Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПЕТКРАТНО УБИСТВО КАЈ СКОПЈЕ; (КАКО БИ ПОСТАПИЛЕ ВИЕ???? - Стара тема)
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ОД ПОЧЕТОК НИ БЕШЕ ЈАСНО ДЕКА ВЛАСТА СТРЕМИ КОН НАШЕТО ЗЕМЈИШТЕ

Бедри Ајдари, брат на Фејзи Ајдари осуден на дожвиотен затвор во случајот Монструм изјави за Лајм дека од самиот почеток се соменвале дека случајот Монструм е инскениран поради токму тоа земјиште.

12.11.2014

Потребнатаа документациија за изградбата на овој центар е веќе спремна, а подготвен е и детален урбанистички план на општина Гази Баба со помош од 1.3 милиони денари од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Исто така, владата го оценува овој урбанистички план како
приоритетен, јавуваат медиумите на македонски јазик.

Бедри Ајдари, брат на Фејзи Ајдари осуден на дожвиотен затвор во случајот Монструм изјави за Лајм дека од самиот почеток се соменвале дека случајот Монструм е инскениран поради токму тоа земјиште.

Во близина на Смилковце каде што се случи петкратното убиство се предвидува изградба на спортско-рекреативен комплекс, со авто-камп, спа-центар, спортска сала и ресторани, кафулиња, продавници и паркови на површина од 68,3 хектари. Инвеститорите можат да се натпреваруваат за овој проект, откога ќе се изгради потребната патна инфраструктура до северниот кружен ток..

По таквите информации растат сомневањата во албанската јавност дека петкратното убиство е можно дека било инскенирано од структѕри кои за цел имале да се прекине 30-годишната концесија која ја имале албански семејство врз земјиштето во околина на Смилковце. Посебно со обзир на тоа што некои членови на овие семејство се помеѓу осудените на доживотен затвор во случајот Монструм. По нивното апсење, на овие семејства им е прекинат договорот за концесија.

Бедри Ајдари, брат на Фејзи Ајдари осуден на дожвиотен затвор во случајот Монструм изјави за Лајм дека од самиот почеток се соменвале дека случајот Монструм е инскениран поради токму тоа земјиште.

“Ова беше еден од мотивите за сомнеж од почеток. Таквите сомнежи постојат не само меѓу нас, туку и кај семејствата на жртвите, но обвинителката тоа не го прифаќаше, тврдејќи дека ќе продолжи единствено со радикалниот ислам. Истите луѓе со кои мојот брат се има сретнато еднаш за да ги определи границите на земјиштето, се истите кои сега го имаат земено сето земјиште. Тие тогаш се вратија со наведнати глави кога со геометрите ги дознаа границите. Сега уште повеќе ме буни фактот како се случи да ова земјиште од подрачната единица на Чаир има поминато во подрачната единица на Гази Баба,” вели Ајдари.

Фејзи Азири имал под концесија околу 39 хекатори, за кои имал 30 годишен договор.

“Имаме информации дека апсењето се случило на 1 мај, додека пак на 2 мај полицијата баарала да се одземе земјиштето од брат ми. Рокот за исплата бил до крај на Јуни. Мене не ми ја даваа авторизацијата со која можам да ја направам исплатата. Сега сопственик на земјиштето е истиот човек кој го има повикано брат ми да го поделат земјиштето со геометар. Тоа е истата група луѓе, високи членови на ВМРО како и претседателот на Македонскиот Конгрес Тодор Петковски. Не случајно се изгради и црква таму. Земјиштето во сопственост на брат му се има одземено со само една изјава од Министерството за земјоделство, без воопшто да се испочитува договорот. Никому никогаш на таков начин му се нема одземено земјиштето. Се е намерно,” нагласува Ајдари.

И аналитичарите често имаат искажувано сомнеж дека владата предводена од македонските националистички партии ВМРО и ДУИ дека држењето под концесија на ова земјиште од сстрана на албанците може да им наштети на македонските интереси.
12-11-2014, 03:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Заев: Невини луѓе лежат во затвор за Смилковско езеро!

Во интервју за германскиот весник „Ди Цајт“, лидерот на СДСМ Заев вели дека вистината за случајот „Смилковско езеро“ може да предизвика судири во Македонија. Не очекува оставка од Груевски, но очекува достоинствен излез.

Седумтемина етнички Албанци кои се осудени за случајот Смилковско езеро се невини, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за весникот „Ди Цајт“.
„Тие неправедно седат во затвор“, вели Заев, но стравува оти објавувањето на „вистината за случајот“ може да предизвика немири во албанската заедница во Македонија.

„Може да има и жртви. Затоа во моментов водиме интензивни разговори со албанската заедница, за да најдеме начин да спречиме таква реакција. Мораме да биде многу внимателни со вистината. Мораме да го сочуваме единството на народот“, вели Заев. На прашањето дали стравува дека состојбата може да излезе од контрола, опозиционерот одговара потврдно: „Да, до одреден степен сум многу загрижен. Мораме да ги подготвиме луѓето за вистината, мораме да бидеме многу одговорни“.

[Image: 0,,15881908_404,00.jpg]
Вистината за случајот “Смилковско езеро“ може да предизвика немири во албанската заедница во Македонија

Заев, сепак, не очекува да се повтори конфликтот од 2001 година, и оценува дека „народот е сплотен“. „Нашиот граѓани се најдобри чувари на мирот. Тоа е најдобрата порака. Се плашам дека поединци сепак можат да прибегнат кон насилство“.

