Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПИСМОТО НА БОРЈАН
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Се колебав долго време дали да отворам посебна тема за оваа писмо. Бидејки утре ке биде објавено во ФОКУС се решив да отворам посебна тема.



Quote:Отворено писмо до премиерот Никола Груевски

ЗОШТО ИНФАНТИЛНО МУ ПОКАЖАВТЕ СРЕДЕН ПРСТ НА ЦЕЛИОТ ЗАПАДЕН СВЕТ?

Само во услови на слобода на изразување, во општество во кое се води цивилизирана и транспарентна дебата, а не дебата во која ќе пуштите кучиња да лаат и да касаат по сите оние кои можат да Ве просветлат со поинаков став, можеме и мораме да разговараме за сите прашања, па и за тоа како исчезна македонскиот од европскиот извештај. Ете, затоа го прашав Филе за слободата на изразувањето. Таа ни е, Премиере, потребна како леб.


Почитуван господине Премиер,

Ви благодарам за укажаната чест да ѝ посветите на мојата маленкост внимание во Вашето интервју за државната агенција МИА. Да Ви се претставам, јас сум Борјан Јовановски, новинар и по професија, автор и водител на емисјата “Еврозум”.
Знам дека сте презафатени со преродбенички активности и дека секако сум закопан длабоко во Вашата меморија, па еве, да Ве потсетам: тоа е онаа иста емисија, во која Вие сте биле гостин во повеќе наврати. Истата емисија, која Вие и останатите преродбеници прилично ја фалевте, барем во 2005-тата и 2006-тата година, поради тоа што ревносно укажуваше на сите слабости на тогашната власт, релевантни за европските интеграциски процеси.

МЕ БАРАВТЕ ЗА ПОРТПАРОЛ

Јас сум тој истиот Борјан, кој тогаш го каневте на Вашите панел-дискусии, организрани со поддршка на фондацијата “Конрад Аденауер”, на кои отворено говоревме за слабостите на владата на Владо Бучковски. Морам да ви кажам дека Бучковски и Радмила Шеќеринска достоинствено се носеа со тие критики. Не ги сакаа, некои не ги прифаќаа, но исто како и Вашата влада, ниту една информација објавена во таа емисја не успеаја да ја демантираат.
Ниту вие, ниту Бучковски, тогаш не помисливте дека работам по налог на кабинетот на тогашниот комесар за проширување Оли Рен!
Јас сум истиот тој Борјан, кој беше портпарол на починатиот претседател Борис Трајковски, еден од малкуте политичари кои ги познавам, кои со срце ѝ се посветија на Македонија. Да, јас сум тој Борјан, кој кога го напушти кабинетот на Трајковски, се сретна со Вас и тогашниот ваш почесен претседател Љубчо Георгиевски, да разговара за Вашата отворена понуда да станам портпарол на Вашата партија.
Разговорот беше мачен, затоа што тешко го поднесував сето она што ми го зборувавте за Трајковски. Во разговорот ни стана јасно на тројцата дека имаме различни видувања за тоа што е ВМРО како идеја и визија. Јас бев горд што му служев на Трајковски и на неговата визија за Македонија, а вие сакавте да ми ја погазите таа гордост.
Инаку, не знам дали знаете, ама тешко беше да се работи кај Трајковски, затоа што во тоа време владееше Бранко, со истата медиумска логистика со која сега Вие се служите, во побрутална и повулгарна форма.

ЗА БРИСЕЛ НЕ СУМ “ПОРАНЕШЕН НОВИНАР”


