Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ ОБИД ЗА ЗАМАГЛУВАЊЕ НА ИЗВОРОТ НА ВИСТИНСКИОТ ПРОБЛЕМ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Текстов на Сем Вакнин прави обид преку апстрактна и општопозната економска теорија до го сврти вниманието од конкретното решение кое го нуди нашиот текст, а тоа е укажување на генераторот на конкретните проблеми: изворот на недовербата во општеството!!



Quote:Патот до немерен просперитет


Лустрација против лицемерието

Објавено: пред 10 часа

[Image: Dushan1.png]
Пишува Душан Петровски


„Лицемерие душо… сите така работиме, сѐ зад кулиси…“

Лицемерието е антитеза на искреноста, а, искреноста, пак е функција на довербата. Довербата е потребна за просперитетот на едно општество. Без доверба не може да функционира слободниот пазар. Општеството може единствено да фукнционира доколку постои доверба помеѓу граѓаните. Довебрата ја создава институцијата на влада*, која што во општество каде што владее правото го држи монополот на насилството. Бидејќи оној што моментално ја контролира институцијата на влада секогаш има можност да ја злоупотреби позицијата—монополот на насилство—граѓаните преку Уставот ја ограничуваат владата со тоа што ѝ дефинираат до каде може да оди во употребата на насилството. Слободниот пазар е единстивениот пат до просперитетот, а слободниот пазар инситира на искреност, оттука, потребата од искреност е зародишпот на правната држава; а, лицемерието е корен на небиднината и мизеријата. За да може општеството да просперира, приватната сопственост мора да биде заштитена како светост, бидејќи тогаш граѓаните се сигурни да влегуваат во слободна трговија која ги остава во поблагопријатна состојба од пред размената.


[Image: HypocrisyMasks.jpg]

Кога се работи „сѐ зад кулиси“ тогаш граѓаните не се во можност да се свртат кон соработка и градење на просперитет, будејќи граѓанинот нема поттик да вложи време и труд (богатство) во производство на нешто кое (1) моменталниот извршител на функцијата влада може насилно да му го одземе; или (2) неговиот сосед може да му го одземе без да му го плати, а притоа извршиетелот на функцијата влада да не го заштити производителот, односно да не го казни крадецот.

Искреноста гради врски, а општеството е само множество од врски. Правилата се коренот на правното општество, а нивното спроведување од суштинско значење за општеството навистина да е правно. Пазарното општество—капитализмот—не може ниту да се замисли без доверба, односно без правно општество како негова позадина.

Додека номинално системот на уредување на Република Македонија ги има сите марифети потребни на едно правно општество, реалниот систем на управување е закоренет во лицемерието. Зарем не е лицемерие доколку „темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се:

- владеењето на правото;

- поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;

- политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;

- правната заштита на сопственоста;

- слободата на пазарот и претприемништвото,“

а во стварност законодавната, извршната и судската власт се контролираат од еден центар, за една иста цел—попречување на политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори; правната заштита на сопственоста; слободата на пазарот и претприемништвото—односно, кога инстурментите на извршната власт, во содружништво со судската и законодавната власт, се користат за гонење на сопственици на приватен капитал од идеолошки и политички причини. Службата за државна безбедност, чиј што мандат е да ја брани приватната сопственост на граѓаните на Република Македонија, според нејзино автентично признание во облик на досието ПО „ЦРНИ“ шест годни активно работела насилно да му ја одземе чесно спечалената приватна сопственост на моето семејство.

Во напорите да успее во таа цел, СДБ нечесно избирала добитници и губитници на пазарот. Во такви услови губи целото општество, бидејќи на најспособниот на пазарот не му се дозволува да напредува, туку целиот пазар се враќа на нивото на миленикот на изршителот на функцијата влада. Притоа во третманот на моето семејство биле употребувани мерки во кои институциите на извршната и судската власт насилно му одземале дел од богатството на моето семејтво преку измислени казни и надувани царински стапки, преку попречување на движењето на стоката со која тргувало нашето претпријатие со цел истата да стане неупотреблива; и преку охрабрување на приватни граѓани (како слободни агенти во корист на СДБ) да ги одземаат производите на нашето претпријатие без да ги платат, а притоа да не бидат казнети за грабежот кој го спороведуваат. Слично, биле контактирани и странски државјани и биле охрабрувани да го работат истото—односно да го ограбуваат македонскиот капитал. Резултатот на таквото работење на извршителот на функцијата влада на Република Македонија е општата беда која ја рангира државата како една од најсиромашните држави во Европа, и ја става сѐ поблизу до Третосветска стапка на развиток.

Зарем не е лицемерие кога Член 9 oд Устав државата вели дека „граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од … социјалното потекло, политичкото … уверување; имотната и општествената положба,“ а агентите чија задача е да го бранат тој исти Устав гонат граѓани поради „идеолошки и политичко-идеолошки причини“, заради нивата „активност, потекло, и средината во која се движат како и … сверата на деловната соработка“? Да, како основна причина за сомнителноста на мојот татко се цитира „неговото семејно потекло,“ а не некое негово документирано прекршување законите на државата! Иако, ниту за неговото семејство нема никакви докази дека дејствувале вон рамките на законот.

Причината заради која се целувало на моето семејство била блискоста со политичкиот ривал на извршителот на функцијата влада. Номинално, гарнитурата која тогаш ја извршувало функцијата влада денес е во опозиција, а нејзиниот политички ривал е извршител на функцијата влада—но, не превзема никаква мерка да го расчисти опишаното прекршување на договорот помеѓу граѓаните и извршителот на функицијата влада, со која ќе ги исправи неправдите направени од нив.


Морално прочистување

Повторно се пуштаат различни приказни со кои оние на кои им пречи спроведување на процес на лустрација се обидуваат да го замаглат умот на граѓаните на Република Македонија. Тие се оние истите кои раководат со Република Македонија веќе три генерации. Овој пат гласникот на пораката е извесен професор Маџовски. Тој вели дека цел на лустрацијата треба да биде да им се одземе правото на еден слој луѓе да работат во државни институции, демек да не земаат државни плати. Општо земено тоа точно. Но, суштината зошто тоа е така мора да се разбере.

