Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЦРКВАТА, ВЛАСТА, ДЕМОКРАТИЈАТА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Протестите 1994 година организирани од ВМРО ДПМНЕ и ДП за изборната кражба, предвидуваа по минтингот на плоштадот една група од стотина души да влезе во Соборниот Храм и тука да ги продолжи протестите. Таа група да стане јадро кое ке ги држи активни протестите се до поништување на изборите.
Но намерата беше осуетена. Внатре во Соборниот Храм имаше до заби вооружени специјалци кои беа подготвени со сила да го оневозможат влегувањето на протестантите во Храмот.
Црквониот врв тогаш ја избра страната на власта, беше подготвен да стане соучесник во злосторот врз сопствените верници.
Црквониот врв не застана на страната на народот и кога на легитимен начин беа собрани потписи за предвремени избори.
Денеска Црковниот врв е задолжителен декор при секое, фрлање на лопата, сечење на лента .....


[Image: 405157_3079296388553_1448079960_33267403...4172_n.jpg]

Незадоволството од владењето на Груевски е се повоочливо, за мерило на незадоволството не ги земам настапите на Црвенковски и неговата банда. Има се повеке предзнаци дека доаѓа времето на вистинска "Македонска пролет", но за да успее таа "Македонска пролет", Црковниот врв конечно ке мора да застане на страната на верниците.
Примеров на Рускиот партријарх Кирил, примерот на Војтила во Полска треба да бидат поука и обврска за Црковниот Врв како да се однесуваат во периодот што неминовно ке следи.








07-01-2012, 04:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2


Quote:Рускиот партријарх апелира Кремљ да направи промени во политиката

[Image: 0,,4862539_1,00.jpg]

Поглаварот на Руската православна црква, Кирил, ги повика руските власти да направат промени во политиката како одговор на масовните протести против резултатите од декемвриските парламентарни избори.


Патријархот мосовски и серуски Кирил, во интервју за државната делевизија по повод православниот празник Божик, изјави најважна работа е исправно изразениот протест да води кон адаптација на политичкиот курс во Кремљ.

„Ако властите останат нечувствителни за барањата од протестите, тоа е многу лош знак, сигнал дека властите не можат да се самоадаптираат“, изјави патријархот одговарајќи на конкретно прашање за тоа како Руската православна црква гледа на протестите за наводниот изборен фалсификат во полза на владејачката партија „Единствена Русија“, предводена од премиерот Владимир Путин. Од демонстрациите во МоскваОд демонстрациите во Москва

Потребен е дијалог

Неговите погледи и ставови имаат големо влијание во земјата каде околу 70 насто од граѓаните се православни верници.

[Image: 0,,15625305_1,00.jpg]

Поглаварот на Руската православна црква, покрај тоа ги повика руските власти да прифатат дијалог со опозицијата, како и барањата на демонстрантите за слободни избори.
„Русија не може да си дозволи уште една револуција. Властите треба преку дијалог и слушање на гласот на општетството да го корегираат својот политички курс и тогаш се ќе тргне напред, порача патријархот Кирил во интервју за телевизијата „Русија 1“.
07-01-2012, 04:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Дали ке можеме да очекуваме од Поглавар зад кого стојат вакви скандали а и Синод кој не превзема ништо да застанат на страната на демократијата, народот.



Quote:КОМУ МУ ПРИПАЃА МПЦ, СОСЕ ИМОТОТ? НА ВЕРНИЦИТЕ ИЛИ НА ПОГЛАВАРОТ?!



За Стефан новинарите се предавници!

[Image: AC5E86B6AE2BC74E8D442EB13022794E.jpg]

Повеќе медиуми објавуваат и документираат случаи ( Говрлево, Калиште, Козјак...) во кои г.г. Стефан продава црковни имоти за милиони евра, надвор од процедура, без согласност од Синодот! Наместо одговор г.г. Стефан се обидува да ги замени тезите - и да се скрие од одговорноста. Нападот врз мене е напад врз МПЦ, изјави тој.