Сега, би сакал да одговорам на некои од Вашите дилеми покренати во интервјуто за МИА. Мислев да се објаснам во интервјуто за “Дневник”, кое со мене го правеше главниот уредник на весникот. Час и половина раговаравме, ама немав среќа разговорот да излезе на страниците на весникот, барем не до моментов, кога Ви го пишувам писмово.
Тоа што ме нарекувате “поранешен новинар” нема да го коментирам.
Нека Ви служи на чест. Впрочем, веројатно знаете и на какви коментари беше изложена таа изјава во меѓународните организации, особено.
Ви јавуваат, претпоставувам, вашите амбасадори. Нејсе, вие си знаете за тоа....
Туку, што сум барал јас на таа прес-конференција на Штефан Филе, се запрашавте Вие. Премиере, ако за вас сум “поранешен новинар”, за многу други не сум. Посетете го њњњ.гоогле.цом и пребарајте информации за “Еврозум”. Многу резултати ќе ви излезат. Цитирана е емисијата насекаде по регионов.
Всушност, јас функционирам и се движам во еден поширок простор, кој се вика Европа. Договорот за “Еврозум” го добивам неколку години по ред, на транспарентен тендер, со прецизно утврдени правила и критериуми, на кој впрочем можат да конкурираат луѓе од цела таа Европа.Не знам зошто Вашите мегафони никогаш не ми биле конкуренција.
А навистина, би сакал да се натпреваруваме, со идеи. Тоа е натпревар што нема да можат да го добијат, доколку не понудат квалитет. По што, се разбира, согласно губитничката реторика и логиката на Калимеро, ќе се жалат дека “тендерот е наместен”.
Но, да се навратам на вашето прашање. Јас во Брисел бев како дел од еден поголем регионален проект, заедно со колеги од целиот Балкан. Работиме, се дружиме, споделуваме вредности, разменуваме идеи. Ете во каква констелација се најдов јас во Брисел. Не знам, дали тоа го дозволувате
А сега, другиот дел - како тоа јас сум поставил прашање на прес-конференцијата на комесарот Филе“?
Па еве, Премиере, да Ви ја објаснам процедурата. Таму, новинарот крева рака, со што означува дека бара прашање, во мнозинство случаи ја добива таа можност, доколку има време за тоа. Се разбира, новинарот не зема насилно збор и не пцуе, како “Вашиве”, во Европскиот парламент. А логиката на Вашиот кабинет, дека прашања поставуват само оние на кои прашањата им се нарачани, само да Ве информирам - во совремна Европа е непознаница!
Патем, жалам ако грешам, но не ја видов колешката од МИА, која Вие ја плаќате со наши пари, да крене рака и да побара да постави прашање.
Се извинувам ако грешам, но јас таква работа не видов. На Жоро во интервјуто му објаснував малце како одат тие работи со прес-конференциите во Брисел. Белким ќе им го пренесе тоа , да ги подучи неговите млади соработници.

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е МОЕТО СЕМЕЈСТВО

Полека доаѓаме до мојот најголем грев, кој го предизвика и Вашиот гнев. Моето прашање за слободата на изразувањето и за владеењето на правото, на кое добив одговор дека “ако Македонија не си ги реши тие фундаметални работи, може да ја загуби препораката дури и ако го реши проблемот со името”. Зошто се чудите, Премиере? Зарем навистина мислите дека можете да ја игнорирате темата за слободата на изразување?
Жоро ме праша она што Вашите мегафони го прогласија во јавноста како аргумент за нивните тврдења дека сум платеник - зошто не сум прашал каде е македонскиот јазик во извештајот.
Премиере, да бидеме сериозни. Настрана, “Мирки, свирки”... Јас сум дете израснато во и од македонскиот јазик. Не знам дали сте запознати дека ПРВИОТ современ македонски роман објавен во Северна Америка и преведен на англиски јазик, го напиша мојот татко Мето Јовановски.
Мојата покојна мајка Мира, пак, ги преведе Жан Пол Сартр, Оноре де Балзак и Антоан де Сент Егзипери (автор на “Малиот принц”), од француски на македонски јазик и со тоа придонесе на исклучително важен начин за развојот на македонскиот јазик. Таа од македонски на француски, исто така, преведе голем дел од нашите поети, афирмирајќи го македонскиот јазик низ целиот франкофонски културен простор. Не е мала работа.
Логика, Премиере, логика...! Зарем мене би можел да не ми е важен македонскиот јазик? Тоа е како да се откажам од семејството!
Мене премиере, растен во вакви околности, одамна ме боли што имаме проблем со македонскиот јазик во извештајот, уште кога тој исчезна во 2009-тата година. Знаете дека претходно редовно и нормално пишуваше “македонски” во сите извештаи на Европската комисија. Ова сериозно треба да нè замисли сите нас и треба отворено да разговараме на темата - што ли тоа се случи македонскиот, за да го снема од извештајот на ЕК?
Треба да ја воспоставиме дијагнозата, па потоа да го пронајдеме лекот.
Тоа е можно само во услови на слобода на изразување, во општество во кое се води цивилизирана и транспарентна дебата, особено за вака значајни прашања. Не дебата во која ќе пуштите кучиња да лаат и да касаат по сите оние кои можат да Ве просветлат со поинаков став, од кој целото општество ќе има корист. Ете, затоа го прашав Филе за слободата на изразувањето.
Таа ни е, Премиере, потребна како леб, за да излеземе од вителов во кој сè повеќе тонеме. Без слобода на изразување, нема да мрднеме напред.

