Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Македонија и Србија позрели од членки на ЕУ

Факт е дека и двете земји, и покрај проблемите и нерешените прашања меѓу нив, имаат доволно зрелост за да можат да соработуваат меѓу себе. Зошто тоа не е можно во односите на Македонија со Бугарија и со Грција, каде што токму поради фактот што двете земји се членки на НАТО и на ЕУ, таквиот пристап кон работите би требало да оди уште полесно. А не дека и Македонија и Србија за да го достигнат тоа ниво не треба да балансираат
Можеби звучи премногу патриотски и навивачки, ама сепак не е така, затоа што фактите зборуваат дека Македонија од секогаш се однесувала подржавнички од многу други држави, особено во односите со своите соседи. За возврат, освен куп проблеми и оптоварени меѓудржавни односи, ништо друго не добива. Човек да помисли дали е сѐ во ред со нашите политичари или, пак, во прашање е нешто друго?
Но со секоја посета на кој било српски политичар секогаш одново и одново излегува на виделина дека проблемите помеѓу државите и тоа како може да се менаџираат и дека отворените прашања не мораат и не смеат да бидат пречка за успешна соработка.

Последен доказ за тоа е посетата на српскиот премиер Ивица Дачиќ, кој отворено кажа дека Македонија и Србија имаат отворени прашања, што не значи дека и двете земји не треба да соработуваат истовремено барајќи решение на проблемите.

Не дека Македонија нема што да ѝ замери на Србија, но тоа е истата онаа за Европа и за светот обележана како „лошата“ Србија, која ниту ги негирала ниту ги негира македонското име, јазикот и историските личности, а македонското малцинство ги ужива сите права што со српските закони се предвидени како такви (и обратно).

Во крајна линија, тоа не е толку битно, колку што е битно дека станува збор за земја што не е членка на ЕУ, а сепак сериозно се држи до демократски принципи и почитувањето на основните човекови права или барем се обидува да го прави тоа. Како и Република Македонија.

За разлика од обележаната Србија, Бугарија или Грција, сеедно, двете членки на ЕУ, кои ако се суди според тоа би требало да се барем половина чекор понапред од земјите како Македонија и нашиот северен сосед, не само што не ги почитуваат малцинските права туку го загрозуваат и принципот на слободно национално изразување и во други држави. За нив ниту одлуките на Хашкиот суд или Европскиот суд за човекови права не значат ништо, уште помалку извештаите на меѓународните институции.

Тоа што и двете држави се членки на Унијата воопшто не им дава за право да се однесуваат како што ним ќе им падне на памет и дека како такви можат дури и да нѐ уценуваат за елементарни работи како нашето име, да се обидуваат да нѐ омаловажат со тврдењата дека македонскиот народ не постои и, згора на сето тоа, да си земаат за право одредени историски личности да ги сметаат за своја ексклузивна сопственост. И сето тоа зачинето со огромна доза ароганција, во која нема место за пардон, во која нема простор за разговор а зошто да не и договор.

Дачиќ го замоли македонскиот премиер Никола Груевски, во условите во кои сега се наоѓа Србија, Македонија да има воздржан пристап кон косовското прашање, како свој придонес кон дијалогот и обидот да се дојде до компромисно решение. Сосема легитимно барање на една држава што се обидува на легален начин да зачува дел од територија што ја смета за своја. Секако, Србија сето тоа го прави затоа што знае дека до себе има разумен партнер, кој тргајќи од својата мака сосема добро ја разбира и туѓата. Но поентата не е во тоа, туку во фактот дека двете земји, и покрај проблемите и нерешените прашања меѓу нив, имаат доволно зрелост за да можат да соработуваат меѓу себе. Зошто тоа не е можно во односите со Бугарија и со Грција, каде што токму поради фактот што двете земји се членки на НАТО и на ЕУ, таквиот пристап кон работите би требало да оди уште полесно. А не дека и Македонија и Србија за да го достигнат тоа ниво не треба да балансираат. Нашата држава со Косово и фактот дека тука живее голема албанска етничка заедница, Србија со своето вековно пријателство со Грција (сеедно што тоа пријателство всушност почнува од 1912 година и Првата балканска војна). И сеедно што и двете земји знаат дека и во случајот со Косово и во случајот со нашиот проблем со името во прашање се многу поголеми игри отколку што е тоа во моќта на двете држави.

Патем, да го споменеме и спорот меѓу МПЦ и СПЦ. И Дачиќ и Груевски велат дека ова прашање не го сметаат за меѓудржавно, односно го сметаат пред сѐ за црковно, но сепак се согласија дека ги оптоварува „инаку многу добрите релации меѓу македонскиот и српскиот народ“. Токму тука е и дилемата. Ако спорот ги оптоварува односите меѓу двете држави (што значи односите на сите граѓани кои живеат во овие држави без оглед на верската припадност) и двата народа, тогаш прашањето не е само црковно туку е и политичко и меѓудржавно. Оттука, се чини дека и двајцата премиери можат повеќе да ги засукаат ракавите во врска со ова отколку да се нудат како олеснувачи.

Автор: Искра Опетческа

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22792


Скопје ги кани и Тирана и Софија на заеднички владини седници
Пример за историски закарани страни што денес соработуваат се и заедничките седници на германската влада со израелската и со француската. Грција и Турција во 2010 година одржаа заедничка седница во Атина

ПО ДОГОВОРОТ СО СРБИЈА
Македонската влада првпат ќе одржи заедничка седница со некоја странска влада. Седницата со српската влада што според првичните најави би се одржала во мај во Белград ја договорија премиерите на двете земји на завчерашната средба во Скопје. Според нивните најави, целта на состаноците од таков формат, на кој ќе учествуваат и дел министри, е да се даде импулс во развивањето на односите меѓу двете држави, да се придвижат значајните проекти и да се подобрат билатералните односи. Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, прецизира дека на седниците ќе се обидат да ги унапредат економската соработка и трговската размена, да ги разгледаат инфраструктурните проекти што имаат поширок регионален карактер, енергетските проекти и опциите за заеднички настап на трети пазари за одделни производи, потоа да подготват заедничка туристичка понуда и да договорат соработка во земјоделството, медицината, образованието.

- Од политички аспект тоа е соодветен начин за надградба на добрососедските односи и на дело да се практикува меѓусебната соработка. Затоа и ние како Влада сме заинтересирани за одржување вакви форуми со сите наши соседи, за што се направени првични чекори покрај со Србија, и со Албанија, а има првичен интерес и од Бугарија, и сите вакви процеси го имаат нашето целосно внимание - вели Ѓорѓиев.

Инаку, идеја за заедничка владина седница со Србија имаше и додека претседател беше Борис Тадиќ, а премиер Мирко Цветковиќ, но таа не се реализираше. Тадиќ лично во 2010 година најави таква можност, па и покрај очекувањата и тврдењата дека ќе се случи во првата половина на 2011 година, до неа не дојде.

Балканот доцни зад Европа

Во писмото што бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов го испрати лани во декември официјална Софија како услов за поддршка на земјава го наведе создавањето на советот на високо ниво, на кој ќе се одржуваат годишни заеднички владини седници.

Според дипломатот Огнен Малески, ваквата иницијатива е добра, но како што вели треба да се прошири и кон другите соседни земји.

- Еден од најголемите проблеми на Балканот е што е расцепкан. Има многу граници, бариери, легислативи што претставуваат пречки за остварување на некои проекти, а на пример некои од нив, како инфраструктурните, мора да ја преминат границата - оценува Малески.

Според професорот Јове Кекеновски, пак, вакви седници требало да се одржуваат и претходно.
- Тие седници се куртоазни и со нив во јавноста се покажува добрата соработка, која се рефлектира понатаму и на другите области - вели Кекеновски.

Таков формат на состаноци, пак, воопшто не е невообичаен ниту, пак, се смета за вонреден во регионов и во Европа. Грција и Бугарија неодамна ја одржаа втората заедничка седница. Бугарскиот премиер Бојко Борисов заедно со неколку министри со својот колега Андонис Самарас во Атина договорија десетина меѓудржавни договори за соработка. Бугарија се договори и за редовни годишни меѓувладини седници со Романија на кои ќе барале решавање на заедничките проблеми.

Грчката влада одржа заедничка седница и со своите турски колеги. Во 2010 година Реџеп Таип Ердоган заедно со десетина министри и стотина бизнисмени пристигна во Атина, што се сметаше за голем чекор за надминување на заострените односи меѓу двете соседни земји. Западните медиуми заедничката седница ја оценија како случај без преседан во повеќегодишните турбулентни меѓудржавни односи, а беа склучени дваесетина договори од областа на економијата, туризмот и енергетиката, а и договор за враќање на доселениците во Турција.

Во регионот заеднички владини седници беа одржани и меѓу Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
- Балканот мора малку повеќе да работи на билатералната и мултилатералната соработка за да го стигне степенот на соработка на европските земји - вели Малески.

Израелската и германската влада се добар пример за надминување на историските несогласувања:

Пример за историски закарани страни што денес соработуваат се и заедничките седници на германската влада со израелската и со француската. Вообичаено на годишнината од потпишувањето на договорот што беше основа за помирување и создавање на денешната Европска Унија германските и француските влади и парламенти одржуваат заеднички седници.

Безбедносните прашања, перспективата на блискоисточниот мировен процес и иранските нуклеарни амбиции, пак, на заедничка седница во Берлин ги разгледуваа германската и израелската влада. Со состанокот раководеа канцеларката Ангела Меркел и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а на нив учествуваа и израелските министри за одбрана Ехуд Барак и за надворешни работи Авигор Либерман. И претходно, во 2008 година имаше слична заедничка седница на германските и на израелските владини кабинети. За заеднички владини седници Меркел патуваше и до Израел заедно со уште десетина министри, при што потпишаа договори за соработка.

