Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Министер Ѓанков


Бугарија се откажува од еврозоната



Бугарија се откажува од плановите за воведување на еврото како одговор на растечката економска криза и неизвесноста околу иднината на Европската унија, изјави бугарскиот министер за финансии Симеон Ѓанков за Волстрит Џурнал.
- Во овој момент не гледам никаква корист од влез во еврозоната туку само трошоци, изјави Ѓанков.
Најсиромашната членка на ЕУ последна е во низата држави во кои опаѓа ентузијазмот за влез во еврозоната што долго беше стратешка цел на сите влади во таа балканска држава. Бугарија е една од најмалку задолжените држави во ЕУ и се обидува да држи строга фискална дисциплина, за да избегне ризици за својата валута.

http://vecer.com.mk/?ItemID=C5B962D27471...A9055F37E8
Без Ботев няма България
05-09-2012, 06:00 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

СОФИЈА ЌЕ ЦРТА СВОИ ЦРВЕНИ ЛИНИИ

Санстефански балони од Бугарија

Токму на Денот на националното обединување на Бугарија, министерот за надворешни работи Николај Младенов од Софија испрати порака дека државата ќе ги формулира во документ црвените линии кон соседите. Аналитичарите во Македонија веднаш реагираа на неговата изјава коментирајќи дека Бугарија повторно јава на санстефанскиот сон.

Младенов, како што пренесоа агенциите, не дал конкретни примери и не ја посочил Македонија, но изјавил дека Бугарија е и секогаш ќе биде отворена земја за гости од соседните земји, за развој на трговските односи и дека секогаш ќе го поддржува проширувањето на ЕУ.

- Но Бугарија не е земја која ќе дозволи да се игра со нејзината историја, со нејзиниот идентитет бидејќи тие се бугарски и не им е местото на политичарите сега да се обидуваат да измислуваат некои толкувања. Сите такви обиди во минатото беа безуспешни, па затоа е важно да гледаме напред, а не назад - изјавил Младенов.

Следната недела ќе се одржи првата редовна средба со амбасадорите во Бугарија од балканските земји во Софија за да се дискутира за документот и целосно да се испитаат односите.

Професорот Ѓорѓи Спасов, поранешен наш амбасадор во Бугарија, вели дека сега е модерно да се зборува за црвени линии, што со други зборови се кажува дека секој има некоја доза на толеранција за одредени прашања.

- Станува збор за една формулација, која повеќе треба да се гледа како наменета за домашна употреба, а да не се разбере како закана - смета Спасов.

Тој додава дека доколку се влезе во историски спор, тешко ќе се излезе и предупредува на можни опасности во иднина.

- Македонија ако сака да влезе во клубот ЕУ, ќе треба да ги почитува европските норми и стандарди, а тоа е пораката што ни ја испраќаат од Софија - истакнува Спасов.

Министерот Младенов изјави дека нема конкретна причина дебатата да започне токму сега, но според него, почетокот на политичката сезона е добро време.

Тој притоа вели дека бугарската држава треба да ги заштити културните, историските, политичките интереси како бугарска држава, кои треба да бидат заштитени во регионот во еден нормален и конструктивен дијалог со соседите.

- Треба да им помогнеме на нашите соседи кои сакаат да одат по истиот пат (кон ЕУ), да го изодат за да може и тие да ги видат придобивките од тоа, да ги почитуваат заедничките принципи, да имаат пристап до заедничкиот пазар на ЕУ и, се разбира, да ја засноваат својата политика на еден конструктивен поглед кон иднината, а не да се копа во минатото, таму каде што е местото на историчарите - истакна Младенов.

Професорот Тодор Чепреганов потенцира дека соседите би требало да си помагаат, а конкретно на нас да ни помагаат за влез во НАТО и во ЕУ.

- Но, ние имаме сосед кој соништата од 19 сака да ги оствари во 21 век, и тоа преку ЕУ - вели Чепреганов.

Тој притоа истакнува дека секој народ без исклучок самиот си ја пишува својата историја и јавно прашува дали нам Македонците треба Бугарите да ни ја пишуваат историјата?!

Но, колку и да не сакаме да копаме по историјата, сепак, од Софија повеќепати е испратена порака и од највисоко ниво дека историјата зазема значајно место меѓу двете земји. Така, на пример, од Софија по изборот лани на новиот претседател Росен Плевнелиев за „Дневник“ беше испратена писмена изјава дека знак оти Македонија сака да ги развива односите со Бугарија би било заедничкото одбележување на историските празници.



Попоски: Градиме мостови со сите соседи

Ние немаме интерес да се препознаваме во последните изјави од Бугарија, коментира вчера за „Дневник“ шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и притоа додава дека тие се за внатрешна употреба.

- Наш став е дека ние сме фокусирани на градење мостови со сите соседи. Во услови на тешка економска криза обезбедивме средства за проекти во Kоридорите 8 и 10 и сметаме дека е тоа вистинската методологија за обезбедување еден отворен простор на Балканот, при што ќе има и регионална соработка. Ние својата иднина ја гледаме со сите свои соседи во ЕУ - изјави Попоски.


Христо Ивановски #

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CF656A4571...916889402C
Без Ботев няма България
07-09-2012, 04:57 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Плевнелиев смета дека Македонија ја краде бугарската историја

На последната средба бугарскиот претседател побарал од македонскиот колега да се престане со манипулацијата и идеологизирањето на историјата во Македонија

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев изјавил дека Бугарија никогаш нема да направи компромис со својата историја, ниту пак, со историските факти за регионот, а тоа му го пренел и на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Како што пренесува бугарската новинска агенција БТА, тоа го изјавил вчера во Пловдив на одбележувањето 127 години од обединувањето на Бугарија, одговарајќи на новинарско прашање дали Македонија се обидува да ја присвои бугарската историја.

- Посочив дека манипулација на историјата и идеологизирањето и замената на историските факти не помогнало на никого на Балканот, додал Плевнелиев.

