Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗАМКАТА НАРЕЧЕНА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Секаде каде во текстот стои Србија, ставете го името Македонија и ке ја видите иднината што ја нуди Груевски.




Quote:NEBOJŠA KATIĆ: ZAŠTO SU INVESTICIJE KAKVE ŽELE SRPSKI POLITIČARI ZAMKA


Sunovrat nije idealan ambijent za ozbiljno vrednovanje dugoročnih alternativa – ako se o alternativama u Srbiji uopšte i razmišlja

sreda, 25 april 2012


[Image: kat25042a.jpg]

Srbija mašta o srećnoj budućnost, koju će joj obezbediti strani investitori. Ta maštanja su u domenu naivnih i pojednostavljenih tranzicionih ideja. Sve i da investitori dođu, i to baš onako kako ih političke stranke u svojim propagandnim snoviđenjima najavljuju, ta vrsta budućnosti nije tako svetla kao što domaći političari i ekonomisti misle.

Model razvoja na kome se u Srbiji danas insistira, uveo bi naciju u stanje koje se u ekonomskoj teoriji naziva „klopka srednje razvijenosti“. To je model slepe ulice u kome se posle perioda kraćeg i dinamičnog rasta, ulazi u stanje stagnacije iz koga se više ne može uteći. Zaposlenost je relativno visoka, ali su plate i životni standard na trajno niskom nivou.

Strani investitori dolaze u nerazvijene zemlje zbog njihovog tržišta, niske cene rada, povoljnog poreskog ambijenta i različitih podsticaja koje države daju. U sasvim gruboj podeli postoje dva dominantna motiva za strane ulagače iako se motivi često mogu i preklapati.

Investitori dolaze kako bi uspostavili kontrolu na novom tržištu, uklonili domaću konkurenciju ili sprečili njen rast i razvoj. Domaće tržište i njegov profitni potencijal su osnovni motiv ovih investicija. Da bi se tržište eksploatisalo i kontrolisalo, na njemu se mora biti fizički prisutan. Banke, pivare, cementare, telefonija, trgovinski prodajni lanci na primer, ilustracija su takvih investicija. One se realizuju jeftinom ili relativno jeftinom kupovinom lokalnih kompanija. Budući da je poslovna infrastruktura već tu, dodatna ulaganja nisu previše velika.

POSLE PRVIH SREĆNIH GODINA Ove investicije u pravilu ne povećavaju zaposlenost, naprotiv, ali u prvom koraku podižu standard i kvalitet proizvoda i usluga. U drugom koraku i postupno, povećavaju se cene. Kako je tržište kontrolisano, monopolizovano ili kartelizovano, strani investitor može zaposlene dobro platiti, pogotovo u poređenju sa primanjima u ostatku privrede. Teret dobrih plata se ovde lako prevaljuje na potrošače, pa solidne plate ne ugrožavaju planirani profit investitora.

Dobra primanja pacifikuju svaki potencijalni otpor koji bi mogao biti uperen protiv stranih vlasnika. Malo tržište je zauvek osvojeno, konsolidovano, i niko više ne može ugroziti takvu konstelaciju odnosa i moći. Posle prvih sretnih godina, plate počinju trajno da stagniraju, čak i da padaju. Rast produktivnosti i efekti kontrolisanog tržišta se prelivaju samo u profit.

Drugi razlog za investiranje u tranzicionu zemlju više je vezan za jeftinu radnu snagu, povoljan poreski sistem i povlastice koje država daje strancima – direktna novčana davanja, besplatno zemljište, povlašćene cene energenata, slabija ekološka zaštita, itd.. Ukratko, svi direktni i indirektni troškovi poslovanja su znatno niži nego u razvijenim zemljama, ili u zemljama koje se ubrzano razvijaju, a svojim razvojem same upravljaju. Ova vrsta investicija je najčešće okrenuta izvozu i države ih rado stimulišu. Obično je reč o novim pogonima, pa zaposlenost raste i efekti ovakvih investicija su jasno i brzo vidljivi.

Iz stanja siromaštva, u procesu koji može trajati deceniju ili dve, domaća ekonomija ulazi u stanje srednje razvijenosti. U njemu ostaje zauvek, jer tu se ekonomska klopka zatvara. Svi ključni segmenti ekonomije su u stranim rukama, a naspram moćnih stranaca stoji mala, slaba, korumpirana i pasivna država.

U tom okamenjenom privrednom ambijentu plate više ne mogu rasti, budući da ugrožavaju velike profite na koje su stranci naviknuti. Strani investitori će ostati samo ako su plate niske, ili niže od plata u drugim nerazvijenim državama. Pretnja da će proizvodnja biti iseljena je stalna, a često se traže i novi, dodatni ustupci da bi se proizvodnja nastavila.

Iz istog razloga i zbog iste pretnje, ni preniski porezi na profit se ne mogu povećavati. Moćni investitori manipulišu svojim poreskim bilansom i na razne načine iz zemlje iznose neoporezovani profit. Nejaka država nema ni primisao da se tim procesima suprotstavi.

PRIMERI IZ SVETA Kako od poreza na dobit država dobija jako malo, kako plate ne rastu, ne rastu ni porezi i doprinosi koji su vezani za plate. Budžetska kasa je uvek siromašna. Država nema dovoljno sredstava da podiže opšti standard građana, uprkos činjenici da svi rade i da rade mnogo. Iako bruto domaći proizvod raste, ono što od njega u zemlji ostaje, uglavnom stagnira.

Najbolji domaći kadrovi postaju „dobro“ inostranih kompanija i vrlo često odlaze u druge zemlje u kojima strani investitor ima svoje pogone i prisustvo. Domaća poslovna elita se tako otuđuje, služeći isključivo strancima i sebi.

Primeri ovog scenarija su poznati i jasno vidljivi na velikoj ekonomskoj sceni. Daleki Istok je najbolja ilustracija ovih procesa. Države poput Tajlanda ili Indonezije, na primer, nisu umakle klopci srednje razvijenosti. Na drugoj strani, Južna Koreja, Tajvan ili Singapur na primer, jesu. Primeri ovih uspešnih država jasno pokazuju da bez rasta i razvoja koji bazira na jačanju domaćih kompanija, na sprezi domaćih banka i privrede, na konstruktivnom savezu domaćih poslovnih elita, nema uspešnog i trajnog razvoja.

Nije za čuđenje da Srbiji, iz današnjeg stanja sunovrata, ideja o ulasku u „klopku srednje razvijenosti“ izgleda čak veoma privlačno. Klopka srednje razvijenosti je svakako bolja od klopke nerazvijenosti. Ipak se ne bi smelo zaboraviti da sunovrat nije idealan ambijent za ozbiljno vrednovanje dugoročnih alternativa – ako se o alternativama u Srbiji uopšte i razmišlja.

Blog Nebojše Katića
(This post was last modified: 28-04-2012, 09:04 PM by ЈорданПетровски.)
28-04-2012, 08:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



Quote:СТРАНСKИ ДИРЕKТНИ ИНВЕСТИЦИИ

Догми и заблуди


Бесперспективните општества по дефиниција имаат многубројни ограничувачки фактори. Појавата на догми во одредени сфери од општественото живеење е најсериозен кочничар на просперитетот на државите. Македонската држава и економија незапирливо колабираат поради многу причини. Во текот на овие дваесетина години направени се многу грешки, пред с` во економијата, а неколку заблуди останале присутни во целиот период. Проблемот е кога таквите се подигаат на ниво на догма. Во наредните колумни на еден провокативен (едностран) начин ќе се обидам, со цел ризик, да критикувам некои од нив.

Една од најстарите, а моментално проширена и надградена, е догмата за странските директни инвестиции (СДИ) како единствен начин за креирање на раст на економијата. Веднаш да се разбереме дека СДИ се потребни и посакувани за секоја земја, па секако и за Македонија. Нивното доаѓање покажува дека во земјата е можно да се остварува профит. Но, она што никако не можеме да го разбереме, е дека странските вложувања треба да бидат само додаток на една здрава и растечка домашна економија, а не нејзин основен двигател. Странските вложувања се основен двигател на економијата во земји како Kонго и Централноафриканската Република, каде што во националните инвестиции учествуваат со над 60 отсто, за разлика од Словенија каде што учествуваат со 11 отсто или Романија со 20 отсто. Слично како и сите транзициски економии (пред с` оние од поранешна Југославија без Словенија) и Македонија креира економски модел во кој преку глорифицирање на СДИ влегува во т.н. „замка на средна развиеност“, како што ја нарекуваат многумина автори. Во економската теорија тоа се опишува како модел на слепа улица во кој по периодот на краток и динамичен раст, се влегува во долгорочна стагнација од која не може да се излезе.

Тука би зборувале за една груба поделба на СДИ, извршена според мотивот за инвестирање. Би издвоиле две такви групи, иако мотивите со тек на време се испреплетуваат. Kако и во другите транзициски економии, така и во Македонија, првиот бран на странски инвестиции како мотив го имаат домашниот пазар и неговиот профитен потенцијал. Целта е воспоставување контрола на пазарот, елиминирање на домашната конкуренција или спречување на нејзиниот раст. Телекомуникациите, банките, пиварниците, цементарниците, некои рудници, трговските синџири, на пример, се илустрација за такви инвестиции. Тие најчесто се реализираат преку купување на локалните компании (кај нас тоа се изврши по пат на директна приватизација како телекомот, рафинеријата, најголемата банка и др. или со реприватизација, како скопската пиварница, „Усје“, неколку банки и сл.). Бидејќи деловната инфраструктура веќе е поставена, не се потребни некои поголеми дополнителни вложувања во ваквите претпријатија. Ваквите инвестиции по правило не ја зголемуваат драстично вработеноста, но во првиот чекор ги зголемуваат стандардот и квалитетот на производите и на услугите. Бидејќи пазарот е контролиран, монополизиран или картелизиран, странските инвеститори можат добро да ги платат вработените, пред с` во споредба со платите на останатите во стопанството. Товарот на добрите плати се пренесува на потрошувачите, па солидните плати не го загрозуваат профитот на странскиот инвеститор. Па така, за кратко време малиот пазар е засекогаш освоен и консолидиран. По првите среќни години, платите почнуваат да стагнираат, па дури и да се намалуваат. Растот на продуктивноста и ефектот на контролираниот пазар се прелеваат само во профит за инвеститорот (Kатиќ).