Автор: Фросина Димеска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22792

Не знам защо журналистката по-горе - Опетческа - внушава, че между Гърция и Македония; и България и Македония няма соработка - погледнах набързо някакви данни -
Гърция има над 700 млн. евро инвестиции в Македония; България - 130 млн. евро. Българските инвестиции са направени последните 2-3 години - при това не само в банковия сектор.
В търговията има динамика - България е 3-4 партньор.
А има и македонски инвестиции в България - в производството на олио напр.
За сравнение - една Унгария или една Словения с целия им потенциал са с 300-400 млн. евро инвестиции в Македония.

И по отношение на билатералните средби - България от доста време вече прави такива срещи с Румъния, Турция, Гърция и по-отскоро с Израел...нормална практика - какво решават и дали просто са куртуазия - кой знае - но сигурно професорът по-горе е прав - създават някакъв климат...

Между другото - когато сме предлагали двустранни срещи на македонски колеги - отговорът обикновено е бил - супер, хайде да поканим и сърби, хървати, словенци...да разширим формата - добре, но какъв интерес може да има цялото това почти западно-славянсо "войнство" от някаква възможна македоно-българска среща...ако не друго - предрасъдъците си ги знаем.
30-01-2013, 08:15 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Македонија и Србија позрели од членки на ЕУ

Факт е дека и двете земји, и покрај проблемите и нерешените прашања меѓу нив, имаат доволно зрелост за да можат да соработуваат меѓу себе. Зошто тоа не е можно во односите на Македонија со Бугарија и со Грција, каде што токму поради фактот што двете земји се членки на НАТО и на ЕУ, таквиот пристап кон работите би требало да оди уште полесно. А не дека и Македонија и Србија за да го достигнат тоа ниво не треба да балансираат

Можеби звучи премногу патриотски и навивачки, ама сепак не е така, затоа што фактите зборуваат дека Македонија од секогаш се однесувала подржавнички од многу други држави, особено во односите со своите соседи. За возврат, освен куп проблеми и оптоварени меѓудржавни односи, ништо друго не добива. Човек да помисли дали е сѐ во ред со нашите политичари или, пак, во прашање е нешто друго?

Но со секоја посета на кој било српски политичар секогаш одново и одново излегува на виделина дека проблемите помеѓу државите и тоа како може да се менаџираат и дека отворените прашања не мораат и не смеат да бидат пречка за успешна соработка.

Последен доказ за тоа е посетата на српскиот премиер Ивица Дачиќ, кој отворено кажа дека Македонија и Србија имаат отворени прашања, што не значи дека и двете земји не треба да соработуваат истовремено барајќи решение на проблемите.

Не дека Македонија нема што да ѝ замери на Србија, но тоа е истата онаа за Европа и за светот обележана како „лошата“ Србија, која ниту ги негирала ниту ги негира македонското име, јазикот и историските личности, а македонското малцинство ги ужива сите права што со српските закони се предвидени како такви (и обратно).

Во крајна линија, тоа не е толку битно, колку што е битно дека станува збор за земја што не е членка на ЕУ, а сепак сериозно се држи до демократски принципи и почитувањето на основните човекови права или барем се обидува да го прави тоа. Како и Република Македонија.

За разлика од обележаната Србија, Бугарија или Грција, сеедно, двете членки на ЕУ, кои ако се суди според тоа би требало да се барем половина чекор понапред од земјите како Македонија и нашиот северен сосед, не само што не ги почитуваат малцинските права туку го загрозуваат и принципот на слободно национално изразување и во други држави. За нив ниту одлуките на Хашкиот суд или Европскиот суд за човекови права не значат ништо, уште помалку извештаите на меѓународните институции.

Тоа што и двете држави се членки на Унијата воопшто не им дава за право да се однесуваат како што ним ќе им падне на памет и дека како такви можат дури и да нѐ уценуваат за елементарни работи како нашето име, да се обидуваат да нѐ омаловажат со тврдењата дека македонскиот народ не постои и, згора на сето тоа, да си земаат за право одредени историски личности да ги сметаат за своја ексклузивна сопственост. И сето тоа зачинето со огромна доза ароганција, во која нема место за пардон, во која нема простор за разговор а зошто да не и договор.

Дачиќ го замоли македонскиот премиер Никола Груевски, во условите во кои сега се наоѓа Србија, Македонија да има воздржан пристап кон косовското прашање, како свој придонес кон дијалогот и обидот да се дојде до компромисно решение. Сосема легитимно барање на една држава што се обидува на легален начин да зачува дел од територија што ја смета за своја. Секако, Србија сето тоа го прави затоа што знае дека до себе има разумен партнер, кој тргајќи од својата мака сосема добро ја разбира и туѓата. Но поентата не е во тоа, туку во фактот дека двете земји, и покрај проблемите и нерешените прашања меѓу нив, имаат доволно зрелост за да можат да соработуваат меѓу себе. Зошто тоа не е можно во односите со Бугарија и со Грција, каде што токму поради фактот што двете земји се членки на НАТО и на ЕУ, таквиот пристап кон работите би требало да оди уште полесно. А не дека и Македонија и Србија за да го достигнат тоа ниво не треба да балансираат. Нашата држава со Косово и фактот дека тука живее голема албанска етничка заедница, Србија со своето вековно пријателство со Грција (сеедно што тоа пријателство всушност почнува од 1912 година и Првата балканска војна). И сеедно што и двете земји знаат дека и во случајот со Косово и во случајот со нашиот проблем со името во прашање се многу поголеми игри отколку што е тоа во моќта на двете држави.

Патем, да го споменеме и спорот меѓу МПЦ и СПЦ. И Дачиќ и Груевски велат дека ова прашање не го сметаат за меѓудржавно, односно го сметаат пред сѐ за црковно, но сепак се согласија дека ги оптоварува „инаку многу добрите релации меѓу македонскиот и српскиот народ“. Токму тука е и дилемата. Ако спорот ги оптоварува односите меѓу двете држави (што значи односите на сите граѓани кои живеат во овие држави без оглед на верската припадност) и двата народа, тогаш прашањето не е само црковно туку е и политичко и меѓудржавно. Оттука, се чини дека и двајцата премиери можат повеќе да ги засукаат ракавите во врска со ова отколку да се нудат како олеснувачи.

Автор: Искра Опетческа

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22792




Скопје ги кани и Тирана и Софија на заеднички владини седници
Пример за историски закарани страни што денес соработуваат се и заедничките седници на германската влада со израелската и со француската. Грција и Турција во 2010 година одржаа заедничка седница во Атина

ПО ДОГОВОРОТ СО СРБИЈА
Македонската влада првпат ќе одржи заедничка седница со некоја странска влада. Седницата со српската влада што според првичните најави би се одржала во мај во Белград ја договорија премиерите на двете земји на завчерашната средба во Скопје. Според нивните најави, целта на состаноците од таков формат, на кој ќе учествуваат и дел министри, е да се даде импулс во развивањето на односите меѓу двете држави, да се придвижат значајните проекти и да се подобрат билатералните односи. Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, прецизира дека на седниците ќе се обидат да ги унапредат економската соработка и трговската размена, да ги разгледаат инфраструктурните проекти што имаат поширок регионален карактер, енергетските проекти и опциите за заеднички настап на трети пазари за одделни производи, потоа да подготват заедничка туристичка понуда и да договорат соработка во земјоделството, медицината, образованието.

- Од политички аспект тоа е соодветен начин за надградба на добрососедските односи и на дело да се практикува меѓусебната соработка. Затоа и ние како Влада сме заинтересирани за одржување вакви форуми со сите наши соседи, за што се направени првични чекори покрај со Србија, и со Албанија, а има првичен интерес и од Бугарија, и сите вакви процеси го имаат нашето целосно внимание - вели Ѓорѓиев.

Инаку, идеја за заедничка владина седница со Србија имаше и додека претседател беше Борис Тадиќ, а премиер Мирко Цветковиќ, но таа не се реализираше. Тадиќ лично во 2010 година најави таква можност, па и покрај очекувањата и тврдењата дека ќе се случи во првата половина на 2011 година, до неа не дојде.

Балканот доцни зад Европа

Во писмото што бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов го испрати лани во декември официјална Софија како услов за поддршка на земјава го наведе создавањето на советот на високо ниво, на кој ќе се одржуваат годишни заеднички владини седници.

Според дипломатот Огнен Малески, ваквата иницијатива е добра, но како што вели треба да се прошири и кон другите соседни земји.

- Еден од најголемите проблеми на Балканот е што е расцепкан. Има многу граници, бариери, легислативи што претставуваат пречки за остварување на некои проекти, а на пример некои од нив, како инфраструктурните, мора да ја преминат границата - оценува Малески.

Според професорот Јове Кекеновски, пак, вакви седници требало да се одржуваат и претходно.
- Тие седници се куртоазни и со нив во јавноста се покажува добрата соработка, која се рефлектира понатаму и на другите области - вели Кекеновски.

Таков формат на состаноци, пак, воопшто не е невообичаен ниту, пак, се смета за вонреден во регионов и во Европа. Грција и Бугарија неодамна ја одржаа втората заедничка седница. Бугарскиот премиер Бојко Борисов заедно со неколку министри со својот колега Андонис Самарас во Атина договорија десетина меѓудржавни договори за соработка. Бугарија се договори и за редовни годишни меѓувладини седници со Романија на кои ќе барале решавање на заедничките проблеми.

Грчката влада одржа заедничка седница и со своите турски колеги. Во 2010 година Реџеп Таип Ердоган заедно со десетина министри и стотина бизнисмени пристигна во Атина, што се сметаше за голем чекор за надминување на заострените односи меѓу двете соседни земји. Западните медиуми заедничката седница ја оценија како случај без преседан во повеќегодишните турбулентни меѓудржавни односи, а беа склучени дваесетина договори од областа на економијата, туризмот и енергетиката, а и договор за враќање на доселениците во Турција.

