Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПАНДЕ КОЛЕМИШ И ТОЛКУВАЊЕТО НА ПОИМОТ СЛОБОДА НА ПЕЧАТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

НЕ ЧЕКААТ НОВИ МАКИ И ТРАУМИ, ЕКСПЕРТИТЕ НА Б.Ц СТАНАА НАЈГОЛЕМИ ГРУЈОВИ ПОДРЖУВАЧИ



(This post was last modified: 11-10-2011, 03:59 AM by ЈорданПетровски.)
11-10-2011, 03:58 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(11-10-2011, 03:58 AM)ЈорданПетровски Wrote: НЕ ЧЕКААТ НОВИ МАКИ И ТРАУМИ, ЕКСПЕРТИТЕ НА Б.Ц СТАНАА НАЈГОЛЕМИ ГРУЈОВИ ПОДРЖУВАЧИ






Quote:ВИСТИНАТА ЗА „ЗЛАТНОТО НОВИНАРСТВО“ ВО ИМПЕРИЈАТА НА КОЛЕМИШЕВСКИ


Внимателно го проследив последниот настап на Панде Колемишевски, поранешниот директор на НИП „Нова Македонија“, во телевизиското шоу на Миленко Неделковски. Сакав да видам дали има некаква нова приказна, со која ќе бидат нападнати новите медиумски проекти што се најавуваат, кои веќе внесуваат голема нервоза во редовите на медиумските поддржувачи на Груевски.

Во моментов, неколку месеци после уништувањето на А1 телевизија и на дневните весници „Шпиц“ и „Време“, агитпроповците на Преродбата се уште уживаат осамени на пазарот, труејќи го народот со чиста пропаганда и згрнувајќи огромни пари од скапите владини рекламни кампањи и од рекламите од големите и моќни претпријатија (кои многу добро знаат дека при распределувањето на рекламните буџети, мора да им угодат на провладините медиуми, за да си немаат непријатности со власта и непотребни главоболки). Но, велам, нервозата е тука, зашто провладините медиуми знаат дека, порано или подоцна, ќе добијат конкуренција, медиуми независни од оваа патолошка прегратка на владеачката партија и дека тие медиуми ќе ги освојат симпатиите на читателите и на гледачите. Рекламите и парите, како по обичај, од причината што веќе ја наведов, ќе задоцнат, но и тие ќе стасаат. Меѓународната поддршка, на тие на кои ќе им биде неопходна, веројатно ќе уследи порано, бидејќи странците не ја голтаат лесно комичната приказна на груевци дека во оваа земја „опозициските“ медиуми се уште се во предност - меѓу нив, да пукнеш од смеење, се уште ги вбројуваат „Дневник“ и „Утрински весник“! Меѓународната заедница многу добро знае дека во Македонија, во овој момент, критичката мисла е под силен притисок на тоталитарната власт.



„Нова Македонија“ беше билтен на комунистичката партија



Во таа смисла, Колемишевски е во право кога вели дека ситуацијата сега наликува на онаа во 1994-1995 година, пред појавата на „Дневник“. Се разбира, Панде и натаму е убеден дека појавата на „Дневник“ е плод на заговор на странците (конкретно, на Сорос), против тогашната власт, кој ние, основачите на „Дневник“, сме го искористиле да ја уништиме неговата медиумска куќа и да се обогатиме на неговата мака. Имено, ние – конкретно, јас и Миле Јовановски (чудно, но секако неправедно, Колемишевски не го спомнува Александар Дамовски) – некако сме успеале да ги убедиме, односно да ги излажеме странците, дека НИП „Нова Македонија“ било монопол, дека било во органска спрега со власта на Глигоров и на Црвенковски и дека поради тоа е неопходно да се создадат независни медиуми. Тоа е периодот кога главните фаци во „Нова Македонија“, според сведоштвото на Колемишевски кај Миленко, расправале за тоа дали весникот треба да биде национален, демократски и граѓански, та по долги расправи, умните глави дошле до „генијалната“ идеја прво да биде национален, потоа демократски и на крајот - граѓански.

