Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ СМЕЕ МВР ДА ОДГОВОРИ НА ВАКОВ НАЧИН
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Сведоштво на убиството на Мартин


Покана за јавна трибина

ноември 9, 2011

Во име на Движењето против полициската бруталност, имаме за чест да Вепоканиме на првата јавна трибина, на тема Преку граѓански активизм и реформана Министерството за внатрешни работи до подобро општество.

Целта на организирањето на оваа јавна трибина е да ги анализира и
дебатира последните случувања во јавноста, позитивните и негативни страни кои доведоа до првите посериозни граѓански протести и барања за реформи во Македонската полиција, и поголемо почитување на човековите права. Начинот на изразување на револт кај младите и брањата за промени во системот, се дел од
прашањата кои ќе ги поставиме при дебатирањето.
Во самиот концеп на јавно дебатирање, предвидено е да се обратат различни чинители и експерти, блиски до темата.
Настанот ќе се оддржи во ГЕМ Клубот (во старата чаршија) на 10-ти ноември, со почеток од 18:00часот.
Сметаме дека организирањето на ваква дебата е од полза и за понатамошното интегрирање на нашата држава во Европскота унија, со оглед на препораките кои ги добиваме во неколку последователни извештаи на Европската комисија, за напредокот на нашата држава кон пристапувањето во ЕУ, а се однесуваат на
работата на полицијата, почитувањето на човековите права, транспарентноста и зголемувањето на сигурноста и безбедноста на граѓаните.

Агенда:
18:00-18:15 Вовед: Тамара Атанасоска – претставник од Движењето „Стоп за
полициска бруталност“
18:15-18:30 Гордана Јанкуловска – Министер за внатрешни работи |tbc|

18:30-18:45 Трипун Танушески Заменик народен правобранител на Република
Македонија
18:45-19:00 Мирјана Најчевска – професор и активист за човекови права
19:00-19:15 Гордан Калајџиев – професор и претседател на Македонскиот
Хелсиншки комитет
19:30-20:00 Дебата

[Image: pokana-финална.jpg]



Quote:Одговор од МВР на поканата за јавна трибина

ноември 10, 2011

Предмет: Одговор

Почитувани,

Вашиот допис би сакале да го сфатиме како оградување од досегашните протести и невистинитите обвинувања, навреди и клевети, бидејќи се сомневаме дека некој би сакал да седи на иста маса со „убијци“ или „џелати“. Сепак вистинското оградување од омаловажувањата и неоснованите квалификации би требало да биде во најмала рака во форма на јавно извинување и благодарност до сите „тигри“ или „алфи“ кои се жртвуваа во „Планинска бура“, кој беа убиени кај ПМФ и кои учествуваа во безброј акции за заштита на нашата безбедност.

Министерството за внатреешни работи, го виде јавниот повик на Бранко Црвенковски за мобилизирање на сите невладини организации и „независни“ интелектуалци против демократски изразената воља на граѓаните кои по шести пат на избори својата поддршка ја даваат за опцијата која сметаат дека им нуди подобра иднина. Свесни сме дека безидејноста и катастрофалните резултати зад себе, може да доведат до уште поголем очај, но тоа нам не ни дава право да бидеме дел од ничии сценарија.

Министерството за внатрешни работи ќе остане отворено и ќе продолжи да работи во служба на граѓаните. Во рамки на определбата за транспарентност и отчетност во работењето, како што знаете, за прв пат организиравме отворен ден на кој сите граѓани можеа да се информираат и да ги изнесат своите сугестии и мислења околу полициското работење. Ви благодариме за вашиот интерес во врска со проектот „Отворен ден“ и сите ваши сугестии и мислења сериозно ќе бидат разгледани.

[Image: snapshot1-297x300.png]
10-11-2011, 06:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Ваков одговор може да напише само човек кој сака да му наштети на угледот на МВР или пак тоа е поимањето за непартиската функција на МВР.
10-11-2011, 06:22 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#3

Ама тие си победиле на избори, а со тоа го добиле и МВР. Се друго е само масло на Брисел, кок сака да ги нападне нашите институции и така да му попречат на Груевски во извршување на патриотски должности.


