Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Екс бугарскиот амбасадор Јорданов призна дека работел против македонизмот

Поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија, Александар Јорданов, призна дека додека бил активен дипломат во Скопје работел против македонизмот.

[Екс бугарскиот амбасадор Јорданов призна дека работел против македонизмот]

Во интервју за агенцијата „Фокус“, формирана од поранешни припадници на бугарските тајни служби, екс амбасадорот Александар Јорданов вели дека доктрината на македонизмот е всушност антибугаризам со постојано дејство против која тој се борел додека бил амбасадор во Скопје.

Јорданов, кој во својата најнова книга пишува за своите средби со македонски политичари, тврди дека Бугарија е таа која мора да биде активниот чинител во односите Скопје - Софија.

Во Македонија никогаш не престанал да постои говорот на омраза против Бугарија, вели амбасадорот кој тврди дека во Скопје се соочил со многу случаи на антибугарска кампања на чии спроведувачи им кажувал дека мозоците им се испрани, а јазикот србизиран. Македонија постојано ја краде бугарската историја и ја фалсификува својата, вели во интервјуто за агенцијата „Фокус“ поранешниот бугарски амбасадор во Скопје. /www.kanal5.com.mk

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI...00&egId=13
Без Ботев няма България
15-02-2012, 06:41 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ДИГИТАЛНАТА БИБЛИОТЕКА ПРИ НУБ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА


Грците и Бугарите ја бендисаа нашата збирка на старопечатени книги



Во моментот на корисниците им се нудат 127 дигитализирани публикации од збирката на старопечатени и ретки книги, збирката ракописи и збирката ретка периодика, а најголем број странски посетители на порталот се од Бугарија, САД, Србија, Германија, Австралија и Грција


Ретките книги со кои располага една држава отсекогаш предизвикувале интерес кај јавноста. Сепак, доколку не биле посебно презентирани во рамките на јавен настан, мал број решавал да влезе во библиотека и да побара да ги види. Од друга страна, тие се чувани далеку од очите на јавноста со цел да се заштитат од уништување. Со отворањето на дигиталните библиотеки и нивно преведување во електронска форма овој проблем е надминат. Дигиталната библиотека при НУБ "Св. Климент Охридски" преку порталот (http://www.dlib.mk) на корисниците во моментов им нуди 127 дигитализирани публикации од збирката на старопечатени и ретки книги, збирката ракописи и збирката ретка периодика.

"Заинтересираните граѓани на порталот на Дигиталната библиотека може да најдат и прелистаат 100 дигитализирани книги, а подготвени за вклучување се уште околу 80 наслови. Дека постои голем интерес од страна на граѓаните да ги видат овие ретки книги зборува и фактот што во период од 10 декември 2010 од кога и функционира, овој портал го посетиле над 13.000 посетители. Збирката со старопечатени и ретки книги е најпопуларна меѓу домашните посетители, но интересно е што таа е атрактивна и за странските посетители меѓу кои најмногу има од Бугарија, САД, Србија, Германија, Австралија и Грција, велат од Центарот за дигитализација при НУБ.

Месечно порталот има над 800 посетители, а како што дознаваме најатрактивни и најбарани наслови од страна на читателите кога станува збор за ретките и старопечатени книги се "Крвава кошула" од Рајко Жинзифов, (издание 1870), "Бели мугри" од Коста Рацин, издание 1939, Првиот македонски "Буквар", (издание 1945), "За македонцките работи" од Крсте Петков Мисирков (издание 1903)...

Интересно е што порталот dlib.mk на Дигиталната библиотека е регистриран на сите поважни пребарувачи и индекс-бази на сајтови (Google,Yahoo, Bing, Alexa, Open Directory) се со цел да се популаризира порталот и да се зголеми рејтингот на dlib.mk. Дел до политиката на популаризација на порталот е и отворањето профили на dlib.mk на социјалните мрежи Facebook и Twitter. Така, покрај досега регистрираните 161 корисник директно на порталот dlib.mk, на Facebook веќе се регистрирани 440 корисници...

"Иако порталот на dlib.mk постои релативно кратко, можеме да кажеме дека интересот за него секој ден станува се поголем. За да овозможиме лесна достапност, пребарливост и добра прегледност на податоците за сите корисници и да ги привлечеме повторно да не посетат, работиме на подобрување на дизајнот на порталот со нови функционалности и содржини, а новата верзија треба наскоро да биде пуштена во употреба. Согласно со стратегијата за дигитализација, во иднина во Дигиталната библиотека ќе бидат додадени и други специјални збирки на Националната библиотека за кои сме сигурни дека ќе привлечат големо внимание, како што се Збирката ориентални ракописи и збирката Картографија, која содржи над 6.000 наслови карти, од кои најстарата датира од 16 век", додаваат од Центарот за дигитализација при НУБ "Св. Климент Охридски".