Вториот мотив за инвестирање во земјите во транзиција, како и во Македонија, е повеќе врзан за евтината работна сила, поволниот даночен систем и повластувањата што државата им ги дава на странците - директни финансиски трансфери, бесплатно земјиште и инфраструктура, послаба еколошка заштита и сл. (актуелните „роуд шоуа“ се всушност промоција на ова). Во принцип, се нуди можност сите директни или индиректни трошоци за работа да бидат пониски отколку во развиените земји. Овој тип инвестиции се најчесто свртени кон извозот и државите (како и Македонија) безрезервно ги стимулираат. Најчесто се работи за нови погони, и доколку се реализираат, ефектот е брзо видлив. Но, колкав и да е ефектот, тој може да ја одведе земјата само од ниво на сиромаштија до ниво на средна развиеност, по што следува долготрајна стагнација на тоа ниво.

Проблемот и со ваквите инвестиции произлегува од фактот дека тие остануваат само додека постојат поволностите кои ги прават трошоците помали отколку во некои други земји. Платите мора да останат ниски или во најмала рака пониски отколку во други неразвиени земји. Бидејќи платите не растат, не се зголемуваат ни приходите од даноци и придонеси од плати. Прениските даноци на профит и другите поволности остануваат зацементирани засекогаш бидејќи нивната промена значи ризик за селење на инвестицијата во друга држава. Буџетската каса останува празна. Најголем дел од профитот се пренесува во матичните земји. Најдобрите домашни кадри заминуваат во земјите каде што инвеститорот има нови инвестиции или во централата. БДП можеби и ќе расте, но ефектот од таквиот раст не го чувствува домицилното население.

Светските искуства велат дека ваквата замка на среден развој не успеаја да ја избегнат Тајланд и Индонезија, а набрзо ќе видиме и кои други земји од Источна Европа. За разлика од нив, Јужна Kореја, Тајван, Сингапур и Словенија се пример дека „без раст и развој кој се базира на јакнење на домашните компании, на конструктивниот сојуз на домашните деловни елити, нема успешен и траен развој“ (Kатиќ, 2012).
17-05-2012, 01:03 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:KОМПРАДОРИ

А што е следното, сер?


Во последната колумна од минатата година напишав дека на почетокот на 2013 ќе стане нерационално да се штеди во денари. Искрено, не верував дека НБРМ толку бргу ќе мора да дејствува во ваков правец и на 8 јануари да донесе одлука за ново, второ за последниве 9 месеци, релаксирање на монетарната политика. Таа презеде чекор што ќе му личи нелогичен на кој било што завршил барем прва година средно економско училиште. Во услови на годишна инфлација над проектираната, како и експанзивна фискална политика преку зголемување на буџетскиот дефицит на 3,5 отсто (кој сигурно како и во 2012, и оваа година во од ќе се искачи на 5 отсто од БДП), НБРМ решава да ја намали каматната стапка на благајничките записи на 3,5 отсто. Имајќи ги предвид резултатите од ваквата мерка на НБРМ во април 2012, единствени сигурни резултати што можеме да ги очекуваме се понатамошно намалување на каматните стапки на денарските штедни влогови и, секако, повеќе средства за државни записи преку кои ќе продолжи да се задолжува владата. И бидејќи овие резултати и преку бројки ќе ни се појават идната недела (на 22 јануари МФ најави нова аукција на државни хартии од вредност за кога не достасуваат стари, што значи целата аукција ќе биде ново нето-задолжување), повеќе за тоа следниот пат. Бидејќи ова и не е најстрашното од последниве денови, морам да ви раскажам една приказна од историјата на компрадорите.

Kомпрадори во 19 век биле Kинези што им помагале на странските трговци во освојување и во експлоатација на кинескиот пазар. Притоа својата зла репутација компрадорите ја стекнале затоа што главниот артикал што тие им го препродавале на преостанатите Kинези бил опиумот. Имено, во Kина во почетокот на 19 век државата вршела надзор над трговијата, а меѓународната размена била дозволена единствено преку пристаништето Kантон. Затоа на странските трговци им биле неопходни домашни посредници - компрадори. Kлучно место во трговијата зазел опиумот, а земјата што предничела во продажбата била Британија. Британија во Kина извезувала 1,4 милион килограми опиум. Дрогата се произведувала во британска Индија каде што монопол на нејзиното купување и натамошна продажба имала британската источноиндиска компанија. Kина официјално ја забранувала наркотрговијата. Но компрадорите со подмитување и со врски во администрацијата успевале да постигнат оваа забрана масовно да се крши. Поради тоа, помеѓу 1821 и 1837 г. извозот на дрога во Kина се зголемил петпати, а два милиона Kинези станале наркозависници. Затоа компрадорите дошле на лош глас како уништувачи на нацијата.

Kинеската влада ја почувствувала опасноста од брзото ширење на наркоманијата и од одливот на сребрените пари. Затоа решила да ја обнови и да направи поригорозна забраната за трговија со опиум. Но тоа ги разгневило Британците. Тие решиле со војна да ја натераат Kина да ја толерира трговијата со дрога. Така дошло до Првата опиумска војна (1839 - 1842). Во таа војна Британија победила и трговијата со опиум можела непречено да продолжи. Со тек на времето некои од кинеските авторитети се побуниле и продажбата на опиум с` уште не била легализирана. Поради тоа, Британците отпочнале нова војна - Втора опиумска војна (1856-1860). Бидејќи победиле и во оваа војна, трговијата со наркотици во Kина станала законски дозволена. Kомпрадорите и законски можеле да продолжат со својот сега веќе целосно легален бизнис. За сето ова да биде поинтересно, тука мора да додадеме дека овие војни и настаните околу нив им послужиле на марксистите да направат разлика помеѓу два вида буржоазија во земјите кои се предмет на колонијална експанзија. Едната е национална буржоазија, која ја развива домашната индустрија и која најчесто ги брани националните политички, економски и културни интереси. Таа е основен носител на борбата за независност и за економска модернизација на земјата. Наспроти неа стои компрадорската буржоазија, која им помага на колонизаторите и која живеела од продажбата на домашните ресурси на странците или од продажбата на странска стока на домашниот пазар. Таа не е заинтересирана за каков било развој на домашната економија.

Оваа историска приказна заедно со нејзиното ставање во функција на марксистичката или уште поточно маоистичката идеологија сакав да ја напишам на ова место уште во мај минатата година кога пишував за странските директни инвестиции како догма за развој на Македонија. Сепак, тогаш мислев дека е доволно што напишав оти: мотивот за инвестирање во земјите во транзиција, како и во Македонија, повеќе е врзан за евтината работна сила, поволниот даночен систем и за повластувањата што државата им ги дава на странците, како што се директни финансиски трансфери, бесплатно земјиште и инфраструктура, послаба еколошка заштита и сл. Актуелните роуд-шоуа се всушност промоција на ова. Во принцип се нуди можност сите директни или индиректни трошоци за работа да бидат пониски отколку во развиените земји. Овој тип инвестиции се најчесто свртени кон извозот и државите (како и Македонија) безрезервно ги стимулираат. Најчесто се работи за нови погони и доколку се реализираат, ефектот бргу е видлив. Но, колкав и да е ефектот, тој може да ја одведе земјата само од ниво на сиромаштија до ниво на средна развиеност, по што следува долготрајна стагнација на тоа ниво. Проблемот и со ваквите инвестиции произлегува од фактот дека тие остануваат само додека постојат поволностите што ги прават трошоците помали отколку во некои други земји.

Но во вторникот додека гореше поштата и додека опозицијата цели 30 минути блокира една споредна скопска раскрсница и отпатува во Прилеп, неколку ултравладини медиуми излегоа со вест, која ме принуди да ја напишам оваа случка од историјата заедно со нејзината идеолошка употреба. А веста гласеше вака: „Владата ги укина увозните давачки за платина и за злато со цел да даде натамошен стимул на најголемиот извозник од земјава – Џонсон Мети“. Одлуката се образложува со тоа што необработените благородни метали се клучни репроматеријали за производство на каталички конвертори. Овие репроматеријали не се произведуваат во Македонија, а царинските стапки за истите изнесуваат 7 отсто. Увозот со царина на истите го прави производство на каталички конвертори неконкурентно на светскиот пазар“.

Значи, разбравме дека ситните повластувања од типот ослободување од плаќање данок на добивка во период од 10 години, целосно ослободување од персонален данок на доход за период од 10 години, ослободување од плаќање ДДВ, земјиште во зоната под долгорочен закуп за период до 99 години, ослободување од плаќање надомест за уредување на градежното земјиште, бесплатен приклучок за гасовод, водоводна и канализациска мрежа и што ли уште не, биле малку за нашиот платиниумски странски инвеститор. Седумте отсто царина се покажале како удар врз конкурентноста на овој наш спасител. После ова мислам дека само залепени со нашите задници до некој подебел ѕид би смееле да се обидеме да запрашаме: А што е следното драги наши инвеститори?