Финасиски скандали и корупции имало, и ќе има во сите Цркви. Најорганизираната и најбогатата - Ватикан, ги имала најмногу. Новинарите во Италија, Шпанија... католички земји, не ги штеделе учесниците на тие финансиски скандали, уверени дека на тој начин и тие придонесуваат да се сочува имотот, редот и поредокот во Ватикан и Католичката црква. Никој од Ватикан, оние што ги објавиле финасиските афери, не ги изопштил или прозивал за предавство. Никогаш папата во Ватикан не изјавил: пишувањето на весниците за мене е напад врз Ватикан!
Но, тоа е Ватикан. Кај нас е, очебијно, малку поинаку.
И македонските медиуми откриваат финансиски скандали во МПЦ. И тие, исто така, убедени дека името, угледот, имотот на МПЦ им припаѓа на сите верници, а не лично на г.г. Стефан и неговата волја. По серијата пишувања за финансиски скандали зад кои, како по правило, стои името на само еден човек: г.г. Стефан, тој наместо пред Синодот, а потоа и пред верниците и јавноста, да даде известие за документите и податоците кои се објавуваат, се обидува за ги замени тезите и да ја одбегне обврската, па сите што покажувале кон него и барале одговор, ги прогласи за предавници кои, според него, сакале да ја уништат МПЦ, а тој ја бранел. Заклучок: г.г. Стефан ја брани МПЦ од верниците и јавноста!
Македонскиот архиепископ г.г. Стефан, во завчерашната беседа за празникот Св. Јован, новинарите ги прогласи за Ироди на Македонската православна црква и на македонскиот народ. Во црквата во Капиштец, г.г. Стефан директно ги нападна новинарите прогласувајќи ги за најголеми непријатели. Не свои. На целата Црква!
- Сведок е севкупната македонска јавност, сведоци сте и вие - речиси цела седмица се бара нечија глава. А во основа ја бараат главата на нашата црква! Сме се излажале ако мислиме дека завршија Иродите кон Македонската православна црква, кон македонскиот народ, и кон се што е македонско. Внатрешните и надворешните непријатели не мируваат! Тие не сакаат да одиме напред во која било област, па ни во црковна. Ќе наоѓаат Ироди, ќе прават сценарија за злоупотреби и криминал, ќе објавуваат само за нив видени скандали. Но, за среќа, ги знаеме и сценаристите и послушниците. Не им е прв пат да ги рушат столбовите на македонското опстојување. Но, наше е да продолжиме со борбата за нашата македонска правда. Трпението наше е над нивната злоба. Издржала МПЦ и поголеми искушенија и всушност, тие и помагаат со Божја помош да оди по вистинскиот пат, изјави во црквата св. Јован, поглаварот на МПЦ.
Во одделените текстови на оваа страна ќе се потсетиме на некои сканадали и кој пишувал за тоа. Речиси да нема релевантен медиум кој, според г.г. Стефан, не работел против Македонската црква и македонскиот народ! После се, остануваат прашањата: зошто се продавал наш, заеднички имот на МПЦ надвор од процедура. Зошто се криело сето тоа од Синодот на МПЦ. Каде се парите, милони евра, од сите тие транскации?! (М.Н.)

СЛУЧАЈ ПРОДАЖБА НА ЦРКОВЕН ИМОТ - ГОВРЛЕВО
На 2 Август 2006, случајот го објави Канал 5. Пишуваа, СИТЕЛ, А1, Телма, МТВ, Вечер, Дневник, Утрински, Фокус.
Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, без знаење на Синодот, ги продал црквите со земјиштето во Говрлево за 200.000 евра. Купопродажниот договор со Цементарницата Усје бил потпишан во март 2006.
Архиепископот г.г. Стрефан не свикал синодска седница, а владиците за купопродажбите разбраа од медиумите. Наместо одговор пред Синодот, за да легне атмосферата, г.г. Стефан замина неколку дена во посета на Романија. Во меѓувреме Владиците од Синодот повикуваа на одговорност. Одговорност немаше.
Еден месец подоцна, под притисок на јавноста на 14. 8. МПЦ се повлече од продажбата. Г.г. Стефан го изјави:
- Договорот за купопродажба е раскинат. Беспредметно е да се разговара за завршена работа. Немало расправа за одговорноста околу тоа зошто Договорот за продажба на Говрлево воопшто бил склучен, и ако не го откриеле медиумите секако дека и би бил извршен.

