Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 2 Vote(s) - 3.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
“Муслиманското Братство“ пристигнало и во Македонија
Author Message
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#1

Еден од највидните членови на Муслиманското Братство- движење кое е тесно поврзано со исламскиот тероризам, деновиве дознавме дека држел предавања во Македонија.
И тоа не дознавме од македонски медиум, и не од македонските муслимани туку од американскиот Weekly Standard, кој во нивниот осврт врз исламизмот на Балканот го споменува гостувањето на Хани Рамадан во Тетово во контекст на палењето на Арабати баба Теќе.
Kоја е позадината на браќата Рамадан, Хани и Тарик? Саид Рамадан е исламистот што го донел радикалниот исламизам во Европа и со Саид почнува не баш светлата традиција џамиите низ западна Европа да се користат за индоктринација на муслиманите и нивна подоцнежна злоупотреба за политички и милитантни цели. Рака под рака со Саид во Европа дошле и парите на блискоисточните шеици заинтересирани за поддршка на исламизмот. Одамна протеран од родниот Египет токму заради раководната положба во Муслиманското Братство (кое во Египет е забрането), Саид по неколку мисионерски задачи низ западна Европа (главно Германија) нашол засолниште во Швајцарија со јордански дипломатски пасош (кој патем речено по разоткривањето на неговите врски со милитантниот исламизам Јордан му го одзема). Зетот на основачот на Муслиманското Братство- Хасан ал Бана- Саид не баш кратко време службувал за ЦИА во времето кога оваа агенција се обидувала да го искористи исламизмот како оружје против СССР, иако за ова нема директни докази (платни списоци, чекови итн), можело да се повлече јасна врска меѓу Саид и Боб Дрејер (тогашниот агент на ЦИА задолжен за искористување советски дисиденти во пропагандни цели).
Хани Рамадан е постариот од двајцата синови на Саид. Продолжил по стапките на татко му (како впрочем и помладиот брат Тарик) со ширењето на исламизмот во Европа, крунисано со учеството во неуспешниот обид за киднапирање на патнички авион на израелскиот Ел Ал во родната Женева во 2005-та, иако директната врска не била докажана. Под негова палка се индоктринираат верниците во Исламскиот Центар во Женева, подоцна швајцарските власти му ја одземаат дозволата за исламска настава во женевскиот кантон но Хани грчевито се држи за шансата да индоктринира на било кое ниво па макар и деца. Нашол работа како наставник по француски во една гимназија во Женева но набргу бил оптпуштен, и иако бил редовен со тужбите против неговото отпуштање швајцарските власти одбивале да го вратат на работа. И без да држи настава, Хани редовно добивал плата, што покажува колку швајцарските власти биле решени да го додржат Хани настрана од било каква работа со деца.
Објавил контроверзна статија во париски Ле Монд, каде кажувал како муслиманите биле отпорни на СИДА за разлика од неверниците и грешниците и како каменувањето на прељубниците било потполно оправдано. Оваа статија и неговото замешателство во аферата со Ел Ал ја ставило неговата академска кариера кон скоро сигурен крај.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
23-08-2011, 06:04 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#2

Во семејство со ваква позадина израснал и помалиот брат Тарик. Тарик изградил академска кариера врз веќе етаблираната култура на индоктринирање воспоставена од татко му но и врз желбата на западот да биде сфатен како вистинско мултикултурно општество кое е инклузивно за сите култури вклучително и исламската- а кој е подобар амбасадор од исламски академик роден и израснат на запад, Тарик Рамадан. На неговата страница на Википедиа може да се прочита дека држел катедри низ разни видни универзитети во западна Европа, но тоа се се` позиции давани по религиски клуч, во кој Тарик го претставувал исламот, а не заради некои исклучителни академски постигања.
Интересни се неговите дуели со американската администрација и со Николас Саркози. На Тарик долго време не му била издавана виза за влез во Америка иако (барем декларативно) имало академски организации заинтересирани да полемизираат со него или да му дадат катедра. По долга судска процедура (низа тужби од ACLU- претежно од американски муслимани) минатата година Тарик успеал да издејствува виза за посета на САД каде учествувал на трибина во Њујорк и каде расправал за (а за што друго) долговите на западното општество кон неговите муслимански жители.
Николас Саркози на јавна ТВ дебата бил вџашен со одбивањето на Тарик да го осуди каменувањето на прељубниците кое било пропишано во шеријатскиот законик и кое се применувало во некои исламистички општества. Подоцна Тарик се правдал дека самиот поим “осуда“ нема да значи многу во исламскиот свет, но “мораториум“ било поим кој би помогнал во елиминирањето на тој варварски чин.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
23-08-2011, 06:10 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#3

