Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 10 Vote(s) - 2.7 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАВАЊЕТО СОГЛАСНОСТ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО-КРИВИЧНО ДЕЛО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41

Уште еден обид, неспсобноста, незнаењето, односно НЕСАКАЊЕТО ДА СЕ ИМА СОПСТВЕНА ДРЖАВА на луѓето кои ја водат Македонија во овие 20 години, да се прикрие со приказната "НАС СИТЕ НЕ МРАЗАТ".



Quote:Главна цел - да ни се одземе државата, народот – колатерална штета

Картите полека се отвораат и меѓународниот фактор сега е веќе без ракавици: настапува со отворени закани и уцени. Уплашен е, веројатно, дека итно мора да ја постигне целта. Ставот е прецизен: или државата нема да биде македонска, или нема членство во НАТО и во ЕУ

[Image: nikovski%5B35%5D.jpg]

Продлабочена анализа на настаните низ кои минуваме по распадот на СФРЈ, недвосмислено покажува дека основната причина за проблемите со кои сме соочени е всушност – (карактерот на) државата. Ако систематично се редат камчињата, мозаикот релативно лесно открива дека сите потези на меѓународниот фактор водат во: редефинирање, рекомпонирање, распарчување... или, барем - демакедонизирање на оваа држава. Иднината ќе покаже која е точната намера.

Според фактите, целта е македонскиот народ да ја загуби својата држава. Тоа е секако најлесниот начин да се затвори и т.н. „македонско прашање“, кое сé уште, преку сите соседи, го бранува Балканот. Ако нема македонска држава, нема проблеми. Така, националниот идентитет на македонскиот народ, неговиот јазик, култура, историја... ќе бидат само неизбежна колатерална штета - резултат на загубената држава.

Настаните од 2001 година имаа значајна улога во реализацијата на овие планови. Нам сé уште ни се чини дека тие беа само резултат на случувањата на Косово и на големоалбанските аспирации и ништо повеќе. Но не е така: 2001-та е многу значајна етапа во процесот на демакедонизирање на државата. Договорот од Охрид тоа јасно го потврдува.

Во целиот овој галиматијас, Атина е само формален иницијатор на процесот, додека интересот за него е значајно поширок од грчките аспирации. Впрочем, негови главни носители се други (многу поважни) меѓународни фактори.

Да спомнеме само неколку клучни докази за тоа:

1. Прв чекор – непризнавање на државата. По распадот на СФРЈ, т.н. Бадентерова комисија на ЕЗ оцени дека Македонија ги исполнува условите за признавање. Брисел го игнорираше тоа и не ја призна државата. Зошто?

2. ЕЗ, во јуни 1992 година (Лисабон), признавањето на државата го стави во невозможен контекст – не смее да се користи името (зборот) Македонија! Овој услов, во една или друга форма, е актуелен цело време, а особено денес: државата може да биде прифатена само ако не е македонска. Зошто?

3. Пред околу 18 години Атина ни воведе целосна економска блокада, со затворање на јужната граница. Северната веќе не функционираше поради санкциите врз СР Југославија. Бевме оставени без железнички врски со светот. Никој не реагираше иако тоа беше спротивно на регулативите на ГАТТ (членот 5) со кои меѓународно се гарантираше слободен транзит на (наши) стоки (преку Грција). Тоа траеше речиси две години, што е доволно да се уништи и многу посилна држава од нашата. Зошто се толерираше тоа?

4. СБ на ООН, игнорирајќи го сопствениот Устав (Повелба), не го призна постоењето на македонска држава, и го оспори нејзиното име. Ветувањето дека проблемот ќе се реши за неколку месеци беше чиста измама за да ја проголтаме неправдата. На сите мора да им било јасно дека нашето откажување од сопствената држава не се постигнува брзо.

Најавеното користење на референцата само во системот на ООН е друга лага, бидејќи тоа не беше можно.
Кој стоеше зад сето ова и зошто?

5. Привремената спогодба, потпишана во 1995 година и депонирана во ООН, беше 75 проценти во корист на Грција, ама ни гарантираше дека нема да се блокираат нашите евроатлантски интеграции. Оваа клаузула, меѓутоа, се покажа како пречка за реализација на плановите. Влегувањето во НАТО и ЕУ, со референцата, значително би ги намалило шансите да се одземе македонскиот карактер на државата. Уште пред некоја година, кога се сфатило дека таа обврска ќе ја искомплицира ситуацијата, Нимиц јавно изјави дека спогодбата повеќе не важи! Зошто го стори тоа, ако не поради оваа клаузула, која не дозволува блокада на нашите интеграции во НАТО и ЕУ, а таа им е сега главен адут против нашата земја? Кога решивме да се обратиме до судот во Хаг, за непочитувањето на спогодбата, меѓународниот фактор отворено се спротивстави и остро го осуди тоа. Зошто? За наше добро?

6. Картите полека се отвораат и меѓународниот фактор сега е веќе без ракавици: настапува со отворени закани и уцени. Уплашен е, веројатно, дека итно мора да ја постигне целта. Ставот е прецизен: или државата нема да биде македонска, или нема членство во НАТО и во ЕУ.

Овие закани и уцени доаѓаат главно од Вашингтон и од Брисел. Добро е што ние ги сметаме нив за пријатели, ама тоа треба да се прави со многу повеќе дикат.

7....
Овие политики и политички процеси недоволно се детектираат кај нас. Настаните ние ги следиме издвоено, според дневните политички потреби, не во континуитет. Сепак, нешто не е спорно: (речиси) сите основни документи, со кои се реализира оваа стратегија ги подготвил главно Вашингтон (некои во координација со Брисел или членки на ЕУ). Тоа се: резолуциите на СБ за нашиот прием во ООН, Привремената спогодба, предлозите на Нимиц, Охридскиот договор... Дали е тогаш случајно што и најжестокиот притисок врз нашата земја, да се откажеме од сопствената држава, цело време доаѓа од овие центри?

А некои, не кои било, упорно нé уверуваат дека треба да си ја смениме само референцата!?!


Авторот е поранешен амбасадор

Автор: Ристо Никовски
16-07-2010, 01:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42

Quote:Ахмети: ДУИ е против членство во НАТО под ФИРОМ


Тања Милевска


07.10.2010 19:23



ДУИ не ја прифаќа опцијата да се бара членство во НАТО и преговори со ЕУ под привремената референца ФИРОМ и без претходен компромис за Грција, дециден беше лидерот Ахмети денеска по неговата средба во Брисел.

„Во ниеден момент во ДУИ не е разговарано за опцијата преговори со ЕУ без решено име или барање преговори со привремената референца. Притоа, во принцип, ставот на ДУИ и на сите партии на етничките Албанци во РМ е дека компромисното име на РМ не треба да содржи етнички референци како што е славомакедонски ниту пак за нас е прифатлива ПЈРМ“, изјави Али Ахмети.

Високи партиски извори во ДУИ брифираат новата стратегија на владата на Груевски во Брисел се оценува како чиста фантазија и Македонија мора што поскоро да ја напушти.

ДУИ нема да бара предвремени избори рече коалицискиот партнер на владата, но активно ќе ја охрабрува да го реши спорот

Ахмети денеска се виде со комесарот за проширување Штефан Филе во чија канцеларија го забележавме портретот на Тито, спомен на некои далечни времиња. Но, се додека Македонија сеќавањето на Југославија ќе го носи во своето име, таа ќе остане далеку од Европа.
08-10-2010, 02:49 AM
Reply