П.С. Гордано, несреќо, не се кри позади убиени полицајци, грев е вашите грешки да ги правдате со нив. Оставете ги да почиваат во мир, не ги користите како штит кој треба да ве брани од вашите глупости.

10-11-2011, 11:37 PM
Reply
Nikola Jelovac Offline
Member
***

Posts: 56
Joined: Jul 2011
Reputation: 0
#4

(10-11-2011, 11:37 PM)acko Wrote: П.С. Гордано, несреќо, не се кри позади убиени полицајци, грев е вашите грешки да ги правдате со нив. Оставете ги да почиваат во мир, не ги користите како штит кој треба да ве брани од вашите глупости.

Se_klanjam Bravo
11-11-2011, 01:39 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#5

МВР е јавна агенција која треба да ни ја гарантира безбедноста на улицата, но и безбедноста на сите граѓани,како и функционирањето на правната држава.
Со нерасчистувањето на убиството на Мартин Нешковски,но и одбивањето на Министерката Гордана Јанкуловска да излезе во јавноста и да ја презентира вистинската алика за самиот настанот.
Со оваа министерката Гордана Јанкуловска прво покажува ниска професионалност но и отворено и јавно укажува дека сака да е автократка,не демократка.
Ваквиот истап,како прво го намалува угледот на полицијата,но и таа станува соучесник во злосторството,во овој случај да се заташка целиот случај.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
11-11-2011, 03:27 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#6

предмет - одговор ??? :-)))

ни што е, ни што бил муабетот. ни кој прашал, ни кој одговорил. ни што било прашањето !?

има ли врска муабетов со Мартин или не???

каков е тој одговор на „Покана за јавна трибина“ кога во „Агенда“ ја има Горде?


пс - барем дајте основна информација: кој и кога на што и како. па да трегне муабетот...
(This post was last modified: 17-11-2011, 08:09 AM by toni_a.)
17-11-2011, 08:05 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#7

(17-11-2011, 08:05 AM)toni_a Wrote: предмет - одговор ??? :-)))

ни што е, ни што бил муабетот. ни кој прашал, ни кој одговорил. ни што било прашањето !?

има ли врска муабетов со Мартин или не???

каков е тој одговор на „Покана за јавна трибина“ кога во „Агенда“ ја има Горде?


пс - барем дајте основна информација: кој и кога на што и како. па да трегне муабетот...
Тони_а,без разлика на се сепак односот на Грујо,Гордана спрема смрта на Мартин Нешковски е несериозна и е арогатна.Ако Гордана не може да учествува на таа трибина,треба да го испрати Иво Котевски и луѓето кои ја истражуваат смрта на Мартин.
Со ваквите постапки,Гордана и Грујо си го уриваат својот авторитет и стануваат подложни да ги сменат и никој да не се грижи со нив.
Поентата на секое Граѓанско опшстество е да се има доверба дека системот функционира за секого подеднакво.Со ваквите постапки расне недовербата спрема полицијата,системот како и меѓу нас поединците.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
19-11-2011, 07:22 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#8

Quote:Ако Гордана не може да учествува на таа трибина,треба да го испрати Иво Котевски и луѓето кои ја истражуваат смрта на Мартин.

била Гордана или не?

јас колку што разбрав од погоре, таа стои на „агенда„ заедно со некоја си госпоѓа Тамара и други.

???
0+0+0=60%
(This post was last modified: 20-11-2011, 10:37 PM by toni_a.)
20-11-2011, 10:36 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#9

(20-11-2011, 10:36 PM)toni_a Wrote:
Quote:Ако Гордана не може да учествува на таа трибина,треба да го испрати Иво Котевски и луѓето кои ја истражуваат смрта на Мартин.

била Гордана или не?

јас колку што разбрав од погоре, таа стои на „агенда„ заедно со некоја си госпоѓа Тамара и други.

???

