Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Интервју - Делчев и Александров не се споредуваат

Александров е експонент на бугарската политика, а Гоце Делчев е жесток противник на туѓите вооружени пропаганди кон Македонија, оценува академик Иван Катарџиев

Љупчо Поповски


Господине Катарџиев, што е ова што се случува со имињата на улиците во Скопје и никнувањето споменици како печурки. Дали Македонија ја преиспитува својата историја или е тоа е само каприц на оние што владеат?

Јас имам добро искуство со прашањето за промена на имињата на улиците. Како член на Градскиот совет на Скопје четири години бев претседател на Комисијата за промена на имињата на улиците. Но, тогаш методологијата не беше таква каква што е сега. Четири години низ еден демократски процес добивавме мислења на луѓето, особено за улици кои ги надживеало времето, а кои биле поврзани со Октомвриската револуција, времето на некои советски градови, некои личности кои се непознати. Добивме конкретни предлози од сите институции, Институтот за историја, Институтот за македонски јазик, Институтот за фолклор, од Академијата, од Универзитетот... од се' што е релевантно во областа на науката и од културата. Притоа, водевме сметка во списокот на предлози на имиња да бидат внесени и етничките заедници, имаше предлози и за албански, турски, влашки и српски личности. Имам документација од тој период, комплет од четири кутии со сите имиња што беа предложени. Нам ни остана обврската тој материјал да го селектираме, да го изанализираме и потоа да му го дадеме на Градскиот совет. Но, шест месеци пред локалните избори не смее да се работи на вакви промени и така работата остана незавршена. За тоа доживував пофалби дека е демократски и принципиелен предлог. Од ова сега што го гледам, мислам дека сегашните предлози се повеќе резултат на определена политика на актуелниот режим со оглед на потребата да наметне улици кои одговараат на неговата идеолошка ориентација.



Дел од имињата што беа променети се поврзани со градови и држави кои му помогнаа на Скопје по земјотресот да се рехабилитира, да се обнови. Дали е тоа отстапување од граѓанскиот пристап што го имаше Скопје?

Непродуктивно е и тешко е да коментирам кога не ја знам аргументацијата зошто се променети овие имиња на улици. Зошто е променета „Мексичка“, зошто е променет „Стив Наумов“, зошто се дадени имиња на улици на митологизирани личности. Не знам кој го одлучил тоа - дали Комисијата, дали Владата, дали идеологијата, политиката на актуелната власт. Меѓутоа, да смените улици како што се „Мексичка“ или „Циборовски“ е несфатливо и нелогично. Скопје по земјотресот беше прогласен како меѓународен град кој ја изразуваше светската солидарност. Реакциите на Слободан Унковски и Влатко Стефановски се логични. Тоа се реакции на изградена свест. Несфатливо е градска власт, која е повикана да води сметка за мислењето на граѓаните, на своја рака да ги менува улиците.



Тодор Александров со децении беше обојуван со црни бои. Сега врз него се насочени најсилните рефлектори. Ја знаеме ли целосната вистина за мистериозниот Александров?

Премногу се исполитизира проблемот за Тодор Александров. Чув дека се повикуваат на мое пишување. Тодор Александров е врзан со бугарската политика и е нејзин експонент. Името ВМРО нема врска со името ВМОРО. Или ако сакате точно да знаете (што овде тешко се прифаќа, а е документирано) првото име на организацијата е Блгаро-македоноодрински револуционерни комитети. И тоа е под влијание на движењето во Бугарија по Руско-турската војна во 1878 година. Подоцна, бидејќи тоа име не ги одразуваше потребите на овој народ, ниту неговата свест, беше променето во Тајна македоноодринска револуционерна организација (ТМОРО). Притоа, многу е значајно што стоеше името Одринско. Можеме сега да претпоставуваме дали тоа беше од причина за солидарност на Македонците и на Бугарите во Тракија во битката против османлискиот режим или имаше други причини, но тоа стоеше се' до 1920 година. Во 1920 година, по наредба на генералската лига во Бугарија (генерал Русев, генерал Бојков) е основана организацијата ВМРО.

До 1920 година и потоа Тодор Александров и' служи исклучиво на бугарската политика и е врзан за реализација на програмата на царот Фердинанд за освојување на Македонија во балканските војни и во Првата светска војна. Во еден момент, им помогна на оние што извршија пуч во Бугарија против Александар Стамболиски. Тој им вети логистичка поддршка заедно со Ванчо Михајлов. Договорот беше - ако не успеат пучистите, тој ќе им обезбеди помош во Пиринска Македонија, затоа што Србите го протераа одовде. Ако успее пучот, тој сакаше да биде раководител, односно да именува бугарски амбасадори, да биде кадровик во полицијата. Но, ниедна власт не е подготвена да се откаже од своите ингеренции во однос на некој друг. И пучистите го тргнаа настрана Александров.

Тој веднаш потоа разви теорија дека неговата ВМРО е блиска по сфаќање со Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, бидејќи и комунистите се залагале за решавање на социјалните проблеми на луѓето. Есента 1923 година потпиша договор за соработка со Советскиот Сојуз. Потоа тој во Советскиот Сојуз ги прати зет му Михајло Монев и Димитар Влахов и тие оттаму му одговорија дека се многу добро примени и дека имаат поддршка од Москва. Влахов таму го напиша познатиот Мајски манифест од 6 мај 1924 година. Манифестот е најголемиот исчекор, без оглед на тоа дека Тодор Александров не е негов автор, затоа што во него се обвинуваат соседните земји за аспирации кон Македонија и се доведува до степен на признавање на македонскиот идентитет и јазик. Меѓутоа, потпишувањето на овој акт беше сфатено како директна соработка со Коминтерната и во Бугарија дојде специјално еден пратеник на францускиот Ке Дорсеј, руски емигрант, и изврши притисок по секоја цена да се раскине тој договор. Тодор Александров отиде во Лондон да објаснува и кога сфати дека се наоѓа во тешка ситуација, се откажа од потписот.



За Мајскиот манифест отишол во Лондон?

Да, отиде во Лондон да ја објаснува својата позиција и да каже дека тоа е манипулација. Александров е убиен по наредба на генералската лига, на чие чело беше генерал Русев, во договор со Ванчо Михајлов. Тие сфатија дека неговата постапка може да има непријатни последици за бугарската политика и го заменија со Ванчо Михајлов. И не само тоа, потоа бугарската политика се обиде да го искористи, да го изманипулира, па го прогласија дури и за светец, така што тоа добро говори за местото на Тодор Александров. Тоа не значи дека потпишувањето на Манифестот, кој е пишуван од Влахов и еден бугарски комунист Карлаков, значи апсолутно алиби за целокупната активност на Тодор Александров која е врзана од 1905 до 1920 година со бугарската политика. Александров и Александар Протуѓеров во 1917 година беа одликувани од Кајзерот на Германија за храброст.



Зошто Александров никогаш не кажал дека е Македонец, а се залагал за автономна Македонија како дел од една Бугарија?

Прашањето за автономна Македонија е посебен проблем. Тоа е во генетиката на македонското национално револуционерно движење. Особено во време на Илинденското востание. Ни Крушевската Република не беше замислена како самостојна независна македонска држава, туку како автономија во рамките на Отоманската Империја. Истото тоа му беше целта и на Јане Сандански 1908 година во време на Младотурската револуција. За Софија најприфатливо беше постоењето на две бугарски држави - едната Македонија во границите на етничка Македонија, а другата во Бугарија. На тој начин Бугарите во Македонија би биле во ситуација да им се спротивстават на Србите и на Грците.



Каде е местото на Тодор Александров на тој пиедестал, подолу или погоре?

Тоа е прашање на оценка. Како го цените до 1920 година - како го цените убиството на Ѓорче Петров, на Панчо Михајлов, на некои други Македонци во Бугарија, кои не сакаат да го прифатат на чело на ВМРО и бараа лидерот на организација да се избере по демократски пат на конгрес. Ѓорче Петров го ликвидираа токму поради таквото залагање. Александров е контроверзна личност која е конзистентна во поглед на извршување на задачите што му ги поставува бугарската политика, прво Фердинанд, а потоа цар Борис и која во еден момент по 1923 година, по државниот удар во Бугарија, кога беше тргнат од власта, побара контакт со комунистите како спротивставување на бугарската политика и се заложи за потпишување на Манифестот и за релативното издвојување на македонската самостојност.

Тој во еден момент побарал Вардарска Македонија, односно Македонија, да се обедини во рамките на Кралството СХС, како автономна држава со признавање на бугарскиот карактер на Македонците.



Зошто сега со подигањето на споменикот, именувањето на улицата, на мостот „Тодор Александров“ оваа владејачка гарнитура настојува да го издигне на исто рамниште како Гоце Делчев?

ВМРО кое е формирано 1920 година и нема врска со она ВМРО формирано од онаа група од шест души во која подоцна Гоце Делчев стана доминантна личност. Второ, не може да се прави никаква споредба меѓу Гоце Делчев и Тодор Александров. Александров е експонент на туѓа политика, со исклучок во 1923 и 1924 година, а Гоце Делчев е жесток противник на туѓите вооружени пропаганди кон Македонија. Тодор Александров формираше чети од македонската емиграција во Бугарија и ги вметнуваше преку границата во Вардарска Македонија, но не и во Егејска Македонија, за вршење тероризам. А Гоце Делчев изгради комплетна воена четничка структура покрај границата со Бугарија за да ја спречи инфилтрацијата на бугарски чети во Македонија за ширење на бугарската пропаганда. Тоа е доволно за да се сфати огромната разлика.

Гоце Делчев, покрај тоа што се чувствуваше Бугарин, во определен момент рече зошто нема некој човек да напише книга на македонски јазик. Се залагаше за формирање македонска држава, бидејќи беше свесен, и тој и неговите пријатели, дека ниту еден од соседите нема да прифати Македонија да биде приклучена кон Бугарија. Според тоа, тие тргнуваа од претпоставката дека Македонија има свои посебни политички и економски интереси и не може да биде приклучена кон ниту една од соседните држави. Тоа е многу значајно. Тоа не може да се споредува со Тодор Александров.



Сакате да кажете дека и Гоце Делчев се чувствувал како Бугарин?

Да. Но, во нашата историографија има еден шаблонски пристап за името Бугарин. За жал, ниту во историографијата ниту во политикологијата немаме напори за теоретско објаснување од каде, како и колку се одржува тоа бугарско име. Самото име не треба да служи како аргумент дека Македонците се Бугари. Тоа име е прифатено под влијанието на црквата во времето на покрстувањето на Македонците, државата е таа што им дала име. Денеска во Америка и Македонците и Грците се Американци. Така е и во Австралија. Државата е таа што им го дава името на своите поданици. Но, тоа не значи дека луѓето што го носат името на државата ја суспендираат националната свест. Најдобар доказ е Илинденското востание во Битолскиот округ. Луѓето никогаш не истакнаа програма за обединување со Бугарија, напротив, секогаш се залагаа за своја сопствена држава која е дел од процесот на постепено градење од недефинирана програмска цел – држава. Најголем придонес и најголем фактор во кој дефинитивно се расчисти тоа прашање е востанието против бугарската окупација за време на НОБ. Со тоа востание Македонците раскинаа со бугарската пропаганда и, дефинитивно, го афирмираа својот национален идентитет. Тоа востание е најзначајното во оформување на националната свест како Македонци.



Дали еден историчар треба прво да биде патриот, па потоа научник?

Историчарот, пред се', треба да биде научник. Патриотизмот е лична определба. Науката има свои критериуми, норми и ако сакаш да бидеш објективен и ако сакаш да му служиш на својот народ, на посреден начин да бидеш патриот, не треба да бегаш од табу-темите, туку да настојуваш објективно, аргументирано да ги објасниш пред сопствената јавност, пред себе си и пред меѓународната јавност. Нашата историографија во последно време е на опашката на актуелната политичка власт. Тоа оди на штета на историографијата. Нам ни треба историографија која ќе се издигне од обичната хроника и од политичките дискредитации и која ќе направи обид теориски да го објасни развојот.

