Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПЕТКРАТНО УБИСТВО КАЈ СКОПЈЕ; (КАКО БИ ПОСТАПИЛЕ ВИЕ???? - Стара тема)
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:НДП: Има сомнеж дека акцијата е алиби-борба со тероризмот пред Самитот на НАТО во Чикаго



„НДП бара од правната држава случајот на свирепото петкратно убиство во близина на Скопје да го расветли до крај и вистинските виновници да ги изведе пред лицето на правдата и на истите органите на правдата да им ја изречат заслужената казна. Претресувањата на десетина куќи во Гази Баба, Хасанбег, Арачиново и Отља, како и апсењето на 20 лица меѓу кои и еден старец и една старица, сите Албанци, не може да се квалификува како успешна акција, а уште повеќе го оправдува називот на акцијата – „Монструм“. Ова денеска меѓудругото е реакцијата на партијата на Руфи Османи. Оттаму велат дека истрагата била вршена во погрешна насока ако се знае дека министерката Јанкулоска рече дека се пронајдени автомобил, околу 10.000 евра, компјутери, мобилни телефони и картички за телефон.

-Обидот проблемите од криминален план да се поместат на верски план, не само што се неприфатливи, туку се многу опасни за безбедноста во земјата и во регионот и можат да бидат повод за нов ланец на насилство каде би настрадале недолжни граѓани, независно од нивната етничка или верска припадност. Акцијата и изјавите на МВР, оставаат простор за сомневање дека сево ова што се случува по петкратното убиство во близина на Скопје, се тежнее да се искористи како алиби пред Самитот на НАТО во Чикаго, дека наводно Македонија е држава која се бори против исламскиот тероризам – се вели меѓудругото во реакцијата на опозициската НДП.

Од партијата реагираат и прашуваат како Јанкулоска и нејзиниот заменик Џељаљ Бајрами ќе објаснат дека возилото „опел“ е пронајдено на 10 километри од местото на злосторството, каде можеле да влезат 20 лица. Од НДП побараа од министерката да појасни како си дозволува да го користи зборот убијци за лица за кои не е ни започната судската постапка.

02-05-2012, 02:02 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

Убаво прашање е поставено во насловот:
Како би постапиле вие?
Let me hear you make decisions without your television.
02-05-2012, 02:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Кои се убијците со слики и имиња


Петмина биле директните учесници во убиството кај Смилковско езеро. Заедно дошле и заедно побегнале со возилото Опел Омега.



32 годишниот Африм Исмаиловиќ, неговиот брат 33 годишниот Агим Исмаиловиќ и Алил Демири 27 годишен се тројцата кои според извори од истрагата го користеле оружјето. Тие тројца стрелале во петте жртви.

Заедно со нив биле и 54 годишниот Фејзи Азири и 24 годишниот Рами Сејди. За сите петмина МВР поднесе кривична пријава за тероризам.

Според информациите на полицијата околу 20 часот кај Смилковското езеро тројцата пријавени со две автоматски пушки и еден пиштол ги лишиле од живот петмината, а веднаш по убиството со возилото побегнале кон граничниот премин Долно Блаце.

Автомобилот го оставиле кај местото Вражји Вир, а со помош на останатите двајца пријавени успеале илегално да заминат на Косово.


[Image: slika.png]
Во полициската акција приведен е само Агим Исмаиловиќ останатите двајца се во бегство.

Според информации на Сител оружјето кое беше запленето во акцијата Монструм било пронајдено во неколку објекти.

Кај 60 годишната Фериде Билали од Отља биле пронајдени голем дел на муниција и куршуми, рамки за автоматска и полуавтоматска пушка и реденици за пушко митролез.

Во нејзиниот дом имало и радиостаници, маскирни панталони, кошули, ранци, амблеми, легитимации и албум со ознаки на УЧК.

Во нејзината куќа во Отља биле и тактичките елеци маскирна боја со амблем на УЧК. Оружје имало и во домот на Исни и Рамадан Асани, тако и син од скопско Арачиново.


[Image: slika1.png]
Во семејната куќа чувале пиштоли и рамки со различен вид муниција.

Во домот на 33 годишниот Назиф Мемети полицијата пронашла пиштол и девет куршуми, а кај 28 годишниот Ибрахим Зајдини една автоматска пушка, неколку рамки за муниција, еден сигнален пиштол и една рачна бомба кашикара.

