Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ОРКА ГО КУПИ WAZ-СЕ ОСТАНА ВО СЕМЕЈСТВОТО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Орка Холдинг нов сопственик на Дневник, Утрински и Вест

Медиумската групација ВАЦ и ги продаде на Орка Холдинг своите удели во трите дневни весници Дневник, Утрински весник и Вест, соопшти денеска Медиа Принт Македонија.

[Image: orka-holding500.jpg]

Двете страни го задржуваат правото на дискреција околу купопродажната цена. Продажбата е дел од стратегијата на ВАЦ најавена во август 2010 година за оттуѓување на уделите на фирмите во Југоисточна Европа.

Од Медиа Принт Македонија информираат дека во текот на процесот групацијата ВАЦ разгледувала и неколку други понуди.

Медиумската групација ВАЦ влезе на македонскиот медиумски пазар во 2003 година и имаше преземено мнозински удели во дневните весници Дневник, Утрински весник и Вест.
(This post was last modified: 09-01-2012, 04:31 PM by ЈорданПетровски.)
09-01-2012, 04:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:„Орка холдинг“ ја купи „Медиа принт Македонија“ од ВАЦ

[Image: C0DB2389DD816142B1AA025D858F0C3C.JPG]

Медиумската групација ВАЦ ги продаде своите друштва во Македонија на компанијата „Орка холдинг“ од Скопје, а купопродажната цена останува право на дискреција на обете страни.

Продажбата на „Медиа принт Македонија“, како што е соопштено од компанијата, е дел од стратегијата на ВАЦ најавена во 2010 година за отуѓување на уделите во фирмите во Југоисточна Европа. Групацијата ВАЦ, чие седиште е во Есен во Германија, пред една година ангажира банка за купопродажниот процес на МПМ, по што се преговарало и е потпишан договорот со „Орка холдинг“. Соопштено е дека во текот на преговорите компанијата разгледувала и неколку други понуди.

ВАЦ влезе во македонскиот медиумски пазар во 2003 година и имаше преземено мнозински удели во трите дневни весници: „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“.
09-01-2012, 07:59 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#3

Ај, да видиме какви промени ќе се случат.

Јордан, дај нешто од твоите прогнози! Icon_razz Ќе затвараат некој весник, ќе мењаат уредници?

10-01-2012, 02:40 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Внукот на Ѕинго нов извршен директор на МПМ

Виктор Доневски, досегашен директор за корпоративни и внатрешни комуникации во ОНЕ - Телеком Словенија Групацијата ќе биде именуван за нов извршен директор на Медија Принт Македонија, компанија која управува со трите дневни весници, Дневник, Утрински Весник и Вест. Од 2001 до 2009 година Доневски беше новинар, водител на вести и уредник во Сител и Канал 5 Телевизија. Васил Партинов ќе продолжи да ја извршува функцијата финансиски директор на МПМ. Тој исто така е внук и на Љубисав Иванов-Ѕинго. Оттаму се поставува прашањето дали постои судир на интереси бидејќи Ѕинго е сосопственик на електронски медиум, Сител Телевизија.

Досегашниот управител Срѓан Керим ќе биде претседател на новоформираниот борд на директори на МПМ, која минатата недела германскиот медиумски концерн ВАЦ и ја продаде на Орка холдинг.

Главните уредници на Вест, Утрински весник, Дневник и Теа модерна ќе продолжат да ја извршуваат истата функција. На своите досегашни позиции останува и менаџерскиот тим на печатницата "Графички центар".
13-01-2012, 02:09 AM
Reply
ogan Offline
Junior Member
**

Posts: 20
Joined: Jan 2012
Reputation: 0
#5

(13-01-2012, 02:09 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Внукот на Ѕинго нов извршен директор на МПМ

Виктор Доневски, досегашен директор за корпоративни и внатрешни комуникации во ОНЕ - Телеком Словенија Групацијата ќе биде именуван за нов извршен директор на Медија Принт Македонија, компанија која управува со трите дневни весници, Дневник, Утрински Весник и Вест. Од 2001 до 2009 година Доневски беше новинар, водител на вести и уредник во Сител и Канал 5 Телевизија. Васил Партинов ќе продолжи да ја извршува функцијата финансиски директор на МПМ. Тој исто така е внук и на Љубисав Иванов-Ѕинго. Оттаму се поставува прашањето дали постои судир на интереси бидејќи Ѕинго е сосопственик на електронски медиум, Сител Телевизија.

Досегашниот управител Срѓан Керим ќе биде претседател на новоформираниот борд на директори на МПМ, која минатата недела германскиот медиумски концерн ВАЦ и ја продаде на Орка холдинг.

Главните уредници на Вест, Утрински весник, Дневник и Теа модерна ќе продолжат да ја извршуваат истата функција. На своите досегашни позиции останува и менаџерскиот тим на печатницата "Графички центар".

Ova so holdingot e seriozno, sega vo panika se site partii na albancite, orka resil ke gi kupel site semkarnici , demek investira, i toa vo poseben vid sitni semki-ke razvival sitnosemkarski biznis! Icon_exclaim
17-01-2012, 10:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Македонски медиуми

ЗОШТО ЗДРУЖЕНАТА БАНДА ПЛАЌА 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МПМ?

