Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Makedonija - Gruzija
Author Message
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#1

bidejki ne ja gledav preneseno od makedonski medium :

Quote:Македонија во четврт-финале, потклекнаа и Грузијците пред херојот Бо Меккејлеб
Меѓу осумте величествени на 8.Септември. По две децении државност, една македонска селекција го оствари најголемиот успех во репрезентативниот спорт. Во уште еден трилер натпревар, Македонија надвладеа на крајот, совладувајќи ја Грузија со 65-63, благодарение на поените неверојатниот Лестер Бо Меккејлеб, за кого сите епитети се недоволни.

[Image: mekejlebkospobeda.jpg&imgSize=600&cropH=400]

Натпреварот од стартот најави малку убавина и жестоко темпо со бескомпромисна одбрана на двете страни, што е очекувано во оваа фаза, а за Македонија беше добар знак, со оглед на тоа што е еден од најдобрите дефанзивни тимови досега на турнирот со прво место во украдени топки и трето во скокови. Иако имаше лош процент од поле, особено за три поени, нашиот состав не му дозволуваше на противникот пристап кон обрачот и првата четвртина ја заврши со резултат 13-12.

Жестокиот притисок врз Грузијците во фазата на одбрана резултираше со голем број нивни грешки во вид на промашувања и изгубени топки, со кои Македонија до средината на втората четвртина дојде и до двоцифрена предност. Падот на концентрацијата до полувремето и дозволи на Грузија да се врати во натпреварот, првите поени во тој период ги постигна само три минути пред полувремето.

На половина од мечот нашите водеа со 29-26, но Грузијците влегоа фуриозно во вториот дел и многу поконкретно играа во нападот, на кратко доаѓајќи до водство.

Кога во таква ситуација Меккејлеб се пожали на повреда и излезе одигра, нашите најголеми стравувања не само што не се остварија, туку напротив, нашите кошаркари ја направија најголемата серија во натпреварот од 16-1. Наместо да доживее пад во играта, нашиот состав го подигна нивото, уште еднаш демонстрирајќи го фантастичниот тимски дух, во кој кошаркарите меѓусебно се надополнуваат, и со две тројки на Војдан Стојановски и една на Дарко Соколов ја презедоа контролата.

На крајот на третата четвртина Меккејлеб и моралот се вратија, а плејмејкерот на Сиена со карактеристичен продор во последната секунда на третата четвртина донесе водство од десет поени разлика 54-44. Сепак ништо не беше готово и возбудувањата продолжија и во решавачкиот период откако Грузијците се консолидираа и направија серија од 8-0 за уште една неизвесна завршница, моменти во кои очигледно недостасуваше придонесот на Тодор Гечевски и Владо Илиевски, кои имаа лош ден.

Во драмата на крајот, на нерешени 63-63 уште еднаш Бо Меккејлеб беше главниот актер, кој со неверојатна соло акција во последната секунда го постигна последниот кош, негов 27-ми на натпреварот, за да ја одведе Македонија во историско четврт финале и самиот да се запише во историјата како еден од најголемите спортисти во 20-годишната историја на земјата.

Иво Босилков
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
09-09-2011, 01:59 AM
Reply