ГО ЗБУНИВТЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ

Е сега, кога би можеле да дебатираме цивилизарано, јас и би Ви кажал што мислам, зошто исчезна македонскиот од извештајот. На времето, кога живеев во Брисел, имав другар Грк, се вика Фиљос, многу драг пријател, но од Солун, па беше прилично националистички расположен за мојот вкус.
Сепак, често разговаравме. Тогаш, на Грците главен аргумент против Македонија им беше дека ние наводно сме имале територијални претензии кон нив!
И тој аргумент, Премиере, не им проаѓаше. Кога разговоров со Фиљос го водевме пред нашите колеги од други држави, тие му се смееја на моево Грче.
Грците беа фрустрирани, бидејќи секој здаворазумски човек се потсмеваше на нивната аргументација дека мала наша Македонија ќе го окупира “Солунско поле”. Елем, помина време, дојдовте Вие на власт, а со се Вас и теоријата дека ние сме тие од кој е настаната белата раса, Македоноидите, наследниците на Александар. Се сеќавате на оној фамозен спот на МТВ?
Е, драги Премиере, тоа е болката. Таа инфантилност, да се прави упад во светската историја и во генезата на западната цивилзација, ги стави сите во одбрана на Грците. Направивте цела конфузија, почна светот да се прашува што тоа ние подразбираме под поимот македонски?
За да Ви стане јасно што зборувам, Ви препорачувам да ја прочитате книгата “Светот на Софија”. Книгата е приказ на историјата на западната мисла, преку една шарманта приказна за патешествието на Софија и на нејзиниот татко низ Европа, Јостен Гарднер, норвешки писател и автор на овој светски хит. Таткото на Софија ѝ ја раскажува историјата на западната мисла. Долга приказна...прочитајте ја, ќе Ви причини задоволство. Поентата е дека Гарден патешествието со ќерка му го завршува во Атина, како колевка на хеленизмот, кој светската историја го третира како културолошка матрица на современата западна цивилизација.
Ме разбирате ли сега? Значи, со инфатилностите за антиквизацијата, со покажувањето на средниот прст кон Грција, како што вели Вашиот бивш министер за надворешни, Вие средниот прст му го покажавте на целиот западен свет! Од тој момент ги навредивте и нив, правајќи упад во нивниот вредносен систем. Ги збунивте. Одеднаш, излезе дека ние под македонски не ја подразбираме славјанската автентична култура на која ѝ припаѓаме, туку имаме претензија да ја редефинираме светската историја.

ПРИФАТЕТЕ ПОДАДЕНА РАКА ЗА ПОМОШ

Сетете се на она писмо, потпишано од 250 професори по историја од престижни универзитети од целиот свет, во кое Ви обрнаа внимание на овој проблем. Се надевам не го толкувате тоа писмо како дел од Вашите полуписмени обожаватели, дека и тоа е происход на грчкото лоби. Ако е така, одете пробајте Вашето МНР, нека му плати колку сака пари на професор на Харвард, да Ви потпише дека сте во право! Можам да го замислам резилот од еден таков обид на Вашите дипломати. Ќе им ѕвонат ушите од шлаканицата што ќе ја добијат за непристојниот предлог.
Премиере! Ова ви го пишувам најдобронамерно, со верба дека сме барем подеднакво засегнати за нашиот културен идентитет и обајцата подеднакво повредени што македонскит ни го нема во извештајот. Прифатете подадена рака за помош. Дајте како луѓе да разговараме. Не се срамете со писмата до Филе и не си го брукајте министерот за надворешни, кој го брка Филе по ходници во Стазбур. Немало одговор. Одговорот ни е дома, дајте да си го пронајдеме!
СЛОБОДАТА е почетокот на тој процес, кој ќе нè спаси од овој слободен пад во бездната. Затоа, песната која ја снимав со нашиот скромен новинарски бенд, Ви ја посветувам и на ВАС, со искрена верба дека ќе ме разберете што Ви пишувам.

Со почит,
Борјан Јовановски, новинар

ПС. На крајот, имам една молба! Имам три деца. Онолку колку што бараше Преродбата. Оставете ме да работам и чесно да ги изгледам и да ги пораснам, како горди граѓани на оваа држава!