Во регионот заеднички владини седници беа одржани и меѓу Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
- Балканот мора малку повеќе да работи на билатералната и мултилатералната соработка за да го стигне степенот на соработка на европските земји - вели Малески.

Израелската и германската влада се добар пример за надминување на историските несогласувања: Меркел и Нетанјаху

Израел и Германија пример за соработка

Пример за историски закарани страни што денес соработуваат се и заедничките седници на германската влада со израелската и со француската. Вообичаено на годишнината од потпишувањето на договорот што беше основа за помирување и создавање на денешната Европска Унија германските и француските влади и парламенти одржуваат заеднички седници.

Безбедносните прашања, перспективата на блискоисточниот мировен процес и иранските нуклеарни амбиции, пак, на заедничка седница во Берлин ги разгледуваа германската и израелската влада. Со состанокот раководеа канцеларката Ангела Меркел и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а на нив учествуваа и израелските министри за одбрана Ехуд Барак и за надворешни работи Авигор Либерман. И претходно, во 2008 година имаше слична заедничка седница на германските и на израелските владини кабинети. За заеднички владини седници Меркел патуваше и до Израел заедно со уште десетина министри, при што потпишаа договори за соработка.

Автор: Фросина Димеска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22792


Между другото - по отношение на първата статия - ровейки се по някакви информации - с изненада установих, че България /т.е. българският бизнес.../ е инвестирал в Македония над 120-130 млн. евро - и то само през последните 2-3 години.
А има и сериозни македонски инвестиции в България - в производството на олио напр.
За сравнение - гръцките инвестиции са 700 млн. евро; словенските и унгарските - по 300 млн. евро и т.н.
По отношение на двустранната търговия /мкд-бг/ нещата също изглеждат приемливо - прилична динамика и недобра - архаична структура...
Та комуникацията и сътрудничеството между Гърция и Македония; или България и Македония и т.н. никога не е прествала...;

И по отношение на тези т.нар. билатерални седници - за България това е рутинна вече работа - от десетина поне години - за разлика от внушението на статията - страната има такава практика с Румъния, Гърция, Турция, а сега и с Израел...Как са нещата със Сърбия и Македония - не знам - там изглежда по-сложно...; статията е любопитна както по отношение на заглавието - Скопие кани Тирана и София...така и по отношение на съдържанието - тази т.нар. покана е обвързана с визитата на Дачич в Скопие; сравненията са с Германия - Франция; Германия - Израел...просто невероятно.
31-01-2013, 09:23 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Македонија и Србија позрели од членки на ЕУ

Факт е дека и двете земји, и покрај проблемите и нерешените прашања меѓу нив, имаат доволно зрелост за да можат да соработуваат меѓу себе. Зошто тоа не е можно во односите на Македонија со Бугарија и со Грција, каде што токму поради фактот што двете земји се членки на НАТО и на ЕУ, таквиот пристап кон работите би требало да оди уште полесно. А не дека и Македонија и Србија за да го достигнат тоа ниво не треба да балансираат

Можеби звучи премногу патриотски и навивачки, ама сепак не е така, затоа што фактите зборуваат дека Македонија од секогаш се однесувала подржавнички од многу други држави, особено во односите со своите соседи. За возврат, освен куп проблеми и оптоварени меѓудржавни односи, ништо друго не добива. Човек да помисли дали е сѐ во ред со нашите политичари или, пак, во прашање е нешто друго?
Но со секоја посета на кој било српски политичар секогаш одново и одново излегува на виделина дека проблемите помеѓу државите и тоа како може да се менаџираат и дека отворените прашања не мораат и не смеат да бидат пречка за успешна соработка.

Последен доказ за тоа е посетата на српскиот премиер Ивица Дачиќ, кој отворено кажа дека Македонија и Србија имаат отворени прашања, што не значи дека и двете земји не треба да соработуваат истовремено барајќи решение на проблемите.

Не дека Македонија нема што да ѝ замери на Србија, но тоа е истата онаа за Европа и за светот обележана како „лошата“ Србија, која ниту ги негирала ниту ги негира македонското име, јазикот и историските личности, а македонското малцинство ги ужива сите права што со српските закони се предвидени како такви (и обратно).

Во крајна линија, тоа не е толку битно, колку што е битно дека станува збор за земја што не е членка на ЕУ, а сепак сериозно се држи до демократски принципи и почитувањето на основните човекови права или барем се обидува да го прави тоа. Како и Република Македонија.

За разлика од обележаната Србија, Бугарија или Грција, сеедно, двете членки на ЕУ, кои ако се суди според тоа би требало да се барем половина чекор понапред од земјите како Македонија и нашиот северен сосед, не само што не ги почитуваат малцинските права туку го загрозуваат и принципот на слободно национално изразување и во други држави. За нив ниту одлуките на Хашкиот суд или Европскиот суд за човекови права не значат ништо, уште помалку извештаите на меѓународните институции.

Тоа што и двете држави се членки на Унијата воопшто не им дава за право да се однесуваат како што ним ќе им падне на памет и дека како такви можат дури и да нѐ уценуваат за елементарни работи како нашето име, да се обидуваат да нѐ омаловажат со тврдењата дека македонскиот народ не постои и, згора на сето тоа, да си земаат за право одредени историски личности да ги сметаат за своја ексклузивна сопственост. И сето тоа зачинето со огромна доза ароганција, во која нема место за пардон, во која нема простор за разговор а зошто да не и договор.

Дачиќ го замоли македонскиот премиер Никола Груевски, во условите во кои сега се наоѓа Србија, Македонија да има воздржан пристап кон косовското прашање, како свој придонес кон дијалогот и обидот да се дојде до компромисно решение. Сосема легитимно барање на една држава што се обидува на легален начин да зачува дел од територија што ја смета за своја. Секако, Србија сето тоа го прави затоа што знае дека до себе има разумен партнер, кој тргајќи од својата мака сосема добро ја разбира и туѓата. Но поентата не е во тоа, туку во фактот дека двете земји, и покрај проблемите и нерешените прашања меѓу нив, имаат доволно зрелост за да можат да соработуваат меѓу себе. Зошто тоа не е можно во односите со Бугарија и со Грција, каде што токму поради фактот што двете земји се членки на НАТО и на ЕУ, таквиот пристап кон работите би требало да оди уште полесно. А не дека и Македонија и Србија за да го достигнат тоа ниво не треба да балансираат. Нашата држава со Косово и фактот дека тука живее голема албанска етничка заедница, Србија со своето вековно пријателство со Грција (сеедно што тоа пријателство всушност почнува од 1912 година и Првата балканска војна). И сеедно што и двете земји знаат дека и во случајот со Косово и во случајот со нашиот проблем со името во прашање се многу поголеми игри отколку што е тоа во моќта на двете држави.

Патем, да го споменеме и спорот меѓу МПЦ и СПЦ. И Дачиќ и Груевски велат дека ова прашање не го сметаат за меѓудржавно, односно го сметаат пред сѐ за црковно, но сепак се согласија дека ги оптоварува „инаку многу добрите релации меѓу македонскиот и српскиот народ“. Токму тука е и дилемата. Ако спорот ги оптоварува односите меѓу двете држави (што значи односите на сите граѓани кои живеат во овие држави без оглед на верската припадност) и двата народа, тогаш прашањето не е само црковно туку е и политичко и меѓудржавно. Оттука, се чини дека и двајцата премиери можат повеќе да ги засукаат ракавите во врска со ова отколку да се нудат како олеснувачи.

Автор: Искра Опетческа

novamakedonija.com.mk




Скопје ги кани и Тирана и Софија на заеднички владини седници
Пример за историски закарани страни што денес соработуваат се и заедничките седници на германската влада со израелската и со француската. Грција и Турција во 2010 година одржаа заедничка седница во Атина

ПО ДОГОВОРОТ СО СРБИЈА
Македонската влада првпат ќе одржи заедничка седница со некоја странска влада. Седницата со српската влада што според првичните најави би се одржала во мај во Белград ја договорија премиерите на двете земји на завчерашната средба во Скопје. Според нивните најави, целта на состаноците од таков формат, на кој ќе учествуваат и дел министри, е да се даде импулс во развивањето на односите меѓу двете држави, да се придвижат значајните проекти и да се подобрат билатералните односи. Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, прецизира дека на седниците ќе се обидат да ги унапредат економската соработка и трговската размена, да ги разгледаат инфраструктурните проекти што имаат поширок регионален карактер, енергетските проекти и опциите за заеднички настап на трети пазари за одделни производи, потоа да подготват заедничка туристичка понуда и да договорат соработка во земјоделството, медицината, образованието.

Борисов и Самарас лани потпишаа десетици договори

- Од политички аспект тоа е соодветен начин за надградба на добрососедските односи и на дело да се практикува меѓусебната соработка. Затоа и ние како Влада сме заинтересирани за одржување вакви форуми со сите наши соседи, за што се направени првични чекори покрај со Србија, и со Албанија, а има првичен интерес и од Бугарија, и сите вакви процеси го имаат нашето целосно внимание - вели Ѓорѓиев.

Инаку, идеја за заедничка владина седница со Србија имаше и додека претседател беше Борис Тадиќ, а премиер Мирко Цветковиќ, но таа не се реализираше. Тадиќ лично во 2010 година најави таква можност, па и покрај очекувањата и тврдењата дека ќе се случи во првата половина на 2011 година, до неа не дојде.

Балканот доцни зад Европа

Во писмото што бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов го испрати лани во декември официјална Софија како услов за поддршка на земјава го наведе создавањето на советот на високо ниво, на кој ќе се одржуваат годишни заеднички владини седници.

Според дипломатот Огнен Малески, ваквата иницијатива е добра, но како што вели треба да се прошири и кон другите соседни земји.

- Еден од најголемите проблеми на Балканот е што е расцепкан. Има многу граници, бариери, легислативи што претставуваат пречки за остварување на некои проекти, а на пример некои од нив, како инфраструктурните, мора да ја преминат границата - оценува Малески.

