива победа на тие избори. Затоа, вмровците тогаш иронично им довикнуваа на сдсмовците дека е нормално опозицијата да бара предвремени избори и дека е чудно што не го бара тоа. Сега, пак, кога од маршот на опозиционерите СДСМ побара избори, ВМРО - ДПМНЕ не сака да оди на избори, иако, како што велат, би освоиле најмалку двојно повеќе пратеници и нов четиригодишен мандат. Арно ама, ваквото тврдење на ВМРО - ДПМНЕ има фалинка - сега нема кој да поверува на таквото нивно тврдење. Како што немаше кој да поверува во споменатото тврдење на СДСМ во пресрет на изборите во јуни 2008 година!

Во оваа насока, премиерот Груевски отиде уште подалеку преку невештиот обид да конструира една нереална димензија, кажувајќи во неговото последно интервју дека ВМРО - ДПМНЕ во моментот не прифаќа избори, водејќи се, замислете, од државните и националните интереси. Патем, за помалку упатените да кажам дека национален интерес на една држава е она што таа држава ќе го прогласи за национален интерес. Со еден збор, секоја држава е слободна во определбата да каже што е нејзиниот национален и државен интерес, иако понекогаш таквите определби се многу несериозни!

Па, така, и на советниците на Груевски им се сонило да го посоветуваат да излезе во јавноста со тврдење дека една вообичаена работа (да има или да нема избори) својствена за демократските системи, требало, ни помалку ни повеќе да биде прашање од национален и државен интерес. Но, како и да е, за волја на вистината, треба да се има разбирање за погрешните совети на премиеровите советници, во услови кога челниците на ВМРО - ДПМНЕ беа исправени пред голема дилема, бидејќи не е лесно и популарано да се отфрли предизвикот на опозиционерите и да се сокрие стравот од изборно соочување!

Меѓутоа, во целата оваа атмосфера околу фрлената ракавица од опозиционерите за изборно соочување, несвесно произлезе и една добра работа од национален и државен интерес. Имено, ВМРО - ДПМНЕ сега е исправен пред предизвикот барем до наредните избори да не го промени името на државата, бидејќи во услови кога и понатаму нема инвестиции и фабрики во државата, уште отсега е јасно дека нивен адут и на наредните парламентарни избори ќе биде наметнатиот впечаток во јавноста дека го бранат името. Се разбира, таквата определба е водена од нивниот личен и партиски интерес, за по секоја цена да обезбедат барем уште еден мандате. На тој начин, пак, да го оневозможат залагањето на пратеникот Макрадули за нов „Нирнбершки процес„ и тоа, не во судниците, туку во спортската сала „Борис Трајковски„. Во отсуство на други изборни адути, јасно е дека со евентуална променена на името, ВМРО - ДПМНЕ нема што да бара на наредните избори!

ВИЕНСКАТА КОНВЕНЦИЈА Е ИНИЦИЈАТИВА НА СФРЈ

Инаку, не случајно велам дека одбраната на името од ВМРО - ДПМНЕ е водена од личен и партиски интерес, бидејќи лажна е наметната перцепција дека оваа партија има вистинска намера и желба да го одбрани македонското име, односно, дека и тие се спремни за компромис по ова прашање од највисок национален и државен интерес. Но, лажното четиригодишно замајување дека владеачката партија ќе го одбрани името заслужува посебна анализа.

Кога сум кај прашањето за името, изминатите две недели на домашен терен повторно засилено дебатираа стручните и експертски кругови задолжени за кршење на македонскиот народ, за да прифати сопственото обезличување, а во контекст на наводните навредливи коментари упатени до евроамбасадорот Ерван Фуере од страна на пратеникот Влатко Ѓорчев. Притоа намерно или од незнаење, беседеа дека Македонија дури ја пречекорила Виенската конвенција за дипломатски односи и затоа нашата влада треба да се извини. Се согласувам дека постои пречекорување, но, прашањето е кој всушност ја пречекорува Виенската конвенција, и кој на кого треба да му се извини? Доколку споменатите стручни и експертски кругови ја прочитаат Конвенцијата, ќе останат посрамотени во контекст на нивното бламирање на сопствената држава пред европските бирократи!

Збор-два за самата Виенска конвенција за дипломатски односи, за која е интересно и тоа што е донесена на иницијатива на поранешната СФРЈ. Имено, дипломатските обичајни правила создадени во вековната практика, во периодот по Втората светска војна се покажаа како недоволни и несигурни да ја обезбедат непречената дејност на дипломатските претставници. Поранешна Југославија, пак, доживеа тешки дискриминации и малтеретирања на своите дипломатски службенцици во инфорбировските земји. Поради тоа, Југославија во 1952 година поднесе предлог до Генералното собрание (ГС) на ОН да се изврши кодификација на правилата на дипломатските односи.

ГС го прифати овој предлог и ја овласти Комисијата за меѓународно право да изврши подготовка за оваа кодификација. Комисијата во 1957 година реши да се изработат четири конвенции: за дипломатските односи, за конзуларните односи, за дипломатијата ад хоц и за статусот на претставниците на државите при меѓународните организации. На овој начин требало да се кодифицира целокупното дипломатско право. ГС со својата Резолуција број 1450 (ЏИВ) од 7 декември 1959 година реши да свика меѓународна дипломатска конференција. Таа се одржа во Виена, од 2 март до 14 април 1961 година, во присуство на 81 држава.