28-10-2011, 11:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



Читајки го делот од писмото во кое Борјан зборува за изоставување на именувањето на јазикот како Македонски и се повикува на логика! Ме испровоцира да го запрашам зошто повикува на коиристење логика за работи за кои логиката не е нималку потребна. За да се разбере зошто, доволно е да се прочита следниот цитат:

Quote:30 AUG 1994

Demantujuci novinarske zakljucke, ministar Crvenkovski jos potencira kako je makedonska delegacija jasno istakla stav da ne moze da prihvati nikakav dogovor koji bi ugrozavao nacionalni identitet makedosnkog naroda, te da pregovori oko imena nisu vodjeni niti da se takvi pregovori mogu voditi.

Сега ке треба да ја повикаме логиката на помош и да дадеме логично објаснување зошто Борјан никогаш, не искажа или напиша збор против креаторите на договорот со Грција. Договор кој не обврзува да прифатиме име кое ке и се бендиса на Грција, потег со кој се загрозува националниот идентитет, јазикот е дел од тој идентитет.
29-10-2011, 12:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3




Quote:Комунисти на власт, комунисти во опозиција


Ако некои имаат слаба меморија, ние ќе повториме, за да ги потсетиме. Проблемот е што во оваа држава сѐ уште владеат комунисти. Комунисти и по нивното потекло - имено сите се произлезени од единствента комунистичка елита што формално владееше со Македонија до 1990 година—комунисти и по ментален склоп. Политичките банди што се менуваат во власт и опозиција не се отргнаа од агит-проповските методи на старите комунисти. Тие на секој начин се обидуваат со пропагандни лаги да им го замаглат видот на граѓаните за да можат, едноставно, полесно да владеат. Кога во земјата владееше еднопартискиот систем, се разбира дека пропагандата одеше во позитивна насока. Демек сѐ е добро, подобро не може да биде, а ако има нешто лошо, тоа е добро за да се исправат гршките и да стигнеме до изградбата на идеалното, бесконфликтно општество. Бидејќи сега, т.е. во последните 20 години мораат да глумат плурализам на мислења, т.е. повеќепартизам и претставничка демократија, сега покрај позитивното мора да има плурализам и на мислењата, т.е. да има и негативно и некое средно, т.е. неутрално. Па, во зависност од тоа кој е на власт, а кој во опозиција, со такви мислења ве трујат. Или сѐ што се случува во Македонија е најдобро или е сѐ најлошо.

Владимир Костовски
29-10-2011, 01:15 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#4

Quote:Лагата е бесмртна душа на Македонскиот комунизам

Текстов го објавил Марјан Попески на 28 Октомври

Една умна глава изјави дека доколку само за пет минути беше укината,или забранета лагата, комунизмот веднаш ќе пропаднеше.

Јанша, според анкетите, идниот премиер на предвремените избори во декември во Словенија, го сврти овој постулат против словенечките медиуми: „Доколку би ја забраниле лагата во Словенија за еден ден, повеќето медиуми би пропаднале… ( http://sds.si/news/9521).“

Доколку е вака во европска Словенија, уште полошо е во комунистичка Македонија со медиумите. Велам комунистичка, зашто највлијателните новинари се ортодоксни комунисти, а советниците на претседателот и премиерот, исто така. А доколку лагата е темелот на комунизмот, на тоа затруено дрво и плодовите се затруени.

Така се случи да имаме десна комунистичка и лева комунистичка влада.

Ова состојба во Македонија го крши вториот закон на мислењето: Законот за исклучена противречност, кој гласи; Два, помеѓу себе противречни суда, не можат истовремено да бидат вистинити.

Не може ортодоксен комунист да биде советник на десна влада. Тие две работи се исклучуваат една со друга.

На пример. Што ќе го советува Светомир Шкариќ претседателот. Само за комунизам. Тој, иако веќе 14 години Македонија ја има ратификувано ЕКЧП, тврди дека над Уставниот бил само бог и со тоа ја потврдува една од божјите заповеди на комунистичкото право, која што вели дека тоа ги третира меѓународните договори како декларации. Тој советува поништување на законот за лустрација (прочистување од комунизам).

Веќе насетувате дека сакам да ги потенцирам како најопасни правниците. Како најголеми комунистички мајстори на лагата.

Но, не е така и во Словенија, иако живеевме во иста држава. Додека кај нас претседател на Уставниот суд беше д-р Трендафил Иваноски, за кој што постои правосилна судска одлука дека бил соработник на тајната комунистичка полиција, во Словенија Уставниот суд со едногласна одлука на сите девет судии ја укина одлуката на градоначалникот на Љубјана со која што една улица во Љубјана е именувана според Тито.

Оваа одлука во Словенија се доживува како пораз на комунистите, но вас ве интересира дали е правилна.

