Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОНИЈА, ШАМПИОH ВО МИЗЕРИЈА!!!!
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#41

(15-01-2012, 07:50 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(15-01-2012, 06:07 PM)Топорчо Wrote: Китай в момента противно на всеобщото мнение е изправен пред огромни икономически предизвикателства.Икономическият ръст и ако отново белжи двуцифрен растеж намалява четвърта поредна година.Същото се касае за износа.Кризата в Европа ще доведе до допълнително намаляване на поръчките и износа.
Аз работя във фирма която произвежда и продава мотокари и резервни части за тях и голяма част от вноса ни е именно от Китай.
Китай е много зависим от глобалните икономически процеси , защото за разлика от Америка неможе да разчита на вътрешно потребление. Покупателната способност на китайците е изключително малка.
Един малко известен факт е, че държавата Китай финансира пряко износа. За всеки изнесени 100 долара държавата плаща на производителя 4 долара , което си е 4 %. Това позволява на Китайските износители да работят с изключително ниски маржини , което обаче неможе да продължи вечно.
Друг важен фактор за ниската себестойност на китайските продукти е и ниското заплащане на труда. Там обаче има макар и бавна тенденция за повишаване на заплатите, което в перспектива ще води до повишаване стойността на крайния продукт.
Помнете думата на пророк Топорчо Icon_razz китайският балон рано или късно ще се спука.Тежко ни и горко на всички тогава.



BravoBravoBravo

Јордане што ракоплескаш!? На вас богатите во Канада ( сите граѓани) тоа ке е небитно, но за нас сиромасите во Македонија ( 95%) тоа ке биде трагедија.A050

16-01-2012, 11:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42

(16-01-2012, 11:07 AM)hristo Wrote: Јордане што ракоплескаш!? На вас богатите во Канада ( сите граѓани) тоа ке е небитно, но за нас сиромасите во Македонија ( 95%) тоа ке биде трагедија.A050



Причината за ракоплескањето е: Кина бележи економски раст продавајки ја ефтино работната рака на своите граѓани. Никој на вас во Македонија не ви кажува во какви услови работата тие луѓе, колку дневно умираат на работните места ... Тоа е цената на "странски инвестиции" а тоа Грујо ви го нуди во Македонија. Можеби Кина нема друго решение, но на Македонија не и требаат "странски инвестиции". На Макеонија и треба СОПСТВЕНО ПРОИЗВОДСТВО И ПАЗАРИ. За држава со 2 милиони жители која ке произведува храна и "мода" секогаш ке има "муштерии" и тоа за високи цени.
Пиперката донесена во Канада од Израел има цена 1,5$ по парче.
16-01-2012, 02:29 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#43

(14-01-2012, 10:33 PM)Zoograf Wrote:
(14-01-2012, 08:31 PM)Solenik Wrote:
(09-01-2012, 10:46 PM)Cesen Makedonec Wrote: Ајде сите јуриш на емиграција во Кина....Америка е помизерна од Кина според податоциве

Просечниот Кинез денес живее подобро одошто просечниот Кинез од пред 10 години. Од друга страна просечниот Американец денес живее полошо од просечниот Американец од пред десет години. Занчи индексот на мизерија е од прилика добар показател на сосотојбата на земја т.е. студијава на "Економист" не е фрлена од ракав.

Многу е битно да не заборавиш дека станува збор за ИНДЕКС, а не за апсолутна вредност. Но индексот, помножен со н години, дава резлутат на апсолутни опипливи вредности.

Ова во Кина нема да трае уште долго, бидејќи нема витински слободент пазар (ама па и САД се' повеќе си ја намалува пазарната, а ја зглоемува централната економија), но индексов е на место во моментов.
---
Топорчо, јас сум анти-инфлационист, според мене благата инфација не е полезна, но барем не и' се чувствуваат штетните ефекти; т.е. ако има инфлација, барем нека е што поблага.
----
Дека инфлацијата е потребна за економски раст, тоа е само мит. Деценијата кога САД се враќа на златниот стандард 1879-1889 и кога има дефлација е деценијата со најголем економски пораст во САД за пареиодот од основањето до 1982 (за понаваму треба да проверам).