СЛУЧАЈ КАЛИШТА и ХОТЕЛ ИЗГРЕВ СТРУГА
Скандалот на 12 јануари 2006 го објавија Вечер и Сител. Пишуваа: Дневник , Утрински, А1, Фокус и други.
МПЦ ја загуби сопственоста и владеењето врз хотелот Изгрев, вреден најмалку 4 милиони евра! Имотот е ставен под хипотека и со каматите оптоварен за 12 милиони евра. Имотниот лист број 641 од 26. 12. 2006, покажува дека сопственик на Изгрев и на 45.000 м2 градежнио земјиште во Струга не е МПЦ, туку фирмата Миладинов ДОО.
г.г. Стефан, пред објавувањето на имотниот лист според кој МПЦ не е сопственик, на 26. 12. 2006 изјави:
-Хотелот Изгрев и хотелот Бисер се во сопственост на МПЦ, а се дадени на управување на браќата Миладинови, бидејќи за хотелиерство е потребно и знаење и искуство.
Но, на 12 јануари Вечер и Сител ги објавуваат фактите дека сопственик на тој имот, за кој г.г. Стефан тврди дека е на МПЦ, е некој друг. Изјавите наеднаш се менуваат.
На 13 јануари, во изјава за Сител, Вечер и за А1, портпаролот на САС на МПЦ, владиката г. Тимотеј, инаку и член на АУО на МПЦ, категорично ќе изјави:
- За хипотеките во Калишта разбрав од медиумите. Колку што мене ме служи меморијата, а ме служи, за такво нешто никогаш не е расправано во црковните тела. Не сакам да прејудицирам, но кога ќе се отворат тефтерите ќе се види дека во оваа зделка се вклучени луѓе многу блиски до, или пак самиот поглавар. Прашајте го архиепископот, порача митрополитот г.Тимотеј.
Истиот ден Димитар Миладинов, косопственик на Миладинов ДОО, тврди: хотелот е сто проценти наш, и не е на МПЦ. Имотниот лист го докажува тоа.
Следниот ден, по објавувањето на имотниот лист за Изгрев од страна на Вечер, во кој се гледа дека Хотелот е на Миладинови, МПЦ преку соопштение, не тврди ништо, туку едноставно - бара да се молиме за архиепископот.
Финале: г.г. Стефан новинарите ги прогласи за Ироди на црквата и на предавници на народот и Црквата.
Според изјава на сопствениците Миладинови, дадена во септември минатата година, тие имаат намера во хотелот Изгрев да изградат најголемо Казино и систем на коцкарници на Балканот!

КОЈ ГО КРШИ УСТАВОТ НА МПЦ?
Сите скандали што медиумите ги објавија овие месеци имаат една заедничка основа. Видно, и заедничко во нив, е дека се продава заеднички, црковен имот кој е сопственост на МПЦ, односно на сите верници, во четири очи. Без расправа и писмена одлука на Светиот синод. Во сите случаи трансферите се последица на одлука на само еден човек, г.г. Стефан. Во блиска иднина ќе се види како имот на МПЦ кај Козјак, и како е доделен плац од Државата за Црква, кој потоа се продава на друг за на него да се гради трговски центар.
Вечер ги пренесува дел од членовите на Уставот на МПЦ, во кои се гледа дека се работи нецрковно.
Член 24. Светиот архиерејски Синод на МПЦ води надзор над работата на архиепископот и архиереите.
Член 49. Архиепископоскиот црковнонароден собор донесува одлука во врска со управувањето, употребата и контролата на архиепископските имоти, фондови и легати. Врши надзор на имотите со кои раководат архиепископот и архијереите.
Член 64 Архиепископскиот Управен одбор врши контрола на склучените договори за земање или давање под закуп на црковно-општински, манастирски и епархиски имоти.
Одобрува конечно отуѓување на имоти во МПЦ
08-01-2012, 07:23 PM
Reply
KRAZISTA
Unregistered

