Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРИМЕР КАКО ГРУЕВСКИ ГО БРАНИ ИМЕТО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1




22-11-2011, 11:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2


Quote:Македонците во Викторија против признавање на група во парламентот со име ПЈРМ 22 November 2011



[Image: noemvri%2022%202011.jpg]

Деновиве бурно реагира македонската заедница околу начинот за признавање на група во Викторискиот парламент под името FYROM поради што се чувствуваат понижени и дискриминирани, но овој пат полека но сигурно се организираат и се претпазливи да не дојде до несакани последици, а своето незадоволство ќе го покажат на различни начини и на различни места.

Реакции имаше на денешната радио програма на македонски јазик на радио http://www.3zzz.com.au/ каде сите сплотени даваа исти изјави дека се против создавање на група на пријателство во Викторискиот парламент каде ќе се користи референцата FYROM.

Во моментот кога дознавме дека ќе заседава Викторискиот парламент наша обврска како активисти е тоа да се упатиме до самиот парламент и да поразговараме со некој од преставниците од овој дом и да го искажеме нашето мислење околу оваа ситуација пред да биде касно, па и затоа во 7 часот бевме на самото место каде средба остваривме со многумина парламентарци на кои им објаснивме која е нашата улога и го искажавме нашето мислење дека и покрај Австралија што е земја со најразвиена мултикултура каде не се толерира дискриминацијата на некој народ, пожелно е доколку дојде со таква точка денес околу формирање на Парламентарна група за пријателство меѓу Македонија и Австралија да се користи уставното име, на што наидовме на позитивен прием кај многумина од преставниците од Викторискиот парламент.
При нашата комуникација со голем дел од парламентарците им подаривме по две знамиња и тоа едното е националното Македонско знаме и државното знаме на Република Македонија на кои со задоволство голем број прифатија да ги понесат со нив македонските знамиња на своето работно место во Викторискиот парламент.
Пред парламентот забележав и други Македонци кои беа загрижени околу фактот дека повторно ќе се повтори неправдата која ни ја нанесе Киро Глигоров далеку најнепопуларниот политичар на сите времиња во Австралија, во Обединетите Нации кога не убедуваше дека оваа референца ПЈРМ ќе биде краткорочна и на крај мораше да се „задоволиме“ со тоа што ни беше понудено.
Овие присутни пред парламентот сакаа да ги видат со свои очи преставниците од македонската заедница кој ќе се обидат да бидат присутни на тој ден, но до таква средба не дојде, но и кој официјално да се преставеше од Македонската заедница кој подржува име на група со име ПЈРМ лично верувам ќе дојдеше до немил настан.
При нашиот телефонски разговор со Генералниот конзул г-дин Саво Сибиновски дознавме дека тој е еден од иницијаторите за создавање на таа група и ни појасни дека е песимист и ќе биде тешко да се оствари позитивен резултат оваа група да биде признаена под името на Република Македонија и нема да биде лошо да биде признаена под името Група на пријатели на Поранешната Југословенска Република Македонија, затоа што таа била и официјална политика на Австралија и дека самиот Сибиновски е против референцата ПЈРМ.
И покрај настојувањето на Сибиновски да се формира ваква група во Викторискиот парламент - по секоја цена, според наши сознанија Македонскиот народ во Мелбурн и Викторија ќе се самоорганизира така што најверојатно ќе се донесе декларација со што нема да дозволат прифаќање на друго име на група освен официјалното државно име на Република Македонија.
Што се однесува до иста таква група парламентарци во федералниот парламент во Канбера е составена за соработка со македонската заедница и со институциите во Република Македонија и е најдено компромисно решение под името - „Група на пријателство на Австралискиот Федерален парламент со Македонскиот Парламент“ што се избегнало секаков проблем кој истото може и тука да се предложи и исфилтрира меѓу нашите пријатели, доколку навистина ги имаме.
Сакам да напоменам дека на настанот т.е прославата „20 години независна Република Македонија“ во Викторискиот парламент на приемот кој го имаше Македонската заедница се роди идеја да се формира такво тело кое ќе придонесе да се продлабочат односите помеѓу двете земји - Австралија и Република Македонија, а дали ќе се создаде таква, времето ќе покаже.
23-11-2011, 01:07 PM
Reply