Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Врховниот суд и' го одзеде детето на Спаска Митрова

За случајот на Спаска Митрова повторно се пишува и во бугарските медиуми, а се најавува и ангажирање експерт по меѓународно право


Љубиша Станковиќ


Гевгеличанката Спаска Митрова го изгуби старателството на нејзината петгодишна ќерка. Врховниот суд пресече во случајот и одлучи одгледувањето на девојчето да му го довери на нејзиниот татко Воислав Савиќ.

Од Врховниот суд потврдуваат дека е донесена конкретна одлука, но други детали не се соопштуваат. Сепак, неофицијално се дознава дека со пресудата, која наводно била донесена уште на 1 март оваа година, е прифатена ревизијата на тужителот и дека со неа пресудите на Основниот суд во Гевгелија и на Апелацискиот суд во Скопје се преиначуваат, а се прифаќа тужбеното барање на тужителот Воислав Савиќ. Според истите сознанија, измените се однесуваат токму во делот на чување, воспитување и издржување на малата Сузана Савиќ, односно дека таа му се доделува на нејзиниот татко.

Со оваа најнова одлука, Спаска Митрова е задолжена да плаќа одреден надомест за детето, а на нејзин товар одат и направените трошоци за постапката. Сето ова значи дека борбата на двајцата родители околу старателството врз петгодишното девојче е завршено.

„Можам и официјално да потврдам дека Врховниот суд донел одлука со која детето му е доверено на таткото. Одлуката на судот ја примив пред неколку дена, иако, колку што можам да се присетам во моментов, таа била донесена нешто порано“, изјави за „Утрински весник“, правниот застапник на Воислав Савиќ, гевгелискиот адвокат Васил Џигов.

Иако е рано за преземање натамошни чекори никој не исклучува правната битка да се пресели во судовите надвор од државава.

„Јас се' уште ја немам добиено одлуката на Врховниот суд, но од мојата странка сум информиран дека ја примила ревизијата. Токму од неа и разбрав за одлуката, но дали и какви чекори ќе се преземат не би сакал да говорам додека не разговарам со својот клиент,“ вели застапникот на Спаска Митрова, скопскиот адвокат Шпенд Деваја.

За одлуката, која несомнено е во спротивност со очекувањето на мајката, вчера се обидовме да разговараме и со Спаска Митрова, но таа не одговараше на нашите телефонски повици. Случаи на одредување старателство врз малолетно лице е сосема нормална појава во сите судови, но она што овој случај го прави посебен е тоа што Спаска Митрова се самопрогласи за Бугарка, а потоа обвини за нејзина репресија, на национална основа.

Со ваквите изјави Спаска Митрева го „интернационализира“ својот случај, а за неа најмногу се зазема Димитар Стојанов, од Национал-демократската партија. Токму овој европратеник, а за случајот на Спаска Митрова, во бугарските медиуми најавува средби со премиерот Бојко Борисов и со претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, Стојанов ќе побара правни механизми како „бугарската страна може да помогне во овој случај“. Тој најавува и ангажирање на експерт за меѓународно право, а се' со цел Спаска и нејзината ќерка да добијат политичко прибежиште во Бугарија или во некоја друга европска држава.


Статијата е прочитана 744 пати.

Испрати коментар

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E8BCFC1FB...C635FA30D8
Без Ботев няма България
20-06-2012, 03:57 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 19.06.2012, 16:41
ПИСМО
Тетин ми Душан



Тетин ми Душан, чии телесни останки се на софиските централни гробишта Орландовци, заедно со тетка ми Дара, сестра на татко ми Александар, има чуден и морничав пат, кој денес на современ македонски јазик се нарекува - СиВи (многу лингвистички напредна современа Македонија). Генетски, судбински и економски протерани, се загнале до Букурешт, Романија, бидејќи била држава на чија територија не стапнала нога османлиска, од причина што државата плаќала 400 години (!), сериозен надомест во суво злато и стотина машки дечиња до 7 години за јаничари (данок во крв) и така, секоја година 400 години на ред. Можеби затоа Букурешт имал углед и чест Мировниот договор да се потпише во него, како неосвоена европска престолнина. Арно ама, тетин ми Душан, гол, бос, неписмен, полуписмен, не разбереску-романеску и емигрира во Софија. Оние, Бугарите да ти зборуваат како него: вода било вода, хлеб да ти било леб, деца и на бугарски било деца, жена и на бугарски било жена и работа на бугарски било работа...

Тетин ми Душан се укотвил во срцето на Софија, на улица Цар Самуил (замислете!) кај ,,женскиот пазар“ и сите мои први братучеди по татко ми се родени софијанци. Ицето (Христо) има 80 години, има висок притисок и мала пензија, но живее во елитната софиска населба Лозенец, се вози со трамвај, тролеј и метро, бесплатно и војничкиот стаж (3 год.) му е земен како трудов стаж. Татко му, тетин ми Душан, беше чудо од човек: мало, слабо, ама луто човече со мустаќи. За време на комунизмот или како во Бугарија го нарекуваат-тоталитаризмот, постојано беше прогонуван од властите. Не, не си вообразувајте заради македонизмот. Не заради името. Душан да ти било српско име. И оние од режимот од него бараа да го смени, кое било, само не Душан. Да ти било на Цар Душан. А „у српско доба“ децата добивале српски имиња. Ќе дојде бугарско, децата добивале бугарски имиња - Асен, Борис, Пламен... Син ми, кој денес има 39 години и се вика Александар, по татко ми Александар и дедо ми Александар (тестот). Тие, пак, крстени по ,,краљ Александар“ кога го утепале ,,у Марсеј“ сите новородени машки глави станале Александар. За разлика од нашите антички браќа (Егејците) овие овде, во Вардарска Бановина, не чуле дека има друг Александар, освен ,,краљ Александар“. Тетин ми починал истата година кога починал и Петко Лисковски, кој чесно служел турски аскер, на зрела 30-годишна возраст, српски војник на зрела 33-годишна возраст и уште позрела 36-годишна возраст бил бугарски војник. Безмалку што не бил во Kамбодза и Виетнам. Но ете, немал касмет или намера и партизан да стане. Ама до 1970 уживал во Народна Република Македонија. Две сосема спротивни и чудни македонски судбини, на тетин ми Душан и Петко од с. Добрешево. Петко сменил 3 униформи, тетин ми Душан, името никако. Дури и онаа информација, дека со 3 телеграми во ИСТ ДЕН селаните од Негорци, молеле 3 цара, да ги земат под закрила е зашеметувачки вистинита. Нема потреба од ДНK, Македонците се мултикултурна нација. Сечија култура и круна им прилега. Од Аминта 3 до ,,краљ Александар“. Прво одење во Софија, ќе одам на Орландовци, кај тетин ми Душан, на поклонение. Ќе му однесам и малку земја, во малечко тегличе од мајонез, од денешна Македонија, да му тежи Македонија. Му прилега иако на крстот му пишува Душан, лесна му земја!

П.С. Морам да признаам дека ваква ДНK-анализа на македонскиот ,,карактер“ со брилијантна точност, неопислива одвратност, на многу разузнавачки служби им требаат децении макотрпни истражувања за да влезат во длабочините на карактерот на една нација, народ или човек. Против кого и кон кого пукал војникот Лисковски Петко од 1910 до 1912 како турски аскер? Против кого и кон кого пукал српскиот војник Лисковиќ Петко од 1914 до 1915 година. А кај кој непријател, настроил пушката си Лисков Петко од 1916 до 1918, а?

Му здосадило од пушки и не отишол во партизани или бил од другата страна? Тоа што не можел сам да го постигне Лисковски Петко, можело цело село Негорци. Трипати во една недела побарале три различни царски круни. Ама царска круна на тиква - не личи. Не ме чудат повеќе многубројните странски државјанства на ,,многубројните“ Македонци. Видните претставници на сортата се викаат Даравелски, Тамбурковски и... Тетин Душане, тебе нема да те има на насловните страници ако јас не те споменам - со гордост.