Според професорот Јове Кекеновски, пак, вакви седници требало да се одржуваат и претходно.
- Тие седници се куртоазни и со нив во јавноста се покажува добрата соработка, која се рефлектира понатаму и на другите области - вели Кекеновски.

Таков формат на состаноци, пак, воопшто не е невообичаен ниту, пак, се смета за вонреден во регионов и во Европа. Грција и Бугарија неодамна ја одржаа втората заедничка седница. Бугарскиот премиер Бојко Борисов заедно со неколку министри со својот колега Андонис Самарас во Атина договорија десетина меѓудржавни договори за соработка. Бугарија се договори и за редовни годишни меѓувладини седници со Романија на кои ќе барале решавање на заедничките проблеми.

Грчката влада одржа заедничка седница и со своите турски колеги. Во 2010 година Реџеп Таип Ердоган заедно со десетина министри и стотина бизнисмени пристигна во Атина, што се сметаше за голем чекор за надминување на заострените односи меѓу двете соседни земји. Западните медиуми заедничката седница ја оценија како случај без преседан во повеќегодишните турбулентни меѓудржавни односи, а беа склучени дваесетина договори од областа на економијата, туризмот и енергетиката, а и договор за враќање на доселениците во Турција.

Во регионот заеднички владини седници беа одржани и меѓу Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
- Балканот мора малку повеќе да работи на билатералната и мултилатералната соработка за да го стигне степенот на соработка на европските земји - вели Малески.

Израелската и германската влада се добар пример за надминување на историските несогласувања: Меркел и Нетанјаху

Израел и Германија пример за соработка

Пример за историски закарани страни што денес соработуваат се и заедничките седници на германската влада со израелската и со француската. Вообичаено на годишнината од потпишувањето на договорот што беше основа за помирување и создавање на денешната Европска Унија германските и француските влади и парламенти одржуваат заеднички седници.

Безбедносните прашања, перспективата на блискоисточниот мировен процес и иранските нуклеарни амбиции, пак, на заедничка седница во Берлин ги разгледуваа германската и израелската влада. Со состанокот раководеа канцеларката Ангела Меркел и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а на нив учествуваа и израелските министри за одбрана Ехуд Барак и за надворешни работи Авигор Либерман. И претходно, во 2008 година имаше слична заедничка седница на германските и на израелските владини кабинети. За заеднички владини седници Меркел патуваше и до Израел заедно со уште десетина министри, при што потпишаа договори за соработка.

Автор: Фросина Димеска

novamakedonija.com.mk

Ум царува, ум робува, ум патки пасе...
31-01-2013, 09:30 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Извинявайте за бъркотията - изтрийте моля ви повтарящите се постове...
Поздрав
31-01-2013, 09:33 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарите во Втората светска војна се фашисти и окупатори

„Освоената Грција се подели на три зони: германската (Крит, Атика, некои острови од Егејот и поголемиот дел од Македонија), бугарската (делови од источна Македонија и Тракија) и италијанската (преостанатиот дел од Грција). Во источна Македонија политиката на бугаризација што се обидоа да ја спроведат бугарските фашисти предизвика бунт на Грците, кој заврши со масовни убиства“, пишува во гимназискиот грчки учебник за трета година




Офицери на бугарската армија во Втората светска војна

Грчки учебници по историја

Кога двајца озборуваат некој трет, вообичаено е да не си кажат што всушност мислат еден за друг. Тоа можеме да го видиме и во разговорите меѓу Грција и Бугарија на тема - колку лош сосед им е Македонија и на двете. Навистина е тешко да се претпостави дали грчките челници се сеќаваат на часовите по историја во основно и во средно училиште, додека ги слушаат бугарските колеги како им се жалат за тоа дека во нашата земја Бугарите се нарекувале фашистички окупатори кога се зборувало за периодот на Втората светска војна. Бугарскиот државен врв, почнувајќи од премиерот Бојко Борисов, преку министерот за надворешни работи Николај Младенов, па сѐ до претседателот Росен Плевнелиев, се радуваат на погледите полни со разбирање што им ги упатуваат грчките соговорници.

Но ако премиерот на Грција, Андонис Самарас, или министерот Димитрис Аврамопулос не можат да се присетат на своите училишни денови, можат многу лесно да проверат што нивната влада им дава на грчките деца да учат за Втората светска војна и за бугарското учество во неа. А таму, изненадување, и за Грците, Бугарија била фашистичка и окупаторска земја.

НЕ СЕ ШТЕДИ НА ЗБОРОТ „ОКУПАЦИЈА“

На пример, во гимназиските учебници за трета година (гимназиите во Грција се втор од трите степени предуниверзитетско образование, што значи дека овие деца се на 14 или 15-годишна возраст), на 132-та страница се наоѓа лекцијата со наслов „Окупација, отпор и ослободување“. Особено интересен е делот каде што е опишана поделбата на грчката држава во текот на војната.

„Освоената Грција се подели на три зони: германската (Крит, Атика, некои острови од Егејот и поголемиот дел од Македонија), бугарската (делови од источна Македонија и Тракија) и италијанската (преостанатиот дел од Грција). Во источна Македонија политиката на бугаризација што се обидоа да ја спроведат бугарските фашисти предизвика бунт на Грците, кој заврши со масовни убиства“, пишува во книгата.

Дали треба друг доказ дека за Грција, Бугарите во Втората светска војна биле окупатори? И дали досега некој во Бугарија кренал врева околу ова? Далеку било. Си молчат.

Ниту на помладите ученици во Грција не им се сервираат попријатни приказни за соседите.
Шестоодделенците (10-11 години), исто така, учат дека земјата им била окупирана од три земји, меѓу кои и Бугарија, во делот насловен „Една деценија борби и жртви за слободата (1941-1949), на 213-та страница.
„Германците штом ја освоија Грција, ги зaдржаа Атина, Централна Македонија, Крит и железничката линија, на сојузниците и на Бугарите им доделија делови од Македонија и од Тракија, и преостанатиот дел на Италијанците. Периодот на тројната окупација беше почеток на големо искушение за грчкиот народ. Особено во првата зима, 1941-1942 г., гладот го измачуваше населението во големите градови“, пишува во овој учебник.

Таква е грчката историја за овој период од животот на грчката држава. А, сепак, официјална Софија и бугарското општество не реагирале досега на ваквите ставови. Зошто тогаш вреват кога станува збор за нашата историја? Очигледно не за да ја докажат нивната историска вистина. Нешто друго им пречи.
Од друга страна, доколку се погледнат бугарските учебници по историја, ќе се најде понекој збор и за грчката улога кога станува збор за Македонија. Тие зборови што ги учат бугарските деца се сосема различни од тие што им се пласираат на грчките. Така, во бугарскиот учебник по историја и цивилизација за 11 клас, во одделот „Бугарија за време на Балканските војни“, меѓу другото, стои:

„Грчките воени власти ставаат рака врз поголемиот дел од Егејска Македонија... Насекаде, окупациските власти (грчки и српски во вардарскиот дел, н.з.) го подготвуваат доаѓањето на српската и на грчката цивилна администрација...“


Бугарскиот цар Борис (десно) со министерот за одбрана на Бугарија во 1941 година

Следејќи го ова, излегува дека Грците и Бугарите имаат сериозен историски спор, кој до денес не е решен, и кој може да се види во нивната образовна програма. За Бугарите, Грците се окупатори на Егејска Македонија, а Грците себеси се сметаат за ослободители на тој дел во 1912 година и затоа, пак, ги сметаат Бугарите за окупатори во 1941 година. Сепак, и покрај овие спротивставености, никому ниту во Атина ниту во Софија не му паднало на памет да ја обвини другата држава дека ја краде и фалсификува историјата. А и двете држави ја обвинуваат Република Македонија токму за тоа.

Ако се продолжи со читање на бугарскиот учебник, тогаш во делот за Втората светска војна ќе се види дека тие себеси не се сметаат за освојувачи, туку за страна на која ѝ биле вратени нејзини територии откако Германија, на чело со Адолф Хитлер, ги освоила Југославија и Грција.

„Во април 1941 година, кога валјакот на германската агресија ги прегазува Југославија и Грција, направен е значителен чекор напред во насока на националното обединување. На Бугарија ѝ се вратени Моравската област (со градовите Пирот, Сурдулица и Врања) и источниот дел од Вардарска Македонија.
Откако Грција капитулира, на Бугарија ѝ е вратен мал беломорски дел. Бугарската држава го добива источниот дел од Егејска Македонија и поголемиот дел од западна Тракија со островите Тасос и Самотраки. Другите територии од Егејска Македонија и Беломорјето остануваат под германска и италијанска окупација. Пропагандата му дава титула на царот Борис Трети како цар-обединител, но во територијална и етничка смисла обединувањето останува незавршено. Во ‘новите земји‘ се воспоставува бугарска воена и граѓанска администрација само до крајот на војната“, се вели во бугарскиот учебник.

ФИЛМОТ ПОВАЖЕН ОД УЧЕБНИКОТ

„Трето полувреме“, како што е добро познато, е игран филм. Исто така е познато дека играните филмови како форма немаат никакви обврски кон реалноста или кон историската вистина. Документарците се тие што мора да се базираат на факти, а кога се филмовите во прашање, нема ништо спорно ако некој сними филм според чија содржина Наполеон Бонапарта никогаш не постоел, или во кој британскиот монарх е мутиран диносаурус што го предводи своето кралство во борба против суштества од други планети. Дури и во биографските филмови се сретнуваат фикција, невистинити случки, преувеличувања и слично. Затоа е многу тешко да се поверува дека Бугарија направи меѓународен проблем само затоа што не ѝ се допаднало како била прикажана во филм снимен во Македонија (ѝ беше припишан фашистички карактер во текот на Втората светска војна). Уште повеќе што бугарската држава го користеше „Трето полувреме“ за да „докаже“ дека Македонија ја искривува историјата и поради тоа не е добар сосед. Точно се знае на чија страна се борела Бугарија во таа војна, што може да се види и од македонските, и од грчките, и од бугарските учебници. Но и без разлика на тоа, дури и да има некакви преувеличувања, тоа е само филм.