[Image: OrkaHoldingMPM-1.jpg]

Со последната промена во сопственичката структура на Медиа принт Македонија(МПМ), во која германски ВАЦ се отараси од некогашната успешна приказна за нив, во полза на македонскиот номинален купувач Орка Холдинг, кругот на контрола на медиумите се затвора. Тие, како и во најдобрите времиња од комунизмот и натаму се контролирани од една здружена банда со две различни поддружници, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Оперативно со медиумите, исто како и во комунизmот, работите во име на бандата ќе ги водат моќни поединци од УБК(СДБ, УДБ, ОЗНА...), со крајна цел граѓаните да се лишат од „непотребни“ информации за работењето на власта, а со тоа да продолжат да живеат во фејк демократија во која божем имаат политичка понуда и право на избор

пишува Владимир Костовски

Неодамна јавноста беше известена дека германски ВАЦ ја продал својата фирма во Македонија, МПМ, на Орка Холдинг предводена од Орце Камчев. Притоа, во кратката информација беше додадено дека тоа било во согласност со политиката на ВАЦ која уште во 2010 г. решила да се повлече од своите инвестиции во Југоисточна Европа и оти пред продажбата на Орка Холдинг се преговарало и со други купувачи. Со оваа купопродажба и менување на сопственичката структура во македонските медиуми, всушност, повторно се затвора кругот на трансформација на медиумите во Македонија, во кој, божем, тие нешто се трансформираат, а на крај се останува исто како во „среќните времиња“ од комунизмот, кога медиумите беа под контрола на единствената политичка сила - комунистите и нивниот камшик, тајната полиција.

Да потсетиме накратко - како што во Македонија (и во повеќето други бивши социјалистички општества) се изведе лажна трансформација на едноумие во плурализам, така се изведе и трансформацијата на сопственоста на медиумите, односно нивна плурализација. И разбирливо, наместо мноштво од интереси во политиката и во јавноста, на крај резултатот е сосема очекуван. Едноумие во политиката, едноумие во медиумската свера. Тоа што граѓаните на прв поглед имаат мноштво партии и мноштво медиуми на избор, тоа е само привид кој беше и ќе остане планирана цел на некогашните комунисти, денес трансформирани во една здружена бандитска групација со два главни подружници ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Таа состојба се потврдува и ако се погледнат македонските медиуми. Божем едните се за СДСМ, а другите за ВМРО ДПМНЕ, некои нескромно претендираат дека се и независни, а всушност, сите се исти. Во зависност од индивидуалните квалитети на уредничкиот и новинарскиот кадар, можеби некои подобро глумат професионализам и новинарски стандарди, но факт е, дека генерално, ги нема ни едното ни другото, исто како што е факт, дека во ниту еден македонски медиум во моментов не можете да прочитате салам истражувачка сторија или нешто што наликува и доликува на вистинскиот четврт столб на секое демократско општество. Македонските медиуми ниту се сила ниту се власт, туку генерално се перачи на мозок на осиромашените граѓани и една силна и важна полуга на здружената банда во спроведување на нивната цел- вечна власт.

Медиумски мрак како константа!

Ако ја изналазираме само последната година во медиумскиот простор во Македонија, ќе се соочиме со следнива факти. Згаснување на А1 телевизија, долгогодишниот важен играч во медиумската сфера на здружената власт, се должи на суета и кавга меѓу лидерите на двете поддружници, меѓу Н. Груевски и Б. Црвенковски. Велија Рамковски, човекот кој деценија и половина успешно го ползуваа двете поддружници, човекот кој бесрамно својата империја ја изгради врз криминално работење аминувано и од двете подружници, сега чмае во притвор и со уништена бизнис империја, само затоа што беше глупав и не ја согледа големината на суетата на едниот лидер, исто како што глупаво и наивно поверува во моќта и враќањето на власт на другиот лидер.

По згаснувањето на А1, кое во македонската јавност лажно се протолкува како медиумски мрак - пред се затоа што медиумска светлина и никогаш немало - на телевизискиот пазар настана општа радост од зголемените профити од тв рекламите, пред се од газдите на Канал 5 и на Сител, стариот Стојменов и Ѕинго. Но, за да не пораснат амбициите на слугите премногу, лидерот на едната подружница пред крајот на минатата и од почетокот на оваа година ги потсети каде им е местото, на тој начин што и дозволи на државната телевизија реклами во прајм тајм и истовремено отвори процес на божемна проверка на кршењето на член 11 од Законот за радиодифузија, со кој се забранува носител на јавна функција или негов близок роднина да поседува медиум.

Оваа лажна проверка, инаку едно од основните барања на ЕУ во претпристапните процеси во врска со медиумите, е наменета за заплашување на децата во сопствените редови и на градење нивна натамошна лојалност. Инаку, се разбира дека ниту актуелниот лидер на власт Н.Г., ниту оној од божемната опозиција, немаат искрена, ниту каква било друга намера да се ослободат од услугите на Канла 5 или на Сител, ниту пак од услугите на која било друга малку погледана телевизија, како што е Алфа на пример.