 
#4

Sto da se zboruva za vrvot o mPC..dovolno e da se pogledne likot na Stojan Veljanvski alijas Stefan..sin ov4ar ot Dobrusevo.i volikot direktn o gledae Lucifer li4no i personalno..Uste pred 5 god..Jovan Vraniskovski za nego re4e deka e pohoten,nedore4liv,nesiguren vo site odluki..a Jovan kaza i za Kiril.i za striko mu..Bog da go prosti...Mnou raboti znae oj Zoran-Jovan,za toa ne i otgovara...Toj ednostavno gi oTKRI SITE...a tie pak go prinesoa kako zrtveno jagne pred hramot na UDBA-KOS....kade vpro4em i site sluguvaat..oti i MPC e proizod na taa ista UDBA..vo dale4nata 1967...a Timotej..go taija za vladika..i toj e Srbin=4ist..Naum e vlav,Petar e vnuk na Jovan Babunski,a za ovie novite i da ne zboram..samo im metase Jovan..sramota...a koj bese o nego vo NISH..aa??..Koj ze potpisa..?..A koj kodosi o Avstralija za DBK.malesevskata bagra na popovi .koj li4no Stefa i prakjaa..Nedostasuva prostor i vreme..za temata..samo a nafrlam NOVA TEMA...VISTINA ZA SMTTA NA 2 ARHIEPISKOP G-DIN ANGELARIJ.../? Koj znae nesto..neka pise...Koj se krie zad smrta na Angelarij..i marginazaijaa na Epikopot Gavril Svetorec../?? Dosta interesni TEMI..
05-02-2012, 12:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5




Quote:Ќебап мантии!



Соопштението на синодот на МПЦ, од пред некој ден, со анатеми и инструирање на народот, кој бил патриот кој предавник, кој чувал идентитет кој работел на обезличување на Македонецот, да бидам искрен ниту ме изненади, ниту ме вџаши. Само уште еднаш ми се потврди дека МПЦ ја водат бизнис владици или како што си ги викам ќебап мантии. Ќебап оти мантиите наместо на темјан на повеќето од владиците им мирисаат на ќебапи, оти наместо в црква и манастири, ждерат по ресторани и биртии и прават бизнис зделки, и се разбира водат политика, наместо да шират љубов меѓу народот. Па нели едно од начелата им е љуби го ближниот свој, да не зборам за оние главните, не лажи и не кради.

Што ги натера владиците да застанат зад едно такво срамно клеветничко соопштение, па макар било тоа и за Љубчо предавникот, кому на времето истите тие му бацуваа рака и трчкаа по него и неговата Снешка, а сега му фрлаат предавничка анатема. Што си имаат да си кажат е нивна работа, но сепак, мене, да бидам искрен ми се збурбати од дедо Стефан и камарилата околу него. Дедото е световно чедо на Лубчо и Доста, тие со притисок и лобирање го устоличија. Тој седна на тронот и чинам одма ги почна бизнисите. Владиците седнаа во скапи џипови, а еден од нив дури и се возеше со калашников во автомобилот. И да не должам, многуте скандали беа навидум ситни, а народот уште во нив го гледаше Господ. Реата од синодот буфна во јавноста дури со Нишкиот договор.

Еве сега ке ви признаам, тие ќе го скриеја договорот, како што криеја дека и биле во Ниш и туриле парав на ново име на црквата во која го нема зборот Македонска, да не беше Васко Попетревски колегата од А1, кој ми најави како уредник, дека за вестите во 19 има ексклузива. Ми спомна некој скандал околу МПЦ и ми покажа некој документи и толку. Петнаесетина минути пред 19 дојде на мојот компјутер и како што и друг пат колегијално правевме погледна со што ги отворам вестите. Неговата за МПЦ ја бев ставил подолу, не придавајќи и некое големо значење. Васко се сврти и ми рече - Ацо ова со МПЦ е од новинарски аспект ексклузива, а за МПЦ скандал без преседан. Сфатив дека оптовареноста од подготовка на вестите, додека Васко ми кажувал што има, не сум го дослушал. И да не должам во 19 часот отворив со скандалот во Ниш. Покритие за веродостојност имавме во копија од документот, еве ќе обелоденам (нешто што е надвор од новинарската етика) добиени од Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес. Што се случуваше потоа горе - доле знаете сите. Нормално некој од владиците направија обид да ни извршат влијание А1 да омекне, па прво се обидоа некој од нив да го бранат, па кога сфатија дека тоа што потпишале во Ниш нема да помине кај народот најлигаво се повлекоа, изговарајќи се дека тоа што го потпишале не го потпишале. И тоа беше нивното прво јавно офирање. Се извадија Наум и чинам Петар, а само она шутарката од распоп Јован Вранишковски до ден - денес остана на срамниот договор во Ниш. И така великодостојниците од МПЦ по ова престанаа да бидат табу тема и медиумите почнаа да им ги вадат и нив валканиците, но се уште нежно претпазливо од шубето да не прават грев. Еве нешто од она што го знам, а сакам да ви го раскажам.