Статијата е прочитана 3096 пати.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4068F4838...4A3641DFC7
Без Ботев няма България
04-07-2012, 05:50 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонија со два противпожарни авиони ќе и помага на Бугарија


Владата на Република Македонија на денешната седница одлучи да стави на располагање противпожарни авиони како потенцијална помош за Република Бугарија за справување со пожарите кои што во овој период се присутни во оваа земја, особено во регионот на Софија и падините на планината Витоша.

- Владата заклучи во случај бугарската страна да побара помош, за период од една недела на нивно располагање да бидат ставени два специјализирани авиона за гасење пожар, како и шестчлен екипаж кој ги управува авионите, соопшти владината прес служба.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/53790/mak...arija.aspx
Без Ботев няма България
04-07-2012, 07:25 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Грција и Бугарија ќе го туркаат Западен Балкан во ЕУ

Пријателски разговори на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев со грчкиот колега Каролос Папуљас во Атина

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ



Атина - Грција и Бугарија се согласни дека иднината на државите од Балканот е во европското семејство. Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во својата прва официјална посета на Атина по победата на претседателските избори лани во октомври имаше средба со својот грчки колега, претседателот Каролос Папуљас. На средбата станало збор за европската перспектива на балканските држави, како и за економската и трговската соработка на двете држави.

Претседателот Папуљас потенцира дека во разговорот со Плевнелиев се согласиле оти иднината на нивните соседни држави, особено државите од Западен Балкан, е во ЕУ. „Пријателството и соработката меѓу Бугарија и Грција се од стратегиско значење за мирот, стабилноста и развојот во нашиот регион. Како новоизбран претседател ќе работам неуморно за нивно продлабочување“, порача Плевнелиев по средбата.

Ништо конкретно не беше истакнато за македонско-грчкиот спор, иако пред неколку недели бугарскиот премиер Бојко Борисов ги разбранува водите на спорот за името, коментирајќи дека за Бугарија не е прифатливо решението кое се дискутира, односно предлогот за име со географска одредница за севкупна употреба. Покрај двајцата претседатели, билатерална средба во Атина имаа и шефовите на дипломатиите, Димитрис Аврамопулос и Николај Младенов. Бугарската делегација денес е во Солун, каде што се очекува да има средба со градоначалникот Јанис Бутарис.

Двајцата претседатели се фокусирале, пред се', на разговори за економската и трговската соработка меѓу двете држави. Вкупната трговска размена минатата година пораснала за 18 проценти и изнесува вкупно 2,4 милијарди евра. Како што истакна Папуљас, Грција, и покрај кризата, останува еден од најголемите трговски партнери и инвеститори во Бугарија. Минатата година во Бугарија имало околу 3 милијарди евра грчки инвестиции.

Економската криза, пишуваат грчки експерти, не смее веќе да стои на патот на грчката надворешна политика.

Професорот Танос Докос од грчкиот тинк-тенк за надворешна политика ЕЛИАМЕП во колумна за „Катимерини“ посочува дека и покрај неизвесноста која владее во Грција поради економската криза, новата влада ќе мора да се посвети суштински на сите прашања од надворешната политика, иако тоа нема да биде лесна мисија за влада во која нема идеолошка хомогеност меѓу коалициските партнери.

Докос коментира дека Грција треба да се стегне околу името затоа што се очекува зголемување на притисокот од ЕУ и НАТО за решавање на спорот, иако досега и двете организации биле поумерени во притисокот по пресудата во Хаг.

Статијата е прочитана 1759 пати.

Испрати коментар



Останати вести
Полемика - Груевски ќе го победи некој подобар од него, не Црвенковски. Носталгијата ќе ги врати Бранко и Љупчо
Каде ќе бидат жешките точки на локалните избори
Загриженост за состојбата со медиумите
Нарушени правата на новинарите
Америка е горда на пријателството со Македонија
Во Охрид ќе се снимаат боливудски филмови
Гас што ја заспа Македонија



Коментари
Tina, 05.07.2012 09:18:58
Hej! Grcite si najdoa priateli po ista politika, bez umno razmisluvanje, priateli na lagite i sonishta na idnina so demokratski fasizam. Kako toa mozelo da se otkrie? Moze be si nosat isti ocila i ja gledat ista slika na samo unistuvanje, ama toa ne go prepoznavat, oti se tvrdoglavi. Sepak, se priateli. Ne e lesno da si najdis nekoj koj razmisluva isto kao ti.
Dr.OkiOrhan, 05.07.2012 09:28:05
Тешко на Западниот Балкан кога Грција и Бугарија (повторно) се договорија да му ,,помогнат,,!
Estref, 05.07.2012 10:53:24
Грција се гледа дека ги турка интеграциите на земјите од западен Балкан посебно Македонија со ветото..
умен, 05.07.2012 11:28:02
Сликата многу кажва!

http://utrinski.com.mk/?ItemID=148371EBC...F856FC873B
Без Ботев няма България
05-07-2012, 04:43 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

спорот за името е ТЕМА НА СЕKОЈА СРЕДБА МЕЃУ АТИНА И СОФИЈА

Бугарски слон во продавницата за стакло


Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев не штедеше зборови за тесните врски и големото пријателство меѓу Бугарија и Грција по вечерата со својот бугарски колега Kаролос Папулјас во Атина. Одликуван со грчкиот медал „Големиот крст на орденот за спасител“, Плевнелиев нагласи дека не случајно тој е првиот државник од Европа, кој ја посетил Грција по парламентарните избори. Не е ниту случајно што шефовите на двете држави, на средбата зборуваа за прашањето за името, а Папулјас изјави дека колку повеќе нашата земја инсистира на идеологијата на македонизмот, толку повеќе наидува на затворени врати од НАТО и од ЕУ. Спорот меѓу Атина и Скопје е тема за која се разговара речиси на сите средби меѓу бугарските и грчките претставници. На прашањето до дел од бугарската стручна јавност зошто е тоа така, тие велат дека Грција, а не Бугарија била заинтересирана да зборува за името.

Борисов, погледни ја Турција

Додека траеше средбата Плевнелиев и Папулјас во Атина, група бугарски професори за весникот „Труд“ анализираа дали официјална Софија води правилна политика во однос на нашата држава и прашањето за името.

„Бугарската политика за прашањето за името може да биде продуктивна ако се ограничи на два основни пункта: ние ја признаваме земјата под нејзиното уставно име (претседателот Плевнелиев пропушти тоа да го истакне на скорешниот самит на НАТО во Чикаго, а само Турција ја кажа својата позиција за ова прашање); второ, промената на името е предмет на договарање меѓу Грција и Македонија-Бугарија не се меша во ова прашање“, наведуваат седум бугарски професори во анализата. Тие оценуваат дека интересна била логиката на бугарскиот премиер Бојко Борисов, според која, поширокото име Република Македонија не содржело територијални претензии, а потесното - Северна Македонија било закана. Професорите му сугерираат на Борисов добро да ја осмисли бугарската политика кон Македонија, наместо да се произнесува за предлози за името, што може да се спореди како бугарски слон во македонска продавница за стаклени работи.

Топката се префрла кон Грција

Kога Плевнелиев во Атина вели дека пријателството меѓу Бугарија и Грција е од стратешко значење за мирот и стабилноста на регионот, како да ги повторува зборовите на поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу што тој ги кажа во Софија, пред две години, кога грчката и бугарската влада заеднички заседаваа.

- Во последните години имаше еден позитивен квантен скок во односите меѓу Грција и Бугарија. Верувам дека оваа средба и добрите односи меѓу нашите две држави се столб на стабилноста на Балканот и пошироко, би рекол и во Европа - рече Папандреу по средбата со Борисов. Истата година, поранешниот грчки министер за надворешни работи, Димитрис Друцас на трилатерална средба со своите колеги од Бугарија и од Србија, Николај Младенов и Вук Јеремиќ, изјави дека Грција сака да го реши името за да може нашата држава побрзо да се приклучи кон ЕУ, но Скопје добро знае што треба да направи за да се случи тоа.

Мартин Минков, директор на бугарското радио „Бургас“, кој беше долгогодишен дописник од Скопје, вели дека не треба да се бара никаква заднина во тоа што прашањето за името речиси секогаш е тема на разговор на средбите меѓу грчки и бугарски претставници. Тој вели дека е сигурен дека ова прашање на разговорите не се отвора од страна на бугарските претставници.

- Бугарија сака да ја види Македонија во ЕУ и во НАТО и не сака да биде дел од дискусијата за овој спор. Сигурен сум дека сите отворени прашања ќе се решат во рамките на преговорите со ЕУ, но ние не сакаме да постојат претензии кон нашата историја - вели Минков.

Ивана Костовска



Бизнисот не е во криза

При дводневната посета на Грција, Плевнелиев се сретна и со претседателот на собранието, Евангелос Меимаракис, и со градоначалникот на Атина, Јоргос Kаминис. Вчера бугарскиот претседател го посети Солун, каде, меѓу другото, беше предвидено да се сретне со градоначалникот Јанис Бутарис. Тој од Солун истакна дека грчкиот бизнис во Бугарија воопшто не е во криза и дека во 2011 година, трговските односи меѓу двете земји биле на рекордно ниво.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2C01F5A0B9...D4BAD25423
Без Ботев няма България
06-07-2012, 03:23 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 05.07.2012, 20:20
ЕДИТОРИЈАЛ
Kога маските ќе се симнат

Хипокризија по дефиниција значи застапување ставови, вредности и уверувања во кои личноста не верува. Етимолошки потекнува од грчкиот збор „хипокрисис“ кој значи глума. Хипокрит во Античка Грција бил поим за актер или личност која намерно ги залажува другите.

Kако да се протолкуваат ставовите на Србија и на Бугарија и нивниот однос кон уникатното културното наследство што потекнува од Македонија и што по некоја случајност завршило во нивните музеи, освен како тешка форма на хипокризија?

Станува звор за ексклузивни, исклучително ретки предмети пронајдени пред стотина години на охридската некропола Требеништа, во време кога нашата земја била под бугарска, односно под српска власт.

Македонија не поведе процес на реституција. Не побара од двете земји да ги вратат предметите што со децении се изложени во нивните музеи. Побаравме копии (практика која функционира секаде во светот) да ги изложиме во новиот Археолошки музеј, за да ја пополнат реалната слика на богатствата кои потекнуваат од ова поднебје.

Србија постапи дипломатски. Прво ни подари копија од една златна маска, како пријателски гест од српскиот за македонскиот народ. Само неколку дена подоцна со длабоко жалење се извини дека не може да дозволи копирање на втората маска, бронзениот кратер (масивен артефакт кој тежи повеќе стотици килограми?!) и на шлемот, плашејќи се да не се оштетат во процесот на дуплирање. Останува неодговорено прашањето како е направена копијата од маската што ни ја подарија и дали е оштетен оригиналот?

Бугарија одговори уште „попријателски“. Се согласи да ни даде копии, но под нивни услови. Си определија астрономска цена за секоја копија, колку што би чинел оригиналот на црниот пазар на антиквитети. Така н` ставија во дилема дали да ја прифатиме нивната невозможна игра или едноставно да се откажеме. Во секој случај Бугарија би излегла чиста пред јавноста: „Не ги одбивме. Ние дозволивме, тие не прифатија“.

Србија и Бугарија не се единствени земји што чуваат културно наследство кое не потекнува од нивните територии. „Лувр“, Британскиот и Музејот во Берлин се преполни со артефакти од старите цивилизации на Египет, Античка Грција, Месопотамија. Историчарите на уметноста велат дека подобро ќе биде да стават клуч на музеите ако дојде време да ги вратат вредните артефакти на земјите од кои потекнуваат.

