Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ МИРКА ГЛУМИ ОБЈЕКТИВНОСТ ИЛИ ГРУЈО КЕ ОДИ ЈАБАНА ????
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Одамна не сум издвоил колумна на Мирка за да започнам тема. Оваа колумна наметнува дилема.!! Дали Мирка сака малку да одглуми дека е "независна" новинарка и да ги покрие барем малку газполижењата и воспевањата кои му ги правеше на Грујо. Или како гласноговорник на ГАЗДИТЕ му прака јавен катиљ ферман на аргатот Грујо. Ке видиме набргу.
Случајот Фрчко ке е показателот.




Quote:Си ги барам реформите!


За почеток на годинава ќе си прашам како Настрадин-оџа, кој тепал превентивно: Почитувана Владо, врви шестата година откако се почнати суштинските реформи во повеќе области. Имате признанија дека сте перципирани како реформистичка постава. Ама, нели е ред и ние граѓаните на оваа држава да видиме аир од тие промени. Не мора од сите и на купче, ама некаде нешто досега требаше да стигне до крајната адреса


Е те, цапнавме во уште една „бренд њу“ година, 2012-та по ред, сметано од Христа наваму. И немам намера стрпливо и кротко да исчекувам пријатни изненадувања, непријатни одлуки, шокантни потези на онаа групација што ја идентификуваме со моќта. Имам една гадна навика да „шиштам и вриштам“ пред да почне да ме гази шлеперот на кој му откажале кочници, оти, потоа, откако ќе пројде преку мене, а јас не сум се потргнала, некако ми доаѓа малку доцна.

За почеток на годинава ќе си прашам како Настрадин-оџа, кој тепал превентивно: Почитувана Владо, врви шестата година откако се почнати суштинските реформи во повеќе области. Имате признанија дека сте перципирани како реформистичка постава. Ама, нели е ред и ние граѓаните на оваа држава да видиме аир од тие промени.

Не мора од сите и на купче, ама некаде нешто досега требаше да стигне до крајната адреса.

Да почнеме од најбаналното: ќе ја оправавме администрацијата. Преку реформи ќе го средевме шалтерскиот систем, ќе ги поедноставувавме процедурите за да не ни поминува една третина од животот наместо во спиење, работа и уживање, во чекање ред за вадење некој документ. И што бидна? До каде сме? Тоа копчињата за оценување на квалитетот на административните одлуки уште ли се во функција или пропаднаа како сите добри намери за реформирање. Колку што гледам, уште ни бараат изводи од родени, венчани и умрени на секои шест месеци. Мртовци се водат како живи на секој шалтер секој месец кога одиме да плаќаме сметки. Уште малку таму, наместо во црква, ќе палиме свеќи за помен.
Државата, компаниите, бирократијата упорно одбиваат да се сообразат со фактите. Што реформа ќе беше тоа кога мене ме тераат да ги известам ЕСМ, телекомот, водостопанство, топлификација дека татко ми починал пред две години, а за тоа мојата држава, преку системот (МВР и судовите) не ги известила субјектите што оперираат со услуги. За кој андрак преку данок ги плаќам службите и службениците да ми го олеснат животот?

И ви се молам, успеавме ли да се изреформираме здравствено? Или заврши „пакетот“ со хигиеничарскиот антипушачки поход на министерот Тодоров низ провинциските болници, а за сметка на разните државни инспекции, агенции и сл. Јас првпат слушам ем гледам здравствени реформи на лажичка. Ни се пропишуваат трипати на ден, а болеста напреднува 24/7/365. Уште ли ќе се договараме за основни здравствени пакети, за менаџментот на болниците, за тоа дали требало со здравствените институции да се управува меко или тврдо, демократски или авторитарно, за ова - за она? На чекор сум да заклучам дека и во оваа влада нема вистинска политичка волја за суштински промени. Едно знам: нема преродби без цврста решеност и волја нештата брзо и ефикасно да се доведат докрај.

