Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗАМКАТА НАРЕЧЕНА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:Македонија
„Странските инвестиции под лупа“- факти во пост-фактичкиот свет


Новото истражување на Балканската истражувачка мрежа ја демифистицира основата на владината пропаганда: онаа за милијардите странски инвестици и стотиците илјади нови работни места
[Image: 15837943_303.jpg]
Во ерата на пост-фактичкиот свет, митовите и лагите стануваат замена за фактите. Упростената варијанта на тој свет би била дека стопати повторената лага станува вистина.
Администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп викендов ја официјализираше пост-фактичката ера во Белата Куќа, откако на јавноста и го понуди концептот на „алтернативните факти“. Агресивното користење и промоцијата на лаги беше одлика на неговата предизборна кампања, а отсега и начин на спротивставување на секоја критика упатена кон администрацијата на Трамп.
За разлика од виртуелната реалност која Трамп ја создава во САД, алтернативните факти веќе долго време се секојдневие во Македонија. Десетици медиуми, поголемиот дел- мејнстрим, со години градат слика за огромните подвизи на владата: политички и економски успеси, градежен бум, инфраструктурна револуција. Последното интервју на експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за косовски „Експрес“, на пример, открива дека во десетгодишното владеење на неговата партија биле отворени стотици нови фабрики и 170 илјади работни места. Неговото тврдење беше експресно и широко пренесено како „факт“.
Политичката култура во Македонија е точно онаква како што светот ја дефинира пост-фактичката политика: политичка култура во која дебатата е ограничена на манипулација со емоциите кои немаат врска со конкретната политика, и постојано вметнување на повторени тврдења во кои фактичката состојба се игнорира. Дополнето со класично фалсификување на вистината.
Демистификација
Еден од ретките медиуми кој се спротивставува на владејачката пропаганда со факти е порталот „Призма" на Балканската истражувачка мрежа. Истражувањето за проектот „Скопје 2014“ објавено летото 2015 година не само што ја разголи „алтернативната вистина“ на пропагандата, туку стана референца за истражувачкото новинарство во Македонија. Доколку во 2015, Балканската истражувачка мрежа (БИРН), одржа своевиден час по анатомија на контроверзниот мега-проект, денес, со проектот „Странски инвестиции под лупа“ се демистифицира создадената перцепција за странските инвестиции и отворените работни места.
[Image: 17185914_401.jpg]
Една третина од најавените странски инвестиции не се реализирале
„Странските инвестици, милионите евра странски капитал, илјадниците отворени работни места веќе функционираат во јавната сфера како вистински ‘фактоиди' – невистинити или  непроверливи информации кои толку често се повторуваат што добиваат сила на факти, иако тоа не се“, пишува во воведникот за истражувањето Тамара Чаусидис од Призма.
Според најавите на владата, во Македонија денес требаше да бидат изградени 138 фабрики и други производствени или услужни капацитети, со вработени над 62 илјади луѓе. Но, изградени се вкупно 51 фабрика, од кои 16 со директна државна помош која вклучува даночни, царински и комунални ослободувања, ослободување од плаќање ДДВ, ослободување од плаќање данок на добивка, ослободување од плаќање персонален данок на доход во период и до максимални 10 години, долгорочен закуп на градежно земјиште до 99 години и дополнително – државна помош половина милион евра за изградба на фабриките.
Повеќекратни промоции
Наспроти најавените 3,8 милијарди евра странски инвестиции, во последните 10 години вложени биле вкупно 579,6 милиони евра. Притоа, надлежните одбиваат да информираат колкав е износот на државната помош кој го добиле овие компании.
И бројката на вработени во странските компании е далеку помала од најавените 60 илјади. Во производствените капацитети на странските инвеститори во Македонија работат едвај над 20 илјади луѓе.
Севкупно, истражувањето покажува дека се инвестирани седум пати помалку пари од најавеното, а отворени се три пати помалку работни места.
[Image: 17169198_401.jpg]
Кромберг и Шуберт е вториот најголем работодавач меѓу странските инвеститори во Македонија
Новинарите кои ја истражувале темата забележуваат дека една инвестиција се промовирала и по неколку пати, неретко и со различни суми и број на работни места. Таквиот тренд бил особено забележлив во предизбориетокога зачестено се потпишувале меморандуми за соработка, се поставувале камен-темелници и се сечеле црвени ленти.
Но, наспроти постојаните најави за нови и прогласени успеси на постојните странски инвеститори, новинарите наидуваат на ѕид од молк од надлежните кога ќе се обидат да добијат одговори.
„Таа речиси манична присутност на темата странски инвестиции во владејачката пропаганда е пропорционално спротивна на молкот кога официјално ќе се побараат податоци од надлежните институции“, пишува Чаусидис.
Од вкупно 51 странски фирми кои изградиле фабрики во Македонија, само четири ја вложиле сумата која била најавена. Најблиску е британската Џонсон-Мети која, од најавените 145 милиони евра, инвестирала околу 100 милиони. Кај останатите има голем јаз меѓу најавеното и реализираното. Најголем работодавач меѓу странските инвеститори е Дрекслмајер со 5.500 луѓе на платниот список, а понатаму следуваат Кромберг и Шуберт, Џонсон Контролс, Амфенол и Ван Хол.
Од денеска, сѐ што сакале да знаете за странските инвестиции во Македонија е достапно на следниот линк: http://investicii.prizma.mk/mk
24-01-2017, 12:31 AM
Reply