Кога со згаснувањето на А1 беше прогласен лажниот медиумски мрак во Македонија и кога преку 150 новинари остана без работа, зашто делумни отпуштања имаше и во други медиуми, здружената банда почувствува дека нешто мора да стори во тој поглед, (оти таквата приказна се прошири и низ светот не само поради крокодилските солзи на дел од платениците во А1, туки и благодарение и на разни миленковци, јанковци, нонковиќи, жоровци и редица други), па решија да ја компензираат состојбата преку печатените медиуми и интернетот.

„Средувањето“ во МПМ

[Image: Kerim.jpg]

За да стане појасно треба да се знае дека уште пред пропаста на А1, на удар дојдоа весниците од МПМ, кои дотогаш не покажуваа баш стопостотна лојалност кон подружницата која моментално е на власт. Но, како да се спроведе тоа во услови кога капиталот е германски, а таа фирма и декларативно и правно се обврзала дека не се меша во уредувачката политика? Тука доаѓа умешноста на белосветски битанги од типот на Срѓан Керим, како и полугите што со децении во медиумите ги градеше тајната полиција. Па под превезот на трансформација, реструктурализација, штедење и нови успеси, во некогашниот најтиражен весник Дневник, го носат за главен уреднички тандем З. Димитровски-Жоро и дотогаш анонимусот Б. Нонковиќ. Во Утрински весник за уредник ја носат госпожата што наводно му била десно маде на Црвенковски, С. Крамарска, а во Вест останува до пензија, веројатно и потоа, секогаш сигурниот Г.Михајловски - Пиже, кој нели, секогаш нешто „сака да каже“...

Сето тоа фино, „демократски“, беше спакувано под будното око на Керим и неговите нови другарчиња од УБК, зашто старите му се во пензија, при што планот беше, ем да глумиме демократија, ем да контролираме се. Сепак, соочени со цврстата намера на сопствениците на ВАЦ да продадат се што им мирисаше на криминал во нивните инвестиции во ЈиЕ, а за што најзаслужни се Керим и неговото другарче од управата, некогашниот тв сервисер Бодо Хомбах, македонската здружена банда прави обид купопродажбата да оди преку фирма спотер, за да се затскријат вистинските намери и да се направи лажна фасада. Затоа, првиот најсериозен преговарач им беше газдата на една фирма чија основна дејност е компјутерски софтвер и мрежни системи - Сивус.

Фирмава беше дотолку попогодна зашто газдата, ем тесно си соработува со подружницата на власт, ем главниот бизнис му е во странство, ем веќе беше направил излет во медиумската сфера, купувајќи ги пред три години Макфакс и Форум, за на крај да ги уништи, односно да ги затвори. Арно ама, зделката не се оствари според наши извори, од две причини. Сумата што ја нудел била премала (околу 5 милиони евра) и второ, поважно, несериозноста на сопственикот на Сивус. Уште тогаш, во втората половина на минататa година се зборуваше дека тој не е сам, туку дека финансиски ќе биде помогнат од еден од покрупните капиталци на здружената банда, кој во моментов е на работа кај подружницата на власт, Орце Камчев.

Откако приказната со Сивус пропадна, здружената банда, пред се подружницата што е моментално на власт, реши да оди директно и без маски, имајќи предвид дека во печатеното новинарство веќе повторно е воспоставен лажен плурализам со појавата на уште еден медиум, дневниот Фокус, за кого нешто подоле. Па така, во номеври и во декември лани, успешно е затворен преговарачкиот круг меѓу ВАЦ и Орка Холдинг, при што за сума, според наши извори од околу 6 милиони евра, Германците конечно се отарасија од МПМ. Веднаш се наметнува прашањето, зошто Орка Холдинг, која се занимава со најразлични бизниси, би вложила толку пари во бизнис кој оддамна не носи привлечни профити, напротив, се соочува да потоне заедно со кризата на целата светска весникарска индустрија? Одговорот е прост. За да функционираат другите бизниси на холдингот непречено, на тој начин што под целосна контрола и услуга на власта ќе се стават три, а наскоро можеби само два дневни весника од групацијата МПМ, како и една од поглавните печатници во Македонија, која исто така беше во сопственост на МПМ.

[Image: Kamcev.jpg]

Сега практично под контрола на власта и на фамилијата Камчеви се наоѓаат две третини од тиражите на дневните весници во Македонија, иако ако се погледнат вкупните тиражи на МПМ тоа изгледа бедно, зашто тие едвај достигнуваат 40-тина илјади примероци. Контролата на печатените медиуми на власта и воопшто на здружената банда им е важна, зашто под контрола им се сите телевизии кои зрачат и политичка програма, а полека, доминацијата ја остваруваат и во се уште неразвиениот кревок интернет сектор. Само на овој начин може да се протолкува интересот на некој си Камчев да вложи толку пари во медиумска свера во која рекламниот колач, да повториме не носи ни оддалеку интересни профити како кај телевизиите.

Пиже со договор од 100 евра, Жоро и компанија на „јаженце“

Запрашан за плановите што ќе прави со медиумите, Камчев, т.е. тие што зборуваат преку него, рече дека се уште било рано, се додека новиот сопственик не биде запишан во Централниот регистер. Но, плановите веќе се исцртуваат и наѕираат уште при првото соопштение. А тоа гласеше отприлика вaкa: за нов извршен директор се назначува Виктор Доневски, досегашен директор за интерни комуникации во телекомуникацискиот повајдер One, Срѓан Керим е назначен за претседател на бордот на директори, Горан Михајловски останува главен уредник на Вест и во наредни четири години, а другите главни уредници, Жоро, Крамарска и девојчето од Теа Модерна остануваат да ја извршуваат функцијата. Што значи ова?