За уште дест останати лица полицијата поднела посебен извештај до Основното Јавно Обвинителство нпод сомнени дека учествувале во организирање, подготвување, извршување, помагање и прикривање на кривичното дело тероризам извршено кај Смилковското езеро
02-05-2012, 11:06 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12

(02-05-2012, 02:11 PM)Gnoj Wrote: Убаво прашање е поставено во насловот:
Како би постапиле вие?

незнам што ти е поентата?
дека владата е про-нато?

„...алиби-борба со тероризмот пред Самитот на НАТО во Чикаго...“

ако е така, и самото дело е со анти-НАТО карактер, а владата сосе албанскиот фактор се со ПРО настроение, тогаш се наметнува логично прашање: која е всушност,те. од каде доаѓа таа АНТИ-НАТО заложба?
0+0+0=60%
03-05-2012, 02:56 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(03-05-2012, 02:56 AM)toni_a Wrote:
(02-05-2012, 02:11 PM)Gnoj Wrote: Убаво прашање е поставено во насловот:
Како би постапиле вие?

незнам што ти е поентата?
дека владата е про-нато?

„...алиби-борба со тероризмот пред Самитот на НАТО во Чикаго...“

ако е така, и самото дело е со анти-НАТО карактер, а владата сосе албанскиот фактор се со ПРО настроение, тогаш се наметнува логично прашање: која е всушност,те. од каде доаѓа таа АНТИ-НАТО заложба?



Владата, попрецизно ниту една партија во Македонија, не е ПРО НАТО и ПРО ЕУ.
03-05-2012, 03:55 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Најави за протести во петок

На социјалната мрежа Фејсбук, Албанската популација се организираат за мирни протести со наслов “Стоп на монтираните случаи„, повикувајќи ги сите граѓани на Македонија да ги подржат уапсените кои се обвинуваат од страна на МВР за верски тероризам.

Како што пишува во најавата, прoтестот ќе почне од Јахаја Паша џамијата, по петочната молитва некаде по 13:30 часот и демонстрантите веројатно ќе се упатат кон Основниот суд во Скопје, јави порталот на албански јазик Portalb.

линк: https://www.facebook.com/photo.php?fbid=349330171798344



Да видиме дали ке бидат само мирни. Дали оваа ке биде повод за контра протести од страна на "Македонците".
03-05-2012, 01:39 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Един от убитите край Скопие е бил българин

03.05.2012 | 19:59


Той се казва Александър Наковски и е получил българско гражданство от последните три години

Етикети
Македония, Скопие, убити, български паспорт

Петимата убити край скопското село Смилковци може би са имали български паспорти, твърдят източници на TV7 в Македония, стана ясно в предаването „Трибунал” на телевизията от площад "Македония" в Скопие.

С почти 100 %-ова сигурност поне един от петимата е бил и български гражданин. Проверката на журналистите на телевизията е установила, че той се нарича Александър Наковски, роден на 28 август 1984 година, и е получил българско гражданство от последните три години.

По думи на говорителя на македонското вътрешно министерство Иво Котевски пред ТV 7 – не се проверява дали жертвите са имали двойно гражданство.
Автор:
Десислава Станева

http://www.novini.bg/news/64001-%D0%B5%D...D0%BD.html

Това не бих го взимал за истина преди да се потвърди и от друго място
Без Ботев няма България
03-05-2012, 06:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:МВР распиша потерница за двајца од осомничените за убиствата кај Смилковското Езеро


Волерс: „Правниот систем треба да постапува според правилата и законите, за граѓаните да имаат доверба дека се осудени вистинските лица“.


[Image: MACEDONIA_ARRESTS3.jpg]