И тогаш, на Конференцијата беше усвоена конвенцијата која доби назив Виенска конвенција за дипломатските односи. Со тоа е извршена кодификација на еден дел од дипломатското право. Таа се однесува само на постојаните дипломатски мисии во странство. Привилегиите и имунитетите предвидени во Конвенцијата, не се установени во корист на поединците, туку со цел, дипломатските мисии што поуспешно да ги вршат своите функции. Освен државите, кои имаат свои постојани дипломатски мисии во другите држави, и меѓународните организации испраќаат свои постојани мисии. Така и Европската унија како меѓународна регионална организација испраќа постојани мисии, а во моментот има таква мисија и во Македонија.

КОЈ РАБОТИ 24/7 - ГРУЕВСКИ ИЛИ ФУЕРЕ?

Во смисла на Виенската конвенција за дипломатските односи, Фуере има основна задача да ги следи настаните што се случуваат на сите полиња во Македонија и за нив да пишува извештаји до Брисел. Територијалната држава, во случајот Македонија, е должна да ги преземе сите мерки со цел да не се нанесуваат навреди на неговата слобода и неговото достоинство. Меѓутоа, внимавајте добро, според конвенцијата, Фуере е должен да ги почитува законите и прописите на Македонија и должен е да не се меша во нејзините внатрешни работи!

Меѓутоа, Фуере излегува од својот мандат со неговиот став за сите внатрешно-политички прашања во државата, како, на пример, со т.н. антиквизација; па со коментарот за своевремената смена на претседателот на антикорпуциската комисија; апокалиптичните сценарија што ќе се случи ако не се реши спорот за името; сликовитата споредба за тоа на што ни личат затворите... Или, неговите изјави дека одложувањето на спорот за името води кон меѓуетнички тензии; дека се преговара за името, а не за идентитетот, дека повикувањето на настани од пред илјада години нема да им помогнат на граѓаните да најдат работа; дека пресудата за ЕВН е дискриминаторска и непримерна; дека по 20 години и албанскиот, турскиот и ромскиот ќе бидат државни јазици... Според Виенската конвенција, Фуере нема овластување да го прави ова и да управува со Македонија, бидејќи Македонија не е под старателство на ЕУ!

Оттука, Виенската конвенција ја прекршува Фуере, кој треба да е среќен што амбасадорува во земја која свесно не го користи правото од Конвенцијата да го прогласи за персона нон грата. Се разбира, домашните наменски експерти ги премолчуваат овие битни моменти. За нивната прикаска, пак, дека ние сакаме во ЕУ, а не тие кај нас, заради што треба да го оставиме Фуере да прави што сака во Македонија, ќе стане збор во друга прилика. Значи, токму од Виенската конвенција произлегува дека Фуере не може да му биде сериозна конкуренција на македонскиот премиер во поглед на присуството во јавноста со став за сите внатрешно-политички прашања во државата и на тој начин да создава забуна во јавноста, кој всушност работи 24/7 - Груевски или Фуере?

Авторот е Претседател на Народно движење за Македонија
26-12-2010, 06:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#72

Quote:ГЕРМАНСКАТА ШПИОНСКА СЛУЖБА КОНТРОЛИРА НАЈМАЛКУ
ДВАЈЦА МИНИСТРИ НА ГРУЕВСКИ, ПЛУС СРЃАН КЕРИМ!

Веќе пишував за решителноста на Германија по секоја цена да ја истера работата со растурањето на СФРЈ, која во 1991 година беше разбиена како државно-правна заедница. Ниту фундаменталните промени со уставните амандмани од 1988 година, меѓу кои и воведувањето на партиски плурализам наместо еднопартискиот систем во кој единствена водечка сила дотогаш беше Сојузот на комунистите на Југославија, не беа доволни да ја спречат дисолуцијата на југословенската држава. Според сведочењата на релеватни меѓународни актери од тоа време, Европејците можеа само да се чудат, но Германија самостојно реши до крај да ја истераат работата со растурањето на Југославија.
Но, СФРЈ е веќе историја. Да го видиме сега односот на германската политика во однос на Македонија. Имено, после бројните погрешни чекори на ЕЗ како да се надмине кризата во Југославија, Германија на 16 декември 1991 година наметна усвојување на Декларација за Југославија со која беа пропишани услови за признавање на оние југословенски републики кои сакаат да бидат независни држави. Притоа, од југословенските републики беше побарано до 23 декември 1991 година да се изјаснат дали сакаат независност, а примената на одлуката да почне од 15 јануари 1992 година. Со оваа декларација беа формулирани прилично магловити критериуми за признавање, како на пример, правна држава, човекови права, демократија, владеење на правото и слично, чија прецизна содржина, не само што не е предвидена во ниту еден меѓународно-правен документ, туку, уверен сум дека истата докрај исцрпно не можат да ја елаборираат дури ни најреспектабилните авторитети од областа на меѓународното право, бидејќи се работи за мошне екстензивни (поими-наслови) и оттаму контроверзни категории!