Ви се молам! За кој андрак ќе го издржувам до следна висока функција оној несреќник од ДУИ што го именувавте за директор на Фондот за здравство. Уште малку, младичов ќе му конкурира на Глигоров по бројот на извршени значајни државни функции. Може ли сериозна влада што се декларира како реформска вака глупаво да се резили? Па, човеков бе, ај што не ни знае каде сте го учипиле, ама се уплашив кога му го видов зевзечкиот поглед додека рецитираше строфа од епот за рамковниот, кој ќе го спроведувал преку фондот. Ебати преродбата по која македонска „Рамајана“ ќе ми биде „интеграциската“ кадровска програма на ДУИ. Нема ли да е поквалитетно здравствените реформи да ги изведеме по моделот на Поштенска банка. Знаете, нели, како уредно и ефикасно, просто германски педантно од оваа институција со која раководеа интегрирани рамковисти, исчезнуваа народни пари, а МВР никогаш не успеа да ги фати ни „реформаторите“ ни корисниците на „социјалната помош“.

А што ново да кажам за реформите во судството. Ај што беа најавени како промени на почек, демек, ќе важеле со задршка од неколку идни години. Оти биле шокантни, де. Ај што досега знаев само за озаконета ретроактивност. Ама сега гледам како пред мои очи се подготвува терен за амортизација на граѓанското незадоволство во врска со случајот „Рамковски“. Почна секој ден по трипати да ни се сервира информацијата дека адвокатите и клиентот од Шутка работат на тоа да го цевчат процесот до март за да го фатат законскиот рок за пуштање од притвор. Значи, браво! И за реформите и за реформаторите. Не е ли поедноставно да ни признаете дека сте решиле да глумите жртви на своите закони? Ем вие сте ги донеле, ем предварително сте ги наполниле со дупки, ем пак на крајот ние ќе испаднеме изреформирани, а вие објективно неодговорни.

А до каде сме со лустрацијата? Нели ќе почневме на чисто? Нели веќе нема политика на Курто и Мурто? Нели дојде до смена и на генерации и на политички матрици? Два закона се донесоа, а успешно излустриравме два и пол човеци. Запна кај Фрчко и Ѓунер, кај уважените академици и владици. Што е? За тоа ли беше цела врева? За да слушаме катадневна алапачијска лустрација меѓу членовите на Комисијата за верификација на фактите. Ќе има ли прочистување или ќе се утврдува трговија меѓу страните?

Не знам зошто ми паѓа на памет дека на крајот на оваа реформска година единствено успешно ќе се реформира рефренот од песната „Поздравјавам те Македонијо“. Наместо „кој душман ќе влезе, жив нема да излезе“, реформската верзија ќе гласи „која реформа ќе влезе, жива не излегува, оти ти ја ставаш во гроб Македонијоооо...“.

Дај боже да се лажам, ама окото ми е уплашено да не ме начекаат на кривина со уште некоја најава за суштинска реформа. Ете, слушам владиката Петар предлага државата да ја субвенционирала црквата!? Не разбрав дали мисли само на МПЦ или на сите верски заедници, ама сфатив дека ич не му ја мисли, па си реков да писнам силно додека не му дошло времето за упокојување и на оваа разбудена надеж и очекувања. А и генерации не се менуваат така лесно. Немаме толкав биолошки капацитет. Јас едноставно немам веќе сила за примање лоши вести и барам од Владата да ми се испорача ветеното.


Автор: Мирка Велиновска

06-01-2012, 01:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2


Зошто мислам дека Фрчко ке е показателот:


(05-01-2012, 01:40 PM)ЈорданПетровски Wrote: Малку јавни личности од негов формат, на пример би ја пречекале на нозе љубовната афера со советничка од неговиот кабинет. Неговото семејство беше потресено, неговите пријатели избезумени, неговите сопартијци ужаснати, а само тој, претседателот на Македонија, гледаше на настанот како на смешка што му ја сместиле неговите палави сопартијци во борбата за неговиот трон. Како на чудо од три дена. До денешен ден не се разјасни кој му го смести скандалот, а ниту тој сакаше да се стори тоа, иако знаеше и кој и зошто. Затоа и бев изненадена кога го удоми Љубомир Фрчкоски во својата фондација и на тој начин му пружи политичка заштита од вмровската одмазда.
06-01-2012, 03:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Многу малку народ.




[Image: porta_makedonija_13.jpg]


[Image: porta_makedonija_8.jpg]
08-01-2012, 03:19 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#4

Паѓаше дожд. А и, толку народ... без автобуси од провинција.
08-01-2012, 07:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Мирка повторно ја јавна метлата.