Уставниот суд ја укина улицата именувана по Тито, бидејќи во тоа препозна симболично дејствие, со која што градската власт на Љубјана му изрече признание на некогашниот недемократски режим. Во одлуката U-I-109/10 од 03.10.2011.година, Уставниот суд посебно го потенцира почитувањето на човековото достоинство, кое што спаѓа во јадрото на Уставот. Со ова одлука, Уставниот и испрати порака на градската власт во Љубјана (комунистичка), дека со мнозинството што го има, не може да прави што ќе и текне. Иако одлуката на градските власти не крши ниеден закон, таа е во спротивност со вредностите што ги прокламира уставниот поредок.

Дека Тито е злосторник, во Словенија потврди и претседателот на здружението на борците, титовиот партизан д-р Јанез Становник.

За да не може на текстов да му се префрли невистинитост на претходниот заклучок, еве од кој постулат произлегува: „На прашање, дали тоа значи дека Тито е одговорен за масовните убиства, Становник одговори дека `никаде на светот нема војска, каде што би можело едно такво масовно убивање да се случи без знаење на врховното водство`. (http://www.rtvslo.si/index.php?c_mod=new...&id=267711, превел М.П.).“

После ова, што мисли советникот на претседателот, Шкариќ, за постоењето на партијата „Титови леви сили“, која што коалицира со Црвенкоски, кој што не така одамна, предлагаше да му се подигне споменик на Тито.

Не го загрижува ли фактот дека сите девет уставни судии (меѓу кои и тројца еминентни професори) мислат дека се крши човековото достоинство со именување на улица по Тито, а во Македонија и денес кога на власт е навоодно десна демократска опција, се глорифицира Тито.

Дали Шкариќ и другите комунисти во десната влада ни порачуваат дека ние Македонците немаме човеково достоинство и дека кај нас Тито може да се глорифицира?

Цел текст на Marjan.mk
An inch today is tomorrow’s mile.
29-10-2011, 02:04 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#5

Машала Борјанчо имал мадиња...т.е не дека тие мадиња се негови...туку тој гали и негува нечии...за да му чуваат грб.

А со писмово се гледа...дека некој му чува грб....а ако ништо друго останува дека фамилијата Јовановски...може и да му мавне некој рекет на Груевски....бидејќи тоа семејство сите до еден држат по минимум 20-30 линкови во Брисел....така да оваа фамилија може со неколку потези да ја матира македонската дипломатија за век и веков....а тоа никако нема да му оди во прилог на Грујо.

Ај кажи Јордане нели е така?
(This post was last modified: 29-10-2011, 03:34 AM by Makedonec.)
29-10-2011, 03:33 AM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#6

(29-10-2011, 12:33 AM)ЈорданПетровски Wrote: Договор кој не обврзува да прифатиме име кое ке и се бендиса на Грција, потег со кој се загрозува националниот идентитет, јазикот е дел од тој идентитет.
Езикът не може да е дел от този идентитет!-77 000 години македонска писменост,македоноидна бела раса,7 000 години македонска държава,поне 3 000 години християнство в Македония (1000 год. преди Христа),розетски камъни,хунзки и калашки принцове,преки разговори с Господа-Бога,споменици на гладно,"гоцевата раса",солунско поле,петокраки,осемнайсеткраки,сите съседи зли монголи,цигани,педери...Това идентитет ли е,бре или цирк?!Хората се посмеха,посмеха с вас,па разбраха,че говорите сериозно!Как искате да се отнасят към подобни работи?!
А сега за капак и "Трето полувреме"-ептен да ги осерете относите и с България...
Каквото си надробило такова сърбало!

Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
29-10-2011, 06:54 AM
Website Reply
Il Schismatico Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,078
Joined: Sep 2010
Reputation: 19
#7

Трето, четвърто...цел Холивуд чака и тръпне да получи правата върху гениалния филм с бивши югославски кино-звезди, за да го завърти и да бие Титаник и Аватар по продажби.
Да си мрат от болестта.
Стига плачове! Всяка луна е ужасна,
всяко слънце – горчиво, додето умре.
Любовта в сладки спазми защо ли ме тласна…
Разтвори се, мой трюм! Погълни ме, море!

http://tsvetno.blogspot.com/2008/07/blog-post_257.html
29-10-2011, 08:06 AM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#8