На крајот мора да си признаеме дека неколкутемина владини службеници, кои се директно задолжени за менаџирањето на странските инвестиции, а кои си ги чуваат своите резервни станбени единици таму некаде низ белиот свет, можат спокојно да изигруваат балкански компрадори од новиот милениум Но само мора да имаат предвид дека денес тркалото на историјата се врти многу побргу отколку на почетокот на 19 век.

Kире НАУМОВ
17-01-2013, 12:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4


На графиконот се гледа сртуктурата на трошоци на агенцијата а во текстот лево под кои услови дошол Џонсон Контрол.




[Image: Dzonsonkontrol1_zpsb77abca2.jpg]
(This post was last modified: 25-01-2013, 10:32 PM by ЈорданПетровски.)
25-01-2013, 10:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Што плаќаат македонските граѓани на странски инвеститори.



Quote:Владата сé уште плаќа за фабриката на „Џонсон контролс“

Покрај даночните ослободувања за период од 10 години, Владата на странскиот инвеститор му компензирала 50 отсто од бруто-платата на секој работник и му доделила 2 милиони евра за изградба на фабриката и 2 милиони евра за обука на вработените


[Image: invest-in-macedonia_1_1.jpg]


Владата и годинава ќе треба да одвои стотици илјади евра буџетски пари за изградбата на фабриката на „Џонсон контролс“ во слободната економска зона Бунарџик, а до 2011 година ќе треба да исплаќа илјадници евра за обука на вработените во погоните на фабриката. Во Државниот завод за ревизија открија дека во текот на 2008 година на американскиот инвеститор му биле исплатени околу 1,2 милион евра државна помош, како корисник на технолошка индустриско развојна зона. Според договорот што бил склучен меѓу двете страни, Владата преку Агенцијата за странски инвестиции се обврзала да обезбеди помош преку грантови, ослободувања од данок на добивка за период од 10 години, и компензација на 50 отсто од бруто-платата на секој работник во период од две години. Во ДЗР информираат дека од грантовите во вкупен износ од 4 милиони евра, 2 милиони евра биле наменети за изградба на објектот и требало да се исплатат за период од 4 години (2007-2010 година), а 2 милиони евра наменети за тренинг на вработените требало да се исплатат за период од 5 години (2007-2011 година). Меѓутоа, ревизорите констатирале дека системот државна помош не бил соодветно воспоставен. Имено, поради лошо планирање на крајот од 2009 година, Агенцијата се соочила со недостиг од средства за плаќање на обврските по основа на државна помош, бидејќи средствата планирани со буџетот биле одземени со ребалансот. Дополнително, ревизорите ги проблематизираат и критериумите врз кои била доделена државната помош.

„Во отсуство на критериуми во законската регулатива, ревизијата не се увери врз основа на кои критериуми е извршен изборот и е склучен договорот со странскиот инвеститор. Ревизијата констатира дека со договорот не е прецизирано како да се врши контрола на доделените средства за изградба на објектот, за кои две години се компензира 50 отсто од бруто-платата, односно кога почнува правото на компензација и кои докази за реализираните трошоци за тренинг се релевантни за да се потврди дека обуките се извршени за нововработен персонал“, се вели во извештајот.

.
(This post was last modified: 26-01-2013, 02:25 AM by ЈорданПетровски.)
26-01-2013, 02:23 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#6

Koj znae sto ce dobie Indiecot za gradenje na hotelot vo Ohrid?

Ili i toa ce zavrsi kako kompleksot narecen "Akvapura" ili taka nekako se vikase ,koj trebase da go gradat nekoi Portugalci vo Prespa...
26-01-2013, 02:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(26-01-2013, 02:37 AM)Larsson Wrote: Koj znae sto ce dobie Indiecot za gradenje na hotelot vo Ohrid?

Ili i toa ce zavrsi kako kompleksot narecen "Akvapura" ili taka nekako se vikase ,koj trebase da go gradat nekoi Portugalci vo Prespa...



Некаде прочитав дека многу е тешко изводлива инвестицијата на Индиецот. Охридското езеро е под заштита на UNESCO, требало да се менува уставот за да се дадат дозволите на Индиецот.
26-01-2013, 03:42 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#8

(26-01-2013, 03:42 AM)ЈорданПетровски Wrote:
(26-01-2013, 02:37 AM)Larsson Wrote: Koj znae sto ce dobie Indiecot za gradenje na hotelot vo Ohrid?

Ili i toa ce zavrsi kako kompleksot narecen "Akvapura" ili taka nekako se vikase ,koj trebase da go gradat nekoi Portugalci vo Prespa...



Некаде прочитав дека многу е тешко изводлива инвестицијата на Индиецот. Охридското езеро е под заштита на UNESCO, требало да се менува уставот за да се дадат дозволите на Индиецот.


Ustavot ne e problem za niedna vlada vo MKD,tazi dupka ne e dupka...
26-01-2013, 02:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9


26-01-2013, 02:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

(26-01-2013, 02:43 PM)Larsson Wrote:
(26-01-2013, 03:42 AM)ЈорданПетровски Wrote: Некаде прочитав дека многу е тешко изводлива инвестицијата на Индиецот. Охридското езеро е под заштита на UNESCO, требало да се менува уставот за да се дадат дозволите на Индиецот.


Ustavot ne e problem za niedna vlada vo MKD,tazi dupka ne e dupka...



Прав си, за Грујо непостои Устав и Закон.
26-01-2013, 03:19 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#11

AUUU,dobar ovoj Indiecot spremen epten...30 milioni ludje vovlekol vo von bankarsko rabotenje,ovie nasive saka ludje ima zedni preku Ohridsko da gi prevede...koj li znae kakvi se nameri ima...da se nadevame i molime deka ce e za arno i nema da napravi nekoja katastrofa...
26-01-2013, 03:38 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#12

Интервју - Станавме измеќари на меѓународниот капитал

Во глобализацијата има добитници и губитници. Ние сме губитници. Ние сме дел од таканаречената асиметрична глобализација. Продаваме се', и тоа најдоброто, а не купуваме ништо, вели Петар Гошев, поранешен гувернер на НБМ

Нина Нинеска-Фиданоска


Индиецот Субрата Рој најави изградба на суперлуксузен туристички комплекс во Љубаништа и споменик на Мајка Тереза. Дали сте фасциниран од овие ветувања?

Фасциниран сум од нешто друго - од длабочината на незнаењето и нечесноста на нашите управувачки елити, од свесното и/или несвесното предизвикување непоправливи загуби за својот народ. Наместо трескавично да молат да дојдат странски инвеститори, треба да имаат елементарна анализа за добивките и штетите од секоја странска инвестиција и јасна стратегија за среднорочните и долгорочните ефекти од нив.



Можете ли да го илустрирате тоа со неки примери?

Секако. Пред продажбата, скопската Рафинерија работеше со загуба. Загубата беше затоа што Владата ги држеше цените на дериватите под контрола, без редовно усогласување со берзанската цена на нафтата. На странскиот купувач му се даде тоа право - без тоа никој не е луд да инвестира во објект со планирана загуба. Државата се обврза секоја година да го откупи секое количество мазут до 500.000 тони, коешто нема да го продаде на пазарот. Исто така, речиси му подарија траса за да изградат нафтовод од Солун до Рафинеријата, со повисоки транспортни трошоци од претходниот транспорт вршен преку „Македонски железници“. Апсурд, но е корисно да се скрие добивка за помалку да се плати данок на државата. Бројот на вработените го намалија, добивките, нормално, се зголемија. Значи, ним добивките, нам помалиот број вработени и големото загадување, зашто секоја влада е уценета со задолжителниот откуп на непродадениот мазут. Потоа беа продадени „Македонски телекомуникации“, монопол, кој во социјализмот, со превработеност и неколку пати пониски цени, правеше добивки меѓу 100-150 милиони германски марки. А потоа, намален број вработени, неколкукратно повисоки цени, подмитени функционери кои им го чуваат монополот, а јавниот правобранител не може да утврди кои се тие. Билансот е јасен: нам отпуштените работници и повеќекратно зголемените цени, ним триплираните добивки, уставно изнесени од земјата.

Беше продадена и „Електродистрибуција на Македонија“. Тие ќе инвестирале, ние не сме можеле. Тие инвестираат, но сите пари и многу над тоа ќе се обезбедат од граѓаните и фирмите во Македонија, во спротивно, не би седеле овде ни ден. Бидејки е странска компанија, „излобираните“ функционери им изгласаа закон за 5-годишно робијање на сиромашните кои ќе бидат фатени во кражба на струја. Сега следува „надградба“ на овој проект. Катарците ќе стануваат сопственици на ЕЛЕМ. Ашколсум! Странци ни ги купија и „прилепските мермери“ и цементарницата „Усје“, компании кои можат да работат со загуба само ако ги управуваат ненадминати апаши. Се пустоши народното богатство, а за еколошките кратери никој не плаќа. Положбата на вработените во нив никогаш не била полоша, заштита нема. Своевремено беше донесен и „Рамстор“, да ни изгради хангар во центарот на Скопје, на парцела купена за само 25 германски марки и да ни ја продлабочи дупката во билансот на плаќања, слично како и „Веро“, само тој плати повеќе за земјата и на тезгите, има и по некој македонски производ.



Што ќе кажете за најновите странски инвестиции?