Статијата на Weekly Standard каде се споменува вахабистичката инвазија
Од статијата “Од Шведска до Македонија- радикалниот ислам продолжува со испит на европското тло“:
Quote:In 2007, the RAND Corporation’s Center for Middle East Public Policy published a major report titled Building Moderate Muslim Networks. Composed by a team led by Dr. Angel Rabasa, the document mapped out a strategy for the democratic nations to identify and enlist as allies in the defense of civilization adherents to a peaceful vision of Islam as a normal religion. The RAND report specifically noted the importance of the Harabati shrine and the siege mounted against it by Wahhabis. But what effect did the RAND document, or the State Department’s reports, have in Macedonia? Finally, none. Sufis and visitors to the Harabati complex were harassed, money and other assets were stolen, and each of the historic buildings, in turn, was occupied by radicals, who used one of them to set up a café.
With the extremists occupying most of the complex, fire broke out in two of the last remaining large structures under the control of the Sufis on Sunday, December 12. Baba Edmond Brahimaj, spiritual leader of the community at the site, noted that the Sufi mejdan or meeting house for spiritual exercises, where the blaze had its origin, had not been used to store flammable materials. According to him, an arson attack was the logical culmination of years of “usurpation and theft.”
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
23-08-2011, 06:20 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#4

Понатаму, истиов американски магазин објавува опширна статија за ширењето на политичкиот ислам низ Јужна Европа:
Радикалниот Ислам го отвора Балканскиот Фронт- од Weekly Standard

Quote:In Kosovo, they mainly burrow deep undercover, like moles. Where they can, as in Albania, they preach and recruit; thus, the stunning Ethem Bey mosque in the capital, Tirana, purely a cultural monument until recently, is now the scene of Wahhabi missionizing. And where government is indifferent and the extremists' chosen enemies appear vulnerable, as in Macedonia, they invade, occupy, and threaten.

Веста на Канал 5 каде се спомнува гостувањето на Хани Рамадан:
Хани Рамадан на индоктринаторско гостување во Тетово- Канал 5
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
23-08-2011, 06:31 AM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#5

E sto alal zemja e Svajcarija , em da ne rabotis em da zemas plata , nekomu i penzija mu davat.na psihijatriski slucaj koj potoa pak vo druga zemja ke stane Komandant ,pa borec za covekovi prava ,pa lider na partija.
Seto vrienje vo Evropa osobeno na Zapadna hemisfera e nametnuvanje na edna damnesna opcija koja bese zestoko porazena na sam teren na edna zemja koja pak e br.1 vo EU i se obiduva pak preku demokratski sredstva vo oblik na kinder cokolado da ja protne ista Opcija.Se razbira Balkan e tuka kako opitna pocva i nekogas i sega.Pa koj pat da se fane za Mariovo pes ,so magare il so konj prasanje e sega, a toj pat e!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
23-08-2011, 07:01 AM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#6

„Weekly Standard“ - mameto nivno oni nasle da se sekiraat za drugi, organizacijata muslimansko bratstvo bese pred zgasnuvanje skoro site nivni clenovi skapuvaa po zatvori vo egipet, libija i sirija ... i nekoj odluci da im pokloni drzavi za da vladeat prvo egipet, za libija bese tesko pa go pustija nato 6 meseci da bombardira za da "buntovnicite" ili muslimanskoto bratstvo ja prevzeme kontrolata nad drzavata.... edinstveno vo sirija gi tamanat kako gluvci... i sea istite tie ni kazuvaat kako ima problem epa ribata smrdi od glavata... ke nemase nikoj problem ako ne go voskresnea bas tie istite toa dvizenje....
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
23-08-2011, 12:47 PM
Reply