Тоа значи дека Камчев и Керим, т.е. тие што зборуваат преку нив, си нашле ново дете за да потпишува се што сакаат, се мисли на финансии, дека Михајловски, кој нели секогаш има нешто да каже „против“ власта, си се испазари за нов четиригодишен договор од преку 100 илјади евра, плус други бенефиции (за кои на времето зборуваше краткотрајниот директор на МПМ Горан Гаврилов во неговото интервју за Фокус) и дека Жоро и уредничката на Утрински се оставени на кусо јаженце, како опомена да извршуваат се што ќе им се нареди, оти во секој момент може да бидат сменети. Покрај тоа, се уште е актуелно затворањето на печатеното издание на Утрински весник и негово сведување само на интернет издание(иако тиражот, фрапантно, но почна да му расте), по што новиот инвеститор ќе заштеди на околу 40-тина плати за вработените, како и нови протерувања или самоотпуштања од весниците на сите оние кои не можат да се согласат да мислат со туѓа глава. Од Дневник веќе се отпуштени десетина новинари и уредници, а се најавува сличен процес и во печатницата и во администрацијата.

ТВ - мрак, весници - как, интернет - бљак

Ако сега, со новата трансформација ја погледнеме вкупната слика во медиумскиот простор во Македонија ќе ја видиме следнава глобална слика. Во печатениот дел, кај дневните весници и неделниците, здружената банда и нејзината моментална подружница на власт имаат целосна или речиси целосна контрола. Преку Камчев, кому црвената лента на „Систина“ му ја сечеше Керим, а тука во близина беше и и С. Мијалков, ги контролираат Дневник, Утрински и Вест, преку Латас, Вечер, преку Минчо Ј., Нова Македонија, а преку Никола Младенов, секогаш божем опозиционер на секоја власт, а всушност секогаш подготвен да соработува со истата власт само ако му ја погодат цената и ако не му го чепнат минатото, го контролираат и новиот божем опозициски весник, дневниот Фокус.

Патем, колку е опозициски се виде и преку единствената, нешто налик истражувачка сторија со плагијатот на докторатот на Керим, кога после четири продолженија всушност се покажа дека текстот е со цел да го испере Керима! Оти, на крај весникот де факто заклучи дека неговиот докторат, иако е делумен плагијат, сепак е легален и признат! Впрочем, што може и друго да се очекува од Никола, другарче на Керим, а преку него и на сите оние кои стојат зад Керима, како Камчевци на пример и нивната семејна пријателка Ј. Костова?

Кај телевизискиот медиумски пазар, исто така, се гледа целосна или речиси целосна контрола од страна на здружената банда на власт, т.е нејзината актуелна подружница ВМРО ДПМНЕ. МРТВ, Канал 5, Сител се целосно контролирани, речиси целосно е и Алфа и делумно Телма. Останува за уметнички дојам продорот што го направи другата подружница СДСМ во новата телевизија 24 Вести и толку. Сите овие се контролирани од здружената банда поодамна и преку перењето пари и преку владините реклами и преку црните петна што ги имаат нивните сопственици и како кодоши во некој случај, а најмногу преку петната во бизнис сферата.

Останува интернетот, т.е. новите медиуми како популарно се нарекуваат. Но и тука работите не се ништо подобри. Освен интернет сајтовите на дневните весници, кои се копија на уредувачката политика во печатените изданија, тука од информативните сајтови остануваат уште новиот портал на Бранко Геровски, Плус Инфо и најновиот, појавен неодамна, МКД.Мк на некогаш надежниот новинар Александар Дамовски, познат од лани, полани и како САДАМ.

И двајцата се некогашни другари и основачи на Дневник. Првиот, иако тоа не го признава, е искрен поддржувач на левата подружница на здружената банда - СДСМ, вториов е до коска поддржувач на десната подружница, на ВМРО ДПМНЕ. Некогаш сакал, сега мора! Впрочем, за тоа зборува и финансиската поддршка на нивните проекти. Зад првиот стои Милчин, зад вториов подружницата на власт, што се виде и по првата голема реклама што им дојде на сајтот само два -три дена откако почна да работи - ЕЛЕМ. Но,всушност и двајцата се поддржувачи на здружената банда и нејзиниот камшик, тајната полиција, секој од свои сопствени причини, а конечно и двајцата се такви опортунисти, прагматичари и превртливци - станале со годините, така што од нив ништо значајно и револуционерно во информативната сфера не може да се очекува.

Ако после се ја погледнеме и интернет сферата, како „сајт“ со најголема доверба во информативниот дел можеме да ја сметаме мрежата Фејсбук со своите околу 900 илјади корисници во Македонија, оти таму дефеинитивно ќе најдете и покорисни информации и подобри фотографии за се и сешто и секого, отколку на кој било друг интернет медиум.