Парите не се богатсво, туку производите. Оттука и немањето на пари не е автоматски сиромаштија. Парите се само медиум на размена, но луѓето тргуваат заради производите кои им се потребни. Владите сакаат да пумпаат пари за да створаат привид дека луѓето денес се побогати од луѓето пред 10 години. Но вистинското прашање е колку куповна моќ имаат парите кои ти се џебот.

Кина неодоливо потсеќа на приказите од почетокот на осумдесетите како Јапонија ќе владее со светот. Економскиот раст кај неразвиените земји воглавно се состои во catching up со развиените, додека економскиот раст кај развиените се состои од иновацији. Кај вториот дел засега азијскиот модел се нема многу покажано.
Во врска со инфлација/дефлација:
Нити едната нити другата е добра работа. Меѓутоа покажано е за време на златниот стандард во Америка имало неколку многу долги депресији кога имало дефлација. Од таму се имаат извлечено, меѓутоа по која цена. Ако долгорочниот раст не зависи од монетарниот систем, тогаш прашањето кој систем дава најмала вариабилност т.е подобро да имаш ГДП 100 па 110 па 120 отколку 100 па 50 па 120.

Мешаш паники (страв дека банката "инфлацира" т.е. издава повеќе банкноти одошто има златно покритие) со депресии (пролнгирани периоди на смалување на економијата). Големата Депресија е уникатен феномен, токму поради воведувањето на централното банкаство, и оттргувањето од Златниот Стандард--мешањето на Владата во економијата преку New Deal. Причината за порасотот во 1880-тите е зголемувањето на продуктивноста (ефикасност во работењето). До тогаш имало паники и рецесии. Во 1921-2 САД минува низ рецесија чиј што почеток бил многу по сериозен од оној на Големата Депресија. Но рецесијата од 1921-2 минува бргу поради тоа што државата не се замешала во економијата. Концезусот кај повеќето економски школи денес е дека Големата Депресија била пролонгирана со Владините интервенции.

Топорчо: САД не е на Златниот Стандард од 1933 кога ФДР забранува менување на банкноти за злато на Американци, а светот од 1971, кога Никсон го затвора "Златниот Прозорец", кога САД престанува да менува банкноти за злато на странци. Така што денес парите се буквално ништо поеќе од хартија.

Кензијската филозофија е тоа што велиш дека ако има позитивна камата на штедење, тогаш нема да има доволно инвестирање. Но, тоа е точно само доколку каматата ја одредува власта, а не пазарот. Проблемот со Кејнс е што тој е всушност социјалист кој ни се продава како капиталистички економист поради тоа што во неговата Теорија приватното сопствеништво номинално се одржува. Доколку пазарот ја регулира каматата, таа ќе варира спрема понудата и побарувачката. Доколку производството опаѓа како резултат на намалени инвестиции, тоа ќе предизвика инфлација (покачување на цените поради зголемување на количеството на пари во однос на производи), а со тоа и намален профит преку штедењето.
(This post was last modified: 16-01-2012, 04:56 PM by Solenik.)
16-01-2012, 04:54 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#44