Ангел Иванов, СкопJе
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...43E4955915

Симпатичан/или симптоматичен текст добре “вързан” с историческите текстове в същия този вестник на Бранко, Далибор, Михайло, Наташа /все хубави македонски имена/
Допуснато е обаче известно недоглеждане в текста на Ангел - на запад от Женския пазар са живеели само македонци май – това е било има-няма половин София и уви – по-голямата част от Орландовци...; но хайде – да кажем – потробности, детайли.
И дали чичко Ангел – авторът - този сборен – за мен – образ на свободолюбивия югославски космополит – си спомня за писмата, които се изпращаха от Македония до такива като тетин му Душан в София, с молба да не им пише повече, за да нямат проблеми в тогавашна /т.е. Титова/ Югославия ...
20-06-2012, 08:30 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Димитров: Македонија може да го избере името Бугарија

За разлика од Грција, Бугарија нема ништо против тие да земат било кое име кое го сакаат од нашето наследство. На пример, Македонија може да се вика Бугарија или Југозападна Бугарија и ние нема да имаме ништо против тоа, вели директорот на бугарскиот национален музеј.

Директорот на бугарскиот национален историски музеј, Божидар Димитров, дал свое мислење околу новото име кое може да го земе Македонија, по консензусот кој може да го постигне со официјална Атина но и во согласност со бугарската држава, јави порталот Албеу.

- За разлика од Грција, Бугарија нема ништо против тие да земат било кое име кое го сакаат од нашето наследство. На пример, Македонија може да се вика Бугарија или Југозападна Бугарија и ние нема да имаме ништо против тоа. Напротив ќе ракоплескаме и нема да речеме дека го посакуваат нашето наследство, изјавил Димитров за бугарската агенција Фокус.

Според него Македонија може да избере било кое име.

- Македонија може да избере име кое содржи топоним од Средновековието или античкиот период. Може да се вика Дарданија или Илирија или било кое друго име и да влезе во НАТО и во ЕУ - смета Димитров.

Вера Тодоровска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...31921AE369
Без Ботев няма България
20-06-2012, 05:01 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Влахов-Мицов: Со Бугарија не очекуваат уште поголеми проблеми

На притисоците од страна на Грција, македонската реакција е добра. Но сметам дека се потценуваат односите со Бугарија, бидејки Бугарија не е помалку опасна од Грција смета Стефан Влахов Мицов, поет од Бугарија, и поддржувач и промотор на македонското прашање во странство.

„Давањето на бугарски пасоши на македонски граѓани не е случајно и на таа работа Македонија треба да обрне посебно внимание, бидејки во еден момент тоа што сега се случува ќе има големо значење. Ќе кажат еве 50.000 Македонци сега се Бугари што ќе биде голем проблем. Мора да се изработи таква стратегија која во предвид ќе ги има и односите со Бугарија“, вели Влахов Мицов.

Според него Македонија треба да има појасна црвена линија во однос на прашањето за името не само кон Грција туку и кон Бугарија. Тој е на мислење дека на Македонија и престојат уште поголеми проблеми со Бугарија во иднина.

„Поголеми проблеми може да има особено кога е некој отворено против вас, Бугарите немаат конкретен став за ништо. Тие кажуваат ние ве поддржуваме за членство во ЕУ и НАТО, но велат мора да запазите одредени услови како што се добрососедските односи. Со секој кој не ви го кажува отворено својот став кон вас со него може да имате поголеми и потешки проблеми. Бугарите се однесуваат лицемерно кон Македонците“, вели Мицов.

Тој во Охрид учестуваше на Меѓународната научна конференција посветена на македонскиот јазик и неговото прашање

— ( отворено 254 пати )

http://www.time.mk/read/NONE/4d7cfd565a/index.html
Без Ботев няма България
20-06-2012, 05:51 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонија да се вика Дарданија или Илирија било безболно?!


Бугарскиот историчар Божидар Димитров уште еднаш се истакна со неговата смисла за хумор. За бугарската новинска агенција Фокус, Димитров вели дека спорот за името со Грција е прашање кое е многу лесно да се реши. Името на земјата не е важно, она што според Димитров било важно е содржината, кои луѓе живеат тука.

- Македонија би можела да избере име кое не ја вклучува Македонија, кое може да биде дел од античката или средновековната топонимија - може да се нарече Дарданија, Илирија или како што тие сакаат и да се приклучат на Европската унија и НАТО, бидејќи тоа е важно. Внатре во земјата, тие можат да се нарекуваат Македонци или како што сакаат, но тие (властите) упорно го чуваат тоа име, затоа што знаат дека ова е најсигурниот начин да не се приклучат на Европската унија и НАТО, вели Димитров.

Бугарскиот историчар предупредува дека Софија во никој случај не смее да се согласи со украдената историја од страна на Македонија. Бугарија имала дилема дали Македонија воопшто е подготвена да влезе во ЕУ. Вели дека владејачката политичка елита во земјава не сака да се приклучи, бидејќи веруваат дека македонизмот како државна појава внатре со строгите стандарди на Европската унија ќе пропадне многу брзо и тие ќе ја изгубат власта и нема да можеле да крадат како порано - отворено и без мониторинг. Димитров ја посочува и изјавата на премиерот Бојко Борисов кој вели дека и покрај поддршката од Бугарија за Македонија на секое поле, Скопје продолжува да игра нечисто, поради што Софија ќе биде построга кон земјава во однос на ЕУ. (В.С.)


Stojko Moj od DRV, 21.06.2012 02:05:16
Nekolku pati sum pisuval deka ;Grckiot problem i da se sovlada ,Bugarskiot e potezok,a na krajot problemot so Albanskiot Nacion e nepremostiv,i toa e krajot na ova Makedonsko bitisuvane!
21.06.2012 02:05 | (5) | Like

Mini, 21.06.2012 01:09:38
Ajde Gjorgji sardisan od site strani.Ne e makata samo od juznine,ova e ludilo od site cetiri strani so se Spasaka zaedno.


21.06.2012 01:09 | (5) | Like
nemanjici, 20.06.2012 23:40:21
tatarsko magare
20.06.2012 23:40 | (10) | Like

http://vecer.com.mk/?ItemID=A520310B5DB7...6A180BC7E1
Без Ботев няма България
21-06-2012, 12:08 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Спаска повторно ги скара Македонија и Бугарија


Пресудата на Врховниот суд во земјава да му го додели старателството на ќерката на Спаска Митрова на нејзиниот поранешен сопруг, македонскиот државјанин Воислав Савиќ, повторно ги разгоре бугарските страсти. Бугарскиот премиер Бојко Борисов за тамошните медиуми вели дека нема да ја коментираат одлуката на судот, но Бугарија ќе биде многу стриктна кога ќе се оценуваат критериумите за присоединување на земјава кон Европската унија.

- Не минува ниту ден или недела, а од Скопје да не примиме сигнал или некакво однесување какво бугарскиот народ најмалку заслужува. Нема да го поврзам овој случај со нашите односи со Македонија во контекст на европскиот сојуз, но ќе кажам дека Бугарија ќе биде исклучително стриктна кога ќе се оценуваат критериумите за членство. Знам што ќе кажат - најнезависниот суд решил така. Добро, не го коментираме решението. Но кога ќе дојде ред да го коментираме судскиот систем, ќе коментираме така како што ние ќе процениме. А ние ќе процениме дека тој треба да е независен, демократски, европски, толерантен и да ги штити интересите на сите граѓани. Ќе судиме според европските критериуми, се закани Борисов.

Бојко Борисов рече и дека поблизок и побратски народ од македонскиот на Балканот немаат и дека тоа го потврдиле со тоа што први ја признале македонската независност и ни помагале во се и сешто, но Скопје продолжува да игра нечисто.