Јас го користам примерот со моето семејство само за да го демонстрирам менталитетот и гледањето на светот на оние кои, покрај тоа што биле на извршни функции, биле, и сѐ уште ги има на образонвни, судски, новинарски и слични функции каде што тие имаат прилика да делуваат врз свеста на македонските граѓани. На пример, Љубомир Д Фрчкоски е професор на Правен факлутет. Тој ги калеми новите генерации на адвокати, судии и пратеници на Република Македонија. Зарем треба некој да биде зачуден од фактот што Мирјана Најческа се смета за врвен правен стручњак во Македонија кога нејзе ја ставаме во контекстот на производ на Правен факултет граден од луѓе од калемот на Фрчкоски? Отстранувањето на еден таков човек (Фрчкоски) од неговата позиција е од суштинско значење за понатамошниот успех на македонското општество. Тоа е една од практичните цели на тој процес.

Секако, најзначајната цел на лустрацијата е моралната порака која треба да се испрати: дека (до 1991. год.) непочитувањето на човековите права и слободи, меѓу кои правото на приватна сопственост е прво, (и после 1991. год.) непочитувањето на Уставот на државата не се толерира во оваа општество. Моралната порака на лустрацијата која треба да се спроведе за перодот по 1991. год. е дека лицемерието веќе нема да владее со Република Македонија. За тие денови, очигледно, сѐ уште ќе чекаме.


Коренот на лицемерието

Секако, целата дискусија се сведува на тоа дека номиналниот уставен поредок на Република Македонија а само една голема лага—односно лицемерие. Кога ја започнавме серијата текстови за случајот на синдикалистот Блажо Стојаноски напоменавме дека кога се случи промената на општествениот систем од Едноуме во плурализам, тоа Комунистичката власт го стори неиспровоцирана. Кога некој своеволно се откажува од моќта за која крволочно се борел педесет години, нешто тука е сомнително. Уште понелогично, барем на површина, е зошто сиот напор потоа за и покрај промената, сѐ да остане исто. Едниственото разумно објаснение е доста просто, но доклку се има доволно позанавње на науката на економијата. Имено, економските научници, посебно тука се истакнува Лудвиг вон Мизез, низ годините успеале теоретски да го докажат она што ние го видовме во раните деведесетти години на минатиот век, при колапсот на комунизмот: до просперитетот може да се пристигне само на еден начин—преку слободен пазар и слободно општество каде што приватната соптвеност е максимално заштитена и почитувана. Според вон Мизез социјализмот нема равентсво—односно, социјзмот неминовно го води општеството до економски колапс. Науката докажала (а праксата потврди) дека исто како што водата не може да тече угоре, така и социјализмот не може да произведе долготраен економски просперитет. Причината за напуштањето на комунизмот и прифаќањето на плураното општество се крие во оваа вистина.

Но, тука има еден проблем. Во општесвото кое што е навистина слободно и пазарот кој што е чисто капиталистички не може да постои опшетствена статичност—односно, не може да створат постојани класи на граѓани, туку, поради постојаните промени во релативните поставености на луѓето, тие постојано се менуваат во своите класни позиции. Оваа вистина значи дека оние кои биле властодржците за времето на Едноумието, и покрај предноста со која влегле во плурализмот, набргу би биле заменети од некоја друга гарнитура на граѓани, која после не така долг период би била заменета со некоја трета гарнитура; сѐ додека македонското општество напредува и проспрерира. Фактот дека македонското општество е статично значи дека не постои слобода во пазарот, а со тоа и воопшто.

Како што бевме сведоци, комунистичкото општество кое што се градеше од 1944. до 1991. год. го снајде неминовниот економски колапс. Низ историјата, во времињата на економиски колапс на централистичките општества на планирана економија, каква што беше онаа на СФРЈ, властодржците ги чекала крвава револуција. Низ спроведувањето на симултанката на воведувањето лажен плурализам, властодржците во СФРЈ (а со тоа и на Македонија) куртулија од одговорноста за нивната неспособност. Новиот уставен поредок на плурализам и пазарно општество им ја даде приликата вината за неповолните животни услови на граѓаните да ја префрлат на сметка на приватните граѓани, а не онаму каде што ѝ е вистинското место: во канџите на централната власт.


Како до немерениот просперитет?

Во душата на нашите Души сите ние сме трговци: се обидуваме да истргуваме што повеќе производ за што помалку труд. Затоа личната слобода е војна која се води низ течението на целиот човечки живот. Секој ден е битка. Прв чекор кон победата е да се отпечати овој текст и да се чита секоја ноќ. Вториот чекор е да се разбере смислата на пораката и да се рассее на што повеќе луѓе. Тогаш ќе започне патот кон слободното општество кое самото со себе ќе го донесе просперитетот. Но, и тогаш ќе мора да се остане внимателен за некој да не ја злоупотреби благосостојбата и да почне да повикува на стагнација со еден или друг изговор, а со вистинска цел за да остане на врвот на општествената пирамида.

* Поимот ВЛАДА, иако звучи премногу слично на зборот ВЛАДЕТЕЛ, не потекнува од истиот корен. Додека ВЛАДЕТЕЛОТ има конотација на СОПСТВЕНИК на народот, ВЛАДАТА е во СОПСТВЕНИШТВО на народот.



Quote:Искрено те лажам: Зошто Македонците не си веруваат еден на друг

Објавено: пред 3 часа

[Image: vakninft.jpg]
Сем Вакнин

Главен уредник на „Глобал Политишан“



Недовербата меѓу граѓаните и меѓу граѓаните и државата е широко раширена во Македонија. Без доверба, економијата не може да закрепне и да се развива. Кога секој се сомнитева во однос на крајните мотиви на другиот, лагите и избегнувањата, бизнисот не може да се одвива како што треба.

Пазарот и неговиот ценовен механизам, конечно, зависат од довербата. Ако луѓето не си веруваат еден на друг или на економското милје во кое имаат интеракции („претходна недоверба“), економската активност пополека ќе се сведе на нула. Постои силна врска меѓу општото ниво на доверба и нивото и интензитетот на економските активности. Политичкиот научник, Френсис Фукујама прави разлика меѓу општествата со висока доверба и просперитет и оние со ниска меѓусебна доверба, а со тоа и осиромашени колективи. Довербата го засилува економскиот успех, напиша тој во 1995 година.