А колку, од Панде толку фалената „Нова Македонија“, навистина беше „национален“ весник? За тоа посведочи самиот тој, во истава емисија, коментирајќи ги документарците на МТВ за осамостојувањето на Македонија. Во еден интервал на луцидност и искреност, Колемишевски рече дека сите што ги гледал во таа емисија и кои се фалеле дека биле за независна Македонија, едноставно, лажат, бидејќи само Љубчо Георгиевски навистина бил за таа опција, а неговиот „национален, демократски и граѓански“ весник (внимавам, да не го утнам редоследот), поради тоа жестоко го критикувал Војводата, се до пропаста на НИП-от во 1998-1999 година. Тоа е жива вистина, како што е недвосмислен факт дека изданијата на НИП „Нова Македонија“, без оглед на многуте новинарски проблесоци во нив, сепак, беа билтени на комунистичката партија, подоцна трансформирана во СКМ-ПДП и во СДСМ. Впрочем, Колемишевски не ја крие својата блискост со Глигоров и со Црвенковски, во тој период, кој сега го нарекува „златен“ за македонското новинарство.

Ете затоа, ние од „Дневник“, битката со „златниот“ Колемишевски, ја добивме полесно одошто очекувавме. Да, имавме помош од странски извори (јавни, а не тајни!), пред се од Соросовата фондација во Скопје. Таа помош, за која сме благодарни, одлично ја искористивме, создавајќи од тогашниот „Дневник“ тврдина на слободната мисла во оваа земја. Но, таа помош не беше ни приближно толкава како што ја замислува Колемишевски. Во крајна линија, ќе речам вака - да, ние користевме извесни фондови од странски транспарентни извори, за да воспоставиме плурализам на медиумската сцена, додека НИП „Нова Македонија“ користеше домашни пари, за да ги задржи монополот и едноумието во медиумите. Тогаш, зошто ние би требало да се срамиме, а не Колемишевски?



На Глигоров му реков – ние ќе ја урнеме империјата на Колемишевски!



Панде и тогаш не знаеше, а гледам и сега не сфаќа, како и зошто беше поразен. И верувајте, да не е таа тема исклучително важна за новинарството и за демократијата, јас спокојно би го оставил Колемишевски да продолжи да живее со својата заблуда дека неговата медиумска империја ја собориле странски платеници, во рамките на еден добро испланиран заговор против Глигоров. Но, денес има многу млади луѓе кои не знаат што се случувало во тие години, а во документарците на провладините медиуми навистина можете да видите и да слушнете многу глупости и премолчување на многу битни факти за македонската демократија. Воспоставувањето на новите независни медиуми и битката против едноумието е една од тие приказни, кои денеска смислено се премолчуваат, бидејќи односот на сегашната власта кон нејзините главни актери денес е истоветен како и односот на тогашната власт – Колемишевски денес пак е миленик на партијата на власт, против која некогаш водеше „крстоносна“ војна, а јас сум нејзин „непријател“. Чудни се патиштата божји...

Но, да се вратам на темата. Велам, Колемишевски и неговата екипа полесно ги победивме одошто се надевавме. Кога почнувавме со „Дневник“, решивме за тоа да го известиме претседателот Глигоров и да побараме да ни го даде „Вечер“, а тие да си ја задржат „Нова Македонија“ („за да не правиме арчови“, баш така му реков на претседателот). Стариот лисец ми се изнасмеа в лице и ми рече: „Вие ќе правите арчови, а не ние!“. Јас тогаш одлучно му одговорив: „Претседателе, ја гледате ли онаа голема зграда од четиринаесет ката, империјата на Колемишевски? Ние ќе ви ја срушиме!“ Така и бидна.

Го урнавме старомодното, сталинистичко новинарство, со весник во кој демонстриравме концепт на модерен журнализам. Купувајќи го тогашен „Дневник“, граѓаните на Македонија го открија задоволството на читање весници. Тогаш тие прв пат видоа дека фактите можат (и мора) да бидат издвоени од мислењето. Дека можат да читаат и сами да донесуваат заклучоци. Тогаш читателите научија што се тоа колумни. Тогаш прв пат видоа како изгледаат вистински полемики. „Дневник“ стана епицентар на слободната мисла, додека „Нова Македонија“, под раководство на Колемишевски, остана она што секогаш беше – билтен на комунистите.

Тогаш, на моите колеги од „Дневник“, често им велев: „Не сме ние толку добри, колку што се нашите противници лоши“. И навистина беше така. Додека ние буквално ги растуравме на пазарот, тие, во тогашното ЗНМ (слично на денешново ЗНМ), водеа схоластички дебати дали постои или не постои „независно новинарство“. Се трудеа нешто да се договорат со власта. Сакаа да направат некаков ред и поредок, некаков „систем“, во кој ние нема да можеме да ги тепаме со десет нула. И нормално, ни ги пуштаа своите пропагандистички кучиња, да лаат по нас, по карванот што врвеше кон триумфот. Ако ви кажам дека некои од нив беа истите што денес лаат, нема да ми верувате, но тоа е вистината. Беа инертни, беа опседнати со сопствената (лажна) моќ и не веруваа дека една мала група „незадоволници“ може да им ја урне империјата. Не сфаќаа дека тие од својата империја, всушност, направија кула од карти.