Во разговорот, лидерот на СДСМ говори и за шансите премиерот Никола Груевски да поднесе оставка на функцијата.

„Мислам дека ситуацијата не е едноставна за него. Мислам дека наскоро ќе им олесни на опозицијата и на граѓанското движење. Се надевам дека заеднички ќе најдеме решение за кризата и ќе ги смириме граѓаните. Прво ни е потребна една преодна влада. Таа треба да ги подготви новите избори. Пред нас стојат итни задачи кои мораме да ги исполниме. Слободата на медиумите и независноста на судството мора повторно да бидат воспоставени. Мора да дојде до одвојување на партијата од државата. Тоа се основните задачи“, вели Заев.

Сепак, лидерот на СДСМ вели дека не очекува оставка од Груевски.

[Image: 0,,18443812_404,00.jpg]
Преодна влада ќе му даде можност за достоинствено повлекување на Груевски, вели Заев

„Не верувам дека тој ќе даде оставка. Тоа би значело лично признание на вината. Сметам дека преку преговори можеме да изградиме преодна влада. И потоа, и за него би имало можност за достоинствено повлекување“. Според Заев, „за Груевски мора да постои можност за излез во рамките на еден процес“. Тој потсетува дека веќе имало оставки во владата, и тоа го толкува како „јасна порака од Груевски“. „Тој е подготвен“, вели Заев.

Во интервјуто, Заев ги отфрла тврдењата дека големите сили (Западот и Русија) се вмешале во политичката криза во земјата. „Нашето место е во Европа. Сакаме добри односи со Русија, но пред сѐ сакаме во Европа. За тоа не постои алтернатива“.

DW
27-05-2015, 01:11 PM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27

Novinarot od kosovo milaim zeka doleva ulje vo ogan.
Istiot tvrdi:
Eden od zhrtvite vo smilkovskoto ezero bill svedok na hashkiot tribunall protiv makedonskiot minister za odbrana.Zashto ova nikogash ne billo objaveno.
Kollata so koe izvrshitellite go izvrshille cinot billo konfiskuvano od policijata.kako izlegllo toa vozillo od policija.Na komu mu e dadena na koristenje.Zashto kjategoricno e odbieno pomoshta na stranska slluzhba za pomoc za reshavanje na sllucajot smilkovsko ezero.
Oruzhjeto so koe e izvrsheno ubistvoto billo konfiskuvano od osudenite tocno 13 meseci porano i billo vo policiski magazin.
http://almakos.com/permalink/79348.html
27-05-2015, 07:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Заев: Бомбата за случајот Смилковско ќе открие нова вистина

„Тие неправедно седат во затвор“, изјавил Зоран Заев за германскиот весник Ди Цајт. Денес Заев појаснува дека бил погрешно пренесен но останува на ставот дека бомбата за Смилковско езеро сепак ке открие нова вистина за случајот.





Роднините на убиените по ветувањето на заев дека ќе ја објави вистината за монтрум чекаат со секоја нова бомба да чујат детали кои можеби би дале нова светлина на случајот. За Телма зборуваа на денот на погибијата на нивните синови. Одговорт за смртта на момчињата го бараат во кодираните броеви во пресудата со која шестмина добија доживотни затворски казни, а еден беше ослободен.

Овојпат по изјавата на Заев во германски весник решија да молчат. Велат дека го имаат во раце случајот, но додека лидерот на опозицијата не ја пушти бомбата нема да коментираат. Очекуваат Заев да го исполни ветувањето што им го дал на единствена средба која ја имале пред неколку месеци. Од државата бараат бараат да ја реализира екстрадицијата од Косово на директните извршители за да ја кажат вистината и да ги расчистат сите сомнежи за тоа кој се е вмешан во убиството.

Кристина Мачкиќ
28-05-2015, 12:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Невини луѓе лежат во затвор за Смиљковско! Што кажа точно Заев за Ди Цајт?

Ви го пренесуваме делот од интервјуто на електронското издание на весникот Ди Цајт објавено на 26 мај:

ZAIT ONLINE: Вие ја поттикнавте сегашната криза со разоткривање на некои телефонски разговори на властите. Го правите тоа малку по малку. Зошто не објавите се што имате, одеднаш?

ЗАЕВ: Ние бевме и сме многу внимателни. Ние треба да ги заштитиме своите извори и своите материјали. Не постои друг начин.

ZAIT ONLINE: Како дојдовте до тие материјали?

ЗАЕВ: Од луѓе од безбедносниот апарат. Некои од нив ја имаат напуштено земјата, другите се уште се тука. Тие се „свиркачи“. Според мене, тие се патриоти.

[Image: 2de3382a5af210bae6bb7af0a804108e.jpg]

ZAIT ONLINE: Во Македонија има уште еден случај на повеќекратно убиство, кое ја потресува земјата до денес. Во 2012 година, четири македонска момчиња и еден возрасен се убиени во едно предградие на Скопје. За ова некои Албанци се осудени на доживотен затвор. Тие побараа да се дознае вистината за овој случај. Што навистина се случи?

ЗАЕВ: Ветив дека ќе ја споделиме целата вистина со нашите граѓани. Но во моментов јас сум загрижен за реакцијата на албанските граѓани ...

ZAIT ONLINE: Зошто?

