Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКОТО НОВИНАРСТВО, ВЛАСТА, ОПОЗИЦИЈАТА, ГАЗДИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Нешто што вреди да се прочита и да му се отвори посебна тема.



Quote:Ослободете ја вистината

[Image: stojanka3-e1326391012750.jpg]

Кога пред три години во една колумна се збогував со новинарската слобода, буквално бев ставена на клада. Зошто?

Затоа што ја кажав вистината или попрецизно да кажам – се излажав да ја кажам вистината за нашата фела, за ќор-сокакот во кој бевме тогаш и во кој сè уште се наоѓаме, за притисоците, за изобличената вистина што им ја продававме на читателите стегнати од автоцензурата што си ја наметнуваме кога сме ставени во тесно. Од кого?

Не паметам дека имав храброст да ги наредам сите со ред политичари, газди, сите оние што ми ја забрануваа слободата во изразувањето и објавувањето на вистината. Најверојатно бев ставена во тесно. А и тогаш, како и сега, не барав ние новинарите да бидеме заштитени мечки, барав само едно – слобода во новинарската мисла како единствено и најсилно оружје што го имаме. Барав слобода, добив опомена (за влакно избегнав казна – отказ), а сè уште не можам да се ослободам од чувството дека јас, моите колеги, сите сме само заробеници во слободата што толку силно ја бараме, а не знаеме да ја извојуваме. Пишуваме за факти и со факти (исклучоците не сакам да ги носам на душа) и пак сме со повеќе од двесте кривични пријави. Еден новинар беше обвинет за оддавање воена тајна, а пишуваше за шверц со оружје. Една новинарка беше осомничена за тенденциозно, лажно и недокументирано известување, а пишуваше за злоупотреби на европските пари. Примери има премногу – еден новинар напиша за уништеното Кратово, а се соочи со кривична пријава. Да не зборувам за тоа колку од нашите колеги стегнати во моќните алки на газдите на медиумите беа избркани или си заминаа од редакции во кои сè уште се продава „големата вистина“. И ова е дел од заробената новинарска приказна.

Темава, омилена во нашите кругови, особено кога сме втерани во глувчешка дупка, денеска ја расправаа и пратениците во законодавниот дом. Се бараше декриминализација на клеветата и навредата, дела на кои демократските земји и во најблиското соседство им ја симнаа тежината на кривични дела со цел да ја поттикнат демократската мисла и да покажат дека се отворени и слободни општества. Кај нас на оваа тема сè уште се водат само јалови расправии. Тоа го видовме и денеска во парламентот – сите се залагаат за декриминализација, опозицијата, власта, независните пратеници, сите сакаат слободни новинари и граѓани, а всушност нè користат како добар материјал за терање маркетинг и удирање в гради кој е поголем демократ. Повеќебројните во парламентот (власта), за да не излезат лицемери и додворувачи, ставаат огради од типот прерано е да се декриминализираат овие дела барем не додека не помине официјалниот дијалог со новинарите.

Oпозицијата, пак, си најде супер тема за уште една маркетиншка кампања против власта, а на грбот на новинарите. А сè ќе беше толку едноставно да не им тежеше вистината и да немаа уплав од неа. Само ќе требаше еден клик на копчето за гласање и предлогот на пратеникот Ивон Величковски ќе нè однесеше понапред во демократското чекорење.

Тоа е едната страна на приказната. За другата страна од новинарската приказна сме одговорни само ние. За извалканата вистина, за молкот пред фактите, за големите новинарски приказни што завршиле во канта, за замолчувањето на фелата, за појавата на новинари-галеничиња вината е само наша. Не може никој да нè амнестира ниту од вината за урнатите стандарди во професијата, за погазувањето на етичкиот кодекс и за сите неновинарски и нарачани писанија. За спротивното треба да се избориме ние самите. Дали битката ќе ја водиме во ровови, или јавно и отворено, пак е наш избор. Дали ќе почнеме да ги менуваме нештата во сопствените редакции или во новинарското здружение, не е важно. Важно е да ја ослободиме вистината.

Стојанка Митреска
13-01-2012, 04:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2


Очекував дека ке са јави барем некој нејзин колега или колешка да ја исплука кога веке не ја подржуваат. Ама се плашат и да ја плукнат ...
16-01-2012, 02:59 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#3

(16-01-2012, 02:59 AM)ЈорданПетровски Wrote: Очекував дека ке са јави барем некој нејзин колега или колешка да ја исплука кога веке не ја подржуваат. Ама се плашат и да ја плукнат ...

Се плашат да зборуваат, воопшто, на таа тема.Razmisluva Ако ја подржуваат ја доведуваат својата егзистенција во прашање, а ако је напаѓаат знаат дека ке дојде време кога за тоа ке се срамат.