Кога започна битката за старателство врз ќеркичката, гевгеличанката Спаска Митрова се почувствува и се регистрираше како Бугарка. Од тогаш тврди дека судовите ја потиснуваат заради нејзиното чувство и определба и затоа не и даваат старателство. Од Гевгелија замина да живее и работи во Благоевград. Во Македонија издржуваше затворска казна, бидејќи не му дозволувала на сопругот да го види девојчето. Митрова е причина за дипломатски скандал од 2009 година.

Врховен суд и ги одзема родителските права на Спаска Митрова и таа треба да ја предаде ќеркичката Сузана на поранешниот сопруг најдоцна за 2 недели. Овој судски процес почна пред 5 години и предизвика дипломатски скандал меѓу Македонија и Бугарија, па иако оваа одлука е конечна, медиумите вчера пишуваа дека бугарските власти веќе размислувале со кои правни механизми да и помогнат на Митрова, а веќе денес се огласи премиерот Борисов.

(В.С.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=C587A78D6E10...6117E4F431

Да не би в Македония да има регистрационен режим. Ако си българин да се регистрираш в общината, както в Америка , ако си педофил ти трябва регистрация
Без Ботев няма България
21-06-2012, 12:14 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија гради (анти)грчка позиција

Апсурдна е најавата од Бугарија за давање политички азил на Спаска Митрова бидејќи никој не дава азил на сопствена државјанка

Слободанка Јовановска


Драмата со Спаска Митрова се врати на голема врата во односите меѓу Македонија и Бугарија. Освен заканите од Софија дека е можно Митрова да добие политички азил во оваа соседна држава, што е апсурд кога веќе има бугарски пасош и тамошно државјанство (кој дава политички азил на свои граѓани!), стигна и најава дека е можно случајот да заврши во Судот за човекови права во Стразбур, каде што во најголема мера и се води дипломатската борба за споровите на релација Бугарија и Македонија.

Откако бугарскиот премиер Бојко Борисов се прогласи за компетентен да решава во чии раце ќе биде подобра иднината на едно дете и кој родител треба да ја добие битката, Стразбур изгледа како најпосакувано решение за маглата што бугарската политичка елита ја шири последните години, а со цел што им е јасна на сите - да направи случај за ставање вето на Македонија во ЕУ. Проблемот е што, и според оцена на Божидар Димитров, Македонија не се брза којзнае колку за прием во Унијата, па ваквите закани се' уште стигаат со половина уста, додека евроинтеграцијата не стане сериозна опција на некоја идна македонска гарнитура.

Нова ли е оваа бугарска политика или само одново спакувана, има ли драма или само политички фолклор во односите на Македонија и Бугарија и зошто Софија го спори името што прва го призна, спорејќи го идниот договор меѓу нашата држава и Грција? Впечаток е дека за овие дилеми има големо разногласие, пред се' бидејќи тезите врз кои Софија го гради ветото против Македонија се толку застарени за современа Европа, што и самите си ставаат сопки во однос на она што сакаат да го постигнат, а сите заедно паѓаат во вода со едно барање за реципроцитет.

Според Ѓорѓи Спасов, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија, изјавата на Бојко Борисов за неприфаќањето на името Северна Македонија ќе се сметаше за голем успех на нашата дипломатија ако во него замешал прсти и нашиот амбасадор таму. Таа изјава, според него не и' штети, туку напротив и' помага на Македонија во докажувањето колку е апсурден спорот за името, па треба да и' се даде публицитет. Според него, исто како и во Македонија, и во Бугарија политичкиот естаблишмент кога има внатрешни проблеми посочува на надворешни непријатели, како сега наводните можни територијални претензии од нашата држава.

„Ова е дел од традиционалниот политички фолклор. Нема никаква драма меѓу двете земји. Од самиот почеток Бугарија е заинтересирана Македонија што побргу да стане членка на НАТО и на ЕУ и целата политика е насочена кон тоа. Така ќе биде поголема шансата нашата држава да се отргне од влијанието на Србија и повеќе да се интегрира со Бугарија“, смета Спасов. Сепак, и тој оценува дека внатре во Бугарија се засилува тезата дека треба да се искористи нејзиното членство во ЕУ за остварување на интересите кон Македонија, а еден од нејзините приврзаници е и премиерот Бојко Борисов, чија изјава требаше да ги задоволи токму овие очекувања.

Се наоѓа ли Софија изневерена од македонското барање на античките корени кое не' оддалечува од заедничкото словенско потекло? Според Спасов, реално да, бидејќи тоа е негирање на она што тие го нарекуваат бугарска национална свест во Македонија.

За ексминистерот Слободан Чашуле, нема нов тон во обраќањето на Софија кон Скопје и очекувањата се, како ќе се приближува Македонија кон ЕУ, така Бугарија да ги згуснува своите барања, т.е. претензии. „Не ме изненадува што ја користат секоја пригода да ги лансираат претензиите кои немаат основа како вредност на Европа.

Тие веќе изградија нешто налик на грчката позиција и тоа со сета сила ќе се покаже на прагот на решението на спорот за името“, предупредува Чашуле, додавајќи дека не верува дека оваа бугарска елита на власт ќе си дозволи да ја пропушти таа шанса.

„Не велиме дека Бугарите се фашисти, но нивната фашистичка политичка елита беше кај нас. Тие беа окупатори. Немам ништо против заеднички да славиме празници, да ги чуваме нивните гробови, но претходно нивниот претседател треба да дојде во Прилеп, Ваташа и Музејот на холокаустот и да се извини за жртвите“, порача тој, посочувајќи го како пример искуството на Барак Обама неодамна, кој мораше дури и за јазички лапсус да и' се извини на Полска за тема од војната.

Интересно е што дури и во Бугарија нема ист став за „гревовите“ на Македонија, кои ја прават Софија толку навредена. Минатата недела Красимир Каракачанов, инаку најгласен околу ова прашање, оцени дека Софија, всушност, нема што да коментира околу спорот за името бидејќи прва ја призна Македонија под уставното име. Вистински проблем со нашата држава, според него, не е името, туку обидите на пројугословенски и просрпски кругови да ја потхрануваат антибугарската политика во нашата држава. Димитар Бечев од Европскиот совет за надворешна политика пак оценил дека ниту Македонија има територијални претензии кон Бугарија, ниту обратно.

По скандирањата „Бугари“ пред Советот на град Скопје околу одлуката за именување на улица според Тодор Александров, Софија повторно порача дека и' е повредено националното достоинство, а еден од пратениците за време на расправа во парламентот побара да се испрати Христо Стоичков за амбасадор во нашата земја - бидејќи е веројатно единствениот што нема да биде избркан од церемонијата на полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Спасов смета дека, и покрај сите овие случувања, односите меѓу Македонија и Бугарија се добри, а изненадување ќе биде само ако излезе Борисов и надвор од овој политички фолклор каже дека меѓу двете земји нема проблеми.

Најдобра илустрација за тоа е Божидар Димитров, кој со секоја своја наредна изјава се обидува да биде што е можно понавредлив кон Македонија, а медиумите таму го пренесуваат иако не е веќе релевантен како политичка фигура ни во сопствената држава.

Деновиве тој порача дека спорот за името може да се реши многу лесно, и дека името не е ни важно, па може и да не го вклучи зборот Македонија, да биде Дарданија, Илирија или слично, само да и' отвори пат на Македонија да влезе во ЕУ. (С.Ј)

Бидете внимателни - Софија нема црвена линија!