Според него, фактите од историјата треба да им се остават на историчарите, а политичарите од двете страни на границата да работат за добрососедство со европски пристап и, како што вели, заедно да градат добра соработка, мостови, тунели, железнички врски и заеднички настани.

Плевнелиев додаде дека истата визија со него ја споделил и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов при нивната последна средба, за што, пред два дена, му испратил и писмо.

Шефот на бугарската држава изразил надеж, како што пренесува БТА, дека долгогодишните обиди од страна на Македонија за разединување и промена на историјата ќе останат во минатото. Во таа насока, бугарскиот претседател очекува еден нов пристап во односите меѓу политичарите на двете земји, за што очекува и конкретни докази.

- Ако се искрени зборовите на македонскиот претседател многу скоро ќе реализираме една заедничка иницијатива - изградба на споменик на Димитар Талев во Прилеп, рекол Плевнелиев.

Статијата е прочитана 1469 пати.

Испрати коментар

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemI...7C617B2C0C
Без Ботев няма България
08-09-2012, 07:28 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија ја засилува реториката кон Македонија

Претседателот Росен Плевнелиев и' порача на Македонија дека „Бугарија нема да прави компромис со својата историја“

Миркица Поповиќ



Не стивнуваат коментарите од бугарскиот државен врв за црвени линии кон Македонија и критики за антибугаризам од македонска страна и наводната македонска манипулација со бугарската историја. По најавите од бугарскиот премиер Николај Младенов дека Бугарија ќе исцрта црвени линии за Македонија и изјавата дека Бугарија нема да дозволи некој да се плетка во нејзината историја, со сличен коментар се јави и претседателот Росен Плевнелиев.

„Изјавив категорично дека Бугарија никогаш нема да направи компромис со својата историја, ниту, пак, со историските факти за регионот такви какви што се, од најдревните времиња до денес“, истакнал Плевнелиев за бугарските медиуми на прашањето дали Македонија присвојува дел од бугарската историја.

Плевнелиев вели дека истата порака му ја пренел и на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на нивната прва билатерална средба која се одржа пред два месеца во Белград. Плевнелиев упатил и порака дека манипулацијата на историјата и идеологизирањето и замената на историските факти не му помогнало никому на Балканот. И Плевнелиев и Младенов неделава со своите изјави играа на карта дека наводниот македонски обид да се интерпретира бугарската историја не и' оди во прилог на европската перспектива на Македонија.

Бугарскиот претседател во изјава за медиумите во Пловдив по повод одбележување на 127 години од обединувањето на државата, посочил дека Бугарија и' подава рака на Македонија и очекува конкретни докази дека двете држави се наоѓаат во нова фаза на развојот на билатералните односи. Во контекст на ова бугарскиот претседател истакнал дека се нашле на иста линија со Иванов за тоа дека историјата и фактите треба да им се остават на експертите и историчарите, за што пред три дена му испратил писмо на македонскиот претседател. Наместо да се занимаваат со историја, Плевнелиев истакнал дека политичарите треба да се посветат на работа за развивање на добрососедски односи со европска перспектива, да се работи на подобрување на соработката, изградба на мостови, тунели, железнички врски и заеднички настани.

„Сакам јасно да кажам дека тоа дали сме Европејци и дали ја споделуваме европската перспектива не се познава по тоа што зборуваме во Брисел, туку по тоа што го правиме дома“, изјавил Плевнелиев. Шефот на бугарската држава изразил надеж, како што пренесува бугарската агенција БТА, дека долгогодишните обиди од страна на Македонија за разединување и промена на историјата ќе останат во минатото.

Големо изненадување во Скопје предизвика изјавата на Плевнелиев дека со Иванов дискутирале за изградба на заеднички споменик на писателот Димитар Талев во Прилеп. „Ако се искрени зборовите на македонскиот претседател, многу скоро ќе реализираме една заедничка иницијатива - изградба на споменик на Димитар Талев во Прилеп“, рекол Плевнелив за бугарските медиуми.

Од кабинетот на македонскиот претседател стигна соопштение дека Иванов досега немал слушнато за ваква иницијатива за изградба на споменик на познатиот бугарскиот писател во Прилеп. Талев е еден од најпознатите бугарски писатели, кој бил предложен за Нобеловата награда за литература. Талев е роден во Прилеп, а живеел и работел во Бугарија. Во целиот свој опус пишувал за Прилеп и Македонија, но лично се чувствувал како Бугарин.

Во 1944 година бил уапсен поради патриотски и антимакедонски ставови и испратен во централниот затвор во Софија. Тетралогијата „Железниот светилник“, „Преспанските камбани“, „Илинден“ и „Гласовите ви ги чувам“ е едно од најпознатите негови дела, а се занимава со подготовката и епилогот на Илинденското востание. Македонската научна јавност се има оградено од него откако по Втората светска војна одбил да се врати во татковината и да работи на подигнување на научната мисла и творештвото на македонскиот народ. Починал во Софија во 1966 година. Во Македонија се преведени неговите романи „Илинден“ и „Железниот светилник“.

По изјавите на Плевнелиев, од кабинетот на Иванов посочија дека Македонија останува на определбата за градење добрососедски односи и се залага низ отворен дијалог со Бугарија да се бараат решенија и да се надминуваат разликите што влечат корени од минатото.

Беше негирана информацијата дека двајцата политичари се сретнале во Брисел. За Иванов највисок приоритет на кој треба да се фокусираат Македонија и Бугарија се инфраструктурното, енергетското и меѓуграничното поврзување, на продлабочување и унапредување на економската соработка.

Статијата е прочитана 619 пати.

Испрати коментар

http://utrinski.com.mk/?ItemID=A1DF172D8...73E1200454

Малко познате сред македонските форумджии е , че цитатък на Гоце Делчев когото толкова обичат да цитират и който много от тях имат дори на подписите си е именно от книга на Димитър Талев

Който се борил са дръбските българските или гръцките интереси можел да бъде добър българин грк или сърбин но не и македонец
Без Ботев няма България
08-09-2012, 07:34 AM
Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6

Като прочетем дадена вест от вардарско и журналиста, който я е написал се окаже със сръбска фамилия, ми идва както викат македонците - пролив Icon_razz.

