Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПЕТКРАТНО УБИСТВО КАЈ СКОПЈЕ; (КАКО БИ ПОСТАПИЛЕ ВИЕ???? - Стара тема)
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



02-07-2014, 12:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Протестот против одлуката на судот за случајот "монструм"

[Image: protesti1.jpg]

Насобраните во протестот поради пресудата за случајот „Монструм“ со камења удрија по полицијата. Откако тргнаа од пред ТЦ „Чаирчанка“, тие наидоа на полицијата пред Основниот суд, каде што со камења почнаа да фрлаат по полицијата. Илјада, главно, млади луѓе скандираат пароли во кои можеше да се слушнат зборовите „полиција“, „УЧК“, „терористи“, „Алах акбар“. Тие носат албански знамиња и знамиња со исламски обележја.

Протестот, според најавите, е поради максималните доживотни казни изречени за петкратното убиство кај Смилковско Езеро.






04-07-2014, 02:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



04-07-2014, 08:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



04-07-2014, 09:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



04-07-2014, 09:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



04-07-2014, 09:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Снимки снимени од полицијата








04-07-2014, 10:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36








04-07-2014, 10:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



04-07-2014, 10:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



04-07-2014, 10:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Ексклузивно : Нова закана од албанците за протест во Скопје
05 јул 2014

By : Народен Глас

По вчерашните големи протести во Скопје,неколку демонстранти и полицајци беа повредени како и 16-годишно дете со тешки скршеници и телесни повреди, на социјалните мрежи се шират предупредувања за нов поголем митинг, пишува порталот : Tetovasot

Со оглед на фотографијата што круѓи по социјалните мрежи од група на албански протестанти на вчерашниот крвав протест по улиците на Скопје најверојатно станува збор за уште еден нов голем протест во текот на денешниот ден Сабота.

А имено извесен командант Пантер му се заканува на Али Ахмети под итно да ја напушти Владата бидејќи во спротивно лошо ќе си помине,така што извесниот командант се заканува дека ќе се повтори војната од 2001-ва година со уште поголеми крвопролевања!

[Image: protest-albanci.jpg]
05-07-2014, 01:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Arsim Zekolli
3 hrs · Skopje, Macedonia ·

За поплаките дека протестите биле насилни:
- Протестите беа многу поненасилни од начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА ја срушија парламентарната демократија на 24 Декември. И добија тапкање по грб од оние кои вчера цинично мудруваа за “протести да, ама насилство не”.

За барањата да се истражи кој е организаторот:
- Го сметам за легитимно. И јас сум заинтересиран да дознам кој е “јунакот” кој храбро кине туѓа кошула за пукање во туѓи гради. Не знам кој се организаторите на протестите, но убеден сум дека листата на виновниците за насилството се совпаѓа со листата на присатните на приемот во Амбасадата на САД, ноќ пред нередите.

Но притоа, исто така ме интересира зошто истражувачката фела од “академијата за новинарство при МВР” е толку запалено за скршени џамови и контејнери, но молчи и не покажува интерес да истражи кои се лицата (пратеник, судија, лидер на политичка партија) посочени како наредбодавачи од страна на родителот на едно од убиените деца? Верувам дека македонските јуначки патриоти би биле заинтересирани да дознаат кои се овие крвници кои нивната македонска власт, партија и полиција така сесрдно ги штити.

За "дивјаштвото" на протестантите:
- Протестантите од вчера заслужуваат секоја почит, што за разлика од сличните протести на “питомите дечиња” во Ѓорче Петров не запалија ниту еден дуќан на не-албанец, туку својот бес прецизно го упатија кон вистинска адреса - врз зграда која се нарекува суд, но од многу граѓани не се признава како институција на независно судство.

За етничката димензија на протестите:
- Таа димензија ја рефлектира димензијата на сиот процес во кој македонска полиција апсеше, македонска полиција тепаше, македонски тужител тужеше, македонски суд пресуди, македонски медиуми се согласуваа со секоја оптужба упатена кон оптужените. Од другата етничка димензија.

За реакцијата на САД, ЕУ, ОБСЕ, НАТО дека сите имаат право на протест, но не и насилство
- Со искрено жалење за повредите на полицајците кои само извршуваат наредби, сепак треба да се постави прашањето: a зошто да немаат право на насилство? И со тоа станат кандидати за бенефициран третман од страна на Американската дипломатија? Или треба да се запалат нивните амбасади за да станат миленици на дипломати со сентименти на екстремна-десница и интимни пријатели со медиумски исламски фундаменталисти?

И едно прашање за Амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ, НАТО: до кога ќе ги браните (и уценувате) гангстерите од ДУИ поврзани со “Телеком”? Не за друго, туку да разбереме што точно подразбирате под “ефикасно судство и владеење на правото”. И барем еднаш да излезат со вака помпозно коминике кое се однесува на корупцијата и криминалот на нивните домашни партнери. Сетики повеќе коминикиеа за тој криминал ќе вроди со помалку причини за настани како последните.
05-07-2014, 10:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



(This post was last modified: 05-07-2014, 04:24 PM by ЈорданПетровски.)
05-07-2014, 04:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Што се случува во Скопје?!