Охрид - „Бидете особено внимателни со Бугарите. Тие немаат дефинирано своја црвена линија. Затоа мора да се изработи посебна стратегија и да се обрне особено внимание на односите со Бугарија. Тоа што Македонци земаат бугарски пасоши не е мала работа“, порача вчера од Охрид универзитетскиот професор и писател од Бугарија Стефан Влахов-Мицов. Тој говореше на отворањето на Меѓународната научна конференција за македонски јазик, која е дел од Семинарот за македонски јазик, литература и култура.

„Со Грците, Македонија има црвена линија, но со Бугарите нема. Поголеми проблеми може да има, зашто кога некој е отворенo против вас со сите ставови, вие знаете како ќе реагира. Тука во Македонија секој знае како ќе реагира Грција. Со такви можеш да кажеш - мојата црвена линија е дотука. Со Бугарите не можете така, зашто тие немаат јасен став“, порача Влахов.

Неговото укажување доаѓа само на еден ден откако бугарскиот премиер Бојко Борисов ја искористи судската разврска со гевгеличанката Митрова да порача дека официјална Софија ќе ги испорача ставовите и забелешките за судството во Македонија. (В.М.)

Статијата е прочитана 3093 пати.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...07D81491C7
Без Ботев няма България
21-06-2012, 04:54 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

НауЧна конференциЈа за македонски Јазик во Охрид

Македонија да постави црвени линии со Бугарија


Повеќе од 60 години го напаѓаат од сите страни, го негираат многу земји и нации, но тој издржа и продолжува да се развива, смета Шешкен од Универзитетот во Москва

Македонија треба да постави црвени линии со Бугарија во однос на негирањето на македонскиот јазик и идентитет, смета Стефан Влахов Мицов, универзитетски професор, историчар, писател и публицист од Софија, Бугарија, и член на Друштвото за бугарско-македонско пријателство. Тој учествува на Меѓународна научна конференција за македонски јазик, која вчера почна во Охрид.

- Мислам дека малку се потценува односот што Бугарија го има спрема македонскиот јазик, а таа не е помалку опасна од Грција, во однос и на јазикот и на идентитетот. Сега Бугарија нема став, односно на некој начин го премолчува сето тоа, но сметам дека Македонија треба да ги има предвид односите со Бугарија токму по ова прашање, бидејќи во иднина тоа ќе има многу големо значење и би можело да предизвика тешки проблеми - вели Мицов.

Со сите сили и средства треба да продолжиме да го браниме и чуваме македонскиот јазик, а оние што зборуваат македонски се единствените чувари на неговата иднина и опстанок, сметаат македонистите кои учествуваат на конференцијата. Иако македонскиот јазик е мал според бројот на тие што го зборуваат, тој е многу голем и ценет од лингвистите, за што главен доказ се големиот број странски научни работници кои прават истражувања од областа на јазикот неговата литература и историја, сметаат тие.

- Македонскиот јазик, за мене, како предмет е многу интересен и уникатен во целиот словенски контекст, особено во балкански контекст. Тоа е јазик што е потврден со својата кодификација, своите граматики, своите речници и заслужува почит од другите земји - вели Наталија Бороникова, доцент од Државниот универзитет во Перм, Русија.

Таа нагласи дека од година на година во Русија има с` поголем интерес кај студентите за изучување на македонскиот јазик и дека се проучува во четири универзитетски центри.

Ала Шешкин, професор по македонска литература на Државниот универзитет во Москва, смета дека Македонија не треба да се плаши од негирањето на јазикот од страна на други земји.

- Повеќе од 60 години го напаѓаат од сите страни, го негираат многу земји и нации, но тој издржа и продолжува да се развива. Ако ја споредиме македонската литература од почетокот на 50-тите години, може да видиме колку големи препреки поминал јазикот. Сите што зборуваат македонски се чувари на неговата иднина - смета Шешкен.

Директорот на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Максим Kаранфиловски, вели дека ваквите научни собири се најдобар одговор на сите напади врз македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

На конференцијата, на која се зборуваше на темите ,,Македонскиот јазик наспроти другите јазици„ и ,,Творештвото на Гане Тодоровски“, учествуваа околу 80 странски и македонски македонисти, слависти и балканисти.

По завршувањето на научната конференција, утре ќе почне Летната школа на Семинарот, со над 100 ученици од 20 земји.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E06F3D...B344198EA2
Без Ботев няма България
21-06-2012, 04:56 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

20.06.2012, 18:03
Софиската филхармонија вечерва го отвора „Скопско лето“

На свеченото отворање му претходи изложба на цртежи на автори од Скопје, Ниш и од Софија

Тина Иванова

На Светскиот ден на музиката и првиот ден на летото, 21 јуни, следејќи ја традицијата, почнува и годинашното 33. издание на културната манифестација „Скопско лето“. Свеченото отворање вечерва ќе се случи во Македонската опера и балет, кога во 21 часот концерт ќе одржи Софиската филхармонија под диригентство на нашиот Борјан Цанев. Како солист ќе се претстави виолинистката Ана Кондратенко, а на програмата се дела од бугарски и македонски композитори - „’Рченица“ од суитата „Тракијски танци“ од Петко Стајнов и Македонски танц бр. 3 од Александар Лековски, потоа Седмата симфонија од Бетовен, како и Концертот за виолина и оркестар во а-мол од Александар Глазунов. Софиската филхармонија досега гостувала неколку пати во Македонија во полн состав. Овој пат, оркестарот досаѓа со свои 70 членови. Софиската филхармонија е најстариот и најголемиот бугарски симфониски оркестар кој се стекна со признание на водечка институција во музичкиот живот на земјата. Виолинистката Ана Кондратенко, на вчерашниот прес истакна дека за неа е голема чест што вечерва ќе настапи на отворањето на „Скопско лето“, особено со оркестар каков што е Софиската филхармонија. „Пробата која што завчера ја одржавме во Софија помина одлично, па се надевам дека вечерва ќе се претставиме во исто такво светло.“

На вечерашното свечено отворање му претходи изложба на цртежи под наслов „Поврзувања - Скопје, Ниш, Софија“, која ќе биде поставена во Културно-информативниот центар од 20 часот. Изложбата опфаќа дела од 15 уметници од Македонија, Србија и Бугарија, поточно по пет учесници од секоја земја. Изборот на уметниците се базира врз нивниот интерес за цртежот како автономна категорија.

Годинашното „Скопско лето“ кое, како што рече неговиот директор, Мирко Стефановски, е неизбришлива трага за културното живеење на Скопје, носи 65 програми од областа на музиката, сликарството, театарот, филмот.

„Програмите се обидовме да ги конципираме во согласност со потребите на градот. Ќе претставиме преку 26 меѓународни концерти на преку 20 локации, односно на сите оние места кои ги етаблиравме, а сакавме да го доближиме и културниот живот на регионот. Затоа, ќе имаме програми од Србија, Хрватска, Босна, Романија, Унгарија, потоа и од Централниот дел на Европа, од Германија, Шпанија, Данска, како и од прекуокеанските земји, Канада и Австралија“, рече Стефановски.

Веќе следниот ден, во петок, концерт ќе имаат солистите од оркестарот на Македонската опера и балет. Директорот на Македонската опера, Александар Котевски, рече дека покрај тоа што оваа институција традиционално ја продолжува соработката со „Скопско лето“, овој пат ќе понуди нешто поинакво. „Решивме да избегаме од стандардните граници на Операта, па затоа направивме концерт на кој ќе свират музичари од оркестарот како солисти, кои ги избравме по пат на аудиција. Намерата ни беше да покажеме дека имаме и добри музичари од оркестарот, а не само оперски солисти.“

Во петок се отвора и Меѓународниот фолклорен студентски фестивал - АКУД „Мирче Ацев“, кој е формиран во 1967 година. Тоа е фестивал на солидарноста кој им се заблагодарува на земјите кои му помогнаа на Скопје по земјотресот во 1963. Програмата на овој фестивал годинава ќе се реализира во повеќе градови.