(Д.Т.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=71C06254E2CC...4AEEAE208D
Без Ботев няма България
15-02-2012, 06:47 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонскиот јазик да влезе во бугарските училишта


Македонскиот јазик да влезе во бугарските училишта

Други вести
Ти зборувам Македонијо, сети се Грцијо
Една армија, многу синдикати
Одбраната ќе бара предвремено ослободување на Тарчуловски
Грција е дефокусирана од преговорите, поддржете нè за датум
Македонските и американските војници на заеднички вежби на Криволак
Имаме пари, но Американците ни поправаат училишни тоалети
Детската клиника доби опрема од фондацијата „Трајче Мукаетов“
Снег и ветер до утре, викендов потопло
Чаирчани два дена ќе немаат струја
Снежната „Бурмали-џамија“ стана хуманитарна
Падна покрив врз автомобил
Арктичките птици се топлат на нашиот студ
Највести

Ти зборувам Македонијо, сети се Грцијо
Снежната „Бурмали-џамија“ стана хуманитарна
Се бараат нацисти, убијци, наркобосови и терористи
Македонскиот јазик да влезе во бугарските училишта
Атина се плаши од исклучување од еврозоната
Парите за увезената струја ќе беа доволни за „Чебрен“ и за „Галиште“

Коментари и дебати
Владимир Николоски
Мораме да штедиме, а требаше да имаме
Приоритет мора да бидат големите енергетски и инфраструктурни проекти. Иако можеби не се завршуваат во еден мандат, единствено ваквите инвестиции имаат вистинска повратна вредност и на економски и на политички план ...

Ана Мартиноска
Лошите вести се добри вести?!
Добрата вест е дека иднината се движи кон интерактивната телевизија, каде што публиката има избор, за секој да даде придонес за подобар баланс меѓу доброто и лошото. Лошата вест е дека има и спротивно сценарио, според кое ќе ...

Милан Аџиевски
Пробни балони
Од Вашингтон, преку Белград, но и од Берлин стигнаа два „пробни балона“ - заради спречување на потенцијалните меѓуетнички судири, подобро е етничкото разграничување да биде идентично со државните граници ...

Печати | Прати ја страницата | Врати се назад


Самоопределување, регистрација на политичките партии на малцинствата и билингвално образование препорача независен експерт на ОН по средбата со Македонците во Бугарија




Препорака на експерт на ОН

Право на самоопределување, регистрација на партиите на малцинствата, доследно на пресудите на Европскиот суд за човекови права и воведување на македонскиот јазик во бугарското образование, препорачува Рита Ајзак, меѓународен независен експерт на ОН, во извештајот објавен во јануари.
Организациите на македонското малцинство во Бугарија, со поддршка од Австралиско-македонскиот комитет за човекови права и Македонското движење за човекови права, побара од бугарската влада да ги спроведе препораките од извештајот без одложување.

Во извештајот Ајзак нотира дека бугарската влада го порекнува постоењето на македонско малцинство и не ги признава Помаците (муслиманско население што говори бугарски), квалификувајќи ги двете групи како етнички Бугари. Таа препорачува да им се овозможи самоопределување на малцинствата врз основа на слободно избраниот идентитет на секоја малцинска група. Ајзак бара незаобиколно извршување на пресудата на Европскиот суд за човекови права и неодложна регистрација на партиите на малцинствата.
Независниот експерт на крајот препорачува и воведување на мајчиниот јазик во бугарското образование, особено во регионите со голем процент популација што се смета за малцинство: Роми, турски муслимани и Македонци.

Извештајот е подготвен на крајот на минатата година по нејзината посета на Бугарија, каде што Ајзак се сретнала со претставници на македонското малцинство од ОМО Илинден, на организацијата на репресираните Македонци и на редакцијата на весникот на македонски јазик „Народна волја“.

Во пресудата на Европскиот суд за човекови права, донесена во октомври минатата година, уште еднаш е констатирано дека Бугарија ја прекршува Конвенцијата за човековите права, одбивајќи регистрација на здружението ОМО Илинден, што го попречува одржувањето на нивните собири.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22507
Без Ботев няма България
16-02-2012, 07:08 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Домашните туристи годинава заминаа за Бугарија

18.02.2012 - 16:41 |

Бизнис

Боровец и Банско далеку поатрактивни од Маврово и Шапка. И годинава хит скијачка дестинација за Македонците е соседна Бугарија.

Туристичките работници велат дека интересот за аранжманите споредено со лани е двојно зголемен. Сега цените за 7 дневен пакет во просек се движат по 200 евра за лице.

Покрај планина и скијачка патека Бугарите нудат и најразновидни услуги од кои дополнително заработуваат. Цените и понудите далеку поевтини и поквалитетни од кај нас велат од агенциите и истите неможат да се споредуваат.

Од вкупно три поголеми скијачки центи само два функционираат, а Кожув годинава остана без посетители.

Исплашени да не заглават по домашните и привлечени од евтините странски понуди, најголемиот дел од домашните туристи годинава заминаа за Бугарија.

Борче Пауновски

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/domas...a-bugarija
Без Ботев няма България
18-02-2012, 06:48 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Една статия написана за България , при това без думата България да се спомене нито веднъж Icon_razz

Смешната страна на историјата

Кога веќе сосила се правиме будали, ајде да се будалиме докрај: имаме ли ние во Македонија право да имаме улица Рузвелтова или училиште „Песталоци“? Во нормални средини опкружени со нормални соседи главниот предмет на оваа дискусија би бил од естетска природа. Само, кај можеш да правиш муабет за естетика среде соседи што муабетот за убавото и грдото го сведуваат на тоа дека си им го дрпнал страшилото од нивната нива



Отсекогаш ми било интересно како националистите ја доживуваат историјата: како некакваси однапред планирана приказна со јасно исцртан почеток и крај, небаре станува збор за филмско сценарио - а не за еден куп непредвидливи, меѓусебно испреплетени настани што еволуираат со текот на времето. А бидејќи ја третираат како сценарио (и тоа не обично, ами за блокбастер!) сметаат дека имаат право на копирајт, односно на ексклузивно право на неа, како историјата да е некоја нива на која катастарски прецизно и се знаат и меѓите и тапиите.

