Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Това не се стърпях. Нека да седи като гвоздей на темата барабар с коментаритe.

Е БАШ НЕПРИЈАТЕЛСКИ НИ СЕ НАМЕРАЧИЛЕ


Бугарските националисти бараат ЕУ да ги стопира фондовите за Македонија



Уште едно обвинување испратено од бугарска страна на македонска адреса. Во емисијата "Добро утро, Бугарија" на бугарската ТВ7, директорот на Националниот историски музеј во Бугарија, Божидар Димитров, и лидерот на Национал-демократската партија, Капка Георгиева, ја коментираа антибугарската кампања која се води во Македонија. За да не казнат за "недоличното" однесување, најавија дека бугарските националисти ќе побараат ЕУ да ги стопира за Македонија парите од претпристапните фондови. Георгиева уште и предупреди дека со Македонија треба да се дејствува цврсто, бидејќи ако се дозволи таа да влезе во ЕУ, треба да се научи да се држи до европските правила. Националистката Георгиева уште и вели дека Македонците треба да научат дека демократијата и национализмот не се детска игра и затоа тие си поставиле задача на најдобар прагматичен начин да се дејствува цврсто и според европските правила.
- Едноставно, треба да дејствуваме со она што ни е дадено со закон и тоа ќе го направиме. Уште утре европратеникот Димитар Стојанов ќе поднесе барање во Европскиот парламент да бидат запрени фондовите за Македонија, поради недобрососедските односи, кои ги има со Бугарија. Проблемот во Македонија не е Мара Бунева и плочата која уште еднаш е скршена, туку Спаска Митрова и луѓето како неа со бугарско самоопределување кои на брутален начин се малтретираат во Македонија, изјави лидерот на бугарската Национал-демократска партија, Капка Георгиева.
- Кога велат дека сме наметнале вето на Македонија, јас велам каде е таа земја, се истакна Божидар Димитров, коментирајќи дека земјава како таква не постои и покрај тоа што Бугарија прва не призна под уставното име.
- Проблемот со уништувањето на меморијалната плочата на Мара Бунева не е единствен во Македонија. Таму ќе се градат десет нови споменици во 2013 година и потоа ќе ги поместуваат таму каде што им е местото. Од нив, еден е на антички лик, друг на Мајка Тереза, Албанка, а останатите осум се бугарски национални херои. Едниот е Павел Шатев, а другиот е Шатаров. Кражбите продолжуваат и очекувам и нашиот омилен Левски да биде украден, бидејќи неговото име завршува на -ски", вели Димитров.

Поддржувајќи ги во нивните коментари, водителот на емисијата констатира дека 90 проценти од гледачите се изјасниле "за" цврста бугарска политика кон Македонија.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C929FD11...87A286C4CE

(В.С.)
Goce Sheshko SINOVI na MAKEDONIJA,, 16.01.2013 10:33:34
Vo moeto selo vo vremeto na vtorata svetska vojna Tatarite vleguvaat vo seloto i sretnaa eden zitel na seloto so imeto Srbin koe mu bilo dadeno od Numkoto i go prasuvaa kako ti e imeto i covekot im kazuva Srbin i odma pocnale da go tepaat i poftorno go prasuvaa kak ti e imeto ne te prsuvame sto si, Srbin pak im kazuva Srbin e mamkata tvoja kako ti e imeto kako se vikas, Drugari se vikam Srbin,e stom e taka odsega ke se vikas Srebree, e takva demokratija imaat Tatarite.Niv gi boli Pirinska Makedonija nisto poveke tie se Okupatori na toj del na Makedonija od 1913 e bogami vremeto im istekuva sakale ili ne Makedonija e tuka za sekogas samo da napomenam sega veke imame kapacitet da se branime a ne kako vo 1913 kade nie nebevme prestavnici na toj smrden dogovor vo Bukures.
16.01.2013 10:33 | (9) | Like

АТАНАС-СКОПЈЕ, 16.01.2013 10:32:04
И нема да ми биде многу чудно доколку тоа и го направат. Све со цел, да се притисни нашата Македонија за „добрососедски односи“. И ние уште им дозволуваме да влезат некој националисти во Македонија? Значи грешката не е кај нив, туку овде. Дур кога со една дефанзивна политика на штета на угледот и достоинството на Македонија?
16.01.2013 10:32 | (5) | Like

ice, 16.01.2013 10:09:51
da se dejstvuva silno vi brisel za malcinstvata sto se vo bugarija samo tie i grcija nemaat malinstva
16.01.2013 10:09 | (3) | Like

Кузман, 16.01.2013 09:11:08
Дојде времето кога грција бара да се плати подршката и влијание за бугарско членство во ЕУ. Да се надеваме дека македонски претставници работаат исто против оваа очигледна дискриминација и македонофобија, против оваа грчка и бугарска омраза и потреба од супериорност. Да се надеваме дека македонски претставници јасно и гласно укажуваат дека помина времето кога други одлучуваа за етнички Македонци, кои се денес конечно после вековна борба самостални, и време и ГР и БГ со тоа да се соочат. Добрососедство е рамнорпавност и меѓусебна почит, не прекрстување на други и кажување што смеат и како.
16.01.2013 09:11 | (5) | Like

Prodan, 16.01.2013 09:08:41
Ne e problem Makedonija. Problem se site drzavi koi nemaat istorija. Site tie drzavi sakaat da kradat od Makedonskata istorija ili da se pretstavuvaat kako naslednici na nasata istorija. 0680. 1462
16.01.2013 09:08 | (3) | Like

the newone, 16.01.2013 09:05:31
A vie se drzite do evropskite pravila?. Tesko na taa evropa so ucenicinja kato vas.
16.01.2013 09:05 | (4) | Like

makbull, 16.01.2013 08:30:17
Tatari vo imeto na demokratijata go negirate Makedonskiot narod od koj so kradenje na istorija stanavte luge zatoa vi prečime?
16.01.2013 08:30 | (6) | Like

dedodimo@hotmail.com.au, 16.01.2013 07:54:36
Budalite ,uf Bugarive izgledaa sepak se dosta budali .Makedoncite nikogash ne im pravele shteta na Tatarite a obratno i koga doshle tatarite vo Makedonija vo periodite od povlekuvanjeto na Turskata imperija pa se do ftorata svetska vojna gi ugnetuvale i gi tepale Makedonskite luge i so sila gi terale da se javuvaat Bugari .Ej bugarchina Tatarchina, RAZBUDETESE i dosta so gluposti .Makedoncite ve poshtuvaat kako komshii a vie ne sakate nie da postojme toa shto sne a toa e MAKEDONCI.Jas da sum na vlast .do shto ima Bugarski Grop vo Makedonija ke naredam da si gi zemete tamu vo TATARISTAN ili ke gi MINIRAM bez oko da mi trepni. Nikoj nikogash ne gi vikal ni Bugarite ni Srbite na pomosh vo MAKEDONIJA .
16.01.2013 07:54 | (3) | Like

mk, 16.01.2013 05:57:19
Aman od ovie bugari , ke barale EU da ni gi stopira parite od pretpristapnite fondovi. Pa normalno deka ke baat za da ima poveke za bugarite da kradat od EU. Zasto gore navedenite ne kazat uste ednas a EU kaza , kolku stotici milioni evra bugarite ukrale od EU fondovite koi Evropa im ovozmozila da gi koristat. Toa e vistinsko prasanje , a ne na Makedonija da i se stopiraat fondovite od EU. Fasisti ednas , fasisti za sekogas,eba.e bugarite,i grcite i dr. se lesinari ne obikolija, neka si ja gledaat nivnata maka , sto se mesaat vo tudji raboti , ama ke im dojde krajot.

16.01.2013 05:57 | (2) | Like
Mitre, 16.01.2013 04:49:03
Dobilo bugarceto tatarce dve cerveni od grkot arapin pa ke lae!!! Ako neka lae-drugo i ne znae sto da pravi kuceto!!