Во рамките на „Скопско лето“ концерт ќе имаат и учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, кој директорот, Јован Боцевски, го најавува како несекојдневен. „Голема чест е за нас што и ДМБУЦ ’Илија Николовски-Луј‘ ќе се вклучи во програмата на ’Скопско лето‘. Концертот е мошне впечатлив. Ние сме училиште за класична музика, но овој пат решивме да понудиме поинаква програма, да вклучиме и рок-елементи. На сцената ќе има 120 музичари, како и рок-бенд“, рече Боцевски.

Од театарските проекти, на вчерашниот прес беше издвоено гостувањето на Прилепскиот театар кој изминатава година се закити со бројни меѓународни награди. Стојан Дамчески, неговиот директор, рече дека Прилепскиот театар, кој во Скопје ќе ги изведе „Антица“ на Ристо Крле, во режија на Бранко Брезовац и „Змејовата невеста“ на Димитар Молеров, во режија на Нела Витошевиќ, е едно од врвните театарски збиднувања не само во Македонија, туку и пошироко, со оглед на тоа како поминува на престижните меѓународни фестивали.

„Скопско лето“, до 31 јули, односно до крајот на своето годинашно патување, чиј организатор е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје,

ќе понуди бројни настани, меѓу нив и театарските претстави „Грев или шприцер“, „Еколошка бајка“, „Празен град“, премиерата на „Госпоѓица Јулија“, потоа концерти на повеќе ансамбли на народни игри и песни, на оркестарот „Маракеш“ од Дрезден, на музичарот Васко Серафимов кој наедно ќе го промовира и својот најнов компакт диск, концерт на новата македонска група „Кабадајас“, на пијанистките Јасна Аврамовска и Славица Мицевска, на групата „Фабула Раза“ од Унгарија итн., а ќе бидат поставени и неколку македонски и странски изложби. И годинава е содржана традиционалната манифестација „Кафе кино“ која ќе се одржува во Забавниот парк „Луна“.

„Скопско лето“ завршува со концертот „Симфони“ на групата „Леб и Сол“ и „Jeunesses moving orchestra“, под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар. Клавијатуристот и композиторот Кокан Димушевски, вели дека „Леб и Сол“ ќе понуди една поинаква визија. „Дојде време да покажеме едно ново ниво, со камерен оркестар составен од 20 гудачи и 10 дувачи и ние како бенд. Концертот ќе биде интересен, но засега е рано да ги откриеме сите детали“, рече Димушевски.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...0950FD067A

21.06.2012, 17:26
Наградени вината на „Тиквеш“

Пет вина на винарската визба „Тиквеш“ добија медали на првиот Балкански интернационален вински натпревар што се одржа во Софија, Бугарија.

Со златен медал се закити црвеното вино „барово“ од бербата 2010. Со сребрен медал беше наградено белото вино „бела вода“ од бербата 2011, а уште три вина „александрија куве“ бело, „александрија куве“ розе и „барово“ бело, сите од бербата 2011, добија бронзен медал.

„Горди сме на фактот што квалитетот на вината на ’Тиквеш‘ во континуитет се потврдува на сосема различни вински натпревари. Квалитетот е она што ја гради довербата кај потрошувачите“, изјави Игор Илиевски, генерален директор на Винарската визба „Тиквеш“. (Ек.Р.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...338716113A
22-06-2012, 07:11 AM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35

Источниот сосед воведува нови правила за државјанство
Прво тестирање, па бугарски пасош


Македонците и бесарапските Бугари, како и сите останати што сакаат да добијат бугарско државјанство натурализација во иднина ќе мора да полагаат испит за познавање на бугарскиот јазик. Оваа новина е воведена со измените во законот за бугарско државјанство кои добија зелено светло и од бугарската Влада.

Досега бугарски пасош можеше да земе речиси секој Македонец. Единствен услов беше да се откаже од македонското државјанство, да плати околу 1000 евра Glava_vo_zid и да причека на документот неколку месеци. Аусвајсот особено стана популарен откако нашиот источен сосед стана членка на ЕУ, па многумина во него гледаа единствено решение за своите егзистенцијални проблеми. Според официјалните податоци од бугарското МНР, вкупниот број на издадени бугарски пасоши за граѓани на Македонија до 2011 година изнесуваше 42.372, а само во првите четири месеци од годинава, државјанство добиле 2.264 Македонци.
- Завршив факултет и останав дома. Се распрашав и сфатив дека бугарските пасоши се единствено решение и дека само со него можам да најдам работа и да си обезбедам пристоен живот, по толку мачење, учење и труд. Подготвен сум да останам во Бугарија или со новиот пасош да заминам за Италија, вели еден од новопечените бугарски државјани.
Сепак, од испитот на бугарски јазик ќе бидат ослободени спортистите или лица кои добиваат бугарски пасош за заслуги кон државата, а полесен режим за добивање бугарски пасоши ќе имаат и инвеститорите.

Бугарија, за прв пат воведува и двојно државјанство, така што државјаните на земјите од ЕУ, Европскиот економски простор и Швајцарија, како и пола Бугарите, т.е лицата чијшто еден родител има бугарско потекло ќе можат да добиваат бугарско државјанство, без да се откажат од своето. Истото ќе важи и за државјаните од земјите со кои Бугарија има договори за реципроцитет, а тоа значи дека и другата држава нема да бара Бугарите да се откажат од своето државјанство.

http://vecer.mk/?ItemID=B7407B2A75D2B942...3EB268AEBA
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
22-06-2012, 01:44 PM
Website Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Туристите во Бугарија ќе ги обезбедуваат маскирани полицајци

Tурстите, кои ќе заминат на одмор на бугарското црноморско крајбрeжје можат да бидат спокојни, бидејќи за нивната безбедност ќе се грижат маскирани полицајци, чија униформа ќе биде составена само од костими за капење, пишува денеска романскиот весник „Евениментул зилеј“
Властите во Бугарија соопштија дека маскираните полицајци ќе работат во екипи од по двајца на плажите во одмаралиштата Златни Песоци и Свети Константин и Елена.

Весникот нагласува дека вниманието кое бугарските власти го посветуваат на обезбедувањето на плажите на Црното Море, може да биде пример за Романците.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNe...stant=6673
Без Ботев няма България
22-06-2012, 01:51 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

Чекајќи ја Атина, се разбуди Софија

Денеска во Софија ќе се одржи експертска конференција на тема „Каде оди Република Македонија?“, за која иницијатор е европратеникот Евгениј Кирилов. На дебатата ќе присуствуваат академикот Георги Марков, професорот Андреј Пантев (историчар) и уште неколку европратеници, академици и универзитетски професори.

Во врска со:

Показваме жълт картон на Македония, готвим и червения

Нека ние да не бъдем като гърците - да вдигаме направо червен картон, макар че македонците заслужават
...
Това води до една историческа диагноза - да бъде македонец по националност. Те са раздвоени - всяка сутрин си говорят в огледалото „Аз съм македонец. Аз мразя България", изтъкна акад. Георги Марков.
...
там да си македонец е въпрос на професия

---------------------

iavorski | 22.06.2012 15:53
Те са раздвоени - всяка сутрин си говорят в огледалото „Аз съм македонец. Аз мразя България", изтъкна акад. Георги Марков.