Даже и оня, на който се скара Батко Бойко преди месец време,се оказал със сръбска фамилия ....

08-09-2012, 04:14 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

СОФИЈА ГО ЗАСИЛУВА ТОНОТ KОН МАKЕДОНИЈА

Бугарите влегоа во грчки чевли





Meѓу дипломатите во една балканска земја се зборува дека кога прашале бугарски колега да го коментира однесувањето на Грција кон Македонија, тој дал заканувачки одговор: „Не знаете што с` ги чека од нас!“. Дали тие закани сега стануваат реалност?

На Балканот стана модерно да се демонстрира сила, да се условува, да се покаже кој на која страна е, особено ако едната од земјите е членка на ЕУ и (или) на НАТО, а другата се бори да влезе во двете организации. Македонија тоа го искуси со Грција, а не е исклучено наредната „Грција“ да биде Бугарија, оценуваат македонски дипломати, кои, сепак, не се убедени дека условувањето од Софија би било во иста мера. Meѓу дипломатите во една балканска земја се раскажува дека кога го прашале бугарскиот колега да го коментира однесувањето на Грција кон Македонија, тој одговорил со закана: Не знаете што с` ги чека од нас!

Во серијата изјави од бугарските политичари, последната е од министерот за надворешни работи Николај Младенов, кој во интервју за Бугарското национално радио рече дека бугарските власти нема да го заборават инцидентот од мај годинава, кога амбасадорот Иван Петков беше нападнат во Скопје. На 4 мај, според бугарските медиуми, „македонски националистички хулигани“ извршиле организиран напад против делегацијата предводена од Петков, кога се обидувала да положи цвеќе на гробот на „бугарскиот револуционерен херој Гоце Делчев“. Младенов сега вели дека бугарската влада ќе процени како и кога треба да одговори на таквите провокации. - Ние сме држава, а не само толпа што реагира на провокации што доаѓаат од каде било и не се дел од нашата агенда - рекол Младенов во интервјуто и додал дека неговата земја „е на повисоко морално ниво“ и нема да се обидува да ја претвори историјата во средство за борба против своите соседи.

Сепак, според најавите, до крајот на годинава Бугарија ќе усвои документ во кој ќе се зацртаат основите на бугарската политика кон соседите. Документот ќе содржи „црвени линии“, кои не можат да се преминат во билатералните односи.

- Kако членка на ЕУ, Бугарија не излегува со европска агенда, туку напротив, оди чекор назад и по постапките или односот не се разликува од другите балкански држави. Мислам дека од нив се очекува да покажат европски пристап - вели поранешниот амбасадор Огнен Малески.

Неговата процена е дека ваквиот пристап на Бугарија ќе се интензивира уште повеќе, при што тие ќе останат во своите „ровови“, а ние во нашите. Според Малески, очигледно е дека македонските власти не ја „тераат“ работата со Бугарија како што треба и треба да се запрашаат што направивме ние самите, односно колку придонесовме за ваквата состојба. Затоа, смета тој, министерот за надворешни работи Никола Попоски треба што поскоро да се јави и да договори средба со бугарскиот колега за да ги разјаснат работите.

Во врска со можноста Бугарија да стане втора Грција во процесот на интеграција на земјава во ЕУ, тој вели дека не може да се става знак на равенство, бидејќи проблемот е различен, иако Бугарите влегуваат во таа игра и „не можат да излезат од своите чевли“.

- Точно е дека балканското однесување е од типот кој може да блокира, блокира. Но таквиот однос не е добрососедски. Ни треба дијалог, а не документи со црвени линии. Треба да седнеме на маса, зашто работата ќе тргне во лоша насока - предупредува Малески.

Универзитетскиот професор Владо Поповски вели дека базирајќи се на дипломатските бугарско-македонски односи, владата во Софија нема да дозволи историските прашања да се вклучат во блокирањето на Македонија во нејзината интеграција во ЕУ.

- Kако дел од еден долгорочен историски фолклор на релација на бугарско-македонските односи, не е прв пат од Бугарија да кажат дека ќе покренат барања како услов да се согласи Бугарија, како членка на ЕУ, за интеграцијата на Македонија. Се надевам дека соодветната политичка структура во Бугарија нема да ги покрене барањата поради тоа што во бугарско-македонските односи нема реални проблеми. Тие проблеми што се покренуваат од историски аспект се типични за историски разлики, за полемики или за историски истражувања. Тие не се такви разлики за да може една држава да ги постави како политички услов за влез во ЕУ – смета Поповски.

Македонски дипломат, кој добро ги познава односите со Бугарија, вели дека не би исклучил Софија да примени политика на блокада во Унијата, иако не со иста јачина како грчката со оглед на репутацијата на Бугарија во ЕУ, која не е на високо ниво.

- Но, наместо блокада, Софија може да го отежни нашиот процес на евроинтеграција – вели тој.

Во меѓусебните односи, според него, Бугарите држат дистанца, долго немало посета на висок функционер бидејќи тие ги одлагаат, а причините за ваквото однесување може да се бараат и во процените на Бугарија дека досега ни помогнала многу повеќе отколку што ние сме ~ вратиле. Од друга страна, додава тој, најавата за црвени линии како порака до Македонија може да биде и за внатрешна употреба во Бугарија во однос на чувањето под контрола на тамошниот национализам.

- Сепак, во ситуација кога повеќе земји на Унијата есенва се расположени за доделување датум за преговори за Македонија, не е сеедно каква ќе биде позицијата на Бугарија – вели дипломатот.

Друг македонски дипломат, запознат со односите со соседот, вели дека инцидентот на гробот на Делчев во Скопје е сериозна работа и Бугарите секогаш и тоа кога нам тоа најмалку ни одговара ќе ни го вадат од фиока.