16.01.2013 04:49 | (4) | Like
boge ivanovski, 16.01.2013 02:54:56
E komsii bugari. Koga nie bevme Eropa vie ni gi kupuvavte iznosenite farmerki, i ni se udevte za hulahopki i mastiki. Ne znaevte kako izgleda pasos i za sto sluzi, mislevte deka e zdrastven karton. Za nas svtot bee otvoren a vie od edno selo da odevte vo drgo selo trebase da se prijavite vo policija. Samo Rusija ja znaevte i nivna himna peevte, slugi na sekoj okupator, gnidi. Makedonija za vas e izmislena

16.01.2013 02:54 | (6) | Like
tutorial, 16.01.2013 00:41:12
Taka i ni treba, koga site gi tintrame. Pa posle i pasos od Bugarija (sekogas se ismejuvame na bugarskite likovi i taa "evropejska strana") nekoj neka zeme!

16.01.2013 00:41 | (4) | Like
veselinov lazo, 16.01.2013 00:16:33
Bugarite ne samo sto ne priznaa pod ustavnoto ime, tuku ke moraat da se pomirat i so faktot deka nie sme del od evropa i toa sakale ili ne. Na kraj kraevi tie se tolku niski vo Evropa sto nema ni da gi prasaat za nas .Bugarite neka vnimavaat oti Putin ja zamina Ukraina i Gruzija sega tie se na red .Greota Bugari Putin ke vi ja skroi uste ednas vasata istorija
16.01.2013 00:16 | (5) | Like

Archelay, 16.01.2013 00:08:40
Nitu licnosti imaat,nitu jazik imaat.Nitu nacija imaat nitu dostoinstvo imaat.Nitu pesni imaat nitu ora imaat.Postojano se krijiat zad Makedonija trubejki deka se narod.E ajde,greota se.Neka bidat narod no pod eden uslov:da ne prestanat da ne kudat oti vo sprotivno _nikoj ne ke primeti deka postojat .Kutrite tie.
16.01.2013 00:08 | (6) | Like

2, 15.01.2013 23:40:02
Dajte i dve cerveni i se ke e vo red.
15.01.2013 23:40 | (7) | Like
диме, 15.01.2013 23:33:25
Националисти од сите страни обединетесе, и не правете какафонија која не е пријатна за увото!
15.01.2013 23:33 | (5) | Like

EU, 15.01.2013 23:32:26
Ke pominat decenii dur site nie na Balkanot ne razbereme deka zivotot ne e istorija. Tie pisuvaat edno, nie pizmime za drugo i nema kraj. A se razbira deka politicarite, toa ubavo go koristat za zamajuvanje na narodot, vo zamena za poubavo denes, a mozebi i utre sto ne moze da go isporacaat.
15.01.2013 23:32 | (14) | Like

nevreme, 15.01.2013 23:26:40
Grebni po kenefot i smrdejata ke se pojavi. Kapka e sitna plavusha koja dobprva ke treba da gi nauci evropskite vrednosti: pocituvaj go komshijata. Se dodeka ne negiraat kako ocekuva EU da ima dobtososetstvo? UN im kaza na tatarive deka ima makedonsko malcinstvo kaj niv, i se dodeka ne go priznaat nemaat nikakvo moralno pravo da prashuvaat za Spaska i tie kako nea. Od Dimitrov ne moze da se ocekuva neshto pametno. Tolku mu e znaenjeto, a za shoplifting star e. Bi sakal tatarot da napravi DNA test i da vidime od koj del na mongolija e.
15.01.2013 23:26 | (11) | Like

оф мори мајко, 15.01.2013 23:17:36
им ги украдовме хероите, бу буууу, уште кан аспарух им остана со коњската опашка на глава...ЛОЛ сега бугарчињата ќе не учат демокартија??? со европски правила??? со малце лути пиперки??? до редакцијата на вечер, доста беа вести од бугарија, прво гаќите сите ми ги искинавте од смеење, второ непознавам никој жив што дава пет пари...ЛОЛ
15.01.2013 23:17 | (7) | Like


Major Langer, 15.01.2013 23:13:30
Ne ste vi mongoli krivi,tuku tie sto vas ve primija vo EU,pa sega tuka rasprodavate evropski pravila i vrednosti,a do vcera bunkeri pravevte.
15.01.2013 23:13 | (6) | Like

bd, 15.01.2013 23:13:13
E Levski si e tvoj.... gnaso nacisticka....tatarska gnila bugjo

15.01.2013 23:13 | (5) | Like
23, 15.01.2013 23:11:44
koga bugarija vleguvaše vo eu,ne i precea ni filmovi so šumkari ni spomenici.izgleda počnaa da šetaat grčki kuferčinja i amfori vo bugarija,a i poveke ostrovi imaat za odmor letno vreme grcite.
15.01.2013 23:11 | (12) | Like
Без Ботев няма България
16-01-2013, 09:00 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

30
30.11.2006, 18:05
Амандманот за Македонците во Бугарија не помина во Европарламентот


Проблемот и понатаму ќе се поставува и тоа на едно повисоко ниво и со заеднички настап на ЕФА и парламентарната група на Зелените
ДИМИТАР ЧУЛЕВ
Амандманот за признавање на македонското малцинство во Бугарија не помина на вчерашното гласање во Европскиот парламент. Со амандманот поднесен на последниот мониторинг - извештај за Бугарија пред нејзиното членство во Европската унија, се бараше Софија од идната година формално да ја регистрира партијата на Македонците ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Амандманот што го поднесе парламентарната група на Зелените, заедно со фракцијата на ЕФА, беше одбиен со 350 гласа „против“.

„Неизгласувањето на амандманот од Европскиот парламент не значи дека Европската слободна алијанса (ЕФА) ќе се повлече од целта ОМО „Илинден“- ПИРИН да биде регистрирана како политичка партија во Бугарија. Проблемот и понатаму ќе се поставува и тоа на едно повисоко ниво и со заеднички настап на ЕФА и парламентарната група на Зелените“, изјави вчера за „Утрински весник“ Атанасиос Парисис, член на политичкиот секретаријат на „Виножито“, партија околу која гравитира македонското малцинство во Грција и која е член на Европската слободна алијанса.

„Бугарија не може да го избегне тоа како што не го избегна ни Грција која во 1994 година се противеше на регистрацијата на „Виножито“ и на отворањето на Домот на македонската култура во Лерин. И двете земји по ова прашање имаат пресуда од судот во Стразбур“, вели Парисис. Бугарија, која од 1 јануари треба да биде редовна членка на Европската унија, е чекор поназад дури и од Грција каде што владее рестриктивна политика во однос на малцинствата.

Парисис вчера одржа предавање на тема „Малцинските права и особен осврт на положбата на малцинствата во Република Грција“ во просториите на Европскиот универзитет во Скопје. Во своето обраќање Парисис рече дека прашањето на правата на малцинствата во Европа е регулирано со соодветни конвенции и претставува едно од елементарните човекови права.

Инаку, на завчерашната прес-конференција во Брисел организирана од ЕФА, заедно со претставниците на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, беше побарано од Бугарија безусловно да ја регистрира партијата на македонското малцинство. Европската слободна алијанса (ЕФА) најави дека како следен чекор ќе бара „Комитетот на министри на Советот на Европа да ја обврзе Бугарија да ги преземе неопходните иницијативи да ја регистрира партијата“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=68847EF81...612D6CB6BF
Без Ботев няма България
19-01-2013, 05:47 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Дарчето поседя заедно с Груевски при Миленко и в момента изпълнява усърдно получените заръки. Че и за машкост ни укорява.
Има ли у тая държава некой който на пролет пак ще се прави на изненадан ?