ЕВРОПСКИ КРЕДИБИЛИТЕТ

Всушност, со пропишаните магловити услови за признавање, ЕЗ на своевиден начин изврши фактичка измена на традиционалното меѓународно право во однос на моментот на настанувањето на државата како субјект на меѓународното право. Имено, според декларативната теорија која денес преовладува во теоријата и практиката, државата станува членка на меѓународната заедница со самото исполнување на потребните белези (територија, власт и население). Оттука произлегува и прашањето за меѓународно-правната заснованост на една организација (ЕЗ) со ограничен (регионален) состав да си припише на себе овластување да пропишува услови за признавање, и на тој начин да го менува општото меѓународно право во однос на признавањето на нови држави. Така пак, бездруго на волјата на тесен круг на држави им се дава поголема специфична тежина во однос на сите останати членки на меѓународната заедница. Со еден збор, ЕЗ во тоа време се постави како своевиден мандатор на меѓународната заедница во југословенската криза.
Во такви околности, во својот извештај од 11 јануари 1992 година, Арбитражната (Бадинтеровата) комисија во делот за Македонија насловен како Мислење број 6, препорача нејзино меѓународно признавање. На три дена пред состанокот на ЕЗ за меѓународно признавање на југословенските републики, постоеше германско согласување и со македонското признавање, односно, нивна определба дека ќе ги следат препораките на Арбитражната комисија. Но, за разлика од документираниот став на Арбитражната комисија, ЕЗ на состанокот од 15 јануари 1992 година донесе одлука да ги признае само Словенија и Хрватска. Македонија не беше призната, иако според мислењето на Комисијата ги исполнуваше предвидените услови.
Од друга страна, Хрватска, иако изостана на Бадинтеровиот список на препорачани за признавање, сепак, на 15 јануари 1992 година ќе биде меѓународно призната од страна на ЕЗ. Признавањето на Хрватска во последен момент беше протуркано под германското покровителство. Значи, во настанот од 15 јануари 1992 година, ЕЗ ги призна Словенија и Хрватска, а Македонија е жртва на Германија. Неколку дена пред тој чин, германското согласување со нашето признавање им беше, народски кажано во џебот и на Македонците, но, настапи ненадејна превртливост на германската политика.
Пред состанокот на ЕЗ во Брисел на 11 мај 1992 година, весникот Нова Македонија објави дека повеќе од сигурно е дека на тој состанок, а тоа е веќе било потврдено од сериозни диломатаски извори, ЕЗ ќе ја донесе очекуваната разврска, при што сите контрирања на признавањето конечно ќе доживеале пораз. Повторно беше пренесена германската определба за признавањето на Македонија, односно, дека Бон ќе се придржува кон европско-американската декларација од март 1992 и кон споменатиот извештај на Арбитражаната комисија, кои ги пропишуваат условите за признавање и дека веќе може да се утврди дека Германија не сака да го одложува признавањето. На овој состанок главната иницијатива за признавање на Македонија дојде од данскиот министер Елеман Јенсен. Пренесувајќи го ставот на својата влада, Јенсен се заложил уште на оваа седница ЕЗ да ја признае Македонија, бидејќи одоложувањето го нарушува европскиот кредибилитет. Иницијативата ја подржа и неговиот холандски колега Ван Ден Брук!

ГЕНШЕР ВО ГРЦИЈА

Меѓутоа, Македонија уште еднаш станува заложник на превртливата германска политика. На сцена стапува германскиот министер Геншер, кој по пат на притисок ќе наметне уште едно одложување на нашето признавање. Дури, ЕЗ по сугестија на Геншер формира работна група што ќе посредува во спорот меѓу Македонија и Грција. Всушност, оваа работна група ќе биде голема замка за Македонија, бидејќи на неформалниот состанок кон крајот на мај 1992 година во Гимареш, Португалија, за првпат во официјална декларација, ЕЗ ја спомнува можноста да ја признае Македонија со име што можат да го прифатат сите заинтересирани страин. Подоцна пак, на состанокот во Лисабон, работната група да подготви поразителен предлог - Македонија да изнајде име што нема да го содржи зборот Македонија.
Интересно е што пред состанокот во Брисел, Геншер престојува во Грција, за да ја прими дипломата на почесен граѓанин на островот Скиотос. Тогаш ќе изјави дека „Германија ќе ги почитува сите витални интереси на Грција и дека ќе ја поддржи само солуцијата која е прифатлива за Грција„ Значи, во тој момент имаме целосно германско приклонување кон грчкото становиште. Геншер ова го прави токму на повлекувањето како последна дипломатска услуга за Грција. Тој состанок во Брисел ќе биде последниот европски собир на кој ќе присуствува Геншер, кој инаку 18 години беше неприкосновен шеф на германската дипломатија. Очекувано, ЕЗ на 26.06.1992 година во Лисабон донесе Декларација во која изрази готовност да ја признае Македонија со име кое нема да го вклучува зборот Македонија.
Со Лисабонската декларација е направен преседан со кој ЕЗ условува признавање на една држава доколку го смени името, со што Грција ги наметна своите максималистички барања. Лисабонската декларација која се заснова на формулацијата на т.н. Геншерова работна група ги постави основите за грчкиот триумф во рамките на ЕЗ за промена на името. Со ултиматумот за промена на името докрај беше соголена и германската политичка филозофија во однос на македонското име.
Така беше некогаш, а како стојат сега работите со германскиот интерес спрема Македонија. Имено, распарчувањето на СФРЈ и тесното поврзување на Хрватите и Словенците со германската индустрија, доведе до еманципација на овие народи кои некогаш беа поврзани со империјата во срцето на Европа. Меѓутоа, силниот продор на германската шпионска служба (БНД) и во Македонија, укажува на силен германски интерес и во македонските работи. И тоа не за било каков германски разузнавачки продор, туку за продор во врвот на актуелната власт. Во моментот, БНД остварува контрола врз најмалку двајца министри и една влијателна личност околу нашата влада. Овие личности се врбувани на класичен начин во работата на шпионските служби, откако претходно им беа доделени парични средства од соодветните германските фондови за нивната наобразба во тамошните образовни институции. Практиката на светските шпионски служби кажува дека во случај на странски елемент (стипендија, вонредно државјанство, престој...) повлекува претходно мислење на домашната разузнавачка служба за безбедносната подобност на овие лица, во случајот, од аспект на германските национални интереси.