(15-01-2012, 06:07 PM)Топорчо Wrote: Китай в момента противно на всеобщото мнение е изправен пред огромни икономически предизвикателства.Икономическият ръст и ако отново белжи двуцифрен растеж намалява четвърта поредна година.Същото се касае за износа.Кризата в Европа ще доведе до допълнително намаляване на поръчките и износа.
Аз работя във фирма която произвежда и продава мотокари и резервни части за тях и голяма част от вноса ни е именно от Китай.
Китай е много зависим от глобалните икономически процеси , защото за разлика от Америка неможе да разчита на вътрешно потребление. Покупателната способност на китайците е изключително малка.
Един малко известен факт е, че държавата Китай финансира пряко износа. За всеки изнесени 100 долара държавата плаща на производителя 4 долара , което си е 4 %. Това позволява на Китайските износители да работят с изключително ниски маржини , което обаче неможе да продължи вечно.
Друг важен фактор за ниската себестойност на китайските продукти е и ниското заплащане на труда. Там обаче има макар и бавна тенденция за повишаване на заплатите, което в перспектива ще води до повишаване стойността на крайния продукт.
Помнете думата на пророк Топорчо Icon_razz китайският балон рано или късно ще се спука.Тежко ни и горко на всички тогава.

Тука сум согласен. Кинезиве денес работат за Американски долари, кои како што гледаме се безвредни. Нивното "чудо", она што не го разбираат многу, е дека е наменето за внатрешна употреба. Нешто слично на она што беше во Југославија на Анте Марковиќ. Сега кинеските власти купуваат социјален мир.
16-01-2012, 05:00 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#45

Текстов има врска со ова што го думаме околу монетарната политика:

Quote:I saw why gold and silver so often served as money from ancient times to the near present. I knew that the Federal Reserve was something close to a conspiracy of insiders working to advance . . . well, I wasn’t at all certain it was “the general welfare.” The founding of the Fed was a typical Progressive Era reform: allegedly a triumph of expertise, it was obviously a concoction by bankers, run for bankers.
...
Ron Paul was right to say that money is key. Monetary theory best explains the cycles of boom and bust, why they occur, and why the medicine employed since the beginning of the Great Depression doesn’t work, instead prolonging unemployment. IZVOR

Кога монетарната политика е во рацете на нацинализирано банкарство, односно во рацете на Власта, тогаш не постои економска слобода. Оти нема таков светец-политичар кој ќе ги запостави своите лични интереси. Тој се води од желбата да биде реизбран.
16-01-2012, 07:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#46

Оваа е онаа најбитното.



[Image: scan0631_1.jpg]




Грција која пропаѓа да ти била далаку, далеку пред нас. Или оваа е можеби фалсификат.
17-01-2012, 01:48 AM
Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6
#47

17-01-2012, 09:52 AM
Reply
ogan Offline
Junior Member
**

Posts: 20
Joined: Jan 2012
Reputation: 0
#48

(17-01-2012, 09:52 AM)Илиян_Луков Wrote: Статистика на БВП(per capita)

Koja statistika Razmisluva
Site nasi komsii se pomizerni!
ne e se idealno, ama tie na nase mesto vo istite okolnosti ke se raspadnea odamna!
17-01-2012, 11:29 PM
Reply
Stefan Offline
Senior Member
****

Posts: 416
Joined: Jun 2010
Reputation: 12
#49

(17-01-2012, 11:29 PM)ogan Wrote: Site nasi komsii se pomizerni!
ne e se idealno, ama tie na nase mesto vo istite okolnosti ke se raspadnea odamna!

Bravo
Е па, мрднете от "вашето место". Зошто стоите тамо?
***
"Направен е несреќен избор на букви од стара плоча...со старословенски букви, незабележително, пишува „Блгарско"..."
19-01-2012, 11:09 AM
Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6
#50

(17-01-2012, 11:29 PM)ogan Wrote:
(17-01-2012, 09:52 AM)Илиян_Луков Wrote: Статистика на БВП(per capita)

Koja statistika Razmisluva
Site nasi komsii se pomizerni!
ne e se idealno, ama tie na nase mesto vo istite okolnosti ke se raspadnea odamna!