Иронијата е во тоа што ни Србија ни Бугарија не се имуни на болеста која во последните децении го зафати Балканот - нелегалната трговија со културното наследство. И нивните артефакти се крадат и се расфрлаат по светот.

Можеби тоа требаше да биде поука за нашите соседи барем да се обидат да излезат од своите локални приказни и да манифестираат широчина. Во тој случај конечно ќе имавме можност во практика да согледаме дека постојаното инсистирање на длабоките и пријателски врски за културна соработка кои ги потенцираат нашите соседи не се само декларативни.
Весна И. Илиевска
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...041D3007CB

Датум: 06.07.2012, 13:05
Бугарија дава 30 илјади државјанства

Најмалку по 30 илјади лица годишно ќе добиваат бугарско државјанство. Ова, како што пренесуваат албанските медиуми го изјавил Божидар Димитров, Директор на Националниот бугарски музеј, коментираќи околу амандманот на Законот за државјанство.
Тој додал дека оние кои за време на Втората светска војна го загубиле бугарското државјанство истото повторно ќе го добијат во рок од шест месеци. Поголемиот број од нив, според него живееле во Македонија.
Според официјалните податоци, како што наведува весникот „Шекули“ од 2002 година за бугарско државјанство аплицирале 19 илјади граѓани од Македонија, 14 илјади од Молдавија , две илјади од Русија, 1.800 од Србија, 1.700 од Украина, илјада од Израел и 456 од Албанија. (В.Т.)
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...A912924034

Датум: 06.07.2012, 15:30
МАКЕДОНСКИТЕ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НИЗ ИСТОРИЈАТА
Со обврзници собирале пари за востание

Со основањето на Македонската револуционерна организација во 1983 година во Солун и на Македонскиот врховен комитет во 1895 година во Софија, почнало и практичното издавање обврзници со кои се собирале средства за ослободување на Македонија
Наместо за правење профит, првите македонски хартии од вредност биле наменети за финансирање на револуционерната борба. Целите биле строго патриотски – за подготовки за ослободување на земјата, за купување оружје, за помош на македонските бегалци, за помош на семејствата на затворените или на загинатите Македонци... Ова можеби е тешко да се замисли од денешна перспектива кога акциите, обврзниците, сертификатите, се синоним за остварување добивка, не само во светот, туку и во нашата земја, каде што купувањето хартии од вредност главно е мотивирано од остварување материјална корист, било во форма на дивиденда или, пак, капитална добивка. Но, како што покажува монографијата „Македонските хартии од вредност низ историјата“, која ја издаде Kомисијата за хартии од вредност по повод 20-годишнината од основањето, секогаш не било така.

Приказната за првите македонски хартии од вредност почнува некаде кон крајот на 19 век и тоа во многу специфични историски околности. Kако што се наведува во предговорот на монографијата, со развојот на трговијата и стопанството и со отворањето банки, фабрики и акционерски друштва, во рамките на државите кои владееле со Македонија биле издавани хартии од вредност. Првите примероци на трајни хартии од вредност на територијата на Македонија потекнуваат од крајот на 19 век и биле издадени од турските банки и акционерски друштва. И подоцна во почетокот на 20 век продолжило издавањето хартии од вредност, од кога се сочувани две обврзници од Зират банка од 1905 и од 1914 година.

Сепак, тоа што е особено занимливо за историјата на хартиите од вредност во Македонија е фактот дека со основањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година во Солун и на Македонскиот врховен комитет во 1895 година во Софија, почнало и практичното издавање обврзници со кои се собирале средства за ослободување на Македонија.

Обврзници за едно востание

Директорот на Државниот архив на Македонија, Зоран Тодоровски, наведува неколку решенија за создавање фонд на обврзници. Едното било од Вториот конгрес на Македонскиот врховен комитет одржан во декември 1895 година во Софија, а целта на обврзниците била парите да се употребат „за едно востание во Македонија“. Наредната година во ноември, на Третиот конгрес било донесено решение за „Патриотски заем“ од 300.000 лева во злато со обврзници од 50 златни лева, познат како „Македонски патриотски заем“ за помош на македонското ослободително дело. Во 1900 година „Патриотскиот заем“ бил зголемен на еден милион златни лева. Според Тодоровски, големо влијание во прибирањето средства со издавање обврзници имале Борис Сарафов, кој во 1899 година дошол на чело на организацијата и на Владислав Kовачев кој бил избран за секретар на Македонскиот врховен комитет.

Директорот на Државниот архив, Зоран Тодоровски вели дека за да се пресмета колку пари биле собрани врз основа на издадените обврзници, треба да се направи посеопфатно истражување, бидејќи во постојните архиви во Бугарија ги има списоците на оние што приложувале средства.

- Во секој случај, може да се каже дека обврзници купувале сите слоеви на населението, од најбогатите Македонци, па с` до најсиромашните и дека биле прибрани значајни износи пари – вели Тодоровски.
Мирче Јовановски
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...2654889E7B

Датум: 06.07.2012, 16:05
НАШИ ПАРАДОКСИ

Kонформизмот ги јаде македонските историографи


Зошто е спорно тоа што Тодор Александров никогаш не рекол дека е Македонец, што му се зема како еден од поголемите гревови, а не е спорно тоа што Гоце Делчев, македонската икона, се чувствувал како Бугарин?

„Гоце Делчев бил палтизан, а сега е мост“. Овој одговор на еден мој внук, одговарајќи на прашањето од наставничката кој е Гоце Делчев, од неговите денови минати во градинка, останува врежан во моето сеќавање. Kолку и да е реален одраз на детското знаење, мечти, па и логично размислување, од оваа временска дистанца можеби претставува реален и делумно вистинит одговор.

Можете ли денес да замислите ученик во основно или во средно училиште, или пак студент на кој било факултет на кој се изучуваат македонската историја и историски личности, каков одговор ќе даде на истото прашање и каква оценка за тоа ќе добие? Или, пак, за неколку, на пример, други имиња - Христо Татарчев, Борис Сарафов, Тодор Александров, Иван Хаџи Николов од подалечното или за Павел Шатев, Панко Брашнаров, Петре Пирузе - Мајски од поблиското наше минато. Не трудете се многу зашто с` зависи од голем број околности. На пример, од кој учебник учи, дали за дополнување на знаењето користи дополнителна литература и од каде ја црпи, дали таа литература е посочена од професорот, дали тој е идеолошки определен и припаѓа на левицата или десницата... Значи, има многу предуслови за да се стигне до вистинското знаење и заслужената оценка.

Писмо до македонскиот амбасадор

И веројатно уште долго ќе биде така зашто нашите научни работници историографи- академици, професори, историчари, повеќе уживаат во конформизмот и стекнатите титули, звања и позиции отколку во работа и оправдување на парите што ги добиваат како плата или некој друг надомест. Бадијала толку државни институции. Идеолошкото дневно политиканство с` уште доминира над науката и тоа за сметка на историската вистина и знаењето на идните генерации. Постарите и онака се осакатени, ако од ништо друго, барем од идеолошкиот баласт, се разбира сосема субјективно гледано.

Деновиве остана незабележано во јавноста, но по поставувањето на споменикот „Војвода на коњ“ некоја сосема анонимна организација од Софија, ВМРО-НИЕ (Вера Морал Родољубие Одговорност-Национален идеал за единство) му испратила писмо на македонскиот амбасадор Благој Ханџиски. Во него, меѓу другото, авторите прашуваат дали е точно дека личноста на споменикот, всушност, е навистина „бугарскиот војвода Тодор Александров и ако тоа е така, значи ли поставувањето на тој споменик настапување на нов момент и затоплување во односите меѓу Бугарија и Македонија по спорните прашања меѓу двете држави. Зашто, величествената скулптура на Тодор Александров во Скопје може да означува само едно - признавање на бугарскиот карактер на македонската историја“.

Ова не е ни прва, а веројатно ни последна провокација од ваков тип. Но, сепак предупредува, уште повеќе што нашите историографи повеќе милуваат да дебатираат преку медиумите отколку заедно да седнат на маса и ако треба една по една да ги расчистуваат постојните дилеми.

Еве уште едно прашање. Можете ли да замислите кој било претставник од десницата, без разлика дали станува збор за политичар, историчар или што и да е, денес да излезе и јавно да каже дека најсветлото име во македонското национално револуционерно движење, Гоце Делчев, се чувствувал како Бугарин?! Ќе го снема од јавниот живот и тоа без никакви дилеми. Но, ако тоа го каже академик, левичар, нема ништо да се случи, освен што ќе отвори мал милион нови дилеми.

Шаблонски пристап за името Бугарин

Вклучувајќи се во дебатата околу промената на имињата на скопските улици и значењето и улогата на Тодор Александров, академик Иван Kатарџиев во интервју за „Утрински весник“, меѓу другото, ќе рече: „Гоце Делчев, покрај тоа што се чувствуваше како Бугарин, во определен момент рече зошто нема некој човек да напише книга на македонски јазик. Се залагаше за формирање македонска држава, бидејќи беше свесен, и тој и неговите пријатели, дека ниту еден од соседите нема да прифати Македонија да биде приклучена кон Бугарија или кон која било од соседните држави. Тоа не може да се споредува со Тодор Александров“.

И на новинарското прашање дали и Гоце Делчев се чувствувал како Бугарин, академик Kатарџиев ќе додаде: „Да. Но, во нашата историографија има еден шаблонски пристап за името Бугарин. За жал, ниту во историографијата ниту во политикологијата немаме теоретско објаснување од каде, како и колку се одржува тоа бугарско име. Самото име не треба да служи како аргумент дека Македонците се Бугари. Тоа име е прифатено под влијанието на црквата во времето на покрстувањето на Македонците, државата е таа што им дала име. Денеска во Америка и Македонците и Грците се Американци. Така е и во Австралија. Државата е таа што им го дава името на своите поданици...“

Не знам дали сега македонскиот амбасадор во Софија ќе добие уште едно писмо во кое ќе се бараат нови објаснувања, но знам дека во последната енциклопедија на МАНУ, во одредницата Гоце Делчев, нема ни збор дека тој се чувствувал како Бугарин.

И сега следуваат нови прашања. На пример, кој го шаблонизирал пристапот за името Бугарин и зошто тоа досега не е дешаблонизирано? Зошто е спорно тоа што Тодор Александров никогаш не рекол дека е Македонец, што му се зема како еден од поголемите гревови, а не е спорно тоа што Гоце Делчев, македонската икона, се чувствувал како Бугарин? Ако државата е таа што ги дава имињата на своите поданици, зошто е спорен Христо Татарчев, еден од основачите на македонската револуционерна организација, кој по ослободувањето на Македонија, во Италија го напиша своето последно дело „ВМРО како митологија или реална стварност“, во кое несомнено се појавува македонската линија и многу се разликува од тоа што претходно го говорел? Уште колку македонски револуционери, во отсуство на македонска држава, се чувствувале како Бугари? Kои и колку се одредниците според кои македонската историографија досега одредувала кој од револуционерите е подобен за истражување и соодветно место во науката, а кој не? Kолку во тоа имал влијание идеолошкиот предзнак? На што првенствено се должи селективниот пристап? Kолку предвоените револуционери, дојдени со бригадата „Гоце Делчев“ во Македонија, се чувствувале повеќе или помалку Бугари, ако сакате и повеќе или помалку Македонци, од Делчев за да завршат така како што завршиле? Kонечно, кого денес опозицијата навредливо етикетира со паролите „Бугари, Бугари“? Значи ли тоа дека се откажала од Гоце Делчев?

Очигледно, безброј прашања се поставуваат и веројатно уште толку можат да се постават. Но наместо преку медиумите, ред е историографите, без оглед на титулите и звањата, да седнат и конечно да почнат вистински да работат. Kолку да не сакатат нови и нови генерации, кои немаат ни трошка сомневање во својот чисто македонски национален идентитет.