ИНСТАЛАЦИЈА ВО ООН!

Значи, пресудно е мислењето на домашната шпионска служба за тоа, кој од странските кандидати го поминал соодветниот разузнавачки филтер, заради што, со тие лица се гради посебен оперативен однос. Поточно, врбувањето на помлади кадри и нивното подоцнежно инсталирање во највисоките државни структури по државите во светот каде Германија има свој интерес, е всушност најпосакуваниот дострел во работата на една шпионска служба. За еден од споменатите македонски функционери, поточно е ако се каже дека неговата шпионска релацијата оди на линија Берлин - Скопје преку Софија. Се повторува епизодата од македонското осамостојување, кога во тогашната влада имавме еден спој на министри со национална патриотска определба, еден дел под влијание на бугарската разузнавачка служба и еден дел под влијание на КОС.

[Image: 653209AAE7C6D047A3E05A46FB735CE4.jpg]

Во оваа насока, еден од најистакнатите примероци на силниот германски продор во Македонија, секако е и лицето Срѓан Керим, кој со германска помош беше инсталиран и во ОН, да се обиде да ја започне реформата на Советот за безбедност (СБ) каде Германија бара постојано место со право на вето. Но, очигледно е дека Германија сеуште ја нема потребната доминација во светски рамки да ја наметне посакуваната реформа во СБ!
Како и да е, Керим ја исполни задачата, бидејќи за време на едногодишниот мандат во ОН формираше некакви помошни тела за реформи во СБ. Затоа не случајно, Керим во една своја книга му посветува восхитувачко поглавје на Х.Д.Геншер, нарекувајќи го несекојдневна личност, виртуоз, врховен уметник, роден дипломат, додавајќи дека Геншер имал разбирање и жестокот се спротиставил на агресивната политика на сила во поранешна Југославија. Не е ли лицемерно ова од Керим, ако се знае дека токму Геншер го сакаше распадот на Југославија на начин што претходно југословенските народи ќе се испотепаат меѓу себе, а за кое нешто своевремено го предупредуваа негови колеги во ЕЗ?
Воопшто не спорам дека Геншер можеби ги поседува блескавите атрибути изречени од Керим, но, останува запишано дека во процесот на меѓународното признавање на Македонија, Геншер беше во служба на грчките интереси. Се разбира дека германската политика е нејзино внатрешно прашање, но, непримерно е тоа што Керим, со оглед на неговите долгогодишни германски релации кои ги задоволуваат неговите амбиции, мора сега и на ваков начин беспоговорно да им служи на истите, а на штета на достоинството на својата земја, која во тоа време претрпе штета од германската надворешна политика!

АГИТАТОРОТ ВО ЗАДНИНА НА НОВА ПАРТИЈА

Впрочем, македонската јавност имаше прилика да ја види лажната слика за човекот (Керим) со многу дипломатски титули, дека нема морален интегритет и кредибилитет, не е дипломат од кариера со преку 30 годишна кариера, со сомнителн политички беграунд и нелојален кон Македонија. Дури, Керим како министер за надворешни работи му ја полнеше главата на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски со наводното митско значење за Македонија на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа. Но, реалноста во тоа време ќе го демантира Керим и притоа ќе го разочара премиерот Георгиевски. Имено, Никола Груевски како тогашен министер за финансии во владата на Георгиевски, во својата преписка ќе констатира дека Пактот за стабилност не ги дава очекуваните резултати, затоа што проектите што првично беа понудени со неповратни средства, во тој момент се нуделе во кредитни линии, со што само се зголемувала задолженоста на земјата. Од неповратната помош на Пактот останаа само ветувањата, а до сега не доделија ниту цент, трогателно пишуваше тогаш Груевски како министер за финансии.
За да биде појасна улога на Керим во величењето и на Пактот за стабилност, треба да се знае дека неговите ментори кои исто така се Германци, се на челните позиции на овој инструмент на меѓународната заедница. Дури, овие ментори на Керим во моментот остваруваат специфични политички цели во Македонија преку компанијата ВАЦ. Значи, Керим е одлична илустрација како личните интереси и амбиции придонесуваат за користа на поединци, без оглед на спротиставеноста со националниот и државниот интерес. Но, кога просперира државата, тоа е повеќе од корист за поединците во неа, отколку кога тие просперираат секој за себе, додека државата во целина е неуспешна.
Кога сум кај Керим, со оглед на просторот, само уште да споменам дека овој вознемирувачки агитатор во заднина веќе формира нова политичка партија која се најавува деновиве. Значи, повторно нема храброст да се одважи и јавно да го промовира новиот политички субјект, туку повторно заднински ќе се обидува да проба да ги остварува своите неспорни политички интереси кои и не ги крие во јавноста. Како и да е, ако германскиот шпионски продор во поранешната СФРЈ се покажа како несреќен за југословенските народи од аспект на крвавиот распад на Југославија, не значи дека по автоматизам ќе може да се каже истото и за иднината на демократска Македонија. Да се надеваме дека актуелното германското инволивање во македонските работи ќе се покаже како среќно!