(29-10-2011, 06:54 AM)TATAP Wrote:
(29-10-2011, 12:33 AM)ЈорданПетровски Wrote: Договор кој не обврзува да прифатиме име кое ке и се бендиса на Грција, потег со кој се загрозува националниот идентитет, јазикот е дел од тој идентитет.
Езикът не може да е дел от този идентитет!-77 000 години македонска писменост,македоноидна бела раса,7 000 години македонска държава,поне 3 000 години християнство в Македония (1000 год. преди Христа),розетски камъни,хунзки и калашки принцове,преки разговори с Господа-Бога,споменици на гладно,"гоцевата раса",солунско поле,петокраки,осемнайсеткраки,сите съседи зли монголи,цигани,педери...Това идентитет ли е,бре или цирк?!Хората се посмеха,посмеха с вас,па разбраха,че говорите сериозно!Как искате да се отнасят към подобни работи?!
А сега за капак и "Трето полувреме"-ептен да ги осерете относите и с България...
Каквото си надробило такова сърбало!



ВАКОВ "ИНСПИРАТИВЕН" ТЕКСТ КОЈ Е ПОВРЗАН СО ТЕМАТА, КАКО ЈАС И АТОМСКАТА ФИЗИКА, КЕ ГО НАГРАДАМ СО ЕДНОДНЕВЕН БАН
29-10-2011, 01:33 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#9

(29-10-2011, 08:06 AM)Black Wolf Wrote: Трето, четвърто...цел Холивуд чака и тръпне да получи правата върху гениалния филм с бивши югославски кино-звезди, за да го завърти и да бие Титаник и Аватар по продажби.
Да си мрат от болестта.




И ТЕБЕ КЕ НАГРАДАМ СО ЕДНОДНЕВЕН БАН, ТЕ ПОВЛЕЧЕ "ИНСПИРАТИВНИОТ" ТЕКСТ КОЈ Е ПОВРЗАН СО ТЕМАТА, КАКО ЈАС И АТОМСКАТА ФИЗИКА ПА ПОБРЗА ДА ГО ДОДАДЕШ ОНАА ШТО ТАТАР ГО "ИСПУШТИЛ".
29-10-2011, 01:38 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#10

Јас, Христо-кетманот сакав да напишам нешто афирмативно за отвореното писмо на Борјан Јовановски до премиерот Никола Груевски објавено во неделникот ФОКУС , ама бановите ме заплашија па мислењето ке го одложам за некое помирно време. Нема смисол и модератор да добие бан.
29-10-2011, 02:07 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#11

Borjan se kiti so epitetite novinar I chest?! Otkoga toa izmisluvanjeto vesti stana novinarstvo?
Ako za Brisel Borjan ne e poraneshen novinar, eve mu go Brisel bez vizi neka gi true tamu uvazhenite peshovani. Problemot e shto verojatno tamu Borjanovite pomii teshko da pominat.
Na nekolkumina tuka Fokus im e omileno vesniche, e sega otkako I toa glasilo go upropastile so rasipanite mandzhi na Gero I negovoto drushtvo, shto vi ostana? Verojatno I za ova kje bide kriv Gruevski?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
29-10-2011, 03:22 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#12

(29-10-2011, 03:22 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Borjan se kiti so epitetite novinar I chest?! Otkoga toa izmisluvanjeto vesti stana novinarstvo?
Ako za Brisel Borjan ne e poraneshen novinar, eve mu go Brisel bez vizi neka gi true tamu uvazhenite peshovani. Problemot e shto verojatno tamu Borjanovite pomii teshko da pominat.
Na nekolkumina tuka Fokus im e omileno vesniche, e sega otkako I toa glasilo go upropastile so rasipanite mandzhi na Gero I negovoto drushtvo, shto vi ostana? Verojatno I za ova kje bide kriv Gruevski?

Е, Мрачен Коњанику, твојот став за “ Fokus im e omileno vesniche, “, го споделуваат “ nekolkumina tuka “, така да добиваме чудесна прерасподелба на ставови и луѓе, што ја потврдува мојата теза дека нема црно-бела шема.

29-10-2011, 03:39 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#13

(29-10-2011, 03:33 AM)Makedonec Wrote: Машала Борјанчо имал мадиња...т.е не дека тие мадиња се негови...туку тој гали и негува нечии...за да му чуваат грб.

А со писмово се гледа...дека некој му чува грб....а ако ништо друго останува дека фамилијата Јовановски...може и да му мавне некој рекет на Груевски....бидејќи тоа семејство сите до еден држат по минимум 20-30 линкови во Брисел....така да оваа фамилија може со неколку потези да ја матира македонската дипломатија за век и веков....а тоа никако нема да му оди во прилог на Грујо.

Ај кажи Јордане нели е така?