Предраг Димитровски
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...88CDB07E5E

06-07-2012, 05:15 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


Двајца Бугари фатени со 150 таблети екстази на ГП Ново село


06.07.2012 - 15:04 | Македонија
Струмичката полиција уапси двајца бугарски државјани кои се сомничат дека подолго време се занимавале со продажба на опојна дрога на македонски дилери.


Двајцата бугари на возраст од 36 и 43 години се уапсени на граничниот премин Ново Село на излез од Република Македонија откако претходно кај нив биле откриени 150 таблети синтетичка дрога ,,екстази,,. Како што информираат од полицијата дрогата била обезбедена со посебни истражни мерки, а двајцата осомничени се уапсени кога се обиделе да ја напуштата земјата и да заминат во Бугарија.

,,Врз основа на претходни оперативни сознанија дека првопријавениот подолг временски период се занимава со продажба на опојна дрога хероин и екстази на лица дилери од Република Македонија, на предлог на СВР-Струмица од ОЈО-Струмица и истражен судија од Струмица е обезбедена Наредба за примена на посебни истражни мерки. Од превземените посебни истражни мерки обезбедени се 150 таблети синтетичка дрога (екстази),,. Рече Хризантема Рендевска – портпарол на СВР Струмица.

Веднаш по откривањето, двајцата бугарски државјани се задржани и предадени во СВР Струмица од каде што им е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори.

Зоран Ѓорѓиев

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/d...-novo-selo
Без Ботев няма България
07-07-2012, 09:45 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 08.07.2012, 14:59
Јанакиески вети пруга до Бугарија до 2020 година
Илустрација: Пругата кон Бугарија до сега се „градеше“ само со ветувања - останува да се види дали овојпат зборовите ќе преминат во дело
Пругата кон Бугарија, дел од Kоридорот 8, би требало да биде завршена во 2020 година, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, според кој, веќе во февруари или март идната година ќе почнат градежните работи на патниот правец Kуманово-Бељаковце.
- Во тек се преговори со Европската банка за обнова и развој за обезбедување 46,4 милиони евра и градбата на делницата Kуманово-Бељаковце да почне во 2013 година и да заврши до 2017 година - рече Јанакиески.
Штета од 20 милиони евра со претходни договори
ЕБОР и Европската инвестициска банка, како што рече Јанакиески, како предуслов за идни кредити за Kоридорот 8 во делот на железничката инфраструктура посочиле дека е потребно раскинување на договорите што ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“, односно претходниците на ова ЈП, ги има склучено со градежните компании, согласно претходно донесен закон.
- Веќе имаме раскинато договори со три компании по вонсудски пат, а со овој закон ќе се раскинат и останатите два договора - рече министерот и додаде дека поради тоа што претходно не се раскинале договорите, направени се штети од околу 20 милиони евра.
Најскап е делот од Крива Паланка до Деве Баир
За делницата од Бељаковце до Kрива Паланка потребни се 145 милиони евра за градежни работи. Според Јанакиески, од ЕИБ имаат добиено писмо во кое се вели дека ќе влезат во реализација на овој проект, кој треба да почне најдоцна во 2015 година, а би завршил во 2020 година. За делот од Kрива Паланка до Деве Баир, пак, кој е најтежок и најскап, ќе се бараат пари од ИПА-фондовите за изработка на основните проекти.

- Се проценува дека оваа делница ќе чини 332 милиона евра, средства кои треба да се обезбедат од ИПА, ЕБОР и ЕИБ - посочи Јанакиески и додаде дека се планира изградбата на оваа делница да почне во 2017 година, а да заврши во рок од пет години.

Зборувајќи за западниот дел од Паневропскиот коридор 8, односно делницата Kичево-Лин, министерот рече дека во текот на 2009, 2010 и 2011 со средства од буџетот се изработи физибилити-студија од Градежниот факултет, а во март 2011 година добиени се позитивни завршни извештаи.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...DBC6139115
08-07-2012, 04:28 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Балкан
Ројтерс: Опаѓа поддршката за владејачката партија во Бугарија


Поддршката за владејачката партија во Бугарија - ГЕРБ, се намалува, додека најсиромашната земја на ЕУ се мачи со мерките за штедење, покажуваат податоците од истражувањето на јавното мислење, јави Ројтерс
Високата невработеност, ниските приходи и недостатокот на решителни чекори за искоренување на корупцијата доведоа до пад од 4,5 отсто на популарноста на десноцентристичката партија на премиерот Бојко Борисов во јуни во споредба со мај. Поддршката за опозициските социјалисти се зголемила до 18 отсто од 17,9 отсто.
Стотици млади еколози протестираа во јуни поради промени во законот за шумите и ја обвинија владата дека ги поддржува интересите на неколку големи инвеститори. Неодамнешното зголемување за 13 отсто на цената на електричната енергија, додека државните плати и пензиите остануваат замрзнати за четврта година по ред ги налути Бугарите, кои и без тоа веќе се со најнизок стандард на живеење во ЕУ.

http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsIn...stant=7163

Без Ботев няма България
11-07-2012, 05:42 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35

[Image: 027797281.jpg]
[Image: 027797282.jpg]
[Image: 027797283.jpg]
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
11-07-2012, 07:45 PM
Website Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Ето я и въпросната статия , изцяло пропита в духа на добросъседските отношения

Мајка Бугарашка, Трето полувреме, најново издание

“Мајка Бугарашка“, “Долу Б’лгарија“ , “Горе Македонија“.


Иако овие три пароли во прв момент можат да ви заличат на современа реакција на обичен македонски граѓанин, кој слушнал некоја од небулозните изјави на високите и пониски бугарски чиновници во врска со земјава, сепак се работи за нешто друго. Станува збор за три “спортски“ слогани запишани од членовите на бугарската тајна служба, кои што се слушнати и документирани за време на фудбалски натпревар меѓу клубовите Левски од Софија и Македонија од Скопје за време на Втората светска војна и бугарската окупација на Македонија. Тогаш според Бугарските официјални книги, над 6.000 симпатизери на ФК Македонија откако виделе дека властите и судиите подготуваат фалсификат на фудбалскиот натпревар ги искажале своите вистински чувства кон бугарските окупатори.

Оттогаш до денес поминаа точно 70 години, а контекстот е сеуште ист. Сегашните бугарски власти повторно сакаат да направат фалсификат, сега од поголеми размери, а македонските навивачи (граѓани) повторно ги употребуваат истите слогани.

Причината е едноставна. Како што никогаш од почетокот на модерната грчка држава не прекина обидот да се уништи се’ што е македонско, а не е грчко, така и не запираат обидите на официјална Софија да се искористи секој обид за притисок и оцрнување на Македонија.

Само малкумина во земјава се свесни дека веќе една година, откако режисерот на филмот “Трето Полувреме“, Дарко Митревски, почна со снимање на љубовната сага за македонски фудбалер и скопска Еврејка во виорот на Втората светска војна, кога бугарските окупациски сили депортираа над 7.000 македонски Евреи во логорите на смртта, во соседна Бугарија, кај нашиот источен сосед во континуитет трае невидена кампања против филмот, против режисерот и против Македонија. Во медиумската акција, во која се вклучени буквално сите национални и локални медиуми, која само за обичниот набљудувач е спонтана, се вклучија не само домашни и европски пратеници, туку и највисоките бугарски институции на чело со премиерот Бојко Борисов. Филмот “Трето полувреме“ за бугарскиот премиер е пропаганда против неговата земја, за него тоа е лага од скопските кујни, кои како да немаат друга работа освен да ја провоцираат Софија.

Во случајов ниту бугарскиот премиер, ниту новинската агенција “Фокус“, која патем е формирана од екс офицер на бугарската воена тајна служба одговорна за специјална војна против Македонија, ниту контроверзниот политичар Красимир Каракачанов, ниту пак фамозниот историчар Божидар Димитров не се свесни дека со негирањето на фактите предочени во “Трето полувреме“, само дополнително губат од својот и онака малку респектиран кредибилитет, кога станува збор за пристапот кон Македонија.

Паничните реакции на бугарските јавни личности против едно уметничко дело, кое воопшто не пледира да ја расчисти историско – политичката магла која постои од смртта на Георги Димитров и укинувањето на автономијата во Пиринска Македонија, само го потврдуваат концептот на Софија, со лаги и вербално насилство да се спротивстави на новата реалност во која Македонците и формално и духовно го изгубија атрибутот бугарски, факт кој сеуште е болно неприфатлив за бугарските националисти.

Кревајќи рака на филмот “Трето полувреме“, бугарските активисти кои своите професионални кариери ги должат единствено на фактот што работат против интересите на Македонија, всушност кренаа рака на себе. Со тврдењето дека Бугарите биле само администратори, а прогонот на Евреите го вршела Хитлеровата солдатеска официјална Софија, во случајов се судри не само со македонската историографија, туку и со низа меѓународно релевантни институции и асоцијации на кои им е совршено јасно дека Бугарија ги спасила своите 49.000 Евреи, но во истовреме донела и спровела декрет со кој 12.000 Евреи од Македонија и од Тракија се однесени во конц логорите, и индиректно, но реално се осудени на смрт.

Иако сум убеден дека авторот на филмот немал никакви аспирации да разврзува историски гордиеви јазли од балкански тип, сепак очекувам за некоја година дел од објективните бугарски хроничари на Митревски да му се заблагодарат за филмот, кој отвори нова ера во бугарската историја и јавност. Паничните реакции и обвинувања против “Трето полувреме“ во Бугарија открија една нова, се до појавата на филмот, непозната нишка од бугарската историја. Прогонот на 7.000 македонски и 5.000 грчки Евреи на исток од Македонија откри недостаток на капацитет Бугарија на вистински начин со покајување и барање прошка да се справи со едно од своите црни историски петна. Како што тоа одамна требаше да го стори за македонското прашање. Всушност Митревски им даде историска шанса на бугарските интелектуалци да проговрат за едно од ретките нешта, кои се заеднички именител на Бугарија на царот Борис, на Бугарија на Тодор Живков, но и на Бугариите на неговиот телохранител Борисов и тајниот агент Парванов.

Се откри всушност дека проблемот не е во Митревски или во македонската влада, која во најголем дел го финансира овој филм, туку тоа што делото предизвика разбивање на табу темата поврзана со одлуката на бугарската влада за депортација на Евреите од окупираните територии. Се потврди дека принципот на однесување на бугарската држава и официјална историја не се факти и аргументи туку плукање и криење под тепих. Се додека како противник ја имаа исполитизираната македонска историја и немуштите политичари кои од лични или практични причини не сакаа да отвараат нови битки, тоа можеше да помине, но сега кога покрај Македонија, Димитров и братијата за спаринг партнер го имаат Музејот на Холокаустот во Вашингтон на пример, ваквата политика е осудена на пропаст.

Најдобар аргумент за тоа дека Бугарија најчесто во своите политики кон Македонија се базира на паушални оценки, агресивни напади без никакви докази туку со импровизации, е фактот што ниту еден од сите оние што остро го нападнаа најверојатниот македонски кандидат за Оскар за најдобар неанглиски филм не го видел филмот, ниту го прочитал сценариото. Покрај ступидното негирање дека бугарските војници не се тие кои што ги депортирале македонските и грчките Евреи и им го одзеле имотот, во последно време бугарската држава од навидум нејасни причини сама фабрикуваше уште два “скандали“ кои имаат иста историска важност како и откритието на бугарските “историци“ дека Шекспир бил всушнот чист Бугарин.