Авторот е Претседател на Народно движење за Македонија

П.С. Господинот Леонов во својата последна колумна погрешно интерпретира еден пасус од мојата последна колумна на Котле: „Ватикан и Германија беа согласни по секоја цена да се растури СФРЈ!„ Имено, јас пишувам дека македонското осамостојување беше апсурден и веројатно уникатен случај, односно дека Македонија стана самостојна држава наспроти нејзината волја бидејќи тогашните македонски челници до последен момент се залагаа за зачувување на СФРЈ. Значи, јасно потенцирам дека мислам на штетната политика на тогашниот државен врв (ГЛИГОРОВ, АНДОВ, КЉУСЕВ), а не на македонскиот народ. Верувам дека станува збор за ненамерна грешка од страна на г-динот Леонов.

Денеска Керим имаше настап на СИТЕЛ во кој се обиде да ги отфрли сите наводи на Бачев.
Сител кој е провладин гласноговорник под итно му отстапи простор на Керим. На човекот кој стои зад Демократска десница .
Водачот пак на Демократска Десница му зе саканува на Грујо дека ке му бил и противкандидат на Конгресот во март за лидерското место во партијата.
30-01-2011, 08:54 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#73

(30-01-2011, 08:54 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:

Стар штос. Глумат противници. Пополнуваат политички простор, го заситуваат и презаситуваат народот со политика, за да на народот му се огади политиката. А, целта е проста и единствена: да не се создаде можност и простор за висинска политичка конкуренција.Starce
31-01-2011, 08:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#74

ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Денеска Керим имаше настап на СИТЕЛ во кој се обиде да ги отфрли сите наводи на Бачев.
Сител кој е провладин гласноговорник под итно му отстапи простор на Керим. На човекот кој стои зад Демократска десница .
Водачот пак на Демократска Десница му зе саканува на Грујо дека ке му бил и противкандидат на Конгресот во март за лидерското место во партијата.

(This post was last modified: 02-02-2011, 06:53 PM by ЈорданПетровски.)
02-02-2011, 06:53 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#75

Mislis deka kako sto e sea vaka pozicioniran NIKOLA deka KERIM ima sansa na kongres na VMRO , po se mi se cini deka ako go navlecat na takva odluka toa ke e kraj za politika na KERIM oti ke dozivee debakal NOKAUT ama ne od GRUEVSKI toa ke mu se sluci od STAVREVSKI koj e podgotven da ja prezeme vodecka palka vo VMRO i vo vlada , dali e svesen za ova KEIRM ama sepak ne e covek da kazuva povecko sem deka NIKOLA prerasnuva vo IGRAC , a bate i pobro veke se so minal rok , GRUEVSKI odi na druga lenta , site so pedigre i predigre na celo so bate se AUT po kongres , iako sega se se gleda deka tokmu bate ja vodi i kreira igrata i deka preku KERIM pravi pontonski most a NIKOLA prifaka a GRUEVSKI veke dal signal deka PONTONSKI MOST mora da se srusi i da tuka se ostavi da minat BATE KERIM ,a vamu na vistinskiot pat ke pominat NIKOLA STAVREVSKI so celo MENAGERSKO LOZBI u VMRO
E vo konteks na ovie soznanija koi ne idat vo PRILOG na LJATAS bese i negov nastup na edna emisija na SITEL so PRATENIK od SUTKA AMDI kaj sto LJATAS ni iznakaza kako so MADI i ZINGO pravele dogovori izmami i sto ne , u disko , ama i imase LJATAS nastap so VOLCICA identicen kako na AMDI na vreme u edno poznato kafule dvajki od svojot brend na MAGARE , ako se pogleda vnimatelno se sto zborese LJATAS ke se zabelezi deka veke ne go velica svojot edinstven PRIJATEL POLITICAR koj mu bil na gosti doma , e zatoa go pustat KERIM na SITEl da mu kazat na GRUJO deka vo kampanja ke se na sprotivna strana LJATAS SITEL VECER i ZINGO oni ke sa so KERIM , ama po soznanija deka DUI se za IZBORI ako i samo ako saka VMRO toa e GRUEVSKI ODLUCEN i HRABAR , SPREMEN i RESEN , se za VMRO
02-02-2011, 07:43 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#76

малку офф

пред 3 недели помина покрај мене Бачев во тц “Бисер“ во Аеродром...
беше нешто замислен и во ’брз чекор’...а сакав да му се јавам и го застанам на збор-два, ама и јас немав време...

Да не спрема нешто? Icon_razz
(This post was last modified: 09-02-2011, 06:10 AM by toni_a.)
09-02-2011, 06:09 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#77

Quote:Пишува м-р Јанко БАЧЕВ
сабота, 12 фебруари 2011 04:14

СО МАРКЕТИНШКИ ТРИКОВИ КРЕИРААТ СЛИКА ДЕКА СЕ ЗА ЛУСТРАЦИЈА, ИАКО ВО ВМРО-ДПМНЕ ВРИЕ ОД КОДОШИ!