Со „новиот бран“ политичари се вжештија индустриските зони како главен белег на економскиот модел на сегашната Влада, покрај „Скопје 2014“. Државата троши даночни пари за изградба на инфраструктурата, за возврат, главно, во првата декада, не бара даноци. Задоволна е со по неколку стотици вработувања и не се грижи што има дијаметрално спротивни аршини кон домашните инвеститори, кои згора на тоа мора да трпат рекетирање по разни основи - партиски, лични, верски. А откако ќе завршат годините на даночниот рај, голем дел од нив, како што докажано прават, ќе побараат нов даночен и еколошки рај. Во таа низа е и најавената инвестиција на Субрата Рој, крајно нетранспарентна инвестиција во најава, договарана во четири очи, без јавен меѓународен тендер. Не знам што нему му е ветено дека ќе плаќа и нема да плаќа, но бездруго ќе ни вработи еден број келнери и келнерки и ќе отвори еколошка дупка во нашиот најубав и најскап резервоар на вода и природна убавина, вода која можеби по 5-10 децении ќе биде фактор број еден за наше преживување. Преспанско Езеро се губи, Дојранско е повеќе бара одошто езеро, неслучајно го нарекуваат „ѓољ“. Ќе се префрлиме, можеби на најновата надеж, Дунав – Морава – Вардар - Егеј.



Ова прозвучува како да сте против странски инвестиции?

Може така да се разбере, но тоа не би било точно. Со примериве сакам да кажам дека во процесот на глобализација има добитници и губитници. Ние сме, убедливо, губитници. Ние сме дел од таканаречената асиметрична глобализација. Продаваме се', и тоа најдоброто, а не купуваме ништо. На тој начин ние стануваме само измеќари на меѓународниот капитал: нашите во странство за надница, нашите дома за надница, уште помала, и тоа додека не им текне да најдат некој друг инвестициски рај. Реки пари истекоа надвор од нашата економија и народ од неукост и корумпираност, а министерот за финансии не трепнува, велејќи дека сме заштедиле десетици милиони евра затоа што ако не сме го „лапнале“ кредитот со камата од околу 5 отсто, тој и неговата Влада ќе не' задолжеле со кредит со камата од 10 отсто, трето немало?



Сакате да кажете дека овие инвестиции не го зголемија нашиот БДП?

Овие инвестиции влијаеја на зголемување на БДП, но не или трошка на БНП (бруто националниот производ).



На кој начин?

Еве како. Некаде до 1990 година стандардна мерка за економските остварувања беше бруто националниот производ (БНП), грубо кажано, вредност еднаква на бруто приходите на граѓаните на една земја. Потоа се премина на БДП (бруто домашниот производ), вредност на производите и услугите произведени во една земја. Во изолирана земја, без размена со странство, овие два индикатора се исти. Во што е суштината. Ако дел од вредноста на производите и услугите излегол надвор од земјата, БДП не се намалува, пресметан е пред тие вредности да излезат од земјата, но БНП се намалува. Значи, приходот на странските компании остварен во земјата целосно влегува во индикаторот БДП, но излезениот дел од приходот од земјата се покажува како намалување само во БНП. А населението во една земја живее од тоа што останало во неа.



Зошто и покрај поволностите што се нудат и големиот број презентации во светот, странските инвестиции се мали?

Не е доволно да им понудите само пониски даноци и други олеснувања. Битни се и други фактори: функционирањето на вкупниот економски и политички систем, големината на пазарот и куповната моќ на населението. Не е доволно да им кажете - „ние сме на раскрсница“, а истовремено да велите - ние им даваме приоритет на локалните патишта, таму поминувале повеќе луѓе? Тоа значи дека на „раскрсницата“ сте и' ставиле крст, а крстовите служат за молење и исповед, а не за работа. Над сето тоа, би рекол клучно, е како ја проценуваат вашата политичко-безбедносна состојба, тековно и во перспектива.



Пред извесен период предизвикавте бура во јавноста. Рековте, јавниот долг не е 30, туку 45 отсто. Стоите ли уште на кажаното?

Тоа што го реков бездруго е точно. Јас не ја измислив дефиницијата за вкупниот јавен долг, туку Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд. Ги собрав сите одделни компоненти што го сочинуваат вкупниот јавен долг и резултатот е тоа. Но, на Владата и' се најбитни перцепциите на јавноста, не стварноста. Перцепциите, за жал, ги добиваат изборите, не стварноста. Затоа на веб-страницата на Министерството за финансии стои само долгот на централната Влада и тоа нецелосно.



Се смета дека побитно од висината на долгот е прашањето на што се потрошиле парите.

Клучно е каде одат парите. Врби, споменици и административни згради, ако се од домашниот пазар, влијаат во дадениот момент на тековниот БДП, но не го зголемуваат неговиот потенцијал за раст. А делот од кредитите кој веднаш се насочува за плаќања во странство, вклучително и за автобуси, бронзи од Фиренца, восочни фигури од Украина и слично, не влијае ниту еднократно врз растот на БДП. Кога доаѓа време за враќање, тоа влијае врз намалување на агрегатните индикатори, какви што се БДП и БНП.



На што се должи финансиската и вербалната подршка што ја добива Владата од финансиските институции, пред се', од Светска банка?

Тие институции живеат од давање кредити. На нивните списоци има армија луѓе со огромни плати, висини од кои боли глава. Не можат да дадат кредити, а да кажуваат дека ги даваат во „бунар“. Освен тоа, проценуваат дека Македонија може да позајмува, уште малку, но, видовте и дека почнаа да предупредуваат. Ако пак се случи да заглавиме, ете повторно работа за нив. Ќе не' спасуваат, ќе ни диктираат услови и ќе не' контролираат. Ќе ни бидат Влада, неизбрана на избори, ќе ни го одземат и она трошка суверенитет што ни остана. Домашните претставници на нашиот суверенитет тогаш ќе бидат можеби на Малдиви, на Кајмански Острови, со накривени капи за сонце, додека не им заборавиме.



Свежи се сеќавањата на 24 декември. Зошто мораше буџетот да се изгласа до крајот на 2012 и да не се оди на привремено финансирање?

Скандалот и срамот од 24 декември, свежо или несвежо, нема да се заборави. Тој влезе во нашата тажна историја, заедно со актерите. Усвојувањето - неусвојувањето на буџетот беше прашање за Владата, да се биде или не. Доколку не поминеа задолжувањата во странство, целата популистичка структура ќе им се струполеше врз глава. 2013 ги дочека со достасан долг од најмалку 250 милиони евра. Почнато, а незавршено „Скопје 2014“, пензии кои треба да се зголемат по сила на закон и ветувања над тоа, исплата на т.н. земјоделски субвенции формирани на ниво чие намалување има голема политичка цена, долгови кон компаниите кои не можат веќе да се кријат, а приходната страна на буџетот е се' послаба. Се разбира, тие ја произведоа таа состојба и тоа не им дава право на насилство врз пратеници и новинари. И ним им е јасно дека ја прекршија процедурата. Секој непристрасен суд би ги поништил тие одлуки.



Како би постапиле доколку сте на местото на Бранко Црвенковски?

Ситуацијата е крајно деликатна. Тепаните пратеници не можат да се вратат во тоа што се нарекува парламент, дури и со поголема политичка компензација. Нарачателот нема сам да се казни, а нема да ги казни ниту неговите амбициозни полтрони кои слепо ги извршуваат неговите заповеди. Ризично е отсуството од локалните избори. Европските функционери одамна не се на нивото на задачата што го бара проектот „Обединета Европа“. Пречесто се непринципиелни, со различни аршини за исти работи, мижат пред недемократски постапки, па дури и фашизоидни. Јасно е дека сакаат да ни помогнат да го прескокнеме Рубиконот, но не сум сигурен дека е здраво нивното калкулантство со елементарни кршења на човековите права и неретки недемократски постапки. Нема поважна цел од човековите права и слободи. Нема цел што го оправдува нивното жртвување.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=59A9B...9DC1EB1371
02-02-2013, 02:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:„XXX ЕВРА“: За колку ги „купивме“ странските инвеститори?

Анета Додевска

Откако избра излезот од високата сиромаштија да го бара во странските инвестиции и за таа цел да ги привлекува на разни начини, Владата почна да ги брои ефектите од овој концепт, но не и цената по која странските инвестиори се „купуваат“ за да дојдат и да останат во Македонија.

[Image: FOTOGRAFIJA%201a.jpg]
Странските инвестиции – клуч за економскиот раст? / Фото: А. Додевска

Македонија, која сиве овие години не успеа да испорача одржливи и позначајни стапки на економски раст, од 2007 година го воскресна моделот на „слободни економски зони“ кој прерасна во широк фронт што ја мобилизираше сета владина машинерија. Се пратија економски промотори во светот, се плаќаат реклами во странски медиуми за промоција на инвестициските можности, се организираат „роуд шоу-а“ низ светот. На домашен терен, се менуваа закони за да се овозможат што повеќе бенефиции за оние странски инвеститори што ќе одлучат да инвестираат во Македонија.

„Бев среќен што се вработив во фабриката која беше најавувана како голема странска инвестиција што ќе вработи повеќе од 4 илјади луѓе од Повардарјето. Не кријам дека позицијата ја добив благодарение на членството во ВМРО-ДПМНЕ, но што добив: отказ само по неколку месеци и низа манипулации кои ги видов во наводно странската инвестиција““, вели Дејан Симонов од Велес, кој во битката за подобар живот успеал да се вработи во германската компанија „Дрекслмајер“, но и да заврши на суд, барајќи ја правдата. Неговото и патешествието на уште 16-тина колеги почнало, кога, како што вели, решиле со штрајк да ги бранат своите работнички права.

