Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВИСТИНА ИЛИ УШТЕ ЕДНА ЛАГА ОД КУЈНАТА НА БРАНЧОЛИНА ?!!!
Author Message
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#1



Quote:Скандалозно: Власта ќе бара 10.000 евра за лиценца на веб медиум!?

Среда, 07 Декември 2011 13:04

Според извори на Скај, во новиот закон за медиуми, интернет порталите ќе добијат свое место, со посебни лиценци кои ќе чинат најмалку 10.000 евра, а ќе бидат ставени голем број на забрани и критериуми за овие медиуми што води кон конечна цел затворање на критички настроените портали кои се појавија во изминатиот период.
[Image: internet.gif]
Ваква можност предвидува нацрт законот за медиуми, кој го подготвува власта уште пред неколку месеци.

Во Македонија постојат најмалку 300-400 локални и околу 100 национални веб портали.

Со ваквиот чекор, според познавачите, Македонија ќе стане прва земја во Европа која ќе го ограничи интернет известувањето. Вакви режимски политики во моментов се спроведуваат во Северна Кореја, Кина, Иран, но не се толку драстични.

Со ваквата лиценца, власта сака да ги затвори националните веб портали кои за брзо време достигнаа огромна читаност и станаа конкурентни на провладините портали кои месечно заработуваат најмалку 16.000 евра (според една пресметка за еден владин портал), и тоа сите средства доаѓаат од претпријатија и институции поврзани со буџетот, додека останатите портали не добиваат ни денар од буџетот и едвај преживуваат во време кога се соочени со целосна блокада од државните институции и режимска цензура.



Власта им се заканува на фирмите да се рекламираат во критичките медиуми

Како што објави Време, пред затворањето, владата вршела притисок за да спречи компаниите да се рекламираат. Со слична ситуација се најде и А1, која беше приватна телевизија и живееше од рекламите.

Неофицијално постојат сомненија дека власта врши притисок компаниите да не се рекламираат на критичките портали.
08-12-2011, 08:57 AM
Reply
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#2

Quote:Од транспорт демантираат дека ќе барале 10.000 евра за лиценца

Среда, 07 Декември 2011 18:20

Министерството за транспорт и врски најостро реагира на написот на интернет-порталот sky.mk, со наслов „ Власта ќе бара 10.000 евра за лиценца за веб медиум?“, во која се изнесени невистини и неосновани обвинувања на сметка на Министерството, се вели во демантот на Министерството за транспорт и врски.


Во невистинитите наводи на порталот Скај се наведува: „Во новиот закон за медиуми, интернет порталите ќе добијат свое место, со посебни лиценци кои ќе чинат најмалку 10.000 евра, а ќе бидат ставени голем број на забрани и критериуми за овие медиуми, што води кон конечна цел, затворање на критички настроените портали кои се појавија во изминатиот период“.

Сакаме да ја информираме јавноста дека станува збор за целосни и произволни дезинформаци, кои не само што не се основани на никаков факт, туку и се дијаметрално спротивни на заложбите кои Владата на Република Македонија ги промовира, а тоа е создавање на поволна клима за работа на медиумите и слободно информирање.

Потенцираме дека не постои никаков нацрт-текст на закон кој ќе ги регулира медиумите, туку напротив во иницијална фала е постапката за утврдување на потребите од усогласување на македонското законодавство со европската Директива за аудиовизуелни медиумски услуги, со препораките и стандардите на Советот на Европа, како и препораките на Европската Комисија, нотирани во Извештајот за напредокот на Република Македонија.

За постигнување на овие цели, Република Македонија доби и дополнителна експертска помош од Република Словенија со поддршка на Европската Унија и инструментот TAIEX. Имено, во следниот период во Република Македонија ќе престојува TAIEX експертот Сандра Хрватин, која ќе оствари поединечни средби со сите засегнати страни, а со цел да даде препораки во која насока треба да се движи понатамошното законско усогласување.

Во периодот што следи и по анализа на препораките добиени од експертот, ќе се испита потребата од измени на постојната регулатива или носење на ново законско решение. За време на целиот процес, јавноста и експертите ќе бидат активно вклучени и консултирани, а се со цел да се добие законско решение што ќе биде прифатливо за сите страни, а кое истовремено ќе може доследно и ефикасно ќе се имплементира.