Низ оваа призма вреди да се разгледаат во последно време сé погласните комшиски обвинувања упатени кон Македонија за таканареченото фалсификување на историјата. Да нема забуна: под „фалсификување“ не се мисли на негирање или измислување на одредени историски настани (како што на пример официјален Техеран го негира холокаустот или како што приврзаниците на креационизмот сметаат дека пештерските луѓе живееле во исто време со диносаурусите), туку за присвојување личности и настани што наводно не се дел од македонската историја. Ваквите ставови неодамна дискретно ги поддржа и Европскиот парламент - иако би било интересно кога истите аршини би ги примениле на некои личности од европската историја. Дали, да речеме, Кафка им припаѓа на Чесите, со оглед на тоа што станува збор за ашкенаски Евреин чијшто мајчин јазик бил германскиот? Дали Французите смеат да се гордеат со париската авангарда од 1920-тите години, кога се знае дека и Пикасо и Миро и Дали и Буњуел биле Шпанци? Дали Португалците имаат право да му градат споменик на Кристофор Колумбо штом е општопознато дека станува збор за Италијанец? Дали, на крајот на краиштата, германските неонацисти можат да го слават Адолф Хитлер, со оглед на тоа што дотичниот бил Австриец?

Не би да го минимизирам ниту, пак, релативизирам очебијниот факт дека во Македонија веќе извесно време трае процес на преиспитување, редефинирање и редизајнирање на сопственото историско наследство: почнуваат да ни стануваат битни некои историски личности за кои до неодамна деведесет проценти од населението немаше ниту слушнато (иако, рака на срце, не би се заколнал дека е голем процентот на Македонци што знаат да раскажат повеќе од две-три реченици за одамна етаблираните великани на нашата историја какви што се Карпош или Ченто). Овој процес, колку и да изгледа гротескно, е карактеристичен за сите млади нации (напоменувам дека поимот „нација“ го употребувам во контекст на нашата дводецениска државност, а не за нашиот етницитет): низ тој процес поминале сите балкански народи по стекнувањето на независноста. Разликата е што тие тоа го правеле во деветнаесеттиот, а ние во дваесет и првиот век - ама ете, да имавме касмет да потраеше Крушевската Република, пубертетските искуства ќе беа далеку зад нас. Но ајде да видиме што има грешно во тоа што ние, таканеречената „коминтерновска творба“, го правиме во врска со историјата на сопствениот простор?

Во скопскиот градски парк веќе со децении стои споменикот на Гоце Делчев. Станува збор за историска фигура родена во Македонија (во градот Кукуш) и која денес почива во Македонија (во црквата „Свети Спас“ во Скопје). Својот живот го посветил на ослободување на Македонија од отоманското ропство, бил еден од водачите на македонската револуционерна организација, познат по својот став дека (цитирам) „ослободувањето на Македонија е работа на самите Македонци“. И зошто тогаш Делчев да не е дел од историјата на Македонија?

На скопскиот градски плоштад неодамна беше поставен споменик на царот Самуил. Самуил е средновековен владетел, чијашто престолнина била прво во Преспа (езеро во Македонија), па потоа во Охрид (град во Македонија). По смртта на последниот бугарски престолонаследник, Самуил ја презема неговата круна - што од страна на византискиот император Васили Втори било сметано како узурпација (поради што Константинопол никогаш нема да го признае легитимитетот на Самуиловата власт).
Самуиловото царство пропаѓа по битката кај Беласица (планина во Македонија) и ослепувањето на неговата војска кај селото Водоча (село во Македонија). И пак истото прашање: зошто Самуил да не е дел од историјата на Македонија?

Во Скопје исто така постои и споменик на Мајка Тереза, родена скопјанка. Нејзиниот животен пат е поврзан со Индија - но дали некој Индиец би се побунил против поставувањето на нејзиниот споменик во нејзиниот роден град?

Во Скопје постојат и споменици на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито (инаку Хрват по националност) и на албанскиот водач Скендер-бег. Дејноста и на едниот и на другиот во одредени историски периоди ја засегала Македонија - но дали тоа значи дека со поставувањето на нивните споменици Македонија краде дел од хрватската или, пак, од албанската историја?

И кога веќе сосила се правиме будали, ајде да се будалиме докрај: имаме ли ние во Македонија право да имаме улица Рузвелтова (наречена по американскиот претседател Френклин Делано Рузвелт) или училиште „Песталоци“ (наречено по швајцарскиот педагог Јохан Хајнрих Песталоци)?

Во нормални средини опкружени со нормални соседи главниот предмет на оваа дискусија би бил од естетска природа: на пример, дали големината на споменикот на Александар е пропорционална на големината на плоштадот на кој е поставен, или, пак, дали густината на новопоставените споменици е во склад со геометријата на централното градско подрачје?

Само, кај можеш да правиш муабет за естетика среде соседи што муабетот за убавото и грдото го сведуваат на тоа дека си им го дрпнал страшилото од нивната нива?

Авторот е режисер и сценарист


Автор: Дарко Митревски
Без Ботев няма България
26-02-2012, 03:29 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

А защо не и така.....