ЗАЕВ: Случајот е многу, многу чувствителен. Убиствата се случија на Велигден. Тоа е многу симболично. Седум Албанци беа осудени досега. Тие беа обвинети за убиство со терористички мотиви. Според информациите што ги имаме во нашите раце, тие граѓаните се невини. Седат неправедно во затвор.

ZAIT ONLINE: Зарем не би било подобро тие докази што поскоро да се најдат на маса? Па тие седум луѓе би можеле да бидат ослободени. Тие се - како што рековте - невини.

ЗАЕВ: Знам. Но, јас сум загрижен дека еден дел од Албанците би можел да реагира насилно кога ова ќе се дознае. Би можело да има и мртви. Тоа е причината зошто ние во моментов спроведуваме интензивни разговори со албанската заедница, да видиме како можеме да ја избегнеме таквата реакција. Ние мора да бидеме многу одговорни со вистината. Треба да се зачува единството на народот.

ZAIT ONLINE: Дали стравувате дека премиерот Никола Груевски ќе биде притеснет до ѕид од многу луѓе, ако се објави вистината во врска со овој случај на убиство?

ЗАЕВ: Јас сум многу активен во социјалните медиуми. Одново и одново добивам пораки од луѓе кои велат: "Ние ќе одиме директно во затворот, таму ќе ги ослободиме невините, а потоа ќе одиме директно во канцеларијата на премиерот и ќе го врземе“. Тоа може да доведе до проблеми.

Превод „КИРИЛИЦА“
(This post was last modified: 28-05-2015, 12:17 PM by ЈорданПетровски.)
28-05-2015, 12:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36





Quote:Нешкоски поднесоа кривични пријави против Урко, Јанкулоска, Груевски и Мијалков


Влатко Чаловски, НОВА | објавено на: 05-06-2015 14:11:52

Семејството на Мартин Нешкоски, односно неговата мајка и неговиот чичко денеска во Јавното обвинителство поднесоа кривична пријава против екс-министерката Гордана Јанкулоска, против Дејан Митревски - Урко, против премиерот Никола Груевски и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Како што се вели во пријавата која ја поднесе семејството, против Урко пријавата е за давање на усна наредба спротивно на членот 154 од Законот за внатрешни наредби, кога го распоредил полицаецот Игор Спасов за обезбедување на простор за прослава на ВМРО ДПМНЕ зa победата на парламентарните избори, кој го уби Мартин Нешкоски на 06.06.2011 година.

Против Јанкулоска, во пријавата е наведено дека таа не изготвила писмена наредба согласно членот 154, а заедно со Груевски и Мијалков свесно и намерно ја прикривале истрагата со цел да спречат штета во МВР и врз себе.

Чичкото на Нешкоски го најави утрешниот протест под паролата „Убиство кое не смее да остане во тајност“.

При одговорање на новинарско прашање дали веруваат дека Обвинителството на чело со Марко Зврлевски ќе постапи по пријавата, чичкото Сашо Петрески рече дека како граѓани тие должни да ја поднесат, но дека не веруваат во оваа институција со ваков соста





Воедно, кога семејството Нешкоски влезе во објектот на ОЈО за да ја поднесе пријавата, поради дождот новинарите застанаа пред влезот на зградата, пред се да ги заштитат камерите, но во тој момент излезе претставничка на обезбедувањето која бараше од новинарите да се симнат од скалите, и да се вратат на местото.

И покрај барањата на активистите и новинарите, обезбедувањето да одговори зошто би требало да се тргнат кога немаат никаков мотив, претставничката рече дека се прави непотребна тензија по што неколку пати бараше новинарите да се тргнат неколку метри понастрана од влезот.
05-06-2015, 01:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Протест за Мартин Нешковски:Сите инволвирани во убиството да одговараат!


[Image: 22817golema.jpg]

од НОВА 06-06-2015 19:00:10

Илјадници граѓани кои дојдоа пред Владата на протестот насловен „Правда за Мартин Нешковски“, во моментот се движат кон МВР, јавува репортерот на НОВА , Влатко Чаловски.

Граѓаните и активистите извукуваат „Правда за Мартин“,Оставка“, „Убијци“,„ Нема правда, нема мир“.

На одбележувањето на четиригодишнината од убиството на неговиот брат, Александар заедно со мајка му и членови на семејството се на чело на протестниот марш.

Протест беше најавен преку социјалните мрежи од братот на Мартин, Александар Нешковски.

Тој вечерва побара обвинителството да ги процесуира вчера поднесените кривични пријави против Никола Груевски, Урко, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков.

[Image: %20n.jpg]

„Целата ситуација затаи од врвот на власта, затоа и беа поднесени тие тужби вчера, по четири години, и нередите кои се случија на протестите на 5. мај се последица на нефункционалноста на институциите“, рече Александар Нешковски.

Семејството на брутално убиеното момче се надева дека правдата ќе биде задоволена и дека сите кои учествувале во задскривање на убиството на Мартин, ќе одговараат.
06-06-2015, 06:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



06-06-2015, 06:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



06-06-2015, 07:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Zoran Bozinovski
Yesterday at 3:36pm · 


Ona što denes go doznav za slučajot SMILKOVSKO EZERO i što go imam ne smeam da go objavam bez soodvetna zaštita i podgotovka. Ama možam javno da postavam dve prašanja:
1. Gospodine TRAJKO VELJANOVSKI, što barale kaj VAS doma momčinjata nekolku časovi pred da bidat ubieni?
2. Dali g. Veljanovski ste podgotveni da svedočite za ovoj slučaj na poligraf: VIE, vašata sopruga, sinot i kerkata i pripadnicite na vašeto obezbeduvanje?
JAVNA MOLBA do site koi go čitate ova, a imate dobra volja: spodelete go ovoj post! Vo zatvor se sosema NEVINI LUDJE...