- Во дипломатските кругови се знае за нивните закани за блокада на нашиот пат кон ЕУ. Затоа веќе ништо не смее да се остави на случајност. Ние немаме реална заштита (НАТО или ОН) и треба да внимаваме на нашите постапки - вели дипломатот.

Стојков: Црвените линии се основа за конфронтација

Стојко Стојков, копретседателот на македонската партија во Бугарија, ОМО „Илинден“-ПИРИН, вели дека ова што сега се случува со најавата за црвени линии не е ништо ново и потсетува дека таа кампања почнала откако земјата влезе во ЕУ.

- Реално уште во 2006 година почна да се формира мислење за блокада на Македонија. Министерот Ивајло Kалфин истакна дека бугарската поддршка за Македонија не е безусловна. Софија се плаши дека ако Македонија влезе во ЕУ, како членка ќе бара признавање на македонското малцинство. Од друга страна, црвените линии се основа за конфронтација, но и пречка за слободна научна мисла - вели Стојков.

Жана П. Божиновска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5CFEC5D723...E555E63B0A
Без Ботев няма България
11-09-2012, 05:34 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Турскиот егзодус од Бугарија бил етничко чистење

Ако не ги принудиме тие 200-300.000 луѓе да си заминат, за 15 години Бугарија нема да постои, а Бугарија ќе биде втор Kипар, рекол комунистичкиот диктатор Тодор Живков во почетокот на етничкото чистење во јули 1989

Заминувањето на 340.000 етнички Турци од Бугарија меѓу јуни и септември 1989 година било етничко чистење, а не доброволна преселба, како што било претставено во тоа време, потврдуваат завчера објавените нови документи од бугарските архиви, пишува српски „Блиц“.

- Се соочуваме со масовен егзодус, кој секако е неопходен и поволен за нас. Ако не ги принудиме тие 200.000 до 300.000 луѓе да си заминат, за 15 години Бугарија нема да постои. Бугарија ќе биде втор Kипар - им рекол комунистичкиот диктатор Тодор Живков на водечките партиски функционери на Бугарија во почетокот на етничкото чистење во јули 1989.

Споменатите изјави на Живков се меѓу 2.459 документи на Извршниот комитет на Бугарската комунистичка партија, кои беа објавени вчера на интернет-страницата на државната архивска агенција http://www.archives.bg/politburo.

Бугарија на 29 мај 1989 година ја отворила границата со Турција (таа била затворена с` до падот на комунизмот) за да го поттикне заминувањето на дел од турското малцинство, кое претставувало 10 отсто од бугарската популација. Тоа малцинство било сметано за петта колона на непријателската НАТО-земја.

Одлуката била донесена по серијата протести на етничките Турци на североистокот на Бугарија, кои сакале да си ги вратат своите муслимански имиња откако властите им ги смениле во бугарски во 1984 и 1985 година.

- Му наредивме на Министерството за внатрешни работи брзо и сосила да ги депортира екстремистите, масовно да ги протера фанатиците, кои се во срцето на тие случувања. Во исто време, властите не треба да го попречуваат заминувањето на обичните луѓе и тој процес треба да го претстават како нешто нормално, а не непријателско. Исто така, не смее да се користи зборот депортација - изјавил Живков.

Околу 340.000 Турци си заминале тогаш за Турција, од кои 130.000 подоцна се вратиле во Бугарија. Kампањата, која немала поддршка од Москва, го забрзала заминувањето на Живков од власта, на 10 ноември 1989 година, по 35 години владеење. Бугарската државна Агенција за архиви ќе ја објави целокупната архива, која го покрива целиот комунистички период на Бугарија, од 1944 до 1989 година.
#

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=22444C274B...1437234364
Без Ботев няма България
12-09-2012, 02:50 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35

Тия откриха топлата вода!
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
12-09-2012, 10:12 PM
Website Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35

Glava_vo_zid
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
(This post was last modified: 12-09-2012, 10:13 PM by TATAP.)
12-09-2012, 10:12 PM
Website Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

БУГАРСКИТЕ ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ СО НЕДЕМОКРАТСКИ СТАВ


ЕУ да ги замрзне преговорите со Македонија


Овој веќе познат став на историчарите, но и на речиси сите политички партии кај нашиот источен сосед, според локалните медиуми повторно е инспириран од најавената изложба со македонски средновековни ракописи во Брисел, која треба да се одржи следниот месец


Бугарските демократи ќе бараат замрзнување на преговорите за пристапување на Македонија кон Европската унија, поради, како што велат, "кражбата на бугарска историја, која Македонија ја вршела во текот на својата 68-годишна историја". Овој веќе познат став на историчарите, но и на речиси сите политички партии кај нашиот источен сосед, според бугарските медиуми повторно е инспириран од најавената изложба со македонски средновековни ракописи во Брисел, која треба да се одржи следниот месец. За бугарскиот Сојуз на демократски сили, изложбата претставува кражба на бугарска историја бидејќи ракописите биле бугарски, а не македонски.
Негирањето на македонското потекло на истите ракописи и тоа неколку месеци пред официјална промоција во Брисел не е ништо ново. Пред неколку недели реагираа и бугарските историчари, а деновиве, СДС го повика и парламентот "да го изрази својот став за прашањето за постоењето на македонско малцинство во Бугарија како и за правото на Бугарите во Македонија слободно да ја покажат својата етничка припадност". Тие тврдат дека изложбата е провокација која не треба да се дозволи да помине без последици, бидејќи според нив, преку неа се посегнува не само на бугарската историска меморија, туку и на националниот суверенитет на Бугарија.
- Од Сојузот на демократските сили инсистираат бугарските институции да реагираат против наглото однесување на македонската власт и македонските историчари. Крајно време е Бугарија да престане со криворазбраното покровителство и однос кон нашите браќа, кои не се ни чувствуваат такви, пренесува софиски "Днес".