Лустрацијата повторно се враќа на политичката сцена во Република Македонија откако владеачката ВМРО-ДПМНЕ, на собраниската седница од 3 февруари 2011 година, ја потврди потребата за изменување и дополнување на Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција или попознат како закон за лустрација. Парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, во отсуство на опозицијата, со 63 гласа „за„ го помина во Собранието таканареченото прво читање на измените на лустрацискиот закон. И покрај обемните измени во Законот за лустрација (предлог законот содржи 26 одредби), останувам на кажаното дека во Македонија реално нема да има сеопфатна и вистинска лустрација, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ најмногу се плаши од една таква лустрација!

ВМРО-ДПМНЕ има силни причини да не дозволи во реалноста да заживее болниот, но делотворен лустрациски третман во Македонија, онака како што очекуваат граѓаните, кои, пак, недозволиво се лишуваат од еден интересен феномен. Поточно, граѓаните ќе ја немаат можноста да видат како во демократска Македонија, кодошите и кодошените од позиции на актуелни вмровски функционери се прикажуваат како македонски патриоти кои на наредните парламентарни избори на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ ширум Македонија заедно ќе пеат комитски песни. Со еден збор, во моментот кодошите се главно помеѓу функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа изворните и оние пребеганите од СДСМ, кои преку ноќ станаа страствени вмровци!

НА ПОПУЛИЗАМ, ПАРИРААТ СО ПРАВНИ АРГУМЕНТИ!?

Меѓутоа, и во такви околности ВМРО-ДПМНЕ со перфектните маркетиншки трикови ја добива битката во политичката пресметка со СДСМ на темата лустрација. Дури, може да се каже дека во моментов кај граѓаните е зацементирано некакво убедување дека владеачката партија е таа која доследно се залага за сеопфатна и вистинска лустрација, а СДСМ е партијата која го оспорува и оневозможува процесот на лустрација. Значи, целосно извртување на лустрациската вистина. Мојот одговор е дека вината за тоа лежи во самиот СДСМ, кој на екстремно агресивната и популистичка кампања во врска со лустрацијата одбра да парира со правниот пристап, односно, да покаже дека најновите измени на лустрацискиот закон се нелегитимни. А, таквиот пристап граѓаните го доживуваат како страв на СДСМ лустрацијата да не успее. Затоа, во оваа прилика сакам да го доближам одговорот за вистинитоста и во овој дел од македонската лустрација.

Имено, ВМРО-ДПМНЕ во моментов прекрасно ја тера лустрациската приказна во посакуваната насока за неа, со бомбастичните изјави кои се сведуваат на тоа дека сите функционери од 1945 година до сега ќе бидат проверувани, дали соработувале со тајните служби. Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе нема милост за никој кој имал било каква општествено одговорна улога во државата, а притоа соработувал со тајните служби. Меѓу лустрираните ќе бидат академиците од МАНУ, адвокатите, универзитетските професори, уредниците, новинарите, претседателите на политички партии... Значи, ВМРО-ДПМНЕ го кажува во јавноста она што народот со задоволство сака да го слуша. А убаво е за слушање дека измените на законот за лустрација предвидуваат со лустрацијата да бидат опфатени досиејата на сите јавни личности од АСНОМ до денеска!

Од друга страна, на ваквиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ изненадува и зачудува погрешната поставеност на СДСМ во однос на лустрацијата. Тие (СДСМ) во буквална смисла на зборот инсистираат на правниот пристап, прашувајќи, на пример, како е можно владата на ВМРО-ДПМНЕ да ја руши одлуката на Уставниот суд на државата со новите предлог измени на законот за лустрација за кој претходно се изјаснил и чии делови поништил Уставниот суд; па со коментарот дека таквата иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ е нелегитимна; измените на лустрацискиот закон подготвени од ВМРО-ДПМНЕ се во целосна спротивност на претходната одлука на Уставниот суд... Или дека власта го омаловажува и негира Уставниот суд со тоа што недозволиво ја заобиколува неговата одлука, односно, му противречи на веќе преудена работа на Уставниот суд... Се разбира, одговорот на секој правник за ова би бил дека СДСМ е потполно во право за кажаното околу правните аспекти на измените на законот за лустрација. Впрочем, тоа го знаат и правниците на ВМРО-ДПМНЕ!

НАМЕСТО ДА ПОЕНТИРА, СДСМ СЕ БРАНИ!?

Меѓутоа, во случајот, не правните аспекти со лустрацијата, туку политичкиот резон, пропратен со маркетиншки трикови, е она од што зависи партискиот рејтинг и гласовите на граѓаните на наредните парламентарни избори. Дури, со очекуваното поништување и на најновите измени на законот за лустрација од страна на уставниот суд, всушност, ВМРО-ДПМНЕ конечно триумфално ќе извика дека направи се за да има лустрација во Македонија, но, ете, структурите под контрола на СДСМ тоа не го дозволувале. Значи, како резултат на погрешниот приод спрема лустрацијата, СДСМ е доведен во ситуација да се брани и оправдува пред граѓаните дека не ја оспорува лустрацијата, наместо да поентира на вистински начин во услови кога токму во редовите на ВМРО-ДПМНЕ врие од функционери - соработници на Службата за државна безбедност (СДБ) или пак од кодоши на СДБ, чии потомци се добар дел од сегашните млади вмровски функционери по разноразните државни органи и владини институции!