Тие беа првите кои јавно проговорија дека сопствениците не им ги исплаќаат надоместоците за вонредна работа и дека се исплаќале пониски плати од оние што биле наведени во договорот за работа. Симонов раскажува дека при вработувањето потпишал договор за плата од 13 илјади денари. Копија од договорот за работа склучен на три месеци не добил, ниту ги добивал 13-те илјади денари. Неговата плата се движела меѓу девет и десет илјади денари, сума во која биле вклучени и надоместоците за работа во ноќна смена.

Компанијата „Дрекслмајер“ ги отфрли обвинувањата на вработените со образложение дека навремено и законски дели плати. Судот, пак, ги одби тужбите на работниците поради технички причини.

Менаџерите на дел од странските компании во јавноста излегоа со став дека тие се дојдени тука за да остварат профит.

„Ние планираме да имаме плати во согласност со стандардите во Македонија. Мора да се соочиме со ова, односно дека не сме тука, бидејќи сакаме да даваме германски или европски плати, туку тука сме зашто сме задоволни од висината на платите што се даваат во земјата. Секако, ќе имаме редовни, законски плати како што ги даваат другите странски компании, како ‘Дрекслмајер’ и други“, рече Волфган Аихер, генерален директор на „Маркарт“, компанија за која Владата веќе одобри државна помош по различни основи.

Неодамна, лично премиерот Никола Груевски се пофали дека во странските компании кои инвестирале во земјава се вработени 11 илјади луѓе, што меѓу другото, директно влијаело за намалување на стапката на невработеност во земјава од 38 на 28 проценти.

Како и да е, случајот со побунетите работници во една од најгласно најавуваните странски инвестиции за условите под кои во нив работат македонските работници. ја отвори дилемата за користа од овие инвестиции кои се поддржани со значајни државни субвенции.

Што добиваат странските компании кои почнуваат со работа во Македонија?

[Image: FOTOGAFIJA%202a.jpg]
Слободните економски зони со отворени врати за инвеститорите / Фото: А. Додевска

Даночни, царински и комунални ослободувања, ослободување од плаќање ДДВ, ослободување од плаќање данок на добивка, ослободување од плаќање персонален данок на доход во период и до максимални 10 години, долгорочен закуп на градежно земјиште до 99 години и дополнително – државна помош од 100 000 до 500 000 евра за изградба на фабриките. Ова се само дел од поволностите што Владата им ги нуди на странските инвеститори кои ќе решат да отворат бизнис во рамките на слободните економски зони, но и надвор од нив.

Анализата на поединечните извештаи за доделување државна помош покажува дека фирмите добиваат готовинска поддршка по неколку основи: пари за создавање работни места, пари за исплата на корпоративен данок на добивка, пари за исплата на персоналниот данок на вработените, државна помош за трошоци при обука на вработени.

Истовремено, компаниите добиваат поволности и на локално ниво. Тие се ослободени од плаќање надомест на општините за уредување на градежното земјиште и за добивање градежни дозволи.

Дополнително, странските компании имаат пристап до бесплатен приклучок за гасовод, водоводна и канализациска мрежа.

Бенефициите што ги добиваат странските инвеститори се делат врз основа на два закона: за технолошко-индустриски зони и за државна помош. Преку овие закони, освен даночните и царинските ослободувања, се спроведуваат и директните финансирања во форма на готовинска исплата од буџетот на сметка на странските компании. Право на финансиска поддршка имаат странските фирми што работат во и надвор од слободните зони.

„Грант од хххххх евра во денарска противвредност за покривање на трошоците за изградба на градежен објект. Помош за одобрените трошоци за обука и усовршување во максимална висина од ххххх евра во денарска противвредност“, пишува буквално во Договорот со компанијата „Ван Хоол“ објавен од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Вака, со ознаката „ххххх“ наместо сума на пари, изгледаат извештаите за доделената помош и за другите фирми.

Зошто Комисијата за заштита на конкуренцијата не ги објавува транспарентно сумите на доделената помош? Оттаму велат дека податоците за парите биле доверливи. Барем за такви ги квалификувале другите државни институции.

„Кога ги изготвуваме решенијата за доделена помош, ние бараме од надлежните институции да се изјаснат дали треба да се објават и сумите. Ова значи дека во случајов, Агенцијата за странски инвестиции, Дирекцијата за ТИРЗ, ресорот за привлекување на странските инвестиции сметаат дека станува збор за доверливи податоци кои не треба да се објавуваат“, велат од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

[Image: FOTOGRAFIJA%203a.jpg]
Решенија за доделување државна помош/ извадок од Решение објавено од Комисија за заштита од конкуренција

Инаку, буџетската поддршка за странските инвестиции се спроведува преку Агенцијата за поддршка на странските инвестиции и Дирекцијата за слободни економски зони.

Во буџетот на Агенцијата за странски инвестиции, меѓу другото, се наоѓа и ставката „Поддршка на инвестиционите вложувања“ која подразбира субвенции и трансфери за инвестиции. Само во 2014 година по оваа основа беше планирано да се потрошат 4,1 милион евра. Анализата покажува дека оваа ставка во последните години е драматично зголемена. Така, во 2010 година биле издвоени 1,3 милиони евра, во 2011 година биле доделени 2,1 милион евра, во 2012 - 1,8 милиони евра, а во 2013 - 2,8 милиони евра. Вупно за петте последни години, само преку оваа ставка се потрошени 12.353.241 евра.

Од Дирекција за технолошко-индустриски развојни зони, повикувајќи се на законската регулатива, потврдуваат дека странските компании добиваат бенефиции, но не обелоденуваат колку пари досега се издвоени по оваа основа.

„Една од мерките предвидува можност на компанија корисник на ТИРЗ да ѝ биде доделен грант за изградба на фабриката во висина од 100.000 до 500.000 евра во зависност од висината на инвестицијата или креирањето нови работни места. Според овој закон, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот во име на Владата на РМ склучува договор во кој е определена државната помош која се доделува на корисникот на зоната по претходна добиена согласност од страна на Владата на Република Македонија“, објаснува директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо.

Сумите не ги обелоденува ниту Агенцијата за странски инвестиции, од каде што посочуваат дека сите мерки за поддршка на странските инвеститори се во согласност со законите.

„Мерките за поддршка на странските инвеститори кои реализираат проекти во рамките на подрачје кое претставува технолошко-индустриска развојна зона и надлежноста за нивно спроведување која ѝ е доделена на Агенцијата, произлегуваат од Законот за технолошко-индустриски развојни зони. Мерките кои претставуваат државна помош се составен дел од наведеното законско решение и стимулациите кои се доделуваат на компаниите кои инвестираат во ваков тип зони се идентични со содржаните мерки за стимулирања пропишани во самиот закон, притоа почитувајќи ги законските лимити пропишани во однос на максималниот интензитет на дозволената државна помош“, велат од Агенцијата за странски инвестиции.

Во исто време, од Дирекцијата за слободни економски зони посочуваат дека програмите за субвенционирање на вработувањата се подеднакво достапни и за домашните и за странските компании и дека интересот за овие директни буџетски поддршки е сѐ поголем.

Двете институции не ја обелоденуваат висината на доделената државна помош на странските инвеститори ниту како одговор на доставените барања за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Дирекцијата за ТИРЗ ја запре постапката за слободен пристап со образложение дека не било одговорено во рок од три дена на нивниот допис за дополнување на барањето.

[Image: FOTOGRAFIJA%204a.jpg]
„ХХХ“ евра како државна помош за странските инвеститори. / извадок од Решение објавено од Комисија за заштита од конкуренција

Точен одговор нема ниту од Агенцијата за вработување каде што според владиниот „Оперативен план за активни мерки за вработување“ во 2014 година беа потребни 8,5 милиони евра. Овие програми, кои исто така подразбираат субвенции за вработувања, се достапни и за странските компании кои ќе отворат нови работни места. Од Агенцијата за вработување велат дека интерес за искористување на овие програми има и од страна на странските инвеститори.

„Странските работодавачи се информираат и за актуелните активни програми и мерки за вработување кои се реализираат во согласност со годишните оперативни планови за активни програми и мерки за вработување и за можностите за користење на овие програми и мерки за вработување во согласност со утврдените услови и критериуми“, вели Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.

Како што информираат од Дирекцијата за ТИРЗ, покрај постојните три слободни зони, во фаза на изградба се зони во Струга и во Кичево. Во тек е и инфраструктурната изградба на ТИРЗ Ранковце, зона во која ќе се сместат повеќе производни капацитети на мултинационалната компанија Веибо Груп. Се очекува бројот на фирмите во слободните зони да достигне вкупно 15, односно да се зголеми за нови осум компании.

Трошоците за изградба на вкупната инфраструктура се на товар на буџетот. Властите најавија дека со новиот буџет за 2015 година се планира досега најголема сума за изградба на технолошко-развојните зони, од речиси 10 милиони евра.

Ако се навлезе подлабински во структурата на одвоените суми за изградба на зоните, најголем дел од парите завршиле за изградба на градежни и неградежни објекти.

[Image: fotografija%205a.jpg]
Решение за доделена државна помош/ извор Комисија за заштита од конкуренција

Освен целосно изградена инфраструктура, странските инвеститори, според постојните законски решенија, користат и серија други бенефиции. Една од нив е отстапување на градежното земјиште за цена која е далеку пониска од пазарната.