Бугарските медиуми тврдат дека првиот скандал се случил за време на одбележувањето на смртта на Гоце Делчев, кога група на активисти наводно го шиканирале бугарскиот амбасадор во Скопје. За инцидент за кој на големо се говори во бугарските медиуми, а за кој и покрај големиот број на камери и луѓе со смарт телефони со висока резолуција, јавноста не виде ниту аудио ниту видео докази. Се разбира бугарските медиуми, кои со месеци се занимаваат со ова прашање не зборуваат за фактот дека во “инцидентот“ учествувале истите луѓе кои пред неколку години ја поставија мапата на голема Македонија на местото каде што се поклонуваа македонските државни функционери. За разлика од тогаш, кога со сликата на која премиерот Груевски се поклонува пред картата на етничка Македонија си ги заработија сите пари од инволвираните странски служби, сега ќе треба да вратат дел од парите или да чекаат нова прилика да наплатат за оцрнување на земјава.

Вториот скандал како што го оценуваат антимакедонско настроени медиуми во Бугарија е тврдењето на контроверзниот Божидар Димитров дека по втората светска војна Македонците убиле над 100.000 Бугари, поради страв дека во Македонија е огромен пробугарскиот сентимент. Да прочитал големиот историчар Димитров што пишувале агентите на бугарскиот двор за натпреварот Левски – Македонија во 1943 година немало да си дозволи ваков луксуз и да му се смеат, не само историчарите, туку и роднините на убиените Македонци кои наместо на Срем сакале да одат на Солун.

Наведените случаи, постојаното повторување дека Бугарија прва ја призна Македонија под уставното име и подигнување на македонското прашање на највисоко ниво без посебен повод може да значи дека исто како и останатите политичари во регионот и во Бугарија со надворешно политички прашања се прави обид да се освојат поени дома. Но, во никој случај авторот на овој текст не би исклучил дека бугарските власти самите себе си и својата јавност ја подготвуваат за ново евроатланско вето за Македонија. Може ли да се случи Грција да попушти за почеток на преговори по што антимакедонската палка би ја презела Бугарија ќе се види веќе за ококлу пет месеци? Што за возврат ќе бара Софија за да не се случи ова, засега можеме само да погодуваме. Или пак, на крајот на краиштата, и директно да си прашаме.
автор: Горан Момировски

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?i...egorija=17
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 12-07-2012, 12:47 PM by Топорчо.)
12-07-2012, 12:47 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Ако почна да вадя бомбастични заглавия от Кайгана и да правя сензации ще имам работа до края на живота си.

Бугарските тајни служби да го елиминираат Горан Момироски

Анонимни профили на блогот all.bg сметаат дека Момироски треба да се ликвидира со снајпер, да му се инсценира автомобилска несреќа или пак да се употребат 20 килограми ТНТ. Повод за ова се неговите ставови во колумната "Мајката бугарашка, трето полувреме, најново издание", објавена минатиот петок


Бугарските тајни служби да го елиминираат новинарот на Канал 5 Горан Момироски, бараат бугарски ултранационалисти на форумот all.bg. Повод за ваквите реакции е колумната на Момироски за агенцијата "Нетпрес", "Мајката бугарашка, трето полувреме најново издание", објавена минатиот петок. Анонимните профили бараат од властите на нашиот источен сосед "да го свиткаат" Момироски и сличните на него. Тие сметаат дека бугарските граѓани бидејќи плаќаат даноци да побараат да интервенираат тајните служби. Да се употреби снајпер, да се инсценира автомобилска несреќа или да се употребат 20 килограми ТНТ, се само дел од предлозите за начинот на кој треба да се убие Момироски. Дел од оние кои сметаат дека новинарот на Канал 5 треба да се ликвидира посочуваат дека тој не бил главниот проблем туку дека "рибата смрди од главата" и затоа е потребно да се интервенира на "главата на петката".

Според информациите објавени на Нетпрес, Момироски не сака да претпоставува кои се луѓето што бараат негова елиминација се додека не добие повеќе детали за случајот. Тој ќе побара официјални информации од форумот во врска со лицата кои му се закануваат.
- Верувам дека во една земја-членка на ЕУ и НАТО нема да останат неказнети или барем нема да останат непознати за јавноста луѓето што бараат елиминација на новинар поради јавно искажан збор, особено што тврдам дека сите информации во колумната за Нетпрес се факти познати на целата светска јавност. Подготвен сум за тие факти да разговарам со сите што сакаат да дебатираат како интелектуалци. На тие што сакаат историјата и различните мислења да ги менуваат со експлозив и наместени сообраќајни несреќи навистина немам што да им порачам, само дека ја срамат Бугарија и сите цивилизирани граѓани на оваа земја - вели Момироски за Нетпрес.

Тој во колумната покрај за најновите закани од Бугарија за Македонските евроинтеграции Момироски пишува и за драматичните реакции во Бугарија во врска со филмот "Трето Полувреме" на режисерот Дарко Митревски и бара бугарската јавност да ја прекине координираната кампања против едно уметничко дело кое го имаат видено само неколку бугарски филмски критичари на проекцијата. Во текстот се бара различни делови од бугарската јавност да прекине со вербалните напади врз Македонија и да ја прифати историската одговорност на Бугарската окупациска војска во егзодусот на македонските Евреи, факт што е потврден и од релевантни светски институции како на пример Музејот на Холокаустот во Вашингтон.

http://vecer.com.mk/?ItemID=30F2B934B48F...4B9FA98EB0

Без Ботев няма България
12-07-2012, 12:51 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонците викале "Мајка бугарашка", "Горе Македонија", "Долу Бугарија"!

Овие извици се случувале за време на фудбалскиот натпревар меѓу македонскиот тим "Македонија" и бугарскиот "Левски" во 1943 г. Натпреварот е една од темите на филмот "Трето полувреме" од Дарко Митревски. Документите се објавени во книгата "Бугарското управување во Македонија 1941-1944"


Филмот "Трето полувреме" од Дарко Митревски очигледно има многу полувремиња, и тоа полни со жешки шутови и силни голови! Најновото полувреме ни носи ексклузивен полициски извештај од натпреварот меѓу македонскиот фудбалски тим "Македонија" и бугарскиот "Левски" од 1943 година. И тоа официјален полициски извештај, објавен во книга издадена од бугарската државна агенција "Архиви"! Таму може да се прочита дека Македонците, разлутени оти судијата не им го признал голот, погрдно викале "Мајка бугарашка", "Долу Бугарија", "Горе Македонија"...

ВЕЧЕР ексклузивно и во целост го пренесува делот на бугарскиот полициски извештај, од времето кога Бугарија беше фашистичка земја, а кој се однесува на протестите од Македонските навивачи на натпреварот кој е "трет играч" во "Трето полувреме".

"На крајот од месец март таа година во градот се одржа натпревар за државното првенство меѓу тимовите, спортските клубови "Левски" од Софија и оној на Македонија "Скопје". Присуствуваа околу 6.000 гледачи, дваесет минути по започнување на играта беше постигнат првиот гол од играчите на Македонија, но не беше признат од судијата, што предизвика дофрлања меѓу судијата и некои од играчите, а поголемиот дел од публиката започна да вика, нафрлувајќи се со погрдни зборови кон судијата. Тоа автоматски се пренесе на целата публика која извикуваше нечовечки крикови, а некои од гледачите имаа дрвени навивачки реквизити со кои мавтаа. Гледачите продолжуваа да прават врева и да ги навредуваат играчите на "Левски", некои од нив се обидоа да влезат на теренот за да се нафрлат на играчите и судијата. Откако вториот гол, постигнат од "Левски" не беше признат од играчите на "Македонија" натпреварот беше прекинат. Разлутената публика продолжи да упатува најниски навреди на адреса на софијците, се слушнаа повици "Мајка бугарашка", "Долу Бугарија", "Горе Македонија"", стои запишано во книгата "Бугарското управување во Македонија 1941-1944", а објавено на Фејсбук-страницата на филмот "Трето полувреме", кој моментално, веројатно, очекува одговор околу тоа на кој фестивал ќе ја има светската премиера.

http://vecer.com.mk/?ItemID=CA69443740FB...F1416EB2F0
Без Ботев няма България
12-07-2012, 12:53 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија и Романија добија остри критики од ЕУ

редседателите на Бугарија и Романија, Бојко Борисов и Виктор Понта, држави кои се релативно нови членки на Европската Унија минатата недела во Брисел добија остри критики од официјалните преставници на ЕУ.

На Бугарија и се забележува за блиските врски на владините преставници со организирниот криминал во земјата, додека кон романскиот претседател се изразија сериозни сомневања во напорите на државниот врв за развивањето на демократските процеси во државата.

Белгиските медиуми веќе ги објавуваат насловите дека Романија и Бугарија не го положија најтешкиот тест.

За овие две држави останува отворено прашањето за нивно пристапување кон Шенген зоната. Тоа ќе се најде на дневен ред на средбата на министрите за внатрешни работи и правда во септември. Сепак, судејки од неодамнешните изјави на европските политичари, најверојатно ова прашање ќе се одложи на неодредено време, јави дописникот на Нетпрес од Брисел.

Оваа недела во Брисел се случи уште еден преседан: претседателите на сите комисии на Европскиот парламент на заедничка прес конференција истакнаа дека донеле одлука да се блокираат преговорите со Советот на Европа за голем број законски акти во областа на правдата, внатрешните работи и буџетот на Европската Унија за 2013 година. Нивната реакција е одговор на одлуката на советот на министри за внатрешни работи да се исклучи парламентот од процесот на донесување на одлуки за евалуација на Шенгенот.

“Тајната тактика да се исклучи ЕП од ова клучно прашање е скандалозна. Тоа создава опасен преседан, кој ги поткопува демократските процеси на донесување на одлуки во Унијата“, се вели во соопштението од Европскиот парламент.

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?i...tegorija=5
Без Ботев няма България
15-07-2012, 07:11 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Армагедон на нашето буниште

Армагедон на нашето буниште
“Ако можам, би избрал да ме убијат со полониум, ТНТ може да не експлодира“

Како што знаеме од пред 7-8 години некои прашања не заслужуваат никаков одговор, некои заслужуваат само делумен а некои заслужуваат и пошироко објаснување. Неделава зад нас имаше неколку прашања од сите наведени категории.
Седумнаесетгодишниот јубилеј од масакрот во Сребреница е првото прашање од оние за кои според мене има потреба од пошироко објаснување. И покрај доволната историската дистанца од еден од најкрвавите настани во последниве богати со насилство децении на Балканот , убиството на околу 8,000 Бошњаци (Србите тврдат дека не се повеќе од 3.000 или дека воопшто немало масакр) сеуште не е доволно објаснет.

Македонската јавност ми се чини сеуште не може да ги разбере вистинските последици од оваа човечка атрофија. Причината не е во недостатокот на информации туку во заземањето страна. Не само српска страна туку страна на злото, мистеријата и пред се нечовечноста. Не можам да разберам дека за разлика од познатиот грчки новинар и писател Тахис Михас кој директно ги обвини грчките националисти и армиски лидери дека учествувале и го поддржале црниот настан кој долго ќе остане во колективната меморија на балканските народи, ниту еден македонски интелектуалец од висок ранг не проговорил јавно и остро на тема Сребреница и што таа значи за сите нас кои живееме во регионот.

Немањето вистински однос кон масакрот што го изведоа српските сили во Босна под раководство на скопјанецот Ратко Младиќ подоцна индиректно помогна или олесни да се случат други настани кои директно ги погоди и граѓаните на Македонија. Иако меѓусебно неповрзани во војничка или етничка смисла последиците од нечовечноста искажана со куршум во Сребреница ги видовме во масакрот кај Вејце, изживувањето над кумановските работници, убиствата во Љуботен и последно грозоморниот чин и убиството на петмината кај Смилковското езеро.

Молкот и само делумно казнетите злосторници од Сребреница само ги охрабрува сите оние кои што не можејќи да справат со мрачните ќошиња на сопствениот атавизам секогаш му даваат предност на куршумот и ножот пред зборот.

