Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

[/align]


Мостот на Дунав кој го градат Бугарија и Романија, а кој треба да биде пуштен во употреба во април, ќе го направи неинтересен Коридорот 10 кој минува низ Србија и Македонија, за автопревозниците, оценува српското Министерство за градежништво, пренесуваат српските медиуми.
Според пишувањето на српските медиуми, транзитот низ Србија сега ќе биде за100 евра поскап по шлепер во однос на трасата низ Романија и Бугарија. Поради ваквата состојба, од српското Министерство за градежништво алармираат дека државата треба итно да ги забрза царинските процедури и да ги намали таксите,за да не се случи превозниците да го заобиколуваат Коридорот 10.
Се предвидува дека сите шлепери од Турција кон централна, северна и западна Европа, по пуштањето на мостот на Дунав ќе се пренасочат на Коридорот 4, правец кој е за 100 километри подолг и е со понизок степен на изграденост од Коридорот 10. Но, транспортот по него е поевтин и не се губи време на формалности на границите бидејќи двете земји се во ЕУ
Според калкулациите на превозниците, за половина ќе се намали трошокот на преминување на Дунав, односно, ако сега цената на фериботот е 100 евра, мостарината на новиот мост нема да надмине 50 евра. Ако на тоа се додадат и патарините низ Унгарија и Романија, користењето на Коридорот 4 како алтернатива на Коридорот 10 ќе биде за 100 евра поевтино.
Според српските медиуми, меѓународните превозници тврдат дека патот низ Србија, ги чини вкупно 200 евра по камион.
За да се подобри конкурентноста на Коридорот 10, српските експерти препорачуваат Македонија и Србија да ги поедностават граничните процедури и да ги забрзаат градежните работи на комплетирањето на Коридорот 10.

http://www.plusinfo.mk/vest/79824/Noviot...ridorot-10
Без Ботев няма България
10-02-2013, 06:26 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бизнис | 11. February 2013 - 12:11
Најденов: Бугарија и Грција заедно против Македонија и Турција


Бугарија и Грција треба да се обединат за да се справат со конкуренцијата во земјоделството што доаѓа од земјите соседи Македонија и Турција, повика бугарскиот ресорен министер Мирослав Најденов.

Според Најденов, кој викендот го посети саемот „Зоотехна“ во Солун, Македонија и Турција се уште не се членки на ЕУ поради што не се задолжени да ги спроведуваат европските закони, а воедно уживаат и привилегии во однос на агросекторот што ги немаат земјоделците во Унијата.

- Соседи сме со Грција и нашата амбиција е да овозможиме поголема заедничка размена, нагласи Најденов.

На долгоорочен план, додаде, освен зголемувањето на конкурентноста, голем предизвик се и климатските промени особено ако се земе предвид дека во регионот веќе е евидентен недостигот од вода.

Најденов повика на интензивирање на трговската размена меѓу Бугарија и Грција преку поголем извоз на бугарски жита во Грција, а поголем увоз на грчко овошје и зеленчук.

http://www.sitel.com.mk/najdenov-bugarij...-i-turcija
Без Ботев няма България
11-02-2013, 03:25 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 10.02.2013, 16:48

На Бугарите им пукна филмот од ЕВН


Илјадници Бугари протестираа вчера во повеќе градови поради покачувањето на сметките за струја, јави „Ројтерс“. Протести се одржаа во Софија, Варна, Пловдив и во Благоевград каде што илјадниците граѓани во знак на протест ги палеле дебелите сметки за струја, кои од лани во јули се покачени за 13 проценти. Гневот кај граѓаните кулминирал деновиве кога поради студеното време драстично скокнале јануарските сметки.

На протестите се извикувало „мафија“, „оставка“ и притоа е побарана ренационализација на системот за дистрибуција на струја. Во Пловдив протестите се одржаа пред седиштето на ЕВН. Локалните медиуми јавија дека два автомобила на компанија биле запалени.

Во Бугарија дистрибуцијата на електрична енергија е поделена меѓу три компании - австриска ЕВН, чешката ЦЕЗ и „Енерго-про“.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...690D38770E
Без Ботев няма България
11-02-2013, 03:31 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Евростат: Најдобро се платени работниците во Данска, а најлошо во Бугарија

Најдобро платен работен час во земјите-членки на Европската унија е во Данска - 25 евра бруто, а најмалку заработуваат Бугарите - 1,5 евра за час, што е за дури 17 пати помалку од Данците, покажа истражувањето на статистичка служба на ЕУ (Евростат).


Истражувањето се спроведува од 2002 година на секои четири години, а Хрватска е вклучена во последното, кое се заснова на податоците од 2010 година. Според износот на бруто цената на трудот, Хрватска е петпати „послаба“ од најдобрите.

- Разликата во платите меѓу богатите Скандинавци и сиромашниот југ е огромна, но разликата во стандардот не е толку драстична доколку вредноста на платите се спореди до количеството стоки и услги кои можат да се купат на локалниот пазар, се истакнува во извештајот на Евростат.