Учебник по историја, од друга страна, е многу сериозна работа. Од него се образоваат децата во основните и во средните училишта, па затоа е неопходно тој многу доследно да се придржува до утврдените факти. А токму во нив грчките ученици на 14 или 15-годишна возраст учат за нивните соседи и партнери во НАТО и во Европската Унија, Бугарите, дека како фашисти вршеле бугаризација на територијата што ја окупирале од нив. Значи, терминот „бугарски фашисти“ сосема нормално се употребува во грчките гимназии (кои се втор од трите степени предуниверзитетско образование). Но се чини дека тоа воопшто не го загрижува бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, ниту приближно како кога бугарски фашизам ќе се прикаже во обичен филм, но во Македонија. Како што никој во Грција не е загрижен што бугарските деца учат дека Грција во 1912 година е окупатор на Егејска Македонија.


Споменикот во Драма за прогонетите Евреи


Автор: Гоце Трпковски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...setIzdanie
Без Ботев няма България
31-01-2013, 03:36 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

„Нѐ третираат како најдолна класа иако сме европски граѓани“

Во отворени писма до Лондон и до Софија, Бугари што живеат и работат на Островот се жалат на негативниот однос на британската влада и на Британците кон нив. Тие ја критикуваат Бугарија зашто не реагира да ги заштити





БУГАРИ СЕ ЖАЛАТ НА БРИТАНСКИОТ ОДНОС
Не доаѓајте во Британија - нема работа

Не доаѓајте во Британија - врне, нема многу работни места, а и тие што ги има се ниско платени. Британските власти размислуваат во Бугарија и во Романија да поведат негативна кампања за Британија за да ги разубедат потенцијалните доселеници да не доаѓаат на Островот, објави деновиве лондонски „Гардијан“. Читателите на весникот испраќаа свои предлог-постери за антикампањата за Британија.
Бугари што живеат и работат во Британија во отворени писма до Лондон и до Софија се жалат на односот на Британците кон нив, нагласувајќи дека на Островот ги третираат како „најдолна класа“ иако се европски граѓани. Тие ја критикуваат Бугарија зошто не реагира поради овој однос кон нејзините државјани.

Димитар Димитров (35), родум од Варна, во отворено писмо до претседателот, премиерот и со министерот за надворешни работи на Бугарија, опишува како се однесуваат Британците кон бугарските доселеници на Островот.

- Oдносот на англиските власти кон бугарските доселеници е исклучително негативен. Тоа се одразува и врз односот на обичните Англичани кон нас. Можам да го разберам нивниот став, бидејќи не прават разлика меѓу чесен бугарски работник и просјак или крадец со ромско потекло. Но не го разбирам односот на Бугарија кон овој проблем, поточно недостигот од него. Ние сме третирани како најдолна класа луѓе, бидејќи меѓу нас навистина има и такви. Но повеќето од доселениците дошле на Островот зашто во Бугарија нема место и работа за нас - пишува Димитров.

Тој бара од Софија да ги повлече дипломатските претставници од Лондон зашто им одмагаат наместо да им помагаат на Бугарите на Островот.

- Мислам дека е крајно време Бугарија да интервенира. Да интервенирате вие, претседателе, премиере и министре за надворешни работи. Амбасадата во Лондон не е само „мисија Лондон“, тоа е „невозможна мисија“. Отповикајте ги дипломатските претставници од Лондон. Тие се таму за да им помагаат на Бугарите, но во најдобар случај само им пречат. Но не зашто прават нешто како што треба, туку зашто никаде ги нема - нагласува Димитров.

Тој бара од Бугарија да ги заштити нејзините граѓани.

- Зошто Бугарија дозволува нејзините граѓани да ги нарекуваат „бездомници“, според зборовите на општинската советничка Ники Аикен. Таа вели: „Вестминстер веќе плаќа илјадници фунти за автобуски билети за да ги врати дома бездомниците од Бугарија и од Романија и да ги исчисти нивните импровизирани кампови“. Зошто дозволувате ваква дискриминација? Јас сум европски граѓанин, како и илјадниците сограѓани тука. Очекувам од државата, од која сѐ уште не сум се откажал и во која трошам поголем дел од парите, да ме заштити. Но од ваша страна ниту абер ниту глас. Не се чувствувам добро во Лондон. Во британската престолнина не сум ниту невработен ниту ниско платен. Заработувам многу повеќе од кој било поданик на нејзиното височество. И знам дека сум вреден и за Британија, каде што плаќам даноци и осигурување, и за Бугарија, каде што ги трошам заработените пари - вели тој.

Димитров предупредува: „Многу брзо ќе дојде времето кога Англичанецот штом ќе слушне дека си Бугарин ќе те плука на улица“.

„БУГАРИЈА Е УЖАСНА ЗЕМЈА“

Претходно бугарската студентка Ралица Бехар, која четири години студирала во Единбург, напиша отворено писмо до лидерот на популистичката партија за независност на Обединетото Кралство, Најџел Фараж. Таа реагира на неговите коментари во една ТВ-емисија на Би-би-си, во која тој тврди дека Бугарија е во ужасна состојба, дека 50 отсто од населението живее во сиромаштија со просечна плата од 200 евра и со пензија од 100 евра, дека луѓето едвај се прехрануваат, дека државата нема независно судство и дека со нејзината економија управува мафијата.

- Да бев Бугарин, веднаш ќе ги спакував куферите и ќе посакав да дојдам во Британија - вели Фараж, кој смета оти е „апсолутно неодговорно, погрешно и проклето глупаво“ Британија од 2014 година да ги отвори границите за 29 милиони Бугари и Романци што ќе можат слободно да живеат и да работат на Островот по укинувањето на рестрикциите на пазарот на трудот.

Студентката Бехар вели оти му пишала на Фараж за да му објасни каква навистина е состојбата во Бугарија и дека не сакаат сите Бугари да се спакуваат и да дојдат Островот за да се закачат на британскиот здравствен и социјален систем.

- Мојата силна врска со Британија е причината да го напишам ова писмо. Иако се обидувам да ги дознаам вашите стравувања за доселеништвото, мора да признаам дека вашите коментари за Бугарија се неточни и до некаде навредливи. Тие го потврдуваат моето мислење дека луѓето во Британија и во светот имаат сосема погрешна претстава за земјите од Источна Европа - пишува студентката, додавајќи дека не живее во балон и дека е сосема свесна за проблемите во нејзината земја.

Таа го обвинува Фараж дека изнел невистини за Бугарија и вели оти просечната плата не е 200 евра туку 385,5 евра, пензијата не е 100 евра туку 138 евра и дека на прагот на сиромаштијата не живеат половина од Бугарите туку 27 отсто.

- Но признавам дека не ме изненадија само погрешните информации што ги изнесовте на националната телевизија. Верувам дека изјавите како „Да бев Бугарин, веднаш ќе ги спакував куферите и ќе посакав да дојдам во Британија“ се храбри и неумесни. Бидејќи толку се фокусирате на проблемите во нашата држава и причините зошто сакаме да дојдеме да живееме во Британија, сакам да ви кажам зошто решив „да ги спакувам куферите зашто сакав да живеам во Бугарија“. Бугарија е земја со голем потенцијал.
Силно верувам дека младите што студираат во странство треба да ја градат својата кариера во Бугарија.
Со диплома од странски универзитет, сфатив дека моите вештини ќе бидат многу попотребни тука отколку во Британија. Ние сме иднината на нашата земја и верувам дека ние сме тие што можат да ја движат државата напред. Би сакала да додадам дека моите знаења ќе бидат многу поценети во Бугарија. Исто така верувам дека Бугарија нуди многу повеќе можности за бизнис. Со ова писмо не сакав само да ги поправам вашите неточни информации туку и да објаснам оти не се „неквалификувани работници“ сите Бугари, а веројатно и Романци, што доаѓаат во Британија, а дури и да се такви, тие исто така придонесуваат за развојот на вашата економија - нагласува Бехар, повикувајќи го Фараж на гости кај неа во Британија за да види колку се променила државата во изминативе 20 години.

НОВ БРАН ДОСЕЛЕНИЦИ

Во моментов во Британија се води жестока дебата за потенцијалниот бран бугарски и романски доселеници од 2014 година. Британците стравуваат од нов наплив на доселеници од Источна Европа, како по големиот бран проширување на ЕУ во 2004 година, кога илјадници Полјаци и Чеси заминаа на Островот во потрага по подобар живот. Политичари и медиуми ја обвинуваат Владата во Лондон дека не дава официјални процени колку Романци и Бугари ќе дојдат на Островот откако Британија од 2014 година целосно ќе ги отвори границите за граѓаните на двете најнови членки на ЕУ. Според податоците на британските власти, до јули 2011 година во Британија имало 52.000 Бугари и 82.000 Романци. Тинк-тенкот „Мајгрејшн воч“, пак, прогнозира дека до 2019 година на Островот годишно ќе пристигнуваат по 50.000 Бугари и Романци.
Полскиот е втор јазик во Англија
Полскиот е втор најзборуван јазик во Англија и во Велс по англискиот, покажуваат податоците од пописот во 2011 година. Полскиот јазик го зборуваат 546.000 лица, а англискиот или велшкиот е примарен јазик за над 50 милиони лица постари од три години или 92 отсто. Околу четири милиони лица или осум отсто од населението изјавиле дека зборуваат друг јазик освен англискиот или велшкиот, јави Би-би-си.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22794
Без Ботев няма България
01-02-2013, 05:56 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


БАЛКАН | 1. FEBRUARY 2013 - 11:40
Се поголем број Романци и Бугари во шверцот со кокаин

Се поголем број Романци и Бугари се вклучени во шверцот на кокаин, се наведува во заедничкиот извештај на Европскиот центар за следење на наркотици и зависници и Европол.