Quote:Директна вистина


Дури и ако заврши како петелот што прв ќе кукурикне, искрениот човек секогаш е на цена. Ако и постои некоја тајна на успехот на Груевски во политиката, тоа е токму тоа: луѓето инстинктивно ја имаат забележано таа негова искреност и затоа му веруваат. Можеби не им е пријатно да го слушнат изговорено она што и самите го мислат, ама не сакаат да си го признаат, но затоа знаат дека човекот на кого му искажале доверба петпати на избори кажува, а не шлапа тукутака

Многумина се занимаваат и аматерски и професионално со анализа на јавните настапи и со говорот на врвните политичари. Во процесот на донесување крупни и далекосежни одлуки учествува дури и општото здравје на личноста што има моќ. Тоа горе-долу сите го знаат. Никола Груевски за многумина овде во Македонија е мистерија поради својот „закопчан“ карактер. Но последното негово интервју за „Дневник“, гледам, предизвика невообичаен интерес поради начинот на изразување и неговата отвореност. Да. Ние во Македонија не сме навикнати своите политичари да ги слушаме да говорат народски или нетипично. Да ги искажуваат јавно своите лични гледишта, да ги коментираат лично политиките, постапките, одлуките на други политичари. Ние сме издресирани да веруваме дека политичарот, кралот, моќникот не се луѓе. Дури и нé издресираа да се делиме на обични и необични. Во глава ни се всадени шаблоните на напишаните говори и фрази на големците. А во нив секогаш е потенцирана бесчувствената, безличната и, со тоа, безодговорната компонента на власта и моќта.

Груевски и ова го растури. Како да спроведе реформа и во политичкиот говор. И сега си фати белја. Во Македонија, како и секаде во светот, искреноста и директноста се проблематични за повеќето луѓе што не сакаат да се соочат со непријатности и со реалноста. Имав другарки што велеа дека знаат оти дечковците или мажите ги изневеруваат, ама не скале тоа некој во очи да им го каже. Демек, поубаво им било да се самозалажуваат. Знам болни што велат дека најмногу се плашат од лекари што ја кажувале вистината во очи, зашто така им ги одземале надежта и утехата. Политичарите и сите други видови измамници ќаруваат на таа човечка потреба да се самозалажува. Ама никој нека не се залажува дека првичниот шок што го предизвикуваат искреноста и отвореноста му навлекува трајна омраза на оној што е искрен и отворен. Дури и ако заврши како петелот што прв ќе кукурикне, искрениот човек секогаш е на цена. Ако и постои некоја тајна на успехот на Груевски во политиката, тоа е токму тоа: луѓето инстинктивно ја имаат забележано таа негова искреност и затоа му веруваат. Можеби не им е пријатно да го слушнат изговорено она што и самите го мислат, ама не сакаат да си го признаат, но затоа знаат дека човекот на кого му искажале доверба петпати на избори кажува, а не шлапа тукутака.

Целата мајсторија на Груевски е во тоа што воведе нов стандард во политиката. По него, нема да биде лесно за шемаџиите и фразерите, па и за пишувачите на говори. Македонија доби политички урнек што му се бендисува на мнозинството од народот.
А сега за содржината на она што го кажа. Со пресудата на судот на ОН во корист на Македонија не се „осуди“ Грција, ами таа е шлаканица за две моќни организации какви што се ЕУ и НАТО. Глумејќи солидарност со Грција, всушност тие не ја испочитуваа Привремената спогодба, иако нивните водечки членки целосно ја подготвија, а Македонија само кротко ја прифати. Да потсетам дека лично Метју Нимиц во Букурешт изјави дека „Привремената спогодба е неважечка“. А тој е посредник во преговорите и настапува од името на ООН и би требало прв да се повика на неа. Богами, сега не е ич пријатно ни за ООН ни за Советот за безбедност да се соочат со одлуката на судии на нивниот суд. Ем тоа одлука донесена едногласно (минусирано за грчкиот ад хок судија). Во таа лоша Привремена спогодба, на која спонзор беа САД, само членот 11 и беше, ајде да кажам така, наклонет на Македонија. Сé друго беше стокмено по мерка на грчките интереси. Е сега, само наивни или неупатени можат да мислат дека САД, Велика Британија, Франција, Германија тукутака ќе прифатат дека ги победила судски некакваси таму балканска државичка. Особено што три од овие држави се и членки на Советот за безбедност со право на вето. А Советот за безбедност е орган што треба низ резолуции да ја спроведе хашката одлука. Се разбира дека ќе направат сé во нивна моќ да нé игнорираат, па казнуваат, па притискаат и уценуваат. Работата е во тоа да не им се даваат глупи поводи, да се води минуциозно одговорна и инспиративна политика на сите полиња. Да се биде свесен максимално за реалноста и новиот однос на силите, а паралелно и да се организира животот на земјата и нацијата во дадените услови, ама со поголем квалитет.