Првите комшии се најважни
Ерол Ризаов
Македонија нема стратегија за односите со соседите
Можни ли се коренити промени во надворешната политика на Македонија. Имаше повеќе обиди за тоа: преку законска форма, но и преку личните амбиции на речиси сите наши министри за надворешни работи. За на крајот сите да кренат раце и да констатираат дека нова стратегија во надворешната политика е невозможна работа од три клучни причини: прво, не може да се организира каква било посериозна дипломатска активност спрема светот ако нема јасна и конзистентна внатрешна политика. Второ, ако државата која ја претставувате на меѓународната сцена нема државна стратегија за националните интереси и приоритети, верификувана во парламентот од сите релевантни политички партии. И трето, ако државата не е стабилна, ако не владеат правото и демократијата. Покрај овие три фундаментални столба за изградба на добра надворешна политика, има уште десетици други предуслови кои се исклучително значајни, почнувајќи од компетентни и професионални дипломати, големи државници, интелектуалци, деловни луѓе, спортисти... до стабилни финансиски извори кои за малите и сиромашни земји се ограничувачки фактор. Надвор од сето ова, како исклучително значајна е неопходноста од посебна стратегија за односите со соседните држави.

Од сето ова набројано досега Македонија не исполнува ниту еден услов.

Она што е врвен приоритет моментно во надворешната политика, а најмалку се работи на тоа се односите со соседите. До остварување на стратегиските цели - членство во НАТО и во ЕУ патот не оди преку Брисел, Берлин, Вашингтон и Париз, како што е распространето погрешно мислење во Македонија, туку преку Атина, Софија, Белград, Тирана и Приштина.

Зошто за евроатлантските интеграции на Македонија се позначајни првите комшии отколку големите светски и европски сили. Иако поминаа 20 години од прогласувањето на независноста на Македонија, се' уште ниту една голема сила не ги препозна своите интереси во Македонија дотаму да удри на маса и да каже Македонија во НАТО и во ЕУ сега и веднаш. Несреќата е во тоа што и во наредните 20 години не се наsира стратегиски интерес на големите сили за ултимативен став во врска со европските аспирации на Македонија. Она што досега редовно го испорачуваат големите играчи на меѓународната политичка сцена до нашите политички елити е фактот дека Македонија заслужува да биде членка на НАТО и да ги почне претпристапните преговори со ЕУ ако претходно воспостави добрососедски односи со сите свои први комшии. Едноставно, ниту ЕУ ниту НАТО не сака да увезе проблем во меѓусебните односи на две земји редовни членки. Со други зборови, не постои механизам овие две големи воени, политички и економски асоцијации, како што се НАТО и ЕУ, да жртвуваат своја членка заради Македонија. Затоа сите упатуваат на меѓусоседски преговори и на ОН, апстрахирајќи го и правото и правдата. Што е болно, неправедно, ама е така во светот на големите интереси каде што важи правилото земи или остави.

За да се донесат на нула проблемите со нашите соседи како што бараат ЕУ и НАТО навистина ни треба голема дипломатска и преговарачка умешност, мудрост и визија да ја видиме Македонија по 20, 30 или 50 години. Да почнеме од Бугарија. Односите меѓу двете земји со децении страдаат поради тоа кој како гледа на минатото, а не на иднината. Пред една година премиерот Никола Груевски во Софија кажа да им ја препуштиме историјата на историчарите. И навистина време е кога Бугарите и Македонците ќе седнат на заедничка маса без трикови и политикантства да ги признаат реалностите. Македонската држава, македонската нација и создадена свест за тоа, македонскиот јазик, писмо и култура се непобитни факти што веќе преовладуваат во бугарската јавност, со мали исклучоци на радикалите.

Целата средновековна историја на бугарските и на македонските Словени е заедничка и кога војувале против Византија и кога народите на двете земји биле во составен дел на Отоманската Империја. Врвните историчари на двете земји можат, конечно, да седнат и да ја напишат таа објективна историја. Досегашната поради својата идеологизираност направи вистински пустош во главите и на Бугарите и на Македонците.

Со Србија живеевме заедно 73 години во иста држава во разни историски околности. Од Вардарска Бановина со 12.000 српски џандари како своевидна окупација до Федерална Република Македонија, во рамките на Југославија, каде што македонската нација и култура, јазик ја достигнаа својата најголема афирмација во целата своја историја. Односите со Србија денес не се оптоварени со крупни проблеми, нетрпеливост и омраза. Напротив, добрите пријателски односи меѓу народите силно влијаат врз политиката да ги унапредуваат тие релации. Непризнавањето на автокефалноста на Македонската црква од СПЦ е најголем проблем во односите меѓу двете земји што е пречка за пошироко признавање на Македонската црква. Решението на ова прашање оди преку Атина.

Односите со Атина, исто така, се во доменот на историјата и траат од првата средба и војна на Словените со Византија до ден-денешен. Како и со Бугарија, така и со Грција, Македонија треба да го сврти повеќе погледот кон иднината отколку кон минатото. Првиот европски потег кон Атина Mакедонија треба да го направи со тоа што ќе ги реафирмира гордо своите словенски корени. Тоа треба да се направи не поради Грците, туку заради себе и сопствената нација и историја. Македонската научна и интелектуална елита е пред историски предизвик да ја отстрани политиката од науката и да ја препушти античката историја на науката која јасно определува дека културното наследство на античките и древни цивилизации припаѓаат на сите. Нема еден наследник на антиката. Само со таков пристап може да се одмрзнат преговорите меѓу двете земји и да се воспостави меѓусебна доверба. Знам дека за ваквиот мој став неизменет од првиот ден на нивното проблематизирање меѓу двете земји ќе рипнат дежурните патриоти и заштитници на националните интереси. Тоа стана вообичаен фолклор и во Грција и во Македонија. Работа на политиката и политичарите е како да направат амбиент двете страни да се чувствуваат победници. Додека ги слушаме истите труби, тоа е неизводливо.