16-01-2012, 10:35 AM
Reply
bingo2012 Offline
Junior Member
**

Posts: 3
Joined: Jan 2012
Reputation: 0
#4

Колку ли само има рекетари помегу новинарите.Новинарството е многу приземно во Македонија.
17-01-2012, 01:33 PM
Reply
ogan Offline
Junior Member
**

Posts: 20
Joined: Jan 2012
Reputation: 0
#5

(17-01-2012, 01:33 PM)bingo2012 Wrote: Колку ли само има рекетари помегу новинарите.Новинарството е многу приземно во Македонија.

Ne samo reketari! Ako nemame istrazuvacko novinarstvo se vide sme imale operativno, samo cudo lustracijata ne gi dopira?
Negovite kolegi nemaat hrabrost da go napisat negovoto ime pa go davaat so slika, sekojpat koga e temata lustracija vo kontekst na osnovanjeto na dpmne-onaa na koja se 4-ca; Bogdanovski, Trantalovski i toj e megu drugite dvajca, "vijugastiot" bradest komita!!!


17-01-2012, 11:11 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#6

(17-01-2012, 01:33 PM)bingo2012 Wrote: Колку ли само има рекетари помегу новинарите.Новинарството е многу приземно во Македонија.




Of-topic
Bingo2012, од името на екипата на КОТЛЕ ти пожелувам добредојде на форумот
18-01-2012, 06:51 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#7

Хахаха, во обид да создадат привид дека има нови членови на овој удбашки форум, модераторите фатиле да си отвораат дупли никови...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
18-01-2012, 08:04 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#8

(18-01-2012, 08:04 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Хахаха, во обид да создадат привид дека има нови членови на овој удбашки форум, модераторите фатиле да си отвораат дупли никови...

А, можеби и ти си нивен производ, чија улога е симулирање дебата на форумот? Ти ( овој ник) им нешто се контрираш, а тие ти одговараат. Ти ништо не разбираш, ама нема врска-постовите одат, форумот е полн и некој нов мисли дека форумот е кул. Ти благодарам што ми отвори очи. Е, Христо, Христо си требал да станеш детективStarce

19-01-2012, 09:14 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#9

(17-01-2012, 01:33 PM)bingo2012 Wrote: Колку ли само има рекетари помегу новинарите.Новинарството е многу приземно во Македонија.

Што е рекет? Уцена од некој до некого дека ке ја каже вистината ако другиот не му ја даде бараната услуга ( пара). Најголем рекетар во медиумите, денска во МК е владата. Таа ги купува медијумите ( сопственците) со големи пари дадени за владини реклами кои се објавуват во нивите медијуми, а пак сопствениците на медијумите ги рекетираат ( условуваат) вработените новинари да пишуваат како е се добро. Новинарите, пак, се уценети со своето работно место т.е. егзистенција. Дали е некој видел владина реклама во неделникот ФОКУС или во дневниот весник ФОКУС???

19-01-2012, 09:21 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#10

(17-01-2012, 11:11 PM)ogan Wrote:
(17-01-2012, 01:33 PM)bingo2012 Wrote: Колку ли само има рекетари помегу новинарите.Новинарството е многу приземно во Македонија.

Ne samo reketari! Ako nemame istrazuvacko novinarstvo se vide sme imale operativno, samo cudo lustracijata ne gi dopira?
Negovite kolegi nemaat hrabrost da go napisat negovoto ime pa go davaat so slika, sekojpat koga e temata lustracija vo kontekst na osnovanjeto na dpmne-onaa na koja se 4-ca; Bogdanovski, Trantalovski i toj e megu drugite dvajca, "vijugastiot" bradest komita!!!

Па, нели, кодното име “ вијуга“ беше за Голубовски! Ама, тој никогаш немал брада. Или сум нешто грешка?

19-01-2012, 09:25 AM
Reply
bingo2012 Offline
Junior Member
**

Posts: 3
Joined: Jan 2012
Reputation: 0
#11

(19-01-2012, 09:21 AM)hristo Wrote:
(17-01-2012, 01:33 PM)bingo2012 Wrote: Колку ли само има рекетари помегу новинарите.Новинарството е многу приземно во Македонија.

Што е рекет? Уцена од некој до некого дека ке ја каже вистината ако другиот не му ја даде бараната услуга ( пара). Најголем рекетар во медиумите, денска во МК е владата. Таа ги купува медијумите ( сопственците) со големи пари дадени за владини реклами кои се објавуват во нивите медијуми, а пак сопствениците на медијумите ги рекетираат ( условуваат) вработените новинари да пишуваат како е се добро. Новинарите, пак, се уценети со своето работно место т.е. егзистенција. Дали е некој видел владина реклама во неделникот ФОКУС или во дневниот весник ФОКУС???
Dobra konstatacija,Hristo
19-01-2012, 09:59 PM
Reply