Македонската полиција распиша централна и меѓународна потерница преку Интерпол за двајца од осомничените за убиството на петмината кај Смилковското Езеро, кои се во бегство.
МВР на својата Интернет-страница ги објави фотографиите на Алил Демири (роден 1985-та) и Африм Исмаиловиќ (1980-та), против кои има поднесено кривични пријави за тероризам и се осомничени дека заедно со Агим Исмаиловиќ, кој е во притвор, се извршители на убиството од 12-ти април.
Претходно, МВР ги објави имињата и фотографиите на уште двајца од петорицата против кои се поднесени кривични пријави за тероризам и за помагање, а кои според сомневањата на полицијата им помогнале на Демири и Исмаиловиќ да избегаат во правец на границата кон Косово. Се работи за 54- годишниот Фејзи Азири и 24- годишниот Рами Сејди.
На сите петмина, судот им одреди 30- дневен притвор, колку што добија и уште четворица од 20-те уапсени во полициската акција „Монструм“ во вторникот наутро, кај кои полицијата наведе дека пронашла оружје и кои се товарат за кривично дело неовластено производство, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
На еден од уапсените, 60-годишната Фериде Билали од селото Отља, кумановско, и` е одреден домашен притвор поради лошата здравстевна состојба. Во нејзината куќа, според полицијата, било пронајдено најголемо количество оружје - муниција, куршуми, рамки за автоматска и полуавтоматска пушка, куршуми за пушкомитралез, радио-станици, маскирни униформи, амблеми, легитимациии и албум со фотографии со ознаки на УЧК.
Останатите десетмина уапсени, по 48-часовниот притвор се пуштени на слобода, откако Јавниот обвинител до Основниот суд Скопје 1 не достави барање за спроведување на истрага. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека овие луѓе нема да одговараат за тероризам.
„Нашите сомневања одеа во насока за евентуална нивна поврзаност со сторителите и нивните поддржувачи. Значи, од самиот почеток на истрагата ние имавме едни прелиминирани согледувања за бројот на сторителите“, рече Јанкулоска. Министерката кажа и дека сe` уште е рано да се говори за тоа дали терористите биле поврзани со некоја организација однадвор.
Американската амбасада во Скопје реагираше внимателно околу квалификациите за тоа кои се сторителите на петкратното грозоморно убиство кај Смилковското Езеро. Одговарајќи на новинарско прашање – дали Република Македонија се соочува со закана од исламски тероризам, амбасадорот Пол Волерс денес изјави дека во Амбасадата не се запознати со доказите за обвинетите лица, и дека прво ќе почекаат да ги видат.
„Низ светот има терористички настани, и ние самите бевме жртви на тероризам, и знам дека ова прашање тука се сфаќа сериозно. Ќе мораме да почекаме, да го видиме судењето и доказите. Ги следиме состојбите по ужасните убиства на 12-ти април, и искрено сочувствуваме со семејствата на убиените. Одблиску го следиме процесот, апсењата и истрагата, ќе ја следиме и судската постапка. Важно е да се почитуваат правилните процедури, за тие што го извршиле ова ужасно дело да бидат изведени пред правдата. Правниот систем треба да постапува според правилата и законите, за граѓаните да имаат доверба дека се осудени вистинските лица“, изјави амбасадорот Волерс.
04-05-2012, 01:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ФОТО: Убиецот од Смилковци на Фејсбук пишувал за злоделото

33 годишниот Агим Исмаиловиќ осомничен за диуректно учество во убиството кај Смилковци на Фејсбук може да се пронајде под презимето Исмаили.


[Image: agimismailifb-600x223.png]

Неговиот фејсбук профил останува да сведочи за неговата идеологија. На списокот негови пријатели се десетици радикални следбеници а слични се и страниците на кои тој одлучил јавно да им даде поддршка. Најинетерсно е што Исмаиловиќ кој на друштвената мрежа го користи презимето Исмаили изразил длабок интерес за убиството кај Смилковци па повеќе пати објавувал статии од различни медиуми во врска со полициската истрага.



Да водиме сметка што ставаме на ФБ или на форумов. Господ да и е на помош на Македонија и Македонците.
04-05-2012, 01:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:ВИДЕО: Протестот излегува од контрола!?


Во тек се протестите во Скопје, кои започнаа со организација преку социјалните мрежи.

Албанските граѓани протестираат за како што велат, против конструираните судски случаи на власта со паролите „Алах е голем“ и „ Кој не протестира е предавник“ и „Оставка “.

Протестите поминуваат со низа инциденти, погледнете го видеото.






Јас на видеово невидов инциденти.

04-05-2012, 02:14 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,424
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(04-05-2012, 01:24 AM)ЈорданПетровски Wrote: Да водиме сметка што ставаме на ФБ или на форумов. Господ да и е на помош на Македонија и Македонците.
Odlicno prasanje Jordan, na koe bi sledelo i zoshto nekoj postavuva neshto na FB?
Koj e zadnata cel na takvoto postavuvanje?
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
04-05-2012, 05:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:[Image: 05.04skopjeprotesti01.jpg]

Фотографии од протестот во Скопје. Велат, сликата кажува 1000 зборови. Па, еве неколку слики!

Фотографииве не се направени, ниту во Бејрут, ниту во Тунис, ниту кај Ахмадинеџад во Техеран. Скопје 2012 година!