Лаги, лицемерие, слугување и незнаење

После се, не е за чудење зошто македонските граѓани повеќе се занимаваат со прашањето за тв понудата за брак на Александар и на Цаци од Сител, отколку со прашањето каква е спрегата на сите досегашни власти со профитот од енергијата, со увозот на струја, нафта и гас од пола милијарди евра за во 2012, како што најави Владата. Па граѓаните кутри, всушност на тоа се принудени, зашто ем немаат што да прочитаат, ем не се до толку глупави да си дозволат медиумите да ги прават такви со нивните бљувотини од новинарски производи.

Се на се, за добар и квалитетен медиум во Македонија, кој ќе биде репер од стандарди и професионализам за другите медиуми и кој ќе биде вистински контролор на власта, се уште треба да се почека. Во меѓувреме, единствен излез за оние кои сакаат да прочитаат нешто поквалитетно е сами да си истражуваат по интернет, во книжарници или читајќи строго одбрани странски медиуми.

Во моментите кога ќе се заморат од истражување нека ѕирнат некој домашен медиум, онака за забава или да се изнасмеат на огромното количество лаги, лицемерие, берзрбетништво, подопашништво и огромно незнаење!
18-01-2012, 02:37 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#7

(10-01-2012, 02:40 AM)acko Wrote: Ај, да видиме какви промени ќе се случат.

Јордан, дај нешто од твоите прогнози! Icon_razz Ќе затвараат некој весник, ќе мењаат уредници?

Ацко, што го прашуваш само Јордан! Ние другите, да не сме шугави или не разбирамеPishtoldzija Нејсе, чекај го одговотро од Јордан, ако ти треба да го дооформиш своетп мислење за таа тема. Iconwaveea9. Еве ти ја мојата прогноза, иаку не си ме прашал-ке се зголеми продажбата и рејтингот на дневниот ФОКУС, како единствен дневен весник кој не е под контрола на владата. Тоа, ако не си љубител на теориите на заговор.23
19-01-2012, 10:09 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#8

(19-01-2012, 10:09 AM)hristo Wrote: Ацко, што го прашуваш само Јордан! Ние другите, да не сме шугави или не разбирамеPishtoldzija Нејсе, чекај го одговотро од Јордан, ако ти треба да го дооформиш своетп мислење за таа тема. Iconwaveea9. Еве ти ја мојата прогноза, иаку не си ме прашал-ке се зголеми продажбата и рејтингот на дневниот ФОКУС, како единствен дневен весник кој не е под контрола на владата. Тоа, ако не си љубител на теориите на заговор.23

хаха

Добро, објавија текст на Котле од Владимир.

А Јордан е по прогнозите, па затоа го прашав, ако се гладам со некој да идам на сигурно... Icon_razz

А заговори постојат, од куќните совети, па до најголемите организации. Јас само не верувам дека се што ни се случува, во цел свет, се слечува по диктат од еден центар (најзастапената опција во теориите на заговор). Icon_razz

19-01-2012, 03:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

(19-01-2012, 10:09 AM)hristo Wrote:
(10-01-2012, 02:40 AM)acko Wrote: Ај, да видиме какви промени ќе се случат.

Јордан, дај нешто од твоите прогнози! Icon_razz Ќе затвараат некој весник, ќе мењаат уредници?

Ацко, што го прашуваш само Јордан! Ние другите, да не сме шугави или не разбирамеPishtoldzija Нејсе, чекај го одговотро од Јордан, ако ти треба да го дооформиш своетп мислење за таа тема. Iconwaveea9. Еве ти ја мојата прогноза, иаку не си ме прашал-ке се зголеми продажбата и рејтингот на дневниот ФОКУС, како единствен дневен весник кој не е под контрола на владата. Тоа, ако не си љубител на теориите на заговор.23

Христо, придобивка не е што ФОКУС не е под контрола на Владата. Проблемот е што и ФОКУС е под контрола на службата.
19-01-2012, 09:39 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#10

(19-01-2012, 09:39 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Еве како удбашот Никола Младенов ( по критериумите на Јордан и Комететот!) ја разбрал пораката од Хилари Клинтон до македонската јавност:

Quote:Власта има проблеми и со покојниот Глигоров. Не толку поради неговата последна желба , ниту мртов да не го види и нивниот сурат . Не, тие гарант не се вознемирени поради тоа. Они се , брате, легалисти. За нив се ќе беше во ред , доколку свирнеше малку музика, па се одржеше некое лицемерно говорче, ке паднеа грст исто такви солзички...како што, нели, налага процедурата, за се да биде согласно уставот и законите на Горданче. Проблемот на преродбениците со Глигоров го донесоа сочувствата на него од најважното место. Хилари е изворот на нивната мака. Таа го исфали “ стариот лисец“ до неподносливост на вмровците. Мудар, решителен, арен за земјата , полезен за регионот...Но, малку беше сето тоа , туку Клинтонката мораше и апла да го нарече-пријател на Америка!
...

Од кога тоа Јордане, и Хилари Клинтон почна да работи за службите!??
21-01-2012, 10:51 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#11

Христо, а Јадранка која беше меѓу најголемите поборници за лустрација сега прави интервју со Пивоваров за штетноста на лустрација на неколку страни?! И тоа со подметнување на најгнасните тези против лустрација (заштита на безбедносен систем и сл.)!!!