Довербата не е монолитен квантитет. Има неколку категории на економска доверба. Некои форми на доверба се на ниво на јавно добро и се тесно поврзани со владиното делување или неделување, со репутацијата на државата и нејзините институции, како и со нејзината изразена агенда. Другите видови на доверба се резултат на роднински врски, етничко потекло, личниот карактер и добрата волја, корпоративните брендови и другите податоци изнајдени од индивидуите, домаќинствата и компаниите. Таквите информации создаваат два вида на резултати: засилена доверба (каде што однесувањето е еднакво на очекувањата) и „индуктивна недоверба“ (каде однесувањето ги фрустрира очекувањата).



1. Довербата во милјето на натпревар

За да вршат меѓусебни трансакции, луѓето треба да имаат верба во релевантниот економски хоризонт и во неменливоста на економското поле на натпревар или „милје.“ Да објасниме поедноставно, има неколку скриени претпоставки кои лежат во основата на постојаната економска активност на изграчите на пазарот.

Тие претпоставуваат, на пример, дека пазарот ќе продолжи да постои во иднина во неговата актуелна форма. Дека ќе остане инертен – незасегнат од надворешни влијанија какви што се владините интервенции, геополитички немири, кризи, нагли промени во сметководствените политики и даночните закони, хиперинфлација, институционална и структурна реформа и други настани и процеси што го изместуваат пазарот.

Тие понатаму претпоставуваат, на пример, дека нивните ценовни сигнали нема да бидат предмет на дисторзија и постојан притисок, со што се измесутува ефикасната и рационална алокација на ризици и награди. Инсајдерското тргување, манипулацијата со акциите, монополите, картелите, неформалните економски активности („црниот пазар“) и натрупувањето на добра или пари, сите имаат тенденција постојано, но непредвидливо да ги дисторзираат ценовните сигнали и со тоа да го попречуваат учеството на пазарот.

Учесниците на пазарот го земаат здраво за готово постоењето на континуираните операции на институциите, финансиските посредници, агенциите за спроведување на законите, судовите, администрацијата, образовните институции и друго. Важно е да се забележи дека играчите на пазарот преферираат континуитет и сигурност во еволуцијата, без оглед колку таа да се движи пополека и која, на крајот, носи бенефиции. Расипан бирократ е познат квантитет и со него е можно ефективно справување. Период на транзиција кон добро и рамноправно владеење може да биде попречувачки многу повеќе октколку било какво ниво на корупција и неправилно работење. Ова е причината зошто економската активност паѓа драматично секогаш кога институциите се реформираат.



2. Довербата во другите играчи на пазарот

Играчите на пазарот претпоставуваат дека другите играчи се (општо земено) рационални, дека имаат намери, дека нивната намера е да ги максимизираат своите бенефиции и дека тие веројатно ќе се однесуваат во однос на нивните интенции на законски (базиран врз правила) и рационален начин.



3. Доверба во ликвидноста на пазарот

Играчите на пазарот претпоставуваат дека другите играчи се сопственици или имаат пристап до ликвидни средства што им се потребни со цел да делуваат врз сопствените интенции и облигации. Тие знаат, од лично искуство, дека капиталот, кој само седи по дома, има тенденција да се намалува и дека единствен начин, веројатно, да се одржи или да се зголеми е во трансакции со другите, директно или преку посредници, какви што се банките.



4. Доверба во знаењата и способностите на другите

Играчите на пазарот претпоставуваат дека другите играчи поседуваат или имаат пристап до интелектуална сопственост, технологија и знаење кое им е потребно со цел да ги реализираат своите интенции и облигации. Тие имплицитно претпоставуваат дека сите играчи на пазарот се физички, ментално, законски и финансиски способни и подготвени да делуваат во однос на своите улоги, на пример, во однос на договорите што ги потпишуваат.

Емотивните димензии на договорите често се запоставени во економијата. Играчите претпоставуваат дека нивните клиенти имаат реалистично и стабилно чувство за својата вредност која се заснова врз интимното познавање на сопствените моќи и слабости. Учесниците на пазарот се претпоставува дека имаат реалистични очекувања, кои се соодветни на нивните вештини и постигнувања. Се остава простор за претерувањата, дезинформациите, дури и за директните измами, но, за нив се претпоставува дека се маргинални феномени.

Кога довербата ќе се прекине – често како резултат на надворешен или внатрешен шок – луѓето реагираат очекувано. Бројот на доброволни интеракции и трансакции драматично се намалува. Кога инвестицискиот хоризонт ќе колабира, индивидуите и компаниите стануваат корумпирани во напор прекутрупа да се здобијат со економски бенефиции, зашто не знаат колку долго системот ќе преживее. Криминалните активности се зголемуваат.

Луѓето компензираат со фантазии и грандиозни залаужвања во однос на нивното растечко чувство на несигурност, беспомошност и стравови. Ова е механизам кој самиот од себе се засилува, лош циклус чии резултати се ниско ниво на доверба и флуктуирачка самодоверба. Тие развиваат психолошки одбранбени механизми.

Когнитивната дисонанца („Јас навистина избирам да бидам сиромашен отколку бездушен“), патолошката завист (потребата да им се наштети на другите и со тоа да се добие емотивна награда), ригидноста („Јас сум таков, моето семејство или мојата етничка група биле такви со генерации, не можам ништо да сторам“), пасивно-агресивното однесување (опструирање на текот на работата, остуствувањето, крадењето од работодавецот, строго придржување кон застарени регулативи) – сите тие се реакции на кршењето на една или повеќе од четирите горенаведени видови на доверба. Понатаму, луѓето во кризата на довербата не се способни да го одложат наградувањето. Тие често стануваат фрустрирани, агресивни и измамнички расположени, ако не го добијат она што мислат дека им следува. Тие, исто така, се вртат и кон невнимателно и избрзано однесување и прават прекини во економските активности.