Панде и другарите пропаѓаа, а чекаа ние да пропаднеме



Се сеќавам, кога одлучивме да ја спуштиме цената на „Дневник“ од 20 на 5 денари за примерок, Јовановски ми рече јас да смислам некакво објаснување за јавноста за тој потег, со цел Колемишевски да не се возбуди премногу и да не побара од Глигоров и од Црвенковски со сила да ни го задушат проектот (о да, тие беа способни и имаа начин да го сторат тоа). Мислев, мислев и ништо паметно не смислив. Наближуваше првата годишнина на весникот, па мене ми текна да прогласиме „месец на Дневник“, во кој цената ќе биде 5 денари, само тој месец. „Ова е глупо ко ноќ“, прокоментира Јовановски. И беше, признавам. Но, бидејќи никој не можеше да смисли ништо попаметно, излеговме со таа приказна. Неколку години подоцна, луѓе од „Нова Македонија“ ми ракажуваа дека тогаш го убедувале Колемишевски да стори нешто, а тој ја лапнал нашата приказна и ги убедувал дека „Дневник“ брзо ќе пропадне. И така, додека ние ги растуравме на пазарот, додека се приближувавме кон тиражот од 80.000 примероци, Панде и другарите пропаѓаа, а чекаа ние да пропаднеме. На Колемишевски тогаш ништо не му било јасно, а гледам дека и сега не му се јасни причините за неговиот катастрофален пораз.

Денес среќавам многу млади луѓе, па и колеги, кои едноставно не знаат каква беше таа империја во зградата во која денес веќе нема новинари, туку чиновници. Би сакал да кажам само неколку факти, за да ви биде појасна сликата за тие настани. Колемишевски наследи новинска куќа која располагаше со огромен капитал. Огромен! Самата зграда е капитал кој и денес вреди милиони евра. Некаде кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, НИП „Нова Македонија“ доби скапа и тогаш супермодерна печатница, во која, да постоеше политичка волја, можеа да се печатат и дневните весници на НИП-от, и „Дневник“, но и сите други весници кои подоцна се појавија. Се разбира, тоа беше невозможно и тоа беше причината поради која Соросовата фондација купи печатница, која не беше на „Дневник“ (како што упорно лаже Колемишевски), туку на печатарот од Кочани, Ратко Димитровски, попрецизно - на фирмата „Европа 92“. Ратко денес е активен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник и градоначалник на Кочани. Да беа паметни „новомакедонците“, денеска ќе живееја ко бубрези во лој баш од таа своја печатница. Арно ама, не беа.

Малкумина денес се сеќаваат дека НИП „Нова Македонија“ тогаш располагаше со продажна мрежа од околу 500 трафики ширум земјата, сите на најатрактивни локации во градовите. Ало, дечки, не 5, не 50, туку - 500! Дали знаете колкаво богатство е тоа? Замислувате ли што би направиле вие, некој да ви подари 500 трафики, плус возила за дистрибуција, плус неограничени фондови, кредити и се друго што ви е потребно? Да беа паметни „новомакедонците“, денес можеа да живеат само од тоа богатство. Ако можеше фирмата „Тобако“, на пример, самата да создаде синџир на трафики, можеа „новомакедонците“ да работат со она што веќе го имаа в рака. Да, да, можеа, ама не со Колемишевски и со луѓето со кои тој беше опкружен. Околу 1.500 вработени во таа куќа – еден огромен кадровски и човечки потенцијал, во најголем дел вредни и паметни работници – останаа буквално на улица, бидејќи нивните уредници и шефови слепо ги следеа Колемишевски и Глигоров, во нивните очекувања ние, малата група незадоволници и „предавници“, да пропаднеме. Радуј се куре...