Крвникот на Македонија, пријател на Софија



Крвникот на Македонија, пријател на Софија
Ректор не е заебанција!
Грчка рампа за храм на МПЦ во светата земја
Плевнелиев ги минира преговорите со Македонија
Битолчани - жртви на нивната лакомост или наивност
Пренесувал хероин во аналниот отвор

Коментари и дебати
Дарко Јаневски

Крвникот на Македонија, пријател на Софија
Плевнелиев изгледа како фин човек, ама има погана уста и очигледно погани намери да создава омраза меѓу двата народа. Тој вели дека луѓето од двете страни на границата немаат проблем, што е точно. Но луѓето од оваа страна на ...

Билјана Ванковска
Ректор не е заебанција!
Политички неуките како некојси Ивор или Героски не разбираат дека ние, неопределените, не сме го изгубиле моралниот и вредносниот компас кога одбиваме да влеземе во колективистичката матрица, која ни се продава како судбина ...

Стојан Славески
Може ли црквата да ја обедини нацијата?
Изјавата на поглаварот на Македонската православна црква (МПЦ), господин господин Стефан, дека е подготвен да се вклучи во наоѓањето решение за излез од политичката криза во која се наоѓа земјата е повод да се осврнам на прашањето ...

Печати | Прати ја страницата | Врати се назад


Плевнелиев изгледа како фин човек, ама има погана уста и очигледно погани намери да создава омраза меѓу двата народа. Тој вели дека луѓето од двете страни на границата немаат проблем, што е точно. Но луѓето од оваа страна на границата имаат проблем со него оти „Скопје 2014“ е збирштина од споменици и згради во главниот град на Македонија, а не на Бугарија, што приближно значи дека тој треба да си ги гледа спомениците и зградите во Софија, а не во Скопје, и да не се меша во внатрешните работи на друга држава



Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев повторно ги стопли нашите одродени од историскиот корен души посветувајќи ни го своето просветителско внимание. Неговиот милен лик потроши околу три минути од интервјуто за БТВ преку кое ни порача дека проектот „Скопје 2014“ бил провокативен, а проблемот произлегувал и од т.н. процес на антиквизација, за на крајот да се запраша што барал Пирин, крајот од каде што тој потекнува, на македонската мапа на „Портата Македонија“.

Плевнелиев изгледа како фин човек, ама има погана уста и очигледно погани намери да создава омраза меѓу двата народа. Тој вели дека луѓето од двете страни на границата немаат проблем, што е точно. Но луѓето од оваа страна на границата имаат проблем со него, оти „Скопје 2014“ е збирштина од споменици и згради во главниот град на Македонија, а не на Бугарија, што приближно значи дека тој треба да си ги гледа спомениците и зградите во Софија, а не во Скопје, и да не се меша во внатрешните работи на друга држава. Нека си го бере своето гајле, а не нашето. Кога македонскиот претседател Иванов би ни држел говори за некојси споменик во Софија, веројатно би добил порака дека треба да си ја олади главата, од нас во Македонија. Зашто, ние, и без спомениците на Софија или кој било друг главен град на друга држава имаме доволно проблеми. На пример, со платите од 350 евра, колку што се и во богатата европска Бугарија.

За Плевнелиев, за бугарската мисла што го третира овој проблем и воопшто за бугарското општество, всушност Македонците не се Македонци, туку некогашни Бугари, односно дел од еден народ. Така Плевнелиев ги замислува добрососедските односи. Да ни каже што сме. И токму таа теза, сеедно што за нас е неприфатлива и неточна, создава забуна во нашите коминтерновски главички. Немаме ништо против тоа дека Плевнелиев е великан меѓу великите умови, но ако тоа е така, тогаш со која интелигенција му создава пречки на дел од својот народ? Каква е таа логика да се тврди дека Македонците се Бугари, а во исто време дека ја крадат бугарската историја? Можно ли е во Германија, во 1938 година некој да тврдел дека Австријците ја крадат германската историја, а притоа на него да се гледа како на разумен човек?
Можно ли е Србите во 1912 и 1913 година да тврделе дека некој, во овој дел од Македонија, кој по Балканските војни и Букурешкиот договор ним им припаднал, да изгради споменик на цар Душан и со тоа да ја краде нивната историја? Како може Србин да краде српска историја? Лудо, нели?

И каква врска, патем, бугарската историја има со таа еретичка антиквизација на Македонија? Од кога тоа на официјална Софија треба да ѝ е грижа дали во Скопје има споменик на Александар Македонски? Па нели тој ја ширел грчката култура. Што има Бугарија со тоа? Друга е работата што наместо ортакот на Плевнелиев, Каролос Папуљас, да се радува на Александар во Скопје, реагира невротично. Но, Грците се башка приказна.

Плевнелиев вели дека потекнувал од Пирин. Не вели од Пиринска Македонија. Тоа е тој дел од Бугарија што остана надвор од нејзините границите кога таа во седумдесеттите години на 19 век одново стана држава со вазален однос кон Османското Царство. Изгледа нелогично, нели? Бугарија се ослободила, ама некои нејзини делови останале надвор од границите. Веројатно затоа што не ѝ припаѓале на Бугарија, туку на територија што се нарекувала Македонија, а која, Бугарија, немала доволно машкост да ја освои. Ниту тогаш, ниту подоцна. И не еднаш сме напишале дека најголемиот дел од таа Македонија, подоцна, најпрвин Османлиите, па потоа и самите Бугари, ѝ ја оставиле на Грците, кои, во наредните неколку децении, добро се потрудиле оттаму да избришат сѐ што е македонско. Со согласност на Бугарија, која има и свој потпис ставено врз тоа. Во таа Македонија, на Македонците (односно Бугарите според Софија) им се вадени очи, им се пресекувани главите, во таа Македонија Грците силувале илјадници жени и уште толку мажи, старци и деца се палени, мачени, убивани, протерувани. Таму, во таа Македонија, од предците на Папуљас и Самарас, не е оставен камен на камен, сеедно дали тој ќе биде наречен македонски или бугарски.

И не еднаш сме напишале дека ако веќе се повикува на историја, Плевнелиев би можел, наместо да се однесува како најобичен слуга на грчките интереси, да го состави и тоа поглавје од добрососедските односи. Но му е страв оти така Бугарите ќе се соочат со тоа дека нивната политика, всушност не давала пет пари за Македонија. Зошто? Веројатно затоа што не ја сметала за своја. Треба ли да го потсетуваме Плевнелиев дека на букурешката конференција, Бугарија, онака, галантно го нудела за замена секој дел од Вардарска Македонија што воено го контролирала за да ја добие Кавала. Но, не затоа што премногу го сакала приморскиот град, туку затоа што така тоа од нејзе го барала Москва, односно Русија. Зошто тогаш денес на сите труби свири само за некогашниот дел од српска Македонија? Зошто прифаќа да биде слуга на Атина? За пари или за нешто друго?

Плевнелиев вели дека Бугарија ќе најде начин да ги заштити своите национални интереси. Очигледно, национален интерес на Бугарија стана да докаже дека Македонци не постојат. Што е национален интерес и на Грција. Така, сто години по Балканските војни и сто години откако бугарскиот генерал Савов ги испука плотуните против грчката војска заради Македонија, двете држави пронајдоа за таа Македонија ист национален интерес - на луѓето што живеат на таа територија, по секоја цена да им наметнат друга националност и по секоја цена да ги избришат од мапата. Тоа, во согласност со стандардите на Европската Унија, на кои се повикуваат двете земји, се нарекувало добрососедство, кое треба да се постигне со некакви комисии. Аферим работа!