Според извештајот, главен пат за влез на хероинот во Европа е „балканскиот правец“, кој тргнува од Турција и продолжува преку Бугарија, Романија и Албанија, завршувајќи во централните, јужните и западните делови на Европа.

Хероинот на територијата на ЕУ се внесува од локални криминални групи, кои имаат врски со организираниот криминал во Турција и Албанија.

Источноевропските земји се повеќе прераснуваат во врата за влез на кокаинот во ЕУ, така што во десет држави од ЕУ, уделот на кокаинот во запленетите наркотици е зголемен во периодот меѓу 2001 и 2011 година од 0,1 на 1,8 проценти.

Запленетите количества во Романија, Бугарија, Турција и Грција се релативно мали, вкупно 4 тони за периодот 2009-2011 година. Иако, вкупното количество на пратките запленети во овие земји претставува само 2 проценти од вкупното количество заробен кокаин во Европа, неговиот процент е зголемен за трипати од 2001 година, се наведува во извештајот.

Во извештајот се истакнува фактот дека се поголем број жители од Балканските земји, особено од Бугарија и Романија се вклучуваат во шверцот на кокаин во изминатите години, од кои најголемиот дел во улога на пренесувачи.

http://sitel.com.mk/se-pogolem-broj-roma...-so-kokain

Без Ботев няма България
01-02-2013, 07:37 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

(31-01-2013, 09:23 AM)Valkanizater Wrote: Македонија и Србија позрели од членки на ЕУ

Факт е дека и двете земји, и покрај проблемите и нерешените прашања меѓу нив, имаат доволно зрелост за да можат да соработуваат меѓу себе. Зошто тоа не е можно во односите на Македонија со Бугарија и со Грција, каде што токму поради фактот што двете земји се членки на НАТО и на ЕУ, таквиот пристап кон работите би требало да оди уште полесно. А не дека и Македонија и Србија за да го достигнат тоа ниво не треба да балансираат

Можеби звучи премногу патриотски и навивачки, ама сепак не е така, затоа што фактите зборуваат дека Македонија од секогаш се однесувала подржавнички од многу други држави, особено во односите со своите соседи. За возврат, освен куп проблеми и оптоварени меѓудржавни односи, ништо друго не добива. Човек да помисли дали е сѐ во ред со нашите политичари или, пак, во прашање е нешто друго?

Но со секоја посета на кој било српски политичар секогаш одново и одново излегува на виделина дека проблемите помеѓу државите и тоа како може да се менаџираат и дека отворените прашања не мораат и не смеат да бидат пречка за успешна соработка.

Последен доказ за тоа е посетата на српскиот премиер Ивица Дачиќ, кој отворено кажа дека Македонија и Србија имаат отворени прашања, што не значи дека и двете земји не треба да соработуваат истовремено барајќи решение на проблемите.

Не дека Македонија нема што да ѝ замери на Србија, но тоа е истата онаа за Европа и за светот обележана како „лошата“ Србија, која ниту ги негирала ниту ги негира македонското име, јазикот и историските личности, а македонското малцинство ги ужива сите права што со српските закони се предвидени како такви (и обратно).

Во крајна линија, тоа не е толку битно, колку што е битно дека станува збор за земја што не е членка на ЕУ, а сепак сериозно се држи до демократски принципи и почитувањето на основните човекови права или барем се обидува да го прави тоа. Како и Република Македонија.

За разлика од обележаната Србија, Бугарија или Грција, сеедно, двете членки на ЕУ, кои ако се суди според тоа би требало да се барем половина чекор понапред од земјите како Македонија и нашиот северен сосед, не само што не ги почитуваат малцинските права туку го загрозуваат и принципот на слободно национално изразување и во други држави. За нив ниту одлуките на Хашкиот суд или Европскиот суд за човекови права не значат ништо, уште помалку извештаите на меѓународните институции.

Тоа што и двете држави се членки на Унијата воопшто не им дава за право да се однесуваат како што ним ќе им падне на памет и дека како такви можат дури и да нѐ уценуваат за елементарни работи како нашето име, да се обидуваат да нѐ омаловажат со тврдењата дека македонскиот народ не постои и, згора на сето тоа, да си земаат за право одредени историски личности да ги сметаат за своја ексклузивна сопственост. И сето тоа зачинето со огромна доза ароганција, во која нема место за пардон, во која нема простор за разговор а зошто да не и договор.

Дачиќ го замоли македонскиот премиер Никола Груевски, во условите во кои сега се наоѓа Србија, Македонија да има воздржан пристап кон косовското прашање, како свој придонес кон дијалогот и обидот да се дојде до компромисно решение. Сосема легитимно барање на една држава што се обидува на легален начин да зачува дел од територија што ја смета за своја. Секако, Србија сето тоа го прави затоа што знае дека до себе има разумен партнер, кој тргајќи од својата мака сосема добро ја разбира и туѓата. Но поентата не е во тоа, туку во фактот дека двете земји, и покрај проблемите и нерешените прашања меѓу нив, имаат доволно зрелост за да можат да соработуваат меѓу себе. Зошто тоа не е можно во односите со Бугарија и со Грција, каде што токму поради фактот што двете земји се членки на НАТО и на ЕУ, таквиот пристап кон работите би требало да оди уште полесно. А не дека и Македонија и Србија за да го достигнат тоа ниво не треба да балансираат. Нашата држава со Косово и фактот дека тука живее голема албанска етничка заедница, Србија со своето вековно пријателство со Грција (сеедно што тоа пријателство всушност почнува од 1912 година и Првата балканска војна). И сеедно што и двете земји знаат дека и во случајот со Косово и во случајот со нашиот проблем со името во прашање се многу поголеми игри отколку што е тоа во моќта на двете држави.

Патем, да го споменеме и спорот меѓу МПЦ и СПЦ. И Дачиќ и Груевски велат дека ова прашање не го сметаат за меѓудржавно, односно го сметаат пред сѐ за црковно, но сепак се согласија дека ги оптоварува „инаку многу добрите релации меѓу македонскиот и српскиот народ“. Токму тука е и дилемата. Ако спорот ги оптоварува односите меѓу двете држави (што значи односите на сите граѓани кои живеат во овие држави без оглед на верската припадност) и двата народа, тогаш прашањето не е само црковно туку е и политичко и меѓудржавно. Оттука, се чини дека и двајцата премиери можат повеќе да ги засукаат ракавите во врска со ова отколку да се нудат како олеснувачи.

Автор: Искра Опетческа

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22792


По откровен журналистически минет към бракята сърби аз нямам читано , а следя македонската преса едно вече минимум 10 години.

Заради такива евтини журналистически уличници всяко минало и бъдещо вето ще бъде напълно заслужено. Защото подобни коментари минават и заминават без никой от македонското общество да ги оспорва , критикува или анализира. И то в държава дето куцо кьораво и сакато са от анализатор нагоре


Без Ботев няма България
01-02-2013, 07:43 PM
Reply
Stefan Offline
Senior Member
****

Posts: 416
Joined: Jun 2010
Reputation: 12

Американски Бугарин си замина од Жалгирис затоа што – мажоретките биле премногу секси!?

Американскиот кошаркар со бугарски пасош, Ибрахим Џабир, на речиси неверојатен начин ја прекина соработката со литвански Жалгирис од каде што не само што си замина туку и ги врати сите пари што ги заработи во овој тим од октомври годинава.

[Image: art_Ibrahim_jaaber_20130201111632261741-...918976.jpg]

Џабир со писмо ја извести управата на Жалгирис дека не може повеќе да игра за тим чии „мажоретки се премногу секси и се оскудно облечени“, но и дека не може да носи дрес на кој има реклами за обложувачници и за алкохолни пијалоци. Овој 28-годишен бек-шутер има двојно државјанство и настапи за репрезентацијата на Бугарија.
http://www.mkd.mk/94765/sport/amerikansk...ogu-seksi/

Ха ха, "американски бугарин". Демек, колкото американските бугари са бугари, толкова и македонските бугари са такива.
***
"Направен е несреќен избор на букви од стара плоча...со старословенски букви, незабележително, пишува „Блгарско"..."
01-02-2013, 10:11 PM
Reply
Stefan Offline
Senior Member
****

Posts: 416
Joined: Jun 2010
Reputation: 12

(01-02-2013, 07:43 PM)Топорчо Wrote:

... Защото подобни коментари минават и заминават без никой от македонското общество да ги оспорва , критикува или анализира. И то в държава дето куцо кьораво и сакато са от анализатор нагоре
Ама така е! Даже и за почитаемите тукашни форумджии подобни статии са напълно в реда на нещата. Всички са в Матрицата.
***
"Направен е несреќен избор на букви од стара плоча...со старословенски букви, незабележително, пишува „Блгарско"..."
01-02-2013, 10:17 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 01.02.2013, 18:19
Романија и Бугарија се жалат дека се Европјани од втор ред



Романски и бугарски членови на Европскиот парламент упатија денеска писмо до претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо оценувајќи дека граѓанските права на Романците и Бугарите во ЕУ се загрозени бидејќи од почетокот на годината трае бран непријателски изјави насочен кон нив.

– Сметаме дека бранот непријателски изјави од почетокот на оваа година има за цел стигматизација на нашите државјани како Европјани од втор ред кои претставуваат закана за општествените системи само затоа што сакаат да ги исполнат своите основни права на слободно движење и слободна работа, се вели во писмо на пратениците.

Најновиот повод се пишувањата на десничарскиот печат во Велика Британија, за една од најпопуларните дестинации на имигранти од Романија и Бугарија, кои предупредија дека од тие држави ќе надојдат „орди“. Една од групите наведува дека во првите пет години секоја година околу 50.000 Бугари и Романци ќе влезат во Велика Британија, потсетуваат западни медиуми.