Quote:КОЈ КАКО И ЗОШТО ,ВИСТИНАТА ЗА МОНСТРУМ КОЈА ДОЛГО ЈА ОЧЕКУВАВТЕ




[Image: 250px-%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%...%D0%B8.jpg]

09/12/2015
Некаде околу 20-03-2012 година ,добив телефонски повик од мој пријател ,кој во тоа време беше вработен во VI Управа на МВР, работно распореден како лично обезбедување на Реисот во ИВЗ. Во краткиот телефонски разговор ми вели , другар не е за по телефон , мора да се видиме , се кува нешто големо,ќе има бела. После само 3 дена остварувам средба со мојот другар, при што ми пренесе ,дека во реонот на Липково и Радуша има униформирани лица кој се наоружани и се со униформи со аблеми на УЧК. Тогаш го запрашав која е поентата на такви паравоени единици? одговорот кој го добив за мене тогаш беше фрапантен. Ми вели ,другар тоа треба да е алиби на голем настан што ќе требало да се случи, двајца од врвот на ВМРО имаат проблем со децата , сакаат нешто да направаат, ќе страдаат невини луѓе.Толку само ќе обзнанам за мојот разговор со ова лице, другото ако има потреба ќе го обзнанам пред Специјалното обвинителство.
Веднаш по моето враќање од терен, 28-03-2012 година , јавно на Охридскај објавив напис под наслов:ВО ЛИПКОВО И РАДУША ЗАБЕЛЕЖАНИ УНИФОРМИРАНИ ЛИЦА НА УЧК линк:  http://ohridsky.com/?p=2651 .тоа е почетокот на свирепиот злочин.
По објавувањето ,следуваше низ од напади врз Македонската независна новинска агенција Охридскај од страна на МВР. Тогаш портпаролот на МВР Иво Котески ќе излезе со смешно соопштение ,дека наводно Охридскај сакал да ја дестабилизира државата , а истото на неколку наврати го спомна во своите изјави и Гордана Јанкуловска во својство на министерка, дека нема опасност од тероризам и дека тоа се‘ измислени нешта од страна на Охридскај со цел да створи вознемиреност кај граѓаните. Трагикомедијата од МВР да биде поголема , дури добив телефонски повик од Иво Котески , кој проверувал во СВР Куманово и СВР Охрид ,дали сум пријавил појава на терористички групи, дури и ме запраша како тоа не сум направил интервју со нив?!! Одговорот мој кон Котевски беше следен: јавна објава е јавна пријава , а што се однесува до интервју , можеш ти да одиш да направиш ,а не да глумиш кловн.
Не поминаа ниту 15 дена на 12 -04 2012, е извршено убиство на петмина лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци,  во близина на Скопје. Тогаш во изјавите на Котевски и Јанкуловска ,ова се теретеше како ТЕРОРИСТИЧКИ ЧИН па така  за настанот бил формиран оперативен штаб кој ја раководел операцијата, а голем број на полицајци и инспектори биле на терен за собирање на информации околу евентуалниот идентитет на убијците и мотивот.Сигурно се сејќавате колку тоа „крокодилски “ солзи пролеа Гордана Јанкуловска пред ТВ камерите.„Пукано е од непосредна близина. Не би можела да кажам колку точно е таа непосредна близина, меѓутоа пукано е од блиску. Видливи се трагите на телата од момчињата од огнено оружје и смртта настапила како резултат на огнострелните рани кои се евидентни на телата на момчињата и телото на петтата жртва, кој не е дел од групата момчиња кои заедно ловеле риба“,ќе истакне Јанкуловска во свовето обраќање.
Но да не должиме . По случувањето на настанот , повеќе од јасно беше дека МВР сака да се испере.Самиот криминалистички увид со низа пропусти, возилото кое било користено од извршителите , до ден денешен не е утврдено во чија сопственост е истото. Само за мало сознание на јавноста , во Макеоднија има до сега запленето над 30,000 возила ,кој дел се наоѓаат кај Петровец, а ги има и скоро по сите полициски станици низ Македонија , возила кој се запленувале од 1994 година , па се до денес ,а дел од нив најчесто ги користат припадниците на МВР за разно разни потреби.(Доколку сака некој да дознае од каде возилото, ќе треба да прегледа во системот на запленети ПМВ ,лесно ќе се утврди од кој плац е земено истото и по чија наредба)
Послем овој крајно монструозен чин следуваа апсења на група на граѓани . Повторно го побарав мојот пријател , го запрашав како еден чирак кој прави Донер во стара чаршија може да направи вакво гнасно дело? Одговорот кој го добив беше повеќе од фрапантен, ми рече другар дечкиве немаат врска со настанот , овде се замешани двајца челници од ВМРО, тие имаа проблеми со децата , ова што го направија не личи на ништо, ем зајгинаа млади деца , ем невини луѓе ќе одат по затвори,ама господ е голем ќе им плати.(Имината на личностите нема да ги објавам, тоа ќе се каже доколку пројави интерес Специјалното обвинителство.
Покрај мојот пријател за ваквиот настан знаеше уште еден припадник на 6-та управа на МВР , покасно префрлен во Агенција за разузнавање на Р.М, како и уште неколку лица од кабинетот на претседателот на Р.М Ѓорѓе Иванов. На 14. септември 2012 пронајден е мртов Јонче Груевски, вработен во Агенцијата за разузнавање.
Неговото тело било пронајдено во службените простории на Агенцијата. Според неофицијалните информации, разузнавачот починал од огнострелна рана во пределот на срцето. Покасно овој настан ќе биде затворен како Самоубиство!!!За оние кои не знаат во службените простории на АР никој ниту смее , ниту може да внесе службен пиштол, уште повеќе ако се знае фактот дека предметното оружје -пиштол се водел како сопственост на МВР , а не на АР. Покојниот Јонче Груевски ,кој претходно беше припадник на посебната единица АЛФА,беше совесен и разбран човек , знаеше премногу ,сакаше да си замине од работа во АР и заедно сесем фамилија да се одсели во Австралија , но оние кој го нарачаа Смилковско , не сакаа совесни лица , Јонче е убиен од негов колега ,кој и ден денешен послем овој немил настан има големи психички проблеми,кој во Јонче Груевски пукал од непосредна близина , поточно од соседното биро.
Самиот настан кај Смилковското Езеро е специфичен , таму децата се доведени мртви од страна на извршителите, кој исфрлиле чаурина местото каде ги оставале децата . Кај Смилковско езеро убиен е само чуварот ,кој единствена вина имал тоа што бил на погрешно место и на погрешно место, па така ги видел сторителите , на кој не им преостанало ништо друго отсвем да го убијат и него.
Она што зачудува во целиот овој моструозен настан е тоа што има видео запис од убиството на децата ,кој покасно од страна на еден од извршителите е продаден во Приштина за 30.000 евра на агент од БИА на Р.Србија,па така и ден денешен владата на Р.Србија како кленови си ги има на јадица нарачателите , буквално за секоја нивна потреба.
Непобитен факт е вемшаност на поединци од врвот на ВМРО ДПМНЕ кој сакале да си ги заштитат своите мили дечина од нивните пороци ,кој патем ги имаат и до ден денешен.Факт е дека неколку видни први функционери на МВР знаеле за немилиот настан и сокривале траги. Факт е дека знаела и Агенцијата за разузнавање која е под директна надлежност на претседателот Иванов, кој меѓу себе си имале „разумен компромис“.Алфа кординаторот на ова спрега ќе го откриеме кога ќе му дојде денот „Д“, го знаеме и со име и со презиме,Јанева нека се спреми …..
П.С. Повеќе детали околу овој настан од оправдани причини нема да изнесеме .
Редакција Охридскај -Главен и одговорен уредник Сашо Денеосвски
(This post was last modified: 09-12-2015, 08:12 PM by ЈорданПетровски.)
09-12-2015, 08:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Фокус: Убијците од “Монструм” биле прислушувани од УБК пред убиствата