Автор: Дарко Јаневски

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22784
Без Ботев няма България
21-01-2013, 03:21 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Плевнелиев ги минира преговорите со Македонија


Во интервју за Бугарската национална телевизија Плевнелиев оценува дека проблемот бил во т.н. политика на антиквизација што ја воделе властите во Скопје




Росен Плевнелиев

БУГАРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ГО НАПАДНА ПРОЕКТОТ „СКОПЈЕ 2014“

Проектот „Скопје 2014“ е провокативен и нема сличен на него во регионот. Ова е оцена на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев дадена за емисијата „Панорама“ на Бугарската национална телевизија. Според него, проблеми меѓу луѓето што живееле од двете страни на границата немало, но проблемот бил во т.н. политика на антиквизација што ја воделе властите во Скопје, која повеќе создавала лажна илузија отколку, како што вели, давала конкретни решенија за иднината.

- Сметам дека е многу силна проевропската позиција на Бугарија, која го посочи проблемот. Европа очекува од нас да имаме активна позиција во формирањето на дневниот ред, нудењето решенија и посочување на проблемите во регионот - вели Плевнелиев.


Фото: Игор Бансколиев

Тој тврди дека Бугарија не испорачала вето, туку напротив, нејзиниот глас бил слушнат.

- Аргументите ставени на маса беа примени едногласно и отсега натаму напредокот на Македонија ќе биде следен. Да, ние ги поддржуваме напорите на Македонија и на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон евроинтеграциите, но сме чесни, проблем има и за него треба да се најде решение - рече Плевнелиев.

Според бугарскиот претседател, тие освен што ќе ги заштителе националниот интерес и историјата, ќе помогнеле заедно со Европската комисија проблемите да бидат адресирани и да се најде решение.

Ваквите тврдења на Плевнелиев доаѓаат паралелно со преговорите што се водат меѓу Македонија и Бугарија. Во петокот, како што соопшти македонското министерство за надворешни работи, во Ќустендил се одржа втората работна средба меѓу претставниците на министерствата од двете држави, на која бил разгледан нацрт-текстот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји. Нова средба, како што беше соопштено, се очекува во скоро време. Минатата недела и од кабинетот на Плевнелиев изразија надеж дека работите брзо ќе се движеле напред.

Македонскиот премиер Никола Груевски, пак, смета дека кризата што ја создава источниот сосед е вештачка и нереална.

- Од наша страна не постои националистичката реторика за која тие зборуваат. Јас изминативе години многу ретко и говорам за Бугарија, а ниту моите соработници никогаш не употребиле националистичка реторика кон таа земја. Веќе ги повикав да се произнесат за каква реторика станува збор, кога јас сум зборувал на тој начин за нашиот сосед - рече Груевски во интервју за емисијата на Миленко Неделковски.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22784
Без Ботев няма България
21-01-2013, 03:25 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Да подсетам , че до преди месец , председателот на праламентарната група , която изгаря от желание да сорабутава с България беше Sинго. А в момента даже няма и предцедател

Датум: 20.01.2013, 18:23

ПАРЛАМЕНТарна соработка

Грчките пратеници со вето за комуникација


Иако нашите парламентарци многупати покажале волја за средби и за поголема соработка, не наишле на одговор кај грчките колеги. Лани немало ниту една средба со пратеници од Бугарија

Прво решение на спорот за името, а потоа ќе размислиме за соработка. Вакви одговори добивале македонските пратеници од грчките колеги на прашањето зошто досега Грција не формирала пратеничка група во pарламентот која би соработувала со земјава. Иако нашите парламентарци многупати покажале иницијатива, не наишле на позитивен сигнал од јужниот сосед. Некои од членовите на парламентарната група за соработка со Грција им укажувале на грчките колеги дека спорот за името не треба да ги спречува да соработуваат, но одговорот останувал непроменет.

Претседателот на парламентарната група за соработка со Грција, Ивон Величковски, објаснува дека токму поради тоа целата комуникација со грчкиот парламент оди преку kомисиите за европски прашања од двете земји.

- Не е можно да дејствуваме оти нема како. Во pарламентот на Грција нема група за соработка со Македонија. И да сакаме да покренеме иницијатива, технички е невозможно - вели Величковски.

Но, ниту од Kомисијата за европски прашања не се фалат со позитивни резултати. Претседателот на оваа комисија, Хајрула Мисини, вели дека иницијативност покажува само нашата страна. Тој неколку години се обидувал да оствари средби, но, иако грчките претседатели на овие групи се менувале, ставовите останувале исти.

- Секогаш кога имав можност барав да се видам со претседателот, но, за жал, само еднаш остваривме средба, во 2010-тата, формално. Следната година на конференцијата на претседателите на комисиите во Kипар, повторно бев одбиен. Истото се случи и лани во октомври во Полска - изјави Мисини.

Следната конференција на првите луѓе на комисиите за европски прашања ќе се случи во Даблин, од 27 do 29 јануари. Мисини најави дека ќе бара да се сретне со грчкиот колега, но со оглед на искуството од изминатиот период, не очекува промени.

Слична динамика има и соработката со бугарскиот парламент. Иако постои добра волја и писмени повици од македонските пратеници, нема расположение кај колегите во Софија. Според статистичките податоци од службите за меѓународна соработка при македонското Собрание, лани не се остварила ниту една средба, а ништо подобра не е сликата и за претходните години.

Познавачите оценуваат дека средбите на парламентарно ниво имаат своја тежина и моќ, да помагаат во соработката, но и во решавањето на многу отворени прашања меѓу државите. Причините за некомуницирањето со колегите во Грција и во Бугаријa се политички, како и отсуството на добра волја. Kога станува збор за комуницирањето со другите земји, добрата волја не е секогаш главен предуслов.

- Буџетските ограничувања и немањето кворум за работа и носење одлуки (како што е случајот со последните проблеми во собранието) ја оневозможуваат работата на пратеничките групи за соработка со други држави - велат експертите.

Најмногу активности и соработка досега се остварени со пратеничките групи во Турција, Германија, Kина, Словачка, Индонезија и во Шведска. Во Собранието има вкупно 46 групи за соработка.

Надвор - единствени и обединети
Соработката на пратениците од различни држави е мошне значајна. Би требало да има и повеќе активности, се разбира ако дозволува буџетот, вели пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски. Kако член на неколку пратенички групи и претседател на групата за соработка со Германија, како значајна, ја издвојува ланската посета на македонскиот мешовит тим во Kонгресот на САД.

- Бевме заедно, тим од власта, опозицијата, мешана повеќепартиска и етничка делегација. Но, таму бевме единствени, зборувавме, настапивме во еден глас, претставувајќи ги интересите и националните приоритети на Македонија – изјави Милошоски.

Искра Kоровешовска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E484DC63DC...4958BB6452
Без Ботев няма България
21-01-2013, 06:01 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 20.01.2013, 18:08

Шокантен напад на политиЧка конференциЈа во БугариЈа

Закочениот пиштол му го спаси животот на Доган


Не знаеме кој го наредил нападот, но вистинскиот поттикнувач се јазикот на омраза, конфронтациите и агресиите против движењето во бугарското општество, вели заменик-претседателот на ДПС, Љутви Местан

Закочениот пиштол, како и брзата реакција му го спасија животот на Ахмед Доган (58), лидерот на Движењето за правата и слободите (ДПС), партија на турското малцинство во Бугарија, кој беше нападнат во саботата, на Осмата национална конференција на движењето во Софија, пренесува БТА. Напаѓачот, кој подоцна бил идентификуван како член на подмладокот на партијата, станал од публиката и се упатил кон Доган со вперен пиштол на гас додека тој ја критикувал политиката на ЕУ и на бугарската влада. За среќа, Доган веднаш реагирал и му го одзел пиштолот на напаѓачот, кој бил совладан и легнат на земја, по што и претепан од учесниците на конференцијата. Според радио Слободна европа, напаѓачот не успеал да пукне, зашто му се закочил пиштолот.

- Не знаеме кој го наредил нападот врз Доган, но вистинскиот поттикнувач се јазикот на омраза, конфронтациите и агресиите против движењето во бугарското општество и во тоа нема сомневање - изјави заменик-претседателот на партијата, Љутви Местан, кој се споменува како наследник на Доган.