21-01-2012, 02:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

(21-01-2012, 10:51 AM)hristo Wrote:
Quote:Мудар, решителен, арен за земјата , полезен за регионот...Но, малку беше сето тоа , туку Клинтонката мораше и апла да го нарече-пријател на Америка!
...

Од кога тоа Јордане, и Хилари Клинтон почна да работи за службите!??

Две прашања Христо:

1.Дали се слагаш со болдираните оценки изречени од Клинтоница за Глигоров.
2. На која Америка и беше пријател Глигоров, на онаа Америка што ни понуди признавње под име Р. Македонија уште 1992 година, кое Глигоров го отфрли, на онаа Америка што не призна под име Р. Македонија 2003 или е пријател на онаа Америка, Америка на Демократите која денеска се повеке застанува на страната на Грција а чиј представник е Клинтоница.
21-01-2012, 03:06 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#13

(21-01-2012, 03:06 PM)ЈорданПетровски Wrote:

1. Ке ти одговорам со делот на истата колумна на Никола Младенов:

Quote: ... Затоа Америка очекува нашето раководство да биде на нивото на храброста на Глигоров. Оти,очигледно, не ја разбрале Хилари, нејзиниот човек за Грујостан дојде тоа лично да ни го соопшти. Рака на срце ,првиот претседател не беше кој-зна-колку храбар човек.Може да се каже дека беше дури и неодлучен за решавање ,могу помалку важни прашања од националните. Меѓутоа, тој несомнено знаел , кога возот се наоѓа пред жестока кривина , за благовремено да ја намали брзината и композицијата да не заврши во амбисот. Глигоров мошне добро гледал , кога пред себе имал несовладлив зид, без оглед на сета желба и силни тренинзи, сепак некако да ги совлада. Очигледно, неговата храброст извирала од умот и разумот, единствените полезни помошнички при изборот помеѓо можното и невозможното. Затоа, впрочем, се обидоа и да го убијат.Оти одабра да не загинеме , туку да живееме за Македонија. Атентатот не беше извршен од патриотски причини.Тоа е ,конечно, единственото нешто за кое нема разногласие меѓу оние што се обидуваат да му ја разгатнат позадината.
На умните веќе не треба да им се објаснува зашто и Вашингтон го смета Глигоров за храбар човек...

2. Мислам дека САД е голема велесила која не ги менува своите стратешки интереси со смена на тимот кој ја води.
21-01-2012, 04:17 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#14

(21-01-2012, 02:37 PM)acko Wrote: Христо, а Јадранка која беше меѓу најголемите поборници за лустрација сега прави интервју со Пивоваров за штетноста на лустрација на неколку страни?! И тоа со подметнување на најгнасните тези против лустрација (заштита на безбедносен систем и сл.)!!!

Аман бе Ацко, зар го прочита интервјуто со Пивоваров? Јас го прескокнав, зошто му ги чув ставовите за лустрациј во емисијата на Оливера Трајковска каде гостуваше заедно со Томе Аџиев. Да, Јадранка беше поборник за лустрацијата. Е, сега, зошто Пивоваров. Можеш работата да ја свртиш за 180 степена. Преку него се оголи таа структура која е против лустрацијата, зошто аргументит и се тенки и неуверливи.А и кого да вика во Македонија? Луѓе од власта? Па, тие со начинот на спроведување на лустрација покажуваат како ја замислуват. Од опозиција? Па, еве, Пивоваров настапи место нив. Од ГЕМ? Би било нешто слично. А, Јордан е далеку од Македонија. Јас и ти сме непознати и неинтересни за јавноста. Затоа ти велам, Ацко да правиме партијата , па и нешто повтемелено да лафнеме.Iconwaveea9

21-01-2012, 04:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

(21-01-2012, 04:17 PM)hristo Wrote:
(21-01-2012, 03:06 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(21-01-2012, 10:51 AM)hristo Wrote:
Quote:Мудар, решителен, арен за земјата , полезен за регионот...Но, малку беше сето тоа , туку Клинтонката мораше и апла да го нарече-пријател на Америка!
...

Од кога тоа Јордане, и Хилари Клинтон почна да работи за службите!??

Две прашања Христо:

1.Дали се слагаш со болдираните оценки изречени од Клинтоница за Глигоров.
2. На која Америка и беше пријател Глигоров, на онаа Америка што ни понуди признавње под име Р. Македонија уште 1992 година, кое Глигоров го отфрли, на онаа Америка што не призна под име Р. Македонија 2003 или е пријател на онаа Америка, Америка на Демократите која денеска се повеке застанува на страната на Грција а чиј представник е Клинтоница.

1. Ке ти одговорам со делот на истата колумна на Никола Младенов:

Quote: ... Затоа Америка очекува нашето раководство да биде на нивото на храброста на Глигоров. Оти,очигледно, не ја разбрале Хилари, нејзиниот човек за Грујостан дојде тоа лично да ни го соопшти. Рака на срце ,првиот претседател не беше кој-зна-колку храбар човек.Може да се каже дека беше дури и неодлучен за решавање ,могу помалку важни прашања од националните. Меѓутоа, тој несомнено знаел , кога возот се наоѓа пред жестока кривина , за благовремено да ја намали брзината и композицијата да не заврши во амбисот. Глигоров мошне добро гледал , кога пред себе имал несовладлив зид, без оглед на сета желба и силни тренинзи, сепак некако да ги совлада. Очигледно, неговата храброст извирала од умот и разумот, единствените полезни помошнички при изборот помеѓо можното и невозможното. Затоа, впрочем, се обидоа и да го убијат.Оти одабра да не загинеме , туку да живееме за Македонија. Атентатот не беше извршен од патриотски причини.Тоа е ,конечно, единственото нешто за кое нема разногласие меѓу оние што се обидуваат да му ја разгатнат позадината.
На умните веќе не треба да им се објаснува зашто и Вашингтон го смета Глигоров за храбар човек...