[Image: 05.04skopjeprotesti03.jpg]


[Image: 05.04skopjeprotesti04.jpg]
04-05-2012, 06:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


[Image: 05.04skopjeprotesti05.jpg]


[Image: 05.04skopjeprotesti06.jpg]


[Image: 05.04skopjeprotesti07.jpg]


04-05-2012, 08:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


[Image: 05.04skopjeprotesti08.jpg]


[Image: 05.04skopjeprotesti09.jpg]


[Image: 05.04skopjeprotesti10.jpg]
04-05-2012, 09:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


[Image: 05.04skopjeprotesti11.jpg]


[Image: 05.04skopjeprotesti12.jpg]


04-05-2012, 09:02 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 452
Joined: Jan 2012
Reputation: 3

јас ќе речам
Најдобро е кукавиците што нападнале-погубиле невооружени цивили да се најдат и осудат со најстрога можна казна .
Но сега засега ќе причекам не за друго туку досега се изнагледавме спектакуларни акции на полицијата во кој се апсеа и по 60 - 70 луѓе а потоа сите беа ослободувани како лажно обвинети .
05-05-2012, 07:49 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 452
Joined: Jan 2012
Reputation: 3

(02-05-2012, 02:11 PM)Gnoj Wrote: Убаво прашање е поставено во насловот:
Како би постапиле вие?

сигурно не со еуфорија и со набедување дека делото го сторил некој за кој немам доказ
Во моментов во Макеоднија не се знае кој се ровара оти има преемногу заинтересирани за нејзино уништување и кој играат на таа карта исто како со Илинденското востание да се избрзаат работите за потоа да се доживее пораз .
Најдоро е да се остави полицијата и судовите со сите нивни капацитети професионално да си ја завршат работата .
05-05-2012, 07:53 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 452
Joined: Jan 2012
Reputation: 3

(01-03-2012, 10:33 PM)fetak Wrote: Eve plus ima dogovor pomegu nasa Policija i Englesko razuznavnje , znaci UDBa ne vrsi rabota veke.

УДБА одамна веќе непостои и неможе да постои тоа само некој параноици си замислуваат .
05-05-2012, 12:40 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 452
Joined: Jan 2012
Reputation: 3

(01-03-2012, 09:45 PM)sokoli Wrote: Rabotime za nashata kauza za nashite interesi.Vojnata e protiv nashite interesi.Vojna pred 28 noemvri 2013 godina e propast ili kataklizma na mojot narod.

Убиствата кај Смилковското езеро

Има неколку причини според кој за мене се неприфатливи објанувањата за убиствата на децата кај Смилковското езеро кој досега ги слушнав-ме од министерката Јанкуловска и официјалните власти .

А тие се :

1)
Дека станува збор за религиозни фанатици .
Ваквата теза е неодржлива како објаснување за убиствата .
Зошто ?
Затоа што објаснувањето дека Исламски екстремисти сакале да предизвикаат војна во Македонија со убиствата на децата во текот на Велигденските празници се нелогични .
Затоа што :
-а)
Правило кај исламските ексремисти – радикали е да предизвикаат јавен публицитет . Многу скаат да се популарни . Сакаат масовните убиства да ги прават на јавни места па така ако беше за Велигден тоа можеа да го направат кога имало луѓе во црквите и дури тигаш ќе имаше вистински ефект таквата нивна акција .
Најчесто снимаат пораки на касети или ги објавуват на интернет па таму се жалат дека ете гинеле за госпот дека се маченици дрн дрн јариња улавштии итн .
Но во случајов со убиствата на децата таква работа немаше !
Б)
Исламските радикали кога убиваат луѓе на осамени места како што е случајот со Смилковското езеро тоа се секогаш нивни луѓе кој ги предале или се откажале од таквите екстеремни идеи . Но и тоа неможе да биде случај од причина што децата воопшто и не биде муслимани а камоли радикални исламисти .
Всушност ваквите убиства како кај Смилковското езеро се знае дека само може да му наштети на Исламот а никакви позитивни работи или други ефекти како предизвикување војна неможе да постигне .
Нема ниту еден елемент кој укажува упатува на тоа дека убиствата ги извршиле исламски екстремисти . Е дома им нашле исламска литература . Држ ме мајко што било . А во која куќа на муслиман нема да најдеш Или во куќа на православен нема икони крстови и слични реквизити . Во Скопје Американски амбасади, претставници од НАТО од ЕУ има АРМ кој учествуваат во Афганистан и други места и замисли само исламски редикали начекале на осамено место Македонци и така го демострирале својот радикализам .Абе ајде .
Имајќи предвид сево ова очигледно е дека објаснувањата за некакви исламски радикали не држат воопшто .