06 јул 2014
Народен Глас

По најавата за протестите поради случајот ,,Монструм” по социјалните мрежи кружат фотографии на огромен број оклопни возила на МВР.

[Image: 10525859_732691950107622_797921693509375381_n.jpg]


[Image: 10393799_10152990189274466_3921854459714387033_n.jpg]


[Image: 10492399_10152990188979466_4051567675235880289_n.jpg]
06-07-2014, 01:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36





Според видео записите кој ги поседува порталот PORTALB очигледно станува збор за инфилтрирани партиски војници. На снимките од portalb јасно се гледа дека ова лице е добро избрифирано што да прави,каде да се наоѓа и во кое време да се наоѓа. Се е јасно како ден, остануваат уште сомнежите и нагодувањата од каде е овај партиски војник кој очигледно е добро избрифиран и научен што да прави
07-07-2014, 01:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Груевски: Нема да дозволиме протестите да ескалираат

[Image: Protesti-monstrum-10-Custom-520x300.jpg]

Демократско право е на секој граѓанин да протестира, но доколку протестите се мирни, тие се дозволени, рече денеска премиерот Никола Груевски, за инцидентите кои се случија изминатите неколку дена низ Македонија по пресудата за случајот „Монструм“.

„Министерството за внатрешни работи засега професионално ја извршува својата работа и нема да дозволиме состојбата да ескалира. Никој не може да забрани мирни протести, тоа е демократско право на секој граѓанин, но протести проследени со насилство нема да се толерираат“, рече Груевски.

Протестите, додаде премиерот, немаат политичка заднина, туку се иницирани од групи и организации кои работат против државата за свои лични или туѓи интереси.

Тој на крајот додаде дека екипите на МВР може во целост да се справат со ситуацијата, бидејќи се обучувани да реагираат за многу посериозни инциденти од овие.

Албанското население првиот протест го одржа во петокот по петочната молитва, а причината за него беа шестте доживотни затворски казни кои ги добија лицата осудени во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковскот езеро за Велигден во 2012 година.

NETPRES
07-07-2014, 02:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:БОЛНИ ВИСТИНИ


„Смилковци“ - „масло“ на екстремни српски структури?


[Image: 3EDCFDFC7308B844B78B79785299B6ED.jpg]
Неодамна пишував за пресвртот во истрагата за случајот на убисвото на неколку млади Срби во локалот „Панда“ во Пеќ во 1998 г., за кој биле обвинети Албанците, кога пред извесно време самите српски политичари најпосле, открија дека тие биле ликвидирани по налог на Милошевиќ за да се оцрнат Албанците! Едно шокантно откритие за српската јавност, која досега се прикривала заради „виши цели“! Во некои од коментарите на веб-страницата на „Дневник“ ми беше припишана наводна алузија за сличноста со петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Во ниту еден момент ниту го спомнав ниту се посомневав на такво нешто, бидејќи за тоа треба цврсти докази, какви што сега може само Севишниот да ги има.

Но, од соседно Kосово, каде што се случила „Панда“, во режија на Слободан Милошевиќ, а во егзекуција на познатиот Милорад Улемек-Легија (подоцна ќе стане главен обвинет за атентатот над Зоран Џинџиќ), беше направена паралела на случајот „Панда“ со тој на убиството ка Смилковско Езеро, и тоа, како дело на екстремни елементи од српските тајни служби. Така барем тврди експертот по безбедносни прашања и бивш воен офицер, Наим Малоку. Тој се навраќа малку и во минатото, тие два случаја ги споредува со тој на четирикратното убиство во касарната во Параќин, за кој беше обвинет војникот Азиз Kелменди. Сите со политички мотиви со етнички карактер.