Статистичка служба на ЕУ наведува дека ако се земе во обзир куповната моќ на Данците, тие не живеат 17 туку само петпати подобро од Бугарите,

Хрватите во 2010 година имале нешто подобри бруто плати од Полјаците, Словаците и Чесите, но кога платите би се споредиле со локалните цени се доаѓа до заклучок дека стандардот им бил изедначен.

Евростата наведува пример, стоките и услуги кои Данецот во својата земја би ги платил 25 евра, во Хрватска би ги платил 17 евра.

http://kurir.mk/svet/biznis/103157-Evros...o-Bugarija
Без Ботев няма България
11-02-2013, 07:56 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


КАДЕ СЕ НАЈДОБРО ПЛАТЕНИ РАБОТНИЦИТЕ!?


Хрватите со најголема, а Бугарите со најмала заработувачка



Најдобро платените работници во ЕУ живеат во Данска и имаат бруто-заработувачка до 25 евра за час, додека најслабо платени се работниците во Бугарија, кои заработуваат по евро и пол на час. Во Македонија работникот заработува 2,5 евра за еден час работа, покажува истражувањето спроведено од европската статистичка служба Евростат.

Во регионот, Хрватските работници заработуваат по 4,8 евра на час, но со таквата плата живеат исто како и работниците во Македонија, Полска или Чешка. Тоа значи дека македонскиот работник иако заработува 2,5 евра, со нив може да купи исто колку и хрватскиот работник со неговите 4,8 евра.

Но, по износот за бруто-цената за работа, Хрватска е пет пати послаба од најдобрите, а моменталната ситуација е најверојатно полоша од 2010 година, бидејќи платите стагнираат или паѓаат.

Сепак, овие податоци се однесуваат на бруто-износот, па нема податоци колкава е нето-цената на еден час работа и колкав е износот на платените давачки.

Забележително е дека разликата меѓу платите на работниците од богатата Скандинавија и сиромашниот југ е огромна, но разликата во стандардот е нешто помала, ако се земе предвид колкава количина услуги и производи може да се набават со заработените средства.
Разликата меѓу најдобро и најслабо платениот час работа, во Данска и оној во Бугарија, е дури 17 пати, но Евростат наведува дека ако се земе куповната моќ на Данците, тогаш тие имаат пет пати подобар стандард од Бугарите.

Поради високите даноци и политиката која наложува оние што имаат повеќе да плаќаат повисоки даноци, овие држави се прилично скапи дестинации за туристите од југот и југоистокот на Европа.

http://vecer.com.mk/?ItemID=222BE412E2DD...E1CFCC28F5
Без Ботев няма България
12-02-2013, 06:17 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 11.02.2013, 17:57
НОВ ПРЕДЛОГ НА СОФИЈА

Бугарско-грчка унија против македонските земјоделци


Министерот Најденов порачал дека двете земји мора да се здружат во битката против конкурентите Македонија и Турција, кои не се обврзани да ги почитуваат европските закони
Бугарија и Грција мора да се здружат за да ја поразат конкуренцијата од Македонија и Турција во земјоделскиот сектор, порачал бугарскиот министер за земјоделство Мирослав Најденов. Образложението на Најденов за ваквиот предлог бил дека Македонија и Турција не се дел од Европската унија и не се обврзани да ги почитуваат европските закони, а имаат привилегии што не им се достапни на земјоделците од Унијата. Рецептот, според него, е обединување со Грција против конкурентните соседи.

- Ако ги здружиме силите, би можеле да се справиме со проблемот. Треба да бидеме конкурентни. Тоа воопшто не е лесно со оглед дека Бугарија и Романија с` уште не можат да ги добијат максималните субвенции. Грчките земјоделци, на пример, земаат трипати поголеми субвенции од бугарските – објаснувал Најденов во Солун.

Македонија, освен на средбата на министрите за земјоделство на Бугарија и на Грција, на изложбата во Солун, била тема и на разговорите меѓу шефовите на дипломатиите на Грција и на Франција, Димитрос Аврамопулос и Лоран Фабиус.

Една недела по посетата на Аврамопулос на Париз, грчките медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, пишуваат дека двајцата министри, сепак, не разговарале само за прашања од „симболичен интерес“, како што објавија тогаш, туку и за теми од суштинско значење.

Во контекст на проширувањето на ЕУ тие зборувале за грчко-турските односи, а и за Македонија и се согласиле дека ги поддржуваат кандидатите за членство ако ги исполнуваат сите критериуми што се неопходни за влез во ЕУ. Според грчките медиуми, нагласен бил „случајот со Скопје“ и пораката од декемврискиот Европски совет за решавање на прашањето за името.

А името повторно било во центарот на вниманието на настан одржан во Солун.

- Во никој случај не смее да се прифати име на Скопје кое во себе ќе го вклучува зборот Македонија - изјавил поранешниот грчки заменик-министер за труд Никос Николопулос.

Тој, како што јави МИА, го изјавил ова во својот говор на собир посветен на надворешната политика и националната одбрана што го организирала партијата Независни Грци во Солун.

Николопулос го почнал говорот со зборовите: „Овде, во Солун, каде што чука срцето и умот на Македонија“ и ја обвинил грчката влада дека нема никаква надворешна политика, ниту национална стратегија.