Ниту еден македонски интелектуалец, а кога велам македонски мислам и на албанските, турските ,српските, ромските, влашките и на сите други интелектуалци кои не отидоа да седнат на брегот на покрај Дунав и да се запрашаат што се случи во Сребреница и да одговори на прашањето што таа значи за нас како поединци и како група. Како што тоа скромно, а сепак толку моќно деновиве преку социјалните мрежи го стори полиглотот кој зборува над 70 јазици Мухамед Мешиќ.

“Седам покрај Дунав , ги читам имињата на тие 8.372 жртви и размислувам : Што сонуваа , Кого сакаа? На што се радуваа? Кој денес ги памети или ги бара?“ вели за жртвите Мешиќ кој што секогаш кога во Македонија се случуваат слични нечовечки работи е активен и бара да проработи совеста.

За разлика од него и други слични луѓе во регионот кои знаат да жалат и да се радуваат кога на Македонија и се случуваат несреќи или убави работи само мал дел од нашите интелектуални лидери се заморуваа со она што денес не е во нашиот двор ама утре може да биде и дел од нашите животи.

Не знам каков е ставот на Али Ахмети за Сребреница, верувам дека жали за жртвите особено што масакрот го сторија најголемите “непријатели“ на Албанците, но затоа разбрав кој е неговиот став за заедничките интереси со Македонците. Морам да признаам дека лидерот на ДУИ непријатно ме разочара со една навидум банална изјава во врска со коалицијата ДУИ – ВМРО ДПМНЕ за следните локални избори. Можеби беше грешка на преведувачот односно негиот најблизок соработник попознат како тепачот од Кале, но сепак партија како ДУИ не смееше да го каже јавно тоа што го чувме сите. Дури и ако навистина го мисли истото. Да кажете јавно дека вашата партија ќе соработува со некоја друга партија само во тие градови каде што има интереси па макар тие биле заеднички е елементарна недоветност. Особено ако вашата партија се вика Демократска унија за интергација.

Политиката е сурова работа , новинарите се како крвопии, но реалноста е таква. За момент оваа изјава ми ги замагли сите оние работи кои што ме бендисуваат кај ДУИ и Ахмети, а ги има доволно. Умерената изборна кампања без националистички пораки и глумење жртви, назначување на неалбанци за амбасадори или топ дипломати (Катар, Анкара, Брисел) како предлог на ДУИ и полагање на цвеќе од министер Албанец на споменик на жртви Македонци од конфликтот во 2001 се само дел од работите за кои неколку пати досега сакав да пишувам, а кои даваат надеж дека Македонија може да биде држава со сите тертипи. Се надевам дека последната изјава на Ахмети е грешка од типот “изгубени во преводот“ а верувам дека Ахмети е загрижен и има интереси па макар и политички и во градовите каде што не живеат Албанци или негови гласачи.

Ако грешам тогаш Господ нека му е на помош и на Ахмети и на неговите партнери со кои ќе ги брани “заедничките“ интереси. Особено затоа што Македонија не е истата земја од пред 10,20 или 30 години. Веќе немате град или населба каде што живее исклучиво една етничка група. Ако не поради државните интереси Ахмети мора на пример поради тие стотина Албанци што во последниве години во Гевгелија поради бизнисот ги однесол животот, да размислува пошироко, а не само во етнички рамки, унии, множества и пресеци.

Уште еден јавен настап неделава ми зататни во ушиве. Повикот за финалната битка искажан од лидерот на СДСМ на еден од “подготвителните собири за предизборната кампања на локалните избори“ на опозицијата кој ми отвори старо нови дилеми. Ме потсети на критиките на опозицијата за писмото кое што пред неколку години го испрати владеачката партија до своите членови, а во кое ги подготвува за финалната битка со луѓето што ја уништувале Македонија, мислејќи пред се’ на Црвенковски.

Исто како што тогаш ја осудив содржината на писмото и тогаш и сега се обидов да замислам каква би била таа битка, тој Армагедон на македонската политичка сцена. Во земјата во која имаме само еден консензус дека политиката е се’ и дека ништо друго не успева како политиката. За момент се почувствував како граѓанин на Мелос од Мелијанскиот Дијалог кој што го опишува Тукидид во Историјата на Пелопонеските војни едно од омилените прашања на професорот Денко Малевски на испитот Меѓународни односи на Правниот факултет во Скопје. Во ова дело жителите на Мелос кој е неутрален остров се обидуваат да ги убедат Атињаните дека треба да бидат оставени на мира во нивната војна со Спарта.

Слично како и делото на Тукидид и во нашиот случај мали се шансите најголемиот дел од граѓаните да останат надвор од битката меѓу Атина и Спарта односно меѓу власта и опозицијата. Или ќе бидете со нас против нив или ќе бидете поробени како жителите на Мелос.

Тоа е пораката која со промоцијата на финалната битка ја испрати СДСМ до јавноста. Со тоа дополнително ја подели истата, но истовремено ги загрози сите свои тези дека власта е таа што ја дели Македонија. Колку е погубна оваа порака на опозицијата за македонскиот Армагедон не само во политичка туку и во државна смисла ќе покаже времето. Ако Црвенковски тргнува од човечката психологија и потреба секогаш во војна да одбере група наместо да остане сам и дека најголем дел од тие што досега биле неми набљудувачи на вербалната војна ќе отидат на негова страна тогаш мислам дека се пресметал.

Обичниот човек има уште една навика. Ако мора секогаш претпочита да биде на страната на победникот. А тоа последниве години не е Црвенковски. Парафразирајќи ја неговата изјава за народот што и кога е во право може да греши слободно можам да кажам дека дури и ако однесе победа на некои наредни избори Црвенковски никогаш повеќе не може да биде победник.

Како и во секоја држава на целиот свет и во Македонија и во Бугарија и во Америка и Кина има луѓе кои што тропаат глупости во лична комуникација или преку медиуми и интернет. Луѓето меѓу себе се разликуваат што некои понекогаш кажуваат и умни работи, а државите според тоа дали ги поддржуваат граѓаните да продолжат со глупостите или пак ги спречуваат.

За мене како новинар кој повеќе од деценија блиску ги следи процесите во Бугарија оваа држава ќе стане европска во моментот кога ќе го запре притисокот врз Македонците во Пиринскиот дел и кога ќе запре со негативната кампања и говор на омраза против Република Македонија.

За мене лично дали Бугарија е држава каква што сака да се претставува , модерна и демократска каде што владее редот и законот ќе се види во случајот со луѓето што деновиве ми се закануваа со снајпер, ТНТ, сообраќајна несреќа или со радиоактивниот полониум.

Дел од пријателите кои заканите ги доживела многу подраматично од мене ми сугерираат да не возам автомобил, да одам со автобус, да не посетувам ресторани и јавни места и многу им благодарам за грижата за мене. Сепак наместо такви совети повеќе претпочитам да ми кажат како да одберам сместување во некој од туристичките центри на Црното море. Несебар пред Бургас, златни пјасци пред Слнчев Брег. Ми требаат пет кревети , најверојатно ќе дојде и шурата. Да биде чисто и да не биде скапо. Ако некој има предлог да го прати во инбокс.

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?i...egorija=17

Даже и српската мастия латас не си позволява да се прави на жертва щото в някой форум някой бил го заплашил с нещо , а него са го плашили доста повече.
Без Ботев няма България
15-07-2012, 07:16 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Македонија може да биде железничка крстосница на Балканот
Нашата земја е една од ретките што нема железничко поврзување со две соседни земји (Албанија и Бугарија). Според најавите, тоа би требало да се смени со изградбата на пругите по должината на Коридорот 8, што се предвидува да заврши во 2020 година
Наместо слепо црево Македонија треба да биде центар на железничкото поврзување во Европа
Доизградба на пругите
Драстичен пад на превозот на стоки по железничката пруга по должината на Коридорот 10 (Србија - Македонија - Грција) има во изминативе две децении. Во 1990-тите години по оваа железничка делница се пренесувале речиси 8 милиони тони различна стока, а во 2010-та биле пренесени само 3,1 милиони тони. Познавачите велат дека намалување на обемот на транспортот е поради лошата состојба во која се најде најфреквентната железничка пруга во земјава, која нѐ поврзува со солунското пристаниште и со Европа, но и поради неповолните случувања во регионот по распадот на СФРЈ. За да се подобрат условите за транспорт, во тек е реконструкција на железничките пруги по Коридорот 10. Со реконструкцијата треба да се овозможи возовите да се движат со брзина над 100 до 120 километри на час, наместо сегашните 60-80 километри на час. Актуелната влада со години ветува дека, освен осовременување на пругата по должината на Коридорот 10, ќе работи и на железничко поврзување на Македонија со Бугарија и со Албанија (Коридор 8). Но поради намалениот обем на стоки по Коридорот 10 неизбежно се поставува прашањето колку ќе биде исплатлива изградба на пруга до границата со Бугарија и со Албанија.

Неопходна е железница кон Бугарија и Албанија

Неодамна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски посочи дека до 2020 година ќе биде завршена пругата по Коридорот 8, со што најпосле Македонија и преку железницата ќе се поврзе со соседните Бугарија и Албанија. Вкупните средства потребни за изградба на коридорот се проценуваат на 332 милиони евра, средства што надлежните планираат да ги обезбедат од ИПА-фондовите, од Европската банка за обнова и развој, како и од Европската инвестициска банка.

- Наредната година ќе го почнеме делот од Куманово кон Бељаковце, за кој веќе ја имаме изработено целата документација. Потоа за комплетирање на коридорот ќе ни останат по 60 километри од пругата од двете страни, и кон Бугарија и кон Албанија. Веќе е во тек подготовката на потребната документација и за овие делови, чија изградба ќе се одвиваа паралелно, бидејќи единствено како целина овој коридор ќе има смисла - вели Петар Спасовски, помошник-директор за комуникации при „Македонски железници-инфраструктура“.

Тој посочува дека досегашните истражувања што ги направиле за Коридорот 8 покажуваат дека тој ќе биде економски исплатлив.

- Постојат студии за одржливост, како и студии на економска оправданост, кои покажуваат дека тој е неопходен за развој на економијата во земјава и ќе биде искористен по неговата изградба. Не можам да гарантирам дали тој ќе го заживее и Коридорот 10, бидејќи такво испитување не сме правеле. Тоа се сосема различни пруги што се спојуваат во Скопје и не си претставуваат конкуренција една на друга. Но дали потоа ќе се овозможи нивното поврзување и поголем проток, како на пример од Бугарија кон југот, не можеме да предвидиме - истакнува Спасовски.

Инаку, за делницата од Крива Паланка до Бељаковце се потребни 145 милиони евра за градежни работи, а министерот Јанакиески истакна дека од ЕИБ имаат добиено писмо во кое се вели дека ќе влезат во реализација на овој проект, кој треба да почне најдоцна во 2015 година, а би завршил во 2020 година. За делот од Крива Паланка до Деве Баир, пак, кој е најтежок и најскап, ќе се бараат пари од ИПА-фондовите за изработка на основните проекти, а изградбата на оваа делница би почнала во 2017-та, со рок на завршување од пет години.

И бизнисот бара поврзување

Бизнисмените и стопанските комори посочуваат дека само со развиена патна и железничка инфраструктура може да се очекува подем на економијата во Македонија. Претставниците на Северозападната комора на Македонија неодамна побараа од Владата да се засили реализацијата на инфраструктурни проекти во северозападна Македонија, како и да се подобри поврзаноста со Албанија. Тие предлагаат изградба на автопат од границата до Бошков Мост, па по левата страна на Мавровско Езеро, како и изградба на железничка линија од Кичево до Лин, односно до албанската граница во должина од три километри, која би се користела како резервна варијанта, бидејќи планираната изградба на железничка линија од Струга до Ќафасан со години не се реализира.