Реакција на Скај.мк
Скај.мк квалитетно се придржува кон информирањето на јавноста, со тоа што ќе го објави и Вашиот демант. Но, информацијата која ја добивме од наши извори е врз основа на информации со кои располагаше нашиот медиум уште пред еден месец. Токму министерството за транспорт и врски вчера потврди дека, под законот ќе бидат и веб публикациите, а со тоа се отвори сомнежот дека информацијата е многу точна. Ние никаде не информиравме дека се работи за готов законски текст, туку за идеи во нацрт закон.
08-12-2011, 09:00 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#3

Добро, каков и да бие законот тој нема да важи и за Котле, затоа што тој фактички е од Канада, а не од Македонија, или грешка сум?

08-12-2011, 03:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,130
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(08-12-2011, 03:56 PM)acko Wrote: Добро, каков и да бие законот тој нема да важи и за Котле, затоа што тој фактички е од Канада, а не од Македонија, или грешка сум?



Нема да важи.
Има нешто друго застрашувачко, онаа околу што јас и Христо спориме. Ако се секјавате пред некоја година Сашо Орданоски изнесе предлог да се ограничи употребата на интернет. Да се издаваат дозволи кој може да користи интернет. Јанакиевски и Оданоски се "политички противници" ама се борат и дваицата да го сочуваат системот на едноумието.
08-12-2011, 04:49 PM
Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6
#5

(08-12-2011, 04:49 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(08-12-2011, 03:56 PM)acko Wrote: Добро, каков и да бие законот тој нема да важи и за Котле, затоа што тој фактички е од Канада, а не од Македонија, или грешка сум?



Нема да важи.
Има нешто друго застрашувачко, онаа околу што јас и Христо спориме. Ако се секјавате пред некоја година Сашо Орданоски изнесе предлог да се ограничи употребата на интернет. Да се издаваат дозволи кој може да користи интернет. Јанакиевски и Оданоски се "политички противници" ама се борат и дваицата да го сочуваат системот на едноумието.

Абре кой ще ти забрани Интернет .... вие да не сте Северна Корея ...

Това не може да е истина ....

08-12-2011, 05:15 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#6

(08-12-2011, 03:56 PM)acko Wrote: Добро, каков и да бие законот тој нема да важи и за Котле, затоа што тој фактички е од Канада, а не од Македонија, или грешка сум?

Така бе Ацко, супер констатација. Не си ич грешка. Сите веб портали-опоненти на владините политики ке се затворат, и ке остане само-КОТЛЕ да зрачи во етерот. И ке се реализира сонот на Јордан и другите од Комиетот- да се елиминира еден од двата ,формално поделени, противника и ке остане само едниот. А, се знае, со едниот е полесно да се бориш отколку со двајца. Милина една од планот.

09-12-2011, 08:50 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#7

(08-12-2011, 04:49 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(08-12-2011, 03:56 PM)acko Wrote: Добро, каков и да бие законот тој нема да важи и за Котле, затоа што тој фактички е од Канада, а не од Македонија, или грешка сум?



Нема да важи.
Има нешто друго застрашувачко, онаа околу што јас и Христо спориме. Ако се секјавате пред некоја година Сашо Орданоски изнесе предлог да се ограничи употребата на интернет. Да се издаваат дозволи кој може да користи интернет. Јанакиевски и Оданоски се "политички противници" ама се борат и дваицата да го сочуваат системот на едноумието.

Откога бе тоа Јордане, целата опозиција ја претставува Ордановски!?? А, што правиме со стотини новинари и волонтери кои се вклучиле во тие инетернет-медијуми да изразуваат некои свои идеолошки и политички ставови, или напросто не се задовлни како течат работите во Македонија? Па, ако сите тие биле на позиции на Ордановски, зошто воопшто би се вклучиле или ги отварале тие интернет портали?? Светот не е, и не може да биде црно-бела шема. Си видел ливада само со цветови во две бои? Јас не.

09-12-2011, 09:09 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#8

(08-12-2011, 03:56 PM)acko Wrote: Добро, каков и да бие законот тој нема да важи и за Котле, затоа што тој фактички е од Канада, а не од Македонија, или грешка сум?
кога би претпоставиле...

прашање е што е од МК и каде те. како може да се ограничи?
сервер,домејн или ???

потоа следи законска регулатива, а на крај примена.