Односите со Албанија и со Косово колку и да изгледа апсурдно ќе зависат од стабилноста на односите на Македонија со Бугарија, Грција и Србија. Но, и на Тирана и Приштина со Белград, Атина и Софија. Охридскиот договор е најголемиот капитал и на Албанците и на Македонците за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи. Тоа е единствен документ што го потпишале Македонците и Албанците со меѓународна гаранција за територијалниот интегритет и целоста на Македонија. Неговата реализација во животот ќе биде доказ дека е можно мултиетничко и мултикултурно општество што е недостижно и за многу европски земји. Охридскиот договор е македонска влезница во ЕУ и во НАТО.

Има ли капацитет Македонија да изгради нова стратегија кон соседите соодветна на времето во кое живееме и целите што ги имаме. Ако има, ќе биде дел од европското семејство. Ако нема, остануваме последни во Европа и на Балканот.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...0D3E6990BD
26-02-2012, 06:50 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Борисов им се закани на функционерите кои добиле бонуси – парите назад или отказ

Бугарскиот премиер Бојко Борисов рекол дека ќе ги отпушти сите министри и други високи функционери кои добиле бонуси во време на криза ако до петок не ги вратат или не ги донираат во хуманитарни цели.

[Борисов им се закани на функционерите кои добиле бонуси – парите назад или отказ]

Првите луѓе на Фондот за здравствено осигурување и на Државната регистарска агенција примиле бонуси во износ од 8.200 односно 32.940 американски долари, пари исплатени од државната каса.

Директорката на регистарската агенција Виолета Николова поради ова неодамна беше сменета, додека директорката на Фондот за здравство, Нели Нешева сама, на барање на премиерот, си поднесе оставка.

Бугарската влада денеска одлучи да побара повраток на тие пари.

„Министрите, нивните заменици, директорите, гувернерите и нивните заменици нема да земаат дополнителни пари во време на криза“, рекол Борисов. /www.kanal5.com.mk
Без Ботев няма България
29-02-2012, 06:53 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија и Романија се уште без „виза“ за влез во шенген-зоната

Бугарија и Романија се уште без „виза“ за влез во шенген-зоната

Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, изјави дека земјите-членки на Европската унија усвоиле патоказ за приклучување на Бугарија и на Романија во шенген-зоната и додаде дека одлуката за влезот на овие две држави ќе биде донесена во септември.

Одлуката за влез на некои земји во шенген-зоната мора да биде едногласна.

Меѓутоа, холандскиот премиер Марк Руте изјави претходно во Брисел дека Холандија ќе се изјасни против влегувањето на Романија и на Бугарија во шенген-зоната се додека тие две земји не ги реформираат правосудните системи и не спроведат борба против корупцијата и организираниот криминал.

Холандија и Финска ја предводат струјата во ЕУ, која е против влезот на Бугарија и на Романија во зоната на безвизниот режим на ЕУ.

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID...246CD2A42A
Без Ботев няма България
02-03-2012, 06:57 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонците во Голо Брдо формираа друштво "Мост"


Во регистарот на Основниот суд во Тирана запишано е уште едно друштво на Македонците во Албанија. Станува збор за друштвото "Мост" на Македонците од областа Голо Брдо. За претседател на друштвото е избран Бесник Хасани, за потпретседател Илбер Кадриу, додека за секретар е избран Лавдарим Мета.
- Нашата цел како друштво пред се ќе биде борбата за признавање на Македонците во Голо Брдо од страна на албанската држава, воведување на македонскиот јазик во училиштата во Голо Брдо, зачувување на нашиот македонски идентитет, култура, традиција, јазик, фолклор и обичаи. Исто така, наша задача ќе биди и спречување на бугарската пропаганда во Голо Брдо и обидите на Бугарија за побугарчување на Македонците во Голо Брдо, вели претседателот Бесник Хасани.

Друштвото ќе дава и логистичка помош на единствената македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција. Седиштето на друштвото е во Општина Требиште, а набрзо ограноци ќе бидат формирани и во другите две општини во областа Голо Брдо, општина Острени и општина Стеблево.

http://vecer.com.mk/?ItemID=D9AC9C4EF40F...C7DF59DACC
Без Ботев няма България
03-03-2012, 06:46 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


По две децении омраза, пријателите повторно се среќаваат


Србите учат турски, а Хрватите обожаваат српски!



На Балканот се случуваат процеси на приближување и интеграција. Природни и цивилизациски, без притисоци и местења од страна, за разлика од оние во времето кога, пред две децении, се разгоруваа делбите и војните



Две децении по војните во бивша Југославија, кога со вооружени судири се урна федерацијата, а шесте републики тргнаа понатаму како независни држави, гледавме постојни тензии помеѓу некогашните братски републики. Словенија и Хрватска се мразеа поради тоа што Словенците земале дел од хрватското море. Хрватите и Србите, пак, војуваа, затоа што српското малцинство, кое тогаш претставуваше 15 проценти од хрватското население, со траумите на усташките етнички чистења не сакало да си оди од Југославија во независна Хрватска... Босна ја плати највисоката цена на српско-хрватските намери она што го загубиле да го наплатат од Босанците... Косово е приказна сама за себе...