Не!!! Зарем сакаш да ми кажеш дека македонската дипломатија е на тоа рамниште па еден новинар да им е проблем? Сакаш да кажеш дека министрите, пет години и некој месец направиле дипломатија која што е на толку стаклени нозе, па и еден новинар да е проблем?!

Писомото само по себе не е лошо. Има доста вистина во него. Кога се зборува за слободата, треба да се зборува за слободата, а не да се кријат луѓето позади јазикот.

Власта со мегафоните направи таква атмосфера после извештајот, во која сите ќе треба да се бунат за изоставувањето на придавката македонски (за што немам ништо против, но лошо го организираа сето тоа), а секој што ќе посочи нешто од извештајот или поточно секој што ќе се сложи со некои делови од извештајот да биде прогласен како подржувач на притисокот кој се врши над нас.

Во превод, тоа значи дека требаше сите да ја фалиме власта и да галамиме дека ни е супер, а посочените проблеми дека се измислени поради притисок.

Муабетот треба да се движи во таа насока, а не толку кон Борјан.

29-10-2011, 03:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

(29-10-2011, 02:07 PM)hristo Wrote: Јас, Христо-кетманот сакав да напишам нешто афирмативно за отвореното писмо на Борјан Јовановски до премиерот Никола Груевски објавено во неделникот ФОКУС , ама бановите ме заплашија па мислењето ке го одложам за некое помирно време. Нема смисол и модератор да добие бан.



Јас очекував дека Христо ке го коментираш и ти и останатите болдираниот дел. Во тој дел е доказаот за вистинската улога на Борјан. Доказ дека за ИДЕНТИТЕТОТ МАКЕДОНСКИ му е грижа како за ланскиот снег. За волја на вистината мора да признаеме дека Груевски не е иницијатор на овој проблем.


(29-10-2011, 12:33 AM)ЈорданПетровски Wrote: Читајки го делот од писмото во кое Борјан зборува за изоставување на именувањето на јазикот како Македонски и се повикува на логика! Ме испровоцира да го запрашам зошто повикува на коиристење логика за работи за кои логиката не е нималку потребна. За да се разбере зошто, доволно е да се прочита следниот цитат:

Quote:30 AUG 1994

Demantujuci novinarske zakljucke, ministar Crvenkovski jos potencira kako je makedonska delegacija jasno istakla stav da ne moze da prihvati nikakav dogovor koji bi ugrozavao nacionalni identitet makedosnkog naroda, te da pregovori oko imena nisu vodjeni niti da se takvi pregovori mogu voditi.


Сега ке треба да ја повикаме логиката на помош и да дадеме логично објаснување зошто Борјан никогаш, не искажа или напиша збор против креаторите на договорот со Грција. Договор кој не обврзува да прифатиме име кое ке и се бендиса на Грција, потег со кој се загрозува националниот идентитет, јазикот е дел од тој идентитет.

29-10-2011, 04:44 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#15

Ацко , се сложувам со тебе.
Сакам да додадам една работа, не само што лошо го организирала тоа власта, туку, се гледа дека и не го мисли тоа сериозно, поточно, не е искрена.
Затоа што со тоа сака да си ги сокрие сите други критики.
Чисто логично психичко-нервно објаснување има за оваа ситуација.
Ќе го објаснам со еден пример.
Човек има забоболка, а заболекар не му е при рака.
Зема клешта го крши забот, притоа чувствува остра болка која ја маскира онаа оригинална тапа болка.
И нормално мисли дека со тоа си го решил проблемот.
Но, утредента, таа забоболка повторно се враќа бидејќи поминал шокот од острата болка а оригиналниот проблем не е решен.
Груевски со ова само купува време.
An inch today is tomorrow’s mile.
29-10-2011, 05:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

(29-10-2011, 05:15 PM)montehristo Wrote: И нормално мисли дека со тоа си го решил проблемот.
Но, утредента, таа забоболка повторно се враќа бидејќи поминал шокот од острата болка а оригиналниот проблем не е решен.



Треба конечно да се отрезниме. Проблемот не е Грујо или Борјан или Бранко, проблемот е СИСТЕМОТ. Системот е ист од 1945 година до денеска.

29-10-2011, 06:16 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#17

(29-10-2011, 03:58 PM)acko Wrote:
(29-10-2011, 03:33 AM)Makedonec Wrote: Машала Борјанчо имал мадиња...т.е не дека тие мадиња се негови...туку тој гали и негува нечии...за да му чуваат грб.