Во економски средини со компромитирана или нарушена доверба, лојалноста се намалува и се зголемува мобилноста. Луѓето менуваат работни места, не ги исполнуваат обврските, не ги плаќаат долговите и често се селат. Концептите како што се ексклузивноста, светоста на договорите, лојалноста на работното место или патот на кариерата, сите еродираат. Како резултат на ова, малку се инвестира во иднината, во здобивањето со нови вештини и во долгорочното штедење. Менатлитетот на кусиот рок и што побрзото дограбување до парите се појавите што владеат.

Резултатите од кризите на доверба вообичаено се катастрофични:

Економската активност е прилично редуцирана, човековиот капитал се троши за бадијала, се засилува иселувањето на мозоците, незаконските и екстра легалните активности се зголемуваат, општеството се поларизира на оние што имаат многу и на оние што немаат ништо, меѓуетничките и меѓурасните тензии се зголемуваат. Да се изгради довербата во такви услови е многу тешка задача. Губењето на довербата е заразно и, конечно, ја инфицира секоја институција и професија во земјата. Тоа е состојката од која се создадени револуциите.



(This post was last modified: 22-01-2012, 03:22 PM by ЈорданПетровски.)
22-01-2012, 03:20 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#2

Сем Вакнин и Лиобчо се играчи од иста клупа: им изминал рокот на траење и се излитени ама некој упорно се обидува да ги врати во игра?
Зошто цитирање текст на Вакнин во ова виртуелно катче на УДБА не треба да изненади никого?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
22-01-2012, 09:07 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#3

(22-01-2012, 09:07 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Сем Вакнин и Лиобчо се играчи од иста клупа: им изминал рокот на траење и се излитени ама некој упорно се обидува да ги врати во игра?
Зошто цитирање текст на Вакнин во ова виртуелно катче на УДБА не треба да изненади никого?

Значи од вакви текстови, чија цел е подигнување на самосвест кај граѓаните...се плаши службата!Razmisluva

22-01-2012, 10:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(22-01-2012, 09:07 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Сем Вакнин и Лиобчо се играчи од иста клупа: им изминал рокот на траење и се излитени ама некој упорно се обидува да ги врати во игра?
Зошто цитирање текст на Вакнин во ова виртуелно катче на УДБА не треба да изненади никого?




Вакнин го објави текстот 7 часа по нашата колумна. Премногу проѕирен обид да се спаси барем нешто, твоето јавување е само потврда за нашата констатација:

Quote:Сем Вакнин во својот текст: Искрено те лажам: Зошто Македонците не си веруваат еден на друг, кој е објавен седум часа после нашиот текст: Лустрација против лицемерието, прави обид преку апстрактна и општопозната економска теорија до го сврти вниманието од конкретното решение кое го нуди нашиот текст, а тоа е укажување на генераторот на конкретните проблеми: изворот на недовербата во општеството!!
22-01-2012, 10:24 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#5

(22-01-2012, 03:20 PM)ЈорданПетровски Wrote: Текстов на Сем Вакнин прави обид преку апстрактна и општопозната економска теорија до го сврти вниманието од конкретното решение кое го нуди нашиот текст, а тоа е укажување на генераторот на конкретните проблеми: изворот на недовербата во општеството!!



Quote:Патот до немерен просперитет


Лустрација против лицемерието

Објавено: пред 10 часа

Пишува Душан Петровски


Службата за државна безбедност, чиј што мандат е да ја брани приватната сопственост на граѓаните на Република Македонија, според нејзино автентично признание во облик на досието ПО „ЦРНИ“ шест годни активно работела насилно да му ја одземе чесно спечалената приватна сопственост на моето семејство.

Во напорите да успее во таа цел, СДБ нечесно избирала добитници и губитници на пазарот. Во такви услови губи целото општество, бидејќи на најспособниот на пазарот не му се дозволува да напредува, туку целиот пазар се враќа на нивото на миленикот на изршителот на функцијата влада. Притоа во третманот на моето семејство биле употребувани мерки во кои институциите на извршната и судската власт насилно му одземале дел од богатството на моето семејтво преку измислени казни и надувани царински стапки, преку попречување на движењето на стоката со која тргувало нашето претпријатие со цел истата да стане неупотреблива; и преку охрабрување на приватни граѓани (како слободни агенти во корист на СДБ) да ги одземаат производите на нашето претпријатие без да ги платат, а притоа да не бидат казнети за грабежот кој го спороведуваат. Слично, биле контактирани и странски државјани и биле охрабрувани да го работат истото—односно да го ограбуваат македонскиот капитал. Резултатот на таквото работење на извршителот на функцијата влада на Република Македонија е општата беда која ја рангира државата како една од најсиромашните држави во Европа, и ја става сѐ поблизу до Третосветска стапка на развиток.


Сакам малку да го дообјаснам овој дел од текстот, оти на многумина, дури и во општества со капиталистички дух не им е јасно зошто целото општество страда кога власта бира добитници и губитници на економскиот пазар.

Бидејќи ракометот е во ек, ќе се послужам со ракометна анегдота:
Да претпоставиме дека во македонската ракометна лига има 5 клубови каде што првакот оди да игра во европската лига на шампиони, а последно пласираната екипа испаѓа или се распаѓа (не е битно, битно е дека нејзините играчи повеќе ги нема во лигата). Меѓу нив, РК Котле се реално најдобри, постојано тренираат, имаат силен состав, дисциплинирани се, и постојано настојуваат да се подобрат. Целиот клуб е составен од луѓе кои живеат од ракометот и затоа насотјуваат да привлечат што повеќе публика и спонзори. Од друга страна во РК Кодош никогаш не тренираат, владее непотизмот, па играат само синчиња на градски големци, итн. РК Кодош нема публика, но, добива спознорства од општествените претпријатија на градските големци. Бидејќи за РК Кодош играат децата на градските големци, кои треба да се прикажат како "моми за се'", но и за да се задоволат нивните суети, Ракометниот сојуз постојано го казнува РК Котле, судиите постојано судат тенденциозно против нив, а секогаш во корист на Кодош. На крајот на сезоната РК Кодош станува првак, а РК Котле испаѓа од лигата. РК Кодош оди на меѓународно натпреварување и, бидејќи ја нема поддршката на РСМ, катастрофално губи и испаѓа од понатамошното натпреварување. Слично, поради блискоста на РК Кодош со РСМ, а и поради тоа што Кодош се прваци, играчите на Кодош доминираат во составот на државната репрезентација. Нормално, и репрезентацијата претрпува катастрфални порази. Екипата на РК Котле се распаѓа, а со тоа и системот на дисциплина и тернирање со кои работеле во Котле. Резултатот е неквалитетна домашна лига и клубови и репрезентација која не може да се носи на меѓународен план. Истовремено, не се јавува реинкарнација на РК Котле, оти секому му е јасно дека бадијала ќе се мачат и ќе си го трошат времето, па затоа си играат рекреативно, за да не им е мака. Така некако беш во деновите кога Ѕинго беше претседател на ФСМ и претстедател на ФК Силекс.