Романија и Бугарија влегоа во ЕУ во 2007 година, три години по нивни соседи од централна Европа.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...62AECCE09F
Без Ботев няма България
02-02-2013, 02:07 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Кой може да обясни на Мариян Николовски , на чист античен македонски език , че разликата между насраната гръцка книга и насрания филм , е тази. Гръцката държава не е дала от джоба на данъкоплатците 2 милиона и кусур евро пари и не е обявила книгата за проект от национално значение.

МАКЕДОНИЈА | 2. FEBRUARY 2013 - 19:57
СИТЕЛ ЕКСЛУЗИВНО: Бугарското учество во депортацијата на евреите

Депортацијата на македонските евреи и директната инволвираност на тогашната бугарска влада е неспорна. Последните документи кои излегоа од нацистичките архиви јасно докажуваат дека бугарските власти во Скопје 1943, не само што знаеле, туку и го организирале транспортот на евреите со крајна дестинација логорот Треблинка во Полска.

Ова се три писмени преписки меѓу бугарските железнички власти во Скопје со нацистите со кои се дефинираат начинот и цената за транспорт на евреите со два воза.

Сите три документи се септември и окотмври 1943. Во нив јасно се гледа дека Треблинка е крајната дестинација кон која од Скопје на 23 март и 3 дена подоцна на 28 март тргнале два воза со 3545 возрасни и 592 деца од еврејско потекло. Во документите е дефинирана и цената за превозот со двата воза на 7 144 317 лева.

Во еврејската заедница во Македонија велат дека овие документи се само уште еден од несоборливите аргументи за директната инволвираност на тогашните бугарски власти во депортацијата на евреите од Македонија.

Македонската еврејска зедница очекува актуелните бугарски власти, наместо да се обидуваат да го негираат учеството на тогашната бугарска влада во холокаустот, конечно да се извинат за прогонот на евреите од Македонија.

Бугарија жестоко реагираше за нејзино поврзаување со ово прицес во Македонија, особено по филмот трето полувреме, но досега се уште нема никаква реакција од официјала Софија за книгата што во Грција беше отпечатена а во која се посочува учеството на тогашната бугарска власт во прогонот на евреите од грчка територија.

Марјан Николовски

http://sitel.com.mk/sitel-eksluzivno-bug...na-evreite
Без Ботев няма България
03-02-2013, 07:23 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

От Фейсбук


Viktor Kanzurov
Србоманскиот шовинист, споулавениот и историски тотално неписмен Никола Груевски, преку неговите медиумски слуги од ТВ „Сител“, исто како и со слугите од весникот „Нова Македонија“, продолжува да ја држи линијата на конфронтација со Бугарија...
Сега очекувам пак србоманските неонацисти од т.н. СДСМ, да го обвинат дека е бугарофил...
Измешани баби и жаби во ова памфлетче на провеликосрпската Ѕинговизија, кој што правел, а што негирал... Единствено недостигаат податоци како припадниците на самобитната македонска нација, спасувале Евреи, барем приближно како што тоа се случувало во „старите предели“ на Бугарија... Недостигаат и податоци како грчката колаборационистичка на нацистите власт, за време на Втората световна војна, се однесувала кон Евреите, не на територијата окупирана од Бугарија во Беломорска Македонија и Тракија, туку таму каде што имало грчка пронацистичка администрација... Недостигаат податоци и како Србија на Милан Недиќ, тогашен сателит на нацистичка Германија, се постапувала со Евреите и колку проценти од нив биле однесени во логорите на смртта или ликвидирани на српска територија, а како Белград добил пофалница од Третиот Рајх, како прв европски град, исчистен од Евреи. Се разбира, Ѕинговизија би можела сето тоа да го прикаже, споредувајќи го однесувањето на мнозинството Срби, Грци и самобитни етнички Македонци, контра однесувањето на Бугарите кон трагедијата на еврејскиот народ...

http://sitel.com.mk/node/58047
Без Ботев няма България
03-02-2013, 07:32 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Едно опровержение - само дето едва ли някой ще го прочита.

http://fakti.bg/mnenia/58475-nova-makedo...u-balgaria

Без Ботев няма България
03-02-2013, 02:19 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Само да напомня , че това са ударни вести - на първи страници , приказани като ексклузивни и прочие . И накрая кой ще обясни на това идиотче , разликата между книгата и филма. Флимът е субсидиран с държавни пари и обявен за проект от национално значение, книгата е частна инициатива - без държавно участие.
Големия талант Дарко - да си беше събрал сам парите за проекта - никой гък немаше да каже.


ПОСЛЕДНИТЕ ДОКУМЕНТИ КОИ ИЗЛЕГОА ОД НАЦИСТИЧКИТЕ АРХИВИ ЈАСНО ДОКАЖУВААТ ДЕКА ВО СКОПЈЕ 1943


Бугарските власти организирале транспорт на Евреите во Треблинка


Овие документи го покажуваат она што дел од т.н. денешни патриоти во Бугарија го негираат, а тоа е улогата на цар Борис и пронацистичката влада, дека тие не можеле да ја спречат депортацијата, дека ова не била територија на која тие владееле, туку само ја администрирале. Овие документи покажуваат дека тие владееле со оваа територија, ова е окупирана територија, велат од еврејската заедница во земјава





Депортацијата на македонските Евреи и директната инволвираност на тогашната бугарска влада е неспорна. Последните документи кои излегоа од нацистичките архиви јасно докажуваат дека бугарските власти во Скопје 1943, не само што знаеле, туку и го организирале транспортот на Евреите со крајна дестинација логорот Треблинка во Полска.

На трите писмени преписки од септември и октомври 1943 меѓу бугарските железнички власти во Скопје со нацистите со кои се дефинираат начинот и цената за транспорт на Евреите со два воза јасно се гледа дека Треблинка е крајната дестинација кон која од Скопје на 23 март и 3 дена подоцна на 28 март тргнале два воза со 3545 возрасни и 592 деца од еврејско потекло. Во документите е дефинирана и цената за превозот со двата воза на 7 144 317 лева.
Во еврејската заедница во Македонија велат дека овие документи се само уште еден од несоборливите аргументи за директната инволвираност на тогашните бугарски власти во депортацијата на Евреите од Македонија.
- Овие документи потврдуваат дека депортацијата на Евреите од Македонија, Пирот и Тракија, како и планираната депортација на Евреите од Бугарија, била одамна државна политика на тогашната нацистичка влада на Богдан Филов на чело со цар Борис Трети. Ова го нагласувам затоа што сакам да ја исклучам бугарската православна црква и бугарските интелектуалци, како и дел од парламентарците, кои се противат на таквиот однос на бугарската влада и после широките протести, депортацијата на бугарските Евреи не е направена, најмногу благодарејќи на два архиепископи, Кирил и Стефан, но била и понатаму планирана. Значи овие документи го покажуваат она што дел од т.н. денешни патриоти во Бугарија го негираат, а тоа е улогата на цар Борис и пронацистичката влада, дека тие не можеле да ја спречат депортацијата, дека ова не била територија на која тие владееле, туку само ја администрирале. Овие документи покажуваат дека тие владееле со оваа територија, ова е окупирана територија, велат од еврејската заедница во земјава.











Македонската еврејска зедница очекува актуелните бугарски власти, наместо да се обидуваат да го негираат учеството на тогашната бугарска влада во холокаустот, конечно да се извинат за прогонот на Евреите од Македонија.

Бугарија жестоко реагираше за нејзино поврзување со овој процес во Македонија, особено по филмот "Трето полувреме", но досега се уште нема никаква реакција од официјална Софија за книгата што во Грција беше отпечатена, а во која се посочува учеството на тогашната бугарска власт во прогонот на Евреите од грчка територија. (М.Н.)


Македонците од Голо Брдо не можат да учат на мајчин јазик
Тирана и натаму молчи за барањата на Македонците од Голо Брдо. И по 20 дена од поднесувањето на петицијата за воведување на македонски јазик во основното училиште во село Требиште, надлежните институции останаа глуви. Од македонското друштво МОСТ, велат дека тука не застануваат. Барањето ќе го поднесат и до меѓународните институции во Албанија. Претседателот Хасани вели дека изучувањето на македонскиот јазик е со устав загарантирано право на малцинствата и е една од препораките на ЕУ за добивање кандидатски статус на Албанија.
- Барањето ќе го поднесеме и до Американската амбасада, до народниот правобранител. Во Требишта има 100 деца кои не знаат албански јазик, а од прво одделение ќе мора да го изучуваат, вели Бесник Хасани.

Македонскиот јазик во Албанија единствено се изучува во Мала Преспа. 300 ученици во две основни и едно средно училиште. Но, од македонската алијанса за европска интеграција велат дека и таму има проблеми. Владата на Албанија треба да ги преведе учебниците, а преведена е само граматиката.
- Според законот, 60 проценти од наставата треба да се изведува на македонски јазик, но, преведена е само граматиката, албанските власти и за ова немаат слух, постојано бараме да ги преведат книгите и учебниците, изјави Васил Стерјовски.

Во повеќе наврати властите од земјава, на Македонците од Албанија им донираа книги и учебници се со цел учениците повеќе да се запознаат со својот мајчин јазик. (В.Ќ.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=07F2764F19DB...33E274AA47
Без Ботев няма България
04-02-2013, 06:17 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

04.02.2013, 09:38

Жељу Желев: ЕУ и Грција да го признаат уставното име на Македонија


Сите ние треба да го поддржиме стремежот на Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО, изјави поранешниот бугарски претседател Жељу Желев на јавна дискусија на тема „Улогата на граѓанско-експертскиот потенцијал во надворешната политика на Бугарија во контекст на ’Црвениот картон’ на Софија кон Скопје за преговорите со ЕУ“.