Викаш вие сте най-издръжливите на Балканите по мизерия ... поздравления ... номер едно сте Icon_razz

19-01-2012, 12:32 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#51

(14-01-2012, 05:34 PM)Solenik Wrote: Инфлацијата е обезвреднување на парите: 1 денар денес, вреди .90 дени утре. Според Кејнс и Монетаристите, инфлаццијата е добра работа (според Монетатистите на Фридман од 3-5% годишно). Значи и според пропонентите на инфлација и книжни пари инфлација од 35% е опасна, заради тоа што полека но сигурно води кон онаа ситуација (исотриска) заради која Германците се осетливи околу инфлацијата. Според поддржувачите на "поктрепена" валута, инфлацијата е лоша, токму зарди тоа што преку емитирањето на нови пари државата го ограбува (оданочува тајно) граѓанинот.

Проста е логиката зошто во Македонија каматата е повисока отколку во Германија: повторно одговорот е во разликата во стапката на инфлација: денарот обезвреднува побргу, и каматата мора да го земе тоа во предвид.

Дефлација значи зголемување на куповната вредност на валутата: при услови на дефлација имаш ќар и при услови на 0% камата.

Оттука, инфлацијата во МК е и тоа како проблем, оти човек нe може да заштеди за да таа уштеда ја направи инвестиција во производство. Инвестиоторите бараат сигурност, а едниствената сигирност што ја нуди МК, е дека утре ќе си посиромашен од денес. Затоа младите ја напуштаат државата, и системот на Негативна Селекција се перпетуира, при што во државата останува само оној слој што не е подготвен на ризик. А инвестирањето е ризик.

секој човек штеди доколку нема инфлација, а инвестира или троши доколку постои инфлација - знае дека губи доколку ги „држи под перница„ парите.

можеби пункт за критика треба да ти биде примањето/платата, но зголемена потрошувачка (трошење) во никој случај.

каматата и онака е различна во МК кога станува збор за девизи вс. денари. МК купува и продава во девизи, а паралелно држи стабилен курс.
проблемот е структурата на економијата/индустријата, исто како кај грците.



бтв, пред некој ден налетав на следново:
Quote:Американска комедија за македонската мизерија

...
„Економист“ направи табела, според која, Македонија е држава со најголем степен на мизерија меѓу 92 испитувани земји, врз основа на два критериума: стапка на невработеност и стапка на инфлација. И врз основа на тие две стапки изведе индекс на мизерност. Станува збор за теорија на американскиот економист Артур Окин, починат пред 30 години, според кој, мизеријата во една земја може да се пресмета на овој начин. Теоријата имала своја употребна политичка вредност во времето на американските претседатели Џими Картер и Роналд Реган, но во суштина никогаш не била посериозно третирана бидејќи се обидува со помош на сок од јаболка и сок од круша да добие оценка за квалитетот на масло за јадење. Во секој случај, и сегашната американска државна статистика повеќе сака да се занимава со степенот на сиромаштија отколку со индексот на мизерност, па оваа теорија сега повеќе служи за забава отколку за сериозни анализи. Веројатно, и идејата на „Економист“ немала поголеми претензии.
Сепак, и таквата забава од страниците на еден весник најде свое место во македонскиот парламент.
...
Кај нас, опозицијата ја внесе табелата и во македонскиот парламент, што е мошне чудно ако се видат податоците за тоа кој од петни жили ја создаваше невработеноста во изминативе 20 години
...

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22481
0+0+0=60%
(This post was last modified: 20-01-2012, 01:53 AM by toni_a.)
20-01-2012, 01:48 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#52

Соленик, целава работа се сведува на конкурентност! и ништо повеќе.

мизеријата всушност ни е лошата структура поради која не сме конкурентни. а таа се амортизира со ниски плати те. низок стандард на живот....

пс - наследство од времето - најголемиот проблем! селекцијата на подобни и неподобни, наместо квалифицирани и неквалифицирани.
0+0+0=60%
(This post was last modified: 20-01-2012, 02:12 AM by toni_a.)
20-01-2012, 02:07 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#53

(20-01-2012, 02:07 AM)toni_a Wrote: Соленик, целава работа се сведува на конкурентност! и ништо повеќе.