Еден таков пример за долгорочно отстапување на земјиштето е содржан во одлуката за определување на периодот и цената на закуп на градежното земјиште во ТИРЗ 1 на фирмата ТРИВИЕУ ХИТ ЦО ЛТД.

„Периодот за кој земјиштето се дава под закуп на определен временски период изнесува 99 години. Висината на закупнината изнесува 0,1 евро за квадратен метар во првите пет години, односно 2.216 евра на годишно ниво. По истекот на првите пет години, закупнината на земјиштето ќе се одредува за секоја година посебно со можност за нејзино зголемување, но не повеќе од 15% на годишно ниво.“

Оваа компанија, и покрај бенефициите што ѝ беа одобрени, никогаш не го реализираше планот за инвестирање во слободната зона Бунарџик 1.

Договор за одобрување помош постои и за фирмата СМР „Аутомотивес Систем“ за која опозицијата тврдеше дека добила субвенција од 3 милиони евра, а Владата возврати дека на оваа фирма досега не ѝ е исплатен ниту денар

Инаку, според достапните податоци, помош им била одобрена на следниве компании во и надвор од зоните: „Маркарт“ - индустриска зона Караслари, Велес; „Џонсон Контролс“ – Штип; „Џонсон Мети“ - слободна зона Штип; „Ван Хоол“ - Бунарџик 2; „Дрекслмајер“- Кавадарци; „Кромберг и Шуберт“ – Битола; СМР „Аутомотивес Систем“ и „Кемет“ - Бунарџик 1.

Во првиот наплив при доделувањето на државната помош, на компанијата „Џонсон Контролс“ во средината на 2007 година ѝ биле одобрени 8,8 милиони евра, на компанијата „Кемет“ ѝ биле одобрени 2 милиони евра, а решение за одобрена помош во вредност од 2,8 милиони евра имаше и за индиската компанија „Мадресон“ која во 2011 година го постави камен-темелникот на фабриката, но досега не ја реализираше инвестицијата.

Во исто време, во општиот дел на Буџетот, како дел од капиталните расходи е позиционирана уште една ставка за „капитални субвенции“, наменети за фирми и за невладини организации. И кај оваа ставка секоја година е регистриран значаен раст. Во последните пет години преку оваа буџетска позиција се потрошиле вкупно 137.436.355 евра. Имено, ако во 2010 година врз оваа основа се потрошиле околу 17 милиони евра, во 2014-та оваа сума е повеќе од двојно зголемена и изнесува речиси 48 милиони евра.

До проценките во Македонија – преку Србија


Од Агенцијата за странски инвестициите велат дека „поддршката на инвестиционите вложувања не е некоја новост само во Република Македонија, имајќи предвид дека голем број држави одамна нудат различни стимулации со цел да привлечат странски капитал“.

Според еден од советниците во Агенцијата за странски инвестиции на соседна Србија, Алаксандар Милорадовиќ, Македонија дава поголеми субвенции за новоотворени работни места во однос на Србија, која исто така го применува моделот на државна помош за странските компании.

„Во овој момент сите наши соседи даваат субвенции, некои и на многу помалку транспарентен начин во однос на моделот според кој ние работиме. Еве ќе ви кажам, една германска компанија која работи во Војводина од секторот на автомобилската индустрија и вработува околу 1.000 работници, отиде во Кавадарци. Луѓето на состанокот ни кажаа дека таму добиле многу “, изјави Милорадовиќ во емисијата „Око“ на РТС кој посочи дека просечната вредност на државната субвенција што се дава на странските инвеститори изнесува 4 .700 евра за секое ново работно место, додека за домашните просечната поддршка изнесува 4.500 евра.

Анализата на буџетските ставки во последните пет години, вклучувајќи ја и 2014-та, покажува дека од 2010-та досега за изградба на Слободните економски зони се потрошени од буџетот речиси 30 милиони евра (29.414.633), а доколку се реализира и најавата дека годинава ќе се потрошат уште 10 милиони евра, тогаш вложените буџетски средства само по оваа основа ќе изнесуваат безмалу 40 милиони евра.

И токму оваа математика, помага да се направи проценка за тоа колку пари би можело да се потрошени кај нас за оваа намена. Така излегува дека вкупната државна помош за странските инвеститори за последните пет години се движи меѓу 50 и 180 милиони евра. До долната граница од 50 милиони евра се доаѓа кога бројот на досега вработените во странските инвестиции, односно 11.000 ќе се помножи по просечниот износ на субвенција по вработен што се дава во Србија, односно 4.700 евра (иако тамошните институции тврдат дека овој износ во Македонија е многу повисок). До горната граница од 180 милиони евра се доаѓа кога ќе се соберат парите што преку буџетите на надлежните агенции се даваат за оваа намена, парите за изградба на слободните зони, парите за поддршка на инвестициони вложувања и парите од буџетот за капитални субвенции.

Дел од економистите велат дека директната буџетска помош што се одвојува за странските компании воопшто не е симболична. Напротив, таа е висока и се реализира нетранспарентно, преку различни буџетски ставки, оценува универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии, Никола Поповски.

„Странските инвеститори се повластени на различни начини. Прво, тука се поволностите што им се нудат од самиот почеток, ослободувања од комуналии, даноци, учество со буџетски пари во изградба на погоните, сѐ до директни субвенции за вработените. Овие различни поволности и бенефиции се спроведуваат преку повеќе ставки и тешко е да се лоцира, односно во отсуство на официјални податоци, да се влезе во трагата на тоа колку пари досега по овие основи се одлеале од буџетите“, вели Поповски.

И домашните бизнисмени инсистираат државата да каже јавно колку пари досега нѐ чинеле странските инвеститори.

„Апсолутно нема никаква причина да се крие таа бројка, напротив, таа треба да биде достапна и за јавноста, но и за луѓето од економската област, бидејќи само така ќе може да се креира независна мисла, која ќе овозможи конкретни анализи за тоа колкави се придобивките од овие инвестиции и како поддршката на странските компании директно влијаела врз економската и финансиската моќ на земјата“, оценува стопанственикот Арбен Халили.

Според бизнисмените, концептот на државна помош за странските инвеститори е оправдан, но само во случај тој да не го дискриминира домашниот капитал, но и да не создава нелојална конкуренција.

„Ние секогаш сме биле за тоа секоја владина мерка што директно го засега бизнисот, пред сѐ да го има предвид интересот на домашниот инвеститор, а потоа и на странскиот. Според мене, единствен бенефит кој се добива од странските инвеститори се вработувањата, сето останато е на товар на самата држава. Тие инвестиции истовремено ја зголемуваат и стапката на извоз на земјата, но се поставува прашањето, колку е реална таа бројка и дали воопшто треба да биде дел од формулата за пресметка на вкупниот извоз на земјата“, вели бизнисменот и доскорашен извршен директор на Комората на Северозападна Македонија, Арбен Халили.

„Рамноправен третман мора да има за сите инвестиции и слободните зони треба да бидат катализатор за поврзување на странските и на домашните компании за заедничка соработка.“

PRIZMA
25-05-2015, 01:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Вакнин vs Пешевски: Кој е ефектот на странските инвестиции?


[Image: 23922golema.png]
од НОВА 14-08-2015

Ефектите од субвенционирањето на странските инвестиции се повеќе од позитивни, а треба да се гледаат не само во моментов, туку дологорочно и во однос на целокупниот економски развој, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Оваа изјава на Пешевски е повод за анализата на оваа тема која за НОВА ја направи аналитичарот Сем Вакнин.

Пишува: Сем Вакнин

Улогата на странските директни инвестиции (СДИ) во унапредувањето на растот и одржливиот развој никогаш не била поткрепена/образложена. Нема дури ни унифицирана дефиниција на СДИ. Другите капитални приливи - како дознаките - се поголеми и попредвидливи од СДИ и ОРП (Официјална развојна помош). Неколку студии упатуваат на тоа дека домашните инвестициски проекти имаат поповолни ефекти што се одразуваат од горе надолу во локалните економии. СДИ сочинуваат само 2% од глобалниот БДП. Во Македонија, СДИ не може автоматски да се преточат во нето девизни приливи од странство.

За почеток, многу мултинационални и трансационални „инвеститори“ земаат локални заеми со поволни каматни стапки и на тој начин ги финансираат своите проекти. Ова создава нелојална конкуренција кај локалните компании и создава пренатрупаност во домашниот приватен сектор и кредитните пазари истовремено дислоцирајќи ги инвестициите. Многу транснационални корпорации се нето-конзументи на заштеди кои ги празнат локалните резерви, оставајќи ги другите претприемачи со кратки ракави. Странските банки се грижат исклучиво за потребите на странските инвеститори. Згора на тоа, колку е попрофитабилен проектот, толку е помал нето приливот на странски фондови. Во блиска иднина во Македонија, профитот остварен од страна на мултинационалните инвеститори и вратени во матичните компании ќе ги надминуваат вкупните СДИ. На ова може да ги додадеме исплатите на каматите каде инвестициите се финансираат со долгови и по пат на одлив на приходи од авторски права, дивиденди, и такси. Македонија веќе нема потреба од девизи.

Но, СДИ не се врзани со девизите. Тие поттикнуваат трансфер на менаџерски вештини, интелектуална сопственост, и технологијата. Тоа создава работни места и го подобрува квалитетот на стоките и услугите произведени во економијата. Пред се', го зајакнуваат извозниот сектор. Сето ова е повеќе или помалку точно. Сепак, поддржувачите на СДИ малку ги помешале причините и последиците. СДИ не поттикнуваат раст и стабилност. Тие произлегуваат како последица од раст и стабилност. Странските инвеститори ги привлекуваат приказни за успех и тие се насочуваат кон земјите кои се веќе развиени, политички стабилни и со значителна куповна моќ. Тоа е причината зошто СДИ во Македонија не се зголемија во последниве години, странските инвеститори на напуштаат земјата со првиот знак на проблеми.