02.12.2016 
Осудените во случајот „Монструм“, кои се товарат дека биле извршители на велигденскиот масакр кај Смилковското Езеро во кој беа убиени четири момчиња и рибар, биле незаконски прислушувани.

[Image: 148611.jpg]

Според информации на неделникот „Фокус“ четворица од шестемина осудени, и тоа: Алил Демири, браќата Исмаиловиќ и Фејзи Азири биле прислушувани и надвор од судските наредби.
Најдолго бил прислушуван Алил Демири чии телефони биле следени долго пред немилиот настан, но и на 20 април 2012 година, односно осум дена по убиствата. Адвокатите на осудените сметаат дека сознанијата на „Фокус“ ги поткрепуваат нивните докази и сознанија дека други се нарачателите и извршителите на, како што велат, немилиот настан.
 „Јас сум сигурен дека ова не се лицата кои го извршиле овој грозоморен чин затоа и сум сигурен дека има и други лица инволвирани и нарачатели на овој немил настан и токму прислушувањето однапред само ги потврдува нашите сомневања. Овие докази кои ги има СЈО тоа ќе го докажат и токму поради тоа беше и отпорот од страна на одредени субјекти кои се противеа на измените на Законот за заштитени сведоци кои ги предлага СЈО. - вели адвокат Насер Рауфи.
Одбраната има и дополнителни сознанија и докази и веќе побаралa средба со Катица Јанева. Од СЈО велат дека се работи за предистражна постапка која е тајна. Упатуваат на изјавата на специјалната јавна обвинителка која неколкупати потенцираше зошто на СЈО му се потребни измени во Законот за заштита на сведоци.
„Денеска пред целата јавност апелирам законодавниот дом да ги донесе измените на Законот за заштита на сведоци поднесени од моја страна, за да може СЈО да навлезе во сржта на предметите како што се Мартин Нешковски, Монструм и Сопот“. - изјави специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Филип Славковски, како и рибарот Борче Стевковски беа убиени на 12 април 2012 година. Предметот заврши со пресуда со шест казни за доживотен затвор и со една ослободителна пресуда за Сејди Рами. Пресудата на Кривичниот суд ја потврди и Апелација.
По жалбата на одбраната, предмет за случајот Монструм отвори и Врховниот суд. Оттаму велат дека судиите го разгледуваат предметот. Откако ќе го проучат, треба да биде закажана јавна седница на која ќе се разгледуваат доживотните казни затвор за шестемина осудени
04-12-2016, 03:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ДА СЕ УКИНАТ ПРЕСУДИТЕ ЗА „МОНСТРУМ“ И ПОВТОРНО СУДЕЊЕ