Советот за македонски јазик, пак, неодамна посочи дека станува збор за артефакти настанати во Средниот век на територијата на Македонија и во нив се изразени јазичните црти на македонската црковнословенска редакција и на македонските дијалекти. Македонските средновековни ракописи ќе бидат изложени следниот месец во Кралскиот музеј на Мариемонт во Морланвелтс, Белгија, во рамките на изложбата "Илјада години писмена традиција во Македонија". (Е.А.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=935F1B845415...903D58C34D
Без Ботев няма България
13-09-2012, 10:31 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

„ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ“ ПРЕДИЗВИKУВА ОГРОМЕН ИНТЕРЕС каЈ соседот

Бугарскa окупација на Битола и „Манаки“




До организаторот годинава има енормно многу барања од бугарските медиуми за присуство на проекцијата на „Трето полувреме“. Филмот во изминатите десетина месеци таму не се симна од дневен ред поради сцени во која бугарската војска ~ помагала на германската во транспортот на Евреите во логорите на смртта

Триесетина новинари од Бугарија се акредитирале за премиерата на филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, со кој утревечер во Битола ќе биде отворено 33. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Предизвикот е филмот, кој изминатите десетина месеци не се симна од дневен ред на бугарските медиуми, стана тема на дебати на бугарските европарламетарци и на Хелсиншкиот комитет на нашиот сосед. Реакциите од Софија главно беа поради сцени во кои бугарската војска ~ помага на германската во транспорт на Евреите во логорите на смртта.

- Никогаш не очекував дека ќе се случат такви политички реакции. Почнаа пред десет месеци и с` уште траат. Kаде стигнав се обидов да докажам дека обвинувањата се лажни. Шпекулација е с` што се кажува без да се гледа филмот или да се прочита сценариото - рече режисерот Митревски на вчерашната прес-конференција.

Тој вели дека нема намера да се справува со обвинувањата.- С` завршува в сабота! Ќе се покаже дека балонот ќе пукне бучно и сите обвинувања за шовинизам и антибугаризам ќе паднат во вода. Во филмот нема ниту збор, ниту секунда, ниту една лоша мисла за Бугарија. Овој филм е за, а не е против. Зборува за љубов, за мали луѓе кои во тешки времиња, во одредени премрежиња стануваат херои. За луѓе што во бурно време ја одбрале висинската страна. А каков е филмот, нека проценат публиката и јавноста - вели режисерот.

Лабина Митевска објаснува дека интересот на бугарските медиуми годинава е огромен.

- Годинава имаме енормно многу барања за присуство на проекцијата на „Трето полувреме“ од страна на бугарските медиуми. Некои ќе добијат влезници, некои се акредитирани, а некои ќе ја гледаат втората проекција, која ќе се одржи истата вечер во 23 часот. Дел од бугарските новинари беа на затворената проекција на филмот, која се одржа минатата недела и, колку што знам, немале негативни реакции - вели Митевска.

Министерката за култура Елизабета Kанческа-Милевска рече дека ~ е драго што фестивалот ќе биде отворен и затворен со премиери на два македонски филма - „Трето полувреме“ и „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски.

- Очигледна е експанзијата на македонската кинематографија, благодарение на сите наши филмски работници. Фестивалот расте, а доказ за тоа се и ексклузивните гости што доаѓаат - рече Kанческа-Милевска.

Роберт Насков беше продуцент на двата филма, кои се снимаа во исто време. Се залагал двата да бидат готови за „Браќа Манаки“ бидејќи тоа е наш фестивал.

- Kога денес би можел да избирам, не би го повторил. Успеавме да го постигнеме тоа, но за македонски рамки е навистина тешко - рече Насков.

Нета Kоен: Останав сама

„Љубовта е посилна од с`... Мајка ми и татко ми одеа во синагога секоја недела. Бевме среќно семејство. Игравме, се смеевме и уживавме во животот. Ни беше многу убаво. Возрасните ни организираа концерти и претстави за нас, децата... Татко ми многу се налути кога разбра дека тој не е од нашите и дека ќе станам православна. Дојде Хитлер и почна с`. Бугарската војска н` земаше. Влегуваа во куќите и прашуваа: „Има ли Евреи овде?“. Никој не ме издаде, иако не бев „нивна“. Kога сакав да ги посетам моите, свекрва ми не ме пушти. „Што ако некој те викне по име? И тебе ќе те затворат. Имаш две мали деца дома...“. Двајцата мои браќа имаа по 25 и 20 години, а сестра ми 15. Сите мои братучеди убави како кукли...

Денес моето семејство се децата, внуците и правнуците. Сите ме сакаат и душата би ја дале за мене, и јас за нив. Сепак, останав сама, до крајот на животот...“.

Ова се зборовите на Еврејката Нета Kоен, чија животна приказна беше мотив за снимањето на филмот „Трето полувреме“. Откако се омажила и ја примила православната вера, се прекрстила во Марија Младеновска. Таа својата потресна приказна ја раскажува во седумминутното документарно видео снимено од фондацијата „Шоа“ во 1998 година. Продуцентите на „Трето полувреме“ и раководството на „Браќа Манаки“ ги добиле ексклузивните права за прикажување на документарецот пред проекцијата на филмот в сабота.

Весна И. Илиевска
#

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D4A199B4C3...2860EB6651
Без Ботев няма България
14-09-2012, 06:55 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарите беа заедно со Хитлер, невин народ настрада

Дури 30 бугарски новинари се акредитирале за следење на фестивалот "Браќа Манаки", каде ќе се прикаже "Трето полувреме" од Дарко Митревски, за кој бугарската јавност вели дека е антибугарски. Во исто време, филмот е избран за македонски кандидат за номинација за Оскар


Невиден интерес владее кај бугарските новинари за македонската премиера на филмот "Трето полувреме" од Дарко Митревски. Дури 30 новинари се акредитирале за следење на фестивалот "Браќа Манаки" каде ќе се прикаже филмот за кој бугарската јавност жестоко пропагира дека е антибугарски. Како цреша на шлагот, вчера стигна и информацијата дека "Трето полувреме" е избран за македонски кандидат за номинација за Оскар. Режисерот Митревски на средба со новинарите кажа дека филмот не е насочен против никого, туку говори за љубовта, херојството и зборува за обичниот човек од Македонија, за луѓето од Македонија кои во едно бурно историско време ја одбрале вистинската страна.