Студиите покажале дека мултинационалните компании брзаат да си ја повратат заработувачката и да ги вратат заемите помеѓу фирмите со првите знаци на криза. СДИ се, според тоа, делумно про-циклични. А што со вработувањата? Дали СДИ се чарето за спас? Само мал дел од новите вработувања во Македонија се резултат на директните странски инвестиции.

Странските проекти се капитално-интензивни и трудово-ефикасни. Тие инвестираат во машинерија и интелектуална сопственост, а не во плати. Квалификувани работници се платени повисоко од домашниот просек, а сите други трпат. Повеќето мултинационални компании ангажираат подизведувачи кои, за да си ја завршат работата, честопати носат целата работна сила од различни континенти.

Локалното население ретко профитира и дури и кога ќе добие вработување, тоа е краткорочно и лошо платено. Конечно, се смета дека СДИ поттикнуваат корупцијата помеѓу политичарите и бирократите. Тешко е да се поверува дека Македонија би била исклучок.
15-08-2015, 12:09 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Каква државна помош доби „Монтанте“ за инвестирање во Бунарџик


 
[Image: mimimjuk.jpg]


Јануари 7, 2016

Компанијата „Монтанте“ која во Македонија ја основа фирмата „Јуроп шок абсоберс“ доби државна помош за инвестирање во зоната „Скопје 1“ позната како Бунарџик.
За капацитетите во кои ќе произведува амортизери за автобуси, возови и други тешки возила Владата на оваа компанија и додели помош која се состои во: ослободување на плаќање данок на добивка во период од десет години, ослободување од плаќање персонален данок на доход по основ на примањата на вработените во период од десет години,ослободување на плаќање ДДВ на увоз на добра под услов да не се пуштат во слободен промет, царински ослободувања и олеснувања, ослободување од плаќање надомест за уредување на градежно земјште, изземање од обврската за обезбедување царинска гаранција и учество во трошоците за изградба на објект.
Фото: МИА
10-01-2016, 01:45 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,387
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#16

Лошо е народ да се тргне од улица и да иде на работа. Не чини во Македонија да се гради. Срамота е што Македонија се отвора кон светот и во неа се инвестира.
Ви се смеам на умот удбаши. За чудење веќе нема место. И поркај претањето на Заев, од вас веќе не зависи ама баш ништо.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
16-01-2016, 02:50 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

(16-01-2016, 02:50 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Лошо е народ да се тргне од улица и да иде на работа. Не чини во Македонија да се гради. Срамота е што Македонија се отвора кон светот и во неа се инвестира.
Ви се смеам на умот удбаши. За чудење веќе нема место. И поркај претањето на Заев, од вас веќе не зависи ама баш ништо.



Quote:Едно работно место во странските компании во ТИРЗ, државата ја чини 21.000 евра




98 Views Февруари 1, 2016 Бизнис Редакција Емагазин
 0
[Image: zona.jpg]
Едно новоотворено работно место во странските компании што се наоѓаат во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), државата ја чини 21.000 евра, пишува Мета. 
Државната помош на странските компании, пак, од 2007 до 2014 година во форма на директни субвенции, грантови, даночни ослободувања изнесувала 56,58 милиони евра.
Ова го покажуваат резултатите од истражување на Центарот за економски анализи, во рамките на проектот „Дијалози за визија“.
– Помошта што државата им ја дава на странските компании е нетранспарентен податок и таква бројка не може да се сретне. Но, сумата од 56,58 милиони евра ја добивме врз основа на анализа на финансиските извештаи на компаниите. Зависно од висината на странската инвестиција, таа помош се движи од 7 до 41 процент. Едно ново вработување во странските компании во ТИРЗ, државата ја чини 21.000 евра – изјави Весна Гарванлиева од Центарот за економски анализи.
Од 2007 до 2014 година, позитивните економски нето-ефекти од странските компании изнесуваат 127 милиони евра, од кои 111 милиони евра се од три компании. Истражувачите истакнуваат дека позитивните економски добивки од странските компании се со одложен ефект.
Истражувањата на Здружението за рамномерен развој покажуваат дека домашните компании го поддржуваат субвенционирањето на странските фирми, но висок процент од менаџерите се чувствуваат дискриминирано. Анкетата ја спровеле на менаџери од 268 компании.
– Домашните компании, дискриминацијата во однос на странските ја гледаат во тоа дека поволности се даваат само на странците и додека ним им се посветува недоволно внимание, странските инвеститори се плаќаат со парите од даноци и од давачки што домашните компании ѝ ги плаќаат на државата – вели Ристо Карајков од Здружението за рамномерен развој.
Странските директни инвестиции во 2007 година изнесувале 507 милиони евра, со 8,3 проценти удел во домашниот бруто-производ (БДП). Во 2009 и во 2010 година уделот на странските инвестиции во БДП е 2 проценти. Во 2011 година е 4,6 проценти од БДП, во 2102 е 1,5 отсто, во 2013 и во 2014 година е 3,3 проценти од БДП и во првиот квартал од 2015 година е 0,2 отсто од БДП.
(This post was last modified: 01-02-2016, 08:59 AM by ЈорданПетровски.)
01-02-2016, 08:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ: Секое работно место државата ја чини по 21 000 евра


[Image: gruevski-privlekuvanjeto-stranski-invest...&w=660&a=c]

февруари 1, 2016

Државната помош преку директни субвенции и даночни ослободувања, кај некои од странските инвеститори достигнува и до скоро половина од висината на средствата кои се вложиле во Македонија.
Ова го покажува истражувањето на Центарот за економски анализи, од каде информираат дека седум странски компании кои работат во зоните за седум години добиле вкупна државна помош во висина од 56 милиони евра.
„Ако ги пренесеме тие трошоци на ниво на генерирани нови вработувања во овие компании, излегува дека едно ново вработување нè чини 21.000 евра” – вели Весна Гарванлиева, Центар за економски анализи.
Гарванлиева смета дека , македонската економија, не чувствува големи бенефити од странските инвестиции, но тие би можеле да се интензивираат во наредните години.
Нивното учество во вкупниот извоз изнесува 27 отсто, но додадената вредност во БДП на седумте компании од зоните е неполн еден процент.
На денешната дебата беше заклучено и дека помеѓу домашните и странски инвеститори постои само фомално-правна изедначеност. Според тоа, домашните компании се чувствуваат дискриминирани, затоа што не ги добиваат истите поволности.
Од невладината „Десо” анкетирале 268 менаџери, од кои 70 отсто се изјасниле дека домашните фирми се дискриминирани во однос на странските и очекуваат еднаков третман.
Дебатата ја организираше Центарот за европски политики преку проектот Дебата за визија поддржан од Британската Амбасада.
03-02-2016, 01:39 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Лажните придобивки од слободните економски зони



[Image: kostantin-bitrakov.jpg]
[b]Константин Битраков


Петок, 18 Март 2016
Технолошко-индустриските развојни зони се економска преродба или економски спин? Истражувачите ги истакнуваат огромните трошоци кои ги сноси државата за поддршка и помагање на инвеститорите во слободните зони. Без измени на законодавството, власта со парите на граѓаните само ќе продолжи да им „плаќа“ на инвеститорите да вложуваат во зоните, без притоа крајниот бенефит да го почувствуваат самите граѓани.[/b]
Економските политики веќе години наназад се исклучително силен пропаганден адут во рацете на власта. Обидувајќи се да создадат перцепција дека Република Македонија е инвестициски рај властите постојано ги „бомбардираат“ граѓаните со податоци за економскиот развој и благосостојба. Во целокупниот тој процес на креаирање навидум поволни економски политики, власта одлучи да го промовира и концептот на слободни економски зони. Феномен кој, според неа, е широко распространет во светот и ќе привлече крупни инвестиции, а оттаму ќе придонесе и кон подобри животни услови за граѓаните. Сепак, дали навистина слободните економски зони се поволни за граѓаните и државата? Тие не генерираат огромни економски бенефиции, туку напротив доведуваат до трошење на јавни средства издвоени токму од приходите на граѓаните.
Феноменот на слободни економски зони
Слободните економски зони, според законодавството, всушност се нарекуваат технолошко-индустриски развојни зони. Станува збор за дел од територијата на Република Македонија – одвоен, ограден и означен простор во кој се вршат дејности под посебни услови пропишани со закон. Зона која од аспект на давачките кон државата е слободна. На овие простори инвеститорите добиваат посебни повластувања и олеснувања, поради што би требало да бидат дополнително мотивирани да вложат. Впрочем, според власта, токму тоа и се случува. Инвестициите се поприсутни, извозот од зоните вртоглаво расте, а граѓаните чувствуваат подобрување на нивниот стандард. Сумирано, придобивките од постоењето на ваквите зони се, навидум, огромни.
Наспроти овие тврдења на власта зоните предизвикуваат вистински дилеми во практиката. Често се поставува прашањето дали навистина тие се економска преродба или обичен економски спин? Постои и сериозен недостаток на податоци кои се неопходни за да се согледаат придобивките од нив, а во крајна линија истражувачите ги истакнуваат и огромните трошоци кои ги сноси државата со цел поддршка и помагање на инвеститорите во овие зони.
Законска уреденост на слободните економски зони