Тоя ми е интересно колко пъти е ходил в Македония.
Два-три пъти годишно ходя в Охрид и един човек не чух досега да каже нещо против българите, да ме изгледа накриво или да ми направи нещо на кола.
Виж в БГ ми се е случвало и кола да ми надерат, и да ме секат по софийските улици и какво ли още не.
А разликата ме жду официалната македонска политика и това какво мислят хората е огромна. Точно както е и при нас.
Let me hear you make decisions without your television.
(This post was last modified: 22-06-2012, 02:11 PM by Gnoj.)
22-06-2012, 02:09 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија даде жолт картон за Македонија, ни подготвува и црвен

На тркалезна маса „Каде се движи Република Македонија“ академици, интелектуалци и новинари од Бугарија дебатирале што земјава треба да преземе за да не добие и бугарска блокада на патот кон Европската унија, пренесува њуз.бг

По неколку жолти картони, во фудбалски жаргон, Бугарија на Македонија & подготвува црвен картон. Бугарскиот академик Георги Марков вели дека иако земјава заслужува црвен картон, не сакале да бидат како Грците и ова треба да се сфати како сериозно предупредување дека земјава мора да ги исполни европските стандарди. Ова било истакнато на тркалезната маса „Каде се движи Република Македонија“, пренесува њуз.бг.

„Да престанат со перење на мозоците на младите генерации преку фалсификување на историјата. Тоа води до една историска дијагноза - да се биде Македонец по националност. Младите секое утро си зборуваат во огледало - јас сум Македонец, ја мразам Бугарија“, истакна академик Марков.

Тој потсети дека македонската нација е создадена по Втората светска војна по рецепт на Титовата коминтерна и врз антибугарска основа. Тој советува дека на земјава & е потребен само еден споменик, а тоа е на Тито, таткото на македонската нација, како што вели Марков.

Историската лекција на Марков за Македонците продолжува преку совет имињата на Гоце Делчев, браќата Миладинови, Кирил и Методиј да се променат во историските читанки во македонски Бугари.
Според Марков, во Софија има повеќе Македонци отколку во Скопје и потсетува дека неговиот дедо тврдел дека ако Бугарија не ја изгубела војната, немало да постои македонска нација. Македонската власт е свесна за документите и за историските вистини, вели Марков. Тој додава дека во Македонија да си Македонец е прашање на професија - многу атрактивна за политичари и за академици.

Љубомир Иванов, поранешен претседател на Атланскиот клуб, вели дека Бугарија треба да го услови влезот на Македонија во Европската унија со две прашања.
„Прво, во македонските учебници по историја да се признае бугарското потекло на Самоил и на другите Бугари и второ, да се прекине дискриминирањето на Бугарите во македонскиот Устав“, дециден е Иванов.

Коста Филипов, поранешен дописник на Бугарската национална телевизија (БНТ), истакнал дека 45 години во земјава нема бугарски весници, а затворено е и дописничкото место на БНТ. Покрај тоа, и единственот обид за отворање книжарница во Скопје во која ќе се продава литература на бугарски јазик пропаднал по само една година.

„Така не се покажува интерес за Бугарите во Македонија“, вели Филипов.

Лидерот на ВМРО БНД, Красимир Каракачанов, искажа благодарност кон бугарките европратеници Евгени Кирилов, Станимир Илчев и Андреј Ковачев, кои водат активна бугарска политика кон Македонија.

http://www.time.mk/read/9d11c61863/e8e0b...index.html
На тркалезна маса Se_klanjam
Без Ботев няма България
22-06-2012, 04:39 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Чекајќи ја Атина, се разбуди Софија

нтеграциите




Дипломатските напори на МНР се насочени кон деблокирање на евроинтеграциите без решение на спорот за името за што постои распположение и во Брисел

МАКЕДОНИЈА ДО БРИСЕЛ ПРЕКУ ДВА ФРОНТА

По самитот на НАТО во Чикаго на кој Македонија повторно остана надвор од Алијансата и блокираните евроатлантски интеграции поради спорот за името со Грција, македонската дипломатија е насочена кон деблокада на процесот за приближување кон ЕУ без да се постигне конечен договор меѓу Скопје и Атина. Ваквата разврска како единствена опција на случајот со Македонија станува сѐ поизвесна откако на власт во Грција дојде конзервативецот Андонис Самарас, човек со тврди ставови за прашањето за името, со што сѐ појасно станува дека во скоро време речиси постои никаква можност за постигнување компромис. За оваа варијанта, како што дознава „Нова Македонија“ од високи извори во македонското министерство за надворешни работи, постоело расположение и во Брисел.

Можноста Грција да ѝ дозволи на Македонија да ги почне преговорите за влегување во Унијата без решен спор со тоа што ќе ѝ остане механизмот да нѐ блокира во процесот на преговори по поглавја, се смета за добра шанса и за Атина. Јужниот сосед, кој во моментов е преполн со внатрешни проблеми предизвикани од економската криза, на тој начин би покажал конструктивност пред европската јавност и се оценува дека така топката тогаш би ја префрлил во македонскиот двор, од каде што подоцна би се очекувал позитивен потег кон компромисно решение. За Македонија, пак, почеток на преговорите би било добар чекор, бидејќи со тоа ќе му се даде значаен поттик на запрениот процес на евроинтеграциите, но и на преговорите за разликите за името, а и ќе се зголеми довербата меѓу двете земји, нешто што се оценува дека во периодов најмногу недостига.

Со Самарас тешко

Почетокот на преговорите би бил позитивен сигнал, смета Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи.

- Прво, затоа што преговорите ги заслуживме, потоа ќе биде позитивно и за кредибилитетот на Европската комисија, која трипати по ред препорачува земјава да ги почне преговорите за членство, но и затоа што процесот ќе се помрдне од мртва точка, состојба што кај некои сегменти во општеството предизвика фрустрации - изјави Милошоски.

Од една страна, олеснителна околност за политички жешката атмосфера во Атина би можел да биде фактот што во владата за национален спас се сите покрупни партии освен левичарската СИРИЗА, која е и полиберална во однос на спорот за името. Тоа би значело дека доколку дозволи ЕУ да ѝ даде датум за почнување на преговорите за членство, грчката влада не би имала сериозна опозиција (освен нацистичката Златна зора), која одвај би чекала да ја растргне владата на националистички прашања.
Сепак, и покрај позитивните ефекти што се очекуваат од ваквата отстапка од Атина, изборот на Самарас за премиер на грчката влада не ветува многу.

- Самарас не е политичар од европски калибар. Тој нема визија за регионот и Европа. Тој е производ на внатрешниот грчки национализам граден преку процесот на образование. Јас не би бил изненаден ако тој и во овој момент покаже недостиг од визија - вели Милошоски.

Слично размислува и аналитичарот Јоргос Пападакис. И тој не очекува од Самарас желба за помрднување на процесот во кој Македонија е заглавена поради неговата земја.

- Самарас е тврд националист и секогаш ќе го користи спорот за името како внатрешно оружје во грчката јавност и општество. Тој се пофали и за континуитетот на неговите ставови, истакнувајќи дека истото тоа го зборувал од 1992 година до денес - вели Пападакис.

Тој смета дека, и доколку хипотетички дојде некој друг политичар кој не би имал толку цврсти ставови кон Македонија, грчката јавност не би можела да прифати таква отстапка.

- Грчките политичари ѝ презентираат на грчката јавност дека се цврсти во однос на спорот за името со Македонија. Иако решението за кое зборувате би било поелегантно за нив, сепак тоа во очите на грчката јавност би значело пораз за тамошните политичари - вели Пападакис.

Можноста за блокирање на речиси секое поглавје од процесот на преговори за пристапување кон Европската Унија ја искористи Словенија за својот сосед Хрватска поради спор околу меѓусебната граница. Идејата за деблокирање на добивањето датум за почнување на преговорите за влегувањето на земјава во ЕУ, пак, се појави во јавноста непосредно по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг дека Македонија е во право. Како порака до Атина дека се во врска со македонските евроатлантски интеграции не зависи од неа се толкуваше и дијалогот на високо ниво што државава го почна по идеја на бриселските дипломати. И германската канцеларка Ангела Меркел во февруари годинава по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски посочи дека треба да се почитува Привремената спогодба, нешто што се толкуваше како прозивка до официјална Атина, за која и судот во Хаг пресуди дека не ја почитувала спогодбата.