2)
Објаснувањата дека Албанците сакале да предизвикаат војна .
Ова објаснување е понелогично и од она за исламските екстремисти .
Зошто ?
Па затоа што од многуте интересенти како во Македонија така и во соседните држави кој посакуваат војна во Македонија во моментов Албанците се нај НЕ заитересирани за таква работа .
Затоа што :
Затоа што војна во вакви услови воопшто не им одговара .
Не поради неподготвеност далеку од тоа . Сега се многу поподготвени од 2001 за разлика од нас Македонците . Оти 2001 година бевме многу кој служеле во ЈНА значи многу обучени луѓе а се купи и доста тешко оружје . Во меѓувреме ние веќе не сме толку млади а Грујо ја укина војската а тенџерко Бучко го уништи тешкото оружје . Па во вакви услови Албанците само би се прошетале до Меџитлија , Берово и Струмица и би го развиориле Албанското знаме оти нема ниту кој да ги сопре .

Меѓутоа самото тоа што во моментов Македонците се комплетно онеспособени за одбрана автоматски значи само една работа а тоа е моментално вмешување во војната на Србија Бугарија и Грција . Во такви услови нема да бидат расчистени само Македонците туку добар дел и од Албанците .Албанците не само што би ги изгубиле сите придобивки од 2001 год туку овој пат ќе имаат и огромни човечки жртви и губење на територии .За нас Македонците да не збориме .

Најголемиот интерес во моментов на Албанците е членство на Македонија во НАТО и ЕУ
Така ем ќе си ги задржат и сите придобивки и нема човечки жртви и губење територии ем самото членство како на Македонците така и ним ќе им отвори многу врати .
Така што на тие прикаски дека шака луѓе 5-10 ќе отварале војна меѓу Македонците и Албанците незнам колку треба човек да биде малоумен за да поверува во такви глупости .
Па да знаел Ахмети или Тачи дека Албанци ќе правеле таква гадост самите ќе кренеле слушалка ќе ги пријавеле во полиција да ги спречат .Војната 2001 ама имаше политички струкури имаше организација имаше подршка од сегде .Сега кој би подржал ваков класичен случај на убиство на недолжни невооружени цивили Чист случај на тероризам ..Демек се собрала шака бедници и решила ај ќе си играме војна .Тоа ни во филмови го нема ..може во цртани оти на бебињата секаконе им е гајле .Но не и во реалноста .

Се што видовме од снимките при апсењето е дека станува збор за луѓе од сиромашни семејства . Луѓе кој во днешно време може лесно да се купат .
Луѓе кој имаат свој НАРАЧАТЕЛ на убиоствата штоги направиле

Јас и честитам на Јанкуловска и полицијата ако навистина ги фатиле вистинските убијци . Им честитам на ПОЛУ-УСПЕХОТ
А полу-успех е НЕУСПЕХ

Успешно ќе биде само и само кога ќе излезе Јанкуловска и некој од официјалната власт и ќе го каже НАРАЧАТЕЛОТ па ма кој тој и да биде . Без разлика која странска служба држаВа или некоја домашна петоколонашка групација оти знаеме а и тие не се кријат дека се меѓу нас Македонците дури и лажно се преставуваат како Македонци а цело време го негираат Македонството и работат против нас .
Тоа историјата безброј пати го потврдила правилото дека нарачателот на вакви убиства се јавува и како подбуцнувач на војна како наводен жалач на убиените .

Штом Јанкуловска рече дека ги фатиле убијците тогаш задолжително мора да се каже и нарачателот . За вакво дело нема проблем да признаат .Нема сакам несакам .Барем тоа нее проблем во денешно време .Еден серум на вистината иииии ќе пропеат како славејчиња во пролет


(This post was last modified: 05-05-2012, 12:48 PM by Flok.)
05-05-2012, 12:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(05-05-2012, 12:40 PM)Flok Wrote:
(01-03-2012, 10:33 PM)fetak Wrote: Eve plus ima dogovor pomegu nasa Policija i Englesko razuznavnje , znaci UDBa ne vrsi rabota veke.

УДБА одамна веќе непостои и неможе да постои тоа само некој параноици си замислуваат .


(01-05-2012, 10:17 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(01-05-2012, 04:22 PM)ЈорданПетровски Wrote: http://www.federalna.ba/bhs/vijest/24174...a-specijal



Обрнете внимание на онаа што го зборува Ким Мехмети, некаде околу 28 минута.


Дали е Црна Рука, ОЗНА, УДБа, БИА или СИД е небитно. Битното е дека српските служби ја креираат македонската политика.
Самите Срби велат: "Ако нема УДБе нема Србије". Србија која има хегемонистички аспирации врз БиХ, Црна Гора, Косово и Македонија
05-05-2012, 01:54 PM
Reply