[Image: monstrum-sudnica-860x624.jpg]


Обвинителката Лилјана Спасовска пред завршување на јавната расправа во Врховниот суд, побара поради неутврдената фактичка состојба во случајот “Монструм“ но и поради постоење на прислушувани разговори во Специјалното јавно обвинителство(СЈО), да се укинат пресудите на скопскиот Апелационен суд и на Основниот суд Скопје 1 од Скопје и случајот да се врати на повторно судење; - од судењето за „Монструм“

03.10.2017
Јавниот обвинител Лилјана Спасовска на денешната јавна расправа во Врховниот суд побара  да се укинат пресудите на Апелациониот суд и на Основниот суд Скопје 1 за случајот  „Монструм“ и случајот да се врати на повторно судење.
Петтмина беа обвинети и осудени на доживотен затвор за убиството на 4 момчиња и еден рибар кај Смилковското Езеро, кое се случи на 12 април, пред празникот Велигден,  во 2012.
Обвинителката Спасовска пред завршување на јавната расправа  побара поради неутврдената фактичка состојба  во случајот “Монструм“, но и поради постоење на прислушувани разговори во Специјалното јавно обвинителство(СЈО), да се укинат пресудите на скопскиот Апелационен суд и на Основниот суд Скопје 1 од Скопје и случајот да се врати на повторно судење.
03-10-2017, 10:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



04-10-2017, 01:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Родителите на убиените деца кај Смиљковско: Политичарите се пазарат со нашите деца, вистината е кај нив, а не во судот!


[Image: smilkovsko4.jpg]


04/10/2017
Родителите на убиените деца кај Смиљковското Езеро се затекнати од вчерашната одлука на обвинителката Лилјана Спасовска, која на јавната седница за случајот „Монструм“ побара Врховниот суд да ги укине првостепаната и второстепената пресуда и случајот да го врати од почеток.
За „Фокус“ велат дека можеби вака е и подобро, бидејќи тие со години тврдеа дека не се казнети сите виновници за злосторството. Сепак истакнуваат дека полека ја губат надежта дека некогаш ќе се дознае целата вистина, бидејќи како што велат и претходната, но и сегашната власт, калкулира со сознанијата што ги имаат за случајот.
-Се е политичка игра и пазарење. Прво играа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а сега СДСМ и ДУИ. Вистината што точно се случило ја знаат политичарите и од нив зависи дали таа некогаш ќе биде откриена, а не од судот и од обвинителството. Додека тие се пазараат, ние сме уништени, вели Раде Славковски, татко на убиениот Филип.
Горан Наќевски, таткото на убиениот Александар, ги има истите сомнеж, односно дека вистината за убиството на нивната деца се сокрива поради политички пазар.
-Ние со години зборуваме дека во случајот се вмешани политичари, но никој не не слуша. Од многубројните телефонски разговори, добиени преку пим мерки, а кои беа искористени како докази, како државна тајна се прогласени разговори кои доаѓаат од пет мобилни телефони, а кои според нашите сознанија се на функционери од ДУИ. Во пресудата ги има само телефонските броеви и должината изразена во секунди и минути на разговорите, но таму недостасува содржината. Не можеме да се помириме дека тие разговори ги сокрија и од нас. Зар за ваков масакар треба да си дозволат да кријат податоци зад превезот на строго доверливо или државна тајна? Според нашите информации кои на секој начин се обидуваме да ги добиеме, овие броеви се на функционери од ДУИ, а еден од обвинетите имал чести конекции со високи угледни личности и од албанските, но и со македонски политичари, истакнува Наќевски.
Тој искажува и разочараност од Специјалното јавно обвинителство, бидејќи обвинителката Катица Јанева на почетокот на мандатот истакна дека „Монструм“ ќе биде првиот случај кој ќе го работат, а засега не споделуваат ниту една информација.
Валентина Вурмо
(This post was last modified: 04-10-2017, 03:30 PM by ЈорданПетровски.)
04-10-2017, 03:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



04-10-2017, 10:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:СЛУЧАЈОТ МИ ГО ДАДОА 20 ДЕНА ОТКАКО СЕ СЛУЧИ ПЕТКРАТНОТО УБИСТВО КАЈ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО, ТВРДИ ТОГАШНИОТ ИСТРАЖЕН СУДИЈА ВЛАДИМИР ТУФЕГЏИЌ


[Image: vladimir-tufegdzik-3277832.jpg]