Напаѓачот е 25-годишниот Октај Енимехмедов од Бургас, кој е регистриран како делегат на партијата од овој град. По нападот кај него биле пронајдени и два ножа. Енимехмедов има криминално досие, а на полицијата ~ е познат како хулиган, учесник во тепачки и кражби.

- Ваквиот чин е неприфатлив во демократско општество. Во името на сите Бугари, сакам да го изразам гневот предизвикан од овој насилнички чин - изјави бугарскиот претседател Росен Плевенлиев, апелирајќи до властите да утврдат кој стои зад нападот.

ДПС го претставува турското малцинство и во бугарскиот парламент има 38 пратенички мандати. Партијата ги претставува и другите муслимански заедници, кои претставуваат 12 отсто од бугарското население. ДПС беше дел од претходната трипартитна коалициска влада што ја предводеа социјалистите, а Доган се смета за еден од највлијателните политичари на Балканот.

Иако ДПС е умерена либерална партија, Доган, кого и соработниците и противниците често го нарекуваат „јастребот“, е поларизирачка фигура, пишува „Раша тудеј“. Дисидент, кој лежел в затвор за време на комунизмот поради штитењето на правата на Турците кои одбиле да се откажат од својот идентитет во рамките на политиката на принудна бугаризација, подоцна бил идентификуван како полициски доушник, кој соработувал со тајната служба повеќе од една деценија. Успешен лидер, кој на партијата ~ донесе рекордни 14 отсто од гласовите на минатите избори, Доган исто така бил обвинуван за нетолерантност кон секоја форма на различно размислување во партијата и за злоупотреба на позицијата за добивање великодушни „консултантски“ хонорари од големите корпорации. Неговите политички противници го обвинуваат дека ја поделил бугарската политика по етнички линии и дека ја употребил партијата како лична играчка, влегувајќи во коалиција со две идеолошки различни влади. Неговите противници всушност веќе го обвинија Доган дека го исценирал нападот за да добие политичка поддршка.

- Зошто обезбедувањето дејствуваше толку непрофесионално? Едната можност е дека е потполно некомпетентно, а втората е дека Националната служба за обезбедување беше соучесник во овој исцениран инцидент - изјави ултранационалистичкиот лидер Волен Сидеров.

Иако нападите на политичари во Бугарија се ретки, поранешниот бугарски премиер Андреј Луканов во 1996 година беше пронајден застрелан близу својот дом во Софија.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DF5D1FF6EB...EBF4C502EA
Без Ботев няма България
21-01-2013, 06:03 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Груевски при личната си проститутка Миленко.





Без Ботев няма България
21-01-2013, 06:06 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


21 јан 2013, 15:43
Македонија и Бугарија пишуваат нов договор за добрососедство: доаѓаат ли позитивни сигнали од исток?


Политиката на блокади и обиди од страна на Бугарија да глуми нова Грција во односите со Македонија најверојатно нема да се повтори. Доаѓаат позитивни сигнали од исток, особено како што велат во МНР, по средбата одржана во петокот во Ќустендил меѓу македонските и бугарските претставници на двете министерства за надворешни работи на која беше разгледан нацрт-текстот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји. Контурите на договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија веќе се наѕираат.

Дипломатски извори велат дека претставниците од двете земји работат во многу пријателска и позитивна атмосфера, а се очекува во текот на оваа недела да имаат уште една средба во Скопје. Додека не се усогласат сите точки од договорот, нема да има детали за јавноста, но извесно е дека не се очекуваат спорни моменти кои би биле пречка да се потпише. Се очекува да стивне и грчката реторика од Бугарија, особено по последниот јавен настап на бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој откако бугарската влада не блокира во ЕУ вели дека двете земји и двата братски народи треба да се фокусираат на економската соработка и на инфраструктурното поврзување, а не на историјата и минатото.

Со или без договор на хартија едно е јасно – Македонија секогаш застапувала политика на добри односи со сите соседи. Нема никаква причина да не биде така и во иднина. И нема причина да не биде така и со Бугарија.

Во една пригода македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски изјави:

„На Балканот нема земји што не делат заедничка историја. Погрешно е да се враќаме назад. Да не дозволиме минатото да ни определи како да се однесуваме во иднината“.

И токму во контекст на оваа изјава на шефот на македонската дипломатија треба да се анализираат чекорите што ќе ги преземе Македонија во градењето на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија.

Сепак, додека се пишува новиот документ за македонско-бугарското пријателство ќе останат енигма постапките на нашиот сосед затоа што Македонија со ништо не испровоцира таков поход од исток. Ќе остане фактот дека Бугарија бара нови рамки за добрите односи, иако Бугарите сакаат да го оправдаат новиот договор пред сè како барање на ЕУ посебно по декемврискиот Европски совет кога членките на ЕУ добрососедските односи ги потенцираа како предуслов за новите членки во Унијата. Наспроти ваквите оправдувања, фактите велат друго – Македонија со Бугарија има потпишано куп билатерални договори, кои само треба да послужат да се унапреди и да се интензивира соработката со конкретни проекти.

Премиерот Никола Груевски смета дека дека кризата која ја создаде Бугарија е вештачка и нереална:

„Од наша страна не постои националистичката реторика за која тие зборуваат. Јас изминативе години многу ретко и зборувам за Бугарија, а ниту моите соработници никогаш не употребиле националистичка реторика кон таа земја. Веќе ги повикав да се изјаснат за каква реторика станува збор, кога јас сум зборувал на тој начин за нашиот сосед. Филмот „Трето полувреме“ Владата го поддржа како што ги поддржува сите филмови што овде се снимаат бидејќи се малку на број. Филмот е тема за љубовна приказна во време кога со оваа територија администрира Бугарија. Во таков контекст, не била намерата нешто да се нападне. Згора на сè, колку што знам, филмот режисерот го базира на вистинска приказна“, изјави Никола Груевски во емисијата на Миленко Неделковски на Канал 5 во петокот.

Премиерот го спомена и случајот со Спаска. Токму за овој случај, кој пред неколку години ја брануваше бугарската јавност, Груевски раскажа дека Борисов телефонски интервенирал и откако тој го истражил случајот, му предочил дека законот е ист за сите, а дека во земјава секој може да се изрази слободно за својата националност.

Некои од бугарските политичари, додаде премиерот, можеби се обидуваат на националистичка основа да добијат политички поени.

„Ние ќе продолжиме да градиме добри односи со Бугарија, нашиот сосед со кој нè поврзуваат многу работи“, изјави Груевски.

http://www.mkd.mk/91879/makedonija/maked...v-dogovor/
Без Ботев няма България
21-01-2013, 06:10 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарскиот претседател продолжува со провокации: Скопје води опасна политика

Бугарија ја поддржува Македонија и негува добронамерни и добрососедски чувства кон својот сосед, изјавил Росен Плевнелиев, бугарскиот претседател, според кого Скопје води опасна политика.

„Еден од приоритетите на кабинетот на претседателот за 2013 година е потпишувањето договор за добрососедски односи меѓу Бугарија и Македонија. Овој договор ќе биде подготвен врз основа на Декларацијата за добрососедски односи што двете земји ја потпишаа во 1999 година. За жал, во овој момент таа декларација не се почитува од соседната земја. Манипулацијата на историјата и политиката што ја води Скопје се опасни, бидејќи создаваат илузија за големо минато, но не и за подобра иднина“, вели Плевнелиев во изјавата што ја пренесе бугарската агенција „Фокус“.

http://www.mkd.mk/91911/makedonija/bugar...rovokacii/
Без Ботев няма България
21-01-2013, 06:12 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Обърнете внимание на снимката , с която е илюстрирана статията

Во Бугарија пронајдени тела на четиричлено семејство

Четиричлено семејство – татко, мајка и нивните два сина од три и осум години, биле пронајдени мртви во нивниот стан во Пловдив, соопштила денес локалната полиција.