Христо, дека Никола Младенов и ФОКУС забегаа дебело односно го покажаа вистинското лице, па со едно писмо за умрен човек, кое го упатила Клинтоница се обидуваат да му ги избришат сите гревови сторени за Македонија и Македонците на Глигоров е премногу аматерска и наивна лага или пак убеденост дека во Македонија владе потполн информативен мрак па секој може да лаже колку сака.
Да те потсетам на тоа како администрацијата на Бил Клинтон гледала на Глигоров:

ЗОШТО МАКЕДОНИЈА НЕ СТАНА ЧЛЕНКА НА НАТО СО БУГАРИЈА И РОМАНИЈА

(21-01-2012, 04:17 PM)hristo Wrote: 2. Мислам дека САД е голема велесила која не ги менува своите стратешки интереси со смена на тимот кој ја води.

Во голема грешка си Христо.

1. Македонија не е од стратешки интерес на САД.
2. Републиканците секогаш биле благонаклони а со тоа и потрпеливи кон Македонија. Тие очекувале и очекуваат дека ке дојде вистински Македонец на власт во Македонија, кој на спорот околу името ке пристапи од позиција на МАКЕДОНЕЦ. Администрацијата на Обама сака да го затвори прашањето и да си запише еден плус. Решиле долгогодишен спор ....
21-01-2012, 09:06 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#16

1. Јордане, ФОКУС не забегал. Го прави она што го прави 20-ина години наназад. Има критички однос кон власта. И толку. Никаде ФОКУС не застана позади Бранко Црвенковски да каже дека тоа е алтернатива на Груевски.Едноставно пишува критички за пропустите на тековната власт.Така правеше и за време на владеењето на СДСМ. Некои мислат дека тоа е фингирано, јас мислам дека не е.
Да сенарече државниот секретар на САД “ Клинтоница“ не е фер.САД останува силен подржувател на нашето опстојување. Па, довчера, и ти се колнеше во САД!? Каде е проблемот. Тие ( САД) не сакаат да ги следат , анализираат сите грешки на луѓе или партии кои решаваат како ке функционира МК ( кога се на власт). САД сака и бара да МК правилно постапува во главниот ( меинстрит) пат на државниот пат на МК. Тие ценат дека МК треба да направи решение со Грција за да што побргу влезе во НАТО и ЕУ. Таа ( САД) можеби има информација за промена на соодносот н силите во МК за нејзиниот стратешки интерес. Затоа и инсистира на побрза одлука. Тука го зема Киро Глигоров како пример како во тешки времиња може да се донесат тешки одлуки ( влез во ОН) со што ке се гарантира опстојување на земјата. Јас така го разбрав искажувањето на Хилари Клинтон и нејзиниот помшник Филип Рикер. И мислам дека е паметно.
А, тебе, ако се тоа не ти е јасно гледај ја идната емисија на Миленко Неделковски каде тој најави неколку гости на тема-Зошто Македонија не треба да влезе во НАТО! Па, сам пишуваш дека на МК и прети Западен Балкан! Не може бе Јордане се да се истера како што треба. Нема никаде апсолутна правда. Таков е животот а посебно таква е политиката.

2.Па нели Бил Клинтон е демократ? Што барат информации за МК, ако на демократите им е битно само “ Администрацијата на Обама сака да го затвори прашањето и да си запише еден плус. Решиле долгогодишен спор “ И тогаш и сега САД си го брани својот стратешки интерес. Како тоа Косово и Србија им биле стратешки интерес ( инаку не би била воената кампања 1999) а сега соседната Македонија не им е стратешки интерес!

22-01-2012, 08:31 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

(22-01-2012, 08:31 AM)hristo Wrote: 1. Јордане, ФОКУС не забегал. Го прави она што го прави 20-ина години наназад. Има критички однос кон власта. И толку. Никаде ФОКУС не застана позади Бранко Црвенковски да каже дека тоа е алтернатива на Груевски.Едноставно пишува критички за пропустите на тековната власт.Така правеше и за време на владеењето на СДСМ. Некои мислат дека тоа е фингирано, јас мислам дека не е.

Христо, ФОКУС не напишал досега ни збор за суштината на проблемот, за СИСТЕМОТ.
Дали веруваш дека "старата гарда" на новинари, уредници не биле и се соработници на службата-полициско политичкото подземје или попластично соработници на УДБа!!
кога зборуваш за САД мора да направиш двојба помеѓу САД со Републиканци и САД со Демократи. Вистинските врски на Македонците се со Републиканците и тие врски не се од вчера.
Во овие дваесет години на "самостојност", власта од Македонија не се ни обиде да ги искористи вистинските врски а тоа беше и е јасен показател дека политичките елити во Македонија не сакаат подршка од САД.