А со писмово се гледа...дека некој му чува грб....а ако ништо друго останува дека фамилијата Јовановски...може и да му мавне некој рекет на Груевски....бидејќи тоа семејство сите до еден држат по минимум 20-30 линкови во Брисел....така да оваа фамилија може со неколку потези да ја матира македонската дипломатија за век и веков....а тоа никако нема да му оди во прилог на Грујо.

Ај кажи Јордане нели е така?

Не!!! Зарем сакаш да ми кажеш дека македонската дипломатија е на тоа рамниште па еден новинар да им е проблем? Сакаш да кажеш дека министрите, пет години и некој месец направиле дипломатија која што е на толку стаклени нозе, па и еден новинар да е проблем?!

Писомото само по себе не е лошо. Има доста вистина во него. Кога се зборува за слободата, треба да се зборува за слободата, а не да се кријат луѓето позади јазикот.

Власта со мегафоните направи таква атмосфера после извештајот, во која сите ќе треба да се бунат за изоставувањето на придавката македонски (за што немам ништо против, но лошо го организираа сето тоа), а секој што ќе посочи нешто од извештајот или поточно секој што ќе се сложи со некои делови од извештајот да биде прогласен како подржувач на притисокот кој се врши над нас.

Во превод, тоа значи дека требаше сите да ја фалиме власта и да галамиме дека ни е супер, а посочените проблеми дека се измислени поради притисок.

Муабетот треба да се движи во таа насока, а не толку кон Борјан.

Писмото, Ацко не “ да не е лошо“-писмото е ОДЛИЧНО. Писмото овозможува отварање на прозорец во затвореното ( заробеното) македонско небо.

30-10-2011, 08:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

(30-10-2011, 08:49 AM)hristo Wrote: Писмото, Ацко не “ да не е лошо“-писмото е ОДЛИЧНО. Писмото овозможува отварање на прозорец во затвореното ( заробеното) македонско небо.



Христо, текстот на Борјана е исклучиво вперене против Груевски, воопшто нема збор за тоа кој ги ствара проблемите а тоа покажува дека Борјан со писмово одработува за СДСМ и Бранко.
Читајки го писмото се добива впечаток дека додека Бранко е на власт во Македонија е мед и млеко. Демократија, слобода на медиуми, почитување на чобекови права ....



(29-10-2011, 06:16 PM)ЈорданПетровски Wrote: Треба конечно да се отрезниме. Проблемот не е Грујо или Борјан или Бранко, проблемот е СИСТЕМОТ. Системот е ист од 1945 година до денеска.

30-10-2011, 01:04 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#19

(30-10-2011, 08:49 AM)hristo Wrote: Писмото, Ацко не “ да не е лошо“-писмото е ОДЛИЧНО. Писмото овозможува отварање на прозорец во затвореното ( заробеното) македонско небо.

Идејата му е добра, но содржината не му е најдобра.

Каква врска има тоа што мајка му и татко му преведувале книги од француски на македонски и од македонски на француски? Најголем дел од писмото посвети токму за тоа. Зарем другите кои што немаат родители кои што преведувале од француски на македонски и обратно се сомнителни, па треба да провериме какви се и што се кога некој ќе ги искритикува дека ја подржува ЕУ за тоа што го прави со јазикот и сл.?

Безпотребна патетика која не служи за ништо.

И делот со антиката му беше непотребно пренагласен. Зошто го проблематизира тоа кога во прашање беше слободата на мислење и изразување?

А и не отвара никаков нов прозорец. Повторно македонското новинарство, па и општествената мисла останува гетоизирана. Една е во Фокус (неделник и сега ќе биде и во дневно издание), донекаде Алфа, со се некои радија и портали. А, на друга страна се владините. Ништо ново не е отворено, ништо различно од сега, ниту ќе придонесе, ако не друго, барем за попристојна медиумска полемика, а не како до сега да изгледа како борба на кучиња.

И двете групи се трудат да бидат јадни и безлични, не трудејќи се да излезат од двете големи партиски сенки. И онаа Цаца ни ја нудеа (’македонските европејците’) како најголем независен и најдобар судски експерт, а ако не сум разбрал погрешно сега отишла во стадото на Бранко. Потоа се чудат кога влдаечаките хорди ќе ги етикетираат така.

А, идејата на писмото е добра, како што напишав во претходниот пост и за тоа имам слично мислење како Борјан.


30-10-2011, 07:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Да го освежам секјавањето на оние кои ги заборавиле Борјановите демократски правила.





30-10-2011, 07:35 PM
Reply