- Солун е главниот град на Македонија, а Грците што живеат во северниот дел на земјата се Македонци – изјавил тој.

Инаку, Николопулос лани во јули поднесе оставка од функцијата заменик-министер за труд по само неколку часа откако владата на Андонис Самарас доби поддршка во парламентот по изборите. Неколку месеци подоцна тој беше отстранет од парламентарната група на Нова демократија поради отвореното спротивставување на политиката на Самарас. Сега е во Христијанско-демократското движење, за кое вели дека ќе прерасне во политичка партија кога ќе дојде време.

(Ж.П.Б.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=55B7F9DA15...A9E067A40B
Без Ботев няма България
12-02-2013, 06:22 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Тук вече съм шокиран. Една новина от вчера , за която си мислех , че просто е невъзможно да се използва в негативна смисла, ама в Македония няма невъзможни неща , когато се касае за България.

13.02.2013, 11:44
Милановиќ му одржа лекција на Борисов


Хрватскиот премиер среде Софија отфрли секаква можност Хрватска да ја блокира Македонија, како што тоа го прави Бугарија

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ му одржа лекција од добрососедство на бугарскиот лидер Бојко Борисов, и тоа не на неутрално место, туку среде прес - конференција во Софија. Како што пренесоа бугарските медиуми, Милановиќ отфрлил секаква можност Хрватска во иднина да блокира некоја земја аспирант за членство во Европската унија, и во тој контекст најавил дека безусловно ќе ја поддржува Македонија.

„Хрватска ќе ја поддржува Македонија на секаков можен начин, бидејќи нема било какво нерешено прашање со неа. Македонија во однос на членството во НАТО и ЕУ е премногу долго во неодржлива ситуација. Иако не сме соседи, Хрватска ќе биде добар партнер на Македонија и нема да создава проблеми на патот кон членство во Европската унија на Македонија, Бих, Црна Гора и Србија“, одговорил Милановиќ на прашањето дали ќе Хрватска ќе ја поддржи препораката за преговори што ја најавува Брисел за Македонија. Според него, секоја земја што има интерес треба да може да и се приклучи на Унијата, бидејќи тоа е во хрватски интерес.

Хрватска на први јули годинава и формално треба да стане членка на ЕУ, но ратификацијата на документот за пристап е се' уште заглавена во словенечкиот парламент и, поради политичката криза во таа земја, се' уште не е јасно дали тој рок ќе биде исполнет. Љубљана повторно го отвора и досието за водената граница, покрај спорот околу заштедите во Љубљанска банка, па по ова искуство Загреб најдобро знае колкава пречка е користењето на ветото на ЕУ од страна на новите земји членки, кои ја добија привилегијата да условуваат, а не се дораснати на улогата на земји членки.

На истата прес-конференција, организирана по повод посетата на Миловановиќ на Бугарија, премиерот Борисов изјави дека преговорите меѓу Бугарија и Македонија за склучување спогодба за пријателство и добрососедство напредуваат добро, без да прецизира каква согласност е постигната досега. Борисов соопшти дека неделава телефонски разговарал со премиерот Никола Груевски и дека се надева оти наскоро ќе се сретнат, што е најава за официјална посета, поверојатно негова на Македонија, бидејќи и Груевски и Иванов досега престојуваа во Софија. Според него, Бугарија секогаш се однесувала пријателски кон Скопје и со јасно укажување дека што побрзо Македонија ги почне преговорите за членство во ЕУ, толку подобро за неа.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...7B88C36087
Без Ботев няма България
13-02-2013, 06:21 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

(13-02-2013, 06:21 PM)Топорчо Wrote: Тук вече съм шокиран. Една новина от вчера , за която си мислех , че просто е невъзможно да се използва в негативна смисла
Се разбира дека може. Јас веднаш ја сфатив како предупредување во дипломатска ракавица.
Let me hear you make decisions without your television.
13-02-2013, 06:38 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

(13-02-2013, 06:38 PM)Gnoj Wrote:
(13-02-2013, 06:21 PM)Топорчо Wrote: Тук вече съм шокиран. Една новина от вчера , за която си мислех , че просто е невъзможно да се използва в негативна смисла
Се разбира дека може. Јас веднаш ја сфатив како предупредување во дипломатска ракавица.

Нашия толкова му е акъла , че едва ли може да завие било какво в ръкавица.
Без Ботев няма България
13-02-2013, 06:41 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

(13-02-2013, 06:41 PM)Топорчо Wrote: Нашия толкова му е акъла , че едва ли може да завие било какво в ръкавица.
Има советници, има кој да му ја напише песничката.
Let me hear you make decisions without your television.
13-02-2013, 06:44 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

(13-02-2013, 06:44 PM)Gnoj Wrote:
(13-02-2013, 06:41 PM)Топорчо Wrote: Нашия толкова му е акъла , че едва ли може да завие било какво в ръкавица.
Има советници, има кој да му ја напише песничката.