Имено, СДСМ пред себе ја има владеачката гарнитура во чии редови има најмалку тројца соработници во Владата, најмалку двајца од советниците на претседателот Иванов, а ги има и во нивниот Ивршен комитет, плус минимум десеттина директори во вторите ешалони на власта, како и лидери-соработници на УДБА на седум партии од владеачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кои севкупно, како лица од високата политика, се и најинтересни за јавноста!

Е сега, во такви околности, ВМРО-ДПМНЕ наместо да биде посрамена и понижена во актуелната расправа за македонската лустрација, се случува обратен процес во кој СДСМ во јавноста ја губи битката со лустрацијата како резултат на надмоќта на пропагандните трикови на ВМРО-ДПМНЕ со кои ги сврте работите во своја корист. И тоа не било каде, туку на подрачјето на лустрацијата кое заедно со прашањето за името ќе биде повторно ударна тема и во наредната предизборна кампања. Затоа, не ни преостанува ништо друго освен да се запрашаме, какви ли тоа недоквакани членови седат во аналитичкиот центар на СДСМ?

Инаку, во бројните мои пишувања и настапи во јавноста во врска со лустрацијата, укажував дека концептот на македонската лустрација има вграден дефект. Ги изнесов моите видувања дека постојниот закон за лустрација не дозволува вистинско лустрирање, односно, го кочи процесот и ги штити соработниците на тајните служби, бидејќи владеачката ВМРО-ДПМНЕ, во јануари 2008 година се послужи со мала итрина, кога во Собранието изгласа лустрациски закон, но, така скроен, од лустрацијата да излезе едно големо ништо и голем трик за манипулација за граѓаните!

ТЕКСТ БЕЗ СУШТИНА

Во оваа насока укажував дека според манипулативниот лустрациски закон, опфатот на соработниците на СДБ е така скроен што допушта речиси сите категории граѓани, односно, факултетски професори, академици, новинари, попови, невладини активисти, адвокати, медијатори, извршители, претседатели на политички партии, таканаречените олигарси... да можат да бидат лустрирани само доколку самите тоа го посакаат. А илузорно е да се очекува дека некој самиот ќе посака да биде лустриран. Ова илустративно го прикажав така што потенцирав дека во демократска Македонија, професори - кодоши и натаму ја едуцираат македонската младина. Академици и писатели - кодоши и натаму ќе ни сервираат фалисификувана историја. Новинари - кодоши и понатаму ќе го креираат јавното мислење. Претседатели на партии - кодоши, кои во заднина за својот соработнички однос со тајната полиција со години користеле бројни привилегии, и понатаму ќе бидат чинители на политичка сцена, иако нивните партии се креирани од тајната полиција!
Очигледно е дека таквите мои заложби за лустрацијата биле доволна провокација за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сега во измените на законот за лустрација се вградени буквално сите мои укажувања до последната запирка. Патем, овие работи му ги сугерирав на Груевски уште во 2006 година после победата на коалицијата „За подобра Македонија„ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори од 5 јули 2006 година. Но, Груевски тогаш се определи за концептот на тогашниот коалициски партнер Стојан Андов, кој напиша лустрациски закон така скроен од лустрацијата да излезе едно големо ништо!

Меѓутоа, со новините во законот за лустрација со кои се зголемува периодот за кој ќе важи законот, како и бројот на лицата што ќе подлежат на него, не значи дека по автоматизам ќе имаме вистинска лустрација. Можеби измените на законот за лустрација убаво звучат во јавноста и дополнително ја прикажуваат ВМРО-ДПМНЕ како доследен подржувач на лустрацијата. Но, и овие законски измени претставуваат еден проформа текст без своја суштина од една единствена причина - не се остварливи во практиката. Имено, челниците на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму преку карикатуралната Комисија за лустрација ќе го прашуваат првиот човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, дали некој бил или не бил соработник на тајната полиција? Во такви околности, најмногу што можеме да очекуваме е да се појават одредени селектирани и дозирани досиеја за соработка со тајната полиција. Значи, сосема разбирливо и очекувано, ВМРО-ДПМНЕ настојува политички да поентира од новонастанатата ситуација со измените на законот за лустрација, во која се гледа дека измената на овој закон била само козметичка!

ПАТРИОТИ И ПРЕДАВНИЦИ

Се разбира, останува да видиме уште колу пати ќе го довлечкаат од Белград во Скопје српскиот минстер за внатрешни работи за да ги мафтосуваат граѓаните со приказната дека белградските досиеја се одлучувачки во процесот на македонската лустрација и, единствено отворањето на досиејата од Белград, ќе помогне за лустрацијата во Македонија. Наспроти вистината, дека досиејата на соработниците на СДБ на територијата на Македонија не се во Белград, туку отсекогаш се чувани во аналитичкиот одел на македонската СДБ, бидејќи оперативните досиеја за безбедносно интересни појави и настани, како и регистрите за соработничките мрежи на териториите на поранешните југословенски републики беа архивирани во републичките СДБ!