На средбата беа присутни и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, продуцентот на "Трето полувреме" и "Балканот не е мртов" Роберт Насков, директорот на Филмски фонд Дарко Башески, директорката на фестивалот "Браќа Манаки", Лабина Митевска. Таа кажа дека вкупно има и рекордни 150 новинарски акредитации. Ќе дојдат и повеќе од 300 македонски и 150 странски гости, како и рекорден број на филмаџии од официјалната конкуренција - седум од вкупно 11 филмови. Исто така, беше промовирано и потресното сведоштво на Нета Коен, жената која важи за инспирација за филмот. Коен е Еврејка од Скопје, чие семејство во Втората светска војна е депортирано во нацистичките логори, а таа поради љубовта со фудбалерот-христијанин останала жива, криејќи се кај комшиите. Видеото е сопственост на Шоа фондацијата, каде еден од основачите е Стивен Спилберг.

"Кога ги собраа нашите, јас се криев. Бугарите ги земаа. Бугарите располагаа со куќите, Бугарите се. Бугарите прашуваа, има ли Евреи тука? Нема, им велеа. Тие правеа лоши работи. Невин народ настрада. Браќата ми го зедоа. Најстариот брат имаше 28 години. Помладиот 25, третиот 20. Сестра ми имаше околу 15. Татко ми имаше 60 тогаш...", раскажува Коен за екипата на Шоа фондацијата. Нејзината исповед е една од речиси 52-те илјади интервјуа со преживеани од Холокаустот што ги има снимено фондацијата заради забележување на сведоштвата на преживеаните.

"Трето полувреме" ќе биде прикажан на свеченото отворање на "Браќа Манаки" в сабота во Битола, по што веднаш ќе има уште една проекција. Во киносалите ќе започне да игра од 27 септември, а после него на ред е "Балканот не е мртов" во режија на Александар Поповски. (Де.Т.)

Митревски: Лабина да остане директор
На Лабина Митевска со ова издание и завршува вториот мандат како директор на "Браќа Манаки". Вчера доби уште една јавна поддршка да продолжи со работата, и тоа од Дарко Митревски. "Се надевам дека Лабина и следната година ќе продолжи да го води фестивалот", рече Митревски.

Голем подем на македонската кинематографија
На два дена пред почетокот на фестивалот, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска кажа дека "Браќа Манаки" ќе го прикаже големиот подем на македонската кинематографија. Таа посочи дека првпат во филмската историја на фестивалот свеченото отворање и затворање ќе бидат одбележани со премиера на македонски филмови, а ќе се прикажат вкупно 28 македонски филмови од најновата филмска продукција, во поголем дел поддржана од Филмскиот фонд.

Нови кина низ Македонија
"За помалку од еден месец ќе започне реализацијата на проектот за дигитализација на киносалите низ Македонија, односно ќе се набават нови 15 дигитални проектори со што ќе се создадат услови и публиката во градовите во државата да ги гледа и најновите филмски остварувања", најави министерката.

68 награди за македонски филмови
"До денеска македонските филмови освоиле 68 награди. Фестивалот "Браќа Манаки" ја има кулминацијата и со најголема филмска ѕвезда и со носење на најголемиот број на директори на фотографија, со работилници", рече директорот на Филмски фонд Дарко Башески.

ФОТО: Н. БАТЕВ

http://vecer.com.mk/?ItemID=AE97E535797D...C5DA44DB10
Без Ботев няма България
14-09-2012, 11:47 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Приказната за антибугарството во „Трето полувреме“ ќе пукне како балон


Цели десет месеци го бранев од нив филмот и тврдам дека од бугарските шпекулации нема ни трошка во оваа приказна. Сето ова беше само една злонамерна кампања филмот воопшто да не се појави. Но сега, кога тој е готов, можам да кажам дека резултатот е 10-0 за мене, вели режисерот Дарко Митревски




Официјалната дистрибуција на „Трето полувреме“ низ Македонија ќе почне на 27 септември со скопската премиера во киното „Милениум“

ФИЛМОВИТЕ „НА ЛИЗГАВ ТЕРЕН“ НА РИДЕСТИОТ БАЛКАН

На Балканот, каде што меѓуетничките и верски нетрпеливости се повеќе од фолклор, има еден куп филмски остварувања што ја добија етикетата неподобни или разгорувачи на говорот на омраза.
Режисерскиот првенец на Анџелина Џоли, филмот „Во земјата на крвта и медот“, предизвика бурни реакции во Србија и пошироко поради тоа што во трагичната приказна за босанската војна, „лошите момци“ задолжително беа Срби.

- Ова не е документарен филм, туку уметничко гледање на нештата. Сигурно има и поинакви приказни и видувања на војната во Босна, кои секако треба да се раскажат - рече во своја одбрана холивудската ѕвезда.

На критики за ширење национализам беше изложен и филмот „Прашина“ на Манчевски. „Прашина“ раскажува две приказни истовремено и во заднината прави скокови од почетокот на 20 век во Македонија до американското современие. Лондонски „Ивнинг стандард“ го оцени филмот како расистички, бидејќи ги прикажува Турците во негативно светло. Според нив, целта на режисерот била да се попречи приемот на Турција во Европската Унија. Лондонски „Гардијан“, пак, го нарече „Прашина“ - „специјален повик на македонски национализам“.

Напумпана приказна

Извесни контроверзии, во таа смисла, го следат и филмот „Трето полувреме“.

- Напумпаната приказна дека ова е антибугарски филм ќе се распрсне на премиерата утре, кога сите ќе видат дека тоа воопшто не е така - порачува режисерот Митревски пред светската премиера на својот најнов филм на 33. фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

На вчерашната прес-конференција тој рече дека филмот не е насочен против никого, туку говори за љубовта, херојството и за луѓето од Македонија што во едно бурно историско време ја одбрале вистинската страна.