Таткото, офицер во блиската воздушна база Граф Игнатјево, имал дозвола за пиштол, кој бил пронајден покрај неговото тело.

Ова е втор сличен инцидент во Бугарија за една година, потсетува Франс прес.

Пред само десетина дена, во Софија беше пронајдено убиено петчлено семејство.

Според резултатите на истрагата, 55-годишниот татко, пензиониран офицер, ги убил својата жена, двајцата возрасни синови и тештата, по што извршил самоубиство.

Минатата недела, пак, во јавноста се појави вест дека, исто така во Бугарија, невработен татко со години ги држел своите деца – два сина и две ќерки на возраст меѓу 13 и 19 години – затворени во куќата.

Француската агенција наведува дека причина за ваквите инциденти најверојатно е „очајната сиромаштија“.

Животниот стандард во Бугарија се смета за најлош од сите земји во Европската Унија, а просечната плата е 506 евра месечно, иако повеќето вработени заработуваат помалку.

http://www.mkd.mk/91919/svet/vo-bugarija...semejstvo/
Без Ботев няма България
21-01-2013, 06:14 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9



Неуспешен политички атентат во Бугарија


Неуспешен политички атентат во Бугарија
Лидерот на Турците во Бугарија, Ахмет Доган (58) остана неповреден при неуспешниот атентат што врз него беше изведен во Софија, додека зборуваше на конференција на неговата партија, Движењето за правата и слободите.

Атентаторот Октан Енимехмедов, бугарски Турчин од Бургас, го впери својот пиштол во главата на Доган, откако претходно непречен од никого се искачи на бината. Но не успеа да пука, најверојатно затоа што оружјето се заглави, по што беше совладан од телохарнителите, кои притрчаа да му помогнат на лидерот, кој во еден момент се обиде сам да се брани. На помош дојде и група гневни партиски делегати кои тешко го претепаа атентаторот, па тој по интервенцијата на полицијата беше уапсен, но сместен во болница.

Освен пиштолот кај напаѓачот се најдени и два ножа, за кои не се знае дали требало да се искористат при нападот, или му биле потребни за одбрана, но полицијата подоцна соопшти дека пиштолот на Енимехмедов не бил „вистински“, туку на гас. Ваквите пиштоли обично служат само како оружје за самоодбрана, но експерти тврдат дека доколку од него се испука од непосредна близина, може да нанесе фатални повреди.

Неколку часови подоцна, Доган се врати во конференциската сала и го оддржа говорот што беше прекинат, поздравен со овации од околу три илјади делегати колку што имаше и во време на нападот. Тој зборуваше на конференцијата на која се избира нов лидер на партијата на Турците во Бугарија. Доган е речиси четврт век на чело на партијата и исто толку време присутен во бугарската политика, редовно појавувајќи се како партнер во бугарските влади, без разлика дали се тие од редовите на политичката десница , или левица. Негов наследник треба да биде Љутви Местан кој не сакше многу да зборува за неуспешниот атентат, освен што рече дека вистинската причина за нападот е „јазикот на омразата и судирањата“. Полицијата и бугарското Министерство за внатрешни работи, најавија темелна истрага, трагајќи по вистинските мотиви и причините кои го натераа Енимехмедов да се обиде да пука во главата на лидерот на бугарските Турци. Објаснување за нападот побара и официјална Анкара, која не го крие своето вознемирување за она што се случи во Софија. Полицијата ќе треба да утврди и кој е виновен за сериозниот безбедносен пропуст, вооружен човек да се најде на конференцијата.

Она што останува за понатаму тоа е разрешувањето на политичките дилеми околу овој случај, без разлика што властите во Софија брзо се обидоа целиот случај да го прикажата како дело на „криминален тип, со досие и човек познат на полицијата“.

Во Бугарија во времето на транзицијата, имаше низа криминално мотивирани убиства, ликвидации и вооружени пресметки на припадници на разни банди од подземјето, но сепак малку политички мотивирани напади и атентати. Последен пат, атентат беше извршен врз поранешниот бугарски премиер Андреј Луканов, некогашен комунистички функционер во времето на Тодор Живков, кој беше убиен, одблизу, со куршум испукан во главата, пред влезот на неговата куќа. Затоа, обидот за атентат врз лидерот на бугарските Турци, единственото национално малцинство за кое Бугарија признава дека постои во земјата, не е обичен криминален случај. Посебно ако се има во предвид блиското минато и политиката на официјлна Софија кон локалното турско население.

Станува збор за Турци кои не се доселеници, ниту имигарнти, или бегалци, туку се население кое таму живее со векови и останало на територијата на денешна Бугарија, по распадот на некогашната Отоманска Империја. Во склопот на својата националистичка политика кон малцинствата, живкова Бугарија се обиде да го реши „турското прашање“ со бришење на идентитетот на тамошните Турци. Тогашните властите започнаа силна кампања за прекрстување и за „бугаризација“ на Турците, на тој начин што на луѓето им беа давани бугарски имиња, бришејќи го нивниот вистнски идентитет од матичните книги и од книгите на умрените.

Револтот што не можеше долго да се крие од една таква сурова, националистичка политика, тогашна Софија се обиде да го разреши со протерување на Турците, предизвикувајќи нов гнев во соседна Турција, но и во цела Европа. Настојуавањето на новата политичка елита да се санираат последиците од тој дел од бугарското миното, од времето пред падот на комунизмот, го издигна Доган во годините на посткомунизмот, во респектибилен политичар и своевиден фактор за стабилност на домашната политичка сцена. Кога станува збор за малцинствата, тоа на Бугарија и беше и се уште и е потребно, особено што Турците претставуваат 12 отсто од населението кое изнесува нешто над седум милиона луге

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/73...arija.aspx
Без Ботев няма България
21-01-2013, 06:16 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Балкан | 21. January 2013 - 9:24
Грци прострелале 48 годишен Бугарин


Дека грците веќе ги губат нервите во тешката економска криза покажува најновата случка во која на каубојски начин е пукано во 48-годишно лице од Бугарија кое рано утрово е пренесено со две прострелни рани во Медицинскиот центар во Софија.
Се работи за извесен Генчо Д. кој успеал самиот да избега со автомобил преку грчката граница а според информациите од МВР на Бугарија Генчо бил фатен во кражба во Грција и му било пресудено на лице место. Според болнички извори Генчо Д. е вон животна опасност.

http://www.sitel.com.mk/grci-prostrelale...en-bugarin
Без Ботев няма България
21-01-2013, 06:18 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ВИДЕО: Пресметка на Бугарските фанови, еден прободен

Голема тепачка се случи во Софија пред кошаркарскиот дуел Левски-ЦСКА Во навивачките нереди кои што се случија во центарот на Софија во кои учествуваа повеќе од 300 фанови на фудбалските клубови ЦСКА и Левски, беа повредени тројца навивачи и еден полцаец.

Во нередите се користеле палки, ножеви и шипки. Повредените на возраст од 14, 17 и 28 години се во болница во стабилна состојба а полицаецот добил скршеница на раката, соопшти бугарската полиција.

Toj ден требало да се одигра ревијален кошаркарски меч помеѓу некогашните ѕвезди на кошаркарските клубови на ЦСКА и Левски а инцидентот настанап откако фановите на ЦСКА ги нападнале ривалските навивачи кои се упатиле кон новата сала на нивниот клуб, а се шпекулира дека нападот бил претходно договорен преку социјалните мрежи.

ЦСКА и Левски се најголемите градски ривали, во моментов Левски на табелата е на 2 место а ЦСКА на четврто.

http://www.sitel.com.mk/node/55813
Без Ботев няма България
21-01-2013, 06:19 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

(21-01-2013, 06:06 PM)Топорчо Wrote: Груевски при личната си проститутка Миленко.