Македонците Христо губат и ако направат "разумен компромис" односно да го сменат името и ако не го решат спорот со Грција. Тоа мора да ни е јасно на сите.
Оваа сум го напишал поодамна:

(07-06-2010, 01:18 AM)ЈорданПетровски Wrote: Произлегува дека на вас целта вие да нема решение. Затоа трубите преку вашите "ОПЕРСКИ" мегафони: дека виновни се "клетите" Европјани, дека тие не мразат, Фуере е виновен, па, виновен е Шацимаркакис... Не господине Груевски, тие не се виновни, тие сакаат да си ја завршат работата, а на чија штета тоа ќе биде, нив воопшто не ги интересира. Тие само се борат во нивната биографија да стои дека успеале го решат долгогодишниот спор со името кој го наметна Грција. Тоa за сите, освен за Македонците или Грците ке значи дека биле успешни дипломати.

Пак да се вратам на Глигоров и на битното прашање : ДАЛИ ГЛИГОРОВ НАВИСТИНА САКАШЕ САМОСТОЈНА И ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА.
Кога ке си дадеш вистински одговор на оваа прашање, ке можеш да судиш, дали потегот на Глигоров бил вистински и и гарантирал опстојување на Македонија.
22-01-2012, 05:23 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#18

(22-01-2012, 05:23 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Тоа сега, барем за мене, не е битно. Човекот умре. За него ке судат аналитичарите, политичарите...Сега е битно по кој пат ке појде Македонија. Главните стратешки партнери на Македонија ( САД и ЕУ) бараат да се изнајде решение и МК да влезе во НАТо и започне процесот на интеграција во ЕУ. Тоа го кажа и нагласи и Хилари Клинтон и Филип Рикер. Тоа е реалноста. Македониа треба да бира помеѓу тоа решение или гниењето на општеството и фрлање во прегратка на други агенди. Се друго е лет во место.
А за ФОКУС? Секој со свое мислење. Но, забележувам дека скоро сите цитати ги црпеш од него. Да го немаше ФОКУС што ке постираше? А, можеби, толку е капацитето на новинарите таму!
22-01-2012, 09:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

(22-01-2012, 09:28 PM)hristo Wrote: Тоа сега, барем за мене, не е битно. Човекот умре. За него ке судат аналитичарите, политичарите...Сега е битно по кој пат ке појде Македонија. Главните стратешки партнери на Македонија ( САД и ЕУ) бараат да се изнајде решение и МК да влезе во НАТо и започне процесот на интеграција во ЕУ. Тоа го кажа и нагласи и Хилари Клинтон и Филип Рикер. Тоа е реалноста. Македониа треба да бира помеѓу тоа решение или гниењето на општеството и фрлање во прегратка на други агенди. Се друго е лет во место.
А за ФОКУС? Секој со свое мислење. Но, забележувам дека скоро сите цитати ги црпеш од него. Да го немаше ФОКУС што ке постираше? А, можеби, толку е капацитето на новинарите таму!

Христо оваа како да не си го прочитал:

(22-01-2012, 05:23 PM)ЈорданПетровски Wrote: Македонците Христо губат и ако направат "разумен компромис" односно да го сменат името и ако не го решат спорот со Грција. Тоа мора да ни е јасно на сите.

Решението мора да се бара во ПОНИШТУВАЊЕ на Времената Спогодба, во враќањето на состојбите од пред Кировото зачленувањето на FYROM во ОН.
22-01-2012, 10:55 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#20

(22-01-2012, 10:55 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(22-01-2012, 09:28 PM)hristo Wrote: Тоа сега, барем за мене, не е битно. Човекот умре. За него ке судат аналитичарите, политичарите...Сега е битно по кој пат ке појде Македонија. Главните стратешки партнери на Македонија ( САД и ЕУ) бараат да се изнајде решение и МК да влезе во НАТо и започне процесот на интеграција во ЕУ. Тоа го кажа и нагласи и Хилари Клинтон и Филип Рикер. Тоа е реалноста. Македониа треба да бира помеѓу тоа решение или гниењето на општеството и фрлање во прегратка на други агенди. Се друго е лет во место.
А за ФОКУС? Секој со свое мислење. Но, забележувам дека скоро сите цитати ги црпеш од него. Да го немаше ФОКУС што ке постираше? А, можеби, толку е капацитето на новинарите таму!

Христо оваа како да не си го прочитал:

(22-01-2012, 05:23 PM)ЈорданПетровски Wrote: Македонците Христо губат и ако направат "разумен компромис" односно да го сменат името и ако не го решат спорот со Грција. Тоа мора да ни е јасно на сите.

Решението мора да се бара во ПОНИШТУВАЊЕ на Времената Спогодба, во враќањето на состојбите од пред Кировото зачленувањето на FYROM во ОН.

Да, го знам овој твој став. Мислам, дека ке нема подршка од нашите пријатели ( ЕУ и САД). А без таа подршка, не правиме ништо. Дефиниција за политика Јордане е - вештина на можното. Се друго е илузија. Ја чувме Хилари Клинтон и Рикер-во НАТО се влегува со консензус на членките. Точка. Земи или остави. Јас сум за -земи.

22-01-2012, 11:21 PM
Reply