- Повеќе не давам коментари на оваа тема. Утре ќе се види дека тоа што Бугарите го зборуваа за филмот нема врска со здрава памет. Таа надувана приказна ќе издише како балон откако сите ќе го видат филмот - вели Митревски.

За најавата дека на фестивалот ќе присуствуваат над 150 новинари, од кои 30 бугарски, тој вели.

- Јас цели десет месеци го бранев од нив филмот и тврдам дека од нивните шпекулации нема ни трошка во оваа приказна. Сето ова беше само една злонамерна кампања филмот воопшто да не се појави. Сега, кога тој е готов, можам да кажам дека резултатот е 10-0 за мене - вели Митревски.

Официјалната дистрибуција на „Трето полувреме“ низ Македонија ќе почне на 27 септември со скопската премиера во киното „Милениум“, а веќе наредниот ден филмот ќе почне да се прикажува и низ Македонија. Режисерот најавува дека ќе направат напори филмот да биде прикажуван секаде каде што има минимални можности за тоа.

- Мислам дека „Трето полувреме“ ќе биде погледан дури и од „Блаканкан“, кој оствари рекорд од 120.000 гледачи во Македонија. Каква ќе биде реакцијата на публиката не можам да предвидам, во секој случај ќе ми биде интересно да ги слушнам коментарите - вели Митревски.

„Трето полувреме“ се базира на факти

Уште во текот на снимањето филмот „Трето полувреме“ беше прогласен за антибугарски филм од бугарските европратеници, кои остро реагираа до еврокомесарот за проширување Штефан Филе дека филмот е навредлив и дека шири историски невистини за Бугарија. Ваквата реакција предизвика различни коментари во европската јавност, меѓу кои и оној на германската европратеничка Дорис Пак, која јавно се запраша што би се случило кога Германците секогаш би кажале „не“ за сите филмови за Третиот рајх.
Режисерот Митревски уште во текот на снимањето рече дека целта на европските пратеници е да се негира вината на Бугарија за еврејскиот холокауст во Македонија и да заработат некој поен за нивната земја.

„Нивната единствена цел е да се негира холокаустот, па затоа користат некои стереотипни неологизми за да ги покријат нивните траги, велејќи дека Македонија ’шири лоша енергија’ и дека ние ’го градиме нашиот идентитет на основа на лажна историја’. Не знам дали овие европратеници се свесни дека негирањето на холокаустот е казниво во 16 земји-членки на ЕУ, што може да се санкционира со казна затвор“, изјави тогаш Митревски.

Филмот „Трето полувреме“ беше сниман 40 дена во Охрид, Битола, Свети Николе, Штип и во Скопје. Сторијата е базирана на вистинита приказна за една млада девојка од богата еврејска фамилија, која се вљубува во сиромашен македонски фудбалер.

Паралелно со оваа филмот ја раскажува и вистинитата приказна за македонскиот фудбалски тим, под водство на тренерот Иљеш Шпиц, кој за време на окупацијата се натпреварувал во бугарската национална фудбалска лига.

„Трето полувреме“ кандидат за „оскар“

Филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски (во продукција на „Кинооко“) е македонски кандидат за „оскар“, одлучи комисијата на Друштвото за филмски професионалци на Македонија. Оваа асоцијација е овластена од Американската академија за филмски науки и уметности да го направи изборот на национален македонски кандидат за наградата „оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.
Комисијата избираше помеѓу филмовите „Трето полувреме“, „Жената што ги избриша солзите“ на Теона Стругар-Митевска и „Скопје ремикс“ на група режисери. Филмот „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски од технички причини ја повлече својата кандидатура.

Емитувано сведоштвото на Нета Коен

На прес-конференција беше емитувано и сведоштвото на Нета Коен (православно име Марија Младеновска), Еврејка од Скопје, жената што е пресликана во централниот лик Ребека во филмот „Трето полувреме“.
Видеото е снимено од екипа на Шоа-фондацијата на Стивен Спилберг и е едно од речиси 52-те илјади интервјуа со преживеани од холокаустот што ги има снимено фондацијата заради забележување на сведоштвата на преживеаните.
Интегралната верзија на сведочењето на Нета Коен под кодот 47.772 постои во архивите на Шоа-фондацијата, во Лос Анџелес

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22679
Без Ботев няма България
14-09-2012, 02:33 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Покрай треската за българите и Хитлер никой в Македония не се интерусава , че страната му вече официално е в рецесия , след като второ поредно тримесечие отчита икономически пад. Дали тези неща не са някак си свързани ?


Бруто-домашен производ, тримесечни податоци

петок, 14 септември 2012


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за второто тримесечје од 2012 година изнесува - 0.9%.


Во второто тримесечје од 2012 е забележан најголем пад во секторите (В+Г+Д) - Рударство и вадење на камен,
Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода од 6.9%; Ѓ - Градежништво од 5.1%
и секторот З - Сообраќај, складирање и врски од 3.0%.


Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во однос на истиот период од 2011 година, номинално порасна за 2.2%, а нејзиното учество во
структурата на бруто-домашниот производ изнесува 79.2%.


За истиот период, извозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 4.2%, а увозот на
стоки и на услуги номинално порасна за 4.5%.