Слободните економски зони се уредени со Законот за технолошки индустриски развојни зони. Со овој пропис се уредуваат погодностите за инвестирање во зоните. Во таа смисла, инвеститорите – корисници на зоните подлежат на ослободувања, односно олеснувања, најнапред, од даноците во нашата држава. Тие во период од десет години се ослободени од плаќање на данокот на добивка, како и персоналниот данок на дохот за примањата на своите вработени лица. Освен овие два даноци, кои се пресметуваат на добивката, односно доходот на правните и физичките лица, инвеститорите се ослободени и од данокот на додадена вредност. Поинаку речено, прометот на добра и услуги во зоните не е оданочен со овој данок, познат како ДДВ. Ниту увезените добра во зоните не се оданочуваат со ДДВ, под услов да не се наменети за крајна потрошувачка. Во таа насока, Центарот за економски анализи утврдил дека опортунитетниот трошок за Република Македонија врз основа на ослободувањата од даноци во периодот од 2007 до 2014 изнесува приближно 18 милиони евра даночни приходи. Освен даночни, инвеститорите – корисници на зоните ползуваат и царински ослободувања и олеснувања.
Исто така, инвеститорите кои ги користат зоните имаат можност да се здобијат и со државна помош. Според Законот за технолошки индустриски развојни зони, државната помош се доделува на претпријатијата кои ќе инвестираат во зоните. Станува збор за покривање на инвестициските трошоци со јавни средства според законските услови. Притоа, во законот не се предвидени максималните суми номинално, туку единствено во процент од вкупниот инвестициски трошок. Се разбира, имајќи ги предвид милионските суми на инвестициски трошоци, како и можноста тие да се покријат дури и до 100 отсто, трошоците кои Република Македонија ги сноси (или може да ги сноси) за оваа цел се незамисливо високи. Но, ние граѓаните сепак не би можеле да ги дознаеме конкретните суми, имајќи предвид дека тие не се никаде објавени. Во единствените достапни документи кои се однесуваат на државната помош, а тоа се одлуките на Комисијата за заштита на конкуренцијата и извештаите кои таа ги доставува до Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, сумите на државна помош се обележани со знакот XXX.
Конечно, инвеститорите во зоните имаат и низа други погодности. Тие го закупуваат земјиштето на 99 години, не плаќаат надомест за уредување на градежното земјиште кон општините, не го плаќаат надоместот за дозвола за градење и имаат бесплатен приклучок кон гасоводот, водоводната и канализационата мрежа. Дури и изградбата на градежни објекти е финансиски поддржана од Владата и тоа до 500.000 евра, зависно од новите вработувања и инвестицијата на корисникот.
[Image: jonson-control.jpg]
Извор: www.faktor.mk


Придобивки или штети од слободните економски зони?

Со сите олеснувања, ослободувања и погодности, евидентно е дека придобивките за нашата земја од инвестициите во зоните се ситни. Уделот на инвеститорите во зоните во бруто додадената вредност на национално ниво (компонента на брудо домашниот производ која го мери придонесот на индивидуалните производители) е низок, а нето економските бенефити за државата во периодот од 2007 до 2014 се позитивни за само три од вкупниот број компании во зоните. Ситните придобивки не изненадуваат, земајќи предвид дека корисниците имаат целосни даночни ослободувања, што значи дека нивните инвестиции немаат никаква директна импликација на буџетот на Република Македонија. Ниту извозот од зоните не влијае на буџетот токму поради споменатите царински ослободувања.
Низа дилеми предизвикува и државната помош. Кога државната помош ќе се изведе како процент од инвестицијата на приватиот ентитет (корисникот на зоната), се утврдува дека државата учествува со 7 до 47 отсто во инвестицијата. Се разбира, овие процентуални износи се базирани на извесни претпоставки, поради споменатиот недостаток на информации околу износите на државна помош. Притоа, кога се говори за државната помош не смее да се заборави ни скандалозната изјава на директорот на белгиската компанија „Ван Хулт“, кој сосема јасно потенцираше дека без државната помош од Република Македонија за вложување во една од зоните компанијата би пропаднала, што е потврда дека износите на државна помош се екстремно високи.
Единствената непосредна добивка за македонската економија од слободните економски зони се вработувањата во нив. Станува збор за 3008 нови вработувања, во периодот од 2007 до 2014 година. Но, дури и од аспект на вработувањата постојат сомневања дека платите се ниски, а работничките права се повредуваат.
Препораки за промена на регулативата

Концептот на слободни економски зони, сепак, е познат и во други држави чие законодавство треба да послужи како пример и во нашиот случај. Тука најнапред може да се земе предвид решението на Република Србија, во чиј Закон за слободни зони само рамковно се предвидуваат поволностите. Тие се разликуваат од една до друга зона, меѓутоа најчесто се однесуваат на локалните давачки и други нефинансиски погодности, при што во ниту еден случај корисникот на зоните не е 100 отсто ослободен од плаќање даноци.
Зони постојат и во Хрватска, но ослободувањата согласно тамошниот Закон за слободни зони, повторно не се ни приближно толку високи. Станува збор за намалување на основата за пресметка на даноците или за процентуално намалување на износот на данокот. Во секој случај, целосното ослободување е застапено сосема ретко, а и тогаш, за многу пократок период од 10 години.
Законодавецот треба да ги земе предвид ваквите компаративни примери со цел регулирање на слободните економски зони во Македонија. Освен тоа, Законот за технолошки индустриски развојни зони во иднина треба да содржи потранспарентни критериуми за доделување на државна помош, а и да содржи одредби со кои институциите се обврзани да ги објават сумите на доделена државна помош. Станува збор за средства на граѓаните со кои тие инвеститори се помагаат, така што граѓаните заслужуваат да ги знаат сумите.
Во спротивно, без измени на домашното законодавство, властите со парите на граѓаните само би продолжиле да им „плаќаат“ на инвеститорите да вложуваат во зоните, без притоа крајниот бенефит да го почувствуваат граѓаните на Република Македонија.

Republica
19-03-2016, 01:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Платите од државата, профитот кај странските инвеститори 


[Image: B5DCDFBB-0CCA-4441-AB18-7B60B36E0824_cx1...1_s_r1.jpg]
Бранимир Јовановиќ, економски истражувач



декември 08, 2016 Срѓан Стојанчов

Од 2007 до 2015 година се потрошени 159 милиони евра за привлекување или поддршка на странските директни инвестиции, а во тој период тие исплатиле плати во вредност од 92,1 милиони евра, покажува истражувањето на Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје.
Странските инвестиции им исплатиле плата на вработените помалку отколку што државата потрошила за привлекување на странските инвестиции, што е исто како платите да им ги дава државата, а профитот да си го земаат инвеститорите. Истражувањето на Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје покажува дека од 2007 до 2015 година се потрошени 159 милиони евра за привлекување или поддршка на странските директни инвестиции. Во истиот период, странските инвеститори исплатиле плати во вредност од 92,1 милиони евра, а оствариле нето добивка од 235 милиони евра.

„Парите на македонските даночни обврзници завршуваат како добивка на странските фирми“, вели економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ, кој е автор на анализата.

[Image: 72DC57E3-D971-4D9B-B00C-CCA89B947AF1_cx6...1_s_r1.jpg]

Вкупно исплатени плати во странските инвестиции во Македонија од 2007 до 2015. Извор: Институт за општествени и хуманистички науки од Скопје.
Поради тоа што државата не кажува директно колкава помош добиваат странските инвеститори, анализата е правена врз база на тоа колку пари вкупно се потрошени за оваа намена. Анализирани биле 25 фирми во кои има 12.600 вработени, што значи дека секое новоотворено работно место кај странски инвеститор ја чинело државата по 12.580 евра.

„Ова е околу 5.000 евра повеќе од она што го троши владата на Србија“, вели Јовановиќ.

Околу три четвртини од овие 12.600 вработени работат само во три фирми – Дрекслмајер со 5.730 вработени, Кромберг и Шуберт со 2.265 и Џонсон Контролс со 1.773 вработени. Просечната плата во анализираните 25 странски компании во 2015 година била 261 евра, слично како и претходните години. Највисока просечна плата од 517 евра има во Џонсон Мети, а најниска од 200 евра во Џонсон контролс, покажува истражувањето. Најниски плати има токму во компаниите со најмногу вработени, односно во Дрекслмајер е 235, а во Кромберг и Шуберт 239 евра.


[Image: 8D780F3D-4FEE-4B6F-BE1A-BF3F769DFAA8_cx1...1_s_r1.jpg]

Просечна плата во странските инвестиции во 2015. Извор: Институт за општествени и хуманистички науки од Скопје.
„Обично економистите сметаат дека соодносот плати-профити треба да биде една третина за профити и две третини за плати, а во овие странски фирми е обратно, три четвртини одат за профити, а само една четвртина за работниците“, вели Јовановиќ.
Во истражувањето се препорачува да се прекине со политиките за издвојување огромни државни средства за привлекување странски инвестиции, да се промени законот за поголема заштита на работниците, да се зголеми функционалноста и професионалноста на државните институции за заштита на работничките права и да се зголеми социјалната сигурност.
„Најчести примери за кршење на работничките права се мобинг, неплаќањето на работата за време на викенди, наметнување на работниците да работат за време на викенди и празници, работниците не можат да користат годишен одмор кога сакаат, туку фирмата им наложува, на некои од работниците им се ограничува слободата на говор и не смеат да разговараат со новинари или истражувачи за условите во нивните фирми, а има и примери за ограничување на извршување одредени физиолошки потреби, како одење во тоалет или јадење“, вели Јовановиќ.
08-12-2016, 11:56 PM
Reply