Не ми звучи много правдоподобно ама всичко е възможно, брат. Все пак акцента не е върху казаното от Борисов , а върху това как Хърватска ни държи лекция на среде София .
Без Ботев няма България
14-02-2013, 05:01 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

2.02.2013, 14:55
Александар Морфов прогласен за почесен доктор на ЕСРА



Морфов е првиот театарски режисер прогласен за Doctor Honoris Causa на овој универзитет


ФОТО: Киро Попов

Бугарскиот театарски режисер Александар Морфов денеска беше прогласен за Doctor Honoris Causa - почесен доктор на Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк.

- Неговите легендарни претстави во Националниот театар во Софија, неговиот ангажман како уметнички директор, работата во Русија, неговата исклучителна поврзаност за театарскиот живот во Македонија, присуството во театрите и на театарските фестивали ширум целиот свет, како и неговиот личен естетски хоризонт ќе бидат пример за идните генерации на млади уметници, не само од нашиот универзитет, туку и за сите млади визионери, се наведува во одлуката што ја донесе Научно-наставниот совет на Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк.

Балканскиот театарски гениј Александар Морфов, истакна во својата беседа ректорот Јордан Плевнеш, е волшебник кој ги избриша границите на Балканот и е подеднакво присутен на сите сцени во светот.

- Името Морфов е рамно на една театарска катарза во која тој се појавува како балкански театарски ослободител. Тој е човек-космос кој предизвика тектонски нарушувања во балканскиот, европскиот и светскиот театар, потенцира Плевнеш.

Морфов се заблагодари за наградата и додаде дека Македонија му дала љубов. Истакна дека во Македонија има многу пријатели, како Благој Стефановски, Владо Цветановски, Влатко и Горан Стефановски, Никола Ристановски...

Александар Морфов е првиот театарски режисер прогласен за Doctor Honoris Causa на овој универзитет, што претставува и гест на препознавање на неговата личност, но во исто време и препознавање на значењето на современиот бугарски театар и неговите претставници од почетокот на 20 век се до денес.

Со чинот на прогласување, името на Александар Морфов ќе биде запишано до имињата на Маноел Де Оливеира, Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Боро Драшковиќ, Мики Манојловиќ, Жан-Клод Кариер, Абдулах Сидран и Слободан Шнајдер.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...139D147E67
Без Ботев няма България
14-02-2013, 05:03 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија: Се опивале со течност за перење шофершајбни

Бугарски лекари се борат за животи на шест млади момчиња и девојки кои на забава во селото Падеш близу Благоевград конзумирале течност за перење шофершајбни, мислејќи дека пијат домашна ракија.



Според лекарите, нивната здравствена состојба е многу тешка и животите им се во опасност.

Групата млади лица испиле три литри течност за шофершајбни која ја мешале со сок од јагоди. Забавата била во понеделникот, но младите луѓе побарале помош синоќа кога почувствувале мачнини, вртоглавица и паднале во кома. Оштетени им се функциите на мозокот, бубрезите и други витални органи.


http://www.sitel.com.mk/bugarija-se-opiv...fershajbni
Без Ботев няма България
14-02-2013, 06:10 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

„Фигаро“: Турбофолк скандал во Бугарија


Францускиот весник „Фигаро“ под насловот „Бугарија: Турбофолк скандал“ објави напис, посветен на турбофолкот во оваа земја и случајот со субвенции за бугарската музичка компанија „Пајнер медиа“.

- Доколку случајно се најдете во софиски ноќен клуб има голема веројатност дека ќе танцувате во ритамот на турбофолк музиката, која нема ништо заеднично со бугарската народна музика, туку повеќе наликува на разуздана верзија на поп фолк со диско ритам, турски примеси и традиционална ромска музика, нагласува весникот.

Овој вид на песни, додава „Фигаро“, ги пејат претежно жени, кои се лежерно облечени, а под облеката се гледаат нивните силикони.

- Во снимките на тие куклички, кои се како излезени од еротски филмови, се појавуваат и мажи со големи бицепси, кои позираат со луксузни автомобили, мафтаат со блескав накит и се обидуваат да ги имитираат гестовите на гангстерите. И покрај обидите да ги имитираат американските рап видео-записи, бугарските изгледаат кичесто. Но смешно или не тие турбо фолк спотови наидуваат на мошне поволен ветер. Всушност станува збор за виситнска турбо фолк индустрија, која во Бугарија се разви по падот на комунизмот, пишува „Фигаро“.

Весникот додава дека зад пејачките Глорија, Андреа или Преслава се кријат тајфа влијателни бизнисмени, а еден од нив е Митко Димитров. Тој ја раководи компанијата „Пајнер медиа“, една од најголемите во земјата, специјализирана за поп фолк музика.

- За оваа компанија се случи чудо. Таа беше избрана од ЕУ за доделување субвенции од 1,3 милиони евра (кои не треба да ги враќа). Парите се отпуштаат од програмата за развој со цел стимулирање на економската конкурентноспособност, додава „Фигаро“.

Оваа одлука не ги израдува сите Бугари, а уште повеќе и поради тоа што кон доделената сума самата држава додаде уште околу 150 илјади евра.