Нормално, секогаш ќе има малодушни луѓе што ќе бараат лесен излез од ситуацијата. Ќе ги има и такви што би прифатиле позиција на скршен ‘рбет. Сите сме единки со свои особености, односно личен идентитет. Сепак, збирот од единки е нација, односно народ. Политичарот како единка при создавањето на својата работна агенда мора да има осет за чувствата, потребите и желбите на колективитетот како генерација, ама и историски. Колективитетот има своја логика на самоодржување. Затоа, не смее да се заборава дека во случаи каков што е македонскиот, каде што се работи за борба за остварување на елементарните човекови права и национален стремеж, времето се мери со децении, па и векови. Уште еднаш тука ќе го повторам исказот на еден друг многу искрен политичар Даглас Херд, министер за надворешни работи на Велика Британија, кој во 1996 година, а по повод Привремената спогодба, ми рече: „Ако очекувате ние да си признаеме дека сме згрешиле со мировниот договор во Букурешт 1913 година, многу сте наивни. Ниту една држава нема да признае на таков начин дисконтинуитет на својата државна политика, зашто тоа ќе значи историски доказ за сторена грешка. Попрво ќе треба вие да се трудите многу да нé натерате да си го смениме ставот. На нас е да ве притискаме, а на вас е да издржите. Ако толку многу сакате да бидете држава, бидете подготвени на долга борба што може да трае и два века“.
Ете! Просто, кристално чисто и бескрајно искрено. Погледнете го Кипар. Погледнете ја Палестина. Погледнете ја Баскија, Северна Ирска, Корзика. Генерации се борат, страдаат, умираат чекајќи ја историската шанса за да ги остварат своите национални сништа. Македонците не се во ништо поинакви од другите.


Автор: Мирка Велиновска




13-01-2012, 02:21 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#6

Телефонот на Мирка, пак, зазвонил...во 03 часот наутро. Леле, кога го чула тивкиот, метален, рамномерен глас. Да не си во нејзина кожа.Gen026
13-01-2012, 03:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(13-01-2012, 03:39 PM)hristo Wrote: Телефонот на Мирка, пак, зазвонил...во 03 часот наутро. Леле, кога го чула тивкиот, метален, рамномерен глас. Да не си во нејзина кожа.Gen026



SmeshkoSmeshkoSmeshko BravoBravoBravo
13-01-2012, 04:04 PM
Reply
ogan Offline
Junior Member
**

Posts: 20
Joined: Jan 2012
Reputation: 0
#8

(06-01-2012, 01:51 PM)ЈорданПетровски Wrote: Одамна не сум издвоил колумна на Мирка за да започнам тема. Оваа колумна наметнува дилема.!! Дали Мирка сака малку да одглуми дека е "независна" новинарка и да ги покрие барем малку газполижењата и воспевањата кои му ги правеше на Грујо. Или како гласноговорник на ГАЗДИТЕ му прака јавен катиљ ферман на аргатот Грујо. Ке видиме набргу.
Случајот Фрчко ке е показателот.


Aman uste ne ja doznavte Mirka?
Mirka za site vreminja so neograniceno pravo da dobiva nova svest !!!Tekstovi koi nemoze da gi pise edna licnost, koj odma e jasno deka se od analiticki tim na institucija, a vo koj samo se vmetnuvaat prepoznatlivi recenici kako stavanje potpis "token od sluzbata: Icon_razz)))
Neznam zasto mi e ova vase reagiranje cudno, koga vo vazduh visi deka pola od vas toa vie e sluzbena zadaca ovde da ne mavtosuvate i "anketirate" se razbira identitetot odma ekspresno na sekoj od nas ovde vednas mu go doznavateIcon_razz))
np terajte si ja rabotataIcon_razz))))))))))))
18-01-2012, 12:58 AM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#9