Невероятно - 5 ч. и 20 мин. ...
Но Груевски не знаеше БВП/БДП на Македония - във всеки случай отказа да назове конкретна цифра в отговор на един от въпросите - което е странно за премиер икономист.
И 15-20 мин. за мкд-бг отношения - същите неща като при "Яди бюрек".
Сподели за хладен прием при единственото си посещение в България.
Според него темата за депортирането на евреите от Македония и Северна Гърция била тема табу в България - дали...?
Оставя впечатление на наблюдателен и умен, не е хуманитар и в този смисъл изглежда ограничен.
Добре борави с т.нар. "заварено положение" - индулгенцията на неговото поколение.
22-01-2013, 12:34 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

(22-01-2013, 12:34 AM)Valkanizater Wrote:
(21-01-2013, 06:06 PM)Топорчо Wrote: Груевски при личната си проститутка Миленко.





Невероятно - 5 ч. и 20 мин. ...
Но Груевски не знаеше БВП/БДП на Македония - във всеки случай отказа да назове конкретна цифра в отговор на един от въпросите - което е странно за премиер икономист.
И 15-20 мин. за мкд-бг отношения - същите неща като при "Яди бюрек".
Сподели за хладен прием при единственото си посещение в България.
Според него темата за депортирането на евреите от Македония и Северна Гърция била тема табу в България - дали...?
Оставя впечатление на наблюдателен и умен, не е хуманитар и в този смисъл изглежда ограничен.
Добре борави с т.нар. "заварено положение" - индулгенцията на неговото поколение.

Не ти ли се струва , че всички въпроси и отговори бяха репетирани. Часта за България беше 1 към 1 повторено от казаното в друго предаване преди няколко дена.
Без Ботев няма България
22-01-2013, 05:29 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

СОФИЈА ПРИТИСКА ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕЃУДРЖАВЕН ДОГОВОР ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО


Бугарија ги враќа духовите од минатото



Членот 11 од Декларацијата е на штета на македонските национални интереси. Со него, Македонија се откажува од правото да ги штити правата и статусот на етничките Македонци кои живеат на бугарска територија


Бугарските власти притискаат за потпишување на меѓудржавен договор за добрососедство кој ќе биде заснован врз Декларацијата од 1999 година. Од македонска страна се прашуваат зошто е потребен ваков договор помеѓу две земји пријателски земји. Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев вчера изјави дека "манипулацијата со историјата и политиката на Скопје е опасна, бидејќи тие создаваат илузија на големо минато, но не и добра иднина". Тој додаде дека Бугарија секогаш ја поддржувала Македонија.
- Еден од приоритетите на канцеларијата на бугарскиот претседател за 2013 година е потпишувањето на договор за добрососедски односи помеѓу Бугарија и Македонија. Овој договор ќе се изработи врз основа на Декларацијата за добрососедски односи потпишана помеѓу двете земји во 1999 година. За жал, во моментов нашата соседна земја не ја разгледува оваа декларација, вели Плевнелиев.

Иницијативата за прераснување во меѓудржавен договор на Декларацијата од 1999 прв ја даде бугарскиот премиер Бојко Борисов пред последниот самит на ЕУ, а потоа и шефот на дипломатијата Никола Младенов и претседателот Росен Плевнелиев. Голем број македонски експерти не гледаат ништо проблематично во текстот од Декларацијата - таа во најголем дел е позитивна, бидејќи од неа произлегуваат подеднакво и обврски и права за двете земји.

Македонија и Бугарија се обврзуваат дека нема да преземаат, да поттикнуваат и да поддржуваат дејства што имаат непријателски карактер кон другата страна и дека нема да дозволат нивните територии да бидат искористувани од организирани групи кои имаат цел сепаратизам и нарушување на мирот и на сигурноста во државите. Двете земји се обврзуваат натаму да преземаат ефикасни мерки против недобронамерната кампања и говорот на омраза и како најважно, меѓусебно си ги признаваат јазиците, односно бугарски, според нивниот устав и македонски, според Уставот на Република Македонија. Сепак дел од членот 11 е на штета на македонските национални интереси. Во овој дел од текстот се вели:
Република Македонија изјавува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање на Република Македонија во внатрешните работи на Република Бугарија со цел да го заштити статусот и правата на лица кои не се државјани на Република Македонија".

Според овој член, Македонија презема низа обврски, беа истите тие обврски подеднакво да се преземат и од другата страна, бидејќи Софија не се лишува од правото за заштита на статусот и правата на лицата кои што живеат во Македонија, а не се државјани на Бугарија, додека Македонија се откажува од правото да ги штити правата и статусот на етничките Македонци кои што живеат на бугарска територија.

Според некои аналитичари, спорно е и заедничкото славење на празниците, како и спречувањето на говорот на омраза, зашто е нејасно како би можело да се контролираат медиумите.

Декларацијата за добрососедство во 1999 година ја потпишаа тогашните премиери на двете земји, Љубчо Георгиевски и Иван Костов. Уште тогаш се појави идејата врз основа на овој текст да се потпише меѓудржавен договор.

Во изминатиот период, бугарскиот државен врв, на сите нивоа, постојано испраќаше иницијативи Декларацијата да прерасне во договор за добрососедство.

http://vecer.com.mk/?ItemID=8439E7951B3D...F9D47E74A4
Без Ботев няма България
22-01-2013, 05:31 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 21.01.2013, 17:56
ДЕНЕСKА ПОЧНУВА РАСПРАВАТА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ХОВИТ

Се спрема амандманска војна за Македонија во Брисел

Пред амандманската дискусија за предлог-резолуцијата во Европскиот парламент, нашата држава се обидува да го амортизира грчко-бугарскиот притисок преку амандмани поднесени од пријатели-европратеници


Амандманска војна се подготвува околу извештајот за Македонија што го подготви Ричард Ховит, британски европратеник и известувач за земјава. Првата дискусија за предлог-текстот ќе биде денеска на Kомитетот за надворешна политика на Европскиот парламент. Од канцеларијата на Ховит објаснуваат дека парламентарците ќе имаат рок до петок да доставуваат амандмани, а Европскиот парламент ќе треба да гласа за извештајот во првата половина на април. Освен од грчките европратеници, кои вообичаено бомбардираат со остри амандмани, се очекува да има зголемен притисок од бугарски европарламентарци. Андреј Kовачев, европратеник од Бугарија, кој при минатогодишното гласање бараше на Бугарите во Македонија да им се дозволи слободно да ја искажат својата националност, и овој пат најавува дека ќе поднесе амандмани за предлог-резолуцијата на Ховит. Од неговата канцеларија вчера не сакаа да кажат какви забелешки ќе има Kовачев.

Дипломати објаснуваат дека нашата држава се обидува да го амортизира грчко-бугарскиот притисок преку амандмани поднесени од пријатели-европратеници, кои ги има во сите групи на Европскиот парламент.

- Kолку е повлијателен поднесувачот, толку е поверојатно амандманот да се пробие на координацијата на која учествуваат известувачот Ховит и европратеници од групите. За нас е важно да имаме што повеќе позитивни амандмани. Во некои случаи се наоѓа компромис, т.е. амандманот претрпува измени. Ако, на пример, некој наш пријател побара да се вметне во текстот дека билатералните спорови не смеат да го попречат проширувањето, а од друга страна Грците бараат споровите да не се внесуваат во Унијата, ќе се најде меѓурешение - велат дипломатски извори и додаваат дека копјата најмногу се кршат за формулациите каде што се споменува спорот со Грција.

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски вели дека и од дипломатската вештина на известувачот зависи дали амандманите на грчките и на бугарските европарламентарци ќе се вметнат во финалната содржина на извештајот.