Познатиот режисер Аленсадар Морфов изјави дека има пад на моралните норми во Бугарија и додаде: „во нашата идиотска земја Бугарите можат да светот да му ја покажат својата култура“.

Пијанистот и композитор Антони Дончев финасирањето го означи како апсурдно, додавајќи дека турбофолк културата не треба да добива дополнителна помош.

Европската комисија се вмеша во случајот еден месец по избувнувањето на скандалот со субвенциите. Портпаролот на еврокомесарот за регионална политика изјави на 15 јануари дека Брисел сака спроведување истрага од страна на бугарските власти со цел да се утврди дали условитге за отпуштање на субвенциите биле испочитувани во врска со целите на „Пајнер медиа“. По тој обид самата компанија одлучи да се откаже од оваа „стипендија“.

http://www.sitel.com.mk/node/60171
Без Ботев няма България
14-02-2013, 06:11 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Сител и Утрински може да застават зад различни политически опции ама стане ли дума за България - в Македония трябва да владее едно единствено мнение

14.02.2013, 10:46
„Фигаро“: Турбофолк скандал во Бугарија




Францускиот весник „Фигаро“ под насловот „Бугарија: Турбофолк скандал“ објави напис, посветен на турбофолкот во оваа земја и случајот со субвенции за бугарската музичка компанија „Пајнер медиа“.

- Доколку случајно се најдете во софиски ноќен клуб има голема веројатност дека ќе танцувате во ритамот на турбофолк музиката, која нема ништо заеднично со бугарската народна музика, туку повеќе наликува на разуздана верзија на поп фолк со диско ритам, турски примеси и традиционална ромска музика, нагласува весникот.

Овој вид на песни, додава „Фигаро“, ги пејат претежно жени, кои се лежерно облечени, а под облеката се гледаат нивните силикони.

- Во снимките на тие куклички, кои се како излезени од еротски филмови, се појавуваат и мажи со големи бицепси, кои позираат со луксузни автомобили, мафтаат со блескав накит и се обидуваат да ги имитираат гестовите на гангстерите. И покрај обидите да ги имитираат американските рап видео-записи, бугарските изгледаат кичесто. Но смешно или не тие турбо фолк спотови наидуваат на мошне поволен ветер. Всушност станува збор за виситнска турбо фолк индустрија, која во Бугарија се разви по падот на комунизмот, пишува „Фигаро“.

Весникот додава дека зад пејачките Глорија, Андреа или Преслава се кријат тајфа влијателни бизнисмени, а еден од нив е Митко Димитров. Тој ја раководи компанијата „Пајнер медиа“, една од најголемите во земјата, специјализирана за поп фолк музика.

- За оваа компанија се случи чудо. Таа беше избрана од ЕУ за доделување субвенции од 1,3 милиони евра (кои не треба да ги враќа). Парите се отпуштаат од програмата за развој со цел стимулирање на економската конкурентноспособност, додава „Фигаро“.

Оваа одлука не ги израдува сите Бугари, а уште повеќе и поради тоа што кон доделената сума самата држава додаде уште околу 150 илјади евра.

Познатиот режисер Аленсадар Морфов изјави дека има пад на моралните норми во Бугарија и додаде: „во нашата идиотска земја Бугарите можат да светот да му ја покажат својата култура“.

Пијанистот и композитор Антони Дончев финасирањето го означи како апсурдно, додавајќи дека турбофолк културата не треба да добива дополнителна помош.

Европската комисија се вмеша во случајот еден месец по избувнувањето на скандалот со субвенциите. Портпаролот на еврокомесарот за регионална политика изјави на 15 јануари дека Брисел сака спроведување истрага од страна на бугарските власти со цел да се утврди дали условитге за отпуштање на субвенциите биле испочитувани во врска со целите на „Пајнер медиа“. По тој обид самата компанија одлучи да се откаже од оваа „стипендија“.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...A8C2822766
Без Ботев няма България
14-02-2013, 06:12 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Попоски: Бугарските власти создаваат заблуда за антибугарска пропаганда
Објавено: пред 6 часа
Прочитано: 415
Печати