целата „новина„ е глупост...ама можеби некому ќе послужи!?
здраво е покрената иницијатива против МК,па можеби и оваа новина ќе дополни нечиј „факт или доказ„. особено (за) надвор од МК!
0+0+0=60%
(This post was last modified: 09-12-2011, 10:01 AM by toni_a.)
09-12-2011, 09:58 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,130
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

(09-12-2011, 09:09 AM)hristo Wrote:
(08-12-2011, 04:49 PM)ЈорданПетровски Wrote: Јанакиевски и Оданоски се "политички противници" ама се борат и дваицата да го сочуваат системот на едноумието.


Откога бе тоа Јордане, целата опозиција ја претставува Ордановски!?? А, што правиме со стотини новинари и волонтери кои се вклучиле во тие инетернет-медијуми да изразуваат некои свои идеолошки и политички ставови, или напросто не се задовлни како течат работите во Македонија? Па, ако сите тие биле на позиции на Ордановски, зошто воопшто би се вклучиле или ги отварале тие интернет портали?? Светот не е, и не може да биде црно-бела шема. Си видел ливада само со цветови во две бои? Јас не.



Сашо Ордановски, е член на "групата ФОРУМ". "Групата Форум" Христо ти доаѓака како, Кардељ, се секјаваш кој беше Кардељ, идеологот на титовиот комунизам. Во "групата ФОРУМ" се: Фрчковски, Исмаил, Орданоски, Милчин, Панчевски .... после оваа ке ти биде полесно да пресудиш дали изјавата на Орданоски е безначајна.



Jас затоа потенцирав дека:

(08-12-2011, 04:49 PM)ЈорданПетровски Wrote: Јанакиевски и Оданоски се "политички противници" ама се борат и дваицата да го сочуваат системот на едноумието.


По мене Христо во Македонија сеуште нема ОПОЗИЦИЈА. Тоа е проблемот. Овие "независни" новинари се припадници на "ОПЕРА" и нивна основна цел е да ја спречат појавата на вистинска опозиција.
09-12-2011, 01:51 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#10

(09-12-2011, 01:51 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(09-12-2011, 09:09 AM)hristo Wrote:
(08-12-2011, 04:49 PM)ЈорданПетровски Wrote: Јанакиевски и Оданоски се "политички противници" ама се борат и дваицата да го сочуваат системот на едноумието.


Откога бе тоа Јордане, целата опозиција ја претставува Ордановски!?? А, што правиме со стотини новинари и волонтери кои се вклучиле во тие инетернет-медијуми да изразуваат некои свои идеолошки и политички ставови, или напросто не се задовлни како течат работите во Македонија? Па, ако сите тие биле на позиции на Ордановски, зошто воопшто би се вклучиле или ги отварале тие интернет портали?? Светот не е, и не може да биде црно-бела шема. Си видел ливада само со цветови во две бои? Јас не.



Сашо Ордановски, е член на "групата ФОРУМ". "Групата Форум" Христо ти доаѓака како, Кардељ, се секјаваш кој беше Кардељ, идеологот на титовиот комунизам. Во "групата ФОРУМ" се: Фрчковски, Исмаил, Орданоски, Милчин, Панчевски .... после оваа ке ти биде полесно да пресудиш дали изјавата на Орданоски е безначајна.



Jас затоа потенцирав дека:

(08-12-2011, 04:49 PM)ЈорданПетровски Wrote: Јанакиевски и Оданоски се "политички противници" ама се борат и дваицата да го сочуваат системот на едноумието.


По мене Христо во Македонија сеуште нема ОПОЗИЦИЈА. Тоа е проблемот. Овие "независни" новинари се припадници на "ОПЕРА" и нивна основна цел е да ја спречат појавата на вистинска опозиција.

По твое испаѓа пола Македонија е легло на музички таленти -оперисти. Е, а колку сум имал комплекс ,како мал, што немам музички талент. А, сега гледам дека тоа и не треба да биде некој хендикеп во животот. Напротив.SmajlitoSmajlitoSmajlito

10-12-2011, 11:54 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#11

Христо,
не само за музика, туку и за „супер модератор„ ти фали дарба.
дај барем потруди се да се да се обидеш со „задачата„. успех никој не очекува, ама барем обид.

поздрав
0+0+0=60%
14-12-2011, 11:32 AM
Reply