Ова ми изгледа премногу коинцидентно за да биде случајно. Не знам дали имаш забележано, Јордан, ама паралелно се случуваат и други слични пресврти во сферата на објективноста. Icon_razz Сашо од емисијата "Политико" на "Наша ТВ", кој не толку одамна го опиша Груевски како "најдобриот македонски премиер до сега", во вчерашното интервју со Јадранка Костова, звучеше многу критички настроен кон него. Пред извесно време во истата емисија му гостуваше Латас и се зајадоа. Во меѓувреме Јанко од "Јади бурек", емисија што оди на истата таа "Наша ТВ", си тера по старо, па дури и мислам дека најавуваше уште едно гостување на Груевски во својата емисија. Во последниве два дена Сител и Канал 5 меѓусебно се критикуваат и обвинуваат дека манипулираат со статистиките за својата гледаност и популарност. Премногу случајности во кратко време.
Let me hear you make decisions without your television.
(This post was last modified: 18-01-2012, 01:26 AM by Gnoj.)
18-01-2012, 01:24 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#10

На Саше му даваат малку да се игра, кога ќе треба тој повторно ќе си запее како што треба. Не е тој како Мирка, тој не може да си игра фактор и да се обидува да води и менува политика. Добар е сега, малку им треба како за глумење на слободни медиуми, малку тој да си умислува дека е некој заебан новинар кој пердаши по се, но сето тоа е лук и вода.

18-01-2012, 03:56 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#11

Ееееее! Еве шанса за Јордан и Комитето да истакнат свој кандидат за следните избори шо ќе ги победи и Грујо и Бранко!
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
18-01-2012, 08:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

(18-01-2012, 08:13 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Ееееее! Еве шанса за Јордан и Комитето да истакнат свој кандидат за следните избори шо ќе ги победи и Грујо и Бранко!



Кадидат ке истакнат оние кои се во Македонија, граѓаните на Македонија. Ние само даваме мал придонес во "представувањето" на оние кои биле и се власт во Македонија. Го пишуваме онаа што УДБа сака да го сокрие од граѓаните на Македонија.
18-01-2012, 10:46 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#13

(18-01-2012, 10:46 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(18-01-2012, 08:13 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Ееееее! Еве шанса за Јордан и Комитето да истакнат свој кандидат за следните избори шо ќе ги победи и Грујо и Бранко!



Кадидат ке истакнат оние кои се во Македонија, граѓаните на Македонија. Ние само даваме мал придонес во "представувањето" на оние кои биле и се власт во Македонија. Го пишуваме онаа што УДБа сака да го сокрие од граѓаните на Македонија.

Јордане, мислам, ако го убедите Мрачниот да ја прифати вашата вистина, пола работ сте ја завршиле. Но, гледам имате тешка задача. Тој е тшко сомничав но само спрема вашата вистина, а другата ја прима безпоговорно. Се земам самиот себе како пример. Колку пати сум доаѓал во спор ( дебата) со тебе, Соленик, Монтехристо, Бацилус, Ацко... Абе, човекот еднаш не кажа за некоја ваша теза, став, информација дека е точна или, барем, има нешто во неа.

19-01-2012, 09:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14


Quote:Политичка стендап-комендија


Нивната дијагноза е дека новото трио олеснувачи на меѓупартискиот дијалог, на чело со европскиот Холбрук, си избришале патос со водачот на востанието. Не сум убедена. Да се избрише патос со нешто, симболично означува дејство по кое настанува квалитетна и видлива промена на патосот. Мивката со која сте си избришале валкан патос потоа оди на перење или се фрла. Мивката како таква во никој случај не добива статус на политичар чиј потпис е неопходен за политички консензус


Никола Груевски вели дека Македонија се сакала со дела. Убаво. И точно. Особено што делата го утврдуваат мошне прецизно степенот на дотичното чувство, кое е немерливо зашто е индивидуално. Сега нам ни останува уште само да дефинираме кој што си подразбира под љубов. Имам гадно чувство дека нормалниот свет и политичарите сосема различно ја дефинираат.

Да го земам како пример минатонеделниот изблик на љубов кон Македонија што ни го приредија државниот врв и партиските водачи и од кој уште не можеме да се соземеме. По ваква емоционална поплава за која Владата не предлага пакет-санациски мерки за ублажување на штетите, баш нешто се чудам од каде во мене недоумицата дали Македонија е држава или протекторат на „меџународната“. Има ли државни институции или само фасади? Кој е врвен државен закон? Уставот или рамковниот, духот на рамковниот, разни меморандуми и резолуции издадени на англиски и на македонски јазик...