Сподели со твоите пријатели!
Бугарските власти во земјата создаваат впечаток дека во Македонија се создава антибугарска атмосфера. Тоа не е вистина, вели министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за бугарскиот портал „Преса“.
- Во Бугарија намерно се создава впечаток дека во Македонија се формира антибугарска атмосфера. Тоа не е точно, прошетајте се по улиицте... Тоа е вештачки создадено чувство кое не одговара на реалноста. Но се користи за поткрепа на позицијата дека преку тврдост, преку поставување бариери пред Македонија, може да се постигне нешто – му одговорил Попоски на бугарскиот новинар на интервјуто во својот кабинет.
Според него, одлуката на бугарскиот владин кабинет и на бугарскиот претседател да се блокира давањето датум на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ не е во најдобрите интереси на Бугарија. Попоски порачува дека тоа се должи на одредени фактори во Бугарија кои си играат со националистичките чувства.
- Добрососедските односи не се создаваат преку договори, туку преку искрени и специфични постапки. Не им го прави на другите тоа што не сакаш да ги то прават тебе – вели македонскиот шеф на дипломатијата за барањето на Бугарија да се потпише билатерална спогодба за добороседство.
- Не е демонстрација на високи морални страндарди да се блокира некој да влезе во ЕУ само за да покажеш дека можеш да го сториш тоа – додава Попоски.
За својот бугарски колега, Попоски вели дека се уверил оти Николај Младенов сака добри односи со Македонија.
На прашањето на бугарскиот новинар за преговорите за спогодбата за добрососедство и за барањето на Бугарија „Скопје да не претендира кон постоење македонско малцинство, оти на тој начин се создаваат предуслови за територијални претензеии, Попоски вели дека се може да биде тема на преговори за договори од тој тип, кои, сепак, мора да бидат симетрични..
- Мислам дека за да имаме искрен договор, првин треба да се почитуваме. Да порачаме: Ова е договор меѓу две држави кои се согласни дека се рамноправни партнери. А не да дојдете и да кажете: еве, ова е мојот список со барања и услови, прочитајте го, јас ќе се вратам по 15 минути за да видам дали сте го вклучиле во текстот. И да се потпишете на него. Тоа не може да биде договор за добрососедство. Тоа е ултиматум – вели Попоски.
Тој појаснува дека двете страни се договориле да не излегуваат многу работи во медиумите, за да не се шпекулира околу резултатите, оти тоа може само да попречи на преговорите.

http://www.plusinfo.mk/vest/80480/Poposk...propaganda
Без Ботев няма България
14-02-2013, 08:59 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

(14-02-2013, 06:11 PM)Топорчо Wrote: „Фигаро“: Турбофолк скандал во Бугарија


Францускиот весник „Фигаро“ под насловот „Бугарија: Турбофолк скандал“ објави напис, посветен на турбофолкот во оваа земја и случајот со субвенции за бугарската музичка компанија „Пајнер медиа“.

- Доколку случајно се најдете во софиски ноќен клуб има голема веројатност дека ќе танцувате во ритамот на турбофолк музиката, која нема ништо заеднично со бугарската народна музика, туку повеќе наликува на разуздана верзија на поп фолк со диско ритам, турски примеси и традиционална ромска музика, нагласува весникот.

Овој вид на песни, додава „Фигаро“, ги пејат претежно жени, кои се лежерно облечени, а под облеката се гледаат нивните силикони.

- Во снимките на тие куклички, кои се како излезени од еротски филмови, се појавуваат и мажи со големи бицепси, кои позираат со луксузни автомобили, мафтаат со блескав накит и се обидуваат да ги имитираат гестовите на гангстерите. И покрај обидите да ги имитираат американските рап видео-записи, бугарските изгледаат кичесто. Но смешно или не тие турбо фолк спотови наидуваат на мошне поволен ветер. Всушност станува збор за виситнска турбо фолк индустрија, која во Бугарија се разви по падот на комунизмот, пишува „Фигаро“.

Весникот додава дека зад пејачките Глорија, Андреа или Преслава се кријат тајфа влијателни бизнисмени, а еден од нив е Митко Димитров. Тој ја раководи компанијата „Пајнер медиа“, една од најголемите во земјата, специјализирана за поп фолк музика.

- За оваа компанија се случи чудо. Таа беше избрана од ЕУ за доделување субвенции од 1,3 милиони евра (кои не треба да ги враќа). Парите се отпуштаат од програмата за развој со цел стимулирање на економската конкурентноспособност, додава „Фигаро“.

Оваа одлука не ги израдува сите Бугари, а уште повеќе и поради тоа што кон доделената сума самата држава додаде уште околу 150 илјади евра.

Познатиот режисер Аленсадар Морфов изјави дека има пад на моралните норми во Бугарија и додаде: „во нашата идиотска земја Бугарите можат да светот да му ја покажат својата култура“.

Пијанистот и композитор Антони Дончев финасирањето го означи како апсурдно, додавајќи дека турбофолк културата не треба да добива дополнителна помош.

Европската комисија се вмеша во случајот еден месец по избувнувањето на скандалот со субвенциите. Портпаролот на еврокомесарот за регионална политика изјави на 15 јануари дека Брисел сака спроведување истрага од страна на бугарските власти со цел да се утврди дали условитге за отпуштање на субвенциите биле испочитувани во врска со целите на „Пајнер медиа“. По тој обид самата компанија одлучи да се откаже од оваа „стипендија“.

http://www.sitel.com.mk/node/60171

Bulgarie : le scandale de la tchalgaMots clés : Chalga, Tchalga, Balkans, Kitsch, Bulgarie, Commission européenne, Europe
Laurène Daycard Mis à jour le 14/02/2013 à 10:27 | publié le 13/02/2013 à 20:07 Réactions (8)

Une firme spécialisée dans la pop version XXX devait recevoir 1,3 millions d'euros de Bruxelles. Les critiques envers cette subvention ont conduit la Commission européenne à exiger une enquête.