Но, така некако е и со трговијата. Една држава може да има економски проспретитет само доколку има ефикасност во својата економија. Ефикасноста во економијата се стекнува преку отворено и слободно натпреварување помеѓу граѓаните и нивните претпријатија. Кога домашните претпријатија стануваат ефикасни во нивната продуктивност, тогаш нивните производи стануваат примамливи за странските купувачи, а со тоа ние можеме да си дозволиме да ги купиме нивните производи кои нам ни се примамливи.

Затоа, лустрацијата (т.е. нејзиното неспроведување) не е работа која ги тангира само оние кои директно биле под прогон на СДБ, туку го тангира секој жител на Македонија.
26-01-2012, 11:49 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#6

(27-01-2012, 02:40 AM)montehristo Wrote: Samo da dodadam edna rabota.
Site slobodi zavisat od ekonomskata sloboda.
Ekonomska nezavisnost e preduslov za bilo koja druga sloboda, a so toa i so sloboda od strav, sloboda na mislenje.
Bidejki preku Bankite ja ovladaaa ekonomijata, ja vladeat i drzavata, pogotovo so blagajnichkite zapisi.



(27-01-2012, 02:34 AM)montehristo Wrote: Nema zbor za sluchajnost!
Ranite ne samo shto se zivi, tuku , ako procenkite za Hrvatska za izneseni i ispereni pari se negde izmedju 78 i 120 milijardi evra/dolari, togash po proporcionalnost i po goleminata na Makedonskata ekonomija vo toa vreme, po moja procenka od oko ne se izneseni samo 5 milijardi kako shto nekoj sakal da prikaze, tuku daleku povekje.
E sega, vo toa vreme komunistite ja imaa apsolutnata mokj, a sega apsolutnata ekonomska mokj.
Sekoj koj ne e so niv e protiv niv.
Ti sam zakluchi.
(14-01-2012, 11:25 AM)montehristo Wrote:
(13-01-2012, 03:31 PM)montehristo Wrote:
Quote:Банката е формирана во 1955 година како Комунална банка на град Скопје, специјализирана за станбени кредити и претпријатија и финансирање на општинска изградба. Во 1965 година е отворена првата експозитура на Банката во Скопје. Од 1.1.1966 година Комунална банка се трансформира во мешовит тип на банка и добива ново име: Комерцијално–инвестициона банка Скопје. Во 1971 година интегрирани се трите водечки банки во Република Македонија, и тоа Стопанска банка Скопје, Комерцијално–Инвестициона банка во Скопје и во Битола, во една банка која работи под името Стопанска банка – Филијала Скопје. Оваа банка прва ги воведува тековните сметки за граѓаните. Во 1989 година е донесен Законот за банки и други финансиски институции и во 1990 година Банката се трансформира во прво акционерско друштво во земјата и го носи сегашното име Комерцијална банка АД Скопје.

Za da se donese zakon za privatizacija, bilo potrebno odredeno vreme site zakonski akti da se usoglasat.
Trebalo da se izraboti elaborat, dali na lokalno ili na centralno nivo.
Sepak sekoja republika bila svesna za ova i se pripremala.
Kako se pripremale republikite?
Za Hrvatska znam deka toj elaborat go rabotel Ekonomskiot Fakultet pri Zagrebachkiot Univerzitet.
Za se toa bilo potrebno vreme.
Znachi daleku pred 1989 godina pochnale razmislite za privatizacija.
Dali si se zaprashal koja bila celta da se zapochne so privatizacijata vo Komunizam, dodeka se komunistite na vlast?
Dali mislish deka haosot koj sledeshe 1991-va godina bil sluchaen?
Komunistichkata partija niknala vo dlaboka ilegala, zatoa i privatizacijata zavrshi so konspiracija i vo dlaboka ilegala.
Celta beshe koga Komunistite ja zagubat vlasta tie da imaat paralelna vlast preku ekonomijata.
Nim ekonomijata im e sredstvo da ostanat na vlast i na mokj, a ne da ja razvijata drzavata.
Site sluchuvanja od devedesetite i poslednoto desetoletie samo go potvrduvaat ova.

(13-01-2012, 03:31 PM)montehristo Wrote:
Quote:Tajni dokument Hrvatske narodne banke dokazuje projektiranu pljačku
Jan 03, 2007 at 03:55 PM

DOKUMENT HRVATSKE NARODNE BANKE DOKAZUJE KAKO JE KOMUNISTIČKA ELITA U VRIJEME TZV. „DEMOKRATSKE TRANZICIJE“ PROJEKTIRALA, ORGANIZIRALA I PROVELA PLJAČKU BANAKA U HRVATSKOJ I NA TAJ NAČIN OMOGUĆILA TRANSFER FINANCIJSKE MOĆI NA NOVU (STARU) TEHNOMENADŽERSKU ELITU


Pljačka banaka omogućila je opstanak bivše komunističke elite na pozicijama političke, financijske i ekonomske moći te uspostavu usporednih centara moći u državi


Potkraj osamdeseti godina dvadesetoga stoljeća vrh Komunističke partije Hrvatske izradio je tajni partijski projekt prema kojemu je nakon predaje političke vlasti u Hrvatskoj mogućoj novoj vlasti nakon što se održe demokratski izbori, financijsku moć u državi trebala preuzeti upravo bivša komunistička ekonomska elita, koju smo kasnije u prvoj polovici 90ih godina dvadesetoga stoljeća prepoznali kao tzv. tehnomenadžere. Većina financijske moći tada jugoslavenske republike Hrvatske nalazila se u rukama tada komunističkih banaka i velikih društvenih poduzeća, koja su uglavnom i bila osnivači tadašnjih banaka. Bilo je potpuno izvjesno da, ukolko se nešto ne poduzme, nakon moguće smjene vlasti i dolaska na vlast novih političkih opcija, komunistička elita ostala bi bez svojih poluga moći – banaka i društvenih poduzeća. Stoga je partijski vrh osmislio projekt pljačke hrvatskih banaka i društvenih poduzeća, a ao što je malo poznato neke od najbogatijih hrvatskih banaka privatizirane su i prije privatizacije, prije nego li je to uopće bilo zakonski moguće. Radilo se, zapravo, o početku ustrojavanja paralelnog sustava moći i usporednih centara moć i odlučivanja u državi. Kasniji procesi kojima smo bili svjedoci u Hrvatskoj samo su posljedica ovog projekta.