Потребата од подобрување на инфраструктурата ја истакнуваат сите комори во земјава, како главен предуслов неопходен за полесен и побрз транспорт на стоките до посакуваната дестинација.
Железнички транспорт
• Година пренесена стока
• 1990 8 милиони тони
• 2010 3,1 милиони тони


Автор: Петранка Талеска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22634

Авторката едва ли би звучала толкова оптимистично, ако имаше представа как изглежда пругата Лин - Елбасан....и нататък;
това би могло да се даде под наем единствено на Холивуд - да снимат неми филми...;
Изгледът на София-Кюстендил; София-Кулата-Солун - може би е по-добър - но пък пусти гърци - спряха влаковете до Солун май;
А София-Ниш-Белград - си заслужава.
Това е за любители на силни усещания /не преувеличавам!/.
350 км между двете балкански столици отнемат 12 часа...би могло да е много по-добре, разбира се...какво са 12 часа - един миг само.
Та ако коридор 8 изглежда като Лин-Елбасан; със скоростта на София-Белград и регулярността на София-Солун - не си заслужава.

20-07-2012, 08:01 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Aрапите ги потиснуваат христијаните кај себе, а се шират низ европските држави


И Бугарија се исламизира!

Во Бугарија последните десет години се изградени над 150 нови џамии, повеќето финансирани од Саудиска Арабија, земја во која вахабизмот е официјална религија. Поголем дел од новите џамии е изграден со пари испратени од таа земја


Според податоците Бугарија е држава-членка на Европската унија со најголем број муслимани. Нивниот број е се поголем, поради тоа голем број на десничарски организации и некои експерти предупредуваат дека Бугарија во иднина би можела да стане земја со мнозинско муслиманско население. Во Бугарија последните десет години се изградени над 150 нови џамии, повеќето финансирани од Саудиска Арабија, земја во која вахабизмот е официјална религија. Поголем дел од новите џамии е изграден со пари испратени од таа земја.

Радикализмот и фунадаменталниот ислам, пред две години беше топ тема во бугарската јавност. Никаде во Европската унија муслиманското население процентуално не е толку бројно како во Бугарија. Тајните служби од Бугарија откриваат дека во голем дел од џамиите има училишта. Едно кое е сместено за воден дел на џамија, требало да се затвори уште пред три години, зашто постојат сомневања дека е финансирано од организацијата Ал вакф ал ислами од Холандија, која е забранета поради учество во терористички напади. Според критичарите ваквата состојба во Бугарија не е добра за демократскиот развој на земјата, додека пак експертите велат дека радикалните идеи кај муслиманите ги поттикнува сиромаштијата. Според нив областите каде живеат бугарските муслимани често се неразвиени и во нив владее голема сиромаштија. Во такви услови парите од богатите земји како Саудиска Арабија имаат големо влијание и го помагаат ширењето на радикалните тенденции. Иако бугарските власти со години се обидуваа да го игнорираат постоењето и развојот, пред се на радикалниот ислам, сепак, информациите кои доаѓаа покажуваа дека пари од истокот со години влегуваа во Бугарија. Последните информации велат дека со вкупно шест милиони евра владата на Турција ќе ја финансира најголемата џамија во Бугарија. Џамијата е во јужниот бугарски град Крџали и ќе има капацитет од 1.500 луѓе.

За изградбата на медресата (верско средно училиште) и ученичкиот дом во Момчил Град отворен во 2011 година, повторно беше ангажирана турската влада, како и градбата на џамијата во Маглај (БиХ) и џамијата во Тесањ. Турската фондација ТУБА ја изгради и џамијата во Сараево, која беше отворена во 2012 година. Во споредба со Бугарија во Македонија последните десет години се изградени повеќе од 300 џамии, двојно повеќе од Бугарија, од кои само во Скопје и околината ги има над дваесет. На територијата на Македонија се изградени 2.466 верски објекти и нивниот број, како што велат од Комисијата за односи меѓу верските заедници, се зголемува секој месец. Според тоа во просек има по еден храм од овие религии на секои десет квадратни километри. Според картата за верски објекти во Македонија има 1.842 православни верски објекти (цркви и манастири). Најмногу цркви има во Преспанско-пелагониската епархија, односно 505 објекти, а најмалку во Струмичката епархија - 83 објекти. Од муслиманските објекти има регистрирано над 600 џамии, од кои најмногу се изградени во Скопското муфтиство, како 115 објекти, а најмалку џамии има во Ресенското муфтиство.

(И.Р)

Без Ботев няма България
(This post was last modified: 20-07-2012, 06:08 PM by Топорчо.)
20-07-2012, 06:06 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија одбрана како пион во нова воена игра?


Свирепиот напад во Бургас засекогаш ќе ја промени Бугарија, исто како што се случи со САД по добро познатите случувања од 9 септември. Процена е дека Бугарија е одбрана како место каде што ќе се изведе овој терористички напад поради неорга­низираност на институциите, слаба општествена окупираност со глобалните терорис­тич­ко-без­бедносни закани, а со тоа лош или практично непостоечки систем за превенција




ТЕРОРИСТИЧКИ МАСАКР ВО БУРГАС

Неорганизираност на институциите, слаба општествена окупираност со глобалните терористичко-безбедносни закани, а со тоа лош или практично непостоечки систем за превенција на терористичките закани се причините поради кои Бугарија најверојатно била одбрана за цел за извршување на терористичкиот акт што се случи на меѓународниот аеродром „Сарафово“ во градот Бургас, во кој загинаа најмалку осум лица, а 33 се ранети, објаснува Димитар Кенларов од Софија, публицист, аналитичар и дописник на „Хералд трибјун“, „Нешнал инкваерер“ и на „Вирџинија Квотер“.

Новинарот, кој е познавач на безбедносната проблематика на Балканот, но и пошироко, е дециден дека настаната безбедносна ситуација ги фатила неподготвени институциите во неговата земја, кои очигледно не биле на потребното ниво за да изреагираат соодветно и навремено на заканите.

- Верувам дека свирепиот напад во кој не загинаа Бугари, туку израелски туристи, засекогаш ќе ја промени мојата земја, исто како што се случи со САД по добро познатите случувања од 9 септември - истакнува Кенларов.

Нападот во Бургас засекогаш ќе ја смени земјата

Според аналитичарот Кенларов, Бугарија води многу конфузна надворешна, но и домашна политика, особено кога станувало збор за закани со исламска преференција што доаѓаат од земјите од Блискиот Исток.

- Досега Бугарија неколкупати беше предупредена од Израел, барем преку медиумите, а со тоа претпоставувам и по официјални канали, дека вакво нешто, мислам на чинот во Бургас, може да ѝ се случи. Но за жал, најверојатно заканите не биле сфатени сериозно - вели Кенларов.

Според него, официјални претставници на израелската држава изминатата зима ги предупредиле тамошните власти дека е можен терористички напад во туристичките центри, како Банско или Борово.

Бојко Борисов водел погрешна политика

- Нашиот премиер Бојко Борисов претпоставувам тогаш ги потцени предупредувањата и тие не беа сериозно сфатени. Кога новинарите ќе поставеа прашања на прес-конференциите, Борисов ги тешеше со тврдењето дека Бугарија дипломатски добро котира кај, ако може слободно да се изразам, проблематичните држави, и на крајот на краиштата тие генерално нам ни биле добри пријатели. Со последниот чин, иако досега нема официјална поврзаност, се гледа дека тоа воопшто не е така како што тврдеше премиерот - додава новинарот.

Тој појаснува дека судејќи според изјавите на претставниците на највисоката власт, неговата земја нема подготвено сериозен безбедносен однос кон тероризмот или заканите од сличен вид.

- Дури и самите информации за предупредувањата од Израел и како тие пренесуваа во тоа време во Бугарија беа маргинализирани. Тие беа на последните страници од весниците, а на нивно место стоеја текстови поврзани со криминални мафијашки пресметки што се секојдневие кај нас. Што значи дека вината за интересот кон овие прашања не може да се препише само кон политичарите, туку и кон медиумите и широките маси. Едноставно, никој не беше заинтересиран за тоа - вели Кенларов.

Тој појаснува дека сега сѐ што се случува освен безбедносни ќе има дури и сериозни економски импликации кон Бугарија, бидејќи терористите на долг план го имаат оштетено туризмот во земјата.

- Мислам дека по она што се случи во Бургас, можеме слободно да се збогуваме од многубројните посети на израелските туристи, кои секоја година традиционално ги има во голем број на нашите туристички места, а со тоа значително ќе опадне профитот на оние Бугари што живеат од овој бизнис - додава Кенларов.

Ситуацијата се менува од час на час

Во меѓувреме завчерашниот напад врз израелските туристи во Бургас резултира со смрт на 8 луѓе, но последиците на овој напад би можеле да бидат многу полоши. Многу аналитичари сметаат дека Израел овој трагичен настан ќе го искористи за следење некои други агенди што ги има запишано во својот „дневен ред“.

Последните официјални бројки зборуваат за осум мртви и 37 повредени. Израелските власти, како што пренесува израелскиот весник „Хаарец“ тврдат дека меѓу загинатите е и бомбашот-самоубиец. Таквата информација подоцна ја прифати и бугарскиот премиер Бојко Борисов. Бугарските медиуми веќе објавија фотографија од тело без глава за кое тврдат дека му припаѓа на самоубиецот. Тоа, пак, ја урна првичната информација за експлозивот поставен во багажникот на автобусот, која во средата самите ја пласираа.
Бугарската полиција подоцна извести дека безбедносните камери сепак успеале да го снимат осомничениот самоубиец како се движи по аеродромот барем еден час пред нападот, јавува порталот „Новините“. Тој е опишан како белец со долга коса и во спортска облека.

„Черноморски фар“ пишува дека покрај телото за кое постои сомнеж дека му припаѓало на бомбашот биле пронајдени американска лична карта издадена во Мичиген и американски пасош. Останува нејасно како документите ја преживеале детонацијата, која буквално разнела и запалила сè во радиус од неколку метри. Се претпоставува дека документите едноставно, при експлозијата, одлетале и останале нечепнати од нејзината разорна моќ. Но, засега, малку кој верува дека тоа се оригинални документи.

Соработка со ЦИА, ФБИ и со Мосад

Софискиот весник „Дневник“ пренесува изјава на премиерот Борисов дека тамошните служби на теренот активно соработуваат и им помагаат на израелските разузнавачи, ФБИ и на ЦИА.

Во Израел оваа трагедија веднаш е окарактеризирана како голем пропуст на израелските безбедносно-разузнавачки агенции. Притоа мора да се каже дека вчера во медиумите се појавија информации дека всушност бугарските служби ги игнорирале предупредувањата од израелски и руски разузнавачки извори, но бугарскиот претседател го негираше тоа и изјави дека немало никакви релевантни информации за зголемена опасност.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху пропустот на одговорните служби експресно се обиде да го претвори во политички успех.

Мошне спорно е неговото брзање, само два часа по експлозијата, додека сѐ уште владееше целосен хаос и немаше сигурни информации, јавно да изјави дека „сѐ упатува на Иран“.

- Сите знаци водат до Иран. Само во изминатите неколку месеци видовме ирански обиди за напад врз Израелци во Тајланд, Индија, Грузија, Кенија, Кипар и други места. Точно 18 години по експлозијата во Еврејскиот центар во Аргентина, иранскиот терор продолжува да зема невини жртви. Тоа е ирански терористички напад, кој се протега низ целиот свет. Израел ќе реагира моќно против иранскиот терор. На 18 јули 1994 година припадници на Хезболах подметнаа експлозија во Еврејскиот центар во Буенос Аирес, при што загинаа 86 лица - изјави Нетанјаху.

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак, пак, вчера оцени дека Израел се соочува со светски терористички бран, спонзориран од Иран.