Бадијала по две децении, од западни извори и медиуми, дознаваме дека војната била потпалена од страна. Дека е планирана уште по смртта на Тито и подготвувана да се случи во приближно исто време со падот на Берлинскиот ѕид и уривањето на СССР. Дека масовните убиства во Рачак (Косово) или Маркале како и масакрот на војниците на ЈНА во повлекување во Сараево и Тузла (Босна), кои беа вовед за тешки воени судири, биле режирани, и свесно медиумски злоупотребени за да се создаде потребната воена атмосфера.

Наместо да се смени системот, а да се зачуваат економијата и социјалното ниво, како што се случи во Унгарија, Полска или Романија... нам ни се случија тешки војни, транзиции и уривања на комплетниот економски потенцијал. Освен Словенија сите други и ден-денес се под економското и социјално ниво кое, како републики, го имаа во Југославија: бесплатно здравство и образование, безбеден живот, сигурна пензија и евтин стан и просечна плата од околу 600 евра.
Две децении потоа, сега, не под притисок на странски политички интереси, туку под влијание на природните процеси, народите на Балканот се приближуваат еден кон друг. За почеток, спортот стартуваше со балкански лиги во кошарка и ракомет. Инвеститори од Србија влегуваат во Македонија и Словенија, а хрватските во Србија, Босна и Македонија...
Македонија има одлична соработка со сите поранешни југословенски републики, плус и со Косово, кое од покраина напредуваше до република со фуснота. Само Албанија се уште не не признала под уставното име. Што е особено важно, имаме одлични односи и со Турција, новиот балкански ментор.

Филмот на Анџелина Џоли, "Во земјата на крвта и медот", кој е оценет како пропаганден антисрпски филм е осуден, како таков, и во хрватската јавност. Загреб и Белград најавија повлекување на сите меѓусебни тужби за дејствија од времето на војните. Босна, по победата на помладиот Изетбеговиќ на изборите, сега игра добитна комбинација со баланс помеѓу српските и хрватските интереси, а во полза на опстанок и функција на босанската федерација...
Балкански хит, економски и културолошки, е Турција. Држава под стабилна власт, со голем економски развој и паметна политика на ширење влијание врз Балканот без употреба на сила и закана. Викендов во Нови Пазар дојдоа навивачи на турскиот Фенербахче да навиваат заедно со новопазарските Бошњаци против Партизан. Се помина пријателски и мирно. Дури и резултатот беше нерешен. Турција, полека, за Бошњаците станува алтернативна татковина и нација. Белградски "Блиц" објави дека во школите за странски јазици најголема експанзија има учењето на турски јазик.

Хрватски "Јутарњи лист", пак, констатира дека емитувањето на старата српска, југословенска, серија "Жикина династија", во вторникот на РТЛ ја гледале еден милион Хрвати! Заедно со претходно емитуваната "Тесна кожа" влегуваат во петте најгледани ТВ-емитувања кај Хрватите. Ова, до скоро, беше незамисливо.

Ова е особено невообичаено затоа што се работи за стари, повеќе пати гледани филмови и серии кои, по толку време повторно се емитуваат и се гледаат повеќе од ултрапознатите холивудски и турски серии.

Балканот, конечно, влегува во мирни води на пријателство и интеграции. Исклучоци има, пред се во агресивната грчка и бугарска политика кон Македонија, плус она што го трпиме како провокација од Косово. Но, Грците својата политика, севкупна, ја плаќаат прилично болно. Бугарија е на опашката на европскиот развој и цивилизациски вредности, а Косово деновиве го загуби правото да се претставува како република, туку смее да го користи само називот Косово, кој не дефинира државност.

http://vecer.com.mk/?ItemID=DD88190A7C25...B459D7305A

Да не забравяме , че това си е официоз на власта в Македония и подобни внушение - България не чини само сърбите чинат се насаждат от години
Без Ботев няма България
05-03-2012, 06:26 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


ИНСИСТИРАЊЕТО ЗА РЕВИДИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА ИСТОРИЈА Е СЕКОГАШ АКТУЕЛНО



Наместо да се извинат за злосторствата, Бугарите бараат да ги претставуваме како ослободители



Бугарски историчари кои ги застапуваат националистичките теории дека Македонците и Бугарите се ист народ со заеднички корен бараат итно ревидирање на заедничката историја, но и претставување на бугарските окупаторски сили во Втората светска војна како ослободители!? Тие ја поздравуваат и резолуцијата на Комисијата за внатрешни работи при Европскиот парламент за ревидирање на историјата меѓу Македонија и Бугарија, за која тврдат дека ќе го докаже нивниот став, дека се до почетокот на 20 век Македонците биле дел од бугарската нација. Тие обвинуваат дека во Македонија во моментов ескалира мегаломанија која има цел промени историјата за бугарското културно историско наследство на Балканите.

Нивните македонски колеги, пак, не сакаат да коментираат ставовите на Здружение коешто го финансира ултранационалистот Красимир Каракачанов.
- Едноставно ова не заслужува коментар. Наместо да се извинат за сето она што му го направија на македонскиот народ во текот на Втората светска војна, да се соочат со сопствената историја и со сето она што го имаат направено во текот на таа историја, тие бараат ревидирање на историјата, вели претседателката на Здружението на историчари на Македонија, Наташа Котлар - Трајковска.