Се сеќавам дека на еден ручек кај поглаварот, на кој бевме викнати неколку уредници во времето на бурата и скандалите што ги правеше, нивното одметнато духовно чедо, распопот Јован, јас, дедо Стефан не го прашував за тоа оти бев сигурен дека се усрани и сакаат што побрзо и Нишкиот и Јован да се заборават. Ручајќи го прашав дедо Стефан дали е точно дека еден владика (чинам беше седнат до Латас ) од синодот на МПЦ има грчки пасош, а за да го добие тоа морал да се откаже од македонското државјанство, или, пак, имал специјални заслуги кај Грците. Дедо Стефан подзина и кусо ми одговори – не ми е познато, ќе проверам, па биди сигурен дека ќе ти одговорам. До ден – денес одговорот не стигна. Ова ми иде како да ви се исповедам, ама морам да ве потсетам на уште два скандала која ја потресоа МПЦ и фрлија темна сенка кај верниците - срамната продажба на Говрлево (археолошки локалитет од историско значење за Македонија) и тоа на грчката компанија сопственик на скопската Цементарница. За милион евра патриотот дедо Стафан беше го продал Говрлево. Ама нотарката, еве ќе ви откријам, по преспаната ноќ, утрото, на втори август – Илинден оптоварена дека аминувала грев, ми се јави во Канал 5 и ми го понуди купопродажниот договор. Немав дилема и тогаш и сега дека и покрај се вестите ќе ги почнам со криминалот, а после за големиот празник. По скандалот дедо Стефан ја здувна на гости во Романија. И за тој договор властите му премолчија. А за оној најстрашниот, со хотелот Изгрев, дедото најверојатно може само да му целива рака на Груевски, а не тој нему. За криминалот, што тогаш го испиутваше Агенцијата за перење пари, Груевски наводно на два пати го викал лично тогашниот директор Ване Цветанов. Од него наводно барал да ја тера работата со вината на Миладинови, а онаа на МПЦ да ја заобиколува. И така скандал, по скандал дедо Стефан сакал или не, исончан од изгревот, стана слепа сенка со мандало, на секоја лопата на Грујо.

Има уште многу, но доволно е да ви ја доловам мојата претпоставка зошто Стефан и другите владици чучат мирно во скутот на Грујо и водати негови битки. Се разбира не сите, туку оние во врвот - најумните глави. Сето ова ви го кажувам за да ја отворам приказната за фамозното соопштение на МПЦ против предавниците и Љубчо. Што ми е поентата – Дали владиците сами го составиле катил ферманот или само рекле Амин и тоа отишло во јавноста. Што ако пак е точна информацијата дека еден од релативно помладите владици, другарче на Мартин и можеби духовен отец на Груевски вечерта пред седницата на Синодот бил виден во зградата на Илинденска број 2. Е сега ако бил, дали го пишувале со Мартин, па отишле на чаша џус од портокали кај премиерот и на редактирање на соопштението знаат најдобро тие. Дали и сите владици знаеле дека аминуваат писание добиено одозгора или пак онака покорно заради путерот на главата рекле амин и не прашале кој го составил. Ако е така ние и над поглаварот господин господин Стефан имаме надреден, господин господин господин Никола. По урнекот на Туџман и Милошевиќ нашиот синод чинам до гуша е во спрега и послушнички однос со врвот на актуелната власт и се разбира војнички работи за нив без разлика дали е милум или силум.Се плашам дека верниците ја губат вербата во нив, а црквата дали сме верници или не, е стожер на државата, а не аргат на власта, туку на народот. Но време е граѓаните, а пред се верниците да осознаат кој аминува, а кој вика само амин и игра слугарско црковно партиски дворски игри за големи пари.


Ацо Кабранов
(This post was last modified: 21-07-2012, 04:34 PM by ЈорданПетровски.)
21-07-2012, 04:33 PM
Reply