мизеријата всушност ни е лошата структура поради која не сме конкурентни. а таа се амортизира со ниски плати те. низок стандард на живот....

пс - наследство од времето - најголемиот проблем! селекцијата на подобни и неподобни, наместо квалифицирани и неквалифицирани.

За извадокот од Нова Македонија, веќе објаснив дека таквото извртување на резултатите на студијата не пасуваат. Студијата дава ИНДЕКС или КОЕФИЦИЕНТ; а не апсолутна вредност. Тој индекс ја чита НАСОКАТА во која се движи една економија: висок индекс значи дека економијата тоне многу бргу; додека негативен индеск значи суштински позитивен раст. Во резултатите на студијата немаше негативен индекс!! Науката на еконимијата се занимава со проучување на законите на економијата, кои се постојани како што е и гравитацијата постајан закон во физиката.

Овие два фактори, невработеност и инфлација се и тоа како добар показател за здравјето на една економија. Земи го ова и размисли го: во 1933 кога Рузвелт доаѓа на власт невработеноста во САД е 11мил. Почнува Њу Дил, и САД оди во долг од 20бил. до 1936. Невработеноста паѓа на 4мил. Во 1938 невработеноста ескалира на 11.5мил!!! Како е тоа могуче?! Јавната потрошувачка не произведува ефикасно, а постојаната емисија на нови пари (инфлација) само ги покачува цените на производите, кои се намалуваат во количина. Всушност, бројката од 11.5мил. невработени во САД во 1938 го крие фактот дека неколку милиони реално невработени биле фиктивно вработени во администрацијата. Поголем доказ за негативните ефекти на инфлаицијата и невработеноста тешко дека може да се најде.

Зошто луѓето штедат пари? -- За да можат да ги потрошат! Дали чувањето на пари под перница става леб на масата или гради куќа? -- НЕ. Парите се само медиум на размена. Но многу е битно како парите ќе се трошат: затоа има поуспешни и понеуспешни на пазарот. Инфлацијата охрабрува непромислена потрошувачка: поради фактот што утре денарот вреди помалку одошто денес, ќе купам било што денес, бидејќи вредноста е во производот. Но, избрзаното трошење на парите ме тера да купам гума за пливање, наместо да ги заштедам парите и на крајот на неделата да платам за лекции по пливање. Инфлацијата (особено високата) води до национализација од "задната врата": што значи "капитализам" -- општество каде што капиталот е во рацете на приватните граѓани. При услови на инфлација, штедењето е неполезно, додека живеењето на позајмници (заеми од банки) е далеку економски подобро. Но, кога купуваш куќа, фабрика, кола или опрема за фабрика под хипотека ти не си сопственикот на капиталот дури не го исплатиш заемот--сопственик е банката, а банката, пак, е задолжена кај централната банка, што значи дека капиталот припаѓа на централната банка, а централната банка а во сопственост на владата. Колку подолго трае периодот на инфлација, толку повеќе приватните граѓани се приморани да земаат заеми од банките, бидејќи домашната економија станува се' понеконкурентна во однос на странските економии: односно нашите производи, како резлутат на инфлацијата се прескапи за да може да гу купат странците, а нивните производи се поевтини од нашите, па и ние ќе ги купуваме истите, а ќе плаќаме за сето тоа со позајмени пари. Тоа се случи во Грција. Позајмените пари можат да се дистрибутираат преку заеми или пак преку плати за бирократија и други држвни потрошувачки: социјална помош, дектски додаток, студентски стипендии, "кумпјутер за секое дете", споменик за секој пензионер итн.

---
Тони, на мене ми е јасно зошто сето ова е контра она што си го учел. Ти живееш во Германија, колевката на социјализмот. Земи читај ги малку Австријците и се' ќе ти се разсјасни.
27-01-2012, 04:02 PM
Reply