На денот на настанот увид на местото не извршил тој, туку дежурниот истражен судија во Основниот суд Скопје 1, кој не бил од одделот за организиран криминал, и обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје. - Судијата Владимир Туфегџиќ
Судијата од Основниот суд Скопје 1 Владимир Туфегџиќ, кој ја водеше истрагата за петкратното убиство кај Смилковското езеро, за САКАМДАКАЖАМ.МК открива дека нему предметот му бил даден дури по 20 дена откако се случил крвавиот настан на 12 април 2012 година.
Откако обвинителката Љиљана Спасовска вчера од Врховниот суд изненадувачки побара да ги укине пресудите за случајот „Монструм“ и предметот да се врати на почетна фаза во Основниот суд Скопје 1, сега и Туфегџиќ се сомнева каков предмет и какви докази, всушност, му биле донесени 20 дена по настанот и што се случувало во меѓувреме.
На денот на настанот увид на местото не извршил тој, туку дежурниот истражен судија во Основниот суд Скопје 1, кој не бил од одделот за организиран криминал, и обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје. Истрагата тогаш беше по стариот Закон за кривична постапка и барањето докази беше под водство на полицијата, а не под палката на обвинителот, како што е сега.
„Јас не сум бил дел од увидот на лице место. Овој предмет во Одделот за организиран криминал е оформен после 20 дена“, вели Туфегџиќ.
Што се случувало во тој период, како крим-техника од МВР ги собирала доказите и кому ги давала во Основното обвинителство, пред да се оформи предмет во Обвинителството за организиран криминал, кои докази биле најдени на местото, како биле најдени и дали се веродостојни, никој не знае. Никој од Основниот суд Скопје 1 не може да знае што се случувало со доказите за монструозниот случај во периодот од тие 20 дена. Во судот дошле готови, стокмени од МВР.
„Наводите кои ги истакна сега Републичкиот Јавен обвинител Љиљана Спасовска се толку многу сериозни што сами по себе отвораат многу прашања, особено поради фактот што со ваквите наводи директно се задира во правната сила и во валидноста на дел од изведените докази, како и во нивната подобност и релевантност. Особена тежина на сето ова дава фактот што ваквите наводи се истакнати токму од Јавниот обвинител, кој според законот е единствено овластен за гонење на сторители на кривични дела“, вели Туфегџиќ.
Истрагата во Одделот за организиран криминал и корупција во Кривичниот суд е започната на 2 мај 2012 година, кога е оформен овој предмет како тероризам.
„Ако навистина постојат нелегално прислушувани телефонски разговори, како што се тврди и на кои се повикува во своите наводи и обвинителката Љиљана Спасовска, а со кои располага СЈО, и кои на било кој начин би укажале на вмешаност на други лица во овој трагичен настан, сметам дека е крајно време надлежното јавно обвинителство во соодветна постапка ова да го испита“, смета судијата.
За шпекулациите дека се работи за монтиран случај од високи политички кругови од власта, Туфегџиќ вели:
„Не сакам да верувам дека зад сето ова постои политички интерес на било која политичка елита, бидејќи сметам дека не постои човек во Република Македонија кој не сака конечно да се стави крај на сите шпекулации и правни дилеми поврзани со овој трагичен настан“.
Вчера на расправата во Врховниот суд за доживотните затворски казни на осудените во „Монструм“, обвинителката Спасовска, која го менува разрешениот Марко Зврлевски, изненади со својот настап како страна која обвинува, а не брани осудени лица:
„Поради спорните факти во обвинението, предлагам да се отфрлат одлуките на првостепениот суд и на Апелациониот суд и да започне нова истрага имајќи ги предвид фактите на одбраната. Фактите треба да се оценат праведно. Треба да се имаат предвид и сомнежите дека за наведеното дело постојат и прислушувања, нешто што ја проблематизира актуелната одлука за овој случај. Новата истрага треба да го аргументира со факти секој заклучок на Јавното обвинителство во обвинението“, се посомнева Спасовска во заклучоците на обвинителството за овој случај.
Прислушуваните разговори, рече таа, фрлаат дополнителна сенка и објасни дека затоа побарала судот да ги обезбеди овие докази.
„Јас не сакам да работам во сенка, не сакам да сум во темница. Сакам да сум на чистина и на виделина, а судот е должен да ја отстрани сенката, со цел задоволување на правдата и правичноста“, рече во Врховниот суд Републичкиот обвинител Спасовска.
Патем го потсети Врховниот суд, кој сега е на потег да одлучи, откако и обвинителката застана на страната на осудените и нивните адвокати:
„Јавното обвинителство е должно да го штити јавниот интерес и да ја гарантира сигурноста на граѓаните. На тоа е обврзан и Врховниот суд. Судот треба да донесе пресуда на која нема да се стави никаков атрибут ниту етикета“.
С. К. ДЕЛЕВСКА


Туфегџиќ е еден од виновниците зошто  мојот обид  за судски процес против Фрчковски, Чокревски, Богоевски, Верушевски, Аврамовски и други четворица не доби судска разрешница!!
04-10-2017, 10:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Катанец за Пандорината Кутија





Итна ревизија на истрагата на местото на настанот, нова форензичка анализа на доказите и сериозна реконструкција на настанот на Смилковско езеро!!!

Мимоза Ристова 06.10.2017
Од она што сум го видела во медиумите за најцрната криминалистичка дамка на РМ - Црниот Велики Четврток (12 април 2012), на Смилковското Езеро , од сето што сум го прочитала од записниците од мониторингот што го води Хелсиншкиот комитет, од долгометражните разговори со адвокатот Насер Рауфи и блискиот роднина на двајца обвинети, Бедри Ајдари, дури и без да направам детална истрага на постоечките докази можам единствено да залкучам дека Врховниот суд треба да го врати предметот на повторно судење, а притоа да побара независни експерти (вешти лица) да спроведат итна ревизија на истрагата на местото на настанот, нова форензичка анализа на доказите што се во депото на МВР (посебно на автомобилот Опел-Омега) и сериозна реконструкција на овој сериозен настан при кој имаше петократен смртен исход, и залепена етикета ТЕТОРИЗАМ.
Врховниот суд мора да го врати предметот на повторно судење со укажување на пропустите во истрагата ако сакаме да воспоставиме правда во ова бесправно дувло - Македонија. 