Таа додава дека за да се стигне до заедничка прослава на заеднички датуми, треба да се поправи базата, а ако се поправи базата, тогаш не би требало да постои ниту проблемот со името и со признавањето на македонскиот јазик и народ.
- Меѓутоа, прашањето задира уште подлабоко. Ние како историчари ако сакаме да го следиме развојот на македонскиот народ во конкретниот период, во 19 век, тогаш тоа треба да го направат и колегите од Бугарија, но и од Грција, вели Котлар - Трајковска.

(Е.А.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=D4B4213920E2...6A369CD027
Без Ботев няма България
05-03-2012, 06:31 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

И "24 часа" правят каквото могат по въпроса...Значи не само в македонската преса, но и в България храбри носители на българщината са Божидар, Красимир, посланика Александър, журналиста Иван...

http://www.24chasa.bg/Article.asp?ArticleId=1262317

Истина ли е това, което внушават обзорните материали - че църквата "Св. Спас" се губи сред минарета; че Груевски някога бил съветник на Джинджич; и че Георги Иванов - член на Югославския комсомол?
То наистина нашата работа - "Присмял се Щърбел на Хърбел"...и то кога - за баба Марта и 3-ти март.../Между другото впечатлиха ме думите на един български министър тъкмо за 3-ти март - две империи се изпотрошиха, а България от това - празник направи...Но пък то май точно в това е номера!/
Доброто в тези обзорни материали е, че д-р Желев не е сред коментаторите; лошо е, разбира се, че не му дават думата много, много - но така е и по-добре май.
05-03-2012, 11:06 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

и че Георги Иванов - член на Югославския комсомол

Пардон - член на ЦК на въпросния комсомол - един вид нещо като И. Калфин или Н. Банев...в български еквивалент.
05-03-2012, 11:14 AM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

(05-03-2012, 06:26 AM)Топорчо Wrote:
По две децении омраза, пријателите повторно се среќаваат


Србите учат турски, а Хрватите обожаваат српски!



На Балканот се случуваат процеси на приближување и интеграција. Природни и цивилизациски, без притисоци и местења од страна, за разлика од оние во времето кога, пред две децении, се разгоруваа делбите и војните...

Ќе го прекршам непишаното правило да не се коментира на темава. Лигава статија и автор кој нема мадиња да се потпише под неа. Не е важно, како да не можеме да претпоставиме кој е. Ние сме имале војни и "транзиции". Да не треба војните во Босна или Хрватска да ги сметаме за свои? Или се тука само за оправдание за економското заостанување дури и 16 години по нивниот крај? "Вечер" го допре дното.
Let me hear you make decisions without your television.
(This post was last modified: 05-03-2012, 11:23 AM by Gnoj.)
05-03-2012, 11:19 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

(05-03-2012, 11:19 AM)Gnoj Wrote:
(05-03-2012, 06:26 AM)Топорчо Wrote:
По две децении омраза, пријателите повторно се среќаваат


Србите учат турски, а Хрватите обожаваат српски!



На Балканот се случуваат процеси на приближување и интеграција. Природни и цивилизациски, без притисоци и местења од страна, за разлика од оние во времето кога, пред две децении, се разгоруваа делбите и војните...

Ќе го прекршам непишаното правило да не се коментира на темава. Лигава статија и автор кој нема мадиња да се потпише под неа. Не е важно, како да не можеме да претпоставиме кој е. Ние сме имале војни и "транзиции". Да не треба војните во Босна или Хрватска да ги сметаме за свои? Или се тука само за оправдание за економското заостанување дури и 16 години по нивниот крај? "Вечер" го допре дното.

The rules are there are no rules Icon_razz

Грк и Бугарин се коцкале во гевгелиските казина со лажни платежни картички


Гевгелиската полиција поднесе две кривични пријави против грчкиот државјанин Т.А.(39) и бугарскиот државјанин Г.С.(39), за сторени две кривични дела „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

[Грк и Бугарин се коцкале во гевгелиските казина со лажни платежни картички]


Во септември и октомври 2011 година, во Гевгелија пријавените во две казина при играње игра со лажни платежни картички извршиле четири трансакции во износ од 250.300 денари -соопшти МВР./www.kanal5.com.mk

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI...ntId=88067
Без Ботев няма България
05-03-2012, 05:47 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Во Бугарија уапсен Зоран Даневски осомничен за продажба на 1,4 милион евра жито од државните резерви

Поранешниот директор на ветеринарната управа и директор на комбинатот Џумајлија е уапсен во Бугарија по меѓународна потерница за финансиска проневера со државните резерви во жито, соопшти МВР.

[Во Бугарија уапсен Зоран Даневски осомничен за продажба на 1,4 милион евра жито од државните резерви]

Зоран Даневски е уапсен во зимското одмаралиште Банско во Бугарија. Во Македонија се товари за проневера на речиси милион и 400-тини илјади евра (86 162 031 денари). Толку заработил затоа што ги продал 4.451.229 килограми пченица и илјада тони јачмен од државните резерви складирани во силосите на Џумајлија. Купопродажбата ја извршил спротивно на договорот со Бирото за стокови резерви.

Пред да биде откриена проневерата Даневски избега од Македонија. Се шпекулираше дека избегал дури во Америка, но бугарската полиција го фати во скијачкиот центар Банско. Десетина дена траела постапката за идентификација на бегалецот.