Dokument HNB-a koji dokazuje uspostavu usporednih centara moći projektom pljačke banaka


Dopisom Hrvatskog sabora klasa 021-12/05-09/03, ur broj 6511-15-03 od 15. travnja 2005 godine dostavljen je Hrvatskoj narodnoj banci Zaključak Hrvatskog sabora kojim je Hrvatska narodna banka obvezana da u roku od 90 dana Hrvatskom saboru dostavi za svaku pojedinu banku Izvješće o procesu osnivanja, odnosno preoblikovanja banke u dioničko društvo ili društvo s ograničenom odgovornošću koje je provedeno na temelju jugoslavenskog Zakona o bankama i drugim financijskim organizacijama i o promjenama vlasničke strukture tih banaka. Samo dva mjeseca kasnije 18. srpnja 2005. guverner HNB-a Željko Rohatinski dostavio je Hrvatskom saboru dokument pod naslovom „Izvješće o procesu osnivanja odnosno preoblikovanja banaka u dionička društva ili društva s ograničenom odgovornošću, koji je proveden na temelju Zakona o bankama i drugim financijskim organizacijama („Službeni list SFRJ“, br 10/1989, 40/1989, 87/1989, 18/1990 i 72/1990) za svaku banku pojedinačno i o promjenama vlasničke strukture tih banaka“.


Pljačka banaka – po jugoslavenskim zakonima



U izvješću se detaljno opisuje način na koji su nastale banke u Hrvatskoj, kao i zakoni na temelju kojih je bilo moguć osnivanje banaka u Hrvatskoj potkraj osamdesetih godina dvadesetoga stoljeća. „Proces osnivanja odnosno preoblikovanja banaka u dionička društva prema Zakonu vezan je uz postupak usklađivanja organizacije, samoupravnih općih akata i načina poslovanja banaka koje su u vrijeme donošenja Zakona poslovale na način i u organizacijskom obliku utvrđenom Zakonom o osnovama bankarskog i kreditnog sistema, a koji je donošenjem Zakona prestao važiti. Ovim se izvješćem obrazlaže tadašnji zakonski okvir za osnivanje banke, uz poseban osvrt na prijelazne i završne odredbe Zakona kojim je bio definiran proces, odnosno postupak i zakonski rokovi za usklađivanje organizacije, poslovanja i samoupravnih općih akta banke, te osnivanje banke u skladu sa Zakonom, uz navođenje svake pojedine banke osnovane odnosno preoblikovane u dioničko društvo na temelju Zakona“. Više je nego očito kako su pripadnici komunističke ekonomske financijske elite u godnama kada su političke promjene u Hrvatskoj bile potpuno izvjesne, te je postojala opasnost d tadašnja politička elita izgubi političku moć, izvršili kadrovsko i organizacijsko restrukturiranje kako bi zadržali pozicije financijske moći i nakon gubitka političke vlasti. Potkraj osamdesetih godina dvadesrtog stoljeća prionuli su zahtjevnom projektu protuzakonitog stjecanja vlasništva i kontrole nad hrvatskim financijskim sustavom, osoito nad hrvatskim bankama. To i objašnjava činjenicu kako je moguće da se na čelu vodećih hrvatskih banaka i nakon političkih promjena nalaze provjereni kadrovi pripadnici nekadašnje komunističke elite, koji su se nakon političkih promjena (koje su zapravo samo maska) nazvali „tehnomenadžerima“, a bili su predvođeni „hrvatskim“ premijerima u osamostaljenoj Hrvatskoj: Nikicom Valentićem, Zlatkom Matešom, Hrvojem Šarinićem, Franjom Gregurićem. Upravo su ti premijeri tijekom devedesetih godina dvaesetog stoljeća omogućili komunističkoj eliti (kojoj su i sami pripadali i vodili je poput Gregurića) zadržavanje pozicija financijske moći i legalizirali su veliku financijsku pljačku koju je ta elita provela u vrijeme političke i ekonomske tranzicije u Hrvatskoj.


Uprave banaka krivotvorile su podatke o slijedu vlasništva nad dionicama banaka


Dokumenti o pljački hrvatskih banaka – u Beogradu?


Podatak koji svakako dokazuje kako je financijska pljačka banaka i preustrojavanje i oraniziranje paralelnih centara moći u državi zapravo pomno projektirani proces vođen od strane nekadašnje komunističke elite, jest činjenica da je cijeli proces preustroja hrvatskih banaka vođen i koordiniran u Beogradu po tadašnim jugoslavenskim zakonima. Cijeli je proces, naravno, potvrdila i prva hvatska Vlada 1990. godine, koja je tada još mogla spriječiti kobne posljedice ovakvog procesa. A tko su bili ključni ljudi u toj Vladi? Naravno premijer je tada bio Stjepan Mesić, pripadnik nekadašnje elite, sada visoki dužnosnik novonastupajuće vlasti. Proces osnivanja banaka u Hrvatskoj odobravan je vođen u sjedištu Narodne banke Jugoslavije u Beogradu. Na taj način onemogućeno je doći do izvorne dokumentacije o tom procesu jer se sva ta dokumentacija nalazi negdje u Beogradu, a sasvim je sigurno da pojedini moćnici znaju gdje se i kod koga danas krije ta dokumentacija. „Proces osnivanja odnosno preoblikovanja banaka koje su predmet ovoga izvješća dovršen je u 1989. godini. Kako je o dozvoli za osnivanje banke prema Zakonu, do osamostaljivanja Republike Hrvatske, odlučivala tadašnja Narodna banka Jugoslavije, Hrvatska narodna banka ne može navesti sve pojedinosti o osnivanju odnosno preoblikovanju svake pojedine banke“. Ono što je, međutim, guverner HNB-a Rohatnski propustio navesti u ovom dijelu Izvješća jest činjenica da je upravo on sudjelovao u projektu kojega je u vrijeme komunizma vodio Ekonomski institut u Zagrebu po nalogu tadašnjeg vrha Komunističke partije Hrvatske na čelu sa Ivicom Račanom. Prema tome, Rohatinski je znao i detalje toga plana preustrojavanja financijskih centara moći u Hrvatskoj, jer je i sam sudjelovao u projektiranju ekonomskih promjena u procesu tzv. demokratske tranzicije.