Уништувањето на НИП „Нова Македонија“ е непростив грев



Во меѓувреме, во таа новинска куќа се случуваа чудни работи. Не сакам да употребам некој потежок збор. Ете, ако некој не ми верува мене, нека го праша јавно спомнатиот печатар од Кочани, Ратко Димитровски, денес кадар на Преродбата, по која цена ние тогаш купувавме хартија за печатење (без странска помош, нормално!), а по која цена НИП „Нова Македонија“ на Колемишевски. Ако е доблесен, Ратко ќе каже. А ако каже, некого ќе го заболи главата! И уште многу чудни работи се случуваа во таа куќа, до падот на Колемишевски, но, да бидеме искрени, и подоцна, кога со НИП-от завладеаја вмровците. Патем речено, по победата во 1998 година, Љубчо Георгиевски мене директно ми понуди да ја водам НИП „Нова Македонија“ - одбив без размислување!

А конечниот производ, весниците-билтени на Колемишевски, во тоа „златно“ време се продаваа по цена од 30 денари за примерок! И денес, после 15 години, во Македонија нема весник со толку висока цена. Не постои производ кој не е поскап од оној пред 15 години – само весниците денес се поевтини, и тоа двојно! Пена им фатија устите на „новомакедонците“ тогаш, докажувајќи дека реалната цена на весникот е 30 денари, дека нема математика во весник со 5 или 10 денари, дека сето тоа е странски (ах, да, за малку ќе заборавев – и полициски!) заговор. Еве, ние што тогаш ги спуштивме цените на весниците, сега не сме главни фаци во новата империја МПМ – кој им пречи сега да си направат „квалитетни“ весници по теркот на Колемишевски, или по теркот на шефовите на МПМ, па да си ги продаваат по цена од 30 денари? Што се однесува до мене, јас и тогаш тврдев, а и денес тврдам, дека со цената од 30 денари за примерок, НИП „Нова Македонија“ ги ограбуваше купувачите. И луѓето тоа го знаеја.

Како и да е, НИП „Нова Македонија“ беше новинска куќа со огромни потенцијали и нејзиното уништување, како резултат на катастрофалното менаџирање, под директно влијание на екипата на Глигоров, е непростив грев. Во секоја од бившите југословенски републики и покраини во социјализмот имаше по една таква империја, како нашата НИП „Нова Македонија“ – и сите преживеаја и се трансформираа, пропадна само империјата на Колемишевски. И тој денес има образ јавно да зборува за некаков „златен“ период и за некакви заговори, во кои сега, освен мене и „дневниковци“, вплеткува и други луѓе, од весниците „Денес“ и „Македонија денес“ (?). Излегува дека само Колемишевски работел за доброто на македонското новинарство, а сите ние другите само сме ковале заговори против Глигоров.



Само немојте да ја запалите библиотеката!



И уште нешто сакам да им порачам на Колемишевски и на сите оние што се обидуваат да ја прекројат историјата на демократијата во Македонија – џабе се трудите, нема да ви успее! Во Македонија навистина е изведен еден херојски потфат на создавање слободни и независни медиуми, но тој нема врска со Колемишевски и со НИП „Нова Македонија“. Можеше да има, но за жал, самите „новомакедонци“ избраа да бидат против слободната мисла и против демократијата. Вистинските херои на таа битка се новинарите на „Млад Борец“, на А1 телевизија, на „Фокус“, на „Дневник“ и на многу други медиуми, кои се раѓаа надвор од двата медиумски мастодонта под контрола на власта, МРТВ и НИП-от. Некои од тие медиуми, за жал, пропаѓаа (како дневниот весник „Република“), но некои успеаја да преживеат и да се етаблираат во македонскиот медиумски простор. Во овие медиуми работеа десетици новинари. Меѓу нив има и добри и лоши, чесни и помалку чесни, способни и помалку способни, но сите тие кои добро ја знаат вистината и можат да посведочат и за „златното новинарство“ на Колемишевски. Ќе се напишат фељтони, книги и други сведоштва и нема да дозволиме пет кафеански пропагандисти да ни ја фалсификуваат историјата на новинарството!

Конечно, дури и ништо да не направиме, еден ден некои млади луѓе ќе појдат во националната библиотека и ќе ги прелистаат весниците од тоа време. Ќе прочитаат што пишувале и какво новинарство негувале „Нова Македонија“ и „Дневник“, Колемишевски и Героски. Ќе направат разлика. Ќе ја дознаат вистината. Таа се гледа од авион. Никакво вревење и плукање тука не помага. Е сега, ако некому му текне да ја запали и библиотеката...



Бранко Героски



ПС. Без оглед на се, емисијата со Колемишевски беше многу забавна. Уживав и на моменти, слатко се изнасмеав. Честитки за Миленко!
01-11-2011, 08:46 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#3

Честитики и за Јордан, што ни овозможи да уживаме во текстот на Бранко Героски.
02-11-2011, 01:33 PM
Reply