- Ние сме исправени пред светски терористички бран... Атентатот во Бургас беше извршен од активисти на Хезболах и спонзориран од Иран - изјави Барак.



САД го осудија варварскиот напад

По повод овој настан од Белата куќа се огласија со класично соопштение во кое се осудува „варварскиот терористички напад“ и се нагласува дека САД „ќе стојат покрај својот партнер Израел и ќе му ја дадат сета потребна помош во пронаоѓањето на виновниците“.

Претседателот Обама веројатно ќе се обиде да остане „под радарот“ за ова прашање, но другите од неговата администрација веќе подолго време се во целосна приправност. Американското воено присуство системски се засилува од ден на ден, а состаноците на министрите за одбрана Ехуд Барак и Леон Панета се сѐ почести.

Секретарот за печат на Белата куќа, Џеј Карни, изјави дека САД „со најостри зборови ги осудуваат таквите напади на невини луѓе, особено на деца“, пренесува Асошиејтед прес.

Карни додаде дека американскиот претседател Барак Обама „со мислите и со молитвите е со семејствата на убиените и повредените“.

Тој кажал и дека САД се со израелскиот и бугарскиот народ во овој тежок момент. Според него, администрацијата на претседателот Обама работи на тоа да дојде до сите информации за овој случај и дека „американската посветеност на безбедноста на Израел останува непоколеблива“. Дали сето ова упатува на подготвување терен за нова војна во Персискиот Залив?

Хезболах ги отфрла обвинувањата
Радикалната шиитска проиранска група Хезболах ја отфрлила одговорноста за напад на автобусот со израелски туристи.
Обвинувањата дека Хезболах е вмешан во нападот на бугарска територија се „смешни“, изјавил претставникот на оваа група, истакнувајќи дека таа „не води војна против туристите“, пренесуваат бугарските медиуми.
Веднаш по соопштението на милитантната организација, властите во Иран излегоа со официјален став дека зад нападот во Бугарија директно стои израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22635
Без Ботев няма България
20-07-2012, 06:09 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Нашите историски дилеми (втор дел)

Нашите историски дилеми

Русите како историски факт би го прифатиле тврдењето дека првата руска држава, киевскаја Рус, настанала во и околу Киев, денешниот главен град на Украина (уверен сум дека не би го негирале ниту податокот дека руската царица Екатарина Велика била Германка по род)



Како што пишував минатата сабота, многумина во нашиве краишта љубат историјата да ја толкуваат небаре постанала на начин на којшто постанал светот во Стариот завет: за кратко време, однапред одредена, со јасно зацртани цели и идеи. Оттаму и постанокот и развојот на нациите го сметаат за процес детално испланиран и дефиниран во самиот старт, како нацијата да се прави на начин на кој се прави шише „кока-кола“: според подготвена хемиска формула, со зададен дизајн и физички димензии.

Големите нации немаат големи проблеми со ова. Така на пример, Шпанците не би се бунеле кога во нивно присуство би проговориле за присуството на арапските влијанија во нивната култура и нивните гени (на крајот на краиштата, евидентно е дека денешните жители на Андалузија визуелно се разликуваат од Визиготите, кои го населиле Пиринејскиот Полуостров пред инвазијата на Маврите). Русите како историски факт би го прифатиле тврдењето дека првата руска држава, киевскаја Рус, настанала во и околу Киев, денешниот главен град на Украина (уверен сум дека не би го негирале ниту податокот дека руската царица Екатарина Велика била Германка по род). Германците, пак, се свесни дека доколку пруско-австриската војна од 1866 година не завршила со победа на Прусија (која пет години подоцна ги обединила германските држави под своја круна), денес нивен главен град ќе беше Виена, а народите од германското говорно подрачје најверојатно ќе живееја во некакваси австриска федерација и ќе се нарекуваа себеси Австријци (па сепак, ниту еден современ Германец ниту, пак, Австриец нема дилеми за својата етничка припадност - со исклучок на Адолф Хитлер). А доколку би фатиле да убедувате некој Американец дека Џорџ Вашингтон, таткото на американската нација, самиот се чувствувал како Американец, гарант би ви се изнасмеал - бидејќи во времето кога Џорџ Вашингтон ги повел американските колонии во борба против британската круна, американската нација едноставно не постоела (иако, се разбира, на ниту еден Британец денес не би му текнало да ја негира американската самобитност). Кога сме веќе кај Џорџ Вашингтон, тој кариерата ја започнал како британски полковник и се чувствувал како британски поданик - и тоа го наведуваат и американската и британската историографија. Но кога јас за Јане Сандански би напишал дека бил бугарски офицер и се чувствувал како македонски Бугарин, голем дел од Македонците би ме нарекле бугарофил, а добар дел од Бугарите ваквото тврдење би го искористиле како аргумент во својата теза дека денешните Македонци се Бугари. За среќа, не се во право ниту едните ниту другите: Јане Сандански е дел од македонската историја и тоа никој нормален во Софија не би требало да го негира (исто како што никој во Лондон не негира дека Џорџ Вашингтон е дел од американската историја), а се борел против бугарската круна за политичка автономија на македонската република (слично на Џорџ Вашингтон, кој се борел против британската круна за независност на американската република).

Но која е тогаш причината што Американците и Британците со трезвена глава гледаат на настаните од заедничката историја, а Македонците и Бугарите за Сандански очи би си извадиле? Можеби за тоа придонесува фактот што Америка одамна е етаблирана како стабилна држава, којашто пет пари не дава за оние што евентуално би ги оспориле нејзиното минато и потекло - а можеби и затоа што никому (ама баш никому) во Велика Британија не му паѓа на ум да ги оспорува американската независност, самобитност и национална посебност. И можеби токму затоа Велика Британија си е велика без да рони солзи по загубените територии од онаа страна на Атлантикот, а Бугарија не може да биде Велика Бугарија без на нејзината мапа да биде вклучена античката земја Македонија (или барем оние нејзини територии на кои не се мнозинство Грците и Албанците). И, ете, затоа Бугарија никако да стане велика (барем во духот), а Македонија никако да стане стабилна (барем во умот) држава. Кога не би постоеле стравот, зависта, претензиите и политичката шизофренија, македонскиот и бугарскиот народ би си живееле мирно едни покрај други, на ист начин на којшто живеат франкофоните од двете страни на француско-белгиската граница: со заемна почит и уважување, без посегнување по туѓото, без омаловажување на другиот, без убедување на другиот дека не е друг и различен само затоа што обајцата дрвјата ги нарекуваат со исти зборови, а сирењето и на едните и на другите им е национален специјалитет. Звучи како да нема ништо пологично на светот, нели?

За жал, во бугарската политика сѐ уште не се нашол јунак што би се осмелил нештата да ги нарече со вистинско име и да го признае она што е очебијно: дека на нивната западна страна живее народ што се смета себеси за етнички засебен, кој зборува јазик што очебијно е различен од бугарскиот и дека фактот што тој народ минатото го поврзува со Бугарија (на начин на којшто меѓусебно се поврзани и десетици други земји во Европа) не значи дека тој народ нема право на сопствена иднина.

И за крај, да му одговорам и на оној мој македонски читател што веќе две седмици ме прозива како лажго затоа што наводно се повикувам на фалсификувани бугарски извори во тврдењето за етничката припадност на Јане Сандански. Драг читателе, не користам бугарски, туку директни извори - како што се на пример, мемоарските написи на американката Елен Стоун, којашто Јане лично го познавала. Кога не би си ја читале само својата литература и би ѕирнале што вели жената што осум месеци поминала со Јане и неговата чета, ем ти би увидел дека Сандански се изјаснувал како македонски Бугарин, ем бугарофилите би увиделе дека негов главен душман не бил турскиот аскер, туку врховистичките бугарски чети со кои на двапати во тие осум месеци имал оружена пресметка. И кога би продолжиле со читањето, би увиделе дека причината за пресметката не била ниту жени ниту фудбал, туку токму политичката иднина на Македонија.

Авторот е режисер и сценарист


Автор: Дарко Митревски

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22636
Без Ботев няма България
21-07-2012, 02:51 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Негативните оценки за Бугарија и Романија се последица од недостигот на демократија во тие земји

Негативните оценки за Бугарија и Романија во извештаите на Европската комисија се подледица на недостигот на демократија во тие земји, оцени професорот по историја од Лајпцишкиот универзитет Волфганг Хопкен.

Во анализата, објавена на веб страницата на германското радио Дојче веле, Хопкен нагласува дека тој недостиг се должи на фактот дека Бугарија и Романија имаат мало искуство во одржувањето на демократските системи.

Експертот по историја на Југоисточна Европа вели дека пред Втората светска војна двете земји биле лишени од стабилна демократска база, а потоа во нив се појавиле комунистичките режими, кои го продлабочиле проблемот, создавајќи недоверба кон јавните институции.

Според Хокпен по падот на Железната завеса недостигот на демократски традиции претставувало голема препрека за Бугарија и Романија. - Наивно е да се очекува итно воспоставување на демократски поредок, вели тој.

Во анализата на германското радио се цитира и Франц-Лотар Алтман, професор по меѓународни односи од Букурештскиот универзитет, кој посочува дека Романија и Бугарија имаат потреба од парламентарна култура и политичка дискусија.

- Зад сегашната ситуација се крие основниот концепт, дека мојот политички опонент е непријател, кој треба да биде поразен со сите средства, констатира Алтман.

Во анализата Хопкен сепак ги предупредува земјите од Западна Европа да не се поставуваат надмено кон нивните источни соседи, а Алтман напомена дека и западните демократии имале свои падови во минатото.

http://sitel.com.mk/dnevnik/balkan/negat...okratija-v
Без Ботев няма България
22-07-2012, 09:42 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Протест на измамени бугарски работници пред Амбасадата на Бугарија во Стокхолм

Околку 200 бугарски државјани кои допатувале во Шведска за да работат како берачи на ситно овошје, се собраа денеска пред зградата на Амбасадата на Бугарија во центарот на Стокхолм, барајќи помош за да се вратат дома.

Како што јавија шведските медиуми, околу 40-тина од демонстранитее кои немаат пари за ноќевање и враќање во Бугарија, престојуваат во еден автобус паркиран пред Амбасадата.

Медиумите објавуваат дека бугарските работници допатувале во Шведска откако им било ветено дека ќе работат како берачи на ситно овошје на плантажи во местото Јемтланд во северниот дел на земјата, но кога стигнале на посеченоата локација увиделе дека се измамени и биле препуштени самите да се снаоѓаат.

Извори во бугарската Амбасада во Столхолм изјавија дека овие работници биле измамени да дојдат во Шведска од страна на засега неидентификуван човек.

Дел од измамените Бугари успеале да се вратат во својата татковина, но оние кои немале пари за пат се решија на протест пред бугарската Амбасада.

Вработените во Амбасадата соопштија дека им обебзедуваат храна и вода на демонстрантите и најавија дека засилено работа за да обезбедат нивно враќање во Бугарија.

- Тие се сиромашни луѓе, но се надеваме дека нивните роднини и пријатели во Бугарија ќе можат да им пратат пари за да се вратат дома, изјави претставникот на Амбасдата, Татјана Петрова.

Шведските медиуми објавија дека дел од измамнените Бугари побарале помош од социјаните служби во градот Јоребо, но од таму биле упатни да се обратат до бугарската Амбасада.

Шведската полиција соопшти дека испитува дали овие бугарски работници се повзрани со еден 43-годишен државјанин на Бугарија, кој бил упасен во четвртокот под обвинение дека намамувал други Бугари да дојдат во Шведска, ветувајќи им дека ќе им обезбеди вработување и сместување за соодветен паричен наодмест.

http://sitel.com.mk/dnevnik/balkan/prote...o-stokholm
Без Ботев няма България
22-07-2012, 09:45 AM
Reply