Si d'aventure il vous arrive d'atterrir dans un club de Sofia, vous avez de grandes chances pour vous retrouver à danser sur de la tchalga. Rien à voir avec un chant traditionnel bulgare. Il s'agirait plutôt d'une version débridée de pop-folk, mixant rythmes disco, sonorités turques et musique traditionnelle tsigane.
Dans l'écrasante majorité, ce sont les femmes qui interprètent cette musique. Et, de préférence en tenue légère, laissant poindre des poitrines siliconées. Quant aux gros bras qui accompagnent parfois sur les clips ces poupées X, ils posent près de voitures de luxe, agitent leurs bijoux rutilants et semblent essayer de singer les mimiques de gangsters. Malgré les tentatives pour contrefaire les clips de rap US, le résultat paraît inévitablement kitsch.
Vers une «taxe tchalga»?
Ridicules ou non, ces vidéos de tchalga ont le vent en poupe. Et une véritable industrie s'est développée depuis la chute du communisme pour promouvoir et produire cette musique. Derrière Gloria, Preslava et Andrea se cache d'ailleurs une poignée d'influents buisnessmen. Mitko Dimitrov en est un. Il dirige Payner media. L'une des plus importante société de diffusion du pays spécialisée dans la pop-folk.
Miracle pour sa boîte de production. Elle a été sélectionné pour recevoir 1,3 millions d'euros de l'Union européenne (non remboursable). À quel titre? Au nom du programme de développement pour «stimuler la compétitivité économique». Une subvention supposée favoriser la convergence économique des pays nouvellement intégrés au cercle européen. Une manne que la firme bulgare compte alors utiliser pour renouveler le matériel de tournage de leur chaîne musicale, Planeta TV, et embaucher trente personnes.
Sauf que la générosité de Bruxelles n'a pas fait que des heureux dans le pays. Surtout que l'État bulgare a ajouté presque 150.000 euros à l'enveloppe. Résultat, les critiques pleuvent. Selon le site Euractiv, journal en ligne dédié aux politiques de l'UE, «le compositeur Alksandar Morfov a indiqué qu'il existait une déchéance des normes morales en Bulgarie». Avant d'ajouter: «Évidemment dans notre pays idiot, c'est la culture que nous pouvons montrer au monde.»
Toujours selon la même source, le pianiste Antoni Donchev a quant a lui déclaré que le financement était «absurde», précisant que la «culture Tchalga ne devait pas recevoir d'aide supplémentaire». Tandis que le réalisateur Tedi Moskov a lancé une drôle d'idée: «Je crois vraiment que l'État devrait introduire une taxe sur les chanteurs et les auteurs de musique tchalga. Les revenus peuvent être utilisés pour aider l'art, le vrai.»
Sus à l'industrie du silicone
Par «vrai art», l'artiste souligne une réalité. Même si c'est un genre extrêmement populaire, la tchalga est taxée de musique pour beauf par une certaine élite culturelle. Ce n'est cependant pas pour endosser le rôle de policier du bon goût que la commission européenne est intervenue il y a un mois de cela.
L'institution a sûrement réalisé que l'aide financière allait plus promouvoir l'industrie du silicone plus que celle de la culture. La porte-parole de Johannes Hahn, le commissaire en charge de la politique régionale, a annoncé le 15 janvier dernier que Bruxelles a exigé l'ouverture d'une enquête par les autorités bulgares. Son but? «Déterminer jusqu'où les conditions du régime de subventions ont été remplies.»
Depuis ce rebondissement, la société de production a décidé de renoncer à cette «bourse». En attendant que l'enquête arrive à son terme, les politiques bulgares ont occupé le terrain de cette affaire. Les élections parlementaires se déroulent au cours de l'été prochain. Ainsi Sergei Stanishev, le chef de l'opposition socialiste, a-t-il accusé le pouvoir en place de chercher à acheter l'influence des médias à l'aide des fonds européens.
Et peu lui importe que la tchalga ait permis à une drag queen d'origine tsigane de devenir l'une des idoles du pays. Un comble si l'on sait les difficultés de la Bulgarie à tolérer ses minorités sexuelles et ethniques...

http://www.lefigaro.fr/musique/2013/02/1...chalga.php

Статията завършва негативно – тип – как е възможно в страна като България, нетолерантна към различието ...- да се слуша чалга – т.е. циганска музика;
Пропуснали се обаче да видят чуждестранното присъствие в чалготеките...видимо било, казват.


Sofia bloque les ambitions européennes de Skopje
Mots clés : Grèce, Macédoine, Bulgarie, Bruxelles, Nikola Gruevski
Par Alexandre Lévy Mis à jour le 12/12/2012 à 18:58 | publié le 12/12/2012 à 18:39 Réactions (2)

Depuis mardi, une vague de froid a saisi la capitale de la Macédoine, Skopje.

L'ouverture des négociations d'adhésion de la Macédoine est bloquée du fait de son conflit avec la Grèce, un front du refus qu'a rejoint la Bulgarie.