Познати експерти и новинари вложија многу труд да ми ја решат дилемата за љубовниот учинок од минатиот петок. Нивната дијагноза е дека новото трио олеснувачи на меѓупартискиот дијалог, на чело со европскиот Холбрук, си избришале патос со водачот на востанието. Не сум убедена. Да се избрише патос со нешто, симболично означува дејство по кое настанува квалитетна и видлива промена на патосот. Мивката со која сте си избришале валкан патос потоа оди на перење или се фрла. Мивката како таква во никој случај не добива статус на политичар чиј потпис е неопходен за политички консензус.

Сенешто си мислам дека минатонеделниот олеснувачки потфат на Брисел, со сесрдна помош на македонските политичари од првиот ешалон, всушност од Македонија направи
мивка-држава, по што ми доаѓа да викнам: Аманте луѓе, немојте повеќе да ја сакате толку многу!
Еве го мојот список на дела што како љубовен завет и со помош на булдожер-дипломатијата ни го оставија пред врата нашите драги политичари.

1. Партиските лидери не можат ни да комуницираат, а камоли да договорат што било што е важно за државата или нацијата во целина без западностранска помош. На дијалог и договор, без оглед на Уставот, не ги обврзува ама баш ништо. Тие самите немаат никаков респект кон државните институции, кон законите и кон народот што ги избрал за да му служат. Тие самите мислат дека Македонија не е држава или, според евалуацијата на министерот за надворешни работи Никола Поповски, барем не е сериозна држава.

2. Како и пред 13 години, сега повторно бевме директни сведоци на демонстрацијата на неверојатно ниската точка на топење на македонските политички лидери, кои се претвораат во пареа штом ќе им списка некој странски функционер. Што нѐ прави, разбира се, исклучително горди и ни го крева самочувството до небо. И ни влева надеж дека и во иднина, на пример, кога ќе дојде на ред договорот со Грција за името на државата (во пакет со идентитетот), со сесрдна странска олеснителна помош, нашите водачи, консензуално вљубено, успешно ќе го решат. Ќе дојде некој Филе, строго ќе ги погледне, ќе им каже дека референдум нема да има или ќе им ги скоцка прашањето и одговорот и, резултатот оверен со потписи, напишан на есперанто, ќе ни го тапосаат нам на „имплементација“. Што е? Не ви се верува? Е па, повелете, буричнете си во спомените, па ќе видите колкупати на иста финта нѐ извозеле.

3. Ѓорге Иванов е четвртиот македонски шеф на држава што широко и слободно си го толкува Уставот на Македонија, па својата функција ја упражњава како хостеса во хотел. Иванов минатата недела домаќински, простосрдечно и одговорно, на мое вчудовидување, му ја отстапи должноста шеф на државата на гостинот европратеник Ричард Ховит, известувач за Македонија, за тој на народот на Македонија, на мајчин англиски јазик, да му ги објасни точките од договорот што Брисел им го тутна под нос за потпис на нашите слатки лидери.

4. Врвен политички акт во државата Македонија не е Уставот, туку рамковниот договор, духот на рамковниот договор, нонпејперите, меморандумите и резолуциите. Тие се библија, иако меѓународно се непостојни. На нив, како на библија, се колнат нашите државни функционери. По нив, Македонија има специфично уредување на партиско-племенска консензусна диктирана демократија, запишана во уставната преамбула на рамковниот устав.

5. Бранко повторно транзитираше од политички мртовец во реанимиран политичар. Сега може комотно да си ги чека конгресот и сите наредни избори. Има сертификат и лиценца дека е и папа и политички фактор без кој не може ни локални избори да се изведат според устав и закони. Еднаш го воскресна Холбрук. Вторпат го воскресна Груевски. Третпат го оживеа Филе. Македонија напросто не може да куртули од него. Човеков им треба на ривалите, непријателите и соседите. А знаете како е, Христос не беше можен без Јуда. Каков Христос, таков Јуда. Ете, и Груевски ја сподели со нас својата интимна желба, воскреснатиот да му биде доживотен противник за тој да има доживотен мандат. Јас така го разбрав. А што е тука доброто за Македонија, какви само дела од ова можат да произлезат, можеме само да му ја мислиме.

