Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Магда Петканова - Печалбарска песна
Author Message
Orce Petkov Offline
Member
***

Posts: 84
Joined: Dec 2011
Reputation: 0
#1

/Песната е превод од Бугарски, автор: Магда Петканова/

ПЕЧАЛБАРСКА ПЕСНА

Свеќи ти запалив пред престолот небесен
поклони направив дор до девет пати,
чекам да се вратиш жив и здрав наесен -
и нека на тебе лек да ти е патот.

Во куќа се вратив, пусто ми се стори;
погледнав детето - тоа веќе заспало -
слушнав нешто дома мајка ти мрмори
и заплаках клета како над умрjaло.

А тебе те сретнале нашинци над село.
Велат весел бил си, возил како хала,
кривнал си калпакот над jунашко чело
и од твојата песна шумата ехтjaла.

Во куќa ме остави со дете на рацете
бела и црвена како китка цвеќе.
На печалба тргна, на гурбет далечен -
и да се заврнеш не помисли веќе.

Чекав тие до днеска, ќе чекам допрва -
цел живот зарових тук кај зла свекрва.
Дете ќе израсне, младост ќе прифати,
ала мојата младост нема да се врати.

Секоја ноќ изпридам две до три кадели,
од стан не излегувам веќе со недели -
а пак ми нареждат и ми навредуваат,
и пак деверите не ме погледнуваат.

Нема ли за мене кој да замилее
нема ли за мене сонце да изгрее?
Послушај ме, врати се, че години черни
идат понесреќни, идат поневерни.





17-03-2012, 08:41 AM
Reply