Исто како Вук Драшковиќ и српскиот вицепремиер Вучиќ, така и Малоку смета дека слични убиства биле инсценирани и извршени порано од страна на српската УДБА, а потоа и од БИА. И покрај сите настани на овие простори, Малоку верува дека српската тајна служба „продоложува да биде присутна на Kосово и во другите земји од регионот“. Тој сличностите ги гледа во начинот на егзекуцијата и меѓуетничкиот карактер и цел. Многу е интересно неговото гледање кај убиството во касарната во Параќин кога наводните жртви на Азиз Kелменди (тој не верува дека Азиз го го сторил тоа) биле намерно одбрани од различни националности за да се постигне општо антиалбанско расположение. „Во сите три убиства јас гледам многу заеднички карактеристики и сум склон да верувам и сум многу убеден дека е истата глава, која ги замислила, планирала и извела”, вели Наим Малоку. На исто стојалиште е пратинокот Реџеп Селими, кој вели дека српската агентура е концентрирана на дејствување надвор од Србија - во Kосово, Македонија, Босна или други земји, а најмногу насочена против Албанците. Многу дела од оваа служба смета тој останале не казнети, а често и неразјаснети.
Во т.н. „специјални војни“ што ги водат службите кога имаат сосема јасни цели и намери, здравата логика е тешко да ги прифати вистинските верзии. Во случајот на петкратното убиство кај Смилковско Езеро сегашната „писта“ врз која се води процесот има многу нејаснотии, а главната недоумица е за мотивот - зошто некој да убие случајни жртви и особено што би била целта. Адвокатите на осомничените досега постојано велеа дека обвинителството нема цврсти докази за инволвираноста на сегашните обвинети, а дека исказите на сведоците повеќе одат во прилог на обвинетите. Но, ако се сетиме на првите денови по убиството во април 2012, некои медиуми го вратија филмот на една многу чудна изјава на пратеникот Драгиша Милетиќ, за која потоа тој самиот кажа дека била чиста случајност. Но, сепак чудно е тоа што го рекол извесно време пред да се случи убиството кај Смилковско Езеро, многу појасно од многу пророштва на Нострадамус, дава јасни знаци, бидејќи ако не за друго, го спомнал точниот месец кога ќе се случело нешто лошо! Еве јa изјавата што Драгиша Милетиќ ја дал на 9 март 2012 во Kомитетот за односи меѓу заедниците, зборувајќи во контекст на некои инциденти, значи нецел месец пред петкратното убиство: „Би сакал ова да биде последното нешто што се случило, но се зборува, а кога народот зборува, има нешто, се најавуваат и други слични настани, од страна на луѓе што не ~ мислат добро на Република Македонија и немаат смисла за просперитет и соживот. Од оваа причина, уште еднаш сакам да предупредам, не сакам да бидам пророк, да не ни се случи, ова сакам да го запомнете, да не ни се случи нешто лошо и непредвидено во четвртиот месец“. Нели, април е четвртиот месец?

Остана необјаснето кога и каде се зборувало такво нешто во народот. Во кој народ, овде или во Србија. Ако се анализираат отпосле, неговите зборови повеќе звучат на „проверени информации“ одошто на гласини за „луѓе што не ~ мислат добро на Република Македонија“. Милетиќ на неговите зборови им даде аналитички карактер: дека такво нешто можело да се случи поради погрешните политики. И со тоа се заврши ова интересно поглавје, која беше еден од прозорците за откривање на заднината на настанот. Истражните органи никако не смееле да ја отфрлат така лесно „српската линија“, со оглед на појакиот мотив од сите други, во контекст на ширењето на безбедносната криза надвор од заинтересираното трусно политичко и безбедносно подрачје Kосово, што во новите балкански реалности им одело во прилог само на екстремни српски стурктури, кои не се помириле со новите реалности на Балканот, особено не со државите како БиХ и Kосово.

Сега кога самите српски власти ги откриваат методите на некои сегменти од нивните тајни служби, а тие никогаш не замираат сосема, јасно е дека нашите истражни органи се должни да ги следат сите можни траги, оти народот вели „кај што има дим, може да има и оган“. Тие што памтат подолго, ќе се сетат дека 90-тите години во косовски медиуми и во народот често некое нерасјаснето убиство се доведуваше во врска со некоја невидлива „црна рака“, која сега откако самите српски политичари признаа, имала сосема јасни директиви дури да дејствува и против самите Срби, а тоа да се претстави како дело на Албанците. Убиството кај Смилковско Езеро премногу личи на дело од некоја „црна рака“, затоа трагањето на вистината по ваква можна писта не би било никакво изненадување, со осглед на тоа дека с` уште има многу заинтересирани надвор од Македонија да ги подриваат меѓуетничките и меѓурелигиските односи. Многу настани говорат во прилог на тоа.

Даут ДАУТИ
13-07-2014, 02:31 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

Interesno,a uste pointeresno e zosto dvajcata glavni koi se osomniceni za direktni egzekutori ne se dovedat vo Mkd i ne dadat izjavi...
13-07-2014, 10:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(13-07-2014, 10:06 AM)Larsson Wrote: Interesno,a uste pointeresno e zosto dvajcata glavni koi se osomniceni za direktni egzekutori ne se dovedat vo Mkd i ne dadat izjavi...


Еве уште една случајност која ја забележал еден мој пријател:



Quote:Riste Dimov

Se prasuvam,,Zosto I Kako Osloboditelnava armija Na Skopje,prviot kontakt so javnosta go Pravi preku ,,Radio Televizija Srbija,,.Neli zakanuvackoto soopstenie ke bese po prirodno da go pratele(Ako voopsto ispratile)do nekoja Albanska televizija ili do MTV,.i Ako navistina pratile soopstenie Do RTSrbija,vo koja forma e prateno ,Ako is pratile pismo kolku dena trebase da patuva pismoto do RTS ili Ako go pratile vo Elektronska forma od kade ja najdoa tocnata e-mail adresa Na ,,Radio Televizija Srbija.????

14-07-2014, 12:24 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

Babanot se javi pak,ima i datum 15 juni 2015 do koga moralo da bide obedineta ''prirodna Albania'' a seto toa bilo finansirano od saudi arabia...so cel islamski kalifat u evropa...interesno...ne deka on nesto pogodil u posledno vreme,no dobar e za mesenje piti...i matenje voda...
14-07-2014, 01:53 PM
Reply