Бугарија ќе се нафрли врз судството и медиумите

Додека, од една страна, дипломати од Брисел притискаат врз Грција за Македонија наесен да добие датум за преговори, од друга страна се побуни Бугарија. Тамошни аналитичари предупредуваат дека поглавјата за судството и за медиумите се први со кои Бугарија може да спори за македонското влегување во ЕУ. По последната изјава на премиерот Бојко Борисов дека официјална Софија ќе ги испорача ставовите и забелешките за судството во Македонија, не стивнуваат дебатите во бугарската јавност. Внатре во Бугарија се засилува тезата дека треба да се искористи нејзиното членство во ЕУ за да се остварат интересите кон Македонија. Денеска во Софија ќе се одржи експертска конференција на тема „Каде оди Република Македонија?“, за која иницијатор е европратеникот Евгениј Кирилов.

На дебатата ќе присуствуваат академикот Георги Марков, професорот Андреј Пантев (историчар) и уште неколку европратеници, академици и универзитетски професори.

За бугарските историчари проблем е и тоа како е обработено македонското прашање во новата хрватска енциклопедија, објавена по повод 25 јуни, Денот на независноста на Хрватска. Историчарот Светлозар Елдров во интервју за агенцијата „Фокус“ вели дека „југословенското наследство продолжува да тежи и да ја менува историската вистина за македонското прашање“.

- Во статијата за Бугарија се зборува за македонско малцинство во пиринскиот крај, така е означено и на картата. Во редица други статии целата историја на Самуилова Бугарија, на бугарската преродба и на ВМРО е преиначена на штета на историската вистина и во корист на Скопје. Не чини да ги обвинуваме само хрватските историчари. Близу четири децении тие проблеми беа премолчувани и преиначувани и од бугарската историографија - вели Елдров.

Според Милошоски, толерирањето на една земја-членка преку неразумни спорови да ги попречува европските перспективи на други земји може да биде лоша препорака за другите земји-членки на Унијата да го применат тој принцип.

- Билатералните спорови треба да ја држат билатералната димензија и не треба да се европеизираат - вели Милошоски.

Изјавите на Бојко Борисов се редат еднаподруга. Прво дека Бугарија не го прифаќа името Северна Македонија. Потоа дипломатски објасни дека Бугарија ќе биде многу конкретна кога ќе се донесуваат критериумите за пристапување на Македонија кон ЕУ. Реагираа и кога се скандираше „Бугари“ пред Советот на Скопје во екот на расправата за преименување на улиците. Тогаш Софија порача дека ѝ е повредено националното достоинство.


Автор: Фросина Димеска / Сунчица Стојановска Зоксимовска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22611
Без Ботев няма България
22-06-2012, 04:45 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Димитров снима филм за геноцид на бугарите во Македонија

22.06.2012 - 16:12 |

Македонија

Контраверзниот бугарски историчар, Божидар Димитров, откри геноцид врз Бугарите наводно извршен од македонските власти меѓу 1944 до 1949.

За овие настани, а со посебен акцент на случувањата на скопското кале, Димитров ќе снимал филм. Идејата му била да се прикаже дека по втората светска војна, Македонија убила повеќе од 120.000 Бугари, што според неговите проеценки е најголемиот геноцид во поновата историја.

Така, Димитров ја разбира историјата и ги чита историскитѕе факти. Македонските историчари, пак велат дека оваа теза е класична небуилоза, која не заслужува коментар.

Во најавата на Димтров за снимање некаков филм, единствено препознаваат негов нов оибид да предизвика проблеми меѓу Македонија и Бугарија.

Филмот според контравезниот бугарски истортичар ќе имал документаристички пристап. Не му требале многу финансии, бидејќи неговата исторска архива била доволна за екранизација на ова дело.

Марјан Николовски

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/d...makedonija
Без Ботев няма България
22-06-2012, 04:50 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Нещо много станаха тия тежки и неразрешими дилеми...
Но нали за всички е ясно, че няма неразрешими проблеми между Македония и България...и няма да има.
Со поздрав - се е у ред...[/align]
22-06-2012, 06:55 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


БОЖИДАР ДИМИТРОВ СО НОВА НЕБУЛОЗА


Македонија извршила геноцид врз Бугарите?!



Македонските историчари велат Димитров не заслужува коментар


Контроверзниот бугарски историчар Божидар Димитров откри геноцид врз Бугарите, наводно извршен од македонските власти меѓу 1944 до 1949. За овие настани, а со посебен акцент на случувањата на скопското кале, Димитров ќе снимал филм. Идејата му била да се прикаже дека по Втората светска војна Македонија убила повеќе од 120.000 Бугари, што според неговите проценки е најголемиот геноцид во поновата историја. Димитров тврди дека сите учесници кои на скопското кале барале да се оди на Солун наместо на фронтот во Срем биле ликвидирани од едноставна причина, затоа што се Бугари.

Луѓето биле убиени затоа што се Бугари. Целта била да се убие целата интелектуална и политичка елита за да може да се создаде македонска нација, изјави Димитров.

Вечер: Господине Димитров, некако нема логика во вашата теза. Како тоа биле Бугари кога само шест месеци претходно истите луѓе и офицери ги ослободиле Скопје и Македонија, токму од бугарските власти?
Димитров: Па... тие биле убивани како вмровци, а тогаш вмровците биле Бугари.

Вечер: Но, вистината е дека биле ликвидирани, бидејќи не се согласувале со ставовите на комунистичката партија. И вие тоа го знаете, нели?
Димитров: Не! Не се убива за тоа. Не се убиени бидејќи не се согласувале со таа власт, туку затоа што биле Бугари!

Така, Божидар Димитров ја разбира историјата и ги чита историските факти. Македонските историчари, пак велат дека оваа теза е класична небулоза која не заслужува коментар. Во најавата на Димтров за снимање некаков филм, единствено препознаваат негов нов обид да предизвика проблеми меѓу Македонија и Бугарија.
- Од Божидар Димитров може да се очекува се и сешто. Неговите историски ставови и салтомортале ставови во историјата се познати и кај бугарските, но и кај македонските историчари, така што не вреди да му се дава преголемо значење. Тоа е човек, кој се обидува да прави проблеми меѓу Македонија и Бугарија. Историјата за случувањата на скопското кале се јасни. Има документи за тоа, така што нема што посебно да се коментира, вели Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја.

Филмот, според контроверзниот бугарски историчар, ќе имал документаристички пристап. Не му биле потребни многу финансии, бидејќи неговата историска архива била доволна за екранизација на ова дело.

Марјан НИКОЛОВСКИ

http://vecer.com.mk/?ItemID=53686D7367D6...71DE93792E
Без Ботев няма България
23-06-2012, 04:56 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Нов политички бисер на Божидар Димитров

Контроверзниот бугарски ексфункционер најави дека ќе снима филм за „геноцид на 120.000 Бугари во Македонија“ по 1944

Директорот на бугарскиот Национален историски музеј, Божидар Димитров, ќе прави нов филм посветен на „геноцидот на Бугарите во Македонија“ во периодот меѓу 1944 и 1949 година.

„Излезе дека знаеме многу повеќе за ерменскиот геноцид, за геноцидот на Евреите наречен холокауст; дознавме нешто за геноцидот на тракиските Бугари во 1913 година, но речиси ништо не знаеме за геноцидот врз Бугарите во првите години од таканаречената народна власт во поранешна Југославија“, изјавил Божидар Димитров за новинската агенција Фокус.

Според него, повеќе од 120.000 Бугари биле погодени од акциите на таканаречената народна власт во погоре споменатиот период. Бројот на населението на тогашна Народна Република Македонија изнесуваше 1,2-1,3 милиони луѓе, што значи дека тие сочинувале околу 10 отсто од населението. „Веднаш откако српските комунисти дојдоа на власт, имаше масовни убиства на припадници на бугарската интелектуална, воена, економска и политичка елита, која имаше лоша среќа да остане во Македонија, наместо да ја следи бугарската армија и да се повлече во Бугарија“, тврди Димитров.