Mesićeva Vlada nastavila kontinuitet projektirane bankarske pljačke


Međutim, usprkos manjkavostima i namještenim podatcima Izvješće guvernera Rohatinskog otkriva brojne zanimljive detalje o načinu ustrojavanja usporednih centara financijske moći u Hrvatskoj. Nova je Vlada pod vodstvom tadašnjeg premijera Stjepana Mesića (a podsjetimo nakon njega na to je mjesto došao Josip Manolić, koji je nastavio taj isti projekt i pripadao je nekadašnjoj komunističkoj eliti kao visoki djelatni komunističkih obavještajnih služba u Jugoslaviji) jednostavno nastavila kontinuitet po tada postojećim financijskim i bankarskim zakonima i propisima već raspadajuće Jugoslavije. To je, naravno, bio jedna od glavnih elemenata dogovora odlazeće i nastupajuće vladajuće elite, čime je mogućen kntinuitet kadrova i kontinuitet financijske moći u rukama bivše komunističke elite. Mesićeva Vlada je jednosavno, bez ikakve stvarne ekonomske i pravne opravdanosti, odobrila poslovanje banaka i financijskih institucija po dotadašnjim jugoslavenskim zakonima, što dokazuje i Izvješće guvernera Rohatinskog Hrvatskom saboru 2005. godine. Osim toga, ta činjenica dokazuje i tvrdnju kako se nakon političkih promjena i nastupanja nove vlasti u stvari ništa nije izmjenilo jer je komunistička elita zadržala pozicije ekonomske i financijske moći u zemlji, čime je izravno pod kontrolom držala i državu i političku vlast u zemlji koju je mogla ucjenjivati bankarskim kreditima koje je Vlada tada uzimala od poslovnih banaka kao i ekonomskom krizom u zemlji koju su mogli izazvati jer su držali pod kontrolom sva velika državna (tada još društvena) poduzeća. „Zakon o bankama i drugim financijskim organizacijama („Službeni list SFRJ“, br 10/189, 40/1989, 87/1989, 18/1990 i 72/1990) preuzela je Repubika Hrvatska kao republički zakon na temelju Zakona o preuzimanju saveznih zakona iz oblasti financija koji se u Republici Hrvatskoj primjenjuju kao republički zakoni (Narodne novine br 53/1991). Zakon je prestao važiti donošenjem Zakona o bankama i štedionicama (Narodne novine br 94/1993), osim odredaba članaka 39. do 49. a) .... za koje je utvrđeno da će prestati važiti stupanjem na snagu Zakona o trgovačkim društvima“. Znači, ne samo da je Mesićeva Vlada 1990. osigurala kontinuitet pljačke i komunstičkog reorganiziranja i preustroja financijskih centara moći, nego su zakoni i propisi koji su omogućavali taj projekt ostali na snazi pune tri godine sve do 1993. godine, koliko je itrebalo financijskoj eliti za reorganzaciju i stabilizaciju u novonastalim organizacijskim oblicima i političkim i ekonomskim uvjetima koje je nametala tzv. demokratska tranzicija. To dokazuje i činjenica da su iz procesa privatizacije koji je započeo početkom devedesetih godina dvadesetog stoljeća banke bile u potpunosti izuzete, te se ti zakonski propisi nisu odnosili na banke, niti je Vlada bila ovlaštena u bilo kojem trenutku za prodaju i privatizaciju banaka. To su u sjeni izvele financijske elite proizašle iz nekadašnje komunističke političke elite. Naravno i nova politička elita u kojoj se na ključnim pozicijama našao značajan broj pripadnika komunističke elite, sudjelovale su u takvm kriminalnom procesu. Zato u Hrvatskoj i možemo govoriti, nakon svega, o vladavini političke i financijske oligarhije koja se institucijama demokratskog sustava suži samo za prikrivanje stvarne oligarhijske priprode političkog režima i financijske elite. Radi se o oligarhiji koja je zloupotrebom demokratskih instrumenata uzurpirala političku vlast i financijsku moć u zemlji, te na taj način kontrolira i upravlja procesima u državi. „Zakon o pretvorbi društvenih poduzeća, koji je donesen u travnju 1991., nije se odnosio na banke. U vrijeme donošenja ovog zakona banke su već bile osnovane i poslovale kao dionička društva“, navodi se u izvješću HNB-a Hrvatskom saboru.


Banke osnovane kao dionička društva 1989. godine




Što je utvrdila Hrvatska narodna banka?