Даневски беше директор на вториот по големина агро комбинат во Македонија, Џумајлија од Лозово. Под негова контрола беа околу 5 илјади хектари земја, млин, пекара, винарска визба и сточарска фарма. Најголем дел од имотот на Џумајлија е заложен под хипотека за кредити и веќе се распродава, додека државата ја раскина концесијата и го врати земјиштето во свое владение. Многу тиквешки лозари се жалат дека Џумајлија на Даневски не им го исплатила откупеното грозје од две последни берби.

Миомир Серафиновиќ

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI...ntId=88066
Без Ботев няма България
05-03-2012, 05:49 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

КОГА МЕРАКОТ Е ГОЛЕМ


Бугарин и Грк во Гевгелија се коцкале со лажни картички



Бугарски и грчки државјанин сакале да си ги задоволат хазардерските потреби, но немале пари па затоа набавиле фалсификувани кредитни картички преку кои успеале да извадат околу 4.000 евра, со кои неуспешно се искоцкале низ гевгелиските казина, информираше МВР.
Станува збор за Т.А. (39) и Г.С. (39), против кои биле поднесени кривични пријави за изработка и употреба на лажна платежна картичка.

Според полициската информација тие во два наврати, во септември и октомври, дошле во Гевгелија и веднаш отишле во казината за да играат рулет. Фалс картичките ги употребиле на касите од каде што подигнале жетони за игра кои набрзо ги изгубиле.

Случајот бил откриен кога сопствениците на картичките забележале дека им недостасуваат 250 илјади денари од картичките кои биле потрошени во гевгелиските казина, место каде што никогаш не биле. Тие веднаш ги алармирале банките и полицијата која по кратката истрага ги открила измамниците.

http://vecer.com.mk/?ItemID=EEC554027242...AE7F5AC452
Без Ботев няма България
06-03-2012, 06:36 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонија ќе ги обештети семејствата на загинатите бугарски туристи !

По 4.500 илијади евра за семејствата на удавените бугарски туристи во Охрид.

Две ипол години по несреќата, семејствата и роднините на загинатите Бугари во бродската несреќа “Илинден”, ќе добијат парично обештетување. Станува збор за вкупна сума од 67.500 евра.

Бугарските медиуми објавуваат дека роднините на загинатите, неколку месеци преговарале за да ја добијат оваа сума. Бугарите ќе бараат и дополнителна компензација од Министерството за транспорт и врски, од шефот на канцеларијата за навигација на Охридското езеро и од двајцата осудени за несреќата.

Од Транспорт и врски велат дека до нив не е пристигнато никакво барање за компензација.

Во меѓувреме , споменикот кој го подигна Бугарија во чест на Македонците кои помогнаа во спасувањето на туристите неколку пати е уништуван и ограбуван, пишуваат бугарските медиуми.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 тата, кога бродот “Илинден “на пат кон Св. Наум потона во близнина на кампот Елешец.

Загинаа 15 бугарски туристи. За несреќата се осудени капетанот Сотир Филевски и Бранко Баиќ, овластениот преставник на германски “Лојд”, кој го издал безбедносен сертификат за бродот. Двајцата добија по 1 година казна затвор. Бугарите, сега бараат ново судење.

Снежана Јовановска

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/m...ki-turisti
Без Ботев няма България
06-03-2012, 07:03 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

вторник, 06 март 2012, 15:53
Зголемена проекцијата на бугарскиот БДП


Бруто домашниот произвоед на Бугарија во 2011 година нараснал за 1,7 отсто во однос на 2010 година, благо ревидирајќи ги нагоре прелиминарните податоци, но сепак остана под владините прогнози, покажаа денеска објавените податоци на бугарскиот Национален институт за статистика.

Институтот минатиот месец соопшти дека годишниот раст за 2011 година бил 1,6 отсто, пренесоа агенциите.

Во последниот квартал од 2011 година БДП, исто така, нараснал за 1,6 отсто во однос на претходната година, што е раст од прогнозораните 1,5 отсто во февруари.

Трендот на стопански раст, меѓутоа, почна да бележи пад, бидејќи 2011 година почна со раст од 3,2 отсто, при што во вториот квартал БДП0то опадна на 2,2 отсто, а во третиот на 1,6 отсто.

Стопанскиот раст, на квартално ниво, благо е ревидиран надолу за 0,3 отсто во последниот квартал, во однос на првобитната проценка од 0,4 отсто.

Владата во ноември предвидуваше годишен раст од 2,8 отсто за 2011 година.

Бугарската влада за 2012 година предвидува раст од 2,3 отсто.


http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/42...t_bdp.aspx
Без Ботев няма България
06-03-2012, 07:06 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Пред Велигден јајцата поскапи за 40 отсто


Последниве денови цената на јајцата во Бугарија се зголемени дури за 40 отсто, што предизвика револт кај потрошувачите кои за претстојниот Велигден ќе купуваат поголеми количества.
"Нема да дозволиме шпекулации со цената на јајцата, фармерите и трговците очигледно го испитуваат пазарот, но мора да ја намалат цената. Нема да се мешаме во начелата на слободниот пазар, но постојат и поевтини јајца од Полска кои може да се увезат", изјави Мирослав Најденов, министер за земјоделство на Бугарија.

Фармерите,кои вчера му ветија на министерот дека ќе ја намалат цената, за ова поскапување ја обвинија ЕУ која од 1 јануари забрани употреба на стари, помали кафези за кокошки.

http://vecer.com.mk/?ItemID=3C13DD98BD54...42806D7FBD
Без Ботев няма България
08-03-2012, 07:18 PM
Reply