6. Минатонеделниот потфат има и едно големо наравоучение, кое во исто време е и совршено прецизно објаснување за лошото мислење на македонските граѓани за политичарите. Со олеснетиот договор се потврди дека зборовите: никогаш, не доаѓа предвид, не попуштаме, одиме докрај, одлучивме, не значат и такви дејства туку се само појдовна преговарачка позиција, суровина за производство на мивки, што е политички бренд со ознаката МКД. Директна жртва на ова сознание се сите оние што се охрабрија, самостојно и вопреки демократскиот централизам, да истрчаат на локалните избори без партиска поддршка. Тие буквално останаа ритуално заклани како колатерална жртва на еден перверзен антидемократски и антиисториски политички процес. Кога и кој следен ќе се одважи да биде храбар за да им послужи како топовско месо на нашите вљубени во Македонија политичари?

7. Македонија традиционално им ги одработува кариерите на странските политичари. Од Герт Аренс до Штефан Филе, сите си ја имаат обележано кариерата со Македонија. И ОБСЕ куртули. Им останува канцеларијата сосе мисијата, оти Македонија е земја за орање.

8. Придобивките од овој олеснет договор допрва ќе ги почувствуваме. Како што се множат и придобивките од рамковниот. Талат Џафери не е последниот, верувајте. Струга и Кичево се на ред. „Традицијата“ што ја воспоставил Бранко, а ја продолжува Груевски, допрва ќе ескалира. Ете, почна. Нели Брисел сега е загрижен поради ескалирањето на меѓуетничките тензии? Ич не го боли глава што ескалира Златна зора, ама тука веднаш ги здоболува. Нели бе така традиционално почнува процедурата? Грижата ќе им ескалира, па ќе почнат да фрчат експертските совети на експерти како Ивица Боцевски дека е добро нашите пријатели од „меџународната“ да се вмешаат добронамерно и да ни помогнат со „фуснота“ (дополнителна памет) дека баш и не било неопходно странско замешателство оти сме биле способни самите да се справуваме со своите проблеми, па ќе стигне на ред шумарот со утврден текст на нон-документот, па нашите патриоти во политиката кротко ќе го потпишат, а нивната гоооолема победа за Македонија несебично ќе ни ја тапосаат нам за да си живееме од љубов.

9. Сепак, целава политичка стендап-комендија беше успешен проект само поради анексот што ни го подари Жаре „Еден на еден“ Димитриоски. Кантавторот испеа коментар - песна во две верзии, двете на македонски јазик. Песната го опева генерално успешниот Штефан Филе, кој успева и не успева да договори консензус со македонските политичари. Браво, дечко! Ти си доказ дека народот, крај онолку ненормални интервенции, фала му на бога, ни е екстра-паметен.

Автор: Мирка Велиновска
NOVA MAKEDONIJA
10-03-2013, 03:54 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#15

Дали тоа Јордан се обидува да глуми објективност па како реванш за објавувањето на колумната на Фрчко сега објавува колумна на Мирка?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
10-03-2013, 07:09 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#16

(10-03-2013, 07:09 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Дали тоа Јордан се обидува да глуми објективност па како реванш за објавувањето на колумната на Фрчко сега објавува колумна на Мирка?

Абе, Мрачен, те гледам како си се нафлил на Јордана...до бесвест. Па, малку усул. Човекот си има семејство. Да не помисли некој дека твојот однос кон Јордана е однос на отфрлена жена, па Јордан да си има проблеми дома. Политика е политика, ама семејниот живот секаде е светост. Освен во удбашки земји... и главиMusic4

10-03-2013, 09:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

(10-03-2013, 09:43 PM)hristo Wrote:
(10-03-2013, 07:09 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Дали тоа Јордан се обидува да глуми објективност па како реванш за објавувањето на колумната на Фрчко сега објавува колумна на Мирка?

Абе, Мрачен, те гледам како си се нафлил на Јордана...до бесвест. Па, малку усул. Човекот си има семејство. Да не помисли некој дека твојот однос кон Јордана е однос на отфрлена жена, па Јордан да си има проблеми дома. Политика е политика, ама семејниот живот секаде е светост. Освен во удбашки земји... и главиMusic4




Христо оваа што го прави Коњаников е една од првите лекциина во учебниците за дефокусирање на јавното мислење и сведување на дискусиите на лични препукувања. Дали Коњаникот тоа го учел по службена должност или е самоук незнам а и не ме засега многу. Причина за мојата незасегнатост, многу е "литарка"....
12-03-2013, 02:34 AM
Reply