Hrvatska narodna banka pokušala je i svojim zaključcima u navedenom Izvješću Hrvatskom saboru, zapravo, prikriti pravo stanje stvari i dati pokriće bankarsom kriminalu u Hrvatskoj. Upravo HNB već godinama priječi jednu opsežniju i detaljniju istragu i nadzor u komercijalnim bankama u Hrvatskoj, štiteći tako interese kapitala skrivenih centara moći iza kojih se krije nekadašnja komunistička, sada tehnomenadžerska elita. „Slijedom navedenog razvidno je:

- da se kroz postupak usklađivanja i osnivanja banaka kao dioničkih društava, u skladu sa odredbama Zakona, rješavalo i pitanje sljedništva za obveze banaka nastalih na temelju starog Zakona;

- da su banke osnovane prema odredbama starog zakona (Zakon o osnovama bankarskog i kreditnog sistema) koje su svoju organizaciju, poslovanje i samoupravne opće akte uskladile s odredbama Zakona, te od tadašnje Narodne banke jugoslavije dobile dozvolu za osnivanje banke kao dioničkog društva i upisale se u sudske registre, nastavile svoje poslovanje kao banke dionička društva;

- da je specifičnost osnivanja tih banaka kao dioničkih društava vezana uz činjenicu da su te banke poslovale u vrijeme donošenja Zakona na način i u organizacijskim oblicima utvrenim starim zakonom, te da su trebale provesti postupak usklađivanja s odredbama Zakona i dobiti dozvolu za osnivanje banke u skladu sa Zakonom kako bi mogle nastaviti poslovati uz uvjete utvrđene Zakonom;

- da su se srestva u fondovima postojćih banaka koje su svoju organizaciju, poslovanje i samoupravne opće akte usklađivale s dredbama Zakona, mogla koristiti za formiranje osnivakog fonda nove banke koja se osnivala u skladu sa Zakonom;

- da su društvene pravne osobe kao dotadašnji osnovači banaka koji su prihvatili odluku o osnivanju banke i u osnivački fond banke unijeli sredstva oja su imali u fondovima postojećih banaka, sve u skladu sa odlukom o osnivanju banke kojom se utvrđivao status osnivača banke, stjecali pravo na upravljanje bankom u visini sredstava uloženih u osnivački fond banke te ostala prava i obveze utvrđene odlukom o osnivanju banke, odnosno statutom banke;

- da su svojstvo osnivača, u skladu sa odlukom o osnivanju banke, odnosno statutom banke, mogle steći i druge osobe koje su uložile sredstva u osnivački fond banke i prihvatile odluku o osnivanju banke“.


Međutim, istovremeno, HNB odbija provesti nadzor kako je moguće da su u nekim bankama kroz određeno vrijeme uprave krivotvorile knjige dioničara i ilegalno razvlastile osnivače banaka i oduzele im njihova osnivačka i dioničarska, vlasnička prava, bez ikakve pravne osnove. Takav je slučaj sa Zagrebačkom bankom, protiv koje se po toj osnovni vodi nekoliko postupaka, od kojih su najveći Kčinari protiv ZABE i Gavrilović protiv ZABE.



U procesu preustroja banaka u Hrvatskoj 1989. – 1993. opljačkano preko 28 milijarda eura


Prema nekim podatcima i analizama ukupan iznos opljačkanih sredstava za koja je oštećena Republika Hrvatska i neke pravne i fizičke osobe, u procesu preustrja hrvatskih banaka od 1989. – 1993. godine, iznosi preko 28 milijarda eura, samo po toj osnovi. To je zaravo inicijalni kapital kojega je hrvatska financijska elita opljakala početkom tzv. demokratske tranzicije i sve kasnije njihove financijske i druge operacije u zemlji i inozemstvu zapravo predstavljaju slijed toga organiziranog kriminala pod najvišim pokroviteljstvom hrvatske političke i financijske oligarhije. Hrvatska narodna banka i Hrvatski sabor pokušali su ovim blijedim i nepotpunim Izvješće učiniti korak dalje ka osiguravanju stečenih financijskih dobara hvatskoj financijskoj oligarhiji. Međutim, u tom rocesu, kao i u mnogim procesima tzv. demoratske tranzicije u Hrvatskoj, nismo još čuli posljednje. Za hrvatske financijske oligarhe svakako je opasno što se sa protokom vremena sve više i više dokumentacije pojavljuje u javnosti, brojni tajni spisi dolaze u ruke novinarima i javnost ima priliku procjenjivati i razmišljati o svemu što se događalo i događa u Hrvatsoj. A to financijskoj eliti nikako ne odgovara, jer bi prije ili kasnije mogli ostati bez ilegalno stečenih bogatstava i povlastica te pozicja moći u kojima su se uljuljali uvjereni kako ih nitko nikada neće srušiti.

Istraživanje o kriminalu u Zagrebačkoj banci je objavljeno u tjedniku Hrvatsko slovo potkraj lipnja i u prvoj polovici srpnja 2004. godine. Nakon objave dokumenata i ovih tekstova Vlada je pokrenula istragu o cijelom slučaju koja je kasnije obustavljena. Trenutno zagrebački obrtnik Paško Kačinari sam vodi istražni postupak pred nadležnim sudom za utvrđivanje činjenica i poništavanje nezakonite pretvorbe i privatizacije Zagrebačke banke.

Domagoj Margetić


ako na ova ne veruvash eve shto stoi na portalot na komercijalna



Quote:Банката е формирана во 1955 година како Комунална банка на град Скопје, специјализирана за станбени кредити и претпријатија и финансирање на општинска изградба. Во 1965 година е отворена првата експозитура на Банката во Скопје. Од 1.1.1966 година Комунална банка се трансформира во мешовит тип на банка и добива ново име: Комерцијално–инвестициона банка Скопје. Во 1971 година интегрирани се трите водечки банки во Република Македонија, и тоа Стопанска банка Скопје, Комерцијално–Инвестициона банка во Скопје и во Битола, во една банка која работи под името Стопанска банка – Филијала Скопје. Оваа банка прва ги воведува тековните сметки за граѓаните. Во 1989 година е донесен Законот за банки и други финансиски институции и во 1990 година Банката се трансформира во прво акционерско друштво во земјата и го носи сегашното име Комерцијална банка АД Скопје.



Znachi koga doadjaat prvite povekjepartiski izbori ovaa a i drugite banki se vekje privatizirani od kumunjarite.
E sega ova so Emo, ako si pameten kje vidish zoshto nikomu ne mu e vo interes da gi zemat rabotnicite.
Odgovorot e vo povrshinite koi EMO gi ima pod svoe pogotovo vo Ohrid, kade moze da se gradat stambeni i turistichki kompleksi.
UDBOMAFIJATA vo makedonija , nim ne im e cel da ja razvijat Makedonija, tuku za shto poeftini pari da ja rasprodadat, a ovie denovi kje vidish deka Makedonija se dobro kotira vo gradeznishtvoto, potocho evro po kvadrat.
27-01-2012, 09:47 AM
Reply