Патем, како кај лустрацијата, иста ситуација имаме и кај таканаречениот спор за името. Имено, Никола Груевски зборува за компромис за името со Грција кој нема да го загрози македонскиот идентитет и јазик, и нема да доведе до менуавање на домашниот устав. Од друга страна, и Бранко Црвенковски зборува за компромис со Грција која нема да го загрози македонскиот идентитет и јазик и нема да доведе до менување на уставот. Значи, и едниот и другиот зборуваат за компромис кој во суштина се сведува на промена на името на државата што е поразително за македонскиот народ. Поточно, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во моментов стојат на исти позиции за промена на името!

Меѓутоа, во јавноста имаме дијаметрално различен впечаток, односно, кај граѓаните постои убедување за патриотското залагање на ВМРО-ДПМНЕ за неменување на името, додека за СДСМ е конструиран впечаток на предавничка партија која се залага за промена на името, иако и двете партии во моментов имаат ист став за името - негова промена. Оттука, произлегува дека врз градењето на таквиот впечаток на патриоти и предавници, најбитен е различниот тактички приод во споделувањето со јавноста на ставовите за името. Додека ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави на еден убав патриотски начин, во опозицискиот СДСМ своите погрешни залагања за промена на името ги кажуваат отворено, и тоа уште од моментот кога дури и ЕУ не бараше од нас да го промениме името. Значи, аналитичарите на СДСМ како кај лустрацијата, и на прашањето за името ја губат битката со пропагандната машинерија на ВМРО-ДПМНЕ!

Патем, со натамошното проширување на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со наменски регистрирани партии, како и наменската пререгистрација на политичките партии во таа коалиција од страна на тајната полиција, во смисла на измените на законот за политичките партии, се потврдува моето пишување од претходните колумни, дека формирањето на бројната коалиција од ВМРО-ДПМНЕ, не била само проста математичка операција, туку добро осмислен потег, со кој ќе се обидат и на наредните избори и на овој начин да манифестираат надмоќност спрема политичките ривали во предизборната кампања!

Не случајно, покрај лустрацијата ги споменав и прашањата за името и бројната коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи лустрацијата, името и дваесетчлената коалиција повторно ќе бидат адутите на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања на наредните парламентарни избори со кои ќе се обидат да ја бранат Преродбата во сто чекори. А дотогаш, ние, политичките ривали на ВМРО-ДПМНЕ, ќе треба да развиеме доволен капацитет за успешно да парираме на таквите чекори!

Авторот е Претседател на Народно движење за Македонија
(This post was last modified: 13-02-2011, 12:09 AM by Solenik.)
13-02-2011, 12:09 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#78

(13-02-2011, 12:09 AM)Solenik Wrote:
Quote:Пишува м-р Јанко БАЧЕВ
сабота, 12 фебруари 2011 04:14

СО МАРКЕТИНШКИ ТРИКОВИ КРЕИРААТ СЛИКА ДЕКА СЕ ЗА ЛУСТРАЦИЈА, ИАКО ВО ВМРО-ДПМНЕ ВРИЕ ОД КОДОШИ!

Не случајно, покрај лустрацијата ги споменав и прашањата за името и бројната коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи лустрацијата, името и дваесетчлената коалиција повторно ќе бидат адутите на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања на наредните парламентарни избори со кои ќе се обидат да ја бранат Преродбата во сто чекори. А дотогаш, ние, политичките ривали на ВМРО-ДПМНЕ, ќе треба да развиеме доволен капацитет за успешно да парираме на таквите чекори!

Авторот е Претседател на Народно движење за Македонија

Alea iacta est, пазарот е отворен за дваесетчлената.
Чуј и почуј народе, кој понуди повеќе дваесетчлената ќе биде негова.
An inch today is tomorrow’s mile.
13-02-2011, 12:59 AM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8
#79

Ова е по старо интервју но добро е да се слушне Icon_wink
Кога веќе не го даваат на тв Icon_lol
Pishtoldzija
(This post was last modified: 20-02-2011, 03:03 AM by goran16ta.)
20-02-2011, 03:01 AM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6
#80

Јанко Бачев????? Интересно. Го читам анализирам и сум комплетно збунет. Како е можно сите информации да ги објавува доцна? Како е можно да бара гаранции за помилување од председателот без да направи кривично дело? Зошто не го објави досието на Керим и оди во затвор? ЗА МАКЕДОНИЈА во име на вистината? Во име на интересите на државата!!!!! Дали неговата партија е ПИУН на УДБА или не? Точно е дека зборува многу ама нема ништо конкретно. ШКОЛУВАН кадар или мене така ми се чини. Вели дека процесот на ЛУСТРАЦИЈА е заглавен а има информации за лица кои го глават. Нека ги објави. Знам дека е кршење закон да се имаат приватни колекции на службени досиеја. Ама пред 200 и кусур години во Америка се собрале група на луѓе кои свесно кршејки закон за повисоки национални интереси потпишале документ кој се нарекува Декларација за независност. И така со кршење закон ги поставиле основите на САД како независна држава. Што ке се случело ако Британците победеле: Нив ке ги обеселе или стрелале ама нивната идеја ке живеела и понатаму. Кој знае можеби паке некој ке пробал да направи слично нешто. Така треба и Јанко. Нека прекрши закон. Нека иде во затвор. Нека докаже дека ја сака Македонија. Нека покаже кои се подривачите на системот. Наодот не е глупав. Ке мѕ рече благодарам на овој или оној начин. Ама се ми се чини не сака....или некој не му кажал дека треба така. Можеби грешам?????
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
20-02-2011, 05:07 AM
Reply