Само гледајќи ја сликата на инкриминираната Опел Омега која излезе во медиумите јас ги смислив прашањата врзани со неа, а на кои мора да се даде еднозначен одговор:

[Image: %25D0%2592%25D0%25B5%25D0%25BA%25D1%2582...0%25BA.jpg]

[Image: %25D0%2592%25D0%25B5%25D0%25BA%25D1%2582...1%2582.jpg]


1. Колкаво количество ДНК од еден од обвинетите било најдено од едниот од потпирачите за глава на Опел Омега? И кој е другиот состав на брисот од тоа место? Дали има пот и себум, или е плукна?
Еве зошто ве прашувам: Од секој од нас теоретски може да се земе дури и само една молекула ДНК за да потоа се размножи на илјадници во текот на 24 часа. Да не објаснувам дека при пиење од чаша/филџан од кафиќ се оставаат изобилство ДНК молекули. Оваа една молекула може да се реплицира (размножи)  во многу молекули со постапката PCR (полимераза верижна реакција) која во РМ ја имаат повеќе лаборатории. Потоа размножената ДНК може лесно и да се подметнува наваму-натаму за да се намести човек во кривично дело по желба. Ако немало пот/себум заедно со ДНК-та, тогаш е сомнително. Ако немало хемиски траги од плунка, туку е чиста ДНК во изобилство, тогаш и тоа е сомнително.

2. На сликата на Омегата убаво се гледаат млазови од кал по шасијата што потекнува од тркала што биле во каллива почва. Можеби е веќе направено, јас не знам. Сепак сметам дека таа кал треба да соодветствува по состав на почвата, точно од местото на несреќната погибел на петорицата - Смилковското езеро.

3. На ветробранското стакло има висулка закачена со вакуумска лепенка. Овие пред да се залепат обично се лижат. Чија ДНК е заробена помеѓу шофершајбната и вакуумската закачалка? Имаме ли профил?

4. Бидејќи наводно не се најдени отпечатоци од прсти, тогаш треба да се уловат повеќе локации со ДНК. Дали е побарано да се подигне ДНК од кај резервоарот за бензин (капачето), бидејќи можеби полнеле бензин ден претходно па биле немарни и оставиле некоја своја трага за да ги идентификуваме? Истото може да се каже и за регистарските таблички. Можеби биле сменувани денови претходно, со голи раце, па може да ги има по опачината од таблицата која, да претпоставиме подоцна била пребришана. 

5. Дали обвинителство направило обид да добие фотографија од сателитот на Google за местото на Смилковскиот масакар и локацијата на Опелот-Омега. Постои можност да се најдат некои траги. Ако ништо друго, ќе се најде дали опелот бил таму и пред тоа? Досега со сателитот на Гугл биле случајно откриени неколку убиства  како, на пример,  во Холандија.
http://www.dailymail.co.uk/news/article-2308503/Caught-red-handed-Google-Earth-Has-satellite-image-captured-crime-taking-place-Holland.html

6. Дали некој се обиде да направи анализа на телекомуникациите на оние политичари за кои се шпекулира дека се инволвирани во убиството? Ако се следи сообраќајот на оние за кои постои допрен глас со шекулации, тогаш ОЈО требало до сега да истражи од кого и од каде се слевале мобилни повиците во моментот на убиството и во критичните денови, пред и потоа. Дали имаат шортлистинг на сомнителни комуникации, зашто нарачателот секако требало во моментот кога била "завршена работата" да добие позив од сомнителен број кој ќе му соопшти дека "Работата е завршена". Имаме ли такви повици до нарачателот за кој се шират шпекулации што звучат доста разумно, познавајќи ги сите негови семејни околности?


Овде ќе застанам. Еден ден се надевам дека ќе проговорат сите други докази, ќе се разнишаат евентуалните лажни заштитени сведоци, и ќе се ослободат евентуално невините а ќе се најдат сторителите и ќе се осудат на СМРТ (знам, знам, немаме смртна казна, но за овој тип кривични дела, убиства на деца и местење на невини луѓе, мислам дека треба да ја вратат назад). Конечно, не велам дека овие не се убијците, велам само дека тоа треба да се докаже низ научно базирани форензички докази.  

ЗА ДА БИДАТ ОГЛАСЕНИ ЗА ВИНОВНИ ПРИТВОРЕНИТЕ "МОНСТРУМИ" ТРЕБА НЕДВОЈБЕНО ДА СЕ ПОВРЗАТ СО ДЕЛОТО И СО МЕСТОТО НА НАСТАНОТ. ЗГОРА НА СЕ, ТРЕБА ДА ИМ СЕ НАЈДЕ И МОТИВОТ. ПОВЕЛЕТЕ, ДОКАЖЕТЕ ЗА ДА И НАС  ГРАЃАНИТЕ ВО УЛОГА НА ПОРОТНИЦИ НЕ УБЕДИТЕ ВО НИВНАТА ВИНА!!! 
06-10-2017, 11:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



28-10-2017, 08:25 PM
Reply