- Не треба да го пресекуваме патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Секако, таа мора да ги задоволи сите критериуми и услови кои важат и за другите балкански земји кои веќе станаа полноправни членки на ЕУ и НАТО. Евроатлантската интеграција треба да биде политика на сите нас за обединување на балканските земји. Тоа е апсолутно неопходно, рече Желев.

Бугарија е првата земја што ја признава независноста на Македонија на 15 јануари 1992 година, токму кога Желев беше шеф на државата.
Тој ја повтори својата теза дека главниот виновник за проблемот со името на Македонија е Европската комисија.

- Како може да се дозволи други да го решаваат името на една држава. Овој механизам за донесување одлуки со целосен консензус е идиотизам. На тој начин буквално им се овозможува на соседите да се расправаат со државата која се разгледува, нагласи Желев и ги повика ЕУ и Грција да ја признаат Македонија под уставното име.

Според него, „правото да се избере името на сопствената држава е свето право и никој не може да го прекрши“. Желев рече дека спорот за името „Македонија“ е сличен на тоа која сега некој би го оспорил името „Грција“ затоа што во историјата на земјата таа не се викала само Грција, туку и Византија и Елада.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=FF4DA40F5...ACD832FE7B
Без Ботев няма България
04-02-2013, 04:53 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Во Бугарија сѐ уште владее диктатурата на Тодор Живков: Македонците протестираат поради срамната одлука на Советот на Европа!

Македонците во Бугарија остро протестираат на неодамнешната скандалозна одлука на Парламентарното собрание на Советот на Европа да го избрише македонското малцинство од Резолуцијата за постмониторинг на Бугарија, од која беа тргнати и Помаците.



Повеќе здруженија и организации на Македонците во Бугарија, предводени од ОМО – Илинден Пирин испратија декларација во знак на протест до Советот на Европа во која се вели:

„Во името на организациите на македонското малцинство во Бугарија, го изразуваме нашето огромно разочарување и шок поради отстранувањето на нашето малцинство од конечната резолуција.„Во практиката, од 1963 до денес, остана во сила ставот на бугарскиот диктатор Тодор Живков: „Бугарија нема македонско малцинство, ниту е можно да го има“ , се вели во декларацијата, во која отворено им се кажува на европарламентарците дека бришењето на македонското малцинство од Резолуцијата нема да придонесе за напредок на нивните права, туку тоа ќе се користи како средство за понатамошна дискриминација и за охрабрување на негирањето.

Во протесната декларација се додава дека Македонците во Бугарија немаат забелешки на текстот на резолуцијата, но нагласуваат дека протестираат против „циничните и манипулативни аргументи“ кои биле искажани пред делегатите на Парламентарното собрание.

Шокот, како што велат македонските здруженија, е пред се поради тоа што проблемите со кои се соочуваат во Бугарија, се регистрирани во бројни случаи во Советот на Европа, во извештаите на ЕКРИ и од страна на Комисијата за следење на Рамковната конвенција, во текот на последните 13 години. Потоа во многу изјави од страна на Комесарот за човекови права. Потсетуваат дека неправдите што им ги прави бугарската држава биле предмет на девет судски сослушувања на ЕСЧП, во кои биле презентирани десетици снимени инциденти на негација на правата на припадниците на македонското малцинство во Бугарија. И после се Парламентарното собрание на Советот на Европа, како што е познато, донесе срамна одлука која нема врска ниту со правдата, ниту со вистината, ниту со правото.



Понатаму во декларацијата се вели:

„Официјалното признавање на македонското малцинство во Бугарија е неопходно, бидејќи Бугарија спроведува политика на негирање и одрекување. Нашето постоење е негирано од страна на бугарскиот парламент, со официјална декларација во 1990 година. Потоа бугарскиот претседател, преку официјална јавна изјави за медиумите. Од страна на Уставниот суд во 2000 година; од локалниот суд од Софија во 2007 година, и од страна на други судови. Потоа помеѓу 2008 – 2010 негирања имаше од ​​страна на министрите и на другите органи“, потсетуваат македонските организации во Бугарија.

Во декларацијата се наведува уште еден аргумент за тоа како Бугарија го негира постоењето на Македонците, а тоа е пописот во оваа држава кога бугарските власти одбиле да внесат посебна категорија за Македонците со образложение дека „таква етничка група не постои”. Во декларацијата се споменува случајот кога во 2010 година, пет јавни службеници во Националниот институт за статистика, дозволиле во нацрт пописот да се воведе посебна категорија “непостоечки етнички групи”.

Македонските здруженија ги информираат европарламентарците и дека не постои политичка партија која би ги застапувала интересите и би ги штитела правата на македонското малцинство. Обидите да се регистрираат такви партии, како што се наведува, се одбиени од страна на бугарските власти. Две такви партии се обиделе да се регистрираат во последните 13 години ОМО ПИРИН и ОМО “Илинден” ПИРИН, се наведува во декларацијата во која отворено се кажува дека Македонците во Бугарија се предмет на јавна осуда поради нивниот избор на идентитетот кој се третира како предавство.

Македонците во Бугарија во протестот до Парламентарното Собрание на Советот на Европа пишуваат дека признавањето на Македонците лесно може да се постигне прво со официјална изјава од страна на бугарската владата во која би се навело дека таа го признава нивното постоење:

„Со прифаќање на Рамковната конвенција во однос на нашето малцинство. Потоа со воведување категорија за изјаснување на Македонците во следниот попис. Негирањето на нашето малцинство да добие третман на говор на омраза. Да се прифати претставник на нашето малцинство во соодветната комисија за малцинства во Бугарија“, предлагаат Македонците во декларацијата потпишана од ОМО “Илинден” ПИРИН, весникот “Народна волја”, Здружението на Репресирани Македонците во Бугарија, Македонското христијанско братство, КПД “Никола Вапцаров”, КПД “Илинден”, Македонски клуб за етничка толеранција и билтенот “Македонски глас”.

http://www.mkd.mk/95066/makedonija/vo-bu...or-zivkov/

Без Ботев няма България
04-02-2013, 05:43 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

БУГАРИЈА ЈА ПРИЗНАЛА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА ЗАРАДИ ВНАТРЕШНИ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ?


Теза дека Бугарија ја признала независноста на нашата држава само поради тоа што таму во 1992-та имало претседателски избори, презентираше првиот човек на информативната агенција Фокус, Красимир Узунов на дискусијата на тема „Улогата на граѓанско-експертскиот потенцијал во надворешната политика на Бугарија во контекст на ’Црвениот картон’ на Софија кон Скопје за преговорите со ЕУ“.
„Признавањето на Македонија на 15 јануари 1992 се случува помеѓу двата круга на претседателските избори. Ние ја признавме независноста на Македонија заради изборите, исто како што ја признавме и независноста на Босна и Херцеговина, без таа тоа да го посака. Со една декларација во Парламентот, признавме четири поранешни југословнески републики за независни.“ вели тој.
Узунов вели дека напнатата ситуација "помеѓу Македонија и Бугарија влече корени уште од 1992-та."
Фразата "ја признаваме државата, не го признаваме народот" не внесе во ќор – сокак, кој е тешко да се објасни. Не зборувам за поставување на услови, не го делам ставот дека Бугарија има патернистички однос кон Македонија. Во моментот имаме работа со една држва која очигледно не сака да стане дел од ЕУ. Сега Бугарија, за прв пат има категорички јасна и правилна позиција кон Македонија, но таа не е најдобро артикулирана и објаснета“ вели тој.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/9226...oeni_.aspx
Без Ботев няма България
04-02-2013, 05:44 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Премиерот на Бугарија бил кодош
Информативната агенција БГНЕС го објави досието на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, според кое тој бил соработник на тајните служби


inShare


Бугарската информативна агенцијата БГНЕС го објави нецензурираното досие од текстот кој е закачен на сајтот Бивол. БГНЕС исто така ги објави и факсимилите на документите кои го поврзуваат Борисов со тајните служби.

На 9 декември 1996 година Г. Бојко Борисов е регистриран во оперативниот отчет како информатор (соработник на службите). Мотивот за врбувањето на Борисов е дека контактира со “оперативно интересни лица”. Според водечкиот офицер кандидатот Борисов имал квалитети и перспективи за регистрација по горе наведените категории како соработник. Во жаргонот на службите ова означува дека Борисов дал согласност да биде агент-информатор, и заведен е со картонче, а во архивите се чуваат документи кои се потпишани од оперативнен работник.

Целосната информација за досието на премиерот на Бугарија е достапно на сајтот на БГНЕС.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=73374

Без Ботев няма България
04-02-2013, 05:47 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Се уште без јасни насоки од средбите за добрососедство со Бугарија



Засега нема конкретни заклучоци од средбите на работните групи меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија во однос на добросоедските односи, но за неколку седмици би имале слика за тоа што може да очекуваме од нив, изјави денеска шефот на дипломатијата Никола Попоски, додавајќи оти е добро што поскоро да се затвораат сите прашања.

- Ние имаме исклучително отворен и конструктивен пристап во комуникацијата со сите соседи, вклучително и со Бугарија. Сметаме дека секој чекор кој може да ни овозможи подобро интегрирање, поголема соработка треба да го поздравиме, рече Попоски по средбата во Скопје со генералниот секретар на Советот за регионална соработка во Југоисточна Европа, Горан Свилановиќ.

Според него, во моментов, нема конкретни заклучоци од работата на групите.

- Комуникацијата која се одвива меѓу работните групи се однесува и на сите оние домени за кои сме поднеле иницијатива и за кои сметаме дека можат да бидат пресретнати од страна на нашиот сосед. Во тој контекст има многу работи што можеме да ги реализираме независно од имање или немање договор, бидејќи соработката се гради преку конкретни гестови - рече Попоски.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...4E08FBCA55
Без Ботев няма България
04-02-2013, 05:48 PM
Reply