Sofia
Les ministres des Affaires étrangères de l'Union européenne ont refusé, le 11 décembre, de fixer une date d'ouverture des négociations d'adhésion avec la Macédoine, notamment à cause du refus d'Athènes de reconnaître cette ex-République yougoslave sous ce nom, dont elle revendique les origines géographiques et culturelles. Mais c'est l'opposition de la Bulgarie qui a mis le feu aux poudres à Skopje, où les médias ont accusé Sofia de faire «le sale boulot des Grecs».
La Bulgarie, qui fut le premier pays à reconnaître la Macédoine en 1992, a justifié son refus par un regain de «rhétorique nationaliste» à Skopje. Les relations entre les deux pays connaissent régulièrement des pics de tension. Selon Sofia, cela est principalement dû à la politique du gouvernement de Nikola Gruev¬ski, qui s'est lancé dans de nombreux chantiers grandiloquents visant à prouver les «origines antiques» de la Macédoine, s'appropriant des pans entiers de l'histoire de ses voisins, notamment la paternité du cyrillique.
Pillage de l'histoire
Des monuments ont été érigés à la va-vite (d'Alexandre le Grand, de l'empereur Justinien, du roi Samuel de Bulgarie…) et des bâtiments au style néoclassique ont poussé comme des champignons dans le cadre du vaste - et coûteux - chantier «Skopje 2014». «C'est un pillage, s'emporte Bojidar Dimitrov, le directeur du Musée national d'histoire de Sofia. Ils se sont servis de l'Antiquité grecque et de toute l'histoire bulgare après le VIIe siècle pour bâtir leur fable.»
Le sort de la Macédoine sera de nouveau examiné au printemps prochain, selon Bruxelles. Avec désormais au menu, outre l'imbroglio sur le nom, la question du «bon voisinage» avec la Bulgarie.

http://www.lefigaro.fr/international/201...skopje.php

Иначе текстовете за Македония или македоно-българските отношения звучат долу-горе по същия начин...Смешното в случая е че България минава за франкофонска държава...от времето на Жельо Желев още; предполагам – Македония – също; във всеки случай за Попоски този език не е проблем...;
15-02-2013, 09:06 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

БАЛКАН | 15. FEBRUARY 2013 - 14:21
Хамас ја осуди депортацијата на делегацијата од Бугарија


Хамас ја осуди одлуката на бугарските власти да депортира четворица претставници на движењето.

Портпаролот на Хамас, Тахер ан Нуну изјави дека Бугарија е под „ционистички притисок“.

Тој истакна дека Хамас ќе бара официјално извинување од Бугарија, додавајќи дека членовите на Хамас требало да бидат заштитенио со дипломатскиот имунитет.

Бугарските власти денеска ги депортираа членовите на делегацијата на палестинското радиклано Исламско движење на отпорот (Хамас), кои престојуваа во посета на Бугарија.

Салах Бердевил, еден од членовите на делегацијата истакна дека депоратцијата на членовите на Хамас е „резултат на притисокот на бугарски официјални претставници лојални на израелските власти“.

- На овој потег гледам како на политичко ембарго на Европа кон Хамас. Претпоставувам дека ваквата одлука е донесена по силниот притисок на министерот за надворешни работи на Бугарија, кој е со израелско потекло, потенцира Бердевил.

Четиричлената делегација на Хамас допатува во посета на Бугарија во рамките на нејзината европска турнеја што заполна на 13 јануари.

http://www.sitel.com.mk/hamas-ja-osudi-d...d-bugarija
Без Ботев няма България
15-02-2013, 07:51 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ВИДЕО: Во Бугарија украден хит од Тоше!

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?i...tegorija=7
Без Ботев няма България
16-02-2013, 06:34 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Шалом: Историски факт е депортацијата на Евреите од бугарската пронацистичка власт


Депортација на Евреите во Скопје
Претседателот на Организацијата на Евреите во Бугарија „Шалом“, Максим Бенвенисти, официјално ја соопшти позицијата на оваа организација во однос на судбината на Евреите под бугарска власт за време на Холокаустот во Европа.

„За време на Втората светска војна бугарските Евреи се спасени од депортацијата во нацистичките логори на смртта. Спасувањето беше дело на поголем дел на бугарскиот народ, на Бугарската православна црква и на бугарската нефашистичка јавност. За овој акт бугарските Евреи секогаш ќе бидат благодарни.

Депортирањето на Евреите од Беломорска Тракија, Вардарска Македонија и градот Пирот за време на Втората светска војна е историски факт што не може да се негира. Ние, бугарските Евреи, жалиме за невините жртви и секогаш ќе им оддаваме соодветна почит.

Виновници за депортирањето на Евреите од овие територии се германските власти, заедно со бугарската профашистичка влада, како и неспротивставувањето на месното население. Бугарската влада еден ден, кога и каде таа нека процени, ќе треба да ја преземе моралната одговорност за дејствувањето на тогашната пронацистичка власт кон Евреите во перидот од 1941 до 1943 година.

Историските факти за судбината на Евреите во време на Втората светска војна во Бугарија и во земјите администрирани од бугарската пронацистицка власт не смеат да бидат повод за антибугарска пропаганда“, го пренесува бугарската агенција Фокус соопштението на „Шалом“.

http://www.mkd.mk/98107/makedonija/shalo...cka-vlast/
Без Ботев няма България
16-02-2013, 06:36 AM
Reply