Quote:Агенда:
18:00-18:15 Вовед: Тамара Атанасоска – претставник од Движењето „Стоп за
полициска бруталност“
18:15-18:30 Гордана Јанкуловска – Министер за внатрешни работи |tbc|
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
22-11-2011, 11:37 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#10

Quote:...Ако Гордана не може да учествува на таа трибина,треба да го испрати Иво Котевски и луѓето кои ја истражуваат смрта на Мартин...

не разбирам...
била или не била Гордана?
воведот дали го направила госпоѓата Тамара Атанасоска – претставник од Движењето „Стоп за полициска бруталност“ ???

сепак, (темата,топик) од 9ти ноември до 23ти ноември треба да има некое инфо те. епилог. има или нема хепенинг, кога и кој со кого и како...???
0+0+0=60%
(This post was last modified: 23-11-2011, 02:44 AM by toni_a.)
23-11-2011, 02:39 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#11

(23-11-2011, 02:39 AM)toni_a Wrote:
Quote:...Ако Гордана не може да учествува на таа трибина,треба да го испрати Иво Котевски и луѓето кои ја истражуваат смрта на Мартин...

не разбирам...
била или не била Гордана?
воведот дали го направила госпоѓата Тамара Атанасоска – претставник од Движењето „Стоп за полициска бруталност“ ???

сепак, (темата,топик) од 9ти ноември до 23ти ноември треба да има некое инфо те. епилог. има или нема хепенинг, кога и кој со кого и како...???

Тони_а била поканета но дала одговор дека нема да се појави на трибината.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
23-11-2011, 02:48 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#12

незнам дали се разбираме?
во најмала рака:
изгледа агендата е грешна чим ја пишува Горде (наведена е) а не присуствувала, или јавната трибина воопшто не била оддржана?

незнам,
се обидувам да сумирам можно повеќе (дадена) информација во равенство, која стои погоре, земајќи ја како вистина...и да си направам извод.

и имам проблем ????

каде ја има таа информација дека нема да се појави? или не се појавила?


пс - јас прво канам гости, па потоа местам трпеза.
0+0+0=60%
(This post was last modified: 23-11-2011, 03:17 AM by toni_a.)
23-11-2011, 03:12 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#13

(23-11-2011, 03:12 AM)toni_a Wrote: незнам дали се разбираме?
во најмала рака:
изгледа агендата е грешна чим ја пишува Горде (наведена е) а не присуствувала, или јавната трибина воопшто не била оддржана?

незнам,
се обидувам да сумирам можно повеќе (дадена) информација во равенство, која стои погоре, земајќи ја како вистина...и да си направам извод.

и имам проблем ????

каде ја има таа информација дека нема да се појави? или не се појавила?


пс - јас прво канам гости, па потоа местам трпеза.

Тони_а ова е одговорот на МВР:

Quote:Вашиот допис би сакале да го сфатиме како оградување од досегашните протести и невистинитите обвинувања, навреди и клевети, бидејќи се сомневаме дека некој би сакал да седи на иста маса со „убијци“ или „џелати“. Сепак вистинското оградување од омаловажувањата и неоснованите квалификации би требало да биде во најмала рака во форма на јавно извинување и благодарност до сите „тигри“ или „алфи“ кои се жртвуваа во „Планинска бура“, кој беа убиени кај ПМФ и кои учествуваа во безброј акции за заштита на нашата безбедност.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
23-11-2011, 11:29 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#14

без потпис и печат?
едноставно со: предмет - одговор?


Басилиус-2,
дај да не се вртиме околу нешто кое по се изгледа испаѓа ништо.
сум човек кој е склон да поверува, но во овој случај има премногу „дупки„.
едноставно (лично јас) се дистанцирам, да не излезе онаа бугарската “тази дупка не е дупка“...

мене (сеуште) ми недостигаат релевантни податоци за да си создадам мнение/извод.
не сваќај лично, туку едноставно има потреба од дополнително инфо.
0+0+0=60%
25-11-2011, 05:39 AM
Reply