„На пример, на скопското Кале околу 900 бугарски офицери, наредници и војници кои имаа македонско потекло и биле мобилизирани и останале во Македонија надевајќи се дека ќе го ослободат Солун, беа убиени. Мотото беше „Кон Солун, не кон Срем“. Наместо тоа им беше речено дека треба да се борат на Сремскиот фронт меѓу Југославија и Унгарија, против Германците. Оние кои го одбија тоа – и тоа беа два баталјона, 900 луѓе – беа убиени на најнасилен начин на скопското Кале“, изјавил Димитров. (Н.Р.)


Статијата е прочитана 146 пати.

Испрати коментар

http://utrinski.com.mk/?ItemID=A8914D06F...3B43D7FB0B
Без Ботев няма България
23-06-2012, 05:46 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Понеже някои мои македонски приятели от форума изглежда не си дават добре сметка какви стереотипи предрасъдъци владеят в Македония по отношение на България давам този линк към един друг форум , който топик за няколко часа генерира 1000 прегледи. Всяка втора дума е татарин , червена , жените им се ебат и нито един глас , барем един , който да напише нещо от рода - абе недейте така момчета . Колкото и някой да си мисли , че е основателно обиден има нещо което много мирише в тази работа

http://forum.kajgana.com/threads/%E2%80%...%B0.61616/
Без Ботев няма България
23-06-2012, 01:10 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Самарас има територијални претензии и кон Бугарија

Со тоа што повторно го врати Министерството за Македонија и за Тракија, новиот грчки премиер јасно укажува дека овие две области во северна Грција ќе имаат посебен третман. Според логиката на официјална Атина, која ни забележува дека со употребата на името Македонија имаме терито­ријални претензии кон Грција, Самарас пројавува аспирации кон Македонија и кон Бугарија




Истата година кога Павлос Мелас, еден од главните грчки вооружени пропагандисти против Македонците, го завршил военото училиште и ја почнал својата воена кариера, Италијанецот Виталиано Посели комбинирал различни архитектонски стилови за да ја изгради палатата во Солун позната како Резиденција.

Во таа зграда, изградена во 1891 година, дваесет години подоцна ќе се смести таканаречената Генерална администрација за Македонија, денес именувана како Министерство за Македонија и за Тракија. Односно, истото кое новиот грчки премиер Андонис Самарас завчера одлучи повторно да го стави во функција.
Со Министерството за Македонија и за Тракија ќе раководи солунецот Теодорос Караоглу, еден од оние кои жестоко го критикуваа поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу кога во 2009 година го укина ова министерство.

Одлуката на Самарас не е изненадување

Грчките медиуми јавуваат дека повторното оживување на министерството предизвикало позитивни реакции, особено меѓу Грците што од пред некоја година, по примерот на Константин Караманлис, се нарекуваат и Македонци, а кои живеат во тој дел од државата.
Павле Воскопулос е Македонец што живее во грчка северна Македонија, но не е од оние што на ваквата одлука гледаат позитивно. Членот на Виножито, партијата на Македонците во Грција, на возобновувањето на министерството гледа како на чекор преземен од националистички побуди.

- Основање вакви административни единици и министерства е обид на Грција да го засили грчкиот карактер во проблематичните региони. Грција си ја има мувата на капата. Ако не беше така, ќе немаше потреба да прави такви административни региони. Овие министерства не ги прават од економски причини, туку тргнуваат од националистички побуди - вели Воскопулос.
Според него, новата грчка влада ќе ја продолжи старо-новата политика кон Македонија.
- Нема реформа, нема прогрес во грчката национална идеологија. Треба чудо за нешто да се смени - додава Воскополус.

Враќањето на Министерството за Македонија и за Тракија не предизвика изненадување во Македонија, особено затоа што тоа е одлука на Самарас, познат по своите тврди ставови за разликите за името. Претставниците на владејачките партии се внимателни - велат да се почека, да се види курсот што ќе го заземе новата грчка влада.

Според Александар Спасеновски, пратеник од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, независно од историјата на политиката во однос на Македонија, на владата на Самарас треба да ѝ се остави простор за да се види во која насока планира да ги развива односите со Македонија.

- Што значи враќањето на Министерството за Македонија и за Тракија во голема мера ќе зависи од основните ставови што ќе ги има и ќе ги спроведува новиот грчки премиер. Природно е за политичарите да манифестираат позитивни очекувања во однос на развојот на македонско-грчките односи, иако изјавите за време на последната кампања, како и минатите политички потези на Самарас, можат да предизвикуваат сомневање во позитивен исход - изјави Спасеновски.

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз е дециден дека ваквиот потег на Самарас нема да влијае врз барањето решение за проблемот поради кој се блокирани македонските евроатлантски интеграции.

- Внатрешна работа на Грција е какви министерства ќе има и кого ќе постави за министри. Тоа нема да влијае врз спорот за името. Решението на спорот ќе зависи од политиката што грчката влада ќе ја води во иднина - вели Трајанов.
За разлика од власта, опозициските партии во овој потег на Самарас веднаш препознаа лош сигнал.

- Овој потег е очекуван од влада предводена од Нова демократија и покажува уште еднаш колку Македонија загуби што не беше поактивна кога Папандреу беше премиер - изјави Радмила Шекеринска, пратеничка од СДСМ.

Лош сигнал за преговорите

Слично размислува и опозиционерот Тито Петковски.
- За мене тоа не е ништо ново кога станува збор за Самарас, кој останува доследен на своите ставови. Тој е еден од грчките политичари со најригидни ставови во однос на македонското прашање. Дефинитивно лош сигнал за нас. Ова е директна провокација за Македонија, тука нема дилема - вели Петковски.

Официјална Атина постојано тврди дека со користењето на уставното име Македонија покажува територијални претензии кон нив. Доколку таквите тврдења на јужниот сосед ги пресликаме на овој случај, тогаш дали може да се смета дека со возобновување на Министерството за Македонија и за Тракија Грците покажуваат територијални претензии кон нас?

Според професорот Јове Кекеновски, со повторното враќање на министерството, новиот грчки премиер испраќа сериозен сигнал за разговорите за името.
- Факт е дека по ова нема да се интензивираат преговорите, барем во првите шест месеци или една година. Ова е уште еден индиректен доказ дека Грција нема да дозволи името Македонија да биде содржано во евентуално новото компромисно име.

Со тоа што институционализира посебно министерство за северна Грција, Самарас јасно укажува дека овие две области ќе имаат посебен третман во неговите политики - вели Кекеновски.

Министерството за Македонија и за Тракија го укина Папандреу во 2009 година, при формирањето на новиот кабинет. Тој го скрати бројот на министерства од 16 на 14. Токму укинувањето на ова министерство се сметаше за најголемо изненадување. Социјалистот одлучи понатаму тоа да продолжи да функционира како секретаријат во рамките на Министерството за внатрешни работи.

Посебна единица што би се грижела за тој дел од територијата на Грција е формирана уште во 1912 година и се викала Генерална администрација за Македонија. Тоа име го носела сѐ до педесеттите години на минатиот век, кога била преименувана во Министерство за северна Грција. Третата промена на името е три години пред осамостојувањето на Македонија, кога Атина одлучи да го преименува во Министерство за Македонија и за Тракија.
Во описот на надлежностите стои дека ова министерство е одговорно за спроведување на владините политики во Македонија и во Тракија. Исто така, собира информации за заедниците што потпаѓаат под негова јурисдикција, предлага и дискутира за закони и политики што се однесуваат на овој регион.



Автор: Фросина Димеска и Сунчица Стојановска -Зоксимовска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22612
Без Ботев няма България
23-06-2012, 01:17 PM
Reply