- Известувачот Ховит е угледен, доаѓа од голема држава која се залага за политиката на проширување на ЕУ, не е контроверзен и не навлегува во кавги. Со декемвриските заклучоци тој ќе биде уште покомотен да го даде својот придонес - оценува Милошоски.

Минатата година европратениците успеаја од 164 амандмани, шеесетина да преточат во 21 компромисен амандман.

Што стои во предлог-резолуцијата

- Се повикува Советот без одложување да одреди датум за преговори

- Заклучоците на Европскиот совет за тоа да се донесе одлука во јуни 2013 врз основа на извештај на ЕK претставуваат вистински чекор напред; му се честита на еврокомесарот за проширување на иницијативите и се повикува во извештајот што го подготвува да направи процена на цената за непроширувањето; се охрабрува дипломатската комуникација меѓу Атина, Софија и Скопје и се повикуваат сите страни да покажат посветеност на добрососедските односи врз основа на меѓусебно почитување и пријателство; се повикува ирското претседателство да направи интензивни дипломатски напори за да се постигне задоволувачки исход

- Силно веруваме дека почетокот на преговорите за името ќе ги охрабри реформите и ќе ги подобри односите со соседите

- Жалиме што прашањето за името го блокира патот на земјата кон членство во ЕУ и се согласува со Европскиот совет дека мора да биде решено без одложување од која било страна

- Kомисијата и Советот да почнат да развиваат арбитражен механизам со цел решавање спорови меѓу кандидати и земји-членки

- Се поздравува употребата на терминот „македонски“ во извештајот на ЕK

Ивана Kостовска

#
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6F9DAE763F...7328A4297A
Без Ботев няма България
22-01-2013, 05:35 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Каква Филиба бе


Бугарски војник си ги убил сопругата и децата, а потоа и себе си

Бугарската полиција пронајде безживотни тела на четиричлено семејство во една куќа во местото Филиба, кое се наоѓа на 140 километри од главниот град Софија.



Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека се пронајдени телата на еден 32-годишен маж, неговата четири години помлада сопруга и на двете деца од осум и три години.

Името на мажот не е објавено, но е потврдено дека тој служел во воената база Змејово. Покрај неговото тело бил пронајден и регистриран пиштол.

Се претпоставува дека мажот ги убил сопругата и двете деца, а потоа и самиот си го одземал животот.

http://sitel.com.mk/bugarski-vojnik-si-g...-i-sebe-si
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 22-01-2013, 07:53 PM by Топорчо.)
22-01-2013, 07:51 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ НА СОФИЈА ИМ ШТЕТИ НА ОДНОСИТЕ СО МАКЕДОНИЈА


Казашки: Да ја прифатиме реалноста - постои македонска држава, народ и јазик!



Премногу страсти, емоции и омраза, особено од бугарска страна, а премалку толеранција, разбирање и прифаќање на различните искуства ги нишаат македонско-бугарските односи. И покрај изјавите на голем број бугарски културни дејци, меѓу кои и Љубомир Левчев, кои тврдат дека непобитен е фактот за постоењето на македонската нација и јазик, во Бугарија многумина, кои себеси се нарекуваат патриоти, не ја прифаќаат реалноста и со својот антимакедонизам им штетат на македонско-бугарските односи, пишува пловдивскиот новинар Христо Казашки.
- Колку и тоа на некои луѓе во Бугарија да не им се допаѓа, ми се чини, најдобро за македонско-бугарските односи е да се прифати реалноста дека постои македонска држава, македонски етнос и македонски јазик. Со директно или индиректно безусловно барање луѓето во Република Македонија да бидат нарекувани Бугари, сериозно загрижува дека билатералните проблеми ќе се зголемуваат, а нема да се намалуваат! Тука треба да се потсети и следниов факт: Жељу Желев, првиот демократски избран претседател на Бугарија, својата книга "Фашизмот" ја преведе на македонски јазик. Уште повеќе, сам замина во Скопје да го претстави своето дело на македонски јазик.

Казашки порачува наместо да се поткопуваат односите, двете земји да организираат тркалезни маси на кои македонските и бугарските научници, историчари, публицисти ќе зборуваат за бугарско-македонските односи, за она што не доближува, а не она што не оддалечува. Порачува да се создадат услови за поголем трговски и економски размена меѓу Република Македонија и Република Бугарија, и конечно да биде завршена железничка линијата Скопје-Софија.
И покрај ваквите апели кои постојано на бугарска адреса пристигнуваат и од македонскиот државен врв, бугарскиот претседател Росен Плевнелиев вчера во неговиот отчет за една година работење потсети на бугарските барања во Европската комисија Македонија да ги задоволи нивните критериуми за добрососедство, ако сака да влезе во Унијата.
- Бев искрен, кога јавно пред комесарот за проширување не се согласив со извештајот на Европската комисија за Македонија, во делот за "добрососедските односии. Манипулација на историјата и политиката на антиквизација на Скопје се опасни, бидејќи создаваат илузии за големо минато, наместо да даваат решенија за иднината. Ја поддржуваме Македонија најдобронамерно, како и секогаш досега, но има проблеми за решавање. Токму затоа Бугарија јасно ја кажа својата позиција за примена на критериумот за добрососедство при оценувањето на напредокот на Република Македонија во процесот на евроинтеграција. За време на Европскиот совет во декември 2012 година, земјите-членки се обединија категорично околу разбирањето на важноста на добрососедските односи како услов за членство. Развојот на ова прашање ќе се набљудува од европските институции и земјите од Европската унија, вели Плевнелиев во својот говор.
Без Ботев няма България
23-01-2013, 04:57 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 23.01.2013, 17:45
Плевнелиев: Бугарија не е втора Грција




Бугарија не е втора Грција, не става вето за Македонија туку инсистира на добрососедски односи како критериум за членство во ЕУ, изјави бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.

- Да сме на јасно. Бугарија не е втора Грција. Бугарија не води војна, да не зборувам дека е апсурдна тезата дека ние адресираме некакви внатрешни проблеми со оглед на претстојните парламентарни избори, изјави Плевнелиев во емисија на бугарската телевизија.

Тој рече дека со Владата добро ги усогласиле позициите во однос на соседната држава, а прашањето за позицијата кон Македонија било разгледано и на вчерашната средба што ја одржал со поранешните бугарски претседатели Жељу Желев, Петар Стојанов и Георги Прванов.

Според Плевнелиев, Европа во изминативе години, за жал, не секогаш ги почитуваше правилата, а и многу често проблемите не се посочуваа, не се адресираа. Токму затоа смета оти одговорната позиција на Бугарија не е сега да молчи, а во текот на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ да наложи вето, наведувајќи дека Бугарија треба да е максимално коректна и добронамерна.

- Ќе го посочиме проблемот, тој беше многу јасно адресиран - добрососедство како критериум за да бидеме членови на едно исто семејство. Затоа што ако ние сакаме сите да бидеме членови на европското семејство треба да ги почитуваме неговите вредности, а една од највисоките вредности е добрососедството, вели Плевнелиев.

Тој оцени дека Бугарија зазела една многу одговорна позиција зашто не наложила вето врз Македонија, туку напротив, вели, европските министри во Европскиот совет се обединиле околу тезата дека добрососедството е важно како и напредокот во однос на демократскиот развој на Македонија.

- Ние немаме никакви проблеми во однос на регионот, луѓето, се разбираме добро. Но сакаме да посочиме на проблемот каде тој постои. И тој е еден и е многу јасно наведен од нас - денес власта во Скопје за жал не ја исполнува декларацијата за добрососедство која беше потпишана во далечната 1999 година. Објективен критериум - имаме изјава, а не се почитува. Ништо повеќе не бараме и затоа велиме дека таа декларација околу која се обединивме да се претвори во договор, стандарден текст. Бугарија го потпиша со Грција, со Србија, со Романија, коментира Плевнелиев.

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID...96F09839E8
Без Ботев няма България
23-01-2013, 06:20 PM
Reply