Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ЗЕМЈЕН РАЈ ЗА ОСАМА БИН ЛАДЕН И УДБ-А
Author Message
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#1

Quote:Обвинителството им прости на ОНА и на Ахмети

Државното јавно обвинителство вчера и формално одлучи да се откаже од гонење на осомничените во случајот „Водството на ОНА“. Од Кривичниот суд Скопје 1 донеле решение со кое ја запираат истрагата што никогаш не заврши

[Image: ona-Ucka.jpg]

Во Кривичниот суд Скопје 1 донеле решение со кое ја запираат истрагата што никогаш не заврши

Поранешни и сегашни членови на партискиот врв на ДУИ, осомничени дека во 2001 година извршиле кривични дела против човештвото, куртулија од одговорност по вчерашната одлука на Државното јавно обвинителство да се откаже од нивното гонење, со образложение дека кривичните дела за кои беа осомничени сега се дел од Законот за амнестија.

Од Кривичниот суд Скопје 1 ја потврдија дека веќе е подготвената одлука со која се констатира дека истрагата за овој случај - запира.

- За случајот, во јавноста познат како „Водството на ОНА“, истрагата не беше завршена зашто судот чекаше мислење што претходно го упати до обвинителството. Но вчера на адресата на судот стигна известување дека обвинителството се откажува од понатамошно гонење на осомничените. По ова, судот донесе одлука дека истрагата се запира и случајот се затвора - велат од Кривичниот суд Скопје 1.
Рафиз Алити од ДУИ вели дека војниците не бегале од одговорност ниту кога биле во униформа ниту по завршувањето на конфликтот и разоружувањето на ОНА.

- Подготвени сме да одговараме пред Хашкиот суд ако некој ги прекршил правилата на војување. Ако во предметите што беа вратени во Македонија имаше прекршување на меѓународните правила, тогаш тие ќе останеа да се судат во Хаг. Сметам дека во интерес на сите граѓани е ваквите работи да се решат на мирен начин - вели Алити.

„Водство на ОНА“ е најмистериозниот од четирите хашки случаи што Меѓународниот суд за воени злосторства и ги врати на Македонија. Она што се знае е дека во него беа осомничени десетина поранешни лидери на ОНА, сега членови на ДУИ, вклучувајќи го и лидерот на партијата Али Ахмети. Сите се товарат за командна одговорност за воени злосторства, како што беше масакрот на војници и полицајци во близината на Вејце.

По затворањето на случајот ќе остане непознато кој и зошто го крена во воздух мотелот „Бриони“ во кој врзани за столбовите загинаа Светислав Трпкоски и Боге Илиески, двајцата вработени како чувари. Мотелот „Бриони“ беше кренат во воздух на 26 август 2001 година, пет дена по минирањето на Лешочкиот манастир кај Тетово. Двата настани се случија две недели по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Случајот „Бриони“ и убиството на двајцата цивили од тетовското село Челопек, исто така, се дел од случајот „Водство на ОНА“.

Денес, десет години по конфликтот, околу 250 раселени лица и сега живеат во колективните центри. Вчера пред Владата протестираа раселените луѓе од скопското село Радуша затоа што, како што велат, државата сé уште не нашла начин да ги обесштети. Во меѓувреме, додека тие протестираа, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше на средби со потпретседателот на Собранието на Босна и Херцеговина, Сулејман Тихиќ, и со кинескиот амбасадор во земјава, Цуи Живеи.



Автор: Искра Опетческа Фотографија:  Архива
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 30-10-2011, 01:49 AM by montehristo.)
30-10-2011, 01:48 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#2

Chisto kolku za podsetuvanje do inspiratorot na temata, Osama go utepaa pred nekoj mesec americhkite specijalci. Taka da od naslovot ostana samo udba.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
30-10-2011, 02:53 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#3

Коњанику,
За жал, до денеска никој не праша:
Што се случи 2001-та?
Што доведе до тоа?
ЗОшто закажаа службите?
Ова е рекомпонирање на Македонија кое во ни една мерка не одговара на Македонците.
Мора да се согледаат последиците.
Понекогаш од последиците може да се види намерата.
Јордан во низата за Писмото на Борјан спомна дека проблемот е СИСТЕМОТ.
Редно време е да се обелодени, и да се изнесат на виделина актерите, и не само тоа туку да се разобличат и да се претстават во вистинско светло.
Што се случи после 2004-та во ДПМНЕ?
Од каде им дојде на идеја да примат “бивши“ комуњари, од каде таа наезда на “левичари“ во десна партија?
Дали е тоа случајно?
Пред 2001-та, се од 1998-та кои случки се имаат случено?
Кои беа актерите? За кого тие одработуваа?
Државата многу од нив плаќаше да ја чуват безбедноста, но за кого тие навистина работеа? Што е со тој СИСТЕМ.
И овој последен кој одлучи да се откаже од гонењето, од оние луѓе заврзани за столб и дигнати во воздух, од оние војници кои беа заседнати кај Вејце.
Од киднапираните војници, од киднапираните цивили?
Тоа ли е автентичното толкување?
Тоа ли е правдата?
Е Коњанику, да имавме ние водство кое не витка кичма и Ахмети би завршил како Бин Ладен.
An inch today is tomorrow’s mile.
30-10-2011, 06:08 PM
Reply