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=31
Без Ботев няма България
14-09-2012, 06:20 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

Нема никаква треска за Бугарите, "топ" темата со која ни се одвлекува вниманието од економскиот пад, е наводната криза во владината коалиција и законот за бранителите од 2001, со кој не се согласува албанската ДУИ. "Трето полувреме" е речиси периферна тема.
Let me hear you make decisions without your television.
14-09-2012, 08:29 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Дано да е така брат. Не съм много убеден , но се надявам да си прав
Без Ботев няма България
14-09-2012, 08:55 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Е разгеле - добре, че ще покажат най-после този филм...после в София да организират "седмица" на македонския филм - все пак това не е първият филм, който се прави в Македония;
На времето това се правеше често; няма да забравя как въртяха мексикански хит - част от главните герои говореха "юкатеко" и така си вървеше в салона на "Дружба" - нямаше кой да превежда от юкатански;
Разбира се, мексиканското кино е друга бира - Дарко, човекът ги знае тези работи;
Надявам се, между другото, филмът наистина да е добър - аз поне ще се постарая да го видя, живот и здраве да е само...
14-09-2012, 11:03 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

Јас ќе го гледам во недела. Што се вели, ќе ги отворам двете четири за да се подготвам по материјалот, можеби и ќе земам некоја дрога за подобро помнење. :P
Let me hear you make decisions without your television.
14-09-2012, 11:07 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Отворањето на „Браќа Манаки“ во духот на Денев и Трето полувреме

Големата филмската дива Катрин Денев на црвениот тепих на стартот на 33-тото издание на фестивалот Браќа Манаки во Битола се појави во креација на Жан Пол Готје. Денеска на средба со своите почитувачи рече дека била љубопитна да ја запознае Македонија.

[Отворањето на „Браќа Манаки“ во духот на Денев и Трето полувреме]

- Не знаев за фестивалот. Дознав за фестивалот кога бев поканета. Се дојде заедно. И бев многу љубопитна да дојдам во вашата земја. Јас сум љубопитна личност. Заради минатото, културата, затоа што не знаеме многу за Македонија, како и заради историската приказна за Македонија, рече денеска Катрин Денев.

Покрај по својата убавина и елеганција, препознатлива и по својата страст кон пушењето, Денев денеска не се двоумеше да запали цигара во Центарот за култура, иако пушењето во јавни објекти е забрането во Македонија.

- Убаво е да може да се пуши во кино повторно, рече Денев.

По синоќешната блескава премиера на филмот ,,Трето Полувреме“, денеска филмската екипа го изрази своето задоволство. Режисерот нагласи дека и покрај бугарските реакции филмот се темели на факти.

- Бидејќи бев обвинет дека немало јавни стрелања на деца како што е прикажано во овој филм овде имам еден список на стреланите ваташки деца. За мене таа приказна денеска завршува, вели Дарко Митревски, режисер на Трето Полувреме.
И спонзорите задоволни од филмското остварување.
- Исто така знам дека и во структурата на финансирањето е постигнат холивудски квалитет, вели Сава Далбоков, претседател на УО на Шпаркасе Македонија.
Под мотото „Продолжи да создаваш“ фестивалот ќе трае до 21 септември кога свеченото затворање ќе биде одбележано со „Балканот не е мртов“ на режисерот Александар Поповски.

Анета Шијакова

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43...ntId=96474

Гной , чакаме твоите впечетления
Без Ботев няма България
16-09-2012, 05:30 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Митревски: „Трето полувреме“ се држи до фактите

На обвинувањата за национализам во филмот, Митревски рече дека не му е јасно каде го гледаат тоа, бидејќи филмот не ги ни споменува Македонците, Србите или Бугарите

„Големата кампања што беше направена за филмот ’Трето полувреме‘ од бугарска страна имаше се' освен факти“, изјави режисерот Дарко Митревски на прес-конференцијата во Битола, иако, како што нагласи, повеќе не сака да одговара на тоа прашање на кое одговара веќе цела година. Митревски потенцира дека би сакал ова да биде последно прашање околу реакциите на Бугарија за овој филм и со овој одговор да заврши разговорот околу сето тоа. Тој дури донесе на прес-конференцијата цел пакет-документи кои ги потврдуваат фактите што ги содржи филмот, како што се законот за заштита на нацијата од тоа време, кој е идентичен со законот на Третиот рајх, потоа документи што потврдуваат дека Бугарија ги одвела овдешните Евреи во концентрационите логори, па договор за депортација на 20.000 Евреи од подрачјето на Македонија, Тракија и Бугарија (што покажува дека не се точни нивните изјави дека ги спасиле Евреите од Бугарија) итн. Тој додаде дека филмот прилично се држи до фактите, иако има некои приспособувања на филмското дејство, но кои апсолутно не го менуваат ниту пак, манипулираат со фактите.

На прашањето дали крајот на фудбалскиот натпревар со Левски, кој завршува со влегување на бугарските војници и со напаѓање на присутните на трибините, е сменет поради реакциите од бугарска страна, рече дека не е поради тоа. Тоа дека крајот на фудбалскиот натпревар е сменет уште пред четири години, бидејќи продуцентот Бранко Лустиг рекол дека влегување коњица на стадион би чинела уште милион евра.

Но, колку и да сакавте да ја избегнете политиката и прашањата околу национализмот во филмот, не можевте бидејќи имаше новинари и дел од публиката кои така го доживеаја филмот. Но, на инсистирањето на еден од новинарите дека во филмот има национализам, дека Митревски се претворил од „партизан“ во „националист“, па дури и дека ова го гледа како продолжение на проектот „Скопје 2014“, Митревски рече дека не му е јасно каде го гледа национализмот, бидејќи тој смета дека нема ништо такво во филмот, па дури не се споменувани ни Македонци ни Срби, како ни Бугарија, која ја има само во журналите во филмот. Како и да е, филмот предизвикува контроверзии и различни реакции, а впрочем тоа ниту може да се избегне, ниту има потреба.

Аплаузи на прес-конференцијата повторно предизвика убавата Катарина Ивановска, која изјави дека е горда зашто премиерата на „Трето полувреме“ се одржа во нејзината земја, дека на отворањето се почувствувала како ѕвезда, но дека имала многу трема. На крајот, искрено додаде дека се надева оти не ја посрамотила улогата. Додека нејзината филмска љубов, Сашко Коцев, зборуваше за тоа колку биле професионални подготовките и дека тие како фудбалски тим биле толку подготвени што мисли дека можеле и да победуваат и тоа не поради фудбалската вештина, туку поради нивната сплотеност. (С.У.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...00C820DE94
Без